IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Дали знаете зошто ......????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали знаете зошто ......????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2011 во 07:44
7 едноставни совети за подолг живот

Ситниците живот значат. Не мора секогаш да правите радикални пресврти во животот за да го подобрите вашето здравје и квалитет на животот. Неколку навистина едноставни совети можат да ви помогнат да избегнете здравствени незгоди, како срцев удар во вашите четириесетти години, и да уживате во длабока старост.

Чај секое утро

Топлиот чај го намалува ризикот за појава на тумор на бубрезите за 15 проценти, се наведува во истражувањето објавено во списанието International Journal of Cancer. Особено здрав е чајот „Pu-erh “, кој потекнува од Кина и е многу поефикасен од зелениот или црниот чај кога станува збор за превенција на оштетување на ДНК структурата.

Спијте умерено

Премногу долг или недоволен краток сон може да влијае навистина лошо на вашето здравје. Едно британско истражување потврди дека повеќе од девет и помалку од шест часа сон дневно го зголемува ризикот за смрт од било која болест. Идеална должина на спиењето е од седум до осум часа.

Навалете се

Со право седење под агол од 90 степени му вршите притисок на вашиот ’рбет. Едно шкотско-канадско истражување наведува дека идеална поза за седење е кога сте благо навалени наназад, односно 45 степени од вертикалната положба.

Пијте вино и останете слаби

Полифенолите, состојки на црвеното вино, му помагаат на вашето тело во блокирање на апсорпцијата на мастите. Општо е познато дека умерената консумација на црвено вино благотворно делува на здравјето, како и на превенција на срцев и мозочен удар.

Проверувајте ја тироидната жлезда

Неправилното функционирање на тироидната жлезда го зголемува ризикот од разни заболувања за дури 65 проценти, пишува American Journal of Medicine. Со едноставна крвна анализа можете да ги проверите нивоата на хормоните на оваа жлезда.

Брокулата гответе ја на пареа

Едно неодамнешно италијанско истражување откри дека термичката обработка на брокулата на пареа ја зголемува концентрацијата на глукосинолат (ефикасна состојка за борба против ракот) за 30 проценти. Спротивно, со готвење, односно варење на брокулата, истата состојка се намалува.

Истегнувајте се

Гените во организмот кои се поврзани со срцеви болести, дијабетес или прекумерна тежина, може да се „активираат“ доколку седите во една положба со часови. Правете пауза на секој час или два и благо истегнете се. На тој начин ја подобрувате циркулацијата, а со тоа и општата состојба на организмот.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 17:38
Дали знаете зошто липосукција...??

 
Липосукцијата е еден од најчестите зафати во естетската хирургија… означува вшмукување (сукција) на мастите (липо)… оваа техника се користи за преобликување на телото со трајно отстранување на депоата на масно ткиво… се изведува во долниот дел на грбот, над задникот, во задните делови на натколеницата – под задникот, на бочните страни од бутовите и на бочните страни на задникот… целта на липосукцијата е обликување на бутините и на бочните страни на задникот со цел да попримат виток, атлестски, пропорционален изглед… липосукцијата не е техника за губиток на телесната маса, нити лек за прекумерната телесна тежина… липосукцијата е техника која ви овозможува одстранување на масното ткиво кое неможе да се отстрани на поинаков начин…

http://www.beatsliposuction.com/brandnewabsba.jpg         http://static.mjdtopsites.com/images/procedures/liposuction/liposuction1.jpg     http://www.liposuction.com/lipo-directory/images/01633/DrCrabtree_KF_Thighs.jpg    http://www.liposuction.com/lipo-directory/images/01633/DrCrabtree_DS_back.jpg

Липосукцијата како оперативна техника и метода може да биде изведена во локална анестезија, локална потенцирана и општа,  во зависност од површините каде што се работи и истата освен за убавина и естетика може да има примена и при одредени болести… овој зафат може да се примени кај секое лице кое има потреба од липосукција, а нема здравствени проблеми…цената на липосукцијата изнесува од 500 до 2000 евра...Како и секоја интервенција, и липосукцијата има несакани ефекти… од неа може да се јави инфекција, хематом, т.е. собирање крв во просторите меѓу масните клетки, некроза на површината на кожата, која се коригира по хируршки пат , една од најнесаканите компликации доколку пациентот не каже дека има некои заболувања е пулмоналната емболија…која може да биде фатална за пациентот…најмногу масна течност остранета во Скопје  со липосукција е седум литри или осум килограми… во светот најголемо количество е извадена во Швајцарија-16 килограми…липосукцијата се изведува на вратот, дојките, надлактиците, стомакот, слабинскиот дел, натколениците, потколениците, колковите и на задникот, а со еден третман се слабее осум до десет килограми…

http://surgeon-rhinoplasty.com/wp-content/uploads/2010/12/liposuction.jpg   http://www.massachusettscosmetic.com/images/lrg_w_liposuction.jpg  http://drwilliamflynn.com/images/pic/Scan10011_Liposuction.gif     http://www.us-plasticsurgeons.com/drsherman/pics/liposuction.jpg

при ултразвучна липосукција (UAL: ultrasound assisted lyposuction)се користи специјален раствор, кој се вбризгува поткожно… се формираат шуплини исполнети со растворена масна содржина… со ултразвучни микроканили се вшмукува масното ткиво, и се моделира регијата каде што се изведува липосукцијата… разликата меѓу ултразвучната и класичната липосукција е што со новата метода белезите се минимални, не се создаваат хематоми, а крвавењето е минимално поради малиот дијаметар на канилите… најчесто со еден третман се слабее од осум до 10 килограми, но за формирање на “дефинитивната” витка става е потребен период од еден месец…пред да се подвргнат на ултразвучна липосукција пациентите треба да направат претходни прегледи и консултации – лабораториски анализи на крвта и урината, преглед и консултација со кардиолог или со анестезиолог…

http://cheekliposuction.com/themes/corporate/cheek.jpg    http://www.plasticsurgery1.com/before_after_pictures/neck_liposuction_01a.jpg      http://www.harleystreetaestheticsurgery.com/dynamicdata/image/conditions-client-images/liposuction-fat%20removal-surgery.jpg    http://liposuctionnews.treadmania.org/images/liposuction2.jpg

постои голема разлика меѓу целулитот и вишокот масно ткиво… оти целулитот е воспаление на масното ткиво (кое дегенерира) и тој треба прво да се излекува, а потоа да се пристапи кон липосукција, бидејќи зафатот се изведува само на здрав дел од телото… затоа кај луѓето што имаат проблеми со вишокот килограми мора да се утврди патологијата на настанувањето на дебелината, која може да биде хормонска, метаболичка и дебелина што настанува од неправилен сооднос меѓу внесените и потрошените калории – прекумерно јадење и минимално движење… при хормонското нарушување прво треба да се “стабилизира” хормоналниот статус, па да се пристапи кон естетско решавање на дебелината… метаболичкото дебелеење е поделено во многу поттипови, но заедничко за сите е што со клинички испитувања треба да се открие причината пред да се изведе липосукцијата… најголем процент од пациентите што се подложуваат на липосукција се луѓе со третиот тип дебелина, предизвикан од неправилен сооднос меѓу внесените и потрошените калории… возрасна граница за липосукција не постои, но сепак не се препорачува за пациенти во пубертет и кај луѓе со ослабен имунитет…

Liposuction Procedure with Dr. William Hall - Thighs...кликни !

Пред зафатот, лекарот ги означува деловите на телото на кои треба да се направи липосукцијата… во вената се поставува венски систем преку кој се даваат течности… зафатот може да се изведе под општа анестезија, или пак комбинација од седација и локална анестезија… за време на зафатот хирургот прави мал рез, обично на местото на наборите на кожата, со цел да биде помалку воочлив…низ тој рез се воведува цевка со мал лумен, канила низ масното ткиво… канилата се користи за разбивање на масните наслаги и обликување на телото во саканите пропорции… вишокот на масното ткиво се вшмукува со силен вакуум систем низ кожата, додека крвните садови, мускулите, и нервите ги остава неоштетени…

Liposuction / Lipo Procedure with Dr. William Hall - Kликни !!!

Во масното ткиво може да се инјектира физиолошки раствор со адреналин, или анестетик кој ги смалува болките и крварењето и овозможува полесно разбивање на масните наслаги… зависно од количината на растворот кој се инјектира, се применува super-wet или tumescence техника… Нехириршката ултразвучна липосукција е новата техника која користи ултразвук кој се испорачува преку кожата до масните клетки, а има за цел да го растопи масното ткиво… може да се комбинира со Accent XL(RF), Мезотерапија и RDT терапија со цел за оформување на контурите на определени делови на телото за неопределено време…неоперативната липосукција користи ултразвук за отстранување на целулит и предизвикува клеточно оштетување по термички и микромеханички пат, односно афектирана е мембраната на масните клетки која прска, а маснотиите се излеваат во меѓуклеточната течност каде што се разградуваат од ензимите и како едноставни супстанции се елиминираат преку крвната циркулација…

Liposuction Procedure with Dr. William Hall - Abdomen...кликни!

со сондата се овозможува концентрација на ултразвучната енергија на точно одредена длабочина во ткивото со што се предизвикува селективно разбивање на масните клетки… третманите се апсолутно безболни, а се чувствува благо загревање на третираните површини… третманот трае околу еден час, а резултатите се видливи и се проценуваат со мерење веднаш по третманот… најдобри кандидати се особи кои не се екстремно дебели и кои сè уште имаат затегната кожа, но видливи се масни перничиња на одредени делови од телото…нехируршката липосукција е извонредно ефикасна метода, а најголемата предност е што е неинвазивна, брза и едноставна за изведување… не е потребно време за опоравување, нема ризик, а за пациентот третманот е пријатен…

http://www.kirilica.com.mk/userfiles/image/14.08.2010/ohrid%20plaza350.jpg

п.с.

ејјјј ј важно да има љубов…  маааааа не толку важно како изгледате…   ејјј важно да сте среќни !!!



Изменето од bijonse1 - 15.Февруари.2011 во 17:49
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 19:45
Кофеин за концентрација

* За смиреност и олабавеност - јадете тестенини, компири и други продукти богати со јагленохидрати, зашто таквата храна го зголемува количеството на триптофан во крвта. Таа аминокиселина во мозокот се преработува во серотонин, материја што го подобрува расположението, апетитот и мирниот сон.
* За бистри мисли - јадете немрсна храна богата со белковини (риба и бело месо), зашто содржи тирозин, аминокиселина која се поврзува со менталната будност.
* За итна концентрација - кофеинот од кафето и чајот го стимулира нервниот систем, ги забрзува реакциите и ја подобрува концентрацијата, но сето тоа трае мошне кратко.

Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 12:37
Жените кои пијат вино не се дебелат
Жените кои практикуваат повремено да пијат вино во умерени количини, особено пред вечерата, имаат помал ризик од дебелеење, објавиле американските научници после една спроведена студија.

После истражувањето кое траело 13 години и во кое учествувале повеќе од 19.000 жени, научниците ги објавиле податоците кои сугерираат дека жените не се дебелеат од виното (црното и црвеното), што е контрадикторно на бројните тврдења дека конзумацијата на алкохолот води кон зголемување на телесната тежина.

Калориите од алкохолот, се претпоставува дека телото ги искористува на друг начин и во поинаков облик, велат лекарите.

Се смета дека алкохолот се разградува во црниот дроб користејќи различни метаболни патишта, како би се создала енергија - топлина, а не масно ткиво.

Водачот на оваа студија – Др. Лу Ванг од Бостон, работела на студија која опфаќала 19.220 здрави жени, а скоро 38% од нив биле жени кои никогаш не конзумирале алкохол.

Всушност се докажало дека жените кои умерено пијат црно вино имале најмала стапка на дебелеење.

Ова истражување е објавено во списанието “Internal Medicine”, но истражувачите сепак забележале дека не може да се потврди јасната врска помеѓу конзумацијата на алкохолот и наголемувањето на телесната тежина, но ја поставиле хипотезата дека најверојатно се работи за внес на дополнителни калории во течна форма (преку алкохолот) кои брзо се елиминираат од телото (преку разградба во црниот дроб, и елиминација преку бубрезите), а енергетската вредност на секој поединечен пијалок е онаа која е одговорна за дебелеењето.
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 18:32
Кората од лимон против главоболка

Постои едно старо руско средство: одделете ја лимоновата кора од белиот, меснат дел. Оставете ја само жолтата кора. Со влажната страна ставете ја на слепоочниците. По некое време, на кожата ќе се појави црвена дамка. Наскоро болката ќе помине.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2011 во 12:14
Лимонот се користи и за...

* Ако имате проблеми со дамки на забите, тријте ги со кора од лимон, а потоа измијте ги со вода.
* Како додаток на водата за капење, зашто телото го прави поеластично.
* Со негова помош ќе ја омекнете кожата на лактите.
* Вашата коса ќе биде посјајна ако го додадете во водата за плакнење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 07:56
Чаша пиво на ден е здрава и не нè дебелее!

Во последните години пивото се означува како производ кој дебелее, во што и има вистина, но ако умерено се консумира, омилениот пијалак нема да му наштети на вашиот организам, туку ќе го направи токму спротивното.

Имено шпанските научници велат дека една чаша пиво на ден може да го намали ризикот од дијабетес и висок крвен притисок, а може да помогне и во слабеењето. Во истражувањето кое го носеше името „Пиво, медитеранска исхрана и кардиоваскуларни болести“ учествуваа 1.249 жени и мажи постари од 57 години.

Откриено е дека луѓето кои преферираат т.н. медитерански начин на исхрана со една чашка пиво дневно нема да се здебелат, туку ќе ослабат. Научниците велат дека пивото е одговорно за дебелеење само кога се консумира во големи количини и кога со него се консумира тешка храна со многу калории.

- Ова истражување конечно ќе засени еден голем мит. Сега знаеме дека не можеме да го обвинуваме пивото за дебелеење. Секако за да се здебелите потребно е да пиете пиво, јадете колбасици и грицкате чипс, но една чаша пиво не е одговорна за вишокот на килограми, истакна Роса Ламуела која работела на истражувањето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 22:36

Колку чаши вода пиете дневно?

Две,три, четири...повеќе? Основните работи кои треба да му ги давате на организмот се урамнотежени оброци, редовно и умерено вежбање, одмор и релаксација, забава и смеење. Сето ова влијае на здравјето и на човечкиот организам. Но, една од најважнте работи е конзумирање на вода. Ако сакате да постигнете долгорочно здравје, тогаш дознајте зошто е добро да пиете од 6 до 8 чаши вода дневно!

***

Секој ден вода

Нашето тело во секој миг се сотоси од 55%-75% вода. Единствено што повеќе од водата му е потребно на телото е кислород.

* Водата помага во варење, апсорбирање и елиминација на храната која ја јадете.
* Помага во исфрлање на отпадните материи од цревата и бубрезите
* Ја регулира телесната тампература 24 часа дневно, седум дена во неделата
* Ги подмачкува зглобовите и мембраните
* Крвата се состои од 92% вода
* Лачењето на телесните течности и сокови се состојат исклучиво од вода ( системот за варење произведува 1,7 литри течност секој ден!)

Заради овие многу важни функции, на вашето тело под нормални услови му се потребни 1,5 -2 литри вода дневно за оптимално функционирење.


* Водата и апетитот

Водата природно го намалува апетитот. Недостатокот на вода може да доведе до прекумерно земање на храна, затоа што мозокот не знае да парви разлика меѓу жедта и гладта, па со тоа кога мислите дека чувствувате глад, постои можност вашето тело всушност да бара вода. Затоа испијте голема чаша вода пред јадење. Во многи случаи веројатно ќе заклучите дека тоа го задоволува она за што сте мислеле дека е напад на глад.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 18:07
Визуелно ...
дали знаете зошто треба да прекинете со пушењето!!??!!

http://www.angeloi.co.uk/media/Copy%20of%20No%20Smoking%20Lady.jpghttp://acloserlookatutah.files.wordpress.com/2009/11/cigarette_composition1.gifhttp://www.canpages.ca/blog/wp-content/uploads/2009/03/monkey_smoking_1a.jpghttp://www.funnyandjokes.com/wp-content/uploads/2007/06/smoking-billboard.jpg
http://4.bp.blogspot.com/_fLmVOKS-gu4/SCg8Au0vd9I/AAAAAAAABFw/XDg-aVhhg4s/s320/smoking3-716130.jpg http://www.thinkersblog.net/wp-content/uploads/2009/07/nosmoking-sm.jpghttp://www.yalibnan.com/wp-content/uploads/2010/03/No-smoking-sign.gif

http://content.blissplan.com/img/free/smoker6a.jpg http://skeptisys.files.wordpress.com/2008/02/smoking_keyboard_01.jpghttp://www.medindia.net/slideshow/images/smoking-can-kill-you-slide1.jpg http://4.bp.blogspot.com/_rg1X59WR1ys/S_6WKTDb9CI/AAAAAAAAEjg/zniHy7b5HDg/s1600/Ardi-Rizal.jpghttp://www.nextstepnlp.co.uk/Images/Stop%20Smoking.jpg http://gpsinformation.info/main/smoking-gun.jpg http://www.toonpool.com/user/356/files/no_smoking_114895.jpg http://www.iphonefootprint.com/wp-content/uploads/2008/07/funny-application-of-the-day.jpg

закон за пушењето на комичен начин!!...кликни...

уште едно комично клипче околу пушењето..кликни!!!

Јас бев силна наеднаш го фрлив....без изговор од тип на намалување, не увлекување , зависност, здебелување., не можам не ќе успеам , ми треба ..нервозна сум!! ...реков НЕ !! и остана НЕ до ден денешен!!
Дали вие сте силни?????да



Изменето од bijonse1 - 07.Декември.2010 во 18:16
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 19:43
Дали знаете зошто предебела или преслаба  конституција ...се смета за болест??
Три позиции … слаба ..нормална …дебела…!! Кое ви изгледа поздраво?? кое по секси?? ваше да одлучите...

http://15.media.tumblr.com/tumblr_ktaf7cZVvR1qz9u90o1_500.jpg


дебелината велиме над 5кг од нормалната тежина не е состојба туку болест…

http://static.guim.co.uk/sys-images/Guardian/Pix/pictures/2010/9/15/1284578640326/Fat-woman-obese-obesity-006.jpg    http://www.learntogetfit.com/woman%20obesity.jpg    http://tips4health.net/wp-content/uploads/2009/11/Fat_Woman.jpg     http://www.belfasttelegraph.co.uk/multimedia/archive/00026/fat-woman_26645s.jpg

ај ќе ја поделам болеста во три категории…

http://3.bp.blogspot.com/_XVua1pMbBtE/S3mTu9BM6JI/AAAAAAAAA2c/8OjYp94vr50/s400/Marilyn+Monroe.jpg       http://www.eg.ru/upimg/photo/92856.jpg     http://celebrities.movietone.net/wp-content/uploads/2010/04/kim_bikinibutt.jpg      http://theaudracatalog.com/home/wp-content/uploads/2010/05/Ashley-Graham.jpg  http://weighttipsecrets.com/wp-content/uploads/2009/08/leg-fat-woman3-225x300.jpg
лесно ….со над 5кг вишок , што само неколку неделен дисциплиниран режим на исхрана и вежбање се доаѓа до идеалната тежина…
средно… со над 10 кг вишок што веќе имаме промени на телото во деформирање на истото…овде веќе е потребно над шест месеци дисциплиниран режим на исхрана и вежбање за да се дојде до идеалната тежина…

  http://files.sharenator.com/Fat_Woman_4972_Worlds_Smallest-s600x925-99671-580.jpg       http://1.bp.blogspot.com/_kNx32ckJC68/S7C0lsYUm2I/AAAAAAAACcA/HATTFZsAnn0/s1600/fat_woman.jpg     http://bigfatwomen.org/images/fat_women/fat_women_250x251.jpg   http://3.bp.blogspot.com/_rEQqmdA9fAU/SbgPHFog2tI/AAAAAAAAASM/WqcdKvtmHPs/s400/fat_woman_in_bikinis.jpg
среднотешко…со над 20 кг вишок да не кажам дека веќе здравствени промени има коските да не кажам р*бетот кои се многу оптоварени од зголемената маса….потребно над година дисциплиниран режим на исхрана и вежбање…
тешко…над 30 кг вишок тука веќе имаме потреба од поголеми амбиции и воља и тоа во прашање се повеќе време да не речам 2,3 години за идеална тежина…
претерано тешко…за ова веќе нема да кометирам оти се можни разни пореметување за ваква состојба..

http://www.taratur.com/files/sliki-N/FHM/Taratur.com_Megan_Fox.jpg    http://cmexota.ru/uploads/2008/06/02/meganfox7.jpg    http://www.bitolskasema.org/portal/images/stories/dolna-obleka.jpg

овде веќе имаме идеална тежина во идеално тело….и сега ќе одам во спротивен правец…

http://images.idividi.com.mk/images/paris-hilton-10319-9.jpg    http://www.pudel.ro/wp-content/2009/01/lindsayl11.jpg  http://www.nemagreska.com/_links/1f41fab119099af8f5a3fae7af968455.jpg

сега веќе имаме испод нормална тежина овде веќе од 5-10 кг….почеток на анорекција…
Lindsay Lohan  со испод 10, 15 кг од нормалата веќе е накитена со болеста анорексија..

 http://burgzt.brigin.lt/anoreksike_modelis_t.jpg http://www.kleoo.lv/pics/3135-1.jpg http://images.alfa.lt/5498/15/63.jpg http://www.ipress.hr/gallery/albums/userpics/normal_anoreksija1.jpg   http://www.kleoo.lv/pics/2194-1.bmp

и за ова веќе немам коментар оти се води во многу тешка болест со фатални последици …анорексија!!
Све што е претерано не чини па во која страна на крајноста да се наоѓате потрудете се да се доближете до средината да не речам  до идеалното…

http://www.adrenalin.si/files/field_slika_tizer/anoreksija.jpg

Ваше е да одберете на која страна од огледалото ќе бидете додека не станете идеални !!!да

Изменето од bijonse1 - 07.Декември.2010 во 18:17
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2010 во 17:30
Дали знаете зошто имате многу крвави и болни менструални циклуси...
можеби имате ендометриоза !??!!


За прв пат ендометриозата е опишана во 1870 година од страна на Рокитански...ендометриозата се дефинира како ектопичен ендометриум или постоење на ендометиотична слузница на место на кои нормално ја нема...ендометриум е слузница која го обложува  кавумот на матката и  е под циклични хормонски влијанија што доведува до менструални крваења...

http://www.chicago-ivf.com/_Images/endo.jpg    http://www.ikobiety.pl/wp-content/uploads/2009/12/endometrioza.gif  http://www.romedic.ro/fold/Colaboratori/infertilitate%20uter.jpg
Ендометриозата во однос на етиологијата е се уште неразјаснета. Денес постојат нови  теории за начинот на настанување на ендометриозата од кои спрема  една ендометриозата е автоимуно заболување, а спрема друга теорија се работи за мултигенетско мултифакторијелно заболување поради појавување на болеста меѓу крвни сродници... во однос на симптоматологијата ендометиозата најчесто е главна причина за појава на хронична пелвична болка , како и за појава на инфертилитет, неплодност кај жените поради нарушување на тубооваријалниот комплекс и настанување на атхезии, и поради хормонски и ендокрини нарушувања доведува до нарушување на транспортот на јајната клетка, сперматозоидите, намалување на рецептивноста на ендометриум, како и зголемување на процентот на спонтани абортуси... класификацирана во четири степени. Дијагнозата се поставува во најголем број на случаи  лапароскопски. Во 1990 година лапароскопски се дефинирани три ентитети, ендометриоза на перитонеум, ендометриоза на овариуми и ретроперитонеална ендометриоза или аденомиоза. Перитонеална ендометриоза се дефинира преку постоење на ендометриотични жаришта кои можат да бидат модро сиви, темно кафеави, светло жолто, непигментирани, во облик на папули, везикули, петехии, во облик на пеитонеални дефекти и сл. Ендометриозата на овариуми може да биде суперфицијална (површинска) или во облик на ендометриотични цисти така наречени чоколадни цисти.   Третманот може да биде медикаментозен, конзервативен и оперативен:   Медикаментозен третман со користење на орална контрацепција, гестагенска терапија или аналози на гонадорелин ослободувачки хормон (ГнРХ)Оперативен третман во кој предност се остава на лапароскопските операции. Лапароскопски третирање на перитонеалната ендометиоза подразбира ласер вапоризација, ексцизија на енометриотичните жаришта или  ендокоагулација  на жариштата.   Кога се работи за оваријална ендометриоза доколку е површинска се прави ендокоагулација, а доколку се работи за ендометриотични цисти се прави аспирација на содржината по што следи екстирпација на псеудокапсулата. Третманот пред се зависи од големината на цистата. Лапароскопскиот третман е метод на избор кај ендометриоза од прв и втор степен.
Ендометриоза е состојба при која клетките на внатрешниот ѕид на матката се одвојуваат од неа и растат вон матката.
Кога тие клетки се во нормална состојба растат во матката во моментот кога нивото на естрогените (женски полови хормони) е високо. На тој начин овие клетки помагаат обвивката на матката да се подготви за бременост бидејќи тие служат како гнездо во кое ќе се смести оплоденото јајце. Ако не дојде до бременост, обвивката се кине во моментот кога нивото на естрогените е намалено и доаѓа до крвавење - менструација....да

Во случај на ендометриоза овие клетки може да се закачат на разни места во телото. На пример, во јајниците, мочниот меур, цревата, лигаментите, слепото црево и др. И клетките што растат вон матката раснат кога нивото на естрогените е високо, а крварат кога нивото на естрогените е ниско. Кога ендометриското ткиво расте вон матката, во моментот на крварењето, крвта не истекува надвор, туку останува внатре и создава цистични формации, лузни и други оштетувања на органите каде што се закачиле клетките. не
За причините за настанување на ендометриозата постојат повеќе теории. Според некои научници, до неа доаѓа кога крвта од менструацијата тече во спротивна насока наместо надвор. Според други, клетките од обвивката на матката мигрираат низ лимфните канали и се имплантираат вон матката. Присутна е и генетска предиспозиција за неа, а како причина се наведува и слабиот имунолошки систем кај некои жени. Постојат студии што докажуваат дека до ендометриоза доаѓа поради изложеноста на организмот на жената на хемиската супстанција диоксин, која се наоѓа во пестицидите и од други причини. Главните симптоми на ендометриозата се слаби или силни болки и крвавења. Болките се јавуваат како резултат на воспалителните процеси и при создавањето лузни на местото каде се појавила ендометриозата. Болките можат да се јават и пред менструацијата, за време на сексуалниот однос или во било кое време во текот на месецот.
Други симптоми може да бидат: инфекции на мочниот меур или хроничен умор. Дијагнозата ја даваат исклучиво специјалистите - гинеколози на редовните гинеколошки  прегледи
http://image.24ur.com/media/images///large/Mar2009//60265341.jpg       http://img2.mf.cz/028/907/endometrioza.jpg       http://www.wgabinecie.pl/others/image/pain.jpg       http://www.totulnatural.ro/uploads/2010/09/endometriosis-200x300.jpg        http://www.revistaioana.ro/mediaLibrary/images/2008-05-21/thumb300_121.jpg

СИМПТОМИ НА ЕНДОМЕТРИОЗА...Еден од главните симптоми е болка во долниот дел од стомакот, малата карлица или во долниот дел од 'рбетот. Јачината на болката која ја чувствува жената не е поврзана со степенот на раширеност на еднометриозата. Некои жени чувствуваат силна болка, иако ендометриозата е малку застапена, некои пак не чувствуваат болка, а може да имаат зафатено многу поголема површина.
Воглавно може да се јават следните симптоми:
  • Екстремно болна менструација, при што болката со текот на времето може да станува се посилна.
  • Хронична болка во малата карлица или долниот дел на 'рбетот.
  • Болка за време на сексуални односи.
  • Болка во цревата.
  • Болно мокрење на време на менструацијата.
  • Обилна менструација.
  • Крварење помеѓу две менструции или спотинг (благо точкасто крварење) пред добивање на менструација.
  • Неплодност.
Ендометриозата може да се појави кај било која жена од периодот на добивањето на првата менструација, па се до менопаузата. Понекогаш може да се случи да продолжи и после менопаузата.
Сепак единствен начин да се дијагностицира ендометриозата со 100% сигурност е дијагностичка лапароскопска операција. При оваа операција се прави мал рез на стомакот, преку кој се внесува црево со многу мала камера. На овој начин хирургот визуелно може да го види евентуалното присуство на ендометриоза и да се земе примерок од ткивото кој ќе се даде на испитување. Ако се работи за случај на блага или умерена ендометриоза, лекарот при истата операција може да изврши и нејзино отстранување. Околу 30-40% од жените со ендометриоза се соочуваат со неплодност. Сепак некои жени и покрај ендометриозата зачнуваат без проблем. Доколку жената која боледува од ендометриоза забремени, најчесто симптомите и болеста се повлекуваат.
Ендометриозата може да предизвика неплодност на повеќе начини:
  • Ендометријалните израстоци, лузни или цисти околу јајниците може да ја оневозможат јајце клетката да влезе во јајцеводите.
  • Ендометријалното ткиво во јајниците може да ја оневозможи овулацијата.
  • Ако ендометријалното ткиво се формира во јајцеводите, може да ги направи непроодни.
  • Матката може да не биде во состојба да го прифати ембрионот.
Третманот на оваа болест ќе зависи од повеќе фактори: напредокот на болеста, возраста на пациентката, присуството на болка, дали пациентката се обидува да забремени ит.н. Некои третмани кои може да помогнат во борбата со оваа болест ја намалуваат плодноста на жената, така да треба да се земат во предвид сите фактори. Најчесто во третирање на ендометриозата се користат:
Лапароскопска операција за да се одстрани ендометријалното ткиво, прираслици, цисти, лузни ит.н. Најчесто ова не е траен лек, затоа што болеста може повторно да се врати. Кај некои жени зголемената плодност после оваа операција трае до 9 месеци.
ИВФ третман. Најчесто се користи после лапароскопската операција, но понекогаш и без операција. Се состои во тоа што со хормонска терапија се предизвикува контролирана хиперстимулација на јајниците и создавање на повеќе јајце клетки. Кога ќе созреат јајце клетките се вадат со посебна игла (следено на ултразвук) и во сад се мешаат заедно со сперматозоидите на мажот. После неколку дена, една или повеќе оплодени јајце клетки се враќаат во матката. Ин витро методата е доста успешна во случај на ендометриоза.
Против болка се користат разни медикаменти или промена на начинот на исхрана и воведување на дополнителна физичка активност.
Доколку жената не се обидува да остане бремена може да се користи хормонална терапија, за спречување на овулцијата или менструалното крварење. Најчесто по престанокот на земањето на терапијата се враќа плодноста, но и ендометриозата заедно со сите нејзини симптоми.
Понекогаш во случаи на тешка ендометриоза, како последен избор, но само доколку жената нема намера повеќе да раѓа, може да се изврши и хистероктомија – односно отстранување на матката. Во зависност од зафатеноста на оклоните ткива, заедно се матката може да се изврши и отстранување на јајниците и јајцеводите. Сепак дури и овакви драстични зафати не се гаранција дека болеста нема да се врати.
Со започнување на менопаузата кај повеќето жени болеста се повлекува.
Иако лекарите при дијагностицирање ендометриозата препорачуваат медикаментозна или друг вид терапија, корисно е да се побараат и разни природни решенија, вклучувајќи го и променетиот режим на исхрана за да се ублажат симптомите, тегобите, па дури и да се дејствува превентивно за да не дојде до неа. да



Изменето од bijonse1 - 28.Ноември.2010 во 13:58
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 21:34
Често пати ни се случува да имаме тенденција да јадеме повеќе отколку што треба …
или…
често пати ни се случува да ни се јаде , а тукушто сме јаделе и стомакот ни е полн…
знаете зошто???

http://blog.americanfeast.com/images/eating-disorder.jpg   http://www.younglivin.org.uk/binge_eating.jpg   http://www.realbeauty.com/cm/realbeauty/images/n3/rb-eating-chocolate-bar-0809-lgn.jpg  http://2.bp.blogspot.com/_pThb0GCTpUI/TJCxAMDnVvI/AAAAAAAAAP0/5IEpcH8Lf0s/s320/Tea_Anti_Stress_Drink.jpg        http://www.biyolojidunyasi.com/img/Stres.jpg

овие сензации на нагон за јадење и глад …при полн стомак …тукушто најадени …да речам се  лажни и често пати бидуваме излажани… и ете пак ќе јадеме…Всушност на организмот му фали нешто и истиот сака да компензира со јадење …да се јаде , а да се нема потреба од тоа… ќе наведам 5 ситуации..

Кога сме презаморени… да не речам уморни…

Доколку не сме спиеле доволно организмот нема доволно енергија и решавање на ова ситуација е да телото побара за јадење  …така да имаш осеќај на гладост и потреба за јадење …иако сме сити…

Кога се пијат разни лекови во текот на денот…

Некои лекови имат спореден ефект на зглемување на апетитот …така да …и покрај тукушто наситување со храна ние повторноо сме гладни  и имаме потреба повторно  да јадеме…

Кога сме изгубиле течности да не речам дехидрирани…

Интересен факт е да и покрај потребата да се пие вода кога сме дехидрирани … првиот импулс на организмот уствари е во сензација …потреба за јадење…

Кога е точно време за оброкот…

Доколку имаме дисциплиниран режим на исхрана во точно време  во текот на денот…тогаш точно во тоа време ни се  случува нагла потреба за јадење т.е. глад …

Кога сме под стрес …

Во стресна состојба  оргнаизмот реагира баш чудно…бара јадење… и тоа не било какво !!! туку  тоа мрсно јадење и разни слаткиши кои всушност би требало да не релаксираат…но, ај да го излажеме организмот со  хербални екстракти да не речам чаеви за стресни моменти , песимизам , инсомниа, несреќа , вознемиреност , депресија… и тоа …

              

Лаванда чајот од исушени цветови дури може до 4 чаши дневно овозможува ваша релаксација при напнат организам…лично не ми се допаѓа мирисот па истиот ме асоцира на молци…

Валериана помага  при константен стрес до 3 чаши дневно…

Камилицата многу погодна како чај за инсомниа , мигрена и пихичка вознемиреност …додека полна када со едно литро чај од камилица ви го враќа чувството  за убав живот…
Босилок сув или не…чајот ќе ве освежи после некоја исцрпена психичка состојба и овозможува некако подобро да се организираме и да се исполнат си те обврски…лично овој чај го преферирам на работа и така една добра голема чаша пијам секој ден… мислам дека навистина ме освежува и опушта…

            http://media.picfor.me/001159406/httpi886photobucketcomalbumsac68batacakheartsValentines_36jpg-heart-DO-BLOGA-b-arena-Good-morningGood-night-heartz-Love-my-album-red-coffee-morning-gioula-FOOD-DRINK-coffe_large.jpg       http://www.tshirt-town.com/uploads/products/auto/1393_17_white.jpg 

Липата да не ја заборавам … како за на крај… која само за 10 минути една голема чаша со овој чај ќе ги направи вашите работни обврски смешни и решливи за кратко време…и да не бидам погрешно сватена зборувам за состојба на стрес на организмот во граница на толеранција , се друго кога веќе е со поголем и посилен  интезинтет и подолготрајно веќе има други методи да не речам потребна е медикаметозна терапија…. знак?? па доволно да си секогаш напнат …недостиг на време за било која работа…несоница …ете ти СТРЕС

Дали вие имате ваква навика?? или сте од оние со по 3,4  шољи кафе???

Но не дека не можеме ние без стрес оти тоа е дел од животот  и го имаме секојдневно , но важно е да не трае многу и да не биде многу изразен да не речам импулсивен…и за жал секој различно го манифестира зависно од карактерот нели…а и зависно и од околните услови…

Инаку знаеме дека постојат  професии кои сами по себе с е стресни  и се мисли дека на прво место се противпожарникари ,  директори , хирурзи …потоа како постресни личности се сметаат женскиот пол наспроти машкиот кој се пофлегматични …

http://www.bagumbrella.com/baby%20car/hi213.JPG       http://elitechoice.org/wp-content/uploads/2009/01/20090122-cavalli-aprica.jpg         http://2.bp.blogspot.com/_pUR90-Ni_10/S60p1BmaghI/AAAAAAAAAOQ/DyH_r8upHpE/s1600/Palm%2Btrees%2B%26%2Bthe%2Bbeach.jpg 

а и бебчињата можат да бидат под стрес … ете на пример тие што се возат во колица со лице кон околината да не речам напред , тие се под чуден перманентен стрес од луѓето што ги гледа и околината..  за разлика од бебчето што се вози во количка со лицето кон тој што  ја гура количката ееее тоа бебче е заштитено што ја гледа познатата  особа пред него и тоа веќе не е под стрес…
затоа …рилакс…да



Изменето од bijonse1 - 23.Ноември.2010 во 21:41
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 21:27
Ова би го рекла чудно но вистинито …медицински феномен …елка пораснала во градите..
Младич д 28 год од државата  Udmurtia се жалел од силни градни болки препратена со тешка кашлица и крвни испљувок така да му се дијагностицирало некоја форма на cancer  на гради …

http://news.sky.com/sky-news/content/StaticFile/jpg/2009/Apr/Week3/15262088.jpg      http://www.net.hr/2009/04/15/0149007.17.jpg      http://img2.allvoices.com/thumbs/event/609/480/31515223-fir-tree.jpg

Но многу бил изненаден докторот  radiograf  кога увидел дека пациентото  Artyom Sidorkin имал ништо помалку ни повеќе туку 5 см долга гранка од елка која му пораснала во градите…докторот Vladimir Kamashev кој како шеф на хирушкиот тим и раководител на онколошкиот одел мислел дека халуцинира кога ја ваѓал гранката од елката коај пораснала во градите на млaдичот…

и сега највероватно се прашувате…..збунетост

Јбт како е тоа могуче??? е па како единствена солуција е објаснувањето дека Artyom помирисал некое гранче од елка со што неколку семки преку носот му влегле во плуќата каде од влажност и топлината семката си се развила …НО единствено специјалистите не можеледа објаснат како цели пет години растело гранчето во апсолутна темница ….и да…Udmurtia  е  автономна покраина во состав на  Руската федерација…



Изменето од bijonse1 - 13.Ноември.2010 во 21:30
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 20:27
Зошто едното рамо ми е пониско од другото?? Зошто кога ќе се наведнам нанапред на грбот ми се јавува грпка?или зошто рамењата не ми се на иста висина ама ако се наведнам нанапред рамењата ми се рамни?
Затоа што имаш сколиоза...или немаш сколиоза туку само сколиотично држење...
Сколиозата е деформитет на локомоторниот систем кој се јавува во текот на растот, а после завршениот раст се стабилизира…’Рбетот на човекот гледан од напред или назад (фронтална рамнина) е рамен, без никакви кривини на страна. Ако таквата кривина сепак постои, зборуваме за сколиоза…

skolioza,%20skolioza-%20jak%20leczyć,%20operacja%20krÄ™gosÅ‚upa,%20skolioza%20%20krÄ™gosÅ‚upa  http://www.artmed.pl/gfx/pic10.jpg  http://www.fundacjagaja.pl/images/stories/rehabilitacja/1.jpg 

Сколиозата е секогаш патолошка…Ако покрај сколиозата наидуваме и на зголемување на физиолошката закривеност на градниот дел на ’рбетниот столб (кичмата) во сагитална рамнина (гледајќи го човекот од бочно) тогаш зборуваме за кифосколиоза….причина за настанување се дели на две групи :

Функционална или неструктурна сколиоза, т.е. сколиотично држење. Во таа група нема анатомски пореметувања на ’рбетот. Сколиотичното држење може да биде одредено со различни причини како што се скратување на едниот долен екстремитет или контрактура на паравертебралните мускули како што е случајот кај болниот синдром на ’рбетот. Со одстранување на причината, исчезнува и сколиозата…

slike%20idiopatske%20skolioze   http://www.kiropraktika.in.rs/images/kriva_kicma5.gif      http://www.zdravie.sk/images/institucie/skenar/skolioza_po_terapii.jpg  http://www.hateasalon.cz/fotky2729/HATEA/spinal_touch/skolioza_patee.jpg
Органска или структурна сколиоза, предизвикана е со анатомски промени на ’рбетот, неговите зглобови, лигаменти или паравертебрални мускули. ’Рбетот треба да се разбере како еден свитлив столб, составен од повеќе елементи (прешлени). Во нормални услови, ’рбетот е прав бидејќи прешлените се симетрични и квадратести, додека зглобовите и лигаментите ја одржуваат нивната точна положба. Паравертебралната мускулатура представува дополнителна потпора и помош при движењата.

Кога некој од тие елемнти ќе попушти настанува девијација на ’рбетот, чии причини треба да се бараат во промените на формата на еден или повеќе прешлени, во попуштањето или скратувањето на едниот дел од капсулолигаментарниот апарат и во асиметријата на мускулите на ’рбетот. Кај структуралната сколиоза наидуваме на најчестиот клинест деформитет на прешлените.
Од останатите причини кои доведуваат до структурни сколиози се карактеризираат конгениталните пореметувања, невромускуларните болести, ревматските болести, инфекции, скршеници, и сл.

http://www.fits.pl/gfx/skolioza_fits_02.gif  http://www.fits.pl/gfx/skolioza_fits_01.gif   http://www.sportujeme.sk/galeria/skolioza100.jpghttp://www.rehamedic.pl/content/produkt-2.jpg   http://www.pani-teresa.com.pl/photos/p_46_1.jpg   http://www.rehamedic.pl/content/produkt-1.jpg   http://www.fizjo-med.net/fotki/tulow/4.jpg

Првите знаци кои родителите ги приметуваат се видливи во стоечка положба. … нееднаква висина на рамената и илијачните коски…  во стоечки став, гледајќи одназад, видлива е закривена линија на спиносните продолжетоци на ’рбетот и асиметрија на таканаречените бочни триаголници, гибуси, асиметрија на глутеалната бразда. Однапред се гледа асиметрија на дојките, и сл. Сколиозата е деформација која предизивикува рани дегенеративни промени на ’рбетот до тешки деформитети на градниот кош. Можно е и оштетување на белодробната функција која предизвикува белодробно срце (cor pulmonale), а до оштетувања доаѓа поради пореметување на положбата на органите условени со закривеноста на ’рбетот.

http://images39.fotosik.pl/284/10e8c306fbf64674med.jpg      http://www.sp-sadowa.edu.pl/strona/korektywa/jak_cwiczyc/przykladowe/skoliozy/grupa_1/610.jpg      http://centarspinal.files.wordpress.com/2010/03/yoga2.jpg        http://www.sp6.bialystok.pl/zd/korekcyjna/2.jpg

Најважен клинички тест е тест на преклон. .. да се направи разлика помеѓу сколиоза и сколиотичо држење…од стоечки став испитаникот се наведнува кон напред со слободно висечки раце. Ако деформацијата на ’рбетот постои и понатаму, тогаш се работи за права сколиоза. Во таа положба се приметува грбка (gibus) која се наоѓа на страна на конвекситетот на сколиотските закривувања. Ако во текот на тестот на преклонот асиметријата на телото видлива во стоечки став, исчезне, тогаш се работи за сколиотично држење, а не за сколиоза…Пред и после упорното вежбање и физикалната терапија, односно медицинската гимнастика може да се применат само како дополнително средство за лекување на ортозите се гледа подобрување горе на сликата…вежбите може да се прифатат како мерка за општо јакнење на организмот, но не и како средство за запирање на напредувањето на сколиозата. Ортозите (стегачи) денес се прифатени како доминантно средство за лекување на средни прогресивни сколиози…за торакалната, тораколумбалната и двостраката примарна сколиоза се применуваат различни типови на стегачи, најчесто од синтетски матријали… најинтензивното носење на стегачите се препорачува во текот на пубертетскиот раст. Основниот принцип на оперативното лекување на сколиозата е спондилодеза во корегирана положба на деформацијата…најчесто сколиозите се оперираат во раната адолесценција, т.е. во период кога болниот ја достигнува конечната телесна висина…

http://olaluczak.pl/ola/ola17.jpg     http://jumpfitness.pl/foto/zdrowy_kregoslup.png        http://www.drgaletic.rs/images/deformiteti_kod_dece.jpg     http://www.par-mar.com/images/proizvodi/ortoze/kraljeznica/skolioza/stolica-klecalica2.jpg      http://images43.fotosik.pl/284/b11947887df42445.jpg

занимавањето со спорт и спортски активности е пожелно, иако тоа не би требало да се сфати како терапија, туку само како помош за општото здравје, а воедно и на сколиозата…посебно препорачливо е јога вежбањето…за на ПЦ и други активности на маса само со специјални столици…ќе кажам да пливањето да  не речам посета на базен би било исто добро ...да

Makedonsko Zdravstvo - Iskrivuvanje na rbetot skolioza i kifoza изненадувањекликни на текстот!!!

Ете како Тања вежба ...аплаузкликни на текстот!!



Изменето од bijonse1 - 31.Октомври.2010 во 20:57
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.