IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонска Етнологија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонска Етнологија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 26>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонска Етнологија
    Испратена: 18.Ноември.2009 во 00:51
Што знаеме за Македонската Етнологија и колку сме запознаени со оваа важна алка од македонскиот народ?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 01:02
Јозеф Обрембски е познат полски и американски етнолог и социолог, предавач и професор на повеќе универзитети во Полска и во Америка.
Поддржан од еден од најпознатите, во меѓувоениот период, етнолози и социолози од Лондонскиот универзитет, професорот Бронислав Малиновски и К. Мошињски, Ј. Обрембски добил стипендија од фондацијата Рокфелер и во годините 1932-1933 престојувал на теренски истражувања во Македонија.
За македонската наука, посебно за етнологијата и фолклористиката, како и социологијата, овој проект беше од посебно значење. Покрај етнографскиот и фолклорниот материјал, тој собирал и материјали, меѓу другото, срзани и со проблематиката на етногенезата на Македонците. Ги набљудувал процесите на раѓањето на националната свест кај нив. Тој сметал дека Македонците се одделен народ, кој е подложен на српски, бугарски и грчки влијанија. Исто така, посебен интерес кај него предизвикал начинот на кој религијата, а особено магијата влијаеле врз создавањето на групната збиеност на традиционалната селска општественост. Бара релации меѓу обредните дејствувања и општествената структура на групата. Ја потврдува неусогласеноста помеѓу улогата на жената и на мажот во обредите и нивните позиции во световната структура на групата. Ги истражува мошне детално функциите на бајачките и маѓепсниците, како и магијата, воопшто.
Реализацијата на овој проект подразбираше: подготовка и публикации на теренските истражувања, етносоцилошки студии, како и албум од неговите фотографии собирани на терен во Македонија во времето 1932-1933 година.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 01:14
ВАСИЛ ИКОНОМОВ ПОПОСКИ - ДИМКОСКИ (1848-1934)


Попознат во својата средина како Василко Попоски Димкоски. Го зазема скромното но значајно место во пантеонот на македонската културно-национална историја. Тој е познат не само како учител што предавал на својот мајчин јазик, туку и како истакнат етнолог, фолклорист, вреден препишувач, калиограф во духот на манастирската традиција во Македонија, потоа црковен певец, автор на црковно нотно пеење, преведувач, издавач и печатар со што изградил име за почит во нашата историја - пишува академик д-р Блаже Ристовски. За него и за неговата дејност српскиот академик д-р Владан Недиќ пишува: "Ниедна јужнословенска збирка на лирски народни песни, па ниту првата на Вук Караџиќ не содржи на толку страници толкава бројка на антологиски текстови каква што е книгата на Васил Икономов, што ја објавил во Солун во 1895 година". Во книгата на акедемикот д-р Блаже Ристовски посветена исклучиво на Васил Икономов е запишано: "Еднаш некои високи личности во Белград му понудиле на Васил Икономов српска пензија и притоа тој категорично ја одбил. Јас не сакам српска пензија - рекол притоа тој. А Бугарите да ти ја дадат? - прашале тие. Ако ми ја давале Бугарите јас ќе останев во Софија, а не во Лазарополе. Јас сум работел само за Македонија - додал притоа Икономов и продолжил. Не сакам пензија ниту од Бугарија, ниту пак од Србија. Ќе дојде време и нашето петле ќе пропее - со својата старечка упорност заклучил Васил Икономов".
Културно национален деец, активен поддржувач и координатор на црковното антипатријаршиско и антигрчко движење во дебарскиот крај, собирач и издавач на народното творештво, собирач на стари ракописи и книги, учител, публицист, црковен пејач, кмет на селото, полиглот кој зборувал турски, грчки, албански, српски, бугарски, руски, романски и најверојатно француски јазик. Роден е во Лазорополе на 6 мај 1848 година. Василко, како што го викале сите од родното село, потекнува од најстариот род во селото Димковци, кои подоцна го добиваат презимето Поповци заради тоа што тие ги давале селските попови. Татко му бил Апостол Попоски, кој се занимавал со кираџилак, но и со трговија. Убиен бил од арамиска банда. Мајка му била Риста Чуреска, кој починала во 1854 година, кога Василко имал само 6 години. Грижата за него ја презел неговиот чичко поп Коста Мартинов Попоски Димкоски кој на прекар бил викан Иконом, па оттаму најверојатно доаѓа и презимето на Василко Икономов. Се описменил во ќелијното-селско училиште, каде што учителствувал поп Мартин Димкоски (неговиот дедо) и каде што настават се одвивала на мијачки дијалект, а црковната служба на црковно-словенски јазик. Откако се здобил со првичното образование, неговата интелигенција била забележана од грчкиот владика Калиник од Дебар, кој го испратил на дообразување во една од тогашните познати грчки семинарии, со цел подоцна да го искористи за проширување на грчкото влијание во селата од Мијачијата, кои остро се спротивставувале на големогрчката пропаганда. Но, по завршувањето на школувањето и откако се вратил во родното Лазорополе, Васил Икономов му ја откажал послушноста на грчкиот владика. Васил се оженил за првпат во 1865 година на свои 17 години. Од тој брак имал едно дете кое набрзо умрело, а исто така и жена му. Се оженил и по втор пат, но и таа жена набрзо му умрела. Конечно, на 20 годишна возраст, во 1868 година, се оженил и по трет пат, овој пат со Ангелина (Анѓа) Камбуроска, со која што имале 10 деца, но од кои докрај му останал само синот Методија Попоски. Тој активно се вклучува во црковното антипатријаршиско движење, кое што постоело не само во селото, туку и на целата територија на западна Македонија, многу блиску соработувал со аџи Теофил Аврамов Жунгулоски (подоцна првиот македонски митрополит на Дебарската епархија). Со тоа го навлекол гневот на грчкиот патријаршиски владика Антим од Дебар, кој го наклеветил кај турските власти дека работи за нивно уривање, по што бил приморан во есента 1874 година, да замине за Плоешт, Романија, кај македонските печалбари кои што се наоѓале таму. Се вратил во селото по неколку месеци. Василко Икономов имал воспоставено контакт со познатиот српски собирач на народни песни, умотворби, етнографски записи и истории Стефан Верковиќ, кој воедно бил и претставник на српската пропаганда, која во тоа време започнала поактивно да дејствува во Македонија. Но, освен со него, Василко имал контакти и со рускиот конзул во Призрен познатиот србофил Јастребов, на кого што му дал извесен број собрани народни умотворби од својот крај, а овој во 1886 година ги објавил како српски. Најверојатно овие контакти ги остварил преку својот добар пријател и истомисленик аџи Теофил Жунгулоски, кој бил во постојана преписка со овие личности. Во периодот на заедничкото учителствување во родното Лазорополе, заедно со својот пријател Теофил Жунгулоски, успеале да извршат коренита реформа на училишниот систем во селото. Дотогашните стари методи на образование како и разните псалтири, месецослови и апостоли биле заменети со современи педагошки средства и методи, со нови буквари, читанки, сметанки, земјописи и истории. Во црковната училница за првпат биле внесени клупите и надгледните средства. На крајот на секоја учебна година, учениците пред своите родители биле јавно испитувани. Тие двајцата се грижеле за отворање на ваков тип на училишта и во другите села на Мијачијата. За време на заедничкото дејствување со аџи Теофил против грчкото-патријаршиско влијание, заради своето образование и веќе изградениот авторитет како учител заземал раководни функции во народното црковно-просветно движење. Така на собирот што се одржал во селото Гари на 28 август 1878 година, на празникот Успение на Св. Богородица, бил избран нов Епархиски одбор на Дебарско-Кичевската епархија, каде што тој заедно со аџи Теофил и Аврам Голибегоски од Лазорополе биле именувани за членови. Во периодот 1882/83 година, Василко Икономов, во Лазорополе отворил т.н Неделно училиште за младинци и возрасни. Него го посетувале младинци од селата Гари, Осој, Росоки, Селце и Тресонче, а целта била зајакнување на образовното ниво на младинците и правилно насочување кон остварување на целите на тогаш силното црковно-просветно движење. Откако се случило убиството на архимандритот Теофил на 20 јули 1884 година (од страна на потплатени Албанци од грчкиот владика Антим) како негов најблизок соборец и другар на закопот на Теофил во селската црква, проштален говор одржал Василко Икономов, јавно ветувајќи продолжување на борбата против Антима и грцизмот. На 27 октомври 1884 година Василко од името на населението на дебарската каза, составил молба - жалба (напишана на арапски јазик) и адресирана до претседателот на турската влада, со која што се барало отстранување на грчкиот владика Антим и назначување на егзархиски владика. Тој заедно со дебарскиот првенец Велко Топалоски отишле во Цариград, лично да ја однесат претставката, но резултат на тоа било масовно апсење на преку 30-тина првенци од дебарско-реканската област. Меѓу нив, се разбира, бил и Василко Икономов. Постојано клеветен Василко бил повеќепати апсен и носен во Дебар, под изговор дека е руски шпион, кој ширел руска пропаганда. За да се спаси од постојаните тортури, тој извесно време (во текот на 1885 година) минал во редовите на братството на кичевскиот манастир Света Пречиста, кај Крнино, најверојатно како учител во развиеното манастирско училиште. Но, веќе во 1886 година тој повторно се наоѓа во Лазорополе на своето место како учител во селото. Во 1886 година Василко Икономов, заедно со уште еден охриѓанец и еден битолчанец, а по упатство на рускиот конзул во Битола, заминале за Русија, Петербург, каде што останале 15 дена. Покрај другото тие се јавиле и кај рускиот патријарх, од кого добиле три свештенички костима, разни црковни книги и две камбани за црквата Св. Ѓорѓија во Лазорополе. Сите тие материјали од Русија дошле преку рускиот конзул во Битола, а од таму до Лазорополе биле пренесени со кола од страна на Тоде Бешески. Камбаните биле свечено пречекани пред селото. Како лични подароци од аудиенцијата што ја оствариле кај рускиот император Николај II Николаевич, тие добиле по една сребрена табакера со златен монограм и ликот на императорот, кои пак при враќањето им биле земени на турската граница, а тие одлежале по два месеци затвор.
Точно не се знае од кога Василко Икономов започнал да се занимава со собирање на народни умотворби, но се знае дека покрај контактите што ги имал со србинот Стефан Верковиќ, тој имал контакти и со бугаринот Иван Шишманов, познат славист. Од нивната меѓусебна преписка се дознава дека Василко покрај тоа што собирал народни обичаи и лирски македонски народни песни, собирал уште и балади, гатанки, баења, пословици, брзоговорки, детски залагалки, стари јуначки песни и приказни. Мал дел од неговите собрани умотворби биле објавени во првите два броја на монументалниот Сборник за народни умотворениja 1889-1890 издаден во Софија. Василко Икономов во учебната 1892/93 година, од страна на егзархиската Бугарска црковна општина Дебар, бил известен дека е исклучен од учителската должност во селото заради, како што било наведено: „неисполнување на својата должност“, а имено, по инспекција што била направена во лазороското училиште, од страна на бугарски контролори, се открило дека предавањата се извршувале на мијачко наречје, а не на бугарски јазик како што барала Егзархијата и за што Василко Икономов, примал плата. Од тоа може да се види односот на Василко кон пропагандите кои во тоа време станувале сé пожестоки. Останувајќи без работа, тој отишол во Софија. Таму се зближил со Коста Шахов, организаторот на Младата македонска книжовна дружина во Софија и редактор на весникот Македониja , а каде што во тоа време се врткал и стариот Марко Цепенков. Васил Икономов по пат на претплатници во Софија го издал истата 1893 година необемниот Сборник от старо-народни песни и обичаи в Дебaрско и Кичевско (Западна Македопнија). Книгата имала 162 страници, со 275 песни со обичаите и списоци на вкупно 754 претплатници. Игуменот на Бигорскиот манастир во едно писмо му се обраќа на Василко Икономов како учител во Лазорополе во 1895/96 учебна година, а од друга страна пак, егзархиската Бугарска црковна општина Дебар дава податоци дека тој во таа учебна година бил учител во селото Беличица. Во 1895 година, но овојпат во Солун и со одобрување од надлежните турски власти, Василко Икономов го издава својот втор зборник на народни песни под името Сборник от старо-народни умотворениja из Дебрско, Кичевско и Охридско. Сбрал и издава В.Икономов во Скоро-печатницата на „С. Муратори и С-ие“. Во оваа збирка се собрани 211 народна песна и тоа повторно се работи за главно обредни песни, а како претплатници за книгата се среќаваат 694 имиња. Не се знае точно кога, но Василко Икономов ја посетил и Света Гора, по што во 1896 година излегува неговата следна книшка на 18 страници, во истата солунска печатница „С. Муратори и С-ие“ Кратко описание на светогорските монастири. Во 1897/98 година семејството на Васил Икономов се соочува со тешка трагедија. Многуте деца од бракот со Анѓа се раболуваат и умираат, најверојатно од дифтерија, а неговата жена умствено се растројува, по што сите (заедно со преостанатиот син Методија) одат во Софија, кај богатите роднини Станишеви, каде што остануваат две-три години. Во периодот од јуни 1902 до јуни 1907 година, Василко Икономов претсојувал во Браила, Романија, најверојатно на печалба. Таму се појавува во служба на црковен пејач, во црковниот храм „Св. Вознесение“. Но, освен со пеење, во својот петгодишен престој таму, тој напишал, превел и издал (како што самиот запишал во еден псалтир) неколки душеполезни книшки.
Во јули 1908 година, Василко Икономов по Хуриетот (Младотурската револуција) отишол во Солун, со цел да биде поблиску до својот син Методија Попоски, кој учел во тогаш престижната Солунска машка гимназија. Таму Василко, заедно со некој ѓакон Јосиф отвориле печатница која работела 7/8 месеци. Во 1910 година во Солун е издадена малечката книга Народна песнопоyка во која се наоѓале и илинденски револуционерни песни. Токму заради објавувањето на оваа книга, Василко бил прогонет од турските власти и тој морал да бега и да се крие по бачилата на своите пријатели, но и во манастирот Пречиста, Кичевско, каде според кажувањата на неговото семејство, тој имал и своја соба. Така тој го дочекал и метежот од Првата Светска војна. Откако на 20 ноември 1915 година српската војска го напуштила Лазорополе, тука дошле бугарските окупациони сили и воспоставиле своја управа. Била формирана лазороска општина управувана од три члена Васил Икономов - претседател, Мицо Јанков - член, Спиро Ангелов - член и Спасе Исов - секретар-благајник. Василко Икономов како кмет на селото останал до 24 декември 1917 година, кога со наредба бил префрлен во Требишката општина на иста должност. За време на неговото кметство во селото било образувано Народно Читалиште, за чиј претседател бил именуван свештеникот Данаил поп Костов (негов братучед), а за раководител на читалиштето бил определен тогаш главниот учител во селото Методија Попоски (неговиот син). По капитулацијата на Бугарија и завршувањето на Првата Светска војна, Василко Икономов повторно се засолнил во манастирот Пречиста, но тој бил набргу откриен од српската власт. Заедно со сина му Методија биле осудени на бесилка, од која ги спасил галичанецот Васил Чоланчески. По ова тој се прибрал во родното село и водел мирен старечки живот. За тоа за каков човек станувало збор, можеби најдобро зборува настанот кога извесни српски претставници од Белград дошле да му нудат пензија, а тој категорички ја одбил со зборовите:

- Јас неќам српска пензија!

- А Бугарите да ти дадат?

- Ако ми давале Бугарите, јас ќе си останев во Софија, а не во Лазорополе! Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ни од Бугарија, ни од Србија! И нашето петле ќе пропее!

На 4 јуни 1934 година, во своето Лазорополе, на над 86 годишна возраст починал Василко Икономов.


Изменето од mungos80 - 18.Ноември.2009 во 01:17
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 09:16




Изменето од чоли - 18.Ноември.2009 во 09:17
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 09:39
Мунгосе (но и другите) за да не се доведеме во ситуација овие страни да бидат полни со големи copy-paste текстови, во иднина би можел да дадеш краток вовед на/за тоа што сакаш да го прикажеш и потоа за соодветниот текст да поставиш линк. Па кој сака нека чита.
Секако, ова се однесува на текстови превземени од други извори. А доколку се работи за некое твое видување, твое размислување, твој став, твоја анализа ... нормално дека можеш да објаснуваш пошироко.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 10:08
Изворот на Мунгос.

И уште малко за Икономов:

...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.

Време
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 15:05
Originally posted by чоли чоли напиша:

Изворот на Мунгос.

И уште малко за Икономов:

...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.

Време


Чоли, не заборавај нешто, за Србите тогаш, се што не било српско,било сметано за бугарско. Затоа треба точен доказ, за да видиме дали навистина станува збор за бугарштина, дали навистина тој се декларирал Бугарин, или пак и тоа е конструиран процес.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 15:17
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by чоли чоли напиша:

Изворот на Мунгос.

И уште малко за Икономов:

...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.

Време
Чоли, не заборавај нешто, за Србите тогаш, се што не било српско,било сметано за бугарско. Затоа треба точен доказ, за да видиме дали навистина станува збор за бугарштина, дали навистина тој се декларирал Бугарин, или пак и тоа е конструиран процес.


От изворот на Мунгос:

Откако на 20 ноември 1915 година српската војска го напуштила Лазорополе, тука дошле бугарските окупациони сили и воспоставиле своја управа. Била формирана лазороска општина управувана од три члена Васил Икономов - претседател, Мицо Јанков - член, Спиро Ангелов - член и Спасе Исов - секретар-благајник. Василко Икономов како кмет на селото останал до 24 декември 1917 година, кога со наредба бил префрлен во Требишката општина на иста должност. За време на неговото кметство во селото било образувано Народно Читалиште, за чиј претседател бил именуван свештеникот Данаил поп Костов (негов братучед), а за раководител на читалиштето бил определен тогаш главниот учител во селото Методија Попоски (неговиот син). По капитулацијата на Бугарија и завршувањето на Првата Светска војна, Василко Икономов повторно се засолнил во манастирот Пречиста, но тој бил набргу откриен од српската власт. Заедно со сина му Методија биле осудени на бесилка, од која ги спасил галичанецот Васил Чоланчески.
---
Бил е соработник со окупаторот, сеел е бугарска пропаганда со бугарски читалишта. За вакви постапка Димитар Чкатров бил убиен после ІІ-ра светска воjна, но на Васил Икономов му се е разминало бесилото после І-вата светска...
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 15:32
Originally posted by чоли чоли напиша:



...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.
Интересно е да се види како си селективен во бирањето на цитати од изворите. Тоа покажува дека си несигурен во себе.

Цитирај Но, при посетата на еден ревизор од Егзархијата е констатирано дека Васил ги учел децата „на локален јазик“, заради што по казна бил испратен во зафрленото село Беличица. По ова следувало писмо од 120 лазарополци: „Наша желба е бездруго да биде назначен за идната година нашиот бивш учител Васил Икономов од кого што сме крајно благодарни, бидејќи во неговото 22-годишно престојување како учител во нашево село, сите од 40-годишна возраст подолу, од него сме писмени. . . „ Васил бил вратен, но набргу повторно добил отказ, заради неговиот став за посебноста на македонскиот народ, со што „го води населението кон гибел.


Цитирај На 13 август 1871 година на Конгресот на егзархиските учители во Прилеп, се истакнал со барање печатење на учебници на мајчиниот македонски јазик, бидејќи Македонија била преплавена од бугарски, српски и грчки помагала.


За крај овој визионерски цитат.
Цитирај Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ниту од Бугарија, ниту од Србија. Ќе дојде време и нашето петле ќе пропее!“



   
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 15:40
От изворот на Мунгос:

3. Патописот на Јохан Хан од 1858г. (А. Матковски, Македонија во делата на странските патописци 1850-1864г., Мисла-Скопје 1992г, стр.290)
"... ИСТО ТАКА И БУГАРСКИОТ (макдедонскиот М.П.) ЕЛЕМЕНТ СЕ ДЕЛИ НА ДВЕ КЛАСИ, НА СТАРИ ГРАЃАНИ, КОИ СЕ НАРЕКУВААТ МИАКИДИ (изопачено од Мијаци М.П.) КОИ СЕ ДОСЕЛИЛЕ ТУКА (во текстот се зборува за Крушево) ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ЛАЗАРОПУЛА (изопачено од Лазарополе М.П.) И ГАЛИЧНИК И ОВДЕ СТАНАЛЕ ГРАДИТЕЛИ НА КУЌИ - И ДОЈДЕНИОТ ПЛЕБС ОД СОСЕДСТВОТО, КОЈ НЕ СКИТА, ТУКУ СЕ ИСХРАНУВА ОД ГРАДСКА РАБОТА. ...".
Патопис

Ми е чудно зошто во скоби требе да се дава разjаснение што е сакал да каже авторот. Тоj е казал што е казал и точка.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 15:48
Originally posted by depo depo напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:



...Неговата историја е навистина богата. Во 1918 година српската власт го осудува заради „ширење бугарштина“, но успеал да се спаси од тешката казна.
Интересно е да се види како си селективен во бирањето на цитати од изворите. Тоа покажува дека си несигурен во себе.

Цитирај Но, при посетата на еден ревизор од Егзархијата е констатирано дека Васил ги учел децата „на локален јазик“, заради што по казна бил испратен во зафрленото село Беличица. По ова следувало писмо од 120 лазарополци: „Наша желба е бездруго да биде назначен за идната година нашиот бивш учител Васил Икономов од кого што сме крајно благодарни, бидејќи во неговото 22-годишно престојување како учител во нашево село, сите од 40-годишна возраст подолу, од него сме писмени. . . „ Васил бил вратен, но набргу повторно добил отказ, заради неговиот став за посебноста на македонскиот народ, со што „го води населението кон гибел.


Цитирај На 13 август 1871 година на Конгресот на егзархиските учители во Прилеп, се истакнал со барање печатење на учебници на мајчиниот македонски јазик, бидејќи Македонија била преплавена од бугарски, српски и грчки помагала.


За крај овој визионерски цитат.
Цитирај Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ниту од Бугарија, ниту од Србија. Ќе дојде време и нашето петле ќе пропее!“



   


Чудна работа,... уж е сакал да учи децата на "локален език" и имал "барање печатење на учебници на мајчиниот македонски јазик", а накрајот напечатал две книги на бугарски език (виж по горе титулните страници). Вопросот е: зошто не ги е напечатал на "локален език"?. Првата книга е печатал во Софија во печатницата "Македонија" на лозарот Коста Шахов, а втората во Солун по времето на Хуриетот кога е имало плна слобода по тоа време.
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 16:10
Originally posted by чоли чоли напиша:

     
Чудна работа,... уж е сакал да учи децата на "локален език" и имал "барање печатење на учебници на мајчиниот македонски јазик", а накрајот напечатал две книги на бугарски език (виж по горе титулните страници). Вопросот е: зошто не ги е напечатал на "локален език"?. Првата книга е печатал во Софија во печатницата "Македонија" на лозарот Коста Шахов, а втората во Солун по времето на Хуриетот кога е имало плна слобода по тоа време.


Епа затоа не постирај цитати по твој избор. Кажи некое твое мислење а не манипулации намерни. Ај да видиме го има ли некој тој зборник (освен првата страница), можеби тој е напишан на локалниот Македонски дијалект . Знам дека Икономов има пишувано изворно а не на бугарски, дали можеби токму во тој зборник е тоа случај?

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 16:22
Originally posted by depo depo напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

     
Чудна работа,... уж е сакал да учи децата на "локален език" и имал "барање печатење на учебници на мајчиниот македонски јазик", а накрајот напечатал две книги на бугарски език (виж по горе титулните страници). Вопросот е: зошто не ги е напечатал на "локален език"?. Првата книга е печатал во Софија во печатницата "Македонија" на лозарот Коста Шахов, а втората во Солун по времето на Хуриетот кога е имало плна слобода по тоа време.


Епа затоа не постирај цитати по твој избор. Кажи некое твое мислење а не манипулации намерни. Ај да видиме го има ли некој тој зборник (освен првата страница), можеби тој е напишан на локалниот Македонски дијалект . Знам дека Икономов има пишувано изворно а не на бугарски, дали можеби токму во тој зборник е тоа случај?



Сега едно мое мислење, зошто Икономов е сакал да учи децата на "локален език". Много просто - самиот тој не е знаел литературен (Бугарски) език. Просто нема каде да го е учил. Од животописот му е видно што е бил пратен во Грција да учи. Секи случај - там не е учил литературен Бугарски език. И хоп - после тоа е станал екзархиски бугарски учител... На него самиот е било трудно да преподава литературен език кој език сам не е учил. Затоа си е позволил да учи децата на "локално наречие". Разбирливо е што на училишните (екзахиски) власти тоа не е аресвало - било е нарушение на училишните правила. Истата работа имаме и со Кузман Шапкарев, кој е издал учебник на "локално наречие":


Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 17:11
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by depo depo напиша:

Originally posted by чоли чоли напиша:

     
Чудна работа,... уж е сакал да учи децата на "локален език" и имал "барање печатење на учебници на мајчиниот македонски јазик", а накрајот напечатал две книги на бугарски език (виж по горе титулните страници). Вопросот е: зошто не ги е напечатал на "локален език"?. Првата книга е печатал во Софија во печатницата "Македонија" на лозарот Коста Шахов, а втората во Солун по времето на Хуриетот кога е имало плна слобода по тоа време.


Епа затоа не постирај цитати по твој избор. Кажи некое твое мислење а не манипулации намерни. Ај да видиме го има ли некој тој зборник (освен првата страница), можеби тој е напишан на локалниот Македонски дијалект . Знам дека Икономов има пишувано изворно а не на бугарски, дали можеби токму во тој зборник е тоа случај?



Сега едно мое мислење, зошто Икономов е сакал да учи децата на "локален език". Много просто - самиот тој не е знаел литературен (Бугарски) език. Просто нема каде да го е учил. Од животописот му е видно што е бил пратен во Грција да учи. Секи случај - там не е учил литературен Бугарски език. И хоп - после тоа е станал екзархиски бугарски учител... На него самиот е било трудно да преподава литературен език кој език сам не е учил. Затоа си е позволил да учи децата на "локално наречие". Разбирливо е што на училишните (екзахиски) власти тоа не е аресвало - било е нарушение на училишните правила. Истата работа имаме и со Кузман Шапкарев, кој е издал учебник на "локално наречие":


Ти поставив прашање за Икономов, а ти ми поставуваш веќе десетици пати постирани работи од Шапкарев и некои други преродбеници. Типично Бугарска работа да се избегнува одговорот и да се насочува дискусијата во друг правец кога не ти одговара нешто. (ова не е никаква навреда туку заклучок што секој може да го направи читајќи ги дискусиите со бугари).

Шапкарев и Икономов се сосема различни работи и воопшто не се како што ти се обиде неуспешно да ги претставиш.

Значи од претходните извори видовме дека Икономов е дури и казнет за учење на локален дијалект, што не е случај со Македонци кои имале бугарско сознание. Значи не е точно дека не им се аресувало на бугарските чиновници пишувањето на Македонски доколку во тие книги било напишано дека сме исти со нив бидејќи има примери што го потврдуваат тоа.

Објаснувањето дека не го знаел доволно литературниот бугарски е безмалку смешно затоа што самиот дал објаснување за тоа нема потреба ти за истата работа да му ги фалсификуваш зборовите. Самиот кажал дека сакал да пишува и учи на Македонски затоа што имало многу книги на Српски , Бугарски и Грчки (значи и Бугарите и Србите се исти за него) а не дека не го знаел Бугарскиот. Дали го знаел бугарскиот или не е ирелевантно, важно го сакал тоа што многу Македонци го сакале.

Значи твоето оскудно и неточно објаснување самиот Икономов ти го демантира.


P.S. Ако некој има дел од зборникот на Икономов во оригинал да ги постира , не е лошо да ги видиме. И мене ме интересира.




Изменето од depo - 18.Ноември.2009 во 17:15
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.