Испечати | Затвори го прозорот

Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20578
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 14:29
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР
Постирано од: aladin
Наслов: Возобновување на БИГОРСКИОТ МАНАСТИР
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:20
OVAA STRANICA JA POSVETUVAM ,ZA SITE ONIE KOI SE ZAINTERESIRANI ZA VOZOBNOVUVANJETO,TEKOT I SLUCUVANJATA  VO, SV JOVAN BIGORSKI..........................

TUKA MOZE DA SE STAVAAT KORISNI INFORMACII,DISKUSII,LINKOVI I SE ONA STO BI MOZELO ,VO POZITIVEN DUH DA SE POVRZE SO NASLOVOT NA TEMATA.

MU POSAKUVAM STO POSKORO CELOSNO VOZOBNOVUVANJE NA DUHOVNIOT SVETILNIK VO MAKEDONIJA.


http://www.facebook.com/photo.php?pid=3268992&id=47760166080">




Коментари:
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:22
PESNATA E PREKRASNA...................

http://www.youtube.com/watch?v=vW_qeFx8S4k - http://www.youtube.com/watch?v=vW_qeFx8S4k

http://www.youtube.com/watch?v=vI-lQeiLtoA&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=vI-lQeiLtoA&feature=related





Постирано од: spiros
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:25
Машалах! Машалах!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:26
Несомнено, сите заедно ќе го обновиме манастирот ...

Ако помнам добро манастирот изгоре на 30.09.2009 Св. мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, дајБоже до година на овај ден да осветиме ДАВА НОВИ КОНАЦИ!!!


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: aladin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:37
MISLIS       DVA   ?


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:38
http://www.facebook.com/photo.php?pid=4167034&id=47760166080">


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:39
100%

Свети Јован ЧУДОТВОРЕЦ Е...

Тогаш ќе имаме прва ВЕЛИКА ЛАВРА ВО МАКЕДОНИЈА!!!


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: aladin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 20:55
DOBRO E STO IMA LUGJE KOI ISKRENO I DO SRCE SE RADUVAAT....NA OBNOVATA.....ZNAEJKI STO PREDSTAVUVA EDEN SAKRALEN OBJEKT OD VAKOV VID......


GLEDAM .....IMA ZDRUZENIE KOE AKTIVNO E VKLUCENO VO POMAGANJE ...


Љубовта кон Бога и кон ближниот од памтивек ги приближувала луѓето, кои неа ја поимале како подвиг да работат за Божја слава и за доброто на возљубените. Преку нивниот труд Се'Светиот Бог правел чудесни дела за општата добробит. Повикани од двете најголеми Христијански заповеди: "Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!" (Лука 10:27), вдахновени од Светиот Дух, облечени во силата на Божјата Благодат, се собравме и ние, како слуги на Троичниот Бог, да му служиме на општото добро.

 

Здружението на граѓани "ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ" е невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на свои интереси и уверувања, соработка и развивање на пријателски односи помеѓу православните народи, како и вршење дејности и активности за подобрување на верски (православни), социјални, хуманитарни, едукативни права.

 

Граѓаните се здружени во здружението заради остварување на следните цели и задачи:

  • развивање и унапредување на пријателството и соработката помеѓу православните земји и народи
  • врз основа на консултации со стручни лица - одржување на подвижниот имот во Црквите и Манастирите (икони,книги,...)
  • соработка со други невладини организации
  • организирање, вклучување и помош во различни хуманитарни активности
  • организирање и финансирање на едукативни патувања и посети на православни свети храмови (Цркви,Манастири) во и надвор од Р.Македонија
GOSPOD DA GI UKREPI////////////



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 21:03
Амин!!!

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: aladin
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 16:37
Архимандрит Партениј






Архимандритот Партениј ~ стане познат на пошироката јавност неодамна кога беа осветени возобновените манастирски конаци во „Долни Палат“ на Бигорскиот манастир, за чија изградба најголема заслуга има токму тој. Во „Св. Јован Бигорски“ дојде во 1995 година и ја започна благородната мисија за обнова и продолжување на вековната духовна традиција на ова познато македонско православно светилиште, која замре во 1948 година, по забраната на богослужбата и претворањето на манастирот во споменик на културата.
Последниве десетина години тој презеде активности за заштита на вредните икони и други црковни предмети, создавани во последните пет века, кои беа оставени на забот на времето. Благодарение на архимандритот Партениј, Бигорскиот манастир доби не само прекрасен надворешен изглед, раскошен и богат со архитектура, туку и внатрешно духовно живеење и прерасна во вистински христијански извор на православната вера и македонските обичаи и традиции, рече г. Тимотеј. Со Партениј е поврзана и изградбата на женскиот манастир  во дебарското село Рајчица во кој заживеа сестринството.
Верата е главниот извор од кој како дете духовно се напојувал архимандритот Партениј. Тој дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје, а неколку години престојувал на Света Гора       (К.К.)


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 18:16
I shto ima biografijata na Arhimandritot Partenij so vozobnovuvanjeto na Bigorskiot manastir posle katastrofalniot pozhar?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 22:45
drago mi  e sto se postavi ova prasanje...............

dokolku nikoj ,od negovite licni poznanici i prijateli ne se osekja povikan da odgovori...ke se potrudam jas..............

od pocit kon bigorskoto svetiliste,i negovata uprava...


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 17:39
Poveli.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 19:28
mislam deka pred se treba ,da se zeme vo predvid,postoenjeto na bratstvoto......

pred 20 god....toj manastir,nema ni eden monah ili svestenik...sega gi ima okolu 10-tina...so stalna tendencija na zgolemuvanje



od toj moment manastirot ne predstavuva samo samo,, istorisko bogatstvo,,tuku stanuva prav duhoven centar,deluvajki mnogu pozitivno vo mk.....i    MPC........

liturgiskiot i bogosluzbeniot zivot,avtenticno prenesen od sv.gora....vlijaese na golem broj svestenici,monasi,vernici,,,,da se vrakaat kon seto ona sto 50-god ateisticka vlast......negativno go inspirira,vo MPC ili kaj vernicite.....

ogromno e znacenjeto na ARHIMANDRITOT..koj prv pocnal da go obnovuva i duhovnoto peenje vo mk........manastirot stanuva i skola koj gi izucuva prvite VIZANTISKI psalti ,koj pak go vrakjaat peenjeto vo BOGOSOVIJATA...

pecati desetici naslovi(knigi)prevodi ,koj se inspiracija za pobogat duhoven zivot na pravoslavnite vernici vo MK

stanuva duhovnik na iljadnici,propoveda za izvornoto pravoslavie i go svedoci vo praksa.......so sto privlekuva uste pogolem broj na lugje  vo manastirot,lugje koi kompletno go menuvaat svojot zivot,(ottamu denes ,ogromna poddrska vo narodot koga stanuva zbor za nego),ZNACI POSTOI EDNA  ARMIJA LUGJE KOI PREKU NEGOVATA LICNOST I DUHOVNO RAKOVODENJE.....SE VOCRKOVILE,OHRISTOVILE.......ZIVA CRKVA!

VO manastirot sv.gjorgi kaj debar,osnova ikonopisacka skola,.....go vozobnovuva sestrinstvoto vo istoimeniot manas. kako i toa sto go voozobnovuva od temel......fizicki...manstirot ima 12 sestri i uste tolku iskusenicki.......koi imaat atelje za izrabotka  za crkovni odezdi...koi gi nosat crkovnite velikodostojnici od celiot PRAVOSLAVEN SVET.

ORGANIZIRA poklonicki patuvanja...niz celiot pravoslaven svet i stanuva najgolem promoter na MPC ..na nacin koj samo moze da bide za primer,bratsko druzenje,pomaganje,sorabotka......manastirot --DOBIVA SVETSKA REPUTACIJA VO CEL PRAVOSLAVEN SVET,RPC,GPC,SPC,BPC,APC,....sveta gora atonska.......

organizira sobiranje na pomos za site PAVOSLAVNI SVETINJI vo svetot koi imale nepogoda od sekakov karakter.......vojni,pozari,.............

prima na lekuvanje zavisnici,od koj koj golem broj stanuvaat resocijalizirani gragjani i hristijani......seto toa bez nikakva naplata.....
stanuva simbol za pobedata nad porokot na denesnicata ...vo MPC,i duhovnicite.....spaseni se stotici i stotici mladi zivoti....

ova bese samo del od negovata biografija....koja sto se odnesuva na ,,,zivata crkva,,,,......koja mene mi e poznata .......







Постирано од: aladin
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 19:34
moram da napomenam deka veke nekolku pati odbiva episkopski cin,iako e izbran kako najseriozen kandidat  od sinodot na mpc, da stane vladika.

nikogas ne e viden vo skapa kola,restoran,prijemi,kokteli,......

viden e vo drustvo na poznati duhovnici od sv gora, rusija, itn...,,,manastiri,bdenija,slavi,i  crkovni ljubilei..........




Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 20:51
Aladin, temata e "Vozobnuvanje na Bigorskiot manastir", so implikacija deka se raboti za akcija koja sledi posle pozharot koj go unishti najstariot del od nego.

Moeto prashanje do tebe beshe mnogu ednostavno:

Shto ima biografijata na Arhimandritot Partenij so vozobnovuvanjeto na Bigorskiot manastir posle katastrofalniot pozhar?

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 02:09
Obedinetata Makedonska Dijaspora otvori fond za rekonstrukcija na manastirot Sv.Jovan Bigorski


Eve go nejziniot povik do site makedonci vo dijasporata:

United Macedonian Diaspora
Reconstruction Fund for St. Jovan Bigorski Monastery

Help Today by Donating to the Fund to Rebuild one of
Macedonia’s cultural treasures.
All donations will be sent to the Monastery to help with
reconstruction efforts.

Donate Online by visiting http://www.umdiaspora.org%20 - http://www.umdiaspora.org

or send a check payable to:

“UMD Reconstruction Fund for St. Jovan Bigorski Monastery”

Mail check to: United Macedonian Diaspora
1101 Pennsylvania Avenue, NW, 6th Floor
Washington, D.C. 20004

For more information, please call (202) 756-2244 or e-mail info@umdiaspora.org




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 23:44
posle mnogu insinuacii,smetav deka treba da se predstavi licnosta na arhimandritot.......barem malku,za da znaat lugjeto....koj e toj sto odgovara za manastirot.......................

znaci......

da se znae deka vo momentot na iskusenieto.......tuka e covek od potpolno poverenienie,duhovnnik za primer............itn..........

poradi toa e stavena biografijata ,posle pozarot............


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 23:48
zatoa sto kruzat mnogu glasni kako sto gledam...............se baraat premnogu sredstva,koj i kako ke gi koristi itn...........

http://media.a1.com.mk/media/golemi/pozar-bigorski2.jpg


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 00:10



Постирано од: aladin
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 00:22
http://www.youtube.com/watch?v=urapcpresUU - http://www.youtube.com/watch?v=urapcpresUU



http://www.youtube.com/watch?v=1vr6YAA722U&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=1vr6YAA722U&feature=related


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 17:22
http://www.youtube.com/watch?v=BzPJBfSvcXA&feature=related - ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ

Како што Христос воскресна и со Неговото воскресение го избави и воскресна од “калта“ родот човечки, така и денес Христос ги воскреснува Неговите слуги...

 


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 23:17

   Imam mnogu ubavi spomeni od posetite na ovoj prekrasen manastir.

Da se nadevame deka ke bide restavriran vo najskoro vreme i deka ke mu bide vraten poranesniot izgled i sjaj.

Toa e za dobroto na Makedonija, ne samo za Pravoslavnata Crkva.


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 23:36
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


   Imam mnogu ubavi spomeni od posetite na ovoj prekrasen manastir.

Da se nadevame deka ke bide restavriran vo najskoro vreme i deka ke mu bide vraten poranesniot izgled i sjaj.

Toa e za dobroto na Makedonija, ne samo za Pravoslavnata Crkva.


Твојот коментар е за ПОЗДРАВУВАЊЕ!!! СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ТВОЕТО РАЗМИСЛУВАЊЕ!!!


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 21:16
Отец Партениј :„ ... Бог е Тој, Кој ги возобновува нашите сили и ни дава храброст да издржиме.“ http://preminportal.com.mk/index2.php?option=com_content&task=view&id=5205&pop=1&page=0&Itemid=54"> Испечати http://preminportal.com.mk/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=5205&itemid=54"> Е-пошта

 И по 33 дена од  од големиот пожар во кој изгоре дел од Бигорскиот манастир, со несмален интензитет се санираат  материјалните  штети  кои настанаа, а духовбата градба (толку својствена за овој манастир), со голема љубов,  и трпение, никогаш и не престанала. Во миговите на оскудниот одмор,  помеѓу урнатините  и новото што се издига над пепелта, духовниот татко не престанува  да ги  поучува своите чеда. Пастирот го љуби своето стадо и тие него бескрајно...

Неодамна, во Утрински весник, излезе интревју со отец Патрениј, во кое тој говори, за тековните работи околу санацијата на конакот, но и за неговото  минато  и иднината. Го пренесуваме во целост.

ПреминПортал

 

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

 

1. Кој  го изработува проектот за изгорениот дел на Бигорскиот манастир, и  кога се очекува да заврши проектирањето, и да   започнат градежните работи?

 Bigorski.Intervju.jpg

 - Проектот ќе се изработува во координација со Националниот Конзерваторски Центар, и веќе знаете дека е формирано координативно тело за возобновување на Бигорски манастир со г-дин Паско Кузман и мене како ко-координатори. На првиот состанок беше решено да се консултираат повеќе врвни експерти од областа на градежништвото и тие веќе го дадоа своето мислење, така што сега се работи на првата фаза од проектот, а тоа е  процесот на заштита на ѕидовите со нивно покривање и потпирање, а проектот за реконструкција на Горни Палат ќе се работи паралелно, веројатно во текот на зимава.

Во изработката на овој проект, што е и втора фаза во возобновувањето, веројатно ќе учествуваат повеќе архитекти, но главен архитект секако би била г-ѓа Гургица Лековска, бидејки таа добро го познава манастирот и е заслужна за проектот за реконструкција на сега, веќе, успешно и стручно возобновениот Долни Палат, за кој добивме високи оценки од многу историчари на уметност од земјава и од странство, а нејзин проект е и Источен Палат, кој е во фаза на реализација. Сепак, сметаме дека за проектот Горни Палат се потребни повеке архитекти .

Bigorski.Intervju.jpg

 2. Дали ќе има остапување од автентичнито изглед на конаците, односно дали излгедот ќе биде ист како во периодот  пред да бидат опожарени?


- Што се однесува до архитектурата на Горни Палат,  повеќе  пати нагласив дека за неговиот поранешен изглед имаме многу прецизна документација и воопшто нема да се отстапува од неа, значи конаците ќе бидат возобновени во својот автентичен лик, што го имаа пред пожарот.

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

           3. Дали се завршени активностите за покривање на просторот на машката трпезарија со времен  кров и дали завршија активностите со покривање на ѕидовите со најлон?

Bigorski.Intervju.jpg


-  Во моментов се завршени работите околу  покривање на просторот од машката трпезарија. Во тек се и други активности во поглед на потпирање и заштитување на ѕидовите. Доколку дозволи времето, ќе започнеме со санација на ѕидовите од галеријата и трпезаријата.

 

4. Каков е одѕивот на верниците  со донирање на доброволни прилози за обнова на конаците, односно колку средства по овој основ се собрани?

Bigorski.Intervju.jpg

-  Нашиот манастир е вистинско духовно гнездо, во кое се собираат голем број на верници и е топло возљубен од сите нив. Неопислива е радоста што ги исполнува нашите срца кога ги гледаме како се трудат, правејќи се што е во рамките на нивните можности, за да се врати сјајот на овој наш заеднички, возљубен дом. Но сметаме дека одзивот на оние позначајните и поуспешни фирми би требало да биде поголем .

5. Како игумен на манастирот со кој проблем се соочувате? Кога очекувате Бигорски да го добие вистинскито изглед?

Bigorski.Intervju.jpg

-  По Божја волја и по волјата на Св. Јован Крстител добивме тешка и одговорна, може да се каже историска задача да го возобновиме ова големо и многу значајно светилиште за нашиот народ, а проблемите и обврските, како духовните, така и оние околу возобновувањето, не би ги набројувал, бидејќи се многу, но Бог е Тој, Кој ги возобновува нашите сили и ни дава храброст да издржиме. Токму заради љубовта кон Бога, ние, секогаш, сецело и пожртвувано сме се вложувале во возобнувањето на манастирот, бидејќи знаете дека и до сега имаме придонесено многу за овој манастир. Имено, кога дојдовме овде во 1995 година, затекнавме многу тажна состојба: манастирот беше како една празна куќа, покривот на трпезаријата течеше, ѕидовите паѓаа, се беше запуштено. Почнавме со голема љубов и вложивме 15 години во тој конак, поправајЌи го постојано и разубавувајќи го. И не само тоа. Го возобновивме и Бигорскиот метох Св. Георгиј Победоносец во Рајчица, го возобновивме 'Долни палат”, а во фаза на реализација е 'Источни Палат”. Ова го напомнувам не за да се пофалиме, бидејќи ние, монасите, само со крстот Господов се фалиме, туку за да ги потсетам сите оние, кои, како да заборавија каков беше Бигорски пред да се врати на МПЦ и пред да се возобнови во него монашкиот живот. Токму безмерната Божја љубов е таа што го издигна Бигорскиот манастир, и ние, вдахновени од неа, целосно се вградивме во ова прекрасно светилиште, така што и сега, доколку имаме доволно сретства, ние ќе се потрудиме во најскоро време Бигорски повторно да го добие својот прекрасен лик.

Bigorski.Intervju.jpg

 6. Дали архивата на монашкото братство е сочувана?

Bigorski.Intervju.jpg

-  Би сакал уште еднаш да нагласам, со оглед на бројните шпекулации по медиумите, дека старата архива на манастирот, која го покрива периодот до Втората светска војна, се наоѓа во архивите на град Скопје, Тетово и Охрид и истата ја користевме секогаш кога ни требаше да проучиме нешто или да дознаеме повеќе  за старата историја на манастирот. Таму е се  уредно сочувано, и сите ракописи и стари документи, така што доколку некој сака да истражува за идентитетот и историјата на Бигорскиот манастир, слободно може да ги консултира овие архиви, во Македонија и надвор од неа.
 А во врска со поновата архива, би кажал дека по Втората светска војна во манастирот беше прекинат духовниот живот и во тој период не е создавана никаква архива. Така беше се до нашето доаѓање во 1995, кога одново се започна со создавање на архива. За жал, тоа е архивата која исчезна во огнот. Морам да спомнам и за библиотеката, која беше создавана после нашето доаѓање, и која исто така беше проголтана од огнот. Во прашање беа само печатени книги и сега е во фаза градење на нова библиотека, која ќе има далеку поголем фонд на книги од претходната и ќе ги има сите оние книги што изгореа во пожарот.
 

Bigorski.Intervju.jpg

 7. Во овој период, пред да  настапи зимата,  што е најнеопходно да се направи?

Bigorski.Intervju.jpg

- Во поглед на првата фаза од проектот, сметам дека сето она што беше приоритетно да се направи, додека не настапат обилни дождови, е веке направено, а тоа е, како што напомнав претходно, потпирањето и покривањето. Во врска пак со 'Источни Палат”, после пожарот ние моравме да ги интензивираме градежните работи околу новиот конак, бидејЌи таму се предвидени да бидат монашките келии. Доколку се  се одвива според предвиденото, 'Источни Палат” би требало да биде потполно завршен некаде на почетокот на летото. Така монасите ке бидат сместени во новите келии, а 'Долни Палат” ке биде повторно оспособен за прием на гости.

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Bigorski.Intervju.jpg

Извор: Утрински весник

< ="" ="text/"> \n mailto:kipro_k@t-home.mk - kipro_k@t-home.mk < ="" ="text/"> Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете < ="" ="text/">

На 2 ноември 2009 година

 Друго:

Bigorski.Intervju.jpg

  Превземено од ПРЕМИНПОРТАЛ

http://preminportal.com.mk/content/view/5205/136/ - http://preminportal.com.mk/content/view/5205/136/



-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Highlander969
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 13:33
A kolku donirase MPC, popovite i vladicite? Ili tie treba samo da zemaat, a ne davaat.......Za grev se, nemaat pari!
Citav deka dosega najmnogu donacii ima od gragjanite , a od popovite ni skrsen denar!


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 21:00
тоа не е важно - манастирот е место за ГРАЃАНИТЕ,  а не за “поповите...“

Затоа народот помага одново да го подигне својот дом...




-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 06.Ноември.2009 во 21:46
http://www.youtube.com/watch?v=9S36TH_Pozc - Да се потсетиме



-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Highlander969
Датум на внесување: 07.Ноември.2009 во 12:35
Ne ve bendisa mojot komentar, zatoa go izbrisavte?
Vistinata e sekogas neprijatna da se slusne.


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 07.Ноември.2009 во 12:50
Originally posted by Highlander969 Highlander969 напиша:

Ne ve bendisa mojot komentar, zatoa go izbrisavte?
Vistinata e sekogas neprijatna da se slusne.


Навистина е така - но за коментари како твоите и овој сега (бидејќи ги провоцираш модераторите) знаеш ли каков бан се јаде? ееее.... остај то и нов член си...
уживај задоволство


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Highlander969
Датум на внесување: 07.Ноември.2009 во 13:32
tetratka, ne mi e cel nikogo da provociram, tuku si davam svoe mislenje. ako mislis deka treba da se brise, brisi go postot, nema problem.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 07.Ноември.2009 во 13:42
Originally posted by Highlander969 Highlander969 напиша:

tetratka, ne mi e cel nikogo da provociram, tuku si davam svoe mislenje. ako mislis deka treba da se brise, brisi go postot, nema problem.


Temava e vozobnuvanjeto na BIGORSKIOT MANASTIR, a ne kolku se skrzhavi sveshtenicite i sto mislme za niv.

Te molam, koga komentirash po temite drzhi se za nivniot topik oti so odenje nadvor od nego tie samo se rasplinuvaat i go gubat svojot fokus.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 08.Ноември.2009 во 13:00
jas nemam predtsva navistina ,koj i kolku stredstva doniral...sem kosmofon,t-mobile,vladata....site po 10 000eu....i mislam fersped-500 000 den...............

dobro bi bilo da se znae ako se ima podatoci............nekoj neka stavi......


Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 09.Ноември.2009 во 09:55
bg. manastir  e  kulturen  spomenik  zastiten  so  zakon  zatoa  vladata  e  dolzna  da  go  izgradi  normalno  poradi  cinejneto  na  visokata  cena  ne  se  kazuva  toa  vo  javnost  nego  se  veli  deka  se  toa  donacii.tocno  e  toa  i  deka  ima  i  donacii  no  tie  se  mnogu  mali   vo  odnos  na  celosnata  cena  na  cinejne  a  glavna  pricina  za  toa e  ekonomskata  kriza  .


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 18:40
http://www.youtube.com/watch?v=mNA4JlCkMDg - http://www.youtube.com/watch?v=mNA4JlCkMDg

-------------


Постирано од: el_kevser
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 18:43
Originally posted by Македон Македон напиша:

http://www.youtube.com/watch?v=mNA4JlCkMDg - http://www.youtube.com/watch?v=mNA4JlCkMDg

ajde so pesna ke se napravi ne se sekirajte
samo treba da se fondira pari sto poveke
samo se prasuvam dali tie prai ke otidat za manastirot . zaboruvam za site pari
pozdrav

-------------
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 22:24
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

http://www.youtube.com/watch?v=mNA4JlCkMDg - http://www.youtube.com/watch?v=mNA4JlCkMDg

ajde so pesna ke se napravi ne se sekirajte
samo treba da se fondira pari sto poveke
samo se prasuvam dali tie prai ke otidat za manastirot . zaboruvam za site pari
pozdrav


Со вера, со љубов, па и со песна, ќе се направи.
Парите ќе одат таму каде што треба, не грижи се, а и не е само парична помош, има и материјална помош дадено народот ( па и државата ) која не е во пари.


-------------


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 16.Ноември.2009 во 04:13
http://www.youtube.com/watch?v=doa8CGRRuN8&feature=related - Да се потсетиме



-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 22:47
во Сабота голем хуманитарен http://www.youtube.com/watch?v=mNA4JlCkMDg - концерт на Ламбе Алабаковски... во недела хуманитарна тв емисија на МТВ1...



-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: vistinskipravoslavec
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 23:11
Изградба на бигорски се е ок,само се надевам нема некој паметен свештеник пола пари да си ги стави у 4еб,инаку супер идеа имаат.

-------------
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 26.Ноември.2009 во 23:18
Originally posted by vistinskipravoslavec vistinskipravoslavec напиша:

Изградба на бигорски се е ок,само се надевам нема некој паметен свештеник пола пари да си ги стави у 4еб,инаку супер идеа имаат.


во интерес на вистината - сливот на финансиите секој може да го види... таму нема скапи коли и разрушен манастир, а велелепен манастир со скромен дух иако многу богат и духовно и физички...
Вистинскиот пастир ја полага душата за своите овци...
Тоа е манастир во служба на народот и Црквата...
таму нема политички замки и сплетки за да има перење пари...

парите одата на сметка на манастирот, а манастирот е во служба на Бога, на народот, на ближниот, на Црквата, на татковината...


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 15:17
Да го обновиме Бигорски!

Денека Македонската национална телевизија
и Томато продукција организираат голема тв аукција
за обнова на Бигорскиот манастир.
Емисијата ќе трае до 22 часот...
секој хуман човек може да донира по 100 ден.
на тел број 070/075/077/ 143 - 444...


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 17:28
Темава е Возобновување на Бигорскиот Манастир.
Ако имате нешто околу тоа да кажете, да предложите, информирате-повелете.

Евангелос, те молам немој на оваа тема да пишуваш околу хуманитарни акции, како и против донирањето за Бигорски.
Секој си има право да располага со своите пари онака како што сака: кој сака да донира-нека донира, кој не сака-нека не ги критикува оние што го прават тоа.

Секој постапува по својата совест и убедување, и ние не смееме никому да судиме доколку постапува спротивно од нашите убедувања.

Околу лекувањето на Емил Новевски но и останатите хуманитарни акции пишувајте кај “Хуманост на дело“, ве молам.
роза



-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 18:46
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Темава е Возобновување на Бигорскиот Манастир.
Ако имате нешто околу тоа да кажете, да предложите, информирате-повелете.



Дорбо. Отсега ќе кажувам, информирам и предлагам на темава.

Сакам да кажам дека зборот „хуманост“ доаѓа од зборот „хуман“ што значи човек и оттаму хуманост значи да се помогне на човек, а не на културно-уметнички градби. Ова сакам да го потенцирам затоа што многумина на темава гледам како го злоупотребуваат тој збор и велат: „бидете хумани и донирајте за манастирот“.

Понатаму сакам да информирам дека МПЦ може и од сопствени фондови може да го обнови опожарениот манастир „Св. Јован Бигорски“ наместо да ги чека верниците и државата, како што не известува следниов извор:

ПО ПОПЛАКИТЕ ДЕКА БАВНО СЕ СОБИРААТ ПАРИ ЗА ОПОЖАРЕНИОТ МАНАСТИР
За „Бигорски“ нема, за џипови има

Тони Ангеловски

Македонската православна црква - Охридска архиепископија и од сопствени фондови може да го обнови опожарениот манастир „Св. Јован Бигорски“ наместо да ги чека верниците и државата. Тоа го велат дел од аналитичарите по зачестените поплаки дека слабо оди собирањето пари за обнова на светилиштето кое настрада на 30 септември. Реакции почнаа да пристигнуваат и од верниците, кои забележуваат дека речиси сите владици возат автомобили, главно џипови, чијашто вредност се проценува на околу 50.000 евра. За неочекувано слабиот одѕив при собирањето на средствата разговарале делегатите на неодамна одржаниот Архиепископски црковно-народен собор во Скопје, на кој биле изнесени податоци дека се собрани околу 250.000 евра од донации, што е далеку од потребните пет милиони евра на колку што стручњаците ја проценуваат штетата. Поради тоа, МПЦ апелира до верниците, особено до поголемите фирми во земјата, да помогнат во обновата на манастирот. Според Никола Наумовски од невладината „Плоштад Слобода“, несфатливо е зошто МПЦ, која располага со многу големи средства, има потреба да бара донации од фирми и од граѓани за обнова на манастирот, па уште и да критикува дека тоа се прави во мали размери. - Наместо да бара пари за манастирот, МПЦ нека ги пренамени парите кои се планирани за изградба на црквата на скопскиот плоштад и со тоа ќе се реши проблемот - вели Никола Наумовски од невладината „Плоштад Слобода“. Според него, несфатливо е како додека уште не беше изгасен пожарот во манастирот била отворена жешка телефонска линија на која се собираа пари за неговата обнова. - Нема дилеми дека „Бигорски“ треба да се обнови што поскоро, но зошто тоа не го направи црквата. Во јавноста е познато дека сите тие владици возат скапи џипови, кои се вистински луксуз за некој што нема пари. Потоа хотели и сл. Но, не е само тоа, туку и тајноста на нејзините фондови. Таму никогаш не влегол ревизор и никој не знае со колкави средства се располага - вели Наумовски. Но, од МПЦ велат дека донациите од граѓаните всушност се бараат за да се разбуди свеста кај православните христијани. Според отец Доситеј, кој е задолжен за донациите за манастирот „Св. Јован Бигорски“, досега се собрани околу 250.000 евра од потребните повеќе од пет милиони евра. Од отворената телефонска линија се обезбедени 50.000 евра, околу 50.000 евра од донации на верници и на помали фирми, 10.000 евра се помош од Владата, 50.000 евра се донации од општините и околу 70.000 евра од поголемите фирми. - Целта е да се разбуди свеста кај православните христијани и да донираат и тие, односно да си ги сакаат своите храмови. Не можам да ви дадам точна бројка колку пари се собрани во моментов затоа што таа е менлива. Имаше и одлука на соборот секоја епархија да донира во однос со своите можности - вели Коста Маринов, кој е директно инволвиран во обновувањето на манастирот. Според архимандритот Партениј, игумен на манастирот „Св. Јован Бигорски“, тие не знаат на што се должи скромниот одѕив на донаторите. Можеби, според него, тоа е резултат на негативната медиумска кампања која во последно време се води против црквата, која постојано се прозива како одговорна за несреќата и како должна финансиски да ја покрие штетата. Според архимандритот Партениј, главни донатори се сиромашните луѓе, кои даваат колку што можат. И според портпаролот на Светиот архијерејски синод, митрополит Тимотеј, не се собрани средства колку што се очекувало, но МПЦ е благодарна за секој денар што е наменет за обнова на манастирот. - Некој дава помалку, некој повеќе пари, но ние сме благодарни за секоја донација имајќи ја предвид немаштијата во која се наоѓа народот. Ние донесовме одлука секоја епархија да донира средства во зависност од можностите. Некои веќе донираа средства, а некои се уште немаат одржано епархиски одбори, но наскоро ќе го сторат тоа - вели митрополит Тимотеј, портпарол на МПЦ.


Извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1877&ArticleID=127601 - предлагам граѓаните на РМ да не си ги трошат своите финансии за вакви проекти на МПЦ.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 19:12
Terminot "humanitarno" tradicionalno se upotrebuva za s'e shto e povrzano so sobiranje pomosh za bilo koi chovekovi vrednosti.

Bez obzir dali crkvata ima pari ili nema pari za obnova na manastirot, taa ima pravo da organizira akcija za sobiranje donacii od vernicite ili onie koi sakaat da pomognat i ne mozhe da bide kritikuvana za toa. Toa mozheshe da bide tema za diskusija dokolku ova sobiranje ne beshe transparentno, no kako shto gledame tochno se znae kolku pari se sobrani i koj se nivnite donatori.

Sekakov razgovor koj svrtuuva vnimanie kon prevoznite sredstva na vladicite, drugi objekti planirani za izgradba i slichno, pretstavuva samo kritizerski obid za obezvrednuvanje i demoniziranje na MPC.

Zalno e shto za toa se upotrebuva blagorodnata akcija za obnova na eden od najvrednite Makedonski manastiri.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: repetitor
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 20:31
за сите што "незнаат" што да прават со слободната волја тука е EvAngelos да им го покаже патот

Клеветник за тебе братче е мал збор, ти како да си опседнат и се што е убаво тебе ти смета. Но не заслужуваш ти олку внимание и олку зборови ама ај.Господ да ти е на помош! Си имаш ТЕЖОК проблем!

Добро кажано Messenger, навистина е жално ,но секогаш ке се најде по некој кој во цела МАКА ќе сака да се изрекламира со неговите "револуционерни" идеи и "загриженост" кон лугето! Ми се гади од такви ВОЛЦИ ВО ОВЧЈИ КОЖИ !

Бигорски Манастир во историјата, на својот грб претрпел и други несреќи и секогаш после тоа бил само посилен! Така ке биде и овај пат со Божја помош, со помош на благочестивите луѓе! Зашто секоја прачка на лозата што дава плод, Бог ја очистува за да принесе повеќе плод.

Бигорскиот Манастир Св.Јован Крстителеден е еден од нашите најголеми духовни центри во Мк. ,нашето духовно пристаниште,исцелителен центар каде што мнозина пофторно се родиле,место каде многу млади успеале да го остават ОНА што не успеале во социјалните центри и преку програмите за лечење од зависности,место каде чудата се секојдневни за оној што има очи да ги види ,место каде не само за оние што живеат таму туку за секој кој ја ставил ногата во манастирот представува ДОМ, баш заради тоа што бил синовски примен од братството на манастирот.

Материјалната помошта за Бигорски е НАЈМАЛОТО нешто што можеме да го принесеме како благодарност кон ангелското братство кое пожртвувано им служи на луѓето и на Бога, а притоа да Му принесеме и благодарност на Бога ,а и да учествуваме во историскиот призив да бидеме дел од тулите на возобновениот манастир кој како никогаш пофторно ќе блеска со неговата убавина и ке Му служи на Бога !


Постирано од: Superior
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 20:39
Абе таа дрогерај банда тргнете ја оттаму ако сакате Манастирот да ви цвета.Јес да е добро да им се помага на таквите лица, ама во соодветни институции, не во верски храмови кои се опкружени со голем број на население.

-------------
Clubmaster


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 21:04
Клеветниците немаат срам.
За нив решение не е ни бан.
Нека продолжат да тропкаат како конзерви врзани за магарешки опаш по друмовите, т.е. форумите. На верникот му приличи понизност и активно делување.




-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Superior
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 21:18
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Ја се чудам зашо да не отвориме една тема за громобраните, и превозните сретства кај современите христијани...клеветници - засрамете се...


Тетратка,имаш ли податоци каков беше и каков е одзивот на муслиманите по однос помагањето за возобновување на Бигорскиот Манастир?

-------------
Clubmaster


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 21:30
Originally posted by Superior Superior напиша:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Ја се чудам зашо да не отвориме една тема за громобраните, и превозните сретства кај современите христијани...клеветници - засрамете се...


Тетратка,имаш ли податоци каков беше и каков е одзивот на муслиманите по однос помагањето за возобновување на Бигорскиот Манастир?


Знам дека луѓето од реканскиот крај со душа и срце помагаат на манастирот - зашто е така... они јавно кажуваат...
Виделе многу добрини од манастирот...
Многу фамилии кои немале рожба, и бесомачни и болни од секакви болести, според нивната вера и молитвите на монасите пред чудотворната икона на св. Јован Крстител (која е од 1020 година), добиваат исцеление и рожба...
Иконата на св. Јован и самиот манастир, назад во историјата сведочат за истите случаи, затоа и самиот манастир со посебен указ од султанот е изграден невообичаено за тоа време... сите манастири се граделе со скалите надолу, а овој (Бигорски) е изграден со скалите и влезнот на горе, значи издигнат...

И султанот видел многу добрини од манастирот, па затоа и така заповедал да се изгради.... (нормално со средства од народот и игумените ктитори...)

Значи, како и денес, така и назад низ историјата - манастирот го помагаат сите,... зашто св. Јован е брз помошник и услишител на маките и прв молитвеник пред Христос - кој се моли за сите нас...

Затоа и денес народот ке го обнови манастирот... бидејќи манастирот е исполнет со љубов и духот на љубовта и нелицемерието и гостопримството на монашкото братство и игуменот Партениј, се главна христијанска доблест, нелицемерна љубов... љубов во Христа...


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Superior
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 21:38
Ти благодарам!

-------------
Clubmaster


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 23:59

Бигорски и отец Партениј за време санациите после опожорувањето на манастирот:










Дел од интервјуто со отец Партениј:

- Кои други аткивности се присутни во Бигорски?

- Она што е најсуштествено за Бигорскиот манастир, и што претставува негов највпечатлив белег, е богатиот духовен живот, а тој и покрај сите искушенија, продолжува со засилен интензитет. Значи, што се однесува до браќата, тие си го исполнуваат целиот богослужбен круг, и во тој поглед нема некаква посебна разлика во нивното секојдневие, освен зголемената физичка активност околу работите со опожарениот конак и особено, градењето на 'Источни Палат”. Ни во поглед на духовната мисија што овој манастир ја врши, нема никаква разлика. Верниците и бројните духовни чеда и натаму доаѓаат, се исповедаат, заедничарат со браќата на богослужбите и секојдневните послушанија, делејќи ги со нас сите радости и таги. Зашто Бигорскиот манастир никогаш и не бил ограничен само на овој конкретен простор. Тој е во срцата на сите оние, кои божјата промисла ги донела овде и кои заминувајќи, понеле со себе и дел од нас. Се додека е така, Бигорски ќе биде повеќе од само камени ѕидови.





-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 00:32
Знае ли некој од кога постои манастирот Јован Бигорски? Кога е изграден за прв пат и кога за прв пат во него се населиле монаси?

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Ивона02
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 00:34
Jovan Bigorski postoi od XX vek 


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 02:03
  Број 3147  сабота, 28 ноември 2009

Дедо Стефан и ќесето

Билјана Јовановска

Слушај што ти зборувам, не гледај што правам!

Е, вака некако би можело да се поедностави и да опише однесувањето на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан кога станува збор за донациите за изгорениот конак на Бигорскиот манастир. Првиот духовник го искара и новинарот што не донирал, а кој, замислете, се осмелил да го праша поглаварот дали и колку тој лично го одврзал ќесето!?

Поминаа два месеца од пожарот во Бигорски, ама првиот меѓу еднаквите во Синодот на МПЦ никако да повлече нога. За волја на вистината, светите книги не' учат дека за подареното не треба се фалиме. Меѓутоа, на г.г. Стефан Господ би му простил зашто со свој пример ќе покажеше како треба да му се помогне на секој што ќе му се случи несреќа. И народот ќе го следеше. Во далеку поголем број отколку сега.

Арно ама, на г.г. Стефан не му текнува. А обичните луѓе, верниците, гледаат дека големците од Македонската православна црква не даваат, па и тие недоволно даруваат. И натаму владиците се возат во своите прескапи автомобили, кризата ниту ги засега, ниту ги допрела. Па, паствата со недонирањето како да му испраќа порака на црковниот врв. Манифестираат револт кон оние што можат, а не даваат.

За жал, примерот изостана, останаа само апелите. Во касата на древниот манастир се слеале 250.000 евра, што не е малку, но е недоволно за обновување на загубеното. Наводната штета е 5,5 милиони евра, како што некој истресе од ракав. Бројката сигурно не е таа, но и со собраните пари конак не се крева. Затоа, дедо Стефан, покажете се! Собраќата архијереи ќе го следат вашиот пример. Народот, исто така, ќе дарува по вас!

Извор: http://utrinski.com.mk/?ItemID=39BBFF782E6CB84FA903A269CC4F633D -


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 03:02
Новогодишни честитки од Бигорски манастир Св. Јован Крстител       



Почитувани,

Смирено Ви се обраќаме, знаејќи дека искрено сочувствувате со нашата несреќа и топло ќе ни излезете во пресрет, олеснувајќи ни ја болката со Вашата благородна помош. Имено, Вие знаете дека на 30-ти септември, огнената стихија во еден миг ги проголта прекрасните монашки конаци, дело на големите мијачки мајстори и завет на поранешните Бигорски игумени. Пред нашите насолзени очи за миг испезна големата трпезарија, раскошните гостински одаи со дрвени резби и портрети на славните Бигорски игумени, нашите скромни монашки келии и сите простории кои ни овозможуваа опстанок во манастирот и негово нормално функционирање. Немоќни да се справиме со таа огромна огнена сила, која се закануваше да ја зафати и црквата, се потрудивме, со ризик по нашите животи, да го спасиме барем она што беше и највредно - ретката и исклучително вредна колекција на икони од Бигорската галерија, кои датираат од 16ти, 17-ти и 18ти век, истовремено борејќи се и упатувајќи молитви кон големиот Претеча Јован, да си го заштити својот храм.

Затоа, Ве молиме да ни излезете во пресрет со купување на Новогодишни честитки од понудата на нашиот Манастир.
Напоменуваме дека средствата собрани од продажбата на честитките ќе бидат наменети за возобновување на Бигорскиот манастир.











Вашите нарачки можете да ги најавите на отец Доситеј 070/342-970 или е-mail: bigorski@t-mobile.mkОваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Однапред благодариме на Вашето разбирање и помош и нека благословот на Светиот Претеча и Крстител – Јован биде секогаш со Вас и Вашите блиски.

    * Цена на една честитка е 100 денари
    * Собраните средства од продажбата на честитките ќе бидат донирани за обнова на манастирскиот комплекс Свети Јовак Бигорски

ДА ГО ОБНОВИМЕ БИГОРСКИ!


http://preminportal.com.mk/content/view/5248/53/ - Premin Portal




-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 00:06
Бигорскиот манастир издаде и донаторски - „Календар 2010“
       


ОдбележувајЌи го својот јубилеј -15 год. обновено монаштво, братството на Бигорскиот манастир објави еден доста необичен и многу поучен календар, во кој секоја недела е наведена на посебен лист, при што освен празниците и имињата на светителите кои се празнуваат во таа недела, поместени се и неколку интересни фотографии од манастирот, како и избрана поука од светите отци. Календарот е испечатен во прилог на хуманитарната акција за прибирање на средства за обнова на опожарениот конак во манастирот. Постои и столна верзија од календарот.










За сите кои се заинтересирани, овој календар може да се порача на следниот тел: 070 342 970

или на меил: bigorski@t-home.mk

Во Скопје - Дејан, тел. 070/075 390 391


http://preminportal.com.mk/content/view/5363/1/ - Premin Portal

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 00:10
Им благодарам на сите оние кои ме контактираа по ЛП за да добијат повеќе информации околу помошта за Бигорски манастир. Голем е Бог! Секое добро дело не останува ненаградено!

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 13:21
dali od tolku golemi ,vetuvanja,,   za donacii....od milionski sumi......se se svede na cestitiki i kalendari koi manastirot gi prodava?

pretpostavuvav deka moze da se desi vakvo nesto.....kade se sega onie koi tvrdea deka ke se vozat ,,dzipovi i koli,, od donaciite......


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 05.Декември.2009 во 19:14
http://www.akmpe.org/ - АМЕРИКАНСКА -КАНАДСКА МАКЕДОНСКА ЦРКВА


http://www.akmpe.org/images/stories/pdf/apelbigorskimanastir.pdf - АПЕЛ


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 05:38
Дочек на иконата на Богородица „Достојно ест“ во Бигорски манастир

Чудесната појава на Архангелот на гората Атонска, која некогаш се случи, беше видение божествено со кое се прослави сеопеаното име Твое, Марие Богородице, и сите верни се научија ангелоподобно да Те опеваат, Тебе почесна од Херувимите и пославна од Серафимите, Мајка на нашиот Бог, поради Која се радува сета твар и родот човечки благодарствено Му вокликнува на Господа: Алилуја!

(Акатист во чест на чудотворната икона на Мајката Божја наречена Достојно ест)

























-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 03:29
Иконата на Богородица “Достојно ест“ во Бигорски манастир



-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 13:42








-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 13:44


-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 19:07
So Bozja pomos i nasa pomos ke se obnovi manasritot.среќа


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 29.Декември.2009 во 13:35
eve edno linkce za pomos na bigorski......gledam nikoj poveke ne se interesira......
 
http://www.bigorski.tc.com.mk/indexshop - http://www.bigorski.tc.com.mk/indexshop
 
 
stavajte go linkot i na drugi forumi i internet strani...........
 
daj be lugje stramota......apelirajte,za se se naogja pari samo za obnova na najubavoto svetiliste vo mk,ne nema ......


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 29.Декември.2009 во 14:21

Ламбе донира 5.100 евра за Бигорски

Поп-пејачот Ламбе Алабаковски викендов донира 5.100 евра за обнова на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Парите се собрани од продадените влезници од првиот концерт на Алабаковски, кој неодамна го одржа во Универзалната сала. Во името на братството, својата искрена благодарност ја изрази игуменот на манастирот, архимандритот Партениј.



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 19:55
http://au.youtube.com/watch?v=uO6z0Mc1Bkg&feature=related - Бигорски манастир


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: the king
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 20:19
а што ќе биде со џамијата во прилеп???



-------------
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 20:27

toa ne e tema tuka.................

 
no stom te interesira,...za toa posle obnovata na sv.sofija vo carigrad,mislam ke se razgovara.


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:12
Originally posted by the king the king напиша:

а што ќе биде со џамијата во прилеп???



Брате,ние не сме питачи и плачковци како некои. Сами ќе се организираме и сами ќе си ја изградиме повторно, како што ги градевме и градиме и останатите Џамии во нашава земја. Сами и ќе си ги тргниме крстовите од саат кулите во Прилеп и Битола, и ќе им го повратиме нивниот поранешен сјај.. Не се секирај,кучињата можат да си лаат колку што сакаат.

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:15
Originally posted by deshad deshad напиша:

Originally posted by the king the king напиша:

а што ќе биде со џамијата во прилеп???



Брате,ние не сме питачи и плачковци како некои. Сами ќе се организираме и сами ќе си ја изградиме повторно, како што ги градевме и градиме и останатите Џамии во нашава земја. Сами и ќе си ги тргниме крстовите од саат кулите во Прилеп и Битола, и ќе им го повратиме нивниот поранешен сјај.. Не се секирај,кучињата можат да си лаат колку што сакаат.


Зар сеуште мислиш дека постои социјализмот па туку-така ќе ги тргнете крстовите како во 1945 година?збунетост
За потсетување, тој систем пропадна пред 18 години во Македонија.намигнување


-------------


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:19
Да бе, заборавив дека саат кулите ги изгради Крале Марко.

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:26
Originally posted by deshad deshad напиша:

Да бе, заборавив дека саат кулите ги изгради Крале Марко.


Саат кулите се сопственост колку што знам се културно наследство на Република Македонија и како такви се наоѓаат во нејзина сопственост.намигнување


-------------


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:28
И демек, ако и текне на државата, уште утре може на културните исламски споменици да им обеси по некој крст оти се нејзино културно наследство?


-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:30
Originally posted by deshad deshad напиша:

И демек, ако и текне на државата, уште утре може на културните исламски споменици да им обеси по некој крст оти се нејзино културно наследство?


Не, тоа значи уништување на културното наследство на државата, меѓутоа таа е сопственик на тие објекти, а не Исламската верска заедница. Тоа значи дека ако тие споменици треба да се истражуваат, реставрираат и слично, државата го има последниот збор.


-------------


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:39
Ај сеа разбуди се малце и кажи ми, жив ти се, каква реставрација е ставањето крстови на саат кулите во Припел и Битола?

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:44
Originally posted by deshad deshad напиша:

Ај сеа разбуди се малце и кажи ми, жив ти се, каква реставрација е ставањето крстови на саат кулите во Припел и Битола?


Крстовите не се од сега, од порано се ставени, прочитај малку историја, види што стоело на истите пред воспоставување на социјализмот, не случајно го споменав тоа.намигнување


-------------


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:48
Видов, а види ти сега кој ги изградил и какви биле тие пред да им се стават крстовите?

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:52
Originally posted by deshad deshad напиша:

Видов, а види ти сега кој ги изградил и какви биле тие пред да им се стават крстовите?


Значи имало крстови така?
Епа сега уште ова да го изјасниме и се ќе си дојде на свое место.

Дали тие што дошле овде биле окупатори или ослободители? Секако дека биле окупатори! А штом биле окупатори и штом веќе сме слободни, тогаш автоматски тоа што го изградиле е само културно наследство кое е во сопственост на сега веќе слободна Македонија и таа има право да располага со истото. А штом Република Македонија како таква ги вратила крстовите кои стоеле доста порано, значи дека го вратила објектот во состојба каква што бил пред да се воспостави социјализмот. Многу едноставно!намигнување


-------------


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 21:58




Едноставно до немај каде.Ене читав дека и коцките кои што сакаат да ги вратат на плоштадот Македонија имале крстови, ама за инает оној комуњарот ги тргнал и ставил мермерни плочи,а тија да ти бидат босански,(турски)    па сеа ДОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ КОМУНИЗАААМ, повторно на сцена ќе дојдат коцките со крстови. Оти нели, тоа е сопственост на РМ, па кој ги ебе другите.

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 22:02
Originally posted by deshad deshad напиша:





Едноставно до немај каде.Ене читав дека и коцките кои што сакаат да ги вратат на плоштадот Македонија имале крстови, ама за инает оној комуњарот ги тргнал и ставил мермерни плочи,а тија да ти бидат босански,(турски)    па сеа ДОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ КОМУНИЗАААМ, повторно на сцена ќе дојдат коцките со крстови. Оти нели, тоа е сопственост на РМ, па кој ги ебе другите.


Каде ги виде тие крстови...каде ли го прочита ова чудо...збунетост
Јас ако сум сопственик на нешто, искрено, не ги прашувам другите што да правам со тоа нешто. Верувам дека и ти постапуваш така.


-------------


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 22:04
Па затоа постојано живи ќе се јадеме.

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 22:10
Originally posted by deshad deshad напиша:

Па затоа постојано живи ќе се јадеме.


Затоа ќе се почитуваат законите и нема да има проблем.


-------------


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 22:24
за возобновување на џамијата во прилеп можете само да сонувате, таа нема да се обнови па дури и да ја обноват пак ќе ја запалат моите полу-сограѓани...задоволствоголема%20насмевкасреќа
голема%20насмевказа бигорски ни скршен денар не давамзадоволство


-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 14:04
Македон и Дешад, темата е возобновување на Бигорски манастир, а не на крст-џамија од Прилеп или Битола.

Дали некој ќе даде или не донација за манастирот, е негово лично право и сопствена одлука, но самото решение зборува каков човек е.

Всушност, тоа и не прави некаква разлика, затоа што не се малкумина оние кои го љубат манастирот како светиња и помагаат

За Божиќното бдение имаше голем број верници кои го посетија манастирот, иако сеуште нема услови каде да преспијат. Значи, и покрај сите искушенија, луѓето не се откажуваат од љубовта што можат да ја почувствуваат во тој манастир, љубовта што зрачи од бигорското братство.

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=4171 -


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 20:08

http://lazaropolee.blogspot.com/2009/03/blog-post_31.html - ЗА МАНАСТИРОТ СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ

Свети Јован Претеча
Манастирот е изграден на планината Бистра, а под него тече реката Радика. Опкружен е со бујна шума а од манастирот се простира прекрасен видик кон планината Кораб. Во негова близина се Реканските села Гари, Осој, Тресонче, Галичник, Росоки и Лазарополе од каде произлегла цела плејада градители, зографи и иконописци и копаничари кои низ целиот 19 ти век граделе, зографисувале и украсувале со резбани иконостаси голем број цркви на целиот Балкански полуостров. Манастирот Бигорски бил светилник и стожер на просветителската дејност и книжевен центар на препишувачката дејност. Во него се школувале голем број свештеници, калуѓери и учители кои ја ширеле просветната дејност по сите краишта на Македонија. Манастирската црква била изградена врз темелите на постара црква. Таа се споменува во зографскиот поменик ( 1527 – 1728 ). Врз основа на манастирскиот поменик препишан во 1883 година, манастирот бил изграден во 1021 година, кога била насликана старата чудотворна икона на Свети Јован Претеча. Но, ова предание кое се појавило по обновата на манастирот во 18 ти век. Меѓутоа, од манастирските објекти од тој период не е ништо сочувано. До обнова на манастирската црква дошло во втората половина на 18 ти век. За тоа потврдуваат делумно зачуваните фрески на јужниот ѕид од таа црква кои припаѓаат на втората половина на 18 ти век. Централно место во комлексот е манастирската црква изградена во 1800 година за време на игуменот Митрофан од Лазарополе, кој бил игумен на манастирот од 1796 до 1807 година. Веднаш по изградбата на црквата во 1800 година истата била живописана. По смртта на игуменот Митрофан, за игуме на манастирот доаѓа неговиот ученик Арсение. За време на неговото управување со манастирот тој ќе биде многу заслужен, особено за големите градителски зафати што биле превземени. Денешната црква посветена на Свети Јован Претеча има изглед на светогорските манастири со две куполи и осмоаголни тамбури. Градбата на црквата е изведена со правоаголни делкани камења и дејствува како мошне цврста градба. Кон западната страна имало изграден трем од дрвена конструкција на горниот кат со влез во црквата, додека долниот дел на тремот служел за ќелијно училиште. Пред тремот од црквата била изградена чешма во 1814 година и запишано од игумен Арсение – 1814 за горната - . Чешмата била обновена во 1877 година и на една камена плоча која и денес стои вградена пишува: Во времја смиренаго игумена Михаила от село Галичник. Братја христијани, пите слатка и студена вода да охладите жедна ваша душица и поминајте Неофита монах, бил родум от село Вехчано Охрицко и обновил его сем источник 1877 конец Богу слава.
Тремот на црквата бил во употреба во 1838 година па се до 1938 , кога е извршена нова преправка, по што го има денешниот изглед. Изградбата на манастирските конаци му припаѓа на архимандритот Арсение – игумен на манастирот Бигорски. На северната страна од црквата, манастирскиот конак е наречен Горни палат, и е изграден во 1814 година. Конакот служел за живеење на манастирските браќа и гости кои доаѓале во посета на манастирот. Во 1825 годона на западната страна од Горниот палат, биле изградени машката и женската трпезарија, селечката и дебарската одаја и најдолниот дел бил наменет за штала. На нададените чардаци помеѓу машката и женската трпезарија и денес се сочувани амбарите за жито. На челно место помеѓу зградата со трпезариите и Горниот палат, се наоѓа некогашната меѓерница, а под неа била фурната. Сето тоа и денес е сочувано. За сместување на момоците кои му служеле на манастирот била изградена посебна зграда западно од црквата, која денес е сочувана во горните делови и така е конзервирана. Во непосредна близина од западната страна е семејната куќа со приземје и кат.
По осликувањето на големата купола во црквата а за време на игуменисувањето на архимандритот Арсение од 1807 – 1839 година, дошло и до зографисување на машката трпезарија кога пристигнале Михаил зограф со синот Димитар од Самарина. Тие ја зографисале апсидата во трпезаријата во неколку зони. Иконостасот во манастирот Бигорски претставува монументално резбарско дело на мијачките кппаничари. Мијачките копаничари се здобија со славата на најдобри на целиот Балкански полуостров. На Бигорскиот иконостас со употребата на човечката фигура е изкажана и потврдена виртуозноста на мајсторите резбари од Река на чело со Петре Гарката од село Гари. Изработени се многу сцени, композиции и одделни фигури претставени во движење, а со искажан драматизам во некои сцени, како на пример со отсекувањето на главата на Свети Јован Претеча и други. Во некои сцени мијачките копаничари ќе се доближат до реалниот живот на човекот: гроздоберач, режач на винова лоза и друго. На иконостасот среќаваме многу животински фигури, птици и сето тоа проткаено со реалистичен приказ за винова лоза, цветови од нарциси, питоми рози, јужни плодови, а омилена мотив на мијачките копаничари ќе им биде – распукани калинки.


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 14:48

Божикно бдение во Бигорскиот манастир (07.01.2010)

Денес, кога се роди Христос, небото и земјата се соединија), денес Бог дојде на земјата, а човекот се искачи на небото; денес, невидливиот по природа, заради човекот станува видлив по тело. Затоа и ние, славејќи да Му запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, што го дарува Твоето пришествие, Спасителу наш, слава Ти.“

Во празничната зимска ноќ се излеваа радосно овие прекрасни стихови, додека бигорската света обител со големо торжество го славеше празникот на девственото рождество, давајќи им на големото мноштво верници кои од сите страни пристигнаа во манастирот, можност да прозрат во тајната на божественото воплотување, да го издигнат својот ум и да го просветлат со пресветлиот небесен сјај за да познаат како денес земјата станува едно со небото. А каква тајна е тоа! Ангел-Пратеник на предвечниот совет на Света Троица доаѓа на земјата. Но не некој обичен пратеник, туку самиот единороден Син Божји. Во овој свет продаден на гревот, се раѓа Безгрешниот, кон човекот што згреши, слегува неговиот Творец, повикувајќи го во Својата прегратка. Гледај какво чудо! Не ние што Го жалостиме Бога со своите безаконија Му пристапуваме, туку Тој, Смирениот, доаѓа кај нас. Доаѓа на сите да им даде прошка, вселувајќи го во нас мирот Божји и онаа иста радост што некогаш ја чувствувале мудреците, додека трепетно и со почит се поклонувале пред Богомладенецот.

А тој празничен восхит што блескаше на лицата на присутните, во себе криеше и нешто друго. Тука се преплетуваа и чувствата на голема благодарност кон нашиот Владика, премилостивиот Господ, бидејќи и после големото искушение, во кое монашкиот конак беше проголтан од оган, Бигорското светилиште не престана да биде нивен вистински топол дом и духовно засолниште од соблазните на овој свет, место каде ја почувствувале својата најголема радост, каде со нескриен занес многу пати упатувале искрени молитви и го славеле Бога на торжествените богослужби,  придружувајќи ги своите молитвени воздишки кон умилното пеење на бигорските браќа. Зашто токму таа срдечна љубов на браќата и ги привлекла овде, а благиот збор на игуменот продрел до нивните затворени срца и ги разбудил од сонот на гревот. И сега се радуваа гледајќи дека живиот дух на манастирот е сè уште тука, дека она што го прави ова светилиште толку посебно, не може да исчезне заедно со изгорениот конак, бидејќи манастирот не е само материјална градба. Зашто, најпосле, што вредат раскошните конаци и велелепни цркви, ако духовно не зборуваат, тие се мртви. А без своите монаси, секој манастир е само збир од празни згради, и служи како една обична туристичка атракција. Сите тие што во манастирот ја пронашле својата закрила, одамна го сфатиле ова и затоа не престануваат да доаѓаат и сега, задничарејќи со Бигорските браќа, на голема радост на игуменот, архимандрит Партениј. Каква разлика од оној прв Божиќ, пред 15 год, кога празниот манастир без своите верници беше навистина тажна глетка. Сега преполнетото светилиште одекнуваше од едногласните молитви и славословија на бројните верници и духовни чеда.

И повторно Бигорскиот храм ја наметна својата достоинствена празнична облека, исткаена со најнежен сплет од разнобојни цвеќиња, среде кои блескаше богато украсената пештера и благодатната икона 'Достојно ест", што од неодамна го збогати благолепието во храмот, но, секако, најубав украс беа живите храмови Божји – присутните монаси и верници, со своите озарени погледи и копнежливи срца, широко отворени и подготвени за како Витлеемската пештера да го примат Оној што доаѓа од висините, Предвечниот Бог. Тие побрзаа духовно да се очистат и заедно со мудреците и пастирите на Богомладенецот да Му принесат на дарови од своите духовни ризници. А човекољубивиот Спасител го награди нивниот духовен труд со силна благодат и небесна радост, правејќи ги причесници на радоста на небесните војски и духовите на праведниците, и удостојувајќи ги со Своите свети Тајни.

Христос се роди!





-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 14:52

         

 

     

 

                           

 

                

 

     

 

                                

 

      

<

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 20:16

 Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

„Св. Јован Бигорски“ -

Со несмалено темпо се изведуваат активностите за возобновување на изгорените конаци, монашките ќелии, машката трпезарија и другите простори на Горни палат на Бигорскиот манастир. Сите активности се извршуваат во координација на Националниот конзерваторски центар. По катастрофалниот пожар што се случи утрото на 30 септември, беше формирано Координативно тело за возобновување на Бигорскиот манастир. За квалитетно да се изврши возобновувањето, да се поврати автентичниот лик на изгорените конаци, беше одлучено за секоја активност која треба да се преземе да се консултираат и да се вклучат врвни експерти од областа на градежништвото и архитектурата.




-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 20:21

 Bigorski.Rekonstrukcija.jpg   

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Dositej.Pokrov1.jpgDositej.Pokrov1.jpg  

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg
 'Ова е повик од Господ да ја обновиме светињата во голем сјај. Ова Тој го бара од сите нас, овие млади генерации, да го обновиме Бигорски, да го вратиме и да му го подариме на Господ и да се молиме Господ да го прими сето тоа од нашите раце. Ова што се случи за нас е една голема трагедија, тагата е неопислива, но за христијаните нема очајание. Не смееме да очајуваме и ако плачеме, плачеме за нашите народни гревови и за возобновување, а никако во очај, бидејќи низ историјата сме имале огромни искушенија, но нашите татковци ни во најтешките периоди никогаш не очајувале. Тие имале силна вера во Крстот Господов и во Воскресението и од пеплиштата повторно се подигале и верно Му служеле на Бога. Нашите татковци направиле многу, ќе продолжиме и ние. Ќе продолжиме со добри македонски верници, кои се живата Црква, бидејќи Господ ја љуби живата Црква. На Господ, пред се,  најмили му се чистите срца, молитвите и нашите покајнички солзи, а другото ќе ни го врати во голем сјај.

 Ве замолувам да не очајуваме туку да плачеме за нашите гревови, бидејќи, навистина, ова е можеби една опомена од Господ дека сме паднале, зашто Бигорски низ историјата бил сведоштво за нашите падови, но и за нашите воскресенија. Се надевам дека од сега па натаму ќе има воскресение. Дека ќе се покаеме,... сите ќе се обединиме. Ќе ја обновиме светињата и целата наша татковина. Господ ни дава таква можност, за благослов на сите нас, да се вградиме во една голема историска светиња и така повторно да ја докажеме нашата силна вера во Бога. 

Bigorski.Rekonstrukcija.jpg    Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija.jpg   Bigorski.Rekonstrukcija.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

 Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg


денарска жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител

500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола

 девизна жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22

Телефони за донација:
070 / 075 / 077  143 444




-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 16:46

Jovan Bigorski manastir
http://www.360macedonia.com/%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80/%D0%A1%D0%B2-%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%91%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D1%80/"> http://www.360macedonia.com/%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80/# - http://www.360macedonia.com/%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80/%D0%A1%D0%B2-%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%91%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B5/"> http://www.360macedonia.com/%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80/# -

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 16:54
http://en.wikipedia.org/wiki/File:Monastery_Sveti_Jovan_Bigorski,_Macedonia_%289%29.JPG">
Sv.Jovan Bigorski manastir


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 16:57
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/7/7c/SvetiJovanBigorskiNadvoresna.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/51/Monastery_Sveti_Jovan_Bigorski_Church.JPGSv.Jovan Bigorski manastir

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Јануари.2010 во 17:00
http://s1.pticica.com/pticica/foto/0000788746_l_0_x84w2s.jpg


-------------


Постирано од: aladin
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 21:54

Денес, 21 јануари, вторник, во согласност со договорот за посета на Манастирот после Божикните и Богојавленските празници, Бигорскиот манастир свети Јован Крстител го посети министеркта за култура во Владата на РМ г-ѓа Елизабета Канческа Милеска, придружувана Директорот на Управата за заштита на културно наследство г-дин Паско Кузман и директорот на Националниот конзерваторски центар г-дин Бехиџудин Шехапи. Гостите ги пречека игуменот на Манастирот, архимандрит Партениј. Тој најнапред им покажа како е превентивно заштитен опжарениот дел, со што сите се согласија дека се исцрпени сите фази кои беа препорачани во превенитвниот дел на Комисијата која изврши стручен увид и извештај. Потоа гостите го разгледаа Источниот Палат кој е веќе пред завршните фази.

На состанокот кој следеше во Игуменските простории, со дозвола на Директорот Шехапи, диа Ѓурѓица Лековска, која работи на заштита на сакрално наследство и учествувала во сите фази на Проектот на Долни Палат и Источен Палат, накратко елаборираше за динамиката при изработката на проект на конзервација и реконструкција на Горни Палат.

Сите се согласија дека досегашните активности се домаќински изработени и дека е неопходно да се почитува динамичкиот план, со кој се предвидува Идеен проект со проектна програма за 6 недели, а набрзо потоа би следел Основен проект за архитектурата на трпезариите како прва и најитна фаза Основен проект за статика. После стручната контрола би следела втората фаза за Основен проект за архитектура кај монашките келии ( источниот дел од Горни Палат) за на крај да биде готов Основниот проект за статика за тој дел.

После стручната контрола, ќе може да се работи низ целиот објект (станува збор за крај на април), а во меѓувреме би се изработувале фазите (електрика, водовод, греење, ППЗ, аларми и ревизии).

Беше спомнато и тоа дека досега се работело крајно домаќински со заштеда на буџетски средства и тој тренд ќе продолжи со минимални трошоци при изработката на Проектот.

Интересно е да се каже дека во првичната санација на Трпезаријата ( односно Подрумот) учествува фирмата Спиде Платинум која единствено во Македонија, па и пошироко, располага со технологијата и опремата на Аква дајн, од Тексас, САД, која работи со притисок од 1600 бари, и со млаз како игла, без потреси и вибрации би ги извадила прегорените фуги и оштетениот камен.

 

     



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 00:54

 Хуманитарната организација Самарјанин ги додели наградите за хуманости 
Петок, 12 Февруари 2010 17:49 

OLIVERA%20samarjanin%204


Највисоки признанија се доделени на неговото високо преподобие архимандрид Партениј игумен на манастирот Свети Јован Бигиорски за неговиот ангажман и Анита Ангелевска директор на средното учулиште Таќи Даскало.

 OLIVERA%20samarjanin%203 OLIVERA%20samarjanin%202

Меѓу другите наградени се штитениците на интернатот на хуманитарната организација Самарјанин Ламбе Алабаковски, Кире Крстевски, односно хотелот Молика, Елена Грозданова од МТСП и министерот Џељаљ Бајрами, Таќи даскало со учениците, Диме Ивановски од фризерското студио Кармен, Елпида Димитровска- Крстевска од битолски Транскоп, невропсихијатарот Стефче Бојаџиев и Павлина Пановска од ЈП Стрежево.
 



-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 00:58

дел од изјавата на архимандрит Партениј, игумен на светиот Бигорски манастир - добитник на признание за хуманост (милосрдие).

http://www.youtube.com/watch?v=izY3f95A-3k - http://www.youtube.com/watch?v=izY3f95A-3k


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: LoveHim
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 17:09
Јас не сум воопшто против возобнувањето на манастирот, и против донациите за манастирот, но аке веќе сите свештеници сакаат да се возобнови манастирот побрзо, нека продадат некое BMW,Mercedes ili Audi, секако имаат по две возила на човек, нека бидат малку скромни, како што се имаат заколнато пред да станат свети лица.


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 20:39
Originally posted by LoveHim LoveHim напиша:

Јас не сум воопшто против возобнувањето на манастирот, и против донациите за манастирот, но аке веќе сите свештеници сакаат да се возобнови манастирот побрзо, нека продадат некое BMW,Mercedes ili Audi, секако имаат по две возила на човек, нека бидат малку скромни, како што се имаат заколнато пред да станат свети лица.
 
Манастирот се гради со помиш на вистинските верници а не со BMW,Mercedes ili Audi... ако некој се плаши и лично е загрозен од силата на манастирот или дека “конечно православието се буди и се слуша гласот на Живата Црква“ тогаш тоа е негов личен проблем...


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk