IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали се спасуваме преку верата или делата?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали се спасуваме преку верата или делата?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали се спасуваме преку верата или делата?
    Испратена: 23.Септември.2009 во 02:18
Бидејќи на темата "Дали верувате во митарства?" се покрена дискусија околу тоа дали се спасуваме преку верата или преку делата, за да не продолжиме таму оф-топик, ја отварам оваа тема за да ја продолжиме дискусијата овде.
 
Би сакал уште во воведот да нагласам дека, иако темата е општа, овде ќе го дискутираме христијанскиот став по ова прашање.
 
Мојот став, а верувам дека тоа бескомпромисно е и ставот на Библијата, е дека христијаните се спасуваат преку верата, АМА не преку било каква вера, туку само преку жива вера т.е. искрена вера во Исус Христос и Неговото учење, вера на нановороден христијанин, кој го има Светиот Дух во себе и Неговите плодови (љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата), вера од која по дифолт произлегуваат и богоугодни дела.
Но сепак тука би сакал да потенцирам дека делата не се причина за спасението, туку само последица на искрената вера.
 
Би сакал да ги цитирам следниве библиски цитати како поткрепа на мојот став:
 
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој." (Ефешаните 2:8-9)
"Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. " (Исус Христос во ев. Јован 3:16)
"зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот." (Римјаните 3:20, Светото Писмо)
"Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек." (Галатјаните 2:16, Светото Писмо)
"Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе. " (Јаков 2:17)
Итн.
 
Тоа беа моите аргументи за мојот став. Повелете и вие со вашите аргументи по ова суштинско прашање во христијанството, па да дискутираме. Се надевам дека оваа тема ќе биде благослов за сите нас. Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 03:02
Ова е ставот на прахристијаните од Универзален живот:

Се спасуваме исклучиво според делата. Во целиот тој процес Христос треба да ни е водич и потпора.

Бог, нашиот Небесен Отец 1990 година во една објава насловена како ЈАС СУМ, и ти си во мене правечно и се враќаш преку Христос изговорена преку Неговата пророчица Габриеле од Вирцбург, објасни:

„Уште колку долго сакате да бидете слепи и да Го распнувате на крст вашиот брат и Избавител? Уште колку долго?
А се говори: Само преку верата ќе станете блажени. Кога тоа би било така, овој свет би бил здрав, а сите луѓе блажени. Верата е првиот чекор кон Внатрешната светлина. Довербата е следниот чекор. И тоа е еден моќен чекор ако Му се довериш на Христос, твојот Избавител - така што се трудиш се` помалку да грешиш, така што се трудиш да одржуваш мир со својот ближен, така што се трудиш да простуваш и да молиш за прошка и веќе да не грешиш.
Тогаш ти го доживуваш воскресението во себе, бидејќи избавителската искра на твојата душа станува се` поголема. Твојата свест се проширува; гревот отпаѓа од твоите очи; и ти гледаш појасно и гледаш, исто така, како се потсмеваат и подбиваат со Христос. Само преку верата вие нема да станете оној кој видува! Зааконот на љубовта прави да станете тој што ќе види - а кој навистина сака да видува, тој нека го исполнува законот на љубовта и тој ќе влезе во Внатрешниот живот.„


извадок од книгата: Се`Духот, БОГ говори непосредно преку својата пророчица во нашево време - Тој не ја говори речта на Библијата!



Изменето од Majkl - 23.Септември.2009 во 03:07
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 08:42
Светото Писмо кажува, а Православните Христијани го имаат тоа како став, дека вера без дела не може да постои. Имено, за некој да биде спасен, треба да да верува и да содејствува со Бога, т.е. да живее според Бога и да врши добри дела, затоа што Господ ни дал слободна волја и ние треба да го избереме нашето спасение, доколку го сакаме тоа. А како се докажува дека сакаме да сме спасени т.е. со Бога? – Со ДЕЛА. Бог ќе ни суди за секој наш грев, а светиот апостол Јаков вели дека тој кој може да прави добро, а не прави, му се пишува грев. Значи, секое дејствување или недејствување, се смета за добро дело или недело, и според тоа ќе бидеме судени. Џабе е ако веруваш, а немаш дела. И ѓаволите веруваат во Бог, но дела... злодела! Господ од нас бара покајание за гревовите кои сме ги направиле и менување на животот, т.е. прумување и започнување на нов живот исполнет со добри дела. А доколку тоа не го направиме... :

Матеј: 16:27 Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови.

1 Петар: 1:17 И ако Го нарекувате Татко Оној Кој непристрасно го суди секој поединец според делата, поминете го со страхопочит времето на својот животен пат,

Римјаните 11:15 та затоа не е голема работа, ако е слугите негови му се преобразуваат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе биде според делата нивни.

2 Тимотеј: 4:14 Ковачот Александат ми направи големо зло. Нека му врати Господ според делата негови!

Откровение: 2:23 И чедата нејзини ќе ги поразам со смрт, и сите цркви ќе узнаат дека Јас сум Оној , Кој ги испитува срцата и бубрезите; и секому од вас му давам според делата негови.

Откровение 20:12, 13 Потоа ви висов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. Морето ги поврати мртвит свои, кои беа со него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.

Откровение 22:12 ‘И еве, ќе дојдам скоро, и отплата Моја и со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.’



Што се однесува до цитатите од Светото Писмо каде се вели дека нашето спасение не е од делата, Православниот став е дека тие се однесуваат за сите луѓе, т.е. дека сите се призвани кон спасение, но тоа не значи дека сите ќе се спасат. Не значи дека ако Господ ја прилил Својата Крв за сите нас, дека по автоматизам сме спасени. За да бидеме спасени, треба содејство со Господа, т.е. труд, подвиг, покајание, молитва...

Кога нашите прародители згрешиле, прелагани од сатаната, Бог ги изгонил од рајот, и зад нив рајската порта била затворена. Во Стариот Завет, сите грешници, но и сите праведници, поради тоа оделе во пеколот. За рајските врати повторно да бидат отворени за човекот, требала некоја извонредна жртва, која ниту еден човек не можел да ја даде.

Токму затоа и доаѓа овоплотен Синот Божји на земјата – да го отвори рајот за човештвото и да го победи ѓаволот со тоа. А тоа се гледа од стихот каде Господ му вели на покајаниот разбојник дека тој уште во истиот ден ќе биде со Него во рајот. Тој е првиот човек кој влегол во рајот откако биле отворени рајските порти за сите нас, после Христовиот откуп на Голгота. Но дали сите ние ќе стигнеме таму, затоа што Господ не ја пролеа Својата крв само за тебе и мене, туку за сето човештво, од почетокот на светот до самиот негов крај?

Toj Својата Крв ја пролеа и за убијците, и за крадците и разбојниците, и за сите кои вршат престапи. Токму тоа спасение од пеколот е дарот Божји, затоа се вели –


1 Коринтјаните 15:55 “Смрт, каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата?”Тој дар не е по нашите дела.

ПО ДАР НИ Е ДАДЕНА МОЖНОСТА ЗА СПАСЕНИЕ; НО НЕ СИТЕ ЌЕ БИДАТ СПАСЕНИ

Христос ги отвори рајските порти за мене и за секој човек, но дали ќе влезeмe во рајот, тоа зависи од нашите дела.

Матеј 7:23
И тогаш Јас ќе им кажам: ‘Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!

Римјаните 2:6-7
Кој секому ќе му даде според неговите дела; живот вечен на оние, кои со трпение во добрите дела бараат слава, чест и бесмртност;


Затоа и апостолот вели дека делата ги оправдале и најголемите и праведни старозаветни луѓе, како и покајниците:


Јаков 2: 21 Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?

25 А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат?

14 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?

17 И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.



И за крај, би го цитирала апостолот како реторичко прашање наменето до оние кои веруваат дека се инстант спасени само со вера:

Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?






Изменето од Maran Ata - 23.Септември.2009 во 08:51
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 11:59
Леле Маранатке, тебе човек се мора да ти нацрта, иначе слабо конташ.

Делата, сами по себе нема да те спасат. Тачка.

Верата во Спасителот пак, ќе те спаси, (но мора да биде покрепена со дела).
Верата во Христос, не било која, сигурно ќе те спаси, но за да добиеш нешто на небесата, награда, мора да имаш дела со кои ќе ја заслужиш.

ВЕРА+дела=Спасение

Кажи ми кои добри дела ги направи разбојникот на крстот, за што Исус му рече:„Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”
Кои дела? Човекот беше закован и распнат! Само го призна Исус за Господ и го доби своето спасение!

Те молам! Премногу е да се тврди дека само врз основа на делата ќе одиш во Рајот. Значи секој кој е добар, христијанин, муслиман, будист, атеист (?!), ќе оди на Небото?!!
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
ultra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2616
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ultra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 12:08
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

.... Значи секој кој е добар, христијанин, муслиман, будист, атеист (?!), ќе оди на Небото?!!



А што да не? Нели доволно е на крајот само да го признае Исус за Господ и да го добие своето спасение???


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Кои дела? Човекот беше закован и распнат! Само го призна Исус за Господ и го доби своето спасение



Малце контрадикторно... нели???трепкање
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 12:18
Originally posted by ultra ultra напиша:


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

.... Значи секој кој е добар, христијанин, муслиман, будист, атеист (?!), ќе оди на Небото?!!
А што да не? Нели доволно е на крајот само да го признае Исус за Господ и да го добие своето спасение???
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Кои дела? Човекот беше закован и распнат! Само го призна Исус за Господ и го доби своето спасение
Малце контрадикторно... нели???трепкање


Во првиот цитат зборував за делата. Според Мараната, секој кој ќе биде добар ќе оди во Рајот. Чукни ја малку главата: еден будист кој ни мравка не гази, а не верува во Бога, туку во реинкарнација, карма или што и да е, ќе оди на Небото?! Само со покајание.

Секој кој ќе се покае, ќе го признае Исус за Господ и Спасител, ќе оди на Небото. Тоа право не можеш да му го одземеш на никого.

Нема тука контрадикција, туку само разлика во мислењата. Дотичната вели преку дела има спасение, а јас се држам до моето: преку вера.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 12:31
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Originally posted by ultra ultra напиша:


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

.... Значи секој кој е добар, христијанин, муслиман, будист, атеист (?!), ќе оди на Небото?!!
А што да не? Нели доволно е на крајот само да го признае Исус за Господ и да го добие своето спасение???
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Кои дела? Човекот беше закован и распнат! Само го призна Исус за Господ и го доби своето спасение
Малце контрадикторно... нели???трепкање


Во првиот цитат зборував за делата. Според Мараната, секој кој ќе биде добар ќе оди во Рајот. Чукни ја малку главата: еден будист кој ни мравка не гази, а не верува во Бога, туку во реинкарнација, карма или што и да е, ќе оди на Небото?! Само со покајание.

Секој кој ќе се покае, ќе го признае Исус за Господ и Спасител, ќе оди на Небото. Тоа право не можеш да му го одземеш на никого.

Нема тука контрадикција, туку само разлика во мислењата. Дотичната вели преку дела има спасение, а јас се држам до моето: преку вера.


Ритке, оти вака пак се бламираш? Изгледа тебе треба да ти се црта, затоа што слабо те бива за читање. Ај Маран Ата да те потсети што беше во претходниот нејзин пост пишано:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Светото Писмо кажува, а Православните Христијани го имаат тоа како став, дека вера без дела не може да постои. Имено, за некој да биде спасен, треба да да верува и да содејствува со Бога


A дали некој на кој не Му бил проповедан Христос за да Го осознае како Бог, а имал добри дела, ќе се спаси, е суд на Бога, а не твој!

Клеветењето, лагите и ширење дезинформации изгледа тебе и на твоите компањони ви прешло ептен во „христијанска“ пракса!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 12:38
Прво и основно: не ме викај Ритке.

Второ: не судам туку објаснувам (може и за тебе да се рече дека судиш). Извади ја гредата од твоето око, па после раската од окото на "сестра си".

Трето: не ми кради реплики јасно?

Четврто: на тебе ти требаат цртежи, а не мене. За жал разбирам што пишуваш (ама не се сложувам со тоа). И кога ги читам твоиве постови, искрено посакувам да сум неписмена.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 12:38
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Светото Писмо кажува, а Православните Христијани го имаат тоа како став, дека вера без дела не може да постои.
 
Добро утро, никој не спори околу тоа дека вера без дела не може да постои, затоа и се чудам на твоето прашање каде што прашуваш: Дали ќе се спаси некој што верува во Христос, а нема дела? среќа
Но овде дискутираме дали верата во Христос е таа што не спасува, или пак делата (делата кои произлегуваат од нашата правилна вера).
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Откровение 20:12, 13 Потоа ви висов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа со него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
 
А што мислиш, дали и христијаните спаѓаат во "мртвите" погоре?
 
"Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот."
(Исус Христос во ев. Јован 5:24)
 
Значи (ова можеби ќе биде ново за тебе затоа внимавај како читаш), на Судниот Ден ќе има повеќе "судски процеси". На еден судски процес ќе бидат спасени (од вечниот оган) христијаните заради "крвта на Јагнето" (Исус Христос). На друг судски процес ќе се вреднуваат богоугодните дела на веќе спасените христијани (оние кои поминале на првиот судски процес) и тие ќе добијат награди за своите дела, или пак ќе бидат изненадени како одредени нивни "богоугодни дела" ќе им бидат поништени.
 
"сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда; а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган."
(1 Коринтјаните 3:13-15)
 
На друг судски процес ќе им се суди на оние кои го одбиле Христовото сведоштво, на трет за оние кои никогаш не го слушнале истото (овие ќе бидат судени според делата, мотивите, совеста и нивото на свеснот што го имале за Бог и Неговата праведност), на четврт можеби психички болните кои немале умствен капацитет да го чујат или разберат и применат Христовото учење итн. Не знаеме како Бог ќе суди за сите овие групации, но за оние кои искрено поверувале во Христос и имаат жива вера (од која како последица произлегуваат добри дела), за нив знаеме, за нив имаме откровение во Светото Писмо, тие ќе бидат спасени на основа на нивната вера во Исус Христос - Спасителот.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


И за крај, би го цитирала апостолот како реторичко прашање наменето до оние кои веруваат дека се инстант спасени само со вера:

Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?


 
Ова апостолот им го вели во дискусијата со оние кои имале МРТВА вера, вера од која не произлегувале дела. Од истиот дел (истото поглавје) на Светото Писмо и јас цитирав во мојот прв коментар на темава:
"Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе. " (Јаков 2:17)
Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 13:10
Ritke i Maranatke, drugarot DDaritka ve pozdravuva!голема%20насмевка
( ama na galeno se vikate be )голема%20насмевка

Rita.MD velish chovek ako pravi dobri dela, a ne veruva, nema da se spasi! Shto ako veruva, a pravi loshi dela, pa sekogash posle na sluzhba vo nedela, se pokajuva i moli kon Gospoda  ( velam sluzhba, koristejki protestantski termini )?
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 13:17
А мене пак, ме интересира што правиме со оние кои ниту веруваат во Христос, а ниту прават некакви дела (не прават ниту лоши, ниту добри дела, туку едноставно, си живеат за себе)?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 13:26
А би прашал само едно?
Како и од што треба да се спасува оној кој не верува во религија ни една,а цел живот прави добри дела и кој цел свој живот го живее за да помогне на другите,притоа нормално прво за да функционира како таков доброчинител сработува за себе и после помага на другите?

Од што би се спасувал тој кога на никому не грешил во животот а не е припадник на ниедна религија?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 13:31
Fiks pravednicite ke go nasledat carstvoto Bozjo.
Onoj koj cel zivot vrsel pravda, a mozebi ne veruval, mislam deka ke se spasi.
Zamisli, mozebi nekoj ne moze da veruva, na primer, se raga na mesto kade shto vistinskata vera Hristijansko Pravoslavnata e nema, a i za Gospod ne e slusnal nikogas, pa instinktivno pravi dobri dela, toj ke bide spasen!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 13:38
Кроце сега Даре.
Правдата не е носи само и единствено религијата.
Правдата е должност на секого без разлика дали е или не е религиозен,не значи дека ако некој е религозен е праведен,такви заклучоци од каде извади.

Муабетот ми е зошто да му се суди на праведниот кога не направил никакво зло и не е религиозен и едноставно не прифаќа религија никоја,сака да си го изживее животот и да помага на другите,не сака ни рај ни пекол ни царства после смртта?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.