IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 09:57
Предрасуди за храната

1. Тостот слабее
Неточно. Исто е калоричен како и обичниот леб.
2. Се што е "лајт" има малку калории
Неточно. Повеќето од тие производи имаат само поинаков состав. Проверете во таблицата за калории на амбалажата.
3. Портокалите ја ублажуваат настинката
Неточно. Тие ја јакнат телесната одбрана, но не ја ублажуваат болеста.
4. Маслинките дебелат
Неточно. Зависно од зачините, 100 грама маслинки содржат само 135-200 килокалории.
5. Интегралните бисквити имаат помалку калории
Неточно. Единствената разлика е во тоа што кај интегралните бисквити брашното содржи повеќе влакна.
6. Еден орев за појадок го регулира холестеролот во крвта
Неточно. За тој ефект би требало да се изедат 50-100 грама ореви.
7. Младото кравјо сирење не содржи масти
Неточно. Содржи од 15 до 20 отсто масти.
8. Компирот е многу калоричен
Неточно. 100 грама компири имаат само 85 килокалории. Компирите содржат многу вода. Варете го или печете го во рерна.
9. Црвениот кромид е добар за циркулацијата
Неточно. Научно е докажано дека кромидот не ја подобрува циркулацијата на крвта во телото.
10. Рафинираното маслиново масло е полошо од нерафинираното
Неточно. Двата вида масло содржат материи кои се добри за здравјето.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 15:57
Тревките спаѓаат во занимливостизбунетостзбунетост

  Тревки кои ќе ви го зајакнат имуниот систем


Нане

Нането е богато со калциум, магнезиум, калиум и е добар извор на енергија. Калиумот што се наоѓа во нането е многу добар за одржување на балансот во гастроинтестиналниот систем и има голема улога во регулирањето на срцевите импулси. Магнезиумот е есенцијален за сите клетки во организмот и за нивното правилно функционирање. Како други состојки во нането можат да се најдат цинк, бакар манган, витамин Ц ниацин, и фолна киселина.


Камилица

Камилицата содржи многу нутритиенти кои се корисни за човечкото тело, а тие се калциум, калиум, содиум и флуориди. Чајот од камилица се користи за лекување на многу здравствени проблеми, најчесто како дезинфекционо средство на рани во усната празнина.


Ехинацеа

Ехинацеата нуди многу различни витамини, минерали и нутритиенти кои имаат супоративна улога во здравјето. Растението е одличен извор на витамин А, Е и Ц, јод, бакар и калиум. Скоро сите делови од растението се користат но не за јадење туку е достапна како прашак, капсули таблети и гелови.

Мајчина душица

Мајчината душица е растение кое се користи како за медицински така и за кулинарски цели. Содржи многу витамини, минерали, и состојки кои се корисни за човековото тело. Најмногу содржи витамин К, потоа манган, целулозни влакна и железо. За да се зачуваат виталните нутритиенти најдобро е да се сервира свежо растението како додаток на салати, јадења со риба, или во супи и сосови.

Рузмарин

Свежиот рузмарин е одличен извор на диетални протеини, комплексни јаглехидрати, калциум и магнезиум. Има и траги од манган, ниацин и витамин Б6. Најдобро е да се сервира свеж како додаток во супи и салати или пак во јадења со свинско месо.

Зелен чај

Има многу различни витамини и минерали во зелениот чај како и голем број на антиоксиданси и фотонутритиенти. Најзастапени витамини се витамин А, Б1, Б2 и витамин Ц. Најдобар начин за да се искористат корисните состојки е да се приготви зелениот чај. Зелениот чај е достапен и во капсули или прашак како диетален суплемент.

Ѓумбир

Ѓумбирот содржи многу витамини, минерали и нутритиенти кои се многу корисни за човекот. Да ги наброиме само калциумот, Витаминот Ц, тиаминот, селенот и фолататите. Најдобро е да се служи како суров корен кој се остава да се исуши за да се зачуваат корисните состојки и да се направи чај. Некои експерти препорачуваат цицање на корен од ѓумбир за да се остстранат симптомите од настинка.

Коњски опаш

Има неколку витамини и минерали кои би можеле да му користат на човековото тело, тоа се калциум, магнезиум, витамин Ц и селен. Може да се употреби како додаток во сендвичи, супи и салати со што ќе добијат посебен и интензивен вкус. Исто така е и дел од диетите кои ја подобруваат циркулацијата во телото.

Лук

Лукот содржи витамини и минерали како што се калциумот, фосфорот, селенот и витаминот Ц како и траги од бета каротен, пантотенска киселина бакар и цинк.
Се користи низ целиот свет за дополнување на вкус на некои јадења, најчесто на месото но и на салати од свеж зеленчук.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 20:44

Пилешко бело месо

Има многу причини зошто нутриционистите со задоволство го препорачуваат пилешкото бело месо - богато е со белковини, а сиромашно со масти. За разлика од другите видови на месо, има мошне мала содржина на холестерол. Исто така, содржи и витамини, особено од групата Б и многу минерали. Лесно се вари и не го оптоварува желудникот. И најважно, пилешкото бело месо има мал број на калории, а голема заситувачка моќ.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 12:36
Сочни плескавици

Кога во мешаното мелено месо (половина свинско и половина јунешко) ќе ги додадете другите состојки и зачини по желба, повторно сомелете го на машина за мелење месо. Со повторното мелење ќе добиете покомпактна смеса. Така подготвените плескавици испржете ги. Ќе откриете дека по пржењето, плескавиците ќе имаат посебен вкус и, едноставно, ќе се топат во уста.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 09:15
 
Во денешно време многу луѓе имаат проблеми со варење на храната. Некои од нив вешто се справуваат со овој проблем, додека други се измачуваат, користејќи ригорозни диети или апчиња. Време е за домашни начини! Тие ќе ви помогнат во подобрување на работата на дигестивниот систем, а најважно е тоа што тоа ќе го направат на природен начин.

Варењето на храна се состои од многу процеси, кои се одвиваат веќе во текот на оброкот. За сето тоа да се одвива правилно, потребно е да се стимулира лачењето на ензими одговорни за варење на белковините, мастите и јаглехидратите.

Ако сакате да го подобрите варењето во вашиот организам можете да се обидете на неколку природни начини. Некои видови на зеленчук, овошје, семиња и зачини го забрзуваат лачењето на ензими, истовремено подобрувајќи го варењето на храна. 

Јаболков оцет
Благодарение на многуте минерали и пектин (желатинозна материја во овошјето), кои ги содржи овој оцет, позитивно влијае на дигестивниот систем. Ја забрзува неговата работа, поттикнувајќи го лачењето на желудечните сокови. Може да се користи како сос за салати или да се пие растворен во вода - две лажички оцет во една чаша вода. 

Горчлив црн чај
Обичниот чај исто така има стимулирачки својства, и не само на дигестивниот систем. Теинот (хем. супстанција слична на кофеинот), кој може да се најде во чаевите, го поттикнува лачењето на желудечни сокови. Исто така благодарение на оваа супстанција може да се ублажи дијареата. 

Билки и зачини кои ја подобруваат работата на дигестивниот систем:
- Мелиса - ја регулира работата на цревата
- Воден екстракт од Алое Вера - делува силно прочистувачки
- Камилица - ги спречува прекумерните процеси на ферментација во стомакот
- Црн пипер - ја намалува подуеноста и го подобрува апетитот
- Чили - го забрзува метаболизмот
- Ѓумбир - ја забрзува детоксикацијата на телото
- Мајчина душичка - го смирува воспалението на дигестивниот тракт
- Оригано - ја ублажува подуеноста
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 10:03

Шолја обичен јогурт и 2 лажици мелени ореви го поттикнуваат телото да се релаксира, ги смируваат нервите и ја забавуваат работата на мозокот. Јогуртот е еден од најдобрите извори на лизин, додека оревите се богати
со аргинином. Тие две супстанции го намалуваат хормонот на стрес и ви го
чуваат сонот.
Со само 2-3 децилитри јогурт дневно во текот на 2 недели се намалува дури за 80% хидроген сулфатот кој е главен причинител за непријатниот здив од устата, а ги намалува и наслагите во усната шуплина.
И на крај, луѓето кои пијат јогурт - живеат подолго, велат истражувањата.


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 10:06

Научниците од Универзитетот во Алабама извршиле испитувања со стаорци,
на кои двапати дневно им давале 200 милиграми витамин Ц и откриле дека
тоа речиси го запрело лачењето на кортизол, хормонот на стрес.
Црвената
пиперка е богата со витамин Ц. Со неа ќе го зајакнете срцето и ќе го
заштитите организмот од рак или Алцхајмеровата болест, велат научниците.
Доколку јадете црвени пиперки, тоа нема да ве доведе до прерано
стареење. Но, тие мора да бидат свежи. Значи, да се избегнува пржена или
печена пиперка. Пиперката може да го замени морковот. Свежата пиперка е
одлична и за заштита на панкреасот, бешиката, грлото на матката.


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 10:06

Сусамот е еден од најдобрите природни извори на триптофан, аминокиселина која поттикнува на спиење. Но, не претерувајте со него, бидејќи
можете да си го нарушите варењето. Најдобро е ако неколку мелени лажици ги измешате со јогурт.
Посебно се препорачува на бремени жени и мали деца заради големата концентрација на фолна киселина во него.


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 07:10
Индискиот орев е одличен афродизијак и витаминска бомба

Дали сте знаеле дека индиските ореви содржат пет пати повеќе Витамин Ц од портокалите.

Индискиот орев изобилува со полизаштитени масни киселини, протеини, целулоза, витамини Е, К и B1, магнезиум и калиум, кои го штитат кардиоваскуларниот систем.

Бројните истражувања потврдија дека овие ореви делуваат антибактериски, антисептички, а научниците докажаа дека тие се одлични за смирување на воспаленијата. Една шака индиски ореви го зголемува лачењето на хормонот кој мозокот го праќа како сигнал дека сме сити, пишуваат британските медиуми.

Освен тоа, тие го намалуваат нивото на шеќерот во крвта, го регулираат притисокот, ги чистат цревата и делуваат како благ афродизијак.

Можете наместо чипс да грицкате индиски ореви, бидејќи тие се многу вкусни и лесно се комбинираат во разни салати и јадења.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 18:04

Сода бикарбона - совети

* Предметите од сребро добро ќе заблескаат ако ги истриете со крпа навлажнета со сода бикарбона.
* Ако сакате забите да ви бидат бели и сјајни, измијте ги со сода бикарбона. Меѓутоа, тоа може да го правите само еднаш месечно. Содата бикарбона добро растопете ја во густа каша, па брзо истријте ги забите и добро измијте ги.
* При чистење на зеленчук прстите многу често ги валкате. Дамките лесно ќе ги отстраните ако рацете ги истриете со сода бикарбона.
* Зеленчукот што го динстате побрзо ќе омекне ако му додадете само малку сода бикарбона.
* Зелениот зеленчук, особено зелените мешунки, ќе ја зачуваат зелената боја ако му додадете малку сода бикарбона во моментот кога водата во која се вари ќе почне да врие. Таквиот зеленчук побрзо ќе се свари, а ќе ја зачува и убавата зелена боја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 18:05

Со лути пиперчиња се намалува телесната температура

Најдобриот трик на Мексиканците против горештините е необичен за нашиот менталитет, но е мошне делотворен, па не е лошо сепак да се обидете да го примените: наследниците на Ацтеките во текот на летниот период во големи количества јадат чили и лути пиперки. Лутината го наведува телото на прекумерно потење што автоматски доаѓа до разладување на целиот организам.


Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 23:33

Кајсии - за помирни нерви

Кајсии%20-%20за%20помирни%20нерви

Заради специфичниот пријатен вкус, касиите се вбројуваат во најквалитетното овошје.

Во свежите кајсии најмногу има:
  • витамин Ц (5-7%)
  • потоа каротиноид - провитамин А (1-7%)
  • витамин Б1 (0,06 мг.)
  • витамин Б2 (0,7 мг.)
  • витамин Б3 (0,7 мг.)
  • витамин Б5 (0,3 мг.)
  • целулоза околу 0,7 мг.
Свежиот плод на кајсијата уште содржи и: калциум 16 мг.
  • 370 мг. калиум
  • 14 мг. магнезиум
  • 23 мг. фосфор
  • 1 мг. железо
  • 6 мг. сулфур
Плодовите од кајсијата се јадат свежи или сушени, а од нив се прават сокови и мармалади, а семките се употребуваат за добивање на лековито масло. Кајсиите може и да се замрзнат.

Кајсиите ги смируваат нервите, го поттикнуваат излачувањето на жолчката, го закрепнуваат црниот дроб, го надразнуваат и го освежуваат желудникот, а корисни се и во лекувањето на анемија.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 15:22
Како да ја сварите пченката

1. На клавчињата отстранете им ги надворешните зелени листови и исчистете ги од пченкарната свила. Врвовите од клавчињата без зрна може да ги отстраните.

2. Во плиток сад со рачки (плитко тенџере) сипајте вода, наредете ги клавчињата и варете ги додека зрната не омекнат.

3. Варената пченка, по желба, може да ја посолите и да ја послужите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 15:25
Печење пченка на скара

1. Исчистените клавчиња исечете ги на еднакви делови, а потоа боцнете ги на дрвени стапчиња.

2. Пченкарните раженчиња печете ги на загреана скара или во грил тава. Во текот на печењето мачкајте ги со растопен путер и рамномерно вртете ги. Пред крај на печењето, раженчињата по желба посолете ги.

3. Печената пченка послужете ја со печено месо, тортиљи со зеленчуков фил или како самостојно јадење

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.