![]() |
|
Селмани го соблече костумот на македонски Обама |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Автор | ||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 29.Октомври.2009 во 10:32 |
|
Селмани го соблече костумот на македонски Обама
Нова демократија се трансформира во тврд застапник на националните прашања Пратеникот на Нова демократија, Сулејман Рушити, успеа да ја насмее публиката кога предложи песната „Се' е исто само него го нема“ да биде нова химна на Македонија - соодветно на подновениот грб без петокрака. Но, ретко кој се изненади од барањето на НД од досегашниот македонски грб да се избришат и народните мотиви и тие да се заменат со „мултиетнички“. За јавноста стана вообичаено НД да додава етничка мирудија и во најбаналните теми што се тркалаат низ политичката сцена. Но, да се случеше ова пред седум месеци многумина ќе остане со подотворена уста, бидејќи тоа беше период во кој лидерот на НД, Имер Селмани, како претседателски кандидат, собираше поени кај македонскиот дел од електоратот, претставувајќи се како домашен Обама и водејќи двојазична кампања базирана на граѓански концепт. Така, Селмани успеа да добие околу 150 илјади гласови, од кои респектабилен процент беа од избирачки места во кои не е застапена албанската заедница, а новоформираната партија што произлезе од ДПА оствари солиден резултат на локалните избори. Но, околностите се сменија, па и Селмани и неговата партија ја променија тактиката, прекршувајќи го тивкиот мораториум за националните теми, наспроти конструктивноста на ДУИ во рамките на владејачката коалиција и молкот на ДПА, која реши да го бојкотира парламентот. НД сега бара мултиетнички симболи, двајца Албанци во Советот за безбедност, обновување на џамијата во Прилеп во пакет со реконструкцијата на Бигорскиот манастир, посебен закон за борците на ОНА... „Селмани не ја искористи шансата да остане прв политичар од албанскиот блок, кој ќе се води од граѓански, а не од етнички диск*рс. По првичниот бум што го предизвика и меѓу македонските гласачи, што претставуваше голем чекор напред, сега неговата политика се сведе на тврдо застапништво на националната кауза“, оценува политикологот Трајче Панов, додавајќи дека не памети кога последен пат НД излегла со некоја граѓанска или економска идеја. Иако многу се зборуваше за тоа дека НД ќе стане дел од власта, партијата остана во опозициските клупи, а последните анкети покажуваат дека нејзиниот рејтинг се приближува до рејтингот на ДПА, која во периодот по расцепот забележително заостануваше зад партијата што се оддели од неа. Доколку во март годинава ДУИ имаше 8,7 проценти рејтинг, НД - 6,4, а ДПА - два, октомвриската анкета на ИРИ покажа десет проценти доверба за ДУИ и по три проценти за ДП и за НД. Само прашање е дали промената во кампањата го испровоцира падот на рејтингот или, пак, губењето на довербата резултираше со нова тактика? Потпретседателката на ДПА, Мируше Хоџа, која ја трчаше претседателската трка контра Селмани, оценува дека НД ја менува тактиката, бидејќи почнала да ја губи поддршката кај албанското гласачко тело. „Таа промена во настапите, секако, ќе предизвика последици за довербата што набрзина ја здоби Селмани кај македонските гласачи. Тој веројатно ќе се обиде и така и така, а на крај ќе видиме какви резултати ќе постигне со таа неконзистентна политика“, вели Хоџа. Политикологот Панов посочува дека допрва ќе се види дали НД ќе се стабилизира и ќе го заземе местото на ДПА, или, пак, ДПА ќе успее да се консолидира. Сепак, наведува тој, на последните локални избори ДПА постигна подобар резултат од НД, чиј рејтинг, пак, е базиран на популарноста на Селмани. „Генерално, партиите од албанскиот блок и натаму подлежат на флуктуации. ДУИ на подолг рок е стабилна, но бранувања има во ДПА. И НД и можната нова партија на Руфи Османи се од дел од истакнатите структури од ДПА. Ова во голема мера се должи и на промената на лидерската позиција во ДПА“, оценува Панов. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=172BF2D9F21603449D6D664C340184FC Искрено кога Селмани реши да формира партија и јас се понадевав дека идејата му е да формира граѓанска а не етничка партија...За жал во тој поглед работите си останаа како и што од секогаш биле , а партијата на Селмани се претвори во една класична партија од Албанскиот блок, која политичките поени ги собира исклучиво на етничка основа... Се прашувам само дали и Албанскиот електорат останал истиот за овие 18 години и дали освен хранење со национализам не осеќат потреба за економско подобрување, подобрување на квалитетот на образование и секако дали не осеќат потреба од една партија која ќе застапува и нуди решенија за најобичните потреби на македонскиот граѓанин... На крај останува само да ја повторам поговорката која и текако важи во случајот на Селмани, „ВОЛОКТ ГО МЕНУВА ВЛАКНОТО НО НЕ И ТАБИЕТОТ„....за жал... Изменето од kultuzin - 29.Октомври.2009 во 10:35 |
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Имам многу познаници албанци....до сега не сум слушнал ниту еден од нив да каже дека дал подршка на Селмани и неговата партија...дури напротив, сите ми викале дека ние Македонците сме наивни што сме зборувале убави работи за него ама дека они добро си го познаваат.... Впрочем...добар дел од гласовите во претседателската трка, се претпоставува дека му се од Македонците...што сигурен сум дека нема да биде случај во иднина...
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
токму така нинџа ........ волкот најпосле си ги покажа забите ...... или , и тој јадниот како и сите останати свати дека само играњето на кртатата на национал - шовинизам е адутот за сигурна победа ...... ЈБГ ...... криза је у моди ........ докажано дека во криза само тие печалат додека народот секогаш бива и посиромав и побудала ......
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И мислам дека овој политичар си ја запечати својата кариера со тоа што подлегна на играта на Големиот мајстор на играта, Груевски.....
Го искористија колку-толку да го расцепкаат гласачкото тело на албанците во очи на изборите, а кутриот Селмани, занесен дека ќе влезе во власта како партнер на Груевски, се затрча, се искара со другите партии....и остана на улица, недефиниран, ни во власт ни во опозиција....дури и дел од партиските ограноци му се одвои и се врати во ДПА...лузер...
![]() |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не добар туку поголем број од гласовите беа од Македонци... Од друга страна во погорниот текст пишува дека тој решил да заигра на етничка карта кога констатирал дека рејтингот кај албанските гласачи нагло му опаѓа... Затоа и се прашувам дали навистина на обичниот Албанец, најважен му е национализмот (дали во советот на претседателот ќе има еден или два советници Албанци или дали на грбот ќе има Албански ознаки и слично) или им е поважно детето да и го пратат во квалитетно школо со добри наставници и услови, да одат на работа и како секој нормален свет зимаат плата , нормално се облекуват, хранат и одат на одмор? Но како времето поминува мислам дека Албанците најлесно и најбрзо паѓаат на финти кои биле популарни во 19 век... |
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Зошто само Албанците......
![]() Ние Македонците да не паѓаме на финтата на економскиот развој....
![]() |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
аман што .....колку само попаѓаа на економските и индустриските зони
![]() |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ние бевме тие што му дадовме на Селмани огромен број на гласови , мислам дека спротивен случај не е забележан додега во историјата на нашата држава...Исто така гледајќи ја моменталната состојба јасно е дека економијата има се поголемо влијание на конечниот изгед на политичката сцена (но да не забегуваме од темата), важно е тоа дека Македонците покажаа доблест (иако можеби наивно) но сепак му дадоа гласови на Селмани , за на крај да бидат тотално изневерени...Но јас тука не го гледам проблемот во Македонците , напротив проблемот е во човекот кој не успеа да се дефинира до крај, и како што велиш ти лутајќи од една кон друга страна најверојатно ќе се изгуби...
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Извини...ама мислам дека за болдираното не си во право....
Двајца Македонски претседатели дојдоа на функција благодарение на гласовите на Албанците....
![]() |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Немој да мешаш гласови од прв круг со оние од вториот...кога веќе нема албански кандидати, а давањето на гласови сигурно не е од љубов...
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Е тоа да....Претседател не се станува само со партиски гласови...секогаш за љубов се потребни двајца...или тројца....
![]() |
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Па еве кога беа 7 кандидати за претседател, еден од албанските кандидати доби преку 50 илјади македонски гласови , додека гласовите на Албанците кои легнале на контото на 4 кандидати од македонска националност веројатно не се забележуват ни под микроскоп, за тоа ти зборувам... |
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Совршено те разбрав...затоа и прегеска го кажав ова...
Впрочем...добар дел од гласовите во претседателската трка, се претпоставува дека му се од Македонците...што сигурен сум дека нема да биде случај во иднина...
Не верувам дека друг пат политичар од немакедонско потекло ќе добие толку гласови...
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
![]() |
||
Vlad Tepesh ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 07.Април.2008 Локација: Romania Статус: Офлајн Поени: 540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
~,,~Pa videte sega Selmani e igrach na Grujo a na koja karta tipuva? istata e predlozhena od Selektorot negov za sobiranje na chipovi od svoite~,,~Poradi faktot deka na selmani najdobro mu odi igrata crveno -crno(velika -mala) mora da igra vo toj krug bidejci mu proadja blefot
![]() e koga e vo vlasta kako menadzira ![]() Изменето од Анастеа - 02.Ноември.2009 во 14:17 |
||
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |