IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 06:08

Информации за оризот

 
Оризот е стар околу 5,000 години, а за негова колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар е донесен во IV век п.н.е.

Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот.

Оризот е производ кој во текот на историјата има нахрането многу луѓе, повеќе од било која земјоделска култура.

Денес оризот успешно се одгледува во целиот свет, а највеќе во топлите предели на Азика, Африка и во Средна и Јужна Америка.  

Енергетска и нутрициона вредност на оризот

Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6% вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз.

Лековити својства

Оризот се вбројува во диеталните производи. Хранлив е и лесно се вари. Оризовиот скроб во устата помешан со плунката се претвора во шеќер, а во желудникот останува само два часа. За тоа време скоро целиот се разградува. Го регулира крвниот притисок, ја зголемува еластичноста на крвните садови, ја намалува нервозата, штити од артериосклероза, инфаркт, компликации за време на бременоста, а идеален е во исхраната на бубрежно болните личности. Се користи и како храна за бебињата.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 06:29

Целерот секогаш е здрав

Сеедно како го подготвувате - како составен дел од зеленчукот за супа или исечен и пржен заедно со шницли или можеби рендан како салата - целерот секогаш е здрав. Покрај етерските масла што неговиот вкус го прават толку неодолив, содржи и многу железо (за анемичните) и витамин Е (за подмладување).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 06:32
Сокот од каки го јакне имунитетот

Каки, национално јапонско овошје, е мошне слатко и дава енергија. Под портокаловата лушпа се наоѓа огромно количество бета-каротин. Откако ќе созрее, какито е релативно меко и без дамки. Се јаде слично како и кивито, т.е. се сече на половина, се посипува со малку сок од лимон и се лупи кожичката.
Покрај тоа што е вкусен, плодот на ова јапонско јаболко и лекува. Се користи во случај на проблеми со цревата (запек, воспаленија и инфекции), желудникот (лошо варење), хемороидите, со масен црн дроб. Сокот исцеден од плодот го намалува високиот крвен притисок, дејствува смирувачки и го јакне имунитетот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2010 во 06:31
Кивито е супер овошје

Во текот на есента и почетокот на зимата кивите се враќаат во полн сјај. Во страв од настинките и грипот сè почесто го консумираме ова зелено овошје кое, за жал, го занемаруваме во останатиот период од годината. Кивите би требало да бидат задолжителен дел од вашето мени бидејќи освен подигнување на имунитетот, имаат и други моќни својства.

Кивите потекнуваат од јужна Кина, каде се нарекуваат национално овошје, а во почетокот на 20 век од таму се прошириле на Нов Зеланд. Кивите се одлична комбинација на мал број калории и максимално позитивно делување на организмот. Нутриционистите ги нарекуваат супер овошје, а во продолжение дознајте зошто.

Делува превентивно на астма и други респираторни болести

Една студија спроведена во Италија на 18.000 деца на возраст од 6-7 години покажа дека кивите делуваат позитивно на дишните органи. Резултатите покажаа дека децата кои јадат пет до седум киви неделно имаат за 44% помалку проблеми со дишењето. Позитивно делуваат на носните инфекции, како и на хроничните дишни болести, а посебно се добри за децата кои патат од астма.

Се бори против кардиоваскуларните болести

Консумирањето на едно киви секое утро има еднаков ефект врз здравјето на срцето како и аспиринот, додека истовремено не предизвикува никакви нуспојави и е потполно природно. Како богат извор на витамин Ц, го редуцира ризикот од срцев и мозочен удар.

Ги штити очите

Кивите се одличен извор на лутеин, природна состојка која ја има и во очите. Токму оваа состојка е многу важна за здравјето на нашите очи. Едно истражување покажа дека консумирањето на три киви дневно ја намалува дегенерацијата на окото, а особено го намалува ризикот за појава на макуларна дегенерација, што воедно е и еден од главните причинители на губењето на видот кај постарата популација.

За нега на кожата

Кивито е богато со витаминот Е, антиоксидант кој помага во борбата против разни оштетувања на кожата и делува делотворно на изгледот и здрајвето на нашата кожа.

Во борба против ракот

Овој антиоксидант има моќни својства кои делуваат како превенцијата на повеќе видови на рак. Бројни студии покажаа дека диеталните влакна на ова овошје ги отстрануваат токсините кои се наталожуваат во дебелото црево, што е многу корисно за превенција на рак на дебелото црево.

Делува позитивно и како превенција на ракот на кожа и на црниот дроб.

Го зајакнува имунитетот

Секој од нас знае дека кивите го зајакнуваат имунолошкиот систем бидејќи претставуваат богат извор на витамин Ц.

Но, мора да напоменеме дека треба да бидете внимателни. Ова моќно овошје консумирано во претерано големи количини може да предизвика алергиски реакции. Научниците предупредуваат дека луѓето кои се алергични на латекс, ананас и папаја треба исто така да избегнуваат и киви. Сепак, со едно киви на ден не може да се погреши.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 16:09

Целерот ги топи килограмите

Истражувањата покажуваат дека целерот е мошне ефикасен во лекувањето на многу болести. Освен што го намалува високиот крвен притисок, со сокот од целер се регулира и нивото на холестеролот. Освен тоа, неговото лековито дејство се манифестира и во лекувањето на астмата и болестите на бубрезите. Со чајот од целер се отстранува лошиот здив од устата, се лекува воспаление на грлото, а помага и во отежнатото варење. Вкусните супи и сосови од коренот на целер би било пожелно да бидат дел од исхраната на дијабетичарите, додека во сурова состојба е делотворен во санирањето на кожните заболувања.

* Исцедете сок од свеж корен, лист (што помалку зашто имаат горчлив вкус) и стебло на целер и направете напивка која е одличен лек против ревматизам и гихт, но е препорачлив за дебелите лица за намалување на вишокот килограми, но и за оние кои мака мачат со целулитот, зашто го забрзува метаболизмот.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 07:15

Корисни совети за вашето здравје

Разбудете го мозокот со чај

За да почувствувате како ви расте енергијата, секое утро пијте по една шолја чај. Чајот содржи манган, кој им е потребен на клетките на мозокот и има два пати помалку кофеин од кафето. Со тоа чајот е нежен ментален стимуланс, па нема да ја поттикне посткофеинската криза

Направете 10 стомачни мускули

Ако цел ден работите во седечка положба, стомакот ќе ви биде опуштен и нема да изгледате привлечно. Затоа, секој ден наутро или навечер правете барем по десетина стомачни вежби.

Подмладете се со витамин Ц

Клучот за младешкиот изглед е колагенот (се наоѓа во подебелите слоеви од кожата) кој, заедно со витаминот Ц, создава нови клетки. Затоа, вашите оброци нека содржат големи количества свежи овошје и зеленчук. Витаминот Ц го спречува стеснувањето на артериите и штити од срцеви заболувања.

Расположение со тегови

Сите видови телесни вежби го поттикнуваат ослободувањето на ендорфинот, кој го подобрува расположението. Истражувањата покажале дека оние што креваат тегови се чувствуваат многу поажурно, уште по првата посета на вежбалницата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 07:16
Бамјите имаат огромно количество калциум

Во 100 грама бамји има најмалку 84 милиграми калциум. Се берат зелени, недозреани и така се подготвуваат. Гумбо семките се користат и во производството на маргарин. Внимание, гумбо семките брзо се расипуваат, дури и ако се чуваат во фрижидер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 21:54

Видови ориз

Оризот е основа на здравата кујна. Видете ги само тие Кинези кои го јадат место леб. Оризот лесно заситува и содржи вредни белковини. Го има во разни варијанти.
* Азиски тип - се вари околу 8 минути на тивок оган, а откако ќе се тргне од рингла, се остава да отстои уште 10 минути.
* Див тип - се вари околу 20 минути на тивок оган, во покриено тенџере.
* Интегрален тип - се вари околу 25 минути.
* Ризото тип - се вари околу 30 минути на тивок оган.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 22:20
Замена за јајцата во рецептите

* 1 белка со 1 лажица ленено семе + 3 чаши вода
* 1 јајце во колачите со 1 банана
* 1 јајце со 2 лажици скроб од компири
* 1 јајце со 1 лажичка сода бикарбона + 1 лажица вода + 1 лажица оцет

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 16:59

Маслинките посилни од антибиотик

Кога ќе се спомене маслинка прво се мисли на нејзиното масло, меѓутоа, и листовите од оваа билка се користат во лекувањето. Екстрактот од листовите содржи супстанци кои дејствуваат антибактериски, го јакне имунитетот, го намалува зголемениот крвен притисок, како и концентрацијата на шеќерот во крвта. Бројни медицински студии укажуваат дека помага и во случаи на синуситис, херпес, грип, воспаление на мочните патишта, зголемениот холестерол, артритис, гастритис и хроничен замор.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2010 во 05:25

Киви за студените денови

Посветете внимание на исхраната во овие студени, зимски денови. Неопходно е вашето мени да биде богато со витамини и со хранливи материи. Овошјето, особено кога станува збор за витамините, е идеален избор. Кивито спаѓа меѓу најздравото овошје. Содржи витамини од Б- групата, А и Ц, но и нијацин, белковини, калциум и железо. Тоа е одлично овошје за идните мајки, зашто витамините од Б-групата помагаат во правилниот развој на фетусот. Ова овошје е значаен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок, а е богато и со фолна киселина, која ја потпомага синтезата на протеините. Супстанцијата лутеин го штити видот. Најдобро е да се јаде свежо секој ден во поголеми количества. Кивито го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали, ги зголемува одбранбените способности на организмот и ја потпомага елиминацијата на токсините од организмот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 12:34

Не претерувајте со месо скара

Месото печено на жар, може да биде многу ризично за жените. Докажано е дека месото и рибата зготвени на скара содржат потенциално штетни амини кои, според најпесимистичките проценики, двоструко го зголемуваат ризикот од карционом на дојкиите. А, бидејќи покрај добра скара обично се пие и алкохол, оваа комбинација уште повеќе го зголемува ризикот од појава на карцином на дојката, па не им се препорачува на девојките и жените. Вреди да се предупреди, но само за оние припаднички на понежниот пол кој претеруваат и уживаат во ваквиот гурманлук. Според американските доктори, скара двапати во неделата е добро да се јаде, но не и повеќе од тоа. Подобро скарата да ја замените со многу овошје и зеленчук, тоа е и хранливо и здраво.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 20:54

Како да проверите дали јајцето е варено или не?

 

Не можете да се сетите дали некое јајце е варено или не ? Сите знаеме дека ако завртите јајце веднаш ќе препознаете дали јајцето е варено или не, односно ако тоа се врти без проблем тогаш е варено, ако не се врти, тогаш не е варено.

Но, има и уште еден начин да проверите дали јајцето е варено или не. Вареното јајце ќе плови ако го ставите во вода, невареното ќе потоне.

Јајцата содржат есенцијални протеини, минерали и витамини, освен витаминот Ц. Жолчката е природен извор на витамин Д.

Бојата на јајцата не е поврзана со квалитетот, вкусот или нивното приготвување. Белите јајца се снесени од кокошки со бели пердуви. Жолтите јајца се снесени од кокошки со црвени пердуви.
Обично белите јајца се поефтини од жолтите.

Еве некои интересни податоци за кокошките :
- Еден од најголемите прозиводители на јајца е Кина со околу 160 милијарди годишно.
- Една кокошка може да снесе околу 250 јајца годишно.
- Обвивката на јајцето содржи до 17,000 пори на површината.
- Постојат 150 видови на кокошки.
- Кокошките се потомци на црвената кокшка од џунглите во Азија.
- Кокошките се едни од првите домашни животни, појавувајќи се како такви во Кина околу 1400 години п.н.е.
- Сигурно ја знаете вечната дилема „Што е постаро, јајцето или кокошката

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 06:02

Во кои држави се пие компот?

 

Компотот е традиционален пијалок во Централните и Источните европски држави уште од 1300 година. Тој е лесен, освежителен пијалок, најчесто направен од свежо овошје кое се вари во вода со шеќер и се остава да се излади и кисне.  

Узвар е компот кој е подготвен од повеќе видови на сушено овошје (оригиналниот рецепт се прави со јаболка, круши и сливи), а понекогаш и бобинки, засладен со мед или шеќер. Узварот се пие на традиционалната вечера на Бадник во повеќе земји и тоа: Украина, Србија, Босна, Русија и во некои други земји од Источна Европа. Тоа исто така е наречен компот од суво овошје кај земјите на поранешна СССР.

Компот на другите јазици:

    * Compot во Романија;
    
* Kompot на полски, хрватски, словенечки;
    
* Kompot или компот на српски;
    
* Компот на бугарски, македонски, руски;
    
* Узвар во Украина и
    
* Komposta на грчки

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.