IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонска Етнологија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонска Етнологија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 26>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 20:15
http://www.youtube.com/watch?v=TxvPWtP3bic

Копаничарство е применета уметност, а според некои и занает, на изработка на предмети и резби од дрво. Вредноста на изработките е дотолку поголема колку што е поголем предметот, подлабока резбата и поквалитетно дрвото. Во таа смисла, резбите се изработуваат од тврди дрва, најчесто од орев, и се разликуваат плитка и длабока резба. Во Македонија копаничарството има милениумска традиција, што е потврдено со археолошки наоди.
Содржина
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 20:17
http://www.bitolatourist.info/things/museum/magaza/kopanicarstvo/kopanicarstvo_web.pdf
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 20:19
Голем крст со Распетие Христово, полилеј, трокрилна врата на црквата, две двокрилни врати од припратата, дел од игуменскиот стол.
Големиот крст со Распетието Христово е од 1584 г. И претставува извонредно резбарско остварување.





Изменето од mungos80 - 20.Ноември.2009 во 20:20
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 20:23
Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Тој бил изготвен од страна на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Него го правеле занаетчијските раце на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Заедно со брат му Марко Филипов, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој во периодот од 1829 до 1835 година, успевајќи да создадат прекрасна артистичка дрвена постапка.

Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Јован Крстител и Пресвета Богородица.









Изменето од Македон - 20.Ноември.2009 во 20:54
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 20:29
Да можеме да погледнеме назад во историјата и да ги одгатнеме тајните на минатото сигурно ќе наидеме на безброј изненадувања. Камбанаријата изградена стотина години подоцна од оваа катедрална црква доминира во тој простран двор и со своите звуци како да повикува да влеземе. Чекорејќи полека влегувајќи во широкиот двор кој се отвора пред нашите очи ќе здогледаме масивна но едноставна камена градба. Годината 1830 кога е изградена оваа црква не претставува само хронолошки знак туку само еден фрагмент од вечноста. Тоа не се празни содржини затоа што ниту еден човеков момент, ден или година не можат да бидат празни. Тие се исполнети со радост и среќа, со болка и страдање, со живот и смрт.
Св Димитрие - Таван

Влегувајќи низ еден од влезовите на застаклениот трем ќе го почувствуваме мирисот на темјанот и свеќите кои со растреперени раце ги палат верниците. Молејќи се за здравје и среќа или пак оддавајќи почит на починатите, тие за момент го запираат времето и влегуваат во друг свет. Само во овој храм на ваков начин може да се почувствува божјиот мир. Изградена на местото на некогашниот стар параклис кој изгорел во пожар со посебно одобрение, и спрема султановиот берат, била повторно изградена. Но таа и покрај сите желби да биде висока велелепна градба според турските закони не смеела да биде повисока. Затоа вкопувањето во земја бил најдобриот начин да се испочитува законот, а притоа да се постигне саканата цел. Израдена за само четири месеци со доброволни прилози од битолските христијани, а без оглед на нивната етничка припадност, овој храм повторно изникнува од пепелта и станува место каде верниците слободно се обраќаат кон бога. Многубројните еснафи: абаџии, чојаџии, бакали, меанџии, папуџии, кујунџии и др. секој според можностите, но несебично ја помагаа изградбата на овој светол храм. Неговото внатрешно богатство ќе се распостели пред нас штом зачекориме надолу по скалите спуштајќи се во околу 1м вкопаната во земја тробродна базилика. Тогаш пред нашите очи се отвора огромна просторија од која се слуша Божјото Слово. Два реда на масивни столбови по шест од двете страни ја делат црквата на три брода од кои централниот е најголем. Централниот брод е засводен, а неговите краеви се потпираат на двата реда столбови. Спратните галерии и целокупниот црковен мобилијар му даваат посебна убавина на овој храм. Размислувајќи за раскошот и чувствувајќи го мирисот на темјанот, пред нас се отвараат три олтари високи и величествени. Централниот е посветен на Св. Димитрија, јужниот Благовести и северниот на Св. Никола. Целиот иконостас е изработен во позлатена резба од вештите раце на засега непозната резбарска тајфа, но сигурно составена од македонски мајстори. Колку само лози и листови се испреплетиле за да ја исплетат оваа магија. Таа ги прегрнува бројните икони кои ја раскажуваат приказната за христијанството. Лавовите чувари на храмот ја следат истата древна семантика и гледајќи од велелепниот иконостас во секој од нас влеваат стравопочитување пред оваа убавина.


http://www.bitolatourist.info/things/virtual/Sv_Dimitrija_360.swf

Изменето од mungos80 - 20.Ноември.2009 во 20:30
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 21:01





Изменето од Македон - 21.Ноември.2009 во 01:07
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 21:22






Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2009 во 22:24
              Јузеф Обремски (1905 - 1967)
Бил полски доктор по балканска етнографија. Ја комплетирал докторската теза во 1934 година во Лондон, речиси две години откако го завршил двегодишното патување низ Македонија. Поминувајќи го поголемиот дел од 1931 и 1932 година во патување по македонските планински населби, направил фотографии од Галичник,Порече кои го опишуваат начинот на живеење во тој период.




ОВАА Е НЕГОВАТА ПРЕКРАСНА КОЛЕКЦИЈА ОД СЛИКИ

Изменето од mungos80 - 06.Декември.2009 во 22:27
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2010 во 18:01


Мијачката народна носија е застапена не само во мијачката етничка целост (селата Тресонче, Галичник, Росоки, Селце, Гари, Осој, Лазарополе), туку таа е распространета и надвор од неа во други етнички предели и ги опфаќа овие населби: Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.

Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и "кинат" - ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците - "партите" од кошулата. Покрај тоа, уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека & придаваат достоинствен и господарствен изглед. Носијата на Мијаците укажува за нивното болјарско (царско) потекло. Особено со такви богати украси на вез, накит и друго, се одликува невестинската носија.

Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

Мијачката женска народна носија изобилува со голем број детали:

1. Минтан - долна облека од клашна, украсен на предниците и ракавите со кадифе, згора извезен со срмено "букме" и гајтани. Вез - "лоза" се закопчува со сребрени филигрански петлици.

2. Кошула "тнока" - од домашно дебело платно, целосно извезени ракави. Го добила името по главниот орнамент застапен на ракавите и кошулата.

3. Елек - од домашно платно, предниците потплатени со "свита" - чова и згора украсени со срмени гајтани и позлатени петлици.

4. "Клашненик гувеалски" - горна облека, од домашна бела клашна. Предниците - "свитките" богато извезени со срмени и "алосани" гајтани, "букме" и позлатени "петлици". Долу клашеникот е украсен со гајтани и бикме. Наместо ракави има "паткавици" - "рокави" (украсни парчиња што се спуштаат низ плеќите).



5. Појас - ткаен четворно од "чиста" црвена волна. По краиштата богато украсен со "киски" - реси.

6."Препашка" - појас, лито ткаена од алова преѓа со прави шарки, по краиштата украсена со "китови" - реси и "поплети".

7. "Ризинче" - свилено шамивче, индустриски производ.

8. "Фута стамболска" - скутина, цариградска копринена, украсена со "колца".

9. Шамија - свилена со "киски" - реси, индустриски производ.

10. "Чапрази" - со "трепетушки" - пафти со срмен колан.

11. "Низалка" - накит за потпојас, со три реда синџири поткитени со сребрени пари, кувенџиска обработка.

12. Ѓердан поткитен со "дубли" - златни пари.

13. Чорапи "гувеалски" - плетени од волна, ишарани со шарбите "петнаесет игли" и "девет игли".

14. "Врзаници" - невестински чевли, направени од жолта и црвена кожа "сафтијан", ишарани со "з'мба".

15. "Калемќар" - волнена шамија за на глава, индустриски производ.

16. "Игла" од сребро - накит за на глава со четири реда синџири, а на средина со чапрасчиња, кувенџиска изработка.

17. Ушници со трепетулки - накит за над уши.

18. "Плетеници" - украс за на коса, направени од волнени "алосани киски" - рески, украсени со плетеници и "жапки".

19. "Сокај" - украс за на глава, направена од алова "свита" - чова и платно. Долниот дел украсен со срмени ширити и китки.

Мијачката машка народна носија:

1. Кошула - од тенко домашно памучно платно.



2. "Жамадан" - минтан од "свита" - чова, со капаци околу рабовите опточени со машински "тегели" од жолт и црвен конец од макара. Предниците и ракавите украсени со купечки "петлици" - копчиња.

3. "Бечви" - од бела клашна насекаде по рабовите украсени со црни гајтани, од страните имаат по два "жеба" - џеба, а напред кај "кутелецот" има два цепа за полесно облекување на бечвите.

4. Појас - исткаен од "чиста" - вишна волна, четворна ткаенина со прави шарки.

5. "Зобанче зетовско" - од темна или црна клашна. Горна облека долга до појас со "ќулавка" - широка јака која се употребува како засолница од лошо време, дожд, ветер и друго и куси "рокави" - ракави, терзиска изработка.

6. "Кече" - капа од црн сатен, украсено со "машински тегели", занаетчиска изработка.

7. "Чипили" - чевли од црна кожа. Чевларска изработка.

8. Чорапи - "ластиклии", плетени од црна волна.



Изменето од mungos80 - 17.Март.2010 во 18:01
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2010 во 22:39
ПО 47. ПАТ СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГАЛИЧКА СВАДБА“

Галичник-мијачкиот трон на кој се крунисува љубовта

Раскошни носии, долговековна традиција збогатена со многу адети, се распослаа на Бистра. Митскиот Галичник по 47. пат го разбудија топаните и зурлите. Од ковчезите повторно беа извадени старите и богато украсени носии. Над 2.000 гости и туристи имаа можност да се запознаат со традицијата на правење свадба во мијачкиот крај.

Годинава, уникатната манифестација се одржа на еден ден пред Петровден и беше ретка можност за потсетување како се живеело пред векови во најголемото мијачко село. Гостите не ги симнуваа фотоапаратите и камерите од рацете, регистрираа се'. Најинтересни им беа обичаите: канење на мртвите, канење на кумот, дарување на невестата, полнење вода од три селски чешми, орото пред чешмата Упија - обичаи кои биле дел од една цивилизација што опстојувала со векови.

Свадбените обичаи почнаа во саботата, ноќта со подготовките на невестата. Вчераутро зетот Филип Шотаровски, заедно со роднините, ги покани починатите предци да му дојдат на свадба, а потоа го покани и кумот. Следуваше обредот бричење на зетот, одењето на строј, бодинање.

Невестата Љупка Шотаровска, пак, ги пречека сватовите на прозорец и својот избраник го гледаше низ прстен и прозборе: „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам“.

Во новиот дом ја пречека свекрвата со погача на главата и изговараше: „Невесто, жити лебот да ме слушаш и да и' бидеш верна на куќата“.

А на сред село, пак, со овации и аплаузи беше поздравен обичајот кога побратимот се обиде уздата од коњот на кој јаваше невестата да и' ја стави околу вратот, со што симболично сакаше да ја заузда за новиот дом.

На свадбата вистинска нота им дадоа атрактивните игроорци придружувани од три рала тапани и зурли. Нивното умеење беше наградено со громогласен аплауз.

Љупка и Филип Шотаровски својата љубов ја крунисаа и со венчавка во црквата „Св. Петар и Павле“. Освен младенците, радосен беше и свештеникот Благоја Спировски од Дебар зашто нему годинава ова му е прва венчавка.

Неизмерно чувство на среќа можеше да се забележи и на лицето на свекорот Кокан Шотароски, кому му се исполни желбата синот да го ожени во Галичник со сите адети и свадбарски ритуали како што тоа го правеле неговите предци.

Невестата Љупка, која потекнува од Крушево, не се пожали на тежината на носијата, која за оваа пригода тежи над 20 килограми. Задоволно прокоментира: „Да бидеш галичка невеста е чест, а воедно и потврда дека поседуваш високи квалитети“.

Зоран Г. Маџоски
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4329
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 19:15
Мијаците се дел од македонскиот народ кои живеат во Мијачијата или долнореканскиот регион покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно и национално наследство. Традиционалната мијачка носија е широко позната.

Мијаците се именувани според македонско словенско племе кое се населило во долнореканскиот регион на Македонија во 5 и 6 век.Нивниот номадски начин на живот се трансформирал во земјоделски и сточарски. По покрстувањето во 7 век, оваа група на Македонци ги населила денес познатите населени места покрај Радика. Територијата на која живеат Мијаците е реканскиот регион со подрегионите.
Мијаците исто така биле познати и вешти дрворесци и иконографи. Дел од Мијаците, денес познати како Торбеши, го прифатиле Исламот.
Мијаците традиционално ги населувале населените места во Реканскиот регион на Македонија. Најпознати мијачки села се Галичник, Гари и Лазарополе. Покрај овие мијачки села се: Селце, Тресонче, Росоки, Сушица и Осој, како и Долно и Горно Мелничани и Долно Косоврасти. Денес, голем дел од овие мијачки села не се населени бидејќи населението почнало да се преселува во почетокот на 20 век. Голем број на Мијаци се преселиле во Дебар, Скопје и Битола. Населените места Ореше, Папрадиште и Мелница во Велешко биле населени од Мијаци за време на Отоманската Империја



Галичкиот дијалект или малореканскиот дијалект е дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата околу селото Галичник и во реонот наречен Мала Река со околината. Горнополошкиот дијалект е близок дијалект со горнополошкиот дијалект и со реканскиот дијалект. Дијалкетот е карактеристичен по тоа што има користење на доста архаични зборови. Овој дијалект може да се најде и во историски литературни дела на македонскиот јазик како на пример Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски.
Фонолошки карактеристики

фиксиран акцент
намалена употреба на согласката Џ, наместо неа се употребува ж
употреба на Ј помеѓу две самогласки
употреба на о наместо а
Морфолошки карактеристики

употреба на суфиксот -ајет за трето лице еднина
употреба на ќа немасто ќе
употреба на трите членови
употреба на наставката -т за трето лице еднина
употреба на предлогот ВО.

Реканскиот дијалект е дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на областа Река во северозападна Македонија. Реканскиот дијалект е близок дијалект со галичкиот дијалект и со дебарскиот дијалект. Овој дијалект, како и останатите од оваа група, содржи доста архаични зборови.
Фонолошки карактеристики

зачестена употреба на согласката ф
намалена употреба на согласката Џ, наместо неа се употребува ж или жд
употреба на о наместо а
Морфолошки карактеристики

завршетокот на глаголите од а групата често се изговараат како глаголи од е група: играaт > играет
употреба на трите членови
употреба на наставката -т за трето лице еднина
употреба на предлогот во/в.

Изменето од Македон - 02.Септември.2010 во 22:55
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2969
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 19:40
Генетски Миjаците са словенизирани Илири (Арванити)
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 422
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 21:27
Се се,само Македонци не се,типична констатација од Бугарин.
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 21:31
Според Цвијич биле со влашко потекло и научникот го потврдува со аргументи.

ПС

Мунгосе, што ти штукне и тема му отвараш. Нема лошо, ама отвориш и бегаш. Седи малку, разговори се, па тогаш бегај.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,461 секунди.