IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонска Етнологија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонска Етнологија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 26>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:21
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:21
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:21
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:22
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



Od kaj se ovie голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:43
http://www.youtube.com/watch?v=8BWbKpv_bOI&feature=PlayList&p=657DD5A33CC66F36&playnext=1&playnext_from=PL&index=9
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:46
http://www.youtube.com/watch?v=dVJjlyEy0mM&feature=PlayList&p=657DD5A33CC66F36&index=10


Тешкото оро

Изменето од mungos80 - 19.Ноември.2009 во 22:46
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:47
http://www.youtube.com/watch?v=SulI7s7C9TA&feature=related


Арамиско оро
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:47
http://www.youtube.com/watch?v=N3bsoZB_DOo&feature=related

Копачка
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:50
http://www.youtube.com/watch?v=g4_zIM8ehMQ&feature=PlayList&p=3A17DB2756E4D96B&playnext=1&playnext_from=PL&index=10


http://www.youtube.com/watch?v=kP6G7UVxx_M&feature=PlayList&p=3A17DB2756E4D96B&playnext=1&playnext_from=PL&index=11


Комитското Оро
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:54
http://www.youtube.com/watch?v=goyAM5xrUks


Звукот на Егејот
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 22:56
http://www.youtube.com/user/VMROmakedonka#p/a/f/1/AURCKbPyh1k


Нашата баба од Егеј
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 12:40
Koj ima vreme neka procita oti ima sto da se procita
lazaropolee.blogspot.com/2008/08/lazaropole-z
Nesto sto mi padna vo oci e statistikata za naselenieto vo rekanskiot kraj. Mnogu interesna statistika po turski defetri.
РЕКАНСКАТА НАХИЈА ВО ТУРСКИТЕ ПОПИСНИ ДЕФТЕРИ ОД XV ДО XVI ВЕК - СПИСОК НА СЕЛА ОД РЕКАНСКАТА НАХИЈА ПРЕСТАВЕНИ ВО ТУРСКИТЕ ПОПИСНИ ДЕФТЕРИ ОД XV ДО XVI ВЕК


Изменето од mamamd - 20.Ноември.2009 во 12:41
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 17:48


Македонски Гуслар
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 17:50
Македонските слепи гуслари


Македонскиот народен раскажувач и пејач отсекогаш со посебен интерес ја следел впечатливата појава на просјаците и на просјаците-свирачи и во своите записи ја регистрирал со поединости и верно. Причината била едноставна, биле толку бројни и катадневни што, всушност, станале неодминливи.

Има две предајни токувања и за нивната бројност и потекло и сепак се извлекува заклучок дека корењата треба да се бараат во ослепените Самоилови војници.



Според оваа хипотеза, најголемиот број ослепени Самоилови ослепени војници, и оние од првиот бран по Беласичката битка, кој изнесувал околу 15.000, како и од второто ослепување, потекнувале од градовите: Битола, Прилеп, Охрид и др. Неспособни за живот се оддале на просење пеејќи ги песните за битките во кои учествувале, но и песни што биле популарни. Така го заработувале својот леб и ја граделе македонската, пред се, битолската просјачко-гусларска традиција.
Од стотината фрески и икони што го обработуваат слепилото, а распространети се на подрачјата на поранешна Југославија, сосоема мал е бројот на оние што го отсликуваат животот на просјаците-гуслари.

Сепак некои илустарции од средновековните книжевни споменици го поправаат впечатокот. Така, една минијатура од “Александрида“ од 14 век отсликува група трпезариски свирачи.

На дрвената порта од манастирот Св. Јован Продром од село Слепче (Демир Хисар-Битолско), која, инаку потекнува од крајот на 15 или почетокот на 16 век невешто и грубо, но со јасни контури изрезбарена е едноструна гусла во рацете на гуслар кој седи во типичната, скрстнозе поза.

На иконата “Хвалите Господа“, псалм 149 од село Кучевиште, Скопска Црна Гора, а која потекнува од 17 век, прикажана е триструна гусла.

Имиња-Иако се тврди дека “просјак“ е понов термин и дека него гоупотреувале “разумните“ (школуваните луге), во Македонија има долга традиција и широка примена. Го среќаваме во книжевните дела на К. Пејчиновиќ, во лексичкиот фонд на К. Шапкарев, во тетовскиот и гевгелискиот говор кога се говорело за битолските просјаци. Се наоѓал и во говорнатa комуникација во Егејска Македонија, каде покрај “просјак“ го имало и “просек“, додека во дебарските говори наспроти “просач“ паралелно го имало и “питач“. Се среќавал и во говорот на Кратовската каза, оттаму и терминот “просјачки песни“, кого го употребувал Е. Каранов.
Божјаци-Толку честиот термин “божјаци“ во некои словенски балкански говори, а со значење просјак и во македонските говори станал вообичаен. Се среќавал во говорот во Прилеп и Прилепско, Тетовско, во Гостивар и Скопје. Една збирка раскази од Б. Станковиќ го има името “Божјаци“. Како во минатото така и денес со него се именува оној што проси.

Првиот македонски свирач од 14 век е Преде Свирец. Терминот го среќаваме во една “Александрида“ од овој век, но и во турските документи од овој век во кого се забележани околу 30-тина имиња на македонски свирачи.

Основната стратегија врз која го граделе успехот било предизвикување сомилост. Искинатите, парталави, мрсни и одбивни алишта требало, притоа да бидат на ударен поглед. Од тие причини некои, кои во кругот на семејството и во местото каде што живееле, се движеле со чисти и понови алишта, а некои сосема нови, држеле во ковчезите за посебни прилики и за умирачка, на пат тргнувале со специјалните, искинати злишта. Така постапувале и последните просјаци-гуслари од Прилеп и Охрид, Апостол и Ѓелија

Покрај христијанските, проселе и муслиманските калуѓери.

Група просјаци станале верни чувари на муслиманските свети гробишта. Денот и ноќта ги врвеле таму издржувајки се исклучиво од милоста на минувачите. Сепак побројни биле оние што крстосувале по патиштата.

Забавувачи-Средновековниот забавувач не е свирач, не е пејач, тој е и свирач и пејач и глумец, тој, всушност е синкретична појава.

Во “Александрида“, препис на Псевдокалистеновиот роман за Александар Македонски од крајот на 14 век, се наоѓаат свирачи на дувачки инструменти покрај кои стои забелешката “праскавници“, а од групата од четири свирачи на мал барабан (тарабука) псалтир (харфа), лаута (мала тарабука) и гусла.

Не еднаш е истакнато дека 15 век за јужнословенскиот фолклор, посебно за јужнословенската епика е пресвртниот миг кога се вршат длабоки и коренити промени, кога старите теми им отстапуваат место на темите на денот: на пленувањата и одведувањата во ропство, на ограбувањата, рушењето на слободата на балканските државички, на поединечните или воените судири, но и на појавата на новите заштитници од форматот на Марко Крале, Милош Обилиќ, Волкашин, Момчило војвода и др. , кои, токму заради таа улога влегуваат во новиот мит и го градат новиот профил на народниот предводник. Овој век врши и длабоки промени и во оркестариумот, зошто со туѓите војници и доселеници од Мала Азија, доаѓаат и новите музички инструменти и новите тонови, кои полека се втиснуваат освојувачки во нашиот музички живот.

Слепило и слепи-Големата сипаница (Вариола вера, “Баба шарка“) е основниот виновник за огромниот број лични трагедии и за масовниот број слепи во нашите краишта. Од оваа болест останале слепи речисиси сите просјаци-гуслари меѓу кои и Ванѓел Кипаризовски, Апостол гусларот, Коста Михајлов Најче и др.

Дека болеста била честа гостинка во нашите краишта и дека луѓето имале долго искуство со неа и дека рано сватиле дека таа е заразна и дека болните треба да се издвојат во карантин, покажува и фреската “Чудата на Михаил Архангел“ од 1341 год. во Лесновскиот манастир.

Ослепување како казна-Ослепените по казна, што стоела до смртната зашто се сметала за фиктивна смртна казна, исто така била честа, а бројот на ослепените на овој начин бил необично голем. Ја познавале и ја применувале и Византијците врз потешките криминалци. Покрај обичните поданици, има и високи државни функционери, дури и самите деспоти, како Стефан Дечански, го завршиле животот како слепи по насилното вадење на очите.

Вадењето очи го практикувале и Турците, применувајќи го не само врз обичните криминалци, ами и врз царските синови. Два царски сина и престолонаследника, Савци и Андроник ја доживеале трагедијата на слепите зашто таков бил договорот меѓу татковците-нетатковци.

Казната вадење очи Турците ја имале резервирано особено за уловените арамии и ајдути кои го имале квалификативот на државни непријатели, а според дотогашната терминологија “царски душмани“.

Сите го окончувале животот како питачи.

Исцелување и лекување-Мотивот исцелување што се среќава толку често на фреските и во средновековните икони, а во кого на чудотворен начин со лесен допир на раката слепиот прогледува, ја подгревала надежта за враќање на видот и кај слепите и кај неговите роднини.

Исус со лесен допир на рацете, пред запрепастените апостоли и случајни минувачи, му го враќа видот на слепиот во фреската “Исцелување на слепиот од Силоамската бања“ (14 век). Му го враќа видот и на еден друг во фреската “Исцелување на слеп“ во црквата Св. Никола во с. Чучер, Скопско (14 век).

Поаѓајки од тоа, беше се раширило уверувањето дека магично можно е да се пренесе моќта на светецот од фреската на живиот болен. Вратените очи на слепите во фреските или здравите очи на светите лица, се пренесуваат на слепите со ископување на малтерот, кој така сега станува лек за очи. На тој начин може да се објасни отсуството на очите по нашите фрески денес.

Индивидуални грижи-Биографиите на Св. Климент Охридски постојано ја истакнуваат неговата голема грижа за вдовиците, сиромашните и просјаците. Скоро сите српски деспоти, вклучувајки ги и нивните сопруги, според биографиите имале грижлив однос кон просјаците, почнувајки од Стеван Немања и неговиот син Сава.

Едно од петте основни правила што морал да ги исполнува муслиманот било грижата за бедните. Стана обичај, дури и поединечен натпревар кој повеќе ќе се истакне со грижлив однос кон сиромасите.

Таков однос имале и повеќето цариградски султани и список дародавци, секако на челно место стои Бајазит II. Се тврди дека катадневно се грижел за нив и дека во една прилика дал 7.000 акчиња, а кога по неговата смрт, се направиле билансите на неговите финансии, се виде дека за сиромасите беше раздал дури 8.600.000 акчиња.

Така правеле и овдешните муслимани, не само во одредени празници какви што посебно биле бајрам и рамазан, ами и во други, и обични прилики. Остана забележано дека во фурната на Џеладин бег од Горни Сарај во Охрид секојдневно се делеле бесплатен леб не само на сиромасите, ами и на сите оние што имале потреба, вклучително, се разбира и христијаните.

Нема народ на светот кој не вреува дека божјите суштества можат да се реинкарнираат менувајки го својот лик, најмногу во човечки и да се појават меѓу лугето.

Ваквиот патник вообичаено било да го крие идентитетот и да го прифаќа гостољубието на домакините.

Топлиот и радосен прием се манифестирал на три начини: пречек пред куќната порта, воведување со внимание во домот и миење на нозете на гостиинот, потоа негово богато гоштевање и на крајот, нудење на телесно располагање на женски член од домот (гостинска обљуба). Сето тоа се правело божјото суштество да се придобие и поткупи и да стане наклонет и дарежлив кон домаќините. Ваквите гости не случајно, посебно просјаците кај повеќето народи имале и име “божјаци“.

Тоа верување се одразило и во македонската топонимија. Селото Непроштено од Тетовско, според преданието името го добило по божја казна зашто богот-просјак не го угостиле со гостољубие и тој ги проколнал и никогаш за направеното не им простил (оттаму Непростено), а жителите децении и векови живеел е со несреќи.

Просјаците-гуслари благодарејќи на ова верување добро профитирале секогаш уживајќи и во гостољубието и полнејќи ги торбите без дно.

Македонските просјаци-гуслари биле динамични и необично подвижни луге. Најмногу и најчесто крстареле низ Македонија и така-речи немало катче каде тие не се појавувале. Патувале, меѓутоа, стигнувајки до најодалечените места и низ Балканот.

Трпезарии-Невозможно е професионалниот пејач од минатото да се оттргне и да се замислува без неговото присуство во трпезаријата.Трпезариите на средновековните балкански дворови биле богати со обилно јадење кое се залевало со пиење, но исто така трпезариите, се украсувале со свирачи и пеачи.

Таа слика на средновековниот двор одразена е и во ликовната уметност, а една минијатура од 14 век од “Александрида“ го потврдува тоа.

Јурај Крижаниќ од 18 век, го оставил овој запис: “Видов како на гозбата седеа племиќи и војводи, а зад нивниот грб стоеја војници и пееја песни во слава на предците. А сите оние песни содржеа слава за Марко Крале, Дебел Новак, Милош Кобилиќ и некои други јунаци.

Крчми (меани) и кафеани-Народната песна крчмата ја познава како ниска, трошна, со земјен под зграда, крајпатна, но и селска и градска, во која се точи вино и ракија и во која прочуените јунаци го врват, подготвувајки се за следниот поход, слободното време.

Првиот податок за крчмар од турскиот период кај нас е оној од 1452 год. што го даваат турските документи. Имено, во пописните дефтери од 1452 год. се споменува името на Стајо, син на крчмар, кој живеел во селото Одри, Тетовски вилает.

Кафеаните имале посебно значење за популарноста на гуслата и на епската песна, особено среде муслиманската босанска средина. Многу од гостилничарите, како што тврдат многумина плаќале постојано вработени гуслари чија задача била да ги забавуваат гостите. Набргу, особено во местата со развиена епика, станале места и за гусларски натпревари. Завлегувале и престојувале во нив и просјаците-гуслари. Ја заработувале дневницата, постариот го учел помладиот, тука се слушала за првпат новокомпонраната песна или вршеле еснафски и други договори.

Еден запис од Охрид од првите децении од веков говори дека не само ентериерот, ами и крчмарскиот и кафеанскиот екстериер станал привлечно место за гусларски настани на просјаците-гуслари.

Панаѓури-Бидејки се наоѓале покрај манастири или цркви, кои во минатото играле улога на главни стационари на просјаците, многу рано се јавила и претпоставката дека е еден од главните фундаменти врз кој ќе се потпира појавата на македонските просјаци-гуслари. Се смета дека панаѓурите ја имале клучната улога во градењето на гусларската традиција, посебно пак во физиономирањето на Прилепско просјачко-гусларски центар. Народното предание говори дека во Прилеп и Прилепско имало 77 цркви и манастири, исто толку и панаѓури, а меѓу нив најпознат и најпопуларен, меѓународниот Прилепски панаѓур.

Во Македонија имало многу селски, градски и меѓнародни панаѓури, некои со големо реноме. Во Скопско, скоро секое село имало свој, односно имало онолку колку што имало и цркви и манастири. Уште во 13 век Грегорас тврди дека во Струмица имало градски панаѓур, на кого посетителите во жива облека виеле многу ора и пееле песни.

Публика-Појавата на просјакот-гуслар пред публиката значела најавувана и очекувана средба меѓу два добро познати и испитувани субјекта.

Секое излегување на гусларот пред публиката значел ризик и тежок и неизвесен испит кој можел да има тешки и трајни последици.

Постоеле и така-наречени омеилени песни на публиката. На пр. мажите, од Лазо Коријарски барале да им пее за Марко Крале и Црна Арапина, за Станко Дуко и др.

Исто така познато е, на пример, дека на Милан Ѓорѓевич, кој загинал во 1916 во борбите со Бугарите, најомилени песни, кој ги пеел со посебен жар му биле оние што се однесувале за Марко Крале.

Додека траело пеењето, односно претставата многумина го тестирале гусларот давајќи поволни или неповолни оценки. Се раскажува за еден пример, кој што можел да прерасне во меѓунационална тепачка во Босна. Гуслар, босански католик, пеејќи песна за Марко Крале, го преобразил во католик и католички застапник и борец. На тоа присутен Турчин жестоко реагирал “Како смееш Марко да го преобразиш во Латин, кога ние во текот на 400 години не можевме да го направиме муслиман“.

Еден случај завршил и трагично. Некои фрањевци од Босна намамиле гуслар во својата средина и го замолиле да им пее српски песни. Од кавги се преминало во тепачка во која подебелиот крај го извлекол осамениот гуслар, кој подоцна од добиените повреди и починал.

Репертоар-обем-Немало просјак-гуслар ако имал прилика да се пофали, а да не истакне дека е голем мајстор на занаетот и дека располага не само со разновиден, ами и со необично богат репертоар. Истакнувајќи го бројот, скоро по правило, сите тврделе дека сопственици се ако не на илијадници, тогаш во секој случај на стотици песни. Кор Хуо Хусовиќ броел дека знае онолку колку што има денови во годината-366, а Ванѓел Кипаризоски-300 песни.

Неколку причини има за таквите слободни и помалку самофални изјави. Главната причина било отсуството на толку потребниот и неизбежен инспиративен и стимулативен аудиториум, кој секогаш умешно и успешно ги копал, вадејчи ги на виделина, како што е случај со анегдотите и приказните по аналогија, заборавените и закопаните песни

Клањалици и благодарници-Песни кои никогаш не влегле во репертоарот на другите интерпретатори, кои се среќаваат исклучиво само среде просјаците-гуслари биле клањалиците и благодарниците.

Среде Македонците, а под наслов “Просјашки песни от Прилеп“ кон крајот на минатиот век ќе објави и Марко Цепенков. Тоа се две клањалици и две благодарници. Познати се уште како и молбеници и благослови.

Обата вида имаат подвлечена и нагласена молбена и тажачка интонација и содржина, и тоа, веројатно, е причина.

Првин се исполнувала клањалицата, зашто преку неа се упатувало молбеното барање, потоа, откако се добивал дарот, се пеела и благодарницата, а нејзината функција била да се пофали поединецот добротвор и истиот да се благослови.

Улога-автори-Просјаците-гуслари преку песната станале најдоследните, најангажираните чувари на историјата и најпроверените хроничари на животот на својот народ. Љубоморно и заинтегрирано откривајќи го она што требало да се памети и да се предава, преку песната како основно средство, воспоставија тесни врски и со современиците и со поколенијата.

Нема, така-речи ниту еден поважен и позначаен настан од национален и местен интерес што нема да се најде во регистарот на нивните песни.

Чувари-Секој просјак-гуслар, целејки да стекне реноме на врвен интерпретатор, кој се бара и се наградува, од кого се учи и се слуша, кој печали мало богатство понекогаш само и со една песна, а кај кого не само уметничките вредности, ами и бројот на фолклорните видови е една од превасходните и битни одлики како естраден уметник, се трудел да открие и да прибере и убава и вредна, но пред се нова и препознатлива песна и истата да ја трезонира и објавува за лично, свое богатство. Има и негации и омаловажувања на значењето и улогата што ја имале просјаците-гуслари, општата оценка е дека тие одиграле посебна улога во литературниот фолклор.

Секоја нивна смрт претставувала закоп на богатството со немерливи вредности, насилно изумирање и кастрење дел по дел, гранка по гранка на разгранетото македонско фолклорно стебло.

Сејачи-Необично сподвижни и динамични, игнорирајки ги етничките, јазичните и другите разлики, граничните, топографските и други препреки, просјаците-гуслари останале најупорните сејачи на мотивите.

Вук Караџиќ многу рано ке открие дека, покрај патниците и ајдутите слепите-просјаци гуслари, ставајки ги на прво место, биле главните распространувачи на песните низ Србија ( “Песните јуначки, вели тој, најмногу ги разнесуваат слепите, патниците и ајдутите“ ).

Еден прочуен тетовски пејач, кој знаел и многу “кралски песни“ сите ги имал научено од прилепските просјаци-гуслари.

Па ако Македонија имала клучна улога во појавата на некои епски песни, како што се претпоставува, посебно во Кралимарковскиот циклус, тогаш македонските просјаци-гуслари во најраниот период имале и клучна улога во нивното ширење низ Балканот.


Прилепско просјачко-гусларски центар

Разгранет и голем по значење, кој не ретко се идентификувал со најголемиот во Македонија, Битолскиот, е Прилепскиот просјачко-гусларски центар. Почетоците можат да му се поврзат со ослепените Самуилови војници, но и со прилепските бројни цркви и манастири, со панаѓурите, посебно со најголемиот, познат во целата Турска империја, Прилепскиот, но и со локалната и семејната традиција да се има разбирање и почит кон оние што ја имаат потребата од милосрдие на другите.

Инаку, и прилепските просјаци-гуслари, како и сите други од нивниот ранг, живееле со животот и правилата на еснафлиите. Се помагале меѓусебно, меѓусебно го предавале занаетот, имале поединци кои го стекнале звањето “протомајстор“, имале и заеднички враталишта, имале и заеднички еснафски празници, засебни продавници во кои го нуделе испросеното за продавање и од каде, кога се појавувала потреба тие или нивните семејства додека биле на пат, позајмувале пари и прехрамбени или други производи.

Прилепските просјаци-гуслари имале и богат и разновиден репертоар. Покрај обврзните преткуќници и клањалици, за кој укажува М. Цепенков, пееле и епски песни, најмногу јуначки. Па така, изгледа Ј. Цвијиќ е во право кога прилепските просјаци-гуслари ги прогласува за главни сејачи на “кралимарковските песни“ на Балканот.

Прилеп не само што бил центар на просјаците-гуслари, ами и станал и центар за изработка на прочуената низ големиот дел на Македонија “пролепска гусла“, која ќе стане урнек за многу други. Ја правеле мајстори-догрмаџии. Инаку, оваа “прилепска гусла“ е крајно едноставна во изработката, оспособена не само да ги следи песните во индивидуалните настапи, ами да послужи по потреба и како ороводен инструмент.

Крајот на Центаров е 40-тите години на овој век и тој наполно премина во историјата со смртта на последниот претставител, стариот, многу ценет и почитуван, третиран за рудимент на едно одминато, но славно време, гусларот Апостол Секуловски. Тој не прифати подмладок, зашто немаше таков и заедно со него замина и неговиот занает и уметноста што се градеше низ вековите, можеби и милениуми во Прилеп.


Александар Мешков
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.