Испечати | Затвори го прозорот

Селмани го соблече костумот на македонски Обама

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20573
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 02:56
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Селмани го соблече костумот на македонски Обама
Постирано од: kultuzin
Наслов: Селмани го соблече костумот на македонски Обама
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 10:32
Селмани го соблече костумот на македонски Обама

Нова демократија се трансформира во тврд застапник
на националните прашања

Пратеникот на Нова демократија, Сулејман Рушити, успеа да ја насмее публиката кога предложи песната „Се' е исто само него го нема“ да биде нова химна на Македонија - соодветно на подновениот грб без петокрака. Но, ретко кој се изненади од барањето на НД од досегашниот македонски грб да се избришат и народните мотиви и тие да се заменат со „мултиетнички“.

За јавноста стана вообичаено НД да додава етничка мирудија и во најбаналните теми што се тркалаат низ политичката сцена. Но, да се случеше ова пред седум месеци многумина ќе остане со подотворена уста, бидејќи тоа беше период во кој лидерот на НД, Имер Селмани, како претседателски кандидат, собираше поени кај македонскиот дел од електоратот, претставувајќи се како домашен Обама и водејќи двојазична кампања базирана на граѓански концепт. Така, Селмани успеа да добие околу 150 илјади гласови, од кои респектабилен процент беа од избирачки места во кои не е застапена албанската заедница, а новоформираната партија што произлезе од ДПА оствари солиден резултат на локалните избори.

Но, околностите се сменија, па и Селмани и неговата партија ја променија тактиката, прекршувајќи го тивкиот мораториум за националните теми, наспроти конструктивноста на ДУИ во рамките на владејачката коалиција и молкот на ДПА, која реши да го бојкотира парламентот. НД сега бара мултиетнички симболи, двајца Албанци во Советот за безбедност, обновување на џамијата во Прилеп во пакет со реконструкцијата на Бигорскиот манастир, посебен закон за борците на ОНА...

„Селмани не ја искористи шансата да остане прв политичар од албанскиот блок, кој ќе се води од граѓански, а не од етнички диск*рс. По првичниот бум што го предизвика и меѓу македонските гласачи, што претставуваше голем чекор напред, сега неговата политика се сведе на тврдо застапништво на националната кауза“, оценува политикологот Трајче Панов, додавајќи дека не памети кога последен пат НД излегла со некоја граѓанска или економска идеја.

Иако многу се зборуваше за тоа дека НД ќе стане дел од власта, партијата остана во опозициските клупи, а последните анкети покажуваат дека нејзиниот рејтинг се приближува до рејтингот на ДПА, која во периодот по расцепот забележително заостануваше зад партијата што се оддели од неа.

Доколку во март годинава ДУИ имаше 8,7 проценти рејтинг, НД - 6,4, а ДПА - два, октомвриската анкета на ИРИ покажа десет проценти доверба за ДУИ и по три проценти за ДП и за НД. Само прашање е дали промената во кампањата го испровоцира падот на рејтингот или, пак, губењето на довербата резултираше со нова тактика?

Потпретседателката на ДПА, Мируше Хоџа, која ја трчаше претседателската трка контра Селмани, оценува дека НД ја менува тактиката, бидејќи почнала да ја губи поддршката кај албанското гласачко тело.

„Таа промена во настапите, секако, ќе предизвика последици за довербата што набрзина ја здоби Селмани кај македонските гласачи. Тој веројатно ќе се обиде и така и така, а на крај ќе видиме какви резултати ќе постигне со таа неконзистентна политика“, вели Хоџа.

Политикологот Панов посочува дека допрва ќе се види дали НД ќе се стабилизира и ќе го заземе местото на ДПА, или, пак, ДПА ќе успее да се консолидира. Сепак, наведува тој, на последните локални избори ДПА постигна подобар резултат од НД, чиј рејтинг, пак, е базиран на популарноста на Селмани.

„Генерално, партиите од албанскиот блок и натаму подлежат на флуктуации. ДУИ на подолг рок е стабилна, но бранувања има во ДПА. И НД и можната нова партија на Руфи Османи се од дел од истакнатите структури од ДПА. Ова во голема мера се должи и на промената на лидерската позиција во ДПА“, оценува Панов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=172BF2D9F21603449D6D664C340184FC

Искрено кога Селмани реши да формира партија и јас се понадевав дека идејата му е да формира граѓанска а не етничка партија...За жал во тој поглед работите си останаа како и што од секогаш биле , а партијата на Селмани се претвори во една класична партија од Албанскиот блок, која политичките поени ги собира исклучиво на етничка основа...
Се прашувам само дали и Албанскиот електорат останал истиот за овие 18 години и дали освен хранење со национализам не осеќат потреба за економско подобрување, подобрување на квалитетот на образование и секако дали не осеќат потреба од една партија која ќе застапува и нуди решенија за најобичните потреби на македонскиот граѓанин...
На крај останува само да ја повторам поговорката која и текако важи во случајот на Селмани, „ВОЛОКТ ГО МЕНУВА ВЛАКНОТО НО НЕ И ТАБИЕТОТ„....за жал...

Коментари:
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 10:48

Имам многу познаници албанци....до сега не сум слушнал ниту еден од нив да каже дека дал подршка на Селмани и неговата партија...дури напротив, сите ми викале дека ние Македонците сме наивни што сме зборувале убави работи за него ама дека они добро си го познаваат....

Впрочем...добар дел од гласовите во претседателската трка, се претпоставува дека му се од Македонците...што сигурен сум дека нема да биде случај во иднина...

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 10:52
токму така нинџа ........ волкот најпосле си ги покажа забите ...... или , и тој јадниот како и сите останати свати дека само играњето на кртатата на национал - шовинизам е адутот за сигурна победа ...... ЈБГ ...... криза је у моди ........ докажано дека во криза само тие печалат додека народот секогаш бива и посиромав и побудала ......

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 10:59
И мислам дека овој политичар си ја запечати својата кариера со тоа што подлегна на играта на Големиот мајстор на играта, Груевски.....
 
Го искористија колку-толку да го расцепкаат  гласачкото тело на албанците во очи на изборите, а кутриот Селмани, занесен дека ќе влезе во власта како партнер на Груевски, се затрча, се искара со другите партии....и остана на улица, недефиниран, ни во власт ни во опозиција....дури и дел од партиските ограноци му се одвои и се врати во ДПА...лузер...губитник

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:01
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Имам многу познаници албанци....до сега не сум слушнал ниту еден од нив да каже дека дал подршка на Селмани и неговата партија...дури напротив, сите ми викале дека ние Македонците сме наивни што сме зборувале убави работи за него ама дека они добро си го познаваат....

Впрочем...добар дел од гласовите во претседателската трка, се претпоставува дека му се од Македонците...што сигурен сум дека нема да биде случај во иднина...

Не добар туку поголем број од гласовите беа од Македонци...
Од друга страна во погорниот текст пишува дека тој решил да заигра на етничка карта кога констатирал дека рејтингот кај албанските гласачи нагло му опаѓа...
Затоа и се прашувам дали навистина на обичниот Албанец, најважен му е национализмот (дали во советот на претседателот ќе има еден или два советници Албанци или дали на грбот ќе има Албански ознаки и слично) или им е поважно детето да и го пратат во квалитетно школо со добри наставници и услови, да одат на работа и како секој нормален свет зимаат плата , нормално се облекуват, хранат и одат на одмор?
Но како времето поминува мислам дека Албанците најлесно и најбрзо паѓаат на финти кои биле популарни во 19 век...

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:05
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Зошто само Албанците......збунетост
Ние Македонците да не паѓаме на финтата на економскиот развој....збунетост
 
-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:10
аман што .....колку само попаѓаа на економските и индустриските зони хипнотизиран

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:19
Ние бевме тие што му дадовме на Селмани огромен број на гласови , мислам дека спротивен случај не е забележан додега во историјата на нашата држава...Исто така гледајќи ја моменталната состојба јасно е дека економијата има се поголемо влијание на конечниот изгед на политичката сцена (но да не забегуваме од темата), важно е тоа дека Македонците покажаа доблест (иако можеби наивно) но сепак му дадоа гласови на Селмани , за на крај да бидат тотално изневерени...Но јас тука не го гледам проблемот во Македонците , напротив проблемот е во човекот кој не успеа да се дефинира до крај, и како што велиш ти лутајќи од една кон друга страна најверојатно ќе се изгуби...

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:21

Извини...ама мислам дека за болдираното не си во право....
Двајца Македонски претседатели дојдоа на функција благодарение на гласовите на Албанците....губитник
 
-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:25
Немој да мешаш гласови од прв круг со оние од вториот...кога веќе нема албански кандидати, а давањето на гласови сигурно не е од љубов...

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:28
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Немој да мешаш гласови од прв круг со оние од вториот...кога веќе нема албански кандидати, а давањето на гласови сигурно не е од љубов...
 
Е тоа да....Претседател не се станува само со партиски гласови...секогаш за љубов се потребни двајца...или тројца....намигнување

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:34
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Немој да мешаш гласови од прв круг со оние од вториот...кога веќе нема албански кандидати, а давањето на гласови сигурно не е од љубов...

Е тоа да....Претседател не се станува само со партиски гласови...секогаш за љубов се потребни двајца...или тројца....намигнување

Па еве кога беа 7 кандидати за претседател, еден од албанските кандидати доби преку 50 илјади македонски гласови , додека гласовите на Албанците кои легнале на контото на 4 кандидати од македонска националност веројатно не се забележуват ни под микроскоп, за тоа ти зборувам...

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:39
Совршено те разбрав...затоа и прегеска го кажав ова...
 
Впрочем...добар дел од гласовите во претседателската трка, се претпоставува дека му се од Македонците...што сигурен сум дека нема да биде случај во иднина...
 
Не верувам дека друг пат политичар од немакедонско потекло ќе добие толку гласови...

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: Vlad Tepesh
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:42
~,,~Pa videte sega Selmani e igrach na Grujo a na koja karta tipuva? istata e predlozhena od Selektorot negov za sobiranje na chipovi od svoite~,,~Poradi faktot deka na selmani najdobro mu odi igrata crveno -crno(velika -mala) mora da igra vo toj krug bidejci mu proadja blefotсреќа~,,~I ne se sekirajte za Selmani toj e idniot koaliciski partner vo vladata-Mnogu podobro e VMRO da e vo koalicija so Demokraci ere otkolku so DUI. Zatoa gledam bez rezervno na Nego~,,~Koga beshe del od vladata beshe trudoljubiv i korekten i bash togash beshe kosmopolit~,,~Sega koga ne e del od vlasta mozhe da bide i volk i orel i zmej bitno
e koga e vo vlasta kako menadzira намигнување~,,~

-------------
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg

Постирано од: Vlad Tepesh
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:48
~,,~Dobar e Selmani i podobro toj da stana pretsedatel od Djoko barem ce ja licheshe zemjava i so kultura i su spika a i ima  tim od normalni ludje~,,~

-------------
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:56
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Совршено те разбрав...затоа и прегеска го кажав ова...
 
Впрочем...добар дел од гласовите во претседателската трка, се претпоставува дека му се од Македонците...што сигурен сум дека нема да биде случај во иднина...

Не верувам дека друг пат политичар од немакедонско потекло ќе добие толку гласови...

Болдираното е и најтрагинчната вест од цела ситуација врзана со Селмани...Тој имаше историска шанса , но им заврте грб на граѓаните...сега јово наново, па дури и потешко ќе биде некој да внесе свежина во македонското сивило , што се однесува до поделеноста на партиите по етничка основа...На крај на краевите сега на ред се албанските гласачи и електорат кој во најголема мера го одредуват правецот во кој ќе дејствуват нивните партии...

Постирано од: depo
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 14:59

Добро е што е што не е добар политичар и не изигра паметно. Добро е не затоа што е Албанец или почнал да ги брани Албанските интереси, туку затоа што ја замајуваше јавноста дека не му е важно кој каков е и ќе работи за сите (како што Љупчо играше на картата на Македонски патриот а излезе нешто сосема друго). Да се надеваме дека е школо ова за луѓето кои изјавуваа дека ќе гласаат за него.

Постирано од: real
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 15:05
Originally posted by depo depo напиша:

Добро е што е што не е добар политичар и не изигра паметно. Добро е не затоа што е Албанец или почнал да ги брани Албанските интереси, туку затоа што ја замајуваше јавноста дека не му е важно кој каков е и ќе работи за сите (како што Љупчо играше на картата на Македонски патриот а излезе нешто сосема друго). Да се надеваме дека е школо ова за луѓето кои изјавуваа дека ќе гласаат за него.

Se sto se prai e politicki marketing uglavno nie kako narod sme na kolena i nie i vie ke staneme na noze eden den i ke ima edna nova vlast so nova politika koj ke misli za celokupniot narod.

Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 15:10

Navistina razocaruvacki potezi od Selmani. Znam kolku Makedonci javno kazaa oti ke glasat za nego na pretsedatelskite izbori. Mnogu glasovi dobi od Makedoncite.

Da se nadevame deka ke go smeni pravecot vo politikata i ke se vrati na ona sto bese.

Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 15:33
Originally posted by ninja 34 ninja 34 напиша:

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Ние бевме тие што му дадовме на Селмани огромен број на гласови , мислам дека спротивен случај не е забележан додега во историјата на нашата држава...
Извини...ама мислам дека за болдираното не си во право...
Двајца Македонски претседатели дојдоа на функција благодарение на гласовите на Албанците...

Да, точно е што го велите и двајцата. Но, разликата е во фактот што македонските гласачи го дадоа својот глас по сопстена воља, по сопствено убедување, неприморани од никого, ниту една политичка партија не се огласи и не им „препорача“ на своите членови и симпатизери, да го дадат својот глас за него.
За разлика од ова, кога беше изборот на двајцата македонци за претседател, тоа на албанските гласачи им беше наложено, бидејќи таков беше меѓупартискиот договор. Инаку, тие самите немаше воопшто да гласаат за ниту еден од нив.
Ете, во тоа е разликата меѓу етничките македонци и македонците со албанско етничко потекло!
Според мене, таа е огромна!

-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!

Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 15:43
Ок, да се вратам на Селмани....
Сигурен сум дека гласовите што ги доби од Македонците беа голема гршка.....и сигурен сум дека таква грешка нема да се повтори во догледно време, колку и да има квалитетен кандидат од друга националност....барем додека Македонците се мнозинство во Македонија....губитник

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 15:44
Во случајот на Селмани се покажа дека етничките Македонци и те како знаат да бидат и се демократи растоварени од национализам , за жал живееме во околина каде што цивилизираното однесување може да биде многу опасно...

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 15:49
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Ок, да се вратам на Селмани....
Сигурен сум дека гласовите што ги доби од Македонците беа голема гршка.....и сигурен сум дека таква грешка нема да се повтори во догледно време, колку и да има квалитетен кандидат од друга националност....барем додека Македонците се мнозинство во Македонија....губитник

Грешката не е кај етничкте Македонците грешката е кај Селмани , тој го погази тоа што го вети...А ние само покажавме дека во сред Балкан во центарот на нецивилизација , анархија, национал-шовинизам, недемократија , нацинална нетрпеливост и тн., има еден народ кој е далеку од балканските сваќања и барем 200 години пред оние што не опкружуват и се до нас...Но како што реков многу е опасно да се биде цивилизиран во џунгла...

Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 16:34
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Грешката не е кај етничкте Македонците грешката е кај Селмани , тој го погази тоа што го вети...А ние само покажавме дека во сред Балкан во центарот на нецивилизација , анархија, национал-шовинизам, недемократија , нацинална нетрпеливост и тн., има еден народ кој е далеку од балканските сваќања и барем 200 години пред оние што не опкружуват и се до нас...Но како што реков многу е опасно да се биде цивилизиран во џунгла...

Да култузин, токму за таа разлика пишував!големо%20гушкање

-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 23:18
каде се сега оние од неготино што го прашваја попот дали е грев да гласат за селмани е македонце од секогаш си му верувало на слепци

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 14:12
Селмани: Еднакви права на борците на ОНА со бранителите

Претседателот на Нова демократија Имер Селмани бара еднаков третман на борците на ОНА со бранителите. Вели дека тоа го предвидува Охридскиот рамковен договор.

„Мислам дека Охридскиот рамковен договор е мировен договор и ако имаме мировен договор немаме ниту победници ниту губитници, така што во таа насока, со еден начин треба да се третираат и двете страни“, изјави Имер Селмани.

„Ценам дека тоа прашање, ако државата планира да излезе со добар предлог сега за да ги задоволи и потребата, и барањето, и уставната определба и Охридскиот договор, и за припадниците на УЧК, треба да почека во делот на понатамошните процесиурања на сите постапки и забраните“, рече Селмани.

A1

Постирано од: depo
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 16:34

Со ова додворување на Албанските гласачи дефинитивно си ја запечатува кариерата како политичар во Македонија. Не верувам ниеден Македонец да гласа за него после сите тие изјави, иако се безвредни и немаат никакво влијание.

Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 17:39
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

Ок, да се вратам на Селмани....
Сигурен сум дека гласовите што ги доби од Македонците беа голема гршка.....и сигурен сум дека таква грешка нема да се повтори во догледно време, колку и да има квалитетен кандидат од друга националност....барем додека Македонците се мнозинство во Македонија....губитник

Грешката не е кај етничкте Македонците грешката е кај Селмани , тој го погази тоа што го вети...А ние само покажавме дека во сред Балкан во центарот на нецивилизација , анархија, национал-шовинизам, недемократија , нацинална нетрпеливост и тн., има еден народ кој е далеку од балканските сваќања и барем 200 години пред оние што не опкружуват и се до нас...Но како што реков многу е опасно да се биде цивилизиран во џунгла...
so ovoj komentar samo mu pravis kef na sebesi (demek vie ste najciviliziranite vo ballkan) ... i jas sum allbanec no nikogas ne sum go sakall selmani i sekogas sum rekoll deka toj e kvazipoliticar ...  

-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 19:17
Originally posted by Pacifist Pacifist напиша:

Не е работата дали го сакаш или не Селмани...Работата е дали некогаш си дал глас за некоја партија од македонскиот блок , затоа што ете ти се допаднала екномската програма...тоа е тоа што го зборував...
А на што се палат Албанците покажува и фактот дека опозициските албански партии се радикализират за да навлечат поголем број гласачи, тоа многу добро говори за структурата на гласачкото тело...Си се прашал ли зошто до сега ниту една албанска партија немала еконмска програма?

Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:15
za kultuzin :
zosto da gllasam za nekoja makedonska partija koga niedna od niv nikogas ne bill vo mojata opstina da odrzi nekoj miting ili slicno ? 
velis deka allbanskite partii se radikaliziraat koga se vo opozicijaza da privlecat sto pogolem broj na gllasaci - toa ne e vistina (DPA se uste ima najnizok rejting )
koga se raboti za selmani da go sledese patot po koj pocna dobro ke mu idese ... no jas znaev deka toj ne e sosopben da go pravi toa ... toj e politicki melez ... toj e rasipan proizvod na gruevski ...

-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:23
Груевски пред некој месец кога беше во Крушево посети и едно село (за жал не се сеќавам на името) каде жителите се претежно Албанци, дури се обиде и неколку зборови на Албански да каже...Тој чин јас го видев како многу позитивен...Инаку нешто слично направи Селмани кога имаше изборни митинзи во источна Македонија, тогаш граѓаните го прифатија најнормално и доби огромна подршка...
За жал место да биде носител на една нова свежа политика на која ќе гледаме исклучиво од аспект на економски и политички просперитет , тој нагло ја смени политиката за во кратко време целосно да се вклопи во политичкото клише кое со години владее во Македонија...

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:48
Селмани излезе Итар Пејо - изнајде начин како да ги собере гласовите на Македонците, сега камелеонски заигра на познатата карта, национализмот, кој помага за одржување на политичката сцена и привлекување нови симпатизери меѓу етничките Албанци, нешто што секогаш пали...

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:50
селамни изигра онака како му кажа грујче ...... а грујче изигра така од причина што сакаше да биде посигурен во дебаклот на сдсм ....... знае ТОЈ како да се испазари на грбот на граѓаните и Македонците намигнување

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 20:51
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Селмани излезе Итар Пејо - изнајде начин како да ги собере гласовите на Македонците, сега камелеонски заигра на познатата карта, национализмот, кој помага за одржување на политичката сцена и привлекување нови симпатизери меѓу етничките Албанци, нешто што секогаш пали...

Да само во случајот на Селмани тој никогаш повеќе нема да ги има оние 100илјади гласа што ги имаше...
Моја претпоставка е дека да продолжеше посветено да работи на некој прашања кои немат етнички презнак оваа бројка само ќе се зголемуваше, бидејќи навистина како министер посветено и сосема коректно си ја извршуваше функцијата...

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 21:18
Се согласувам Култузин, освен во едно: Селмани на следните избори може да има и повеќе од 100-те илјади гласови од претходните.
Гласовите што ќе ги изгуби кај Македонците ќе ги компензира кај Албанците играјќи на националистичката карта, а можеби и многу повеќе...

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 21:22
Не би се согласила само дека Груевски го натера Селмани. Сите досегашни коалиции се градеа на картата - Додека сум јас на власт... Сто пати сум рекла дека имаме најпаметни политичари ама само додека с ево опозиција. И најголеми патриоти, ама пак додека се во опозиција.тага

-------------

Постирано од: kapo
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 21:24
mislam deka posle izborite i otkako vide deka polumaturantite od DUI imaat pogolem rejting od nego ,sfati deka ne moze Albanec kaj nas da bide sfaten seriozno od site(megu koi i makedoncite).

Zatoa sega igra na taa karta ,nacionalizam, za da moze da gi sobere albanskite glasovi na slednite parlamentarni .Posle se zbori deka so Crvenkovski ke pravi koalicija za da gi simnat Gruevski i Ameti

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 21:31
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Се согласувам Култузин, освен во едно: Селмани на следните избори може да има и повеќе од 100-те илјади гласови од претходните.Гласовите што ќе ги изгуби кај Македонците ќе ги компензира кај Албанците играјќи на националистичката карта, а можеби и многу повеќе...

За ова може да нагодуваме мој тип е дека Селмани нема да ја достигне бројката што ја имаше на последните избори, од проста причина што македонските гласачи може од старт да ги чкртне а поради превртливата политика нешто особено не му се наклонети ниту гласачите со албанско етничко потекло...Ако веќе гласат за националистичка политика тогаш многу е веројатно да и се вратат на ДПА , впрочем и последното враќање на неколку парламентарци јасно покажува во кој правец се движат работите...

Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 21:35
а да не мисли некој дека ќе гласаат за некоја политика која не кореспондира со нивните заложби од призренската лига збунетост .......ваков циркуз одамна не сум читал на овој форум газење%20од%20смеење .......

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН

Постирано од: Pacifist
Датум на внесување: 03.Ноември.2009 во 11:28
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Груевски пред некој месец кога беше во Крушево посети и едно село (за жал не се сеќавам на името) каде жителите се претежно Албанци, дури се обиде и неколку зборови на Албански да каже...Тој чин јас го видев како многу позитивен...Инаку нешто слично направи Селмани кога имаше изборни митинзи во источна Македонија, тогаш граѓаните го прифатија најнормално и доби огромна подршка...
За жал место да биде носител на една нова свежа политика на која ќе гледаме исклучиво од аспект на економски и политички просперитет , тој нагло ја смени политиката за во кратко време целосно да се вклопи во политичкото клише кое со години владее во Македонија...
koga se raboti za selmani jas i ti imame isti stavovi ... toj trebase da prodolzii taka kako sto pocna ... no toj ne go napravi toa ... toj nema ni kultura ni znaenje da go napravi toa sto go pocna ... pak ke povtoram - toj e politicki melez ...

-------------
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk