|
Меѓународното право и големите сили |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Октомври.2009 во 17:31 |
Колку според вас големите сили ги почитуваат одредбите на меѓународното право?
Според мене, големите сили ги почитуваат безмалку сите одредби на меѓународното право, но сепак не доволно за да може да се каже дека целосно го почитуваат меѓународното право и се придржуваат до истото. Како најсвеж пример ќе ја истакнам инвазијата на Ирак од страна на САД и сојузниците, со што САД, која се случи без одобрение од органот кој е за тоа задолжен, Советот за безбедност на ООН. |
|
RORAIMA
Нов член Регистриран: 13.Октомври.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Voopsto ne gi pocituvaat principite na megjunarodnoto pravo.
Dokaz Vi e sporot so naseto ime i so Grcija. |
|
se sto e so pari , e bez pari !
|
|
Лазиќ Н.
Нов член Регистриран: 30.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Големите сили го почитуваат меѓународното право, но не доволно...тоа пред се зависи за каков интерес станува збор, дали самата држава со самото почитување или непочитување на меѓународното право се здобива со позитивна (политичка) слика пред институциите или пак се здобива со материјални добра и слично.
Изменето од Лазиќ Н. - 30.Октомври.2009 во 21:47 |
|
Лазиќ Н.
Нов член Регистриран: 30.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меѓународно право - ПРИЗНАВАЊЕ НА ДРЖАВИ
- Теории за признавање на држави Постојат две теории за признавањето на државите: декларативна и конститутивна. Според декларативната теорија државата станува членка на меѓународната зааедница со самото исполнување на четирите потребни услови за создавање на држава, и тоа: дефинирана теорија, суверена власт, постојано население и независност во вршењето на власта. Според конститутивнататеорија (која е постара и денес речиси напуштена), државата не станува субјект на меѓународното право само со исполнување на на четирите услови, туку и ако неа ја признаат другите субјекти на меѓународното право (државите) како рамноправен субјект со нив. Каде се наоѓа МАКЕДОНИЈА во сето ова ? |
|
Лазиќ Н.
Нов член Регистриран: 30.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никакви права не му се обезбедени ни на македонското национално малцинство во Грција. Според компетентни, наши и странски извори, пред балканските војни (1912 година) во Егејска Македонија живееле 326 426 Македонци.
И покрај познатото раселување (“размена”) на населението врз основа на Северскиот мировен договор од 1920 година и посебната конвенција за иселување на малцинствата, како и поради принудната емиграција во прекуокеанските земји, според најрестриктивните официјални грчки и странски статистички податоци македонското национално малцинство во Грција, во 1928 година броело 81 981 жители, што секако е минимизирање на неговиот број. Проценето е дека тоа и тогаш броело повеќе од 300 000 души. (Грчкиот попис на населението од 1928 година е објавен во официјалната публикација на Министерството за стопанство и статистика.) На оваа малцинство не му се обезбедени никакви малцински права. Имено помеѓу двете светски војни Грција ова малцинство го нарекувала “Славофони”, “Славомакедонци” или “славофони Грци”. Северскиот договор од 1920 година ја обврзува Грција на заштита на негрчките народности во Грција, гатантира еднаквост во правата без оглед на нациналност, јазик и вероисповед, но овие одредби никогаш не беа извршени. Имено, поради постоењето на малцинствата на нејзината територија, Грција од своето осамостојување била должна да презема меѓународни обврски за своето однесување кон малцинствата (Лондонски протокол од 1930). По Првата светска војна, како и другите балкански држави во договор со сојузниците грција се обврзува и на посебна заштита на малцинствата на нејзината територија. Меѓутоа, на 27 номври 1919 година во Неј, помеѓу Грција и Бугарија е склучена Конвенција за иселување на малцинствата. Со оваа Конвенција земјите-договорнички на своите поданици од етничките малцинства, по вера или јазик, им го признаваат правото слободно да се иселат во нивните соодветни територии. Иселениците го губат државјанството на земјата што ја напуштаат во моментот на отпатувањето и добиваат државјанство на земјата во која заминуваат. На тој начин, всушност е извршено иселување на добар дел од Македонците од приморскиот дел на Македонија, односно од Егејска Македонија, така што Грција (и со Лозанскиот договор, со Турција) го менува етничкиот состав на територијата што ја поседува на штета на малцинствата. На тој начин е намален бројот на македонското малцинство во Грција, а и кон останатиот дел таа не ги исполнува обврските за нивните права според меѓународните договори од крајот на Првта светска војна, како и според оние кои ги склучила подоцна. По Втората светска војна Грција повторно превзема мерки против Македонците. Така на 01.10.1947 година е донесен Закон (декрет) за одземање на државјанството, а на 23.08.1953 Закон бр.2536 за колонизација на граничните подрачја, во 1959 година Закон за принудно давање изјава за лојалност, во 1967 година интерна наредба за забрана на употреба на македонскиот јазик, уставен акт за одземање на државјанството и други форми на асимилација на Македонците. Вакви и слични нелегитимни акти не се ревидирани ни со поновите правни акти за репатријација на грчките државјани и политички бегалци (одлука на министрите за внатрешни и за јавни работи бр. 106841 до 1982 година), според кои во Грција можат да се вратат само Грци по род, а врз истата дискриминаторска клаузула е оневозможено остварувањето на нивните имотни права во Република Грција (Закон бр.1540 од 1985 година) Извор: Меѓународно јавно право стр.136,137 Превземено од macedonium.org |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба да е дефинирана територија. |
|
mmomirovski
Сениор Регистриран: 15.Септември.2008 Локација: Tuvalu Статус: Офлајн Поени: 1219 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меѓународното право не постои, не постоело, и чисто сумњан дека некогаш ќе постои. Во адвокатот на ѓавалот - Ал Пачино му одговори на Киано Ривс, светот ќе го освојам преку адвокатите(или нешто слично беше репликата). Има една поговорка, каде што парите доваѓаат, од таму моралот си оди. Така и во меѓународното право, каде што силата доваѓа, правото си оди. Само кога ќе тргнеме од сопствениот проблем со името со Грција, нема потреба да се оди понатаму. Само ме интересира кои се тие 40% кои мислат дека Ги почитуваат безмалку сите норми на меѓународното право. Кога самите држави(иако "најдемкраткси") не си го пичитуваат сопственото право и сопствениот Устав. Како за пример ќе го дадам САД, чиј претседател со заседавањето на советот на безбедоност го прекрши чл.1 став 9 од Уставот на САД.( http://en.wikipedia.org/wiki/Article_One_of_the_United_States_Constitution#Section_9:_Limits_on_Congress - No title of nobility shall be granted by the United States: and no person holding any office of profit or trust under them, shall, without the consent of the Congress, accept of any present, emolument, office, or title, of any kind whatever, from any king, prince, or foreign state. )- Да биде трагедијата уште поголема Барак Обама, ако не се лажам е професор по уставно право. Така да, се е џабе, до силата е.
|
|
Античкиот
Сениор Поглавица Тешки Очи Регистриран: 14.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе вие уште верувате во Дедо Мраз???
Никој посилен не го почитува.. тоа е измисљотина за полесна манипулација и наметнување неоколонијалистички односи... Кое право, кое криво:??? Со тоа ли право Косово стана држава??? |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да го почитуваа меѓународното право , многу работи немаше да се случат како што се случија ......... како прво , немаше бездушно да е бомбардираат србија за да го нарушат меѓународното право за да насилно отцепат територија од меѓународно призната држава и како второ , немаше да не ставаат пред свршен чин во спорот со грција ..... какво меѓународно право какви бакрачи ...... приказни за мали деца ..........
Изменето од МАРШАЛ - 23.Ноември.2009 во 22:08 |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал, сето тоа кое го сторија, го направија во име на заштита на меѓународното право, притоа нарушувајќи ги сите процедури кои ги налага ООН, а кои истотака се базирани на меѓународно право... |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Следење на судењето пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг меѓу Македонија и Грција- директно од Хаг!
Изменето од Македон - 21.Март.2011 во 16:44 |
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во англискиот има една изрека I pay, I say или на македонски ќе палтам, па ќе клатам!
Према тоа големите ( и тоа само некои од големите), ја имаат таа можност да платат и клатат, односно да проповедуваат што другите треба да прават. Закон не ги гони, а уште помалку некој смее да им укаже на нивните девијантни ангажмaни. Петпорставувам дека тоа e the nature of the beast! |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
shto e problemot?...pa, zatoa i se golemi ...golemite,
...inache ne bi bile,...koga se bi vazelo i za (nekoi od)niv! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму така! Секој што го гази правото, а во исто време проповеда слобода и правда воопшто не може да се смета за почитувач на меѓународното право. |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |