IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
Автор
Порака
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 22:24
за возобновување на џамијата во прилеп можете само да сонувате, таа нема да се обнови па дури и да ја обноват пак ќе ја запалат моите полу-сограѓани...задоволствоголема%20насмевкасреќа
голема%20насмевказа бигорски ни скршен денар не давамзадоволство
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 14:04
Македон и Дешад, темата е возобновување на Бигорски манастир, а не на крст-џамија од Прилеп или Битола.

Дали некој ќе даде или не донација за манастирот, е негово лично право и сопствена одлука, но самото решение зборува каков човек е.

Всушност, тоа и не прави некаква разлика, затоа што не се малкумина оние кои го љубат манастирот како светиња и помагаат

За Божиќното бдение имаше голем број верници кои го посетија манастирот, иако сеуште нема услови каде да преспијат. Значи, и покрај сите искушенија, луѓето не се откажуваат од љубовта што можат да ја почувствуваат во тој манастир, љубовта што зрачи од бигорското братство.

ХРИСТОС СЕ РОДИ
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 20:08

ЗА МАНАСТИРОТ СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ

Свети Јован Претеча
Манастирот е изграден на планината Бистра, а под него тече реката Радика. Опкружен е со бујна шума а од манастирот се простира прекрасен видик кон планината Кораб. Во негова близина се Реканските села Гари, Осој, Тресонче, Галичник, Росоки и Лазарополе од каде произлегла цела плејада градители, зографи и иконописци и копаничари кои низ целиот 19 ти век граделе, зографисувале и украсувале со резбани иконостаси голем број цркви на целиот Балкански полуостров. Манастирот Бигорски бил светилник и стожер на просветителската дејност и книжевен центар на препишувачката дејност. Во него се школувале голем број свештеници, калуѓери и учители кои ја ширеле просветната дејност по сите краишта на Македонија. Манастирската црква била изградена врз темелите на постара црква. Таа се споменува во зографскиот поменик ( 1527 – 1728 ). Врз основа на манастирскиот поменик препишан во 1883 година, манастирот бил изграден во 1021 година, кога била насликана старата чудотворна икона на Свети Јован Претеча. Но, ова предание кое се појавило по обновата на манастирот во 18 ти век. Меѓутоа, од манастирските објекти од тој период не е ништо сочувано. До обнова на манастирската црква дошло во втората половина на 18 ти век. За тоа потврдуваат делумно зачуваните фрески на јужниот ѕид од таа црква кои припаѓаат на втората половина на 18 ти век. Централно место во комлексот е манастирската црква изградена во 1800 година за време на игуменот Митрофан од Лазарополе, кој бил игумен на манастирот од 1796 до 1807 година. Веднаш по изградбата на црквата во 1800 година истата била живописана. По смртта на игуменот Митрофан, за игуме на манастирот доаѓа неговиот ученик Арсение. За време на неговото управување со манастирот тој ќе биде многу заслужен, особено за големите градителски зафати што биле превземени. Денешната црква посветена на Свети Јован Претеча има изглед на светогорските манастири со две куполи и осмоаголни тамбури. Градбата на црквата е изведена со правоаголни делкани камења и дејствува како мошне цврста градба. Кон западната страна имало изграден трем од дрвена конструкција на горниот кат со влез во црквата, додека долниот дел на тремот служел за ќелијно училиште. Пред тремот од црквата била изградена чешма во 1814 година и запишано од игумен Арсение – 1814 за горната - . Чешмата била обновена во 1877 година и на една камена плоча која и денес стои вградена пишува: Во времја смиренаго игумена Михаила от село Галичник. Братја христијани, пите слатка и студена вода да охладите жедна ваша душица и поминајте Неофита монах, бил родум от село Вехчано Охрицко и обновил его сем источник 1877 конец Богу слава.
Тремот на црквата бил во употреба во 1838 година па се до 1938 , кога е извршена нова преправка, по што го има денешниот изглед. Изградбата на манастирските конаци му припаѓа на архимандритот Арсение – игумен на манастирот Бигорски. На северната страна од црквата, манастирскиот конак е наречен Горни палат, и е изграден во 1814 година. Конакот служел за живеење на манастирските браќа и гости кои доаѓале во посета на манастирот. Во 1825 годона на западната страна од Горниот палат, биле изградени машката и женската трпезарија, селечката и дебарската одаја и најдолниот дел бил наменет за штала. На нададените чардаци помеѓу машката и женската трпезарија и денес се сочувани амбарите за жито. На челно место помеѓу зградата со трпезариите и Горниот палат, се наоѓа некогашната меѓерница, а под неа била фурната. Сето тоа и денес е сочувано. За сместување на момоците кои му служеле на манастирот била изградена посебна зграда западно од црквата, која денес е сочувана во горните делови и така е конзервирана. Во непосредна близина од западната страна е семејната куќа со приземје и кат.
По осликувањето на големата купола во црквата а за време на игуменисувањето на архимандритот Арсение од 1807 – 1839 година, дошло и до зографисување на машката трпезарија кога пристигнале Михаил зограф со синот Димитар од Самарина. Тие ја зографисале апсидата во трпезаријата во неколку зони. Иконостасот во манастирот Бигорски претставува монументално резбарско дело на мијачките кппаничари. Мијачките копаничари се здобија со славата на најдобри на целиот Балкански полуостров. На Бигорскиот иконостас со употребата на човечката фигура е изкажана и потврдена виртуозноста на мајсторите резбари од Река на чело со Петре Гарката од село Гари. Изработени се многу сцени, композиции и одделни фигури претставени во движење, а со искажан драматизам во некои сцени, како на пример со отсекувањето на главата на Свети Јован Претеча и други. Во некои сцени мијачките копаничари ќе се доближат до реалниот живот на човекот: гроздоберач, режач на винова лоза и друго. На иконостасот среќаваме многу животински фигури, птици и сето тоа проткаено со реалистичен приказ за винова лоза, цветови од нарциси, питоми рози, јужни плодови, а омилена мотив на мијачките копаничари ќе им биде – распукани калинки.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 14:48

Божикно бдение во Бигорскиот манастир (07.01.2010)

Денес, кога се роди Христос, небото и земјата се соединија), денес Бог дојде на земјата, а човекот се искачи на небото; денес, невидливиот по природа, заради човекот станува видлив по тело. Затоа и ние, славејќи да Му запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, што го дарува Твоето пришествие, Спасителу наш, слава Ти.“

Во празничната зимска ноќ се излеваа радосно овие прекрасни стихови, додека бигорската света обител со големо торжество го славеше празникот на девственото рождество, давајќи им на големото мноштво верници кои од сите страни пристигнаа во манастирот, можност да прозрат во тајната на божественото воплотување, да го издигнат својот ум и да го просветлат со пресветлиот небесен сјај за да познаат како денес земјата станува едно со небото. А каква тајна е тоа! Ангел-Пратеник на предвечниот совет на Света Троица доаѓа на земјата. Но не некој обичен пратеник, туку самиот единороден Син Божји. Во овој свет продаден на гревот, се раѓа Безгрешниот, кон човекот што згреши, слегува неговиот Творец, повикувајќи го во Својата прегратка. Гледај какво чудо! Не ние што Го жалостиме Бога со своите безаконија Му пристапуваме, туку Тој, Смирениот, доаѓа кај нас. Доаѓа на сите да им даде прошка, вселувајќи го во нас мирот Божји и онаа иста радост што некогаш ја чувствувале мудреците, додека трепетно и со почит се поклонувале пред Богомладенецот.

А тој празничен восхит што блескаше на лицата на присутните, во себе криеше и нешто друго. Тука се преплетуваа и чувствата на голема благодарност кон нашиот Владика, премилостивиот Господ, бидејќи и после големото искушение, во кое монашкиот конак беше проголтан од оган, Бигорското светилиште не престана да биде нивен вистински топол дом и духовно засолниште од соблазните на овој свет, место каде ја почувствувале својата најголема радост, каде со нескриен занес многу пати упатувале искрени молитви и го славеле Бога на торжествените богослужби,  придружувајќи ги своите молитвени воздишки кон умилното пеење на бигорските браќа. Зашто токму таа срдечна љубов на браќата и ги привлекла овде, а благиот збор на игуменот продрел до нивните затворени срца и ги разбудил од сонот на гревот. И сега се радуваа гледајќи дека живиот дух на манастирот е сè уште тука, дека она што го прави ова светилиште толку посебно, не може да исчезне заедно со изгорениот конак, бидејќи манастирот не е само материјална градба. Зашто, најпосле, што вредат раскошните конаци и велелепни цркви, ако духовно не зборуваат, тие се мртви. А без своите монаси, секој манастир е само збир од празни згради, и служи како една обична туристичка атракција. Сите тие што во манастирот ја пронашле својата закрила, одамна го сфатиле ова и затоа не престануваат да доаѓаат и сега, задничарејќи со Бигорските браќа, на голема радост на игуменот, архимандрит Партениј. Каква разлика од оној прв Божиќ, пред 15 год, кога празниот манастир без своите верници беше навистина тажна глетка. Сега преполнетото светилиште одекнуваше од едногласните молитви и славословија на бројните верници и духовни чеда.

И повторно Бигорскиот храм ја наметна својата достоинствена празнична облека, исткаена со најнежен сплет од разнобојни цвеќиња, среде кои блескаше богато украсената пештера и благодатната икона 'Достојно ест", што од неодамна го збогати благолепието во храмот, но, секако, најубав украс беа живите храмови Божји – присутните монаси и верници, со своите озарени погледи и копнежливи срца, широко отворени и подготвени за како Витлеемската пештера да го примат Оној што доаѓа од висините, Предвечниот Бог. Тие побрзаа духовно да се очистат и заедно со мудреците и пастирите на Богомладенецот да Му принесат на дарови од своите духовни ризници. А човекољубивиот Спасител го награди нивниот духовен труд со силна благодат и небесна радост, правејќи ги причесници на радоста на небесните војски и духовите на праведниците, и удостојувајќи ги со Своите свети Тајни.

Христос се роди!





Изменето од Tetratka - 09.Јануари.2010 во 14:51
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 14:52

         

 

     

 

                           

 

                

 

     

 

                                

 

      

<

Изменето од Tetratka - 09.Јануари.2010 во 14:53
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 20:16

 Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

„Св. Јован Бигорски“ -

Со несмалено темпо се изведуваат активностите за возобновување на изгорените конаци, монашките ќелии, машката трпезарија и другите простори на Горни палат на Бигорскиот манастир. Сите активности се извршуваат во координација на Националниот конзерваторски центар. По катастрофалниот пожар што се случи утрото на 30 септември, беше формирано Координативно тело за возобновување на Бигорскиот манастир. За квалитетно да се изврши возобновувањето, да се поврати автентичниот лик на изгорените конаци, беше одлучено за секоја активност која треба да се преземе да се консултираат и да се вклучат врвни експерти од областа на градежништвото и архитектурата.


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2010 во 20:21

 Bigorski.Rekonstrukcija.jpg   

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Dositej.Pokrov1.jpgDositej.Pokrov1.jpg  

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg
 'Ова е повик од Господ да ја обновиме светињата во голем сјај. Ова Тој го бара од сите нас, овие млади генерации, да го обновиме Бигорски, да го вратиме и да му го подариме на Господ и да се молиме Господ да го прими сето тоа од нашите раце. Ова што се случи за нас е една голема трагедија, тагата е неопислива, но за христијаните нема очајание. Не смееме да очајуваме и ако плачеме, плачеме за нашите народни гревови и за возобновување, а никако во очај, бидејќи низ историјата сме имале огромни искушенија, но нашите татковци ни во најтешките периоди никогаш не очајувале. Тие имале силна вера во Крстот Господов и во Воскресението и од пеплиштата повторно се подигале и верно Му служеле на Бога. Нашите татковци направиле многу, ќе продолжиме и ние. Ќе продолжиме со добри македонски верници, кои се живата Црква, бидејќи Господ ја љуби живата Црква. На Господ, пред се,  најмили му се чистите срца, молитвите и нашите покајнички солзи, а другото ќе ни го врати во голем сјај.

 Ве замолувам да не очајуваме туку да плачеме за нашите гревови, бидејќи, навистина, ова е можеби една опомена од Господ дека сме паднале, зашто Бигорски низ историјата бил сведоштво за нашите падови, но и за нашите воскресенија. Се надевам дека од сега па натаму ќе има воскресение. Дека ќе се покаеме,... сите ќе се обединиме. Ќе ја обновиме светињата и целата наша татковина. Господ ни дава таква можност, за благослов на сите нас, да се вградиме во една голема историска светиња и така повторно да ја докажеме нашата силна вера во Бога. 

Bigorski.Rekonstrukcija.jpg    Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija.jpg   Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

 Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg


денарска жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител

500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола

 девизна жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22

Телефони за донација:
070 / 075 / 077  143 444




Изменето од bijonse1 - 09.Јануари.2010 во 20:22
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 16:46

Jovan Bigorski manastir


Изменето од bijonse1 - 12.Јануари.2010 во 16:48
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 16:54

Sv.Jovan Bigorski manastir


Изменето од bijonse1 - 12.Јануари.2010 во 16:56
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 16:57
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/7/7c/SvetiJovanBigorskiNadvoresna.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/51/Monastery_Sveti_Jovan_Bigorski_Church.JPGSv.Jovan Bigorski manastir

Изменето од bijonse1 - 12.Јануари.2010 во 16:58
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 17:00
http://s1.pticica.com/pticica/foto/0000788746_l_0_x84w2s.jpg


Изменето од bijonse1 - 12.Јануари.2010 во 17:02
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 21:54

Денес, 21 јануари, вторник, во согласност со договорот за посета на Манастирот после Божикните и Богојавленските празници, Бигорскиот манастир свети Јован Крстител го посети министеркта за култура во Владата на РМ г-ѓа Елизабета Канческа Милеска, придружувана Директорот на Управата за заштита на културно наследство г-дин Паско Кузман и директорот на Националниот конзерваторски центар г-дин Бехиџудин Шехапи. Гостите ги пречека игуменот на Манастирот, архимандрит Партениј. Тој најнапред им покажа како е превентивно заштитен опжарениот дел, со што сите се согласија дека се исцрпени сите фази кои беа препорачани во превенитвниот дел на Комисијата која изврши стручен увид и извештај. Потоа гостите го разгледаа Источниот Палат кој е веќе пред завршните фази.

На состанокот кој следеше во Игуменските простории, со дозвола на Директорот Шехапи, диа Ѓурѓица Лековска, која работи на заштита на сакрално наследство и учествувала во сите фази на Проектот на Долни Палат и Источен Палат, накратко елаборираше за динамиката при изработката на проект на конзервација и реконструкција на Горни Палат.

Сите се согласија дека досегашните активности се домаќински изработени и дека е неопходно да се почитува динамичкиот план, со кој се предвидува Идеен проект со проектна програма за 6 недели, а набрзо потоа би следел Основен проект за архитектурата на трпезариите како прва и најитна фаза Основен проект за статика. После стручната контрола би следела втората фаза за Основен проект за архитектура кај монашките келии ( источниот дел од Горни Палат) за на крај да биде готов Основниот проект за статика за тој дел.

После стручната контрола, ќе може да се работи низ целиот објект (станува збор за крај на април), а во меѓувреме би се изработувале фазите (електрика, водовод, греење, ППЗ, аларми и ревизии).

Беше спомнато и тоа дека досега се работело крајно домаќински со заштеда на буџетски средства и тој тренд ќе продолжи со минимални трошоци при изработката на Проектот.

Интересно е да се каже дека во првичната санација на Трпезаријата ( односно Подрумот) учествува фирмата Спиде Платинум која единствено во Македонија, па и пошироко, располага со технологијата и опремата на Аква дајн, од Тексас, САД, која работи со притисок од 1600 бари, и со млаз како игла, без потреси и вибрации би ги извадила прегорените фуги и оштетениот камен.

 

     

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 00:54

 Хуманитарната организација Самарјанин ги додели наградите за хуманости 
Петок, 12 Февруари 2010 17:49 

OLIVERA%20samarjanin%204


Највисоки признанија се доделени на неговото високо преподобие архимандрид Партениј игумен на манастирот Свети Јован Бигиорски за неговиот ангажман и Анита Ангелевска директор на средното учулиште Таќи Даскало.

 OLIVERA%20samarjanin%203 OLIVERA%20samarjanin%202

Меѓу другите наградени се штитениците на интернатот на хуманитарната организација Самарјанин Ламбе Алабаковски, Кире Крстевски, односно хотелот Молика, Елена Грозданова од МТСП и министерот Џељаљ Бајрами, Таќи даскало со учениците, Диме Ивановски од фризерското студио Кармен, Елпида Димитровска- Крстевска од битолски Транскоп, невропсихијатарот Стефче Бојаџиев и Павлина Пановска од ЈП Стрежево.
 

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 00:58

дел од изјавата на архимандрит Партениј, игумен на светиот Бигорски манастир - добитник на признание за хуманост (милосрдие).



Изменето од Tetratka - 13.Февруари.2010 во 00:59
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.