Испечати | Затвори го прозорот

ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20567
Датум на принтање: 23.Април.2024 во 09:49
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....
Постирано од: bijonse1
Наслов: ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....
Датум на внесување: 27.Октомври.2009 во 16:37
Секое знаење и искуство е добродојдено за сите....
ај овде да ги споделиме нашите мали тајни околу храната....
или било што во врска со некои финесии кои само вие ги знаете ......
пренесени на вас од башите мајки , баби , прабаби......
или било што знаете околу растењето, одгледување , приготвување .....


Зошто бананите се искривени ?? зошто не се прави??
Баш поставив вакво прашање......
и одговорено ми е дека.....
растењето на следната, па следната банана е овозможена баш поради таа искривеност...
новите банани растат над само ако тие се искривени ...
да би биле прави бананите ќе биле само по една , а не повеќе ..

Секое поединечно овошје има надворешен слој и внатрешен дел.
Двата дела, кожата и внатрешниот дел, може да се јадат сурово или зготвени.
Западниот свет го јаде само внатрешниот дел и ја фрла кожата.......
додека некои азиски култури генерално ја јадат и кожата.

Бананите се вреден извор на витамин Б ,витамин Ц и калиум .

Бананите исто така може да се сечат па да се сушат и потоа да се јадат како чипс.
Сушени банани, исто така, можат да бидат мелени во брашно.
глупчо
http://www.lootcorp.com/wp-content/uploads/2009/06/banana.jpghttp://culinspiration.files.wordpress.com/2009/08/banana.jpg



Коментари:
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 27.Октомври.2009 во 17:06


 

Увин чај




Состав:
Uvae ursi folium 40%,
Herniariae herba 20%,
Betulae folium 15%,
Equisetu herba 15%,
Urticae folium 10%


Дали сте знаеле дека ако се зема пред чајот малку растворена сода бикарбона дека поефикасно делува ??
содата бикарбона ја прави алкална мокрачата и дејството како уроантисептик и како и диуретик на увин чај е поефикасен ???




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Октомври.2009 во 23:40

Видов ке Бионсе е отворила нова тема и чек и jac  да се искажем еднаш паметно во овоj форум......

Сите знаеме ке сега е моментот кога се тура зимница.И сите правиме нашиот умилен и драг аjвар.Многу често ни се случува да ги заборавиме пиперките врз местото каде ги печеме и они да изгорат као кумур.За да не се случува тоа нешто мора да се печат една идеа по малце и кога се турат во судот или било што да се тура врз нив сол.Од самата пара солта ке се разтвори и ке проjаде пиперката ,а во истото време "месото" на пиперката ке си остане со целото месце врз неja и тако ке се намали загубата на количество. 


Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 27.Октомври.2009 во 23:43
кората од банана служи за слизнување и паѓање на газскелет

-------------
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 18:07
Deneska mi se prijade pomfrit......
go koristam germanskiot poluobraboten od ,,Kam,,.......
nekolku pati se imam prashano samata sebe kako se prigotvuva...
na samoto kese nema nikakvo upustvo za prigotvuvanje.......
samiot pomfrit e polugotov malku mrsen od zejtinot na obrabotka i smrznat so siten mraz na nego.....
prasanjeto mi e ako nekoj znae pravilno :
1.dali vednash od keseto pomfritot se stava vo predhodno zagreana tava ....???
2.dali se cheka edno 10 min da se odmrzne pa posle se stava vo zagreana tava...????
3.dali se mie samiot pomfrit so ladna voda da se ostrani sitniot mraz pa se stava vo zagreana tava..??
4.ili se mie , i se cheka da se odmrzne pa se stava vo zagreana tava.....????
 
 ajjjj sea koj  ke kaze??? размислување


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 18:40
На самото кесе пишува во каква температура се готви таков помфрит.
 
Се пржи пи 180-200 степени во предварително загреjана фритеза со мазнина(олио) ,за около 3-5 минути.
 
А на прашанjето како се приготвуват-неможеш во домашни условиja да си ги приготвиш Бионсе.
 
Прво се селектираат специални сортови помфрит.После минуват преку машина што ги лjупи.После тоа друга машина ги реше во познатата форма.Чак после тоа се пржат во специална мазнина за кратко време.Се чека да се оладат и тогаш веке ги спакуват за нашата трапеза.  
 
Колку позамрзнат го туриш помфритот во загреjаната мазнина ,толку по квалитетен помфрит ке jадеш.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 18:47
ne me razbirash emil.....ајде
pomfritot fabrichki e veke sechen na tenki parcinja spremno i przeno malku....
i posle smrznato i taka se kupuva smrznato...
toa go velam polugotovo......
e sega .....posle kako e pravilno ???
imam 4 tochki ...
koja e pravilna??збунетост



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 19:09
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Deneska mi se prijade pomfrit......
go koristam germanskiot poluobraboten od ,,Kam,,.......
nekolku pati se imam prashano samata sebe kako se prigotvuva...
na samoto kese nema nikakvo upustvo za prigotvuvanje.......
samiot pomfrit e polugotov malku mrsen od zejtinot na obrabotka i smrznat so siten mraz na nego.....
prasanjeto mi e ako nekoj znae pravilno :
1.dali vednash od keseto pomfritot se stava vo predhodno zagreana tava ....???
2.dali se cheka edno 10 min da se odmrzne pa posle se stava vo zagreana tava...????
3.dali se mie samiot pomfrit so ladna voda da se ostrani sitniot mraz pa se stava vo zagreana tava..??
4.ili se mie , i se cheka da se odmrzne pa se stava vo zagreana tava.....????
 
 ajjjj sea koj  ke kaze??? размислување
 
1.Da
2.Ne
3.Ne
4.ne


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 20:08
emil големо%20гушкање  thanks
dali kako kaj  gravot ili drugo bobasto varivo.....
prvata voda sho zovriva se frla i kaj kupus i kompir mangja ???



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 21:14
Не.Само каj гравот и компирот се фрла првата вода.Дури при леча не се фрла ,пошто на неа и треба околу 25-30 мин да се свари.....


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 22:35
Mislam deka ne si vo pravo??збунетост
Zelkata a i lekjata ako ne se frli prvata pa duri i vtorata voda.....
ke ti stvorat takvi gasovi ........polosho otkolku kaj gravot......
jas gi frlam prvite vodi голема%20насмевка
i posle nema takov problem нека%20ти%20е%20срам


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Октомври.2009 во 22:51
Go obozavam zachinot kari.....

к*ркуминот, одговорен за жолтата боја во кари зачинот тумерик, како потенцијален лек за лекување рак, артритис, остеопороза и кардиоваскуларни болести. к*ркуминот го забавува растот на туморите, како и прогресијата на сите видови рак.Исхраната богата со кари може да го заштити мозокот од стареење и ги подобрува когнитивните функции. Карито има противвоспалителни својства и својство на антиоксиданс и е добар во спречувањето на добивањето на Алцхајмерова болест, Антиоксидансите, како што е витаминот Е, се познати дека ги штитат невроните и им помагаат на пациентите кои имаат умерена деменција да ги сочуваат своите когнитивни функции.

intro_curcumin.jpgДoколку водите борба со вишокот килограми, кои што никако не можете да ги победите, еден зачин би можел да ви помогне на патот до победата. Индискиот зачин го спречува создавањето на масно ткиво, затоа што содржи активна состојка која што помага во борбата со дебелината.Карито претставува мешавина од зачини, а една од состојките која што во голема мера помага во губењето на килограмите е индискиот шафран.

Све ова го знам ок е.......само не ми е познато дали може карито да се користи при зачинување на салати ?? Има некој такво искуство??среќа
 





-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 11:55

Кари против канцер?

 

Клетките на ракот најдоа на можен непријател. Станува збор за популарниот жолт зачин кари, откриваат ирските научници.

Во Центарот за истражување на ракот во Корк (Ирска) научниците ги третирале клетките на ракот со состојката наречена curcumin, која се наоѓа во популарниот индиски зачин и е заслужна за неговата жолта боја.

Воочено е дека curcumin-от може да ги намали туморите и дека луѓето кои јадат кари можат да бидат помалку изложени на оваа болест, иако оваа состојка брзо ги губи своите антиканцерогени својства кога ќе се свари.

Шерок МекКена, која го водела истражувањето во Ирска вели дека дошле до откритие за потенцијал кој научниците би требало да знаат да го користат.

Ракот секоја година низ светот убива повеќе од 500.000 луѓе.

a za prasanjeto, ne znam kolku e pametno da se stava kari vo salata bez nikakva obrabotka na zacinot. jas go jadam so testenini i pilesko meso,a imam probano i vareni jajca vo sos od kari..toa se sprema i kako toplo i kako ladno predjadenje.


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 18:01
да ви кажам искрено го применив карито заедно со маслиново масло  во салата.....
млјаааацц нема гајле ........не иде одпосле никакви последици голема%20насмевка



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 18:10
На компјутерџиите им треба витамин А...хипнотизиран

Гледајќи во компјутерскиот екран очите секогаш реагираат на светлите и темните точки......хипнотизиран Очите трошат повеќе фотосензитивен пигмент кој е потребен за видот. А за него треба А витамин.Кога работиме на компјутер, нашите очи хипнотизиран секогаш реагираат на светли и темни точки кои се појавуваат на екранот ако се тие визуелни сигнали силни, очите трошат повеќе родопсин, фотосензитивен пигмент кој е потребен за видот. Витаминот А игра важна улога во производството родоспин. Луѓето кои би требало да го смалат внесот на маснотии и холестерол можат да јадат храна во која има застапено повеќе бета-каротен, работи кои со помош на сончевата светлина се пертвараат во витамин А.
Бета-каротенот е застапен во жолт, портокалов, црвен и зелен зеленчук и во овошје како што се праските, сушените сливи, диња, лубеница и манго...........губитник


-------------


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 22:56
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

ne me razbirash emil.....ајде
pomfritot fabrichki e veke sechen na tenki parcinja spremno i przeno malku....
i posle smrznato i taka se kupuva smrznato...
toa go velam polugotovo......
e sega .....posle kako e pravilno ???
imam 4 tochki ...
koja e pravilna??збунетост

 
Јас редовно купувам квалитетен смрзнат помфрит но не од тој тенкиот туку четвртаст големина на прст. Доста пати сум гледала емисии како го преработуваат и зошто е убав и со крцкава цврста текстура.
Еве домашен рецепт
Откако ќе се исечка во долгнавеста форма се вари некое време едно 15 мин и внимателно на рамни подлоги се вади и се става во фрижидер убаво да се олади и стегне. Постапката може да се повтори.
Пред пржење така оладен и цврст може (не мора) да се помине во глазура од брашно, растително масло и зачини (сол) и убаво да се ицеди и пржи во длабок сад со зовриено масло или фритеза . Може и да се пече во рерна, убав е и така.
Така и фабрички се продава во супермаркетите.
Правило е за повеќето смрзнати производи да се печат или пржат директно без претходно одмрзнување.


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 10:51
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:


Deneska mi se prijade pomfrit......go koristam germanskiot poluobraboten od ,,Kam,,.......nekolku pati se imam prashano samata sebe kako se prigotvuva...na samoto kese nema nikakvo upustvo za prigotvuvanje.......samiot pomfrit e polugotov malku mrsen od zejtinot na obrabotka i smrznat so siten mraz na nego.....prasanjeto mi e ako nekoj znae pravilno :1.dali vednash od keseto pomfritot se stava vo predhodno zagreana tava ....???2.dali se cheka edno 10 min da se odmrzne pa posle se stava vo zagreana tava...????3.dali se mie samiot pomfrit so ladna voda da se ostrani sitniot mraz pa se stava vo zagreana tava..??4.ili se mie , i se cheka da se odmrzne pa se stava vo zagreana tava.....????    ajjjj sea koj  ke kaze??? размислување


Znaes deka przen pomfrit, pa spakuvan smrznat, pa uste od KAM, e vrv na losa hrana. Poln so hemija, aditivi, i slicno sto e krajno nezdravo.

Kompir obozavam da gotvam, no taze, i pecen cist ili so kaskaval stopen vrz nego, i salata. Voopsto izbegnuvam smrznata hrana kolku sto mozam povekje...mozebi ednas vo dva meseca kje si kupam smrznati morski plodovi oti mi se slabost, ama smrznato ili konzervirano izbegnuvam.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 21:21
ok sve e toa glen i kali sho pishavte.......
ama mene pomfritot mi treba minimalno samo za garnir....
znachi 4 parchinja za cinija drugoto e morkov grashak pchenka.....
i ne mi se isplakja cela prirodna procedura vremenski mislam...
големо%20гушкање



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 21:25

Пастата за заби го намалува апетитот

пастата за заби може да  помогне да се намалат вишокот колограми.

Кога ќе почуствувате глад, а сметате дека сеуште не вие време за јадење измијте ги забите и така ќе го излажетестомакот.Ако тоа не ви помогне и сепак почнете да јадете храната нема да ви биде вкусна по миењето на забите па апетитот ќе ви се намали.Како најефикасни ги посочуваат пастите со вкус на еукалиптус и ментол.Уште еден совет  е тоа да јадете слушајќи класична музика, која во просек го успорува темпото на џвакање и го продолжува оброкот за 15 мининути.........зевањеголема%20насмевка



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 22:50

Со цимет против желба за благо

Сите  кои премногу конзумираат благо а сакаат тоа да го променат....

Кога во текот на денот многу ви се пријаде благо направете си тост и врз него истурете цимет.

малите количини на цимет можат да го регулираат нивото на инсулин кој е главниот виновник за чуството на глад.

четвртина лажица цимет може да го смали нивото на шеќер во крвта, како и холестеролот........губитник




-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Октомври.2009 во 13:28
Домашен јаболков оцет http://www.kavadar4e.com/index.php?view=article&catid=12%3Aishrana&id=1301%3Adomasenjabolkovocet&format=pdf&option=com_content&Itemid=48 -
http://www.kavadar4e.com/index.php?view=article&catid=12%3Aishrana&id=1301%3Adomasenjabolkovocet&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&option=com_content&Itemid=48 -
http://www.kavadar4e.com/index.php?option=com_mailto&tmpl=component&link=aHR0cDovL3d3dy5rYXZhZGFyNGUuY29tL2luZGV4LnBocD9vcHRpb249Y29tX2NvbnRlbnQmdmlldz1hcnRpY2xlJmlkPTEzMDE6ZG9tYXNlbmphYm9sa292b2NldCZjYXRpZD0xMjppc2hyYW5hJkl0ZW1pZD00OA== -

Околу 5 кг. здрави, добро созреани јаболка, се мијат и се сечат на четвртинки. Со помош на соковник се цеди јаболковиот сок, и заедно со дел од истисканите јаболка се ставаат во тегла. Може да додадете малку сув квасец или леб и оставете да отстои на топло место најмалку 4 недели, додека течноста не премине во алкохол. Тогаш ферментацијата е завршена.

Ширата се става во плиток и поширок сад. Садот треба да биде најмногу 3/4 наполнет. Може да додадете и стар јаболков оцет, за да ја забрзате ферментацијата. Потоа покријте го садот со ленена крпа, за воздухот да има допир со течноста. Најидеална температура е од 26 до 28 целзиусови степени, а потребни се 2 до 3 месеци за да се направи оцет. Тогаш може да го процедите и да го префрлите оцетот во стаклени шишиња. Не вознемирувајте се ако во течноста забележите матен густ талог, тоа е таканаречена оцетна габа. По можност не исфрлајте ја, таа се состои од оцетни бактерии и може да послужи како основа за да ги направите следните количества од оцетна течност...........губитник



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 17:46
Научниците тврдат дека инсектите како додаток во исхраната би бил добар за нас, но исто така и за околината. За неколку години ќе можат да се најдат киосци со пржени мравки.



Хранењето со инсекти би значело нутристички збогатена исхрана и би помогнало во уништувањето на штетниците. Некои инсекти во пржен облик имаат повеќе протеини месо или риба во сиров облик, додека други се богати со незаситени масти, витамини и минерали.



Стручњаците веруваат дека еден ден инсектите ќе ја заменат брзата храна. Иако тоа во западниот свет е непознато и невообичаено, во 113 земји во светот луѓето јадат разни видови на инсекти.

Во Тајван пржените скакулци и гасеници се деликатес. Во многу делови од Азија на пазарот се продаваат пржени инсекти сервирани како брза храна.............болен


-------------


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 17:54
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

<h2 ="PosterIcon-wrapper">Со цимет против желба за благо</h2><div ="PostContent">
<div ="article">


           <p style="text-align: justify;" ="Msonormal"><span style="font-size: 11pt; font-family: 'Calibri','sans-serif';">Сите  кои премногу конзумираат благо а сакаат тоа да го променат.... </span>

    <p style="text-align: justify;" ="Msonormal"><span style="font-size: 11pt; font-family: 'Calibri','sans-serif';">Кога во текот на денот многу ви се пријаде благо направете си тост и врз него истурете цимет.</span>

    <p style="text-align: justify;" ="Msonormal"><span style="font-size: 11pt; font-family: 'Calibri','sans-serif';">малите количини на цимет можат да го регулираат
нивото на инсулин кој е главниот виновник за чуството на глад.</span>

    <p style="text-align: justify;" ="Msonormal"><span style="font-size: 11pt; font-family: 'Calibri','sans-serif';">четвртина лажица цимет може да го смали нивото на шеќер во крвта, како и холестеролот........губитник</span>

    <p style="text-align: justify;" ="Msonormal"><span style="font-size: 11pt; font-family: 'Calibri','sans-serif';"></span>







Јас се давам во цимет... секој ден го ставам во кафето, или пак го јадам со мед... ама не ми ја намалува желбата за благо ај ќе ја зголемам количината...

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 19:25

Како да проверите дали јајцето е варено или не........збунетост

Не можете да се сетите дали некое јајце е варено или не ? Сите знаеме дека ако завртите јајце веднаш ќе препознаете дали јајцето е варено или не, односно ако тоа се врти без проблем тогаш е варено, ако не се врти, тогаш не е варено.
Но, има и уште еден начин да проверите дали јајцето е варено или не. Вареното јајце ќе плови ако го ставите во вода, невареното ќе потоне.
Јајцата содржат есенцијални протеини, минерали и витамини, освен витаминот Ц. Жолчката е природен извор на витамин Д.
Бојата на јајцата не е поврзана со квалитетот, вкусот или нивното приготвување. Белите јајца се снесени од кокошки со бели пердуви......губитник Жолтите јајца се снесени од кокошки со црвени пердуви.....губитник
Обично белите јајца се поефтини од жолтите......тајм%20аут

Еве некои интересни податоци за кокошките :
- Еден од најголемите прозиводители на јајца е Кина со околу 160 милијарди годишно.
- Една кокошка може да снесе околу 250 јајца годишно.
- Обвивката на јајцето содржи до 17,000 пори на површината.
- Постојат 150 видови на кокошки.
- Кокошките се потомци на црвената кокошка од џунглите во Азија.
- Кокошките се едни од првите домашни животни, појавувајќи се како такви во Кина околу 1400 години п.н.е.
И сега кој ке ми каже ????збунетост

„Што е постаро, јајцето или кокошката“смеење



-------------


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 20:37
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Секое поединечно овошје има надворешен слој и внатрешен дел. Двата
дела, кожата и внатрешниот дел, [COLOR="#ff0000"]може да се јадат сурово или зготвени.
Западниот свет го јаде само внатрешниот дел и ја фрла кожата.......додека
некои азиски култури генерално ја јадат и кожата.
Ова е случај и со кивито. Во Тајланд и надворешниот влакнест дел на кивито го јадат.

И една морбидна информација за оние кои јадат месо: во Кина ги собираат мртвите кокошки, ги третираат со хемикалии за да им се подобри вкусот и потоа пакувани ги продаваат на европскиот пазар [:-&]


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 19:11
Умерениот алкохол го продолжува животот
Луѓето кои консумираат алкохолни пијалаци во умереноста живеат подолго од оние кои не пијат, покажа неодамнешното истражување.
Резултатите ги потврдија претходните заклучоци од истражувањето на поголем ризик за смрт на почетокот со луѓето кои не консумираат алкохол од оние кои го прават тоа од време на време и во умереноста.
Повторно, се откри дека пушењето е една од најчестите причини на смртта на лица постари од 65 години.
За зачувување на здравјето на срцето и крвните садови и во спречување на рак, советуваат лекарите обично умерено конзумирање на црвено вино..............голема%20насмевка


-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 19:23
Во англиските рецепти како meрна единцица се користи cup.
Колку е еден cup односно поголем филџан, знам дека не е исто како кај нас?




-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 15:23
Па генерално е исто како кај нас Мариа...
во повеќето рецепти што ги прави мајка ми и што ги запишала, намирниците се мерат во шолји, па веројатно тоа му доаѓа исто... тие велат cup, ние шолја, а во шолја обично пиеме млеко, чај, кафе... и шолјите секогаш имаат различна големина, нема некој стандард, што значи веројатно ќе мораш тие англиски рецепти да ги прилагодиш на нашиве филџани, шолји или како и да е....




-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 08.Декември.2009 во 15:46
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:

кората од банана служи за слизнување и паѓање на газскелет


смеење

Покрај ова кората од бананата има уште една намена. Сите оние кои не знаат:
Кората од бананата се користи за бришење на листовите од цвеќињата.
Да да.
Значи после изедена банана, пред да ја фрлите кората, земете ја и со внатрешниот дел избришете ги листовите од цвеќињата во вашата соба. Патем, дава и сјај трепкање





-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Декември.2009 во 18:32
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/shto-sodrzi-sholja-kafe.html -

shto-sodrzi-sholja-kafe-povekjeШто има во шољата кафе со која ви започнува, трае,  а не ретко и ви завршува денот? Еве ви можност да дознете што е тоа кое ве привлекува секој ден...

...да имате потреба од кафе.

Најзастапен е секако кофеинот

Кофеинот е причината зошто во светот се произведуваат повеќе од 16 билиони килограми зрна кафе, во годината.

Кофеинот всушност е алкалоид (како никотинот и кокаинот), убиец на инсекти и не стимулира, блокирајќи ги неврорецепторите за аденозин, кој не тера на спиење. Резултат: Будни сме!

shto-sodrzi-sholja-kafe

1. Вода

Топлата вода е супер растворувач, го извлекува вкусот и маслата од зрното кафе. Еден добар филџан кафе содржи 98.75% вода и 1.25% растворлива материја од кафето.

Кофеинот е диуретик, па кафето набрзина ја извлекува водата. Зависниците од кафе се толерантни на диуретичното својство на кофеинот.

2. Етилфенол

Создава медицински мирис при утринското будење. Исто така го има во феромоните на лебарките, и испраќа хемиски сигнали за да ја предупреди колонијата лебарки, на опасност.

3. Диметил дисулфид

Го дава мирисот на фецесот кај човекот.

4. Ацетилметилкарбинол

Богатиот вкус доаѓа од оваа запалива жолта течност која го дава вистинскиот вкус на путерот и се користи како вештачки засладувач за пуканки.

5. Путрецин

Путрецинот се создава кога бактеријата ешерихија коли ќе ги нападне амино-киселините во месото. Во кафето, путрецинот има непријатен мирис.

6. Тригонелин

Тригонелинот го дава слаткиот, земјен вкус на кафето и ги штити забите од мутациите на бактериите од видот на Стрептококите.

7. Ниацин

Попознат како витамин Б3. Две или три кафиња ја задоволуваат половичната дневна потреба од витамин Б3...голема%20насмевка



-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 11.Декември.2009 во 09:19
Како да го сфатиме ова, дали да пиеме кафе или не?
Секој ден се објавуваат различни студии:по едни пиењето 1-2 филџана кафе дневно е здраво за ова, она, а по други-штетно.

Зар кафето ви мириса на фецес ма%20ајде?

3. Диметил дисулфид

Го дава мирисот на фецесот кај човекот.


Дај не зафркавајте.



-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 21.Декември.2009 во 11:33
mi veli komshivkata oti mojata musaka pri serviranje ne se rastura, a ne e suva ??
a nejzinata i pokraj kolichinski poveke jajca se rastura...
sekogash koga gi secham kompirite edniot kraj e potenok za razlika od drugiot kraj...
potesniot sekogash vleguva pod podebeloto parche soseden kompir...
na takov nachin se pravi konzistentna redena gradba vo visina...


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 21:40

Француска кујна

Вистинскиот развој на француската кујна започнува со Катерина де Медичи. Кога во 1533 -тата година таа заминала за Франција за да се омажи за кралот Хенри Втори, таа покрај личните работи, на пат ги повела  готвачите, келнерите и слаткарите. Катерина со право била сомнителна кон гастрономската култура на францускиот двор, затоа што на почетокот на 16 век, таа била катастрофална.
Особено популарни биле егзотичните, скапи производи, додека свежите локални производи се сметале за помалку вредни. Катерина успева тешките бокали да бидат  заменети со елегантни чаши од венецијанско стакло, се започнува со употреба на емајлирани садови и вилушки, што за Французите дотогаш била непознаница.  Голема популарност добиваат тестенините, зеленчукот и ароматичните растенија.

Француската кујна денес

Смислата за подготвување на добра храна кај Французите е природна. Едноставни луѓе кои за храната зборуваат со посебен жар и при тоа изненадувачки е знаењето кое го покажуваат. Со таквиот  начин на вреднување Французите развиле рафиниран вкус за подготвување извонредни специјалитети. Јадењето кај Французите не претставува само  конзумирање на храна, туку и време за дружење и релаксација. Ручекот најчесто се состои од три, а неретко и четири јадења: предјадење, главно јадење, сирење и десерт.Реномето на француската кујна е засновано на големиот број сирења, преработки од месо, шампањ, коњак, вино и др.  За време на јадењето се пие вино, кое има статус на прехрамбен производ. Денес не постои француски винар кој ќе ви предложи одредено вино, а да не ве посоветува со кое јадење највеќе одговара.

СУПИ
Секое традиционално мени започнува со супа. Супата е за јадењето, тоа што е убавиот двор за куќата. Најпознати француски супи се супа од лук, супа од грав, кремаста супа од тиква и познатата авињонска супа.

СИРЕЊЕ
Франција е земја во која се произведуваат повеќе од 370 видови на сирење. Секој вид на сирење говори за регионот во кој е произведен и  е резултат на посебната клима, вегетација, фауната и традиционалниот начин на подготовка.
Се разбира дека за време на  оброкот сирењето не смее да недостасува.

КРОАСАН
Кроасан, што во превод значи полумесец е омилено печиво кај Французите, а потекнува од Унгарија.

СЕНФ
Уште од времето на Карло Велики, селаните знаеле да подготвуваат сенф, што набрзо се проширило низ цела Франција. Во тоа време во 1300- та година во Париз имало 10 производители на сенф, а во 1650- та година 600.
Сенфот се смета за универзален зачин. Тој го засилува вкусот, а посебно е добар за преливите за салата, месо и риба.

ВИНО
Во француските вина се соединуваат многу карактеристики на регионот од кој потекнува: структурата на земјата и нејзиниот состав, положбата и косината на земјиштето, бројот на сончеви денови, количеството на врнежи, мразот и ветрот.
Виното говори за човекот кој го произведува. Тоа го отсликува неговиот карактер, неговото културно и историско наследство, неговата филозофија и етика. Најпознати региони на вино во Франција се Бордо,  Божоле, Кот ди Рон и Прованса.

ШАМПАЊ
Шампањот  е заштитно име на природното пенливо вино, кое се произведува од грозје и вино по посебна постапка.  Секоја прослава е незамислива без Шампањ. Отворањето на ова шише претставува прослава само по себе. Постојат многу причини кои влијаат на вкусот на шампањот. Вкусот може да биде лесен, овошен, цветен, свеж, зрел, едноставен или комплексен. Шампањот може да се служи како аперитив, со главното јадење или со десертот. Одговара за сите пригоди само треба да биде избран оној вистинскиот.

КОЊАК
Коњакот е алкохолен пијалок кој се добива со двојна дестилација на виното произведено во истоимената област во Франција. Производството на коњак започнало во 17 век, а самото име се појавува во 1783-тата година. Карактеристичната арома на коњакот се постигнува со чување во дабови буриња. Коњакот стар до 5 години е светло жолт со вкус на ванила, коњакот стар помеѓу 5 и 10 години има потемна боја и поизразен вкус. Дури по 30 години доаѓа до мало намалување на процентот на алкохол, а по 50 години коњакот има 40% алкохол и може да се користи како пијалок. Но концентрацијата на алкохол може да се корегира и со дестилирана вода.
Сепак и покрај се што прочитавте, француската кујна најдобро ќе ја запознаете, доколку  ја дегустирате..........среќа







-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 11:45
rghm....



http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15168 - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15168


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 12:37
e ako de..
ushte eden post ne e losho....mojot e obraboten ....ukrasen grizhlivo ..
slednite kujni ke idam na tvoja tema ajj ajj...

-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Јануари.2010 во 13:28
kao elka nakitena голема%20насмевка neka ti go aj голема%20насмевка


Постирано од: jackie
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 15:33
КАКО ,,ЈАЈЦАТА ЗБОГАТЕНИ СО СЕЛЕН,, ВИ ПОМАГААТ ДА СЕ СПРОТИСТАВИТЕ НА ВИРУСОТ НА ГРИПОТ А Х1Н1?
     Грипот А Х1Н1 (lat. A H1N1), познат уште и како свински грип, е заболување на дишните патишта, предизвикано од вирус на инфлуенцата од тип А. Болеста е наречена свински грип затоа што вирусот кој ја предизвикува, кај првите заболени се пренел од свињи.
     Грипот А Х1Н1, кој сега се распространува помеѓу луѓето, е многу поразличен од обичниот свински грип. Тој е предизвикан од нов вирус на свински грип, кој се променил до таков степен, што сега му овозможува да се шири од човек на човек. Во моментов бројот на заболените во Македонија драстично се зголемува, а два наши соседи (Бугарија, Србија) веќе прогласија епидемија. Затоа е особено важно да знаете како да се заштитите од првата пандемија на 21-от век.
     Од друга страна станува сé појасно дека ваквите заболувања значат излегување на имуниот систем од рамнотежа и оштетување на здравите ќелии и ткива. Стресот, недостатокот на физичка активност, генетската предиспозиција, лошите хигиенски навики и другите фактори можат да допринесат до зголемување на воспалението.
     Сепак не смее да се занемари исхраната како еден од најголемите фактори во целиот пренос на болеста. Анти-инфламаторната исхрана не е некој вид на диета, туку тоа е всушност начин на исхрана и припрема на храната која овозможува зачувување на добра кондиција на Вашето здравје. Таа значи внесување на одредена количина на витамини, минерали и јаглено хидрати, меѓу кои и селенот како есенцијален минерал.
     Селенот е неопходен олигоелемент. Најпрво, тој е моќен анти оксиданс. Штитејќи ги клетките од оксидација, тој го спречува прераното стареење на кожата, мускулите и нервниот систем. И на крај селенот е бариера за нарушување на Вашиот имунолошки систем.
     Генерално на недостаток од селен се најподложни луѓето изложени на оксидативен стрес (пушење, загаденост...) или оние кои страдат од болести пратени со овој вид на стрес, како што се инфекциите. Потребите за селен кај постарата популација растат, бидејќи сите болести кои се јавуваат во овој период на живот го нагласуваат недостатокот од овој олигоелемент.
     Но, нашиот организам не произведува селен па мора да се зема преку храната која во себе го содржи во одреден процент: морска храна, риба, телешки дроб, црвено месо, житарици и секако малата ,,хранлива лабораторија,, - јајцата збогатени со селен произведени со хранење на кокошките со специјална храна збогатена со селен во пептидна форма од растително потекло во строго контролирани услови.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 18:26
убаво приготвено и сервирано јадење делува мносгу позитивно .......

хранахранахранахрана

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 05.Јануари.2010 во 18:30
хранахранахранахрана

убаво за око поубаво за душа


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 17:56

Зошто ни течат солзи од кромид?

kr
  Иако вкусот на     кромидот е  прилично вкусен  (за кого како)  го комбинираме со јадење, сепак оној кој го подготвува, обично многу му солзат очите. Ова се случува поради тоа што кромидот содржи масло кое има силна миризба.Кога кромидот се лупи и сече, ова масло излегува во воздухот во форма на пареа, или ситни честички на влага. Кога оваа пареа ќе стигне до вашиот нос, молекулите навлегуваат во осетливите мембрани кои се сместени во ноздрвите и ги иритираат. Покрај ова, се иритираат каналите за солзи во вашите очи и тие продуцираат солзи.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 19:25
Путерот сепак е добар по здравјето

Путерот сепак може да биде добар по здравјето, објавија научниците и ја демантираа последната студија која препорача путерот да се замени со маргарин.
Истражувањето спроведено на Универзитетот Лунд во Шведска покажа дека путерот води до значително помалку масти во крвта, во споредба со храната во која има маслиновото масло, новиот тип на канола маслото како и лененовото масло.

Главното објаснување за релативно ниското зголемување на масти во крвта по консумирање на путерот се должи на тоа дека околу 20 отсто од маснотиите се користат како енергија и поради тоа никогаш не влијаат на нивото на масти во крвта

- Понатамошното објаснување е дека цревните клетки преферираат обработка на путер, наместо масни киселини од растителните масла. Сепак, путерот води до малку повисока содржина на слободни масни киселини во крвта, што е товар за телото, објаснува Јулија Свенсон, научник од Универзитетот Лунд.

Најголемата разлика се состои меѓу мажите и жените, бидејќи хормоните различно раководат со мастите. Фундаменталните разлики во метаболизмот меѓу мажите и жените најчесто влијаат врз резултатите од тестовите. Ова се должи на менструалниот циклус кај жената.

- Сите масти кои имаат голема енергетска содржина, а не согоруваат, влијаат на тежината како и на ризикот од развивањето на болести, рече Јулија.

Во студијата беа вклучени 19 жени и 28 мажи. 

 


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 24.Февруари.2010 во 21:38

Вечната дилема ........човекот месојадец ???   да или не ???не%20знам

Уште од ренесансата, стручњаците по анатомија го споредувале животинскиот систем за варење со човечкиот. Кој вид на цицачи е најблизок до човечкото суштество? Тревопасните или месојадците?размислување

Ајј да ги видиме основните карактеристики на системот за варење кај човекот и животните........губитник

Заби
Месојадци: истакнатите очњаци го сечат и кинат месото скоро без џвакање.

Тревопасни: многу развиените катници овозможуваат дробење на храната и нејзино претворање во каша.

Човек: очниците се мали, се разликуваат од очниците на месојадните животни. Катниците повеќе наликуваат на катниците на тревопасните, во состојба се да ги соџвакаат и иситнат растителните влакна и житарките.

Вилици
Месојадци: можат да се придвижуваат само горе - доле со што се овозможува кинење на храната.

Тревопасни: овозможуваат и странични движења, за да храната би се иситнила и натопила со плунка.

Човек: ги остварува сите движења, слично на вилиците на тревопасните животни.

Плунка
Месојадци: има мала pH вредност (киселост) , потребна за варење на протеините од месото.

Тревопасни: имаат голема pH вредност ( базност) која овозможува подобро варење на јаглените хидрати.

Човек: плунката му е алкална (базна) како кај тревопасните. Освен тоа, содржи амилази, птиалини, ензими кои го почнуваат варењето на скробот, и кои се наоѓаат само во производите од растително потекло. Плунката е потполно прилагодена за исхрана од растително потекло...

Систем за варење
Месојадци: нивниот систем за варење е пократок отколку оној на тревопасните. Тоа значи, дека месото мора да биде сварено и елиминирано, зошто неговото разложување и гниење во цревата би предизвикало штетни супстанции кои би ги отруле животните.

Тревопасни: имаат долг систем за дигестија, кој овозможува релативно спор премин на производите (до три дена). На растителните производи им е повеќе време за варење, но не гнијат во цревата и не преизвикуваат отровни супстанции.

Човек: пропорционални подолги црева отколку кај месојадците, но не и толку долги како цревата кај тревопасните. Поради тоа можат да јадат месо, но при тоа може да дојде до гниење, посебно во случај на затвор или бавно поминување низ цревата. Се ослободуваат од отровните супстанции (кадаверин, индол, скатол,..) кои поминуваат во крвотокот и предизвикуваат мигрена, алергија, посип и др.

Човекот има најголема способност за прилагодување, па може да се каже дека човекот е анатомски и физиолошки создаден да биде вегетеријанец, иако има можност на прилагодување кон мешовита храна....да



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Февруари.2010 во 15:23
Совети за термичка обработка на храната

Начинот на кој се приготвува храната игра огромна улога во зачувувањето на хранливите состојки што ги содржат продуктите. При неправилно приготвување продуктите се уништуваат, ја губат сварливоста и самиот состав, особено витамините, минералните соли и белковините. Значи не е доволно храната да се подготвува според потребите и возраста на детето, туку таа треба да се обработува така што ќе се зачуваат сите хранливи состојки кои се наоѓаат во производите.

Неколку општи работи кои треба да ги знаете

1. Млекото никогаш не треба да го варите двапати. Мастите (маслата) мора да се заштитат од дејството на светлината и воздухот. Се препорачува чување во порцелански или стаклен сад кој треба да биде покриен.


2. Месото и рибата се мијат со студена вода непосредно пред приготвување. Не треба да се оставаат долго да стојат во вода бидејќи губат дел од белковините и минералните соли.

Ако сакате силен бујон, местото треба да се исечка на ситни делови и да се стави во сад со студена вода, а потоа постепено се вари три до четири часа.

Ако сакате сочно и вкусно месо, тогаш треба да го ставите во зовриена вода. При тоа се создава тенка кора која ги задржува соковите, белковините и минералните соли за да не можат да се одвојат од месото.

3. Зрнестата храна ( како на пример ориз, овес и слично ) се натопуваат во студена вода и во истата се вари се додека зрната не омекнат. На тој начин белковините преминуваат во водата. Обратно, ако сакате да ги зачувате белковините (кога се приготвуваат каши ) тогаш зрната ставете ги во врела вода. Кога зрното се подготвува за каша, се вари додека не омекне потполно.(гриз 5-10 минути; ориз и пченично зрно 40-60 минути; овес 1-1,5 час ).

Млекото се додава откако ќе се свари зрното и се враќа на оган да проврие само еднаш. Истовремено со млекото се додаваат шеќер или сол. Кога кашата ќе се тргне од шпоретот се става путер и добро се меша.

4. Зеленчукот пред приготвувањето треба добро да се измие. Се сече непосредно пред подготвувањето на оброкот. Се залева со зовриена вода и се вари во потполно затворен сад. Во водата во која се вари зеленчукот преминуваат многу хранливи материи, па затоа е најдобро таа вода да се користи при приготвувањето на оброкот. Зеленчукот се пасира додека е топол, а потоа уште еднаш се става на оган, но не да вари, туку само да се појави пареа.

Супите од зеленчук мора да се искористат најдоцна 1,5 час после приготвувањето.

5 При варењето на компирот треба да се знае дека не смее да се употребува железен лонец, а емајлираниот не смее да биде оштетен од внатрешната страна. Компирот се вари во потполно затворен сад со малку вода која треба да испари кон крајот на варењето.

 Треба да се вари неизлупен бидејќи лушпата ги зачувува минералните соли, витамините и белковините. И оваа вода може да се користи за приготвување оброци.





-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 17:33
Препаратот за слабеење зелено кафе – забранет за употреба

 Производот зелено кафе  пакуван во кесички е храна за  посебна нутритивна употреба и лабараториски е верифицирано дека во себе ја содржи синтетската супстанца сибутрамин. Препаратот наменет за губење на телесната тежина е небезбеден согласно Законот за безбедноста на храната и Правилникот за видовите на храна, соопшти Дирекцијата за храна при Министерството за здравство.

Поради присуството на оваа супстанца, која не била означена во производната спецификација од страна на производителот,  препаратот зелено кафе во кесички наменет за губење на телесната тежина е небезбеден согласно Законот за безбедноста на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната и Правилникот за видовите на храна за посебна нутритивна употреба и за дозволените нивоа на дневно внесување на витамини и минерали, се вели во соопштението од Дирекцијата.

Од страна на Дирекција за храна, овој производ, е забранет за промет и во текот на денешниот ден сите дистрибуирани количини во аптеките во Република Македонија ќе бидат повлечени под надзор на државните инспектори за храна. Препаратот ќе биде вратен на производителот или ако не постои можност ќе се поништи во депонијата Дрисла со негово спалување  во инцелератор.



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 20:59

Кафето%20ги%20намалува%20градите%20кај%20женитеКонсумирањето поголемо количество кафе влијае на намалување на обемот на градите, покажаа резултатите на едно шведско истражување. Според истражувањето со кое биле опфатени 270 жени, најпогодени од кафето се припадничките на понежниот пол со средна телесна тежина, кои имаат поголеми гради и повеќе млечни жлезди, како и тие со мутација на генот CYP1A2. Кај нив се доволни само три шолји кафе дневно за да им се смалат градите, вели Хелена Јернстром од Универзитетот во шведскиот град Линд. Таа, сепак, им порачува на жените на кои кафето им е секојдневен редовен ритуал да не се вознимируваат премногу бидејќи градите нема да им се смалат преку ноќ ниту целосно ќе им исчезнат............плазење
   



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 09:50
Грам сол би спречил голем број смртни случаи

Кога луѓето би јаделе еден грам сол помалку, едно овошје или зеленчук повеќе и би консумирале помалку заситени масти, бројот на смртни случаи би се намалил за повеќе од 40 отсто.

Новата идеја за исхрана гласи „помалку е повеќе“. Направете мала промена во дневната исхрана и ќе почувствувате големо влијание врз здравјето, вели новата студија.

Британските научници тврдат дека годишно можат да се спасат 20.000 луѓе само во нивната земја ако луѓето јадат еден грам сом помалку, а консумираат едно овошје или зеленчук повеќе. Тие препорачуваат луѓето да ги исфрлат заситените масти од својата исхрана и да ги заменат со маслиновото масло.

Срцевите болести и мозочните удари се најчест причинител за смрт во Британија, а симптомите кои доведуваат до нив најчесто се бараат во исхраната и начинот на живот.

Претерано солената храна го зголемува крвниот притисок, а заситените масти особено трансмасните киселини кои најчесто се наоѓаат во маргаринот и во производите кои ги содржат овие индустриски преработки на билни масти можат да ги оштетат крвните жили и да го зголемат ризикот од појава на згрутчување на крвта која може да доведе до срцев или мозочен удар.

Научниците тврдат дека зголеменото консумирање на овошјето и зеленчукот може да доведе до 31 отсто намалување на ризикот од прерана смрт. Што се однесува до заситените масти, лекарите не препорачуваат консумирање повеќе од 30 грама за мажи, 20 грама за жени и 5 грама за деца. Возрасните луѓе во развиените земји дневно јадат и дупло поголема количина.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Март.2010 во 14:04
Потврден е фактот дека многу видови на зеленчук делуваат против појава на ракот и  делуваат врз канцерогените клетки.
Научниците ги открија активните компоненти и нивната заштитна улога од различни видови на рак.

Состојките откриени во брокулата се ефикасни во стопирање развој на канцерогените клетки кај ракот на дојката. Во зеленчукот како што е брокулата, зелката и карфиолот откриена е состојката сулфоарафан (SUL) која може да ги блокира завршните процеси на канцерогениот процес со прекинување на компонентите на ќелиите наречени микротубулуси.

Оваа материја може да го блокира развојот на делењето на  клетките на ракот на дојката кои веќе се канцорогени. Еден час по конзумирањето SUL ги блокира клетките и ги прекинува микротубулите кои се долги, тенки цилиндри составени од протеинот тубулин кој има основна улога во дуплирање на хромозомите во текот на делбата на клетките.


Зеленчук со силно анти-канцерогено дејство

Лукот - сумпорните соединенија му даваат силен мирис и вкус кои штитат од рак неутрализирајќи ги канцерогените клетки  и го забавуваат растењето на ќелиите на туморот. Со едно истражување е утврдено дека жените кои јадат лук еднаш неделно имаат помал ризик од појава на рак на дојката.

Мешункастото растение -  сите видови се богати со инхибиторен протез, состојка која ги отежнува ќелиите од ракот да извршат инвазија на соседните ткива.


Доматот - содржи витамин Ц и флавонид ликопен кој му дава црвена боја, а има заштитна улога против рак на белодробните крила, цервикс, рак на простатата и устата.

Спанаќот - е добар извор на Ц витамин и бета каротен како што е фолната киселина. Во многу научни испитувања е потврдено дека луѓето кои два пати неделно јадат спанаќ ретко заболуваат од рак на белите дробови и рак на дојката.

Исто така и зелката, сојата, морковот, целерот, џумбурот, магданосот, кромидот,ланеното семе, карфиолот и црвената пиперка.

Начинот на подготовка на зеленчукот е многу важен. Спрема новите истражувања со варењето се губи поголем дел од анти-канцерогените материи, додека со варењето на пареа или подготвување во микровална не се губат состојките. Исто така не треба да се замрзнуваат во фрижидер за длабоко замрзнување, бидејќи се губат анти-канцерогените материи.


Сок со анти-канцерогено дејство (рецепт)

1 цвекло
2 ротквица
3 главици брокула
1 морков
1/2 домат
Ако сокот ви е премногу блуткав може да исцедите еден лимон или да ја зголемите количината на целер



-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 23:22
Овесна%20каша

Овесна каша

Иако овесната каша не е највкусната храна што некогаш сте ја јаделе, таа е многу корисна, затоа што содржи многу хранливи материи. Најдобро е да ја јадете кашата без да додавате шеќер или други зачини.Овесната каша ве држи сити подолго време и го регулира нивото на инсулин во телото, а со тоа го спречува складирањето на мастите. Ја зголемува енергијата и го намалува холестеролот.Таа помага и во заштитата од рак на дебелото црево и срцеви заболувања.............губитник



-------------


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 20.Март.2010 во 00:10
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

<table width="100%" cellpadding="0" cellspacing="0"><t><tr><td valign="top" width="100%"><table width="447" cellpadding="0" cellspacing="0" height="7"><t><tr><td>
                    </td>
              </tr>
                                                                       </t></table>               
               
Кафето%20ги%20намалува%20градите%20кај%20женитеКонсумирањето
поголемо количество кафе влијае на намалување на обемот на градите,

покажаа резултатите на едно шведско истражување. Според истражувањето
со кое биле опфатени 270 жени, најпогодени од кафето се припадничките
на понежниот пол со средна телесна тежина, кои имаат поголеми гради и
повеќе млечни жлезди, како и тие со мутација на генот CYP1A2. Кај нив
се доволни само три шолји кафе дневно за да им се смалат градите, вели
Хелена Јернстром од Универзитетот во шведскиот град Линд. Таа, сепак,
им порачува на жените на кои кафето им е секојдневен редовен ритуал да
не се вознимируваат премногу бидејќи градите нема да им се смалат преку
ноќ ниту целосно ќе им исчезнат............плазење
                               </td>
            <td valign="top" width="12" align="top">   </td>
            <td valign="top" width="82" align="top">
               

               <table align="right" cellpadding="0" cellspacing="5">
                               
                               
                               
                               
               
                               
                         
            </table>
               

               </td>
          </tr>
        </t></table>
          
<table width="100%" cellpadding="0" cellspacing="0">
          </table>
          


Za site sto sakaat poseriozno da se informiraat za ovaa istrazuvanje i da doznaat za sto e i kako e sprovedeno istrazuvanjeto http://www.nature.com/bjc/journal/v99/n9/full/6604687a.html - OVDE . Inaku stvarno zabavno zvuci 'ne pijte kafe da ne vi se smalat gradite'...cccc...zolta stampa

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2010 во 13:27
Седум супер продукти за совршено здравје

Сакате да уживате во долг и здрав живот? Нема проблем! Дејвид Зинченко, автор на книгата „Eat This, Not That“ има неколку добри предлози за оние кои сакаат да го подобрат квалитетот на животот.

Здравата исхрана не е важна само поради витката линија и доброто чувство, туку и поради здравјето на организмот. Богата со антиоксиданси, минерали и витамини, здравата храна е клуч на среќниот живот.

Јогурт

Јогуртот е многу добра помош во зајакнување на имунолошкиот систем на организмот. Освен тоа, јогуртот го штити организмот и од настанување на карцином. Некои јогурти во себе содржат пробиотици кои се успешни во борбата со различни бактерии во телото. Јогуртот најдобро е да го јадете со овошје или мед. Добар е за појадок, но можете да го консумирате и во било која друга доба од денот.

Домат

Доматите се одлучен антиоксиданс. Одлични се во спречувањето на различни видиви на болести, вклучувајќи и карцином на белите дробови, простатата, кожата и желудникот. Доматот содржи ликопен кој му помага на човечкото тело и го зајакнува здравјето. Освен во доматот, антиоксиданси има и во лубениците, грејпфрутот, папајата и гуавата. Зинченко советува редовно да се консумираат домати во било кој облик, вклучувајќи и сос.

Орев

Оревот изобилува со масни киселини омега 3 и полифеноли кои ги спречуваат воспалителните процеси во телото. Често кога се зборува за здрава храна, оревот го забораваат, но тој е особено здрав продукт кој би било добро да го консумирате секојдневно. Освен оревот, за здрав живот се советува да се консумираат бадеми и лешници.

Спанаќ

Благодарение на своите здрави состојки, спанаќот го штити здравјето на срцето, мозокот и коските. Тој е магичен зеленчук кој го подобрува протокот на крвта и често се препорачува кај луѓе кои имаат импотенција. Спанаќот треба да се јаде секојдневно, било да е зготвен, било да е послужен како салата. Како замена за спанаќот може да послужи зелената салата , блитвата и кељот.

Зоб

Зобот е исклучително здрава храна, која го намалува ризикот од срцев удар. Од античко време бил познат како житарка која придонесува за подобро здравје, а денес е признат и од модерната медицина. Зобот денес доаѓа во многу облици, а најпопуларни се зобните лушпи, кои се исклучително здрав појадок.

Морков

Морковот изобилува со каротен кој е одличен за намалување на ризикот од различни видови карцином, а помага и кај астмата и ревматскиот артритис. Морковот е зеленчук кој треба да се консумира секој ден. Добар е и свеж, но може да се јаде и во салати, но и варен.

Боровинка

Боровинката е овошје што може да се пофали си највисок износ на антиоксиданси. Таа е силна во борбата против рак, дијабетес и деменција. Боровинката е богата со витамин А и Ц кои придонесуваат за кардиоваскуларно здравје. Бројни светски научници препорачуваат што почесто да се консумира боровинката.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 15:36
Сопствениците на рестораните во Дубаи биле известени од градската управа дека во подготвувањата на јадењата нема да можат да употребуваат алкохол, објавил тамошниот весник „Д Нешнл„.

Забраната била воведена дури во 2003 година, но властите дури сега одлучиле строго да го применат овој закон, после тужбите на муслиманите кои не знаеле дека рестораните послужуваат јадења во кои алкохолот е една од состојките.

Според натписите на весникот повеќе сопственици на рестораните не се сложуваат со одлуката, тврдејќи дека поради оваа одлука нивните јадења ќе ги изгубат специфичните вкусови.


Одлуката на властите во Дубаи не се однесува на алкохолот што и понатаму се послужува по рестораните и хотелите што имаат посебни дозволи, наведува „Д Нешнл„



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Март.2010 во 11:25
Сосовите за скара добри за здравјето

Сосовите за скара може да бидат добри за вашето здравје, открија научниците. Студија која ја изработи тим на биолози откри дека популарните сосови содржат спектар на мириси, овошје и зеленчук кои содржат природни антиоксиданси.

Тоа се хемиски соединенија, кои се борат со болестите поврзани со староста, како што се рак, срцевите проблеми, мозочните удари, алцхајмеровата болест, артритисот и катарактот.

Антиоксидансите се познати во борбата против штетните молекули наречени слободни радикали кои му штетат на организмот.

Студијата, која што ја спроведоа научниците од Универзитетот во Западен Онтарио во Канада, открија дека скара сосовите се преполни со здрави состојки кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем на луѓето.

- Билките и зачините се одличен извор на антиоксиданси, а тие особено ги има во сосовите кои се користат во храната, изјави Др. Рејмонд, лидер на истражувачкиот тим.

Научниците при истражувањето пронашле голема количина на антиоксиданси во седум сосови.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 08:31
Појадок од сланина, колбаси и јајца за виткост и здравје

Сланина, колбаси, јајца, печурки, домати и пудинг. Ако ова сте одбрале да појадувате, тогаш вие сте го одбрале најздравиот можен начин за започнување на денот, тврдат научниците.

Обилниот и калоричен појадок е корисен за здравјето, откриваат научниците. Јајцата и останатите горенаведени производи се подобар појадок од житарките и овошјето. Ова е револуционерно откритие, бидејќи до сега сите студии покажаа дека висококалоричниот појадок беше оценет како штетен по здравјето.

Меѓутоа, ваквиот обилен појадок го подготвува организмот за остатокот од денот и така му помага во согорувањето на калориите. Разните житарки тоа не можат да го направат бидејќи не се доволно енергетски моќни.

Сепак, бидете внимателни. Такво обично јадење е само за појадок, напомнуваат научниците. По таква утринска гозба, треба да следи средно обилен ручек и многу лесна вечера.

Ова се интересни резултати добиени од голема анкета која ги опфати прехранбените навики. Со ова уште еднаш се покажа дека појадокот навистина е најважен оброк во денот и неговото избегнување може да предизвика здравствени проблеми, но и проблеми со дебелината.



-------------


Постирано од: Gjuro Salaj
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 17:58
Originally posted by емил емил напиша:

На самото кесе пишува во каква температура се готви таков помфрит.
 

Се пржи пи 180-200 степени во предварително загреjана фритеза со мазнина(олио) ,за около 3-5 минути.

 

А на прашанjето како се приготвуват-неможеш во домашни условиja да си ги приготвиш Бионсе.

 

Прво се селектираат специални сортови помфрит.После минуват преку машина што ги лjупи.После тоа друга машина ги реше во познатата форма.Чак после тоа се пржат во специална мазнина за кратко време.Се чека да се оладат и тогаш веке ги спакуват за нашата трапеза.  

 

Колку позамрзнат го туриш помфритот во загреjаната мазнина ,толку по квалитетен помфрит ке jадеш.


Постирано од: Gjuro Salaj
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 17:59
NE SE ODMRZNUVA TUKU VEDNAS SE PRZI !


Постирано од: Gjuro Salaj
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 18:03
SE STAVA VO VEKE ZAGREANO MASLO I NE SE RAZMRZNUVA TUKU SE STAVA TAKOV KAKOV E !


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 23:23
Dobro e Gjuro , primeno na znaenje...ne ljuti odma...

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: nema_nick
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 19:19
JAS SE ZNAM A TI AKO SAKAS UCI AKO NEJCES NE UCI NOGU GAJLE голема%20насмевка

-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 01:36
..јас  знам да правам  сарма.....голема%20насмевка
 


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Мај.2010 во 19:53
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/54/Tobacco_field_cuba1.jpg
.....Од листот на тутунот се екстрахирани протеини како основа за храна на космонаутите за долг престој во космосот....
како и храна за врвни спортисти.....
малку е познато дека од тутунот може да се добие и висококвалитетен мед...да

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Јуни.2010 во 04:12
Од малината се користат добро развиените листови и зрелите плодови.

Листот не е доволно хемиски проучен. Тој содржи витамин Ц и Е, а исто така и флавоноиди.

Во плодот се наоѓа повеќе состојќи од издвојуваат шеќерите (глукоза, фруктоза и сахароза), органски киселини (јаболкова, лимонска, салицална, елагинска и др.), танински материи, витамини Ц и Е.

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Јуни.2010 во 17:51

Исхрана по хороскопски знак


http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/FC4614BA595BEC42A20FB7CB7E3FAAB2.jpg


ОВЕН
Еуфоричен водач. Својот жесток темперамент може да го смири со лесна храна, пред сѐ зеленчук, малку месо, без жесток алкохол и цигари.
Зелениот и црвениот зеленчук, спанаќот, зелката, рдоквата и цвеклото се некои од зеленчуците кои задолжително би требало да ги внесе во секојдневната исхрана, поради тоа што содржат железо кое на потенцијално анемичниот овен му е повеќе од потребно. За таа цел, треба да консумира црвено овошје, како што се црешата, вишната и рибизлата.
За смирување на напнатоста добро е да консумира и сино и модро овошје: модри сливи или црно грозје.


БИК
Со меланхоличен темперамент, но секогаш со добро здравје, бикот сака мирен и удобен живот. Има голем апетит, ја сака храната, дури понекогаш е и стрвен. Го сака и алкохолот, особено фините пијалаци.
Ја обожува кујната и знае да готви, па ве советуваме слободно да седнете на трпезата која ја подготвил некој бик. Поради тоа што се склони кон дебелеење, особено на постари години, важно е на време да го ограничат својот апетит.
На биковите особено им одговара синото овошје како сливите, капините и останатите шумски плодови, како и грозјето. Корисно е да јадат и грав, компири, ориз и пилешки стек.


БЛИЗНАЦИ
Покрај својата непостојаност, многу се симпатични, витални, младолики и полни со енергија. Припадниците на овој знак се секогаш во тек со времето, па можеби и затоа се спремни да ги прифатат сите трендови во исхраната: макробиотика, вегетаријанство или некоја нутритивна новост.
Го сакаат готвењето, новите јадења и рецепти, но во поглед на храната се многу избирливи. Не сакаат долго седење на маса, па затоа и консумираат помали оброци кои повеќе личат на коктел мезе. Особено ги привлекува егзотичната кујна на азиските земји.
Најмногу треба да јадат зеленчук и овошје со индиго боја - грозје, капини, темни цреши, домат. Особено е добро да се дружат со салати со мешан зеленчук.
Пушењето им е строго забрането, а сиестата во попладневните часови е задолжителна.


РАК
Сензибилниот рак го сака домашното огниште, колачите и другите слатки работи со кои компензира за љубовните и животните проблеми.
Во поглед на храната не е многу избирлив, јаде буквално сѐ. Но, поради осетливиот желудник треба да внимава на алкохолот, а лутата храна треба да заборави дека постои.
Треба да јаде ракчиња, школки и останати скапоцености на морето. Од зеленчукот и овошјето му се препорачува она со жолта кора: компир, тиква, банана, ананас, круши, грејпфрут, лимон.


ЛАВ
Од животот го сака најдоброто, затоа што смета дека му припаѓа по раѓање и поради тоа троши многу пари на животните задоволства, вклучително и на храна.
Кога е седнат покрај маса, многу избира. Бара и го цени квалитетот повеќе од било кој друг знак. Својата исхрана треба да ја организира во зависност од тоа дали има проблеми со крвниот притисок. Ова особено се однесува на кафето и цигарите. Бидејќи негова боја е златната, сака необични видови леб и печива. За неговата исхрана хлорофилот е особено значаен, па треба да јаде кељ, зелка, цикорија. Од зачините и тревките може да консумира копар и магдонос. За да има енергија, мора да јаде храна која содржи витамин Ц и Е. Мешунките, јајцата и рибата треба да ја красат неговата трпеза.


ДЕВИЦА
Прецизната девица ја мери до грам секоја храна која е дел од дневниот оброк. Поради осетливиот дигестивен систем не смее да консумира одеднаш поголема количина на храна и треба да го избегнува жестокиот алкохол. Токму поради проблемите со дигестивниот систем, најголем дел од вегетаријанците се во знак на девица.
Зелен зеленчук како спанаќ, марула, младо кромитче и лукче, штавел и брокула мора да биде дел од нејзината исхрана. И треба многу железо и калиум. Затоа би требало да јаде овес, тиквички, калинки и јаболка.


ВАГА
Најкарактеристично за вагата е што со лошата исхрана го нарушува своето добро здравје. Затоа, припадниците на овој знак треба да избегнуваат црн пипер, црно кафе, чоколадо, бел шеќер и многу сол. Подобро е да консумираат морска сол и мед наместо бел шеќер.
Од останатите видови храна им одговараат ориз, зелена салата, краставица, рибизли и брусници. За да ја одржат рамнотежата на организмот и витамините, треба да јадат риба, јаткасти плодови и смокви. Портокаловите овошја како манго, јапонско јаболко, кајсија и мандарина треба да бидат редовно во нивната чинија.


СКОРПИЈА
Жестоката скорпија сака пикантна храна, претерува во сѐ, па дури и во пиењето. На скорпиите строго им се препорачува да јадат храна која содржи калциум, натриум и железо. Овие елементи ги има во џигерот, месото со малку маснотии (како говедско), аспарагус или најразлични цереалии. Кога го готват месото, пожелно е да додадат босилек или коприва.
Се препорачува од овошјата да јадат грозје, капини, модри сливи, тиква, банана, ананас, круша и лимон. Додека од зеленчукот компир, зелена пиперка и домат. И млекото е многу корисно за припадниците на овој знак.


СТРЕЛЕЦ
Безгрижниот стрелец може да пати од вишок килограми, а особено се дебели околу бедрата и колковите.
Овој хороскопски знак ужива во храната, па затоа секогаш им е тешко кога мора да прават диета. Потребна им е храна со силициум и калциум хлорид, кои ги има во зелените јадења како што се нане, магдонос, целер и аспарагус. Микс од нане и мед е одличен лек за припадниците на овој знак кои патат од нервози.
Мешункастите плодови и зеленчукот мора да се составен дел од нивната исхрана, а можат да ја збогатат и со цвекло, виолетова зелка и кромид и бобинки.


ЈАРЕЦ
Многу е скромен во своите барања, како во поглед на начинот на живеење така и во поглед на храната. Не пие црно кафе и фини пијалаци, а ретко ќе го видите да јаде по ресторани.
Зеленчукот, макароните и млекото се многу корисни за нив. Најважниот елемент за нивниот организам е калциумот. Иако не пати од вишок килограми, сепак треба да консумира храна со помалку маснотии и затоа најдобро за него е да јаде бела храна (млеко, сирење и пилешко месо). Од овошјето треба да јаде малини, јагоди, цреши и црвено грозје. Од зелената храна магдонос и целер, а рдоквата мора да ја има во чинија.


ВОДОЛИЈА
Водолијата е најголем поборник за вегетаријанска и макробиотичка кујна, поради тоа што не сака животните да патат поради неа.
Припадниците на овој знак поседуваат ментална енергија, но со физичката секогаш имаат проблем. Затоа им е потребно многу одмор, сон, уреден животен ритам и правилна исхрана. Особено значајни извори на храна за нив се лимони, какао, соја и кикиритки. Овие производи содржат доволно магнезиум и натриум кои се мошне значајни за секој припадник на воздушен знак.
Јадењата со зелка се особено важни за нив затоа што ја намалуваат главоболката, која е карактеристична за припадниците на овој знак. Од зачините морска сол, како и сите зеленчуци и овошја освен киселите по вкус.

РИБИ
Ова секако е најкомплексниот знак во зодијакот. Рибата знае да побегне од секојдневните проблеми во светот на храната, па затоа многу претставници на овој знак се дебели луѓе.
На нивниот организам му се потребни калиумот и железото, а особено јодот. Сите овие елементи се наоѓаат во бадемите, калинките, морската храна и рдоквата.
На рибите им одговараат јадења со витамините Ц, Д и Е, за да ја одржат рамнотежата на витамините во организмот.
За да ја збогатат својата исхрана може да јадат свеж и варен зеленчук и овошје со индиго или модра боја како што се сливи, грозје и капини.


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 00:23
 
...Не знаев ..ама еве  научив ....голема%20насмевка
 
ДЕВИЦА
Прецизната девица ја мери до грам секоја храна која е дел од дневниот оброк. Поради осетливиот дигестивен систем не смее да консумира одеднаш поголема количина на храна и треба да го избегнува жестокиот алкохол. Токму поради проблемите со дигестивниот систем, најголем дел од вегетаријанците се во знак на девица.
Зелен зеленчук како спанаќ, марула, младо кромитче и лукче, штавел и брокула мора да биде дел од нејзината исхрана. И треба многу железо и калиум. Затоа би требало да јаде овес, тиквички, калинки и јаболка.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 20:45

Со исхрана против прекумерното потење

Се препорачува да се јаде чиста, свежа храна и многу зеленчук, на пример, неварена храна со сосови од оцет, масло, сенф и разни зачини. Покрај тоа, препорачливо е дневно да се испие еден литар чај од жалфија, зашто таа билка ја намалува работата на жлездите за потење. Потењето се намалува, како што е докажано и со редовно пиење на две лажици јаболков оцет во една чаша вода. Притоа, секако треба да се ограничи потрошувачката на кафе, алкохол, сол и лути зачини, како и храна богата со белковини. Врз намалувањето на потењето, исто така, дејствува и ацетисалната киселина. Во овие жешки денови не е препорачливо да се пијат екстремно ладни или топли напивки.



-------------


Постирано од: Феникс
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 21:16
РИБИ
Ова секако е најкомплексниот знак во зодијакот. Рибата знае да побегне од секојдневните проблеми во светот на храната, па затоа многу претставници на овој знак се дебели луѓе.
На нивниот организам му се потребни калиумот и железото, а особено јодот. Сите овие елементи се наоѓаат во бадемите, калинките, морската храна и рдоквата.
На рибите им одговараат јадења со витамините Ц, Д и Е, за да ја одржат рамнотежата на витамините во организмот.
За да ја збогатат својата исхрана може да јадат свеж и варен зеленчук и овошје со индиго или модра боја како што се сливи, грозје и капини.
Em kompleksna ,em debela sumизненадување


-------------
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 21:20
како само лажат ..... па то чудо једно ..........
 
 
СТРЕЛЕЦ
Безгрижниот стрелец може да пати од вишок килограми, а особено се дебели околу бедрата и колковите.
Овој хороскопски знак ужива во храната, па затоа секогаш им е тешко кога мора да прават диета. Потребна им е храна со силициум и калциум хлорид, кои ги има во зелените јадења како што се нане, магдонос, целер и аспарагус. Микс од нане и мед е одличен лек за припадниците на овој знак кои патат од нервози.
Мешункастите плодови и зеленчукот мора да се составен дел од нивната исхрана, а можат да ја збогатат и со цвекло, виолетова зелка и кромид и бобинки.


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Јули.2010 во 13:08

Сè што не знаевте за пуканките

Пуканките се едни од најпопуларните грицки насекаде во светот. Одлично се комбинираат во друштво, на кино, во природа, дома пред телевизор… Но, повеќето од нас сигурно не слушнале за следните занимливости кои се однесуваат на овој пченкарен производ.

• Во една пештера во Мексико, пронајдени се испукани зрна пченка стари преку 5.000 години;
• Се верува дека индијанското племе Вампаноаг им ги подариле пуканките на колонистите и оттогаш се прошириле насекаде;
• Индијанците верувале дека во секое зрно пченка живее дух. Затоа, кога ќе се загреело зрното, тоа почнувало да скока и да пука, бидејќи духот сакал да излезе од врелиот дом;
• Првата машина за производство на пуканки ја направил Чарлс Криторс во 1885 година. Фабриката работи и ден денес;
• Во кино, пуканките се продаваат од 1912 година. Понекогаш приходот од нив е поголем отколку приходот од влезниците;
• Пуканките пукаат бидејќи зрното содржи влага. Кога се загрева, водата се претвора во пареа. Но, лушпата не пропушта вода и поради тоа пареата не може да излезе. Притисокот расте и некаде на температура од 175 степени – пукаат;
• Американците годишно јадат толку пуканки, што може да ја наполнат Емпајр Стејт Билдинг 18 пати;
• Најголемата пуканка која е направена, имала дијаметар од 3,6 метри. 



-------------


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 23:49
Авокадото (мрсно тропско овошје) најчесто се продава зелено(на пр. во ВЕРО супермаркетите). Зрелото авокадо пак има темно, накај црна боја и е меко. Ако сте го купиле зелено, замотајте го во хартија и оставете го на собна температура неколку дена и ќе си созрее.

Од авокадото можат да се подготват вкусни слатки напивки(милк-шејк) или крем супи, само треба да знаете со што да го комбинирате.


Зелено и зрело авокадо


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 13:05

Малините незаменливи во диеталната исхрана

Малините се мошне ценето овошје поради пријатниот, ароматичен и освежителен вкус и мирис, и тоа како десертно овошје и како мошне важна суровина за приготвување на сирупи, овошни сокови, освежителни напивки, слатко, желеа...
Нивната хранливост ја сочинуваат околу осум отсто овошни шеќери, еден отсто белковини и околу 0,6 отсто масти. Поради тоа што содржи лимонска, јаболкова и други овошни киселини, малините имаат диететски и лековити својства.
Според содржината на витамините, малината е посиромашна од другите овошја: во 100 грама има 13-20 милиграми витамин Ц, зависно од сортата, а потоа и нешто витамини Б1, Б2, ПП и други. Содржи и значителни количества на калиум, калциум, фосфор, железо.
Поради соодветната разлика на шеќерите и киселините (8:1,6), малината е со освежителен вкус, а со оглед на малата содржина на белковините, има значително место во диеталната исхрана кај болните од бубрези и кај ревматичарите. Најдобро е да се јадат свежи, веднаш по берењето.



-------------


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 23:51
КИНОА....уште наречено мајка на житата

Најсветата храна на древните Инки на Јужна Америка била киноата, едно нежно, вкусно и полно со енергија растение, кое тие го нарекувале цхесиса мама - мајка на житата. Лисјата од растението киноа, кои за жал многу ретко стигнуваат до потрошувачите се многу слични на лисјата од спанаќот и се високо хранливи. Тие можат да се јадат свежи, во салата или зготвени. Семето е богато со протеини, целулозни влакна и е добар извор на аминокиселината лизин, како и другите есенцијални амино киселини.Киноата исто така е богата и со : протеини, железо, калциум, фосфор како и витамините Б и Е. Во исхраната на древните Инки киноата била главна замена за животински протеини. Исто така студиите показале дека додавањето на киноа во исхраната на бремена зена може да ја подобри секрецијата на млеко. Киноата има три пати повеќе калциум и двапати повеќе фосфор од пценицата. Киноата исто така содржи и албумен, протеин кој се наоѓа во белката на јајцето, во крвниот серум и во многу растителни и животински ткива. Семето е без глутенско и тоа ја прави киноата нутритивно богато и вкусно алтернативно жито за луѓе кои се чувствителни на глутен. Таа е лесна и вкусна за јадење и брза за дигестија. Покрај тоа нејзината подготовка трае само 15 минути, потполно исто како и другите житарици (ориз, пценица,..)

*Го има во различни бои...жолта, црвена, црна*




-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 16:16
Се за јајцата

Погрешно мислење: јајцата се висококалорични и придонесуваат за дебелеење.
Нутриционистите утврдиле дека тие се нискокалорични. Едно јајце со согорување дава само 70 калории.

И не само тоа, има и многу други позитивни особини: тоа е мошне штедар, а истовремено евтин извор на високо вредни протеини и исклучително богатство на витамин Б12 и минерали.

Негативности: повисока содржина на холестерол, јајцето е често причина за алергии предизвикани со исхрана, а може да пренесе салмонела ако недоволно се свари.

Квалитетот на протеини во јајцето е поголем од оние содржани во месото , затоа што содржи поголеми количества на аминокиселини, лизин и метионин. Овие аминокиселини се есенцијални (не можат да се синтетизираат во нашиот организам и мораат да се земат преку храна) и се основа за здрав и правилен развој.

Јајцата содржат бројни витамини. Најмногу се истакнуваат А, Б1, Б2, а посебно треба да се истакне Б12. Имено, витаминот Б12 е спој кој обезбедува правилно искористување на железото и правилно созревање на црвените крвни зрнца. Нужен е за нормален раст и иссхрана на сите станици.

Јајцето е продукт кој им се препорачува и на лица кои боледуваат од хронични болести на црниот дроб! Само оние кои патат од камен во желудникот мораат да го избегнуваат, зашто е докажано дека го поттикнува настанувањето на грчеви во подрачјето на жолчната кесичка. Многумина ги избегнуваат јајцата, мислејќи дека се тие продукт кој тешко се разградува и на некој начин го оптоварува варењето. Тоа е само делумно точно, зашто во многу зависи од начинот на подготвување. Во организмот најдобро се разградува јајце варено 6-7 мин., додека најдолго печеното.

Колку јајца можеме да изедеме пред холестеролот во жолчката да почне да претставува проблем за организмот? Истражувањата утврдиле дека сигурна граница е неделно да не се јадат повеќе од 4 јајца. Едно јајце тежи околу 55 грама и во него има околу 7 грама протеини и 6 грама масти. Од тие масти помалку од 2 грама се масни киселини. Една жолчка дава околу 270 милиграма холестерол, а во повеќето европски земји се препорачува конзумирање до 350 милиграма холестерол на ден.

Еве некои особено интересни нешта за јајцето :

-На кокошката и се потребни 24 до 26 часа за да создаде јајце. Кога ќе го снесе, веќе по 30-тина минути создава ново;

-На површината на лушпата од јајцето се наоѓаат околу 17.000 ситни пори низ кои јајцето може да впива мириси, па и вкусови;

-Јајцето повеќе созрева за само еден ден на собна температура, отколку за недела дена во фрижидер;

-Околу 240 милиони кокошки несилки снесуваат повеќе од 5 ипол милијарди јајца секоја година во САД;

-Јајце со бела лушпа несат кокошки со бели пердуви, додека јајце со кафеава несат кокошки со црвеникави или кафеави пердуви;

-Бојата на жолчката зависи од тоа со што кокошката се храни;

-Ретко се случува млада кокошка да снесе јајце без жолчка, но тоа е сепак можно;

-Сите кокошки понекогаш снесуваат и јајце со две жолчки;

-Кога ќе се свари јајце од пајка, белката станува синкаста, а жолчката- портокалова;

-На секои 20.000 јајца, во просек, едно е заразено од салмонела и поради тоа е опасно по здравјето на луѓето;

-Речиси стотина метри летало неварено јајце од кокошка, и тоа е светски рекорд во фрлање во далечина на кокошкини јајца кој е забележан во Гинисовата книга на рекорди;

-Белката ја сочинуваат 60% од тежината на јајцето.

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 18:03
Риба за вечера

Само еден рибји оброк неделно го намалува ризикот од болести. Стручњаците препорачуваат конзумирање риба два пати неделно; еден оброк би требало рибата да биде богата со масло: сардини или харинги поради омега-3 масните киселини. Исхраната со риба го продолжува животот за 3 години



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Август.2010 во 15:02
Месниот дел од плодот на тиквата, изобилува со бета-каротен и витамин Е - силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и способност за прочистување на организмот од одпадните материи. Тиквата е добар лаксатив, кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот.

Исто така тиквата се препорачува и за лечење на акните.

Богатството од природно избалансираните витамини и минерали во тиквата, придонесуваат за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Август.2010 во 15:06
Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето.

Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладта во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Август.2010 во 15:29
Модриот домат е голем извор на калиум, содржи 226 милиграми во 100 грама, што овозможува нормална размена на вода помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул.

Околу 92% од плодот на модриот домат е вода, така што калоричната вредност на 100 грама плод изнесува само 29 калории.

Најмногу содржи шеќери, околу 5,5%, а белковини 1,3%. Од витамините вреди да се спомене само витаминот Ц.

Од минералните материи, содржи многу калиум, фосфор и калциум, а помалку манган и железо.

Сокот од модриот домат може да ги спречи промените во клетките и на тој начин го спречува и создавањето тумори.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 23:48

Златно зрно за уживање

Се претпоставува дека Колумбо уште од своето прво патување во 1492 година донел семки од пченка, но требале речиси стотина години таа да се одомаќини во Европа.
Модерната технологија овозможи пченката, конечно, да влезе и во гурманските специјалитети, обликувајќи ја во инстант брашно, гриз, снегулки, зрна во конзерви или замрзната. Оваа последна варијанта можете и сами едноставно да ја подготвите: пченката во клавчиња кратко проварете ја во вриена вода, веднаш изладете ја со ладна вода, исушете ја добро, па замрзнете ја. Или, истружете ги зрната од варената пченка, па замрзнете ги.
Зрната од пченка можете да ги динстате на путер како прилог, да ги измешате во салати или со варен ориз. Или, поврзете ги пченкарните зрна и исцедена туна од конзерва со мајонез, јогурт и со сок од лимон. Ако во оваа комбинација додадете варен ориз или варени тестенини, исечкани пиперка, домати, тврдоварени јајца, маслинки и зачини, ќе добиете раскошни салати кои може да бидат и главно јадење.
Палентата кај нас сè уште се смета како храна за сиромашните, но Италијанците направиле вистински култ од пченкарното брашно. Во нивните гастрономски списанија, но и на масите во познатите ресторани, задолжително ќе најдете слатки и солени специјалитети од жолта, бела или интегрална палента.

* Лековитост

Исушената пченкарна свила се употребува како диуретик. Се користи против болести на мочните патишта, срцеви болести со појава на едеми, против гихт и ревматизам.
Ако пченкарната свила не е исушена во целост, тогаш се намалува излачувањето на мочта, а се забрзува и чистењето на организмот.

* Пченкарно брашно

Богатството на пченкарното брашно е во тоа што содржи витамин А, кој, инаку, воопшто го нема во пченичното брашно. Интересен е, на пример, и податокот дека во нашата земја се одгледуваат видови пченка кои се најквалитетни и дури имаат поголем процент белковини од другите, за 10 до 12 отсто.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 06:42

Грав и зелка за јаки вени

Во текот на летните горештини многумина се жалат на тешки нозе. Како продукти, на пример лубеницата, интегралните производи и лукот, може да ви помогнат да излезете на крај со тој проблем, советува виенскиот здравствен стручњак, професорот Хадемар Банкхофер. Специјалните активни супстанцу ги јакнат ѕидовите на вените и венските залистоци. За да може врзното ткиво на венските ѕидови да ја задржи затегнатоста и да остане еластично потребни се витамините Б6 и Б12, кои ги има во интегралните производи, во киселата зелка и во печурките. За да бидат вените јаки, мошне се важни и аминокиселините пролин и глицин. Нив ги има во рибата, производите од соја, гравот и грашокот. Важна улога игра и колагенот, кој влијае вените да останат млади. За да може нашиот организам да произведе колаген, потребен му е микроелементот цинк. Поради тоа, професорот Банкхофер советува да се јаде пченка, коренест зеленчук и мешунки. Исто така, витаминот Ц ги зацврстува вените, а го има во киселото овошје, магдоносот и во пиперките.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 17:20

Сувото овошје извор на витамини и на минерали

Сувото овошје, како што се: оревите, бадемите и индиските ореви, доволно заситува и содржи големо количество витамини и минерали. Сепак, не се препорачува да се консумираат повеќе од сто грама дневно, бидејќи овие видови овошје содржат многу калории, што може негативно да се одрази врз линијата.
СУШЕНИТЕ БАДЕМИ содржат: влакнести материи кои го помагаат варењето, потоа витамин Е, железо, калциум и цинк.
СУВИТЕ ОРЕВИ се богати со: јаглеродни хидрати кои даваат енергија, витамини Б6 и Ц, калиум и фолна киселина.
ИНДИСКИТЕ ОРЕВИ влијаат врз подобрување на расположението, бидејќи имаат многу витамин Б6, цинк, железо и калциум.




-------------


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 13:00
Најјакото пиво на светот има 6о% алкохолизненадувањеизненадување

Холандски производител победи на натпреварот во произведување на најјакото пиво на свет со новиот производ кој во себе содржи 60% алкохол.

"Овој производ не се пие како пиво, туку како коктел, во убава чаша за виски или коњак", кажа пиварот Јан Нијбоер за "Reuters".

Нијбоеровата пивара "t'Koelschip" ("Оладен брод"), го продава новото пиво со име "Ѕвезда на иднината" во шише од 0,3 литри за 35 евра. Нијебор изјавил дека го измислил новото пиво за да влезе во чекор со шкотските пивари кои исто така ги поместуваат границите со процентот на алкохол.

Неговиот претходен рекорд беше пивото "Oblix“,со 45% алкохол, а тргнато е од конк*ренција поради шкотското пиво кое има 55%. Тоа пиво наречено "Крај на историјата",го претстави малата пивара  "BrewDog".

Произведени се само 12 шишиња, а секое од нив е ставано во препарирани животни и продавани се за повеќе од 780 долари. "Ова стана мал натпревар",кажа Нијбоер. "Треба на тоа да гледаме како шега".




-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 23:08
Овошјето ги храни коските

Исхраната богата со калиум помага во заштитата од остеопороза, покажа американската студија која опфатила 60 жени во климактериум. Исхраната со висок процент на сол го извлекува калциумот од коските, а калиумот може да ја намали таа штета и да го запре забрзаниот процес на губење коскена маса. Затоа јадете овошје и зеленчук богати со калиум, пред се, банани, дињи, компири и домати.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 06:38
Пијалаци против стрес
 

Ако уморот и нервозата ве победат и преовладуваат во вашата моментална состојба наместо да посегнете по сокови и слатки напијте се нешто многу поефективно па освен што ќе се смиритеќе добиете и додатна енергија.

- Чаша млеко – содржи трипофан кој го надградува метаболизамот со серотонин и на тој начин дава чуство на задоволство и ментална опуштеност. Освен тоа млекото е богато со калциум, магнезиум и калиум што имаат моќ да го намалат крвниот притисок.

- Какао – топлите напитоци ја зголемуваат телесната температура а така и на мозокот му создаваат околина за опуштање.

- Црн чај – истражувањата на еден колеџ во Лондон докажале дека 4 шољи црн чај на дан во период од 6 недели го драстично го намалуваат кортизолот, кој е всушност хормон кој се лачи за време на стрес и предизвикува психички и физички потешкотии.

- Зелен чај – богат е со теанин кој ја зголемува способноста за учење и концентрација, ги смирува нервите и напнатоста, го симнува крвниот притисок и ги ублажува симптомите од ПМС .

- Чаша ладна вода – го стимулира ендофринот кои создава чуство на среќа и задоволство.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Октомври.2010 во 12:24

Компирот - рудник на енергија

Компирот е богат со глициди, супстанци кои на организмот брзо му обезбедуваат енергија, па на спортистите им се препорачува три часа пред тренингот да јадат компири за да избегнат хипогликемија и да го зголемат нивото на шеќер во крвта за време на засилениот физички напор. Компирот содржи и 22 минерали, пред се калиум, важен за правилна контракција на мускулите и работатата на срцето, железо и магнезиум, чии недостатоци предизвикуваат чувство на замор, а не е занемарлива ни содржината на целулоза која ја забрзува работатата на цревата.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Октомври.2010 во 16:59
Колку има кофеин во најчестите напивки?

* 150 мл какао - 2-6 мг
* 200 мл чај - 6-30 мг
* 125 мл зелен чај - 20-50 мг
* 200 мл кола напивки - 30-70 мг
* 50 мл еспресо кафе - 50-60 мг
* 125 мл филтер кафе - 60-100 мг
* 250 мл енергетска напивка - 80 мг



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 14:45

Совети од кујната

* Похуваните потврди домати можете да ги послужите како предјадење со сос од мајонез.
* Најдобри се младите тиквички кои имаат од светло до темнозелена боја, а должината на плодот е околу 15 сантиметри. Во тој стадиум светлозелениот месест дел од тиквичките цврсто е сраснат со семките.
* Кога додавате пире од домати во јадење со месо, на пример, во гулаш, направете го тоа кога месото веќе е омекнато, зашто киселоста на доматите го забавува омекнувањето на месото.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Ноември.2010 во 06:08

Информации за оризот

 
Оризот е стар околу 5,000 години, а за негова колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар е донесен во IV век п.н.е.

Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот.

Оризот е производ кој во текот на историјата има нахрането многу луѓе, повеќе од било која земјоделска култура.

Денес оризот успешно се одгледува во целиот свет, а највеќе во топлите предели на Азика, Африка и во Средна и Јужна Америка.  

Енергетска и нутрициона вредност на оризот

Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6% вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз.

Лековити својства

Оризот се вбројува во диеталните производи. Хранлив е и лесно се вари. Оризовиот скроб во устата помешан со плунката се претвора во шеќер, а во желудникот останува само два часа. За тоа време скоро целиот се разградува. Го регулира крвниот притисок, ја зголемува еластичноста на крвните садови, ја намалува нервозата, штити од артериосклероза, инфаркт, компликации за време на бременоста, а идеален е во исхраната на бубрежно болните личности. Се користи и како храна за бебињата.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Ноември.2010 во 06:29

Целерот секогаш е здрав

Сеедно како го подготвувате - како составен дел од зеленчукот за супа или исечен и пржен заедно со шницли или можеби рендан како салата - целерот секогаш е здрав. Покрај етерските масла што неговиот вкус го прават толку неодолив, содржи и многу железо (за анемичните) и витамин Е (за подмладување).



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 06:32
Сокот од каки го јакне имунитетот

Каки, национално јапонско овошје, е мошне слатко и дава енергија. Под портокаловата лушпа се наоѓа огромно количество бета-каротин. Откако ќе созрее, какито е релативно меко и без дамки. Се јаде слично како и кивито, т.е. се сече на половина, се посипува со малку сок од лимон и се лупи кожичката.
Покрај тоа што е вкусен, плодот на ова јапонско јаболко и лекува. Се користи во случај на проблеми со цревата (запек, воспаленија и инфекции), желудникот (лошо варење), хемороидите, со масен црн дроб. Сокот исцеден од плодот го намалува високиот крвен притисок, дејствува смирувачки и го јакне имунитетот.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Ноември.2010 во 06:31
Кивито е супер овошје

Во текот на есента и почетокот на зимата кивите се враќаат во полн сјај. Во страв од настинките и грипот сè почесто го консумираме ова зелено овошје кое, за жал, го занемаруваме во останатиот период од годината. Кивите би требало да бидат задолжителен дел од вашето мени бидејќи освен подигнување на имунитетот, имаат и други моќни својства.

Кивите потекнуваат од јужна Кина, каде се нарекуваат национално овошје, а во почетокот на 20 век од таму се прошириле на Нов Зеланд. Кивите се одлична комбинација на мал број калории и максимално позитивно делување на организмот. Нутриционистите ги нарекуваат супер овошје, а во продолжение дознајте зошто.

Делува превентивно на астма и други респираторни болести

Една студија спроведена во Италија на 18.000 деца на возраст од 6-7 години покажа дека кивите делуваат позитивно на дишните органи. Резултатите покажаа дека децата кои јадат пет до седум киви неделно имаат за 44% помалку проблеми со дишењето. Позитивно делуваат на носните инфекции, како и на хроничните дишни болести, а посебно се добри за децата кои патат од астма.

Се бори против кардиоваскуларните болести

Консумирањето на едно киви секое утро има еднаков ефект врз здравјето на срцето како и аспиринот, додека истовремено не предизвикува никакви нуспојави и е потполно природно. Како богат извор на витамин Ц, го редуцира ризикот од срцев и мозочен удар.

Ги штити очите

Кивите се одличен извор на лутеин, природна состојка која ја има и во очите. Токму оваа состојка е многу важна за здравјето на нашите очи. Едно истражување покажа дека консумирањето на три киви дневно ја намалува дегенерацијата на окото, а особено го намалува ризикот за појава на макуларна дегенерација, што воедно е и еден од главните причинители на губењето на видот кај постарата популација.

За нега на кожата

Кивито е богато со витаминот Е, антиоксидант кој помага во борбата против разни оштетувања на кожата и делува делотворно на изгледот и здрајвето на нашата кожа.

Во борба против ракот

Овој антиоксидант има моќни својства кои делуваат како превенцијата на повеќе видови на рак. Бројни студии покажаа дека диеталните влакна на ова овошје ги отстрануваат токсините кои се наталожуваат во дебелото црево, што е многу корисно за превенција на рак на дебелото црево.

Делува позитивно и како превенција на ракот на кожа и на црниот дроб.

Го зајакнува имунитетот

Секој од нас знае дека кивите го зајакнуваат имунолошкиот систем бидејќи претставуваат богат извор на витамин Ц.

Но, мора да напоменеме дека треба да бидете внимателни. Ова моќно овошје консумирано во претерано големи количини може да предизвика алергиски реакции. Научниците предупредуваат дека луѓето кои се алергични на латекс, ананас и папаја треба исто така да избегнуваат и киви. Сепак, со едно киви на ден не може да се погреши.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Ноември.2010 во 16:09

Целерот ги топи килограмите

Истражувањата покажуваат дека целерот е мошне ефикасен во лекувањето на многу болести. Освен што го намалува високиот крвен притисок, со сокот од целер се регулира и нивото на холестеролот. Освен тоа, неговото лековито дејство се манифестира и во лекувањето на астмата и болестите на бубрезите. Со чајот од целер се отстранува лошиот здив од устата, се лекува воспаление на грлото, а помага и во отежнатото варење. Вкусните супи и сосови од коренот на целер би било пожелно да бидат дел од исхраната на дијабетичарите, додека во сурова состојба е делотворен во санирањето на кожните заболувања.

* Исцедете сок од свеж корен, лист (што помалку зашто имаат горчлив вкус) и стебло на целер и направете напивка која е одличен лек против ревматизам и гихт, но е препорачлив за дебелите лица за намалување на вишокот килограми, но и за оние кои мака мачат со целулитот, зашто го забрзува метаболизмот.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Декември.2010 во 07:15

Корисни совети за вашето здравје

Разбудете го мозокот со чај

За да почувствувате како ви расте енергијата, секое утро пијте по една шолја чај. Чајот содржи манган, кој им е потребен на клетките на мозокот и има два пати помалку кофеин од кафето. Со тоа чајот е нежен ментален стимуланс, па нема да ја поттикне посткофеинската криза

Направете 10 стомачни мускули

Ако цел ден работите во седечка положба, стомакот ќе ви биде опуштен и нема да изгледате привлечно. Затоа, секој ден наутро или навечер правете барем по десетина стомачни вежби.

Подмладете се со витамин Ц

Клучот за младешкиот изглед е колагенот (се наоѓа во подебелите слоеви од кожата) кој, заедно со витаминот Ц, создава нови клетки. Затоа, вашите оброци нека содржат големи количества свежи овошје и зеленчук. Витаминот Ц го спречува стеснувањето на артериите и штити од срцеви заболувања.

Расположение со тегови

Сите видови телесни вежби го поттикнуваат ослободувањето на ендорфинот, кој го подобрува расположението. Истражувањата покажале дека оние што креваат тегови се чувствуваат многу поажурно, уште по првата посета на вежбалницата.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Декември.2010 во 07:16
Бамјите имаат огромно количество калциум

Во 100 грама бамји има најмалку 84 милиграми калциум. Се берат зелени, недозреани и така се подготвуваат. Гумбо семките се користат и во производството на маргарин. Внимание, гумбо семките брзо се расипуваат, дури и ако се чуваат во фрижидер.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Декември.2010 во 21:54

Видови ориз

Оризот е основа на здравата кујна. Видете ги само тие Кинези кои го јадат место леб. Оризот лесно заситува и содржи вредни белковини. Го има во разни варијанти.
* Азиски тип - се вари околу 8 минути на тивок оган, а откако ќе се тргне од рингла, се остава да отстои уште 10 минути.
* Див тип - се вари околу 20 минути на тивок оган, во покриено тенџере.
* Интегрален тип - се вари околу 25 минути.
* Ризото тип - се вари околу 30 минути на тивок оган.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Декември.2010 во 22:20
Замена за јајцата во рецептите

* 1 белка со 1 лажица ленено семе + 3 чаши вода
* 1 јајце во колачите со 1 банана
* 1 јајце со 2 лажици скроб од компири
* 1 јајце со 1 лажичка сода бикарбона + 1 лажица вода + 1 лажица оцет



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 16:59

Маслинките посилни од антибиотик

Кога ќе се спомене маслинка прво се мисли на нејзиното масло, меѓутоа, и листовите од оваа билка се користат во лекувањето. Екстрактот од листовите содржи супстанци кои дејствуваат антибактериски, го јакне имунитетот, го намалува зголемениот крвен притисок, како и концентрацијата на шеќерот во крвта. Бројни медицински студии укажуваат дека помага и во случаи на синуситис, херпес, грип, воспаление на мочните патишта, зголемениот холестерол, артритис, гастритис и хроничен замор.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Декември.2010 во 05:25

Киви за студените денови

Посветете внимание на исхраната во овие студени, зимски денови. Неопходно е вашето мени да биде богато со витамини и со хранливи материи. Овошјето, особено кога станува збор за витамините, е идеален избор. Кивито спаѓа меѓу најздравото овошје. Содржи витамини од Б- групата, А и Ц, но и нијацин, белковини, калциум и железо. Тоа е одлично овошје за идните мајки, зашто витамините од Б-групата помагаат во правилниот развој на фетусот. Ова овошје е значаен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок, а е богато и со фолна киселина, која ја потпомага синтезата на протеините. Супстанцијата лутеин го штити видот. Најдобро е да се јаде свежо секој ден во поголеми количества. Кивито го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали, ги зголемува одбранбените способности на организмот и ја потпомага елиминацијата на токсините од организмот.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 12:34

Не претерувајте со месо скара

Месото печено на жар, може да биде многу ризично за жените. Докажано е дека месото и рибата зготвени на скара содржат потенциално штетни амини кои, според најпесимистичките проценики, двоструко го зголемуваат ризикот од карционом на дојкиите. А, бидејќи покрај добра скара обично се пие и алкохол, оваа комбинација уште повеќе го зголемува ризикот од појава на карцином на дојката, па не им се препорачува на девојките и жените. Вреди да се предупреди, но само за оние припаднички на понежниот пол кој претеруваат и уживаат во ваквиот гурманлук. Според американските доктори, скара двапати во неделата е добро да се јаде, но не и повеќе од тоа. Подобро скарата да ја замените со многу овошје и зеленчук, тоа е и хранливо и здраво.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Јануари.2011 во 20:54

Како да проверите дали јајцето е варено или не?

 

Не можете да се сетите дали некое јајце е варено или не ? Сите знаеме дека ако завртите јајце веднаш ќе препознаете дали јајцето е варено или не, односно ако тоа се врти без проблем тогаш е варено, ако не се врти, тогаш не е варено.

Но, има и уште еден начин да проверите дали јајцето е варено или не. Вареното јајце ќе плови ако го ставите во вода, невареното ќе потоне.

Јајцата содржат есенцијални протеини, минерали и витамини, освен витаминот Ц. Жолчката е природен извор на витамин Д.

Бојата на јајцата не е поврзана со квалитетот, вкусот или нивното приготвување. Белите јајца се снесени од кокошки со бели пердуви. Жолтите јајца се снесени од кокошки со црвени пердуви.
Обично белите јајца се поефтини од жолтите.

Еве некои интересни податоци за кокошките :
- Еден од најголемите прозиводители на јајца е Кина со околу 160 милијарди годишно.
- Една кокошка може да снесе околу 250 јајца годишно.
- Обвивката на јајцето содржи до 17,000 пори на површината.
- Постојат 150 видови на кокошки.
- Кокошките се потомци на црвената кокшка од џунглите во Азија.
- Кокошките се едни од првите домашни животни, појавувајќи се како такви во Кина околу 1400 години п.н.е.
- Сигурно ја знаете вечната дилема „Што е постаро, јајцето или кокошката



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јануари.2011 во 06:02

Во кои држави се пие компот?

 

Компотот е традиционален пијалок во Централните и Источните европски држави уште од 1300 година. Тој е лесен, освежителен пијалок, најчесто направен од свежо овошје кое се вари во вода со шеќер и се остава да се излади и кисне.  

Узвар е компот кој е подготвен од повеќе видови на сушено овошје (оригиналниот рецепт се прави со јаболка, круши и сливи), а понекогаш и бобинки, засладен со мед или шеќер. Узварот се пие на традиционалната вечера на Бадник во повеќе земји и тоа: Украина, Србија, Босна, Русија и во некои други земји од Источна Европа. Тоа исто така е наречен компот од суво овошје кај земјите на поранешна СССР.

Компот на другите јазици:

    * Compot во Романија;
    
* Kompot на полски, хрватски, словенечки;
    
* Kompot или компот на српски;
    
* Компот на бугарски, македонски, руски;
    
* Узвар во Украина и
    
* Komposta на грчки



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Јануари.2011 во 12:12

Витамини од природата

Кога сме во мешаница и под стрес, често не стигнуваме ни да јадеме. Како последица на тоа, се поголем број луѓе се фаќаат за таканаречените средства за замена на храната. И тоа според мотото: една пилула на ден и снабдена сум со сите оние материи што се неопходни за мојот организам. Истражувачите на храна предупредуваат на предозирање со витамини или со минерални материи, зашто тие може да доведат до оштетувања како што се грчеви во стомакот или до дијареја. Исклучок се бремените жени и постарите луѓе. Во сите останати случаи важи: во меѓувреме изедете овошје - за тоа секогаш најдете време. Вкусно е, а има и доволно витамини.



-------------


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 02.Февруари.2011 во 23:52
ahaa, da...............seir........................y=3x-4



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk