IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија официјално во рецесија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија официјално во рецесија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонија официјално во рецесија
    Испратена: 19.Септември.2009 во 17:40

Македонија официјално во рецесија

БДП во вториот квартал годинава паднал за 1,4 отсто, соопшти статистика. Премиерот Груевски смета дека економија го достигнала дното на рецесијата, па очекува понатаму да бележиме раст. Наспроти него, НБМ во третиот квартал предвиде најсилен пад од 2,9 отстоЗемјава и официјално влезе во рецесија. Обемот на домашниот бруто-производ е во негатива шест месеци по ред. Државниот завод за статистика вчера објави дека економијата во вториот квартал опаднала за 1,4 отсто во споредба со истиот период лани. Тоа претставува втор последователен тримесечен пад, откако во првиот квартал од годината беше забележана негативна стапка на раст од 0,9 отсто.

Премиерот Никола Груевски вчера рече дека падот на економијата е помал од очекуваниот минус од 2 отсто, врз основа на кој се работеле проекциите на БДП. Народната банка на Македонија во третиот квартал очекува најсилен пад на економијата од 2,9 отсто.

- Очекуваме третиот квартал да биде подобар, но сепак во зоната на минусот. Во четвртиот квартал очекуваме да излеземе од рецесијата. Вкупниот пад годинава ќе биде минус 0,6 отсто. Со тоа, Македонија ќе биде меѓу трите земји во светот со најмал пад на економијата предизвикан од глобалната економска криза - изјави Груевски.

Рецесијата значи намалување на куповната моќ, односно уште поголем пад на животниот стандард на граѓаните, зголемување на невработеноста, односно губење на работните места, намалување на економската активност, намалување на ликвидноста на компаниите, кои за да ги намалат трошоците ќе ги укинуваат работните места, а помалите од нив ќе стават и клуч на фирмите.

Според економската теорија, една држава се смета дека е влезена во рецесија откако ќе забележи пад на БДП во два последователни тримесечја.

Според статистиката, во второто тримесечие најголем пад е забележан во секторите вадење руди и камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и вода. Заводот за статистика објави и дека потрошувачка на домаќинствата во второто тримесечје опаднала за 3,6 отсто во однос на истиот период лани, вклучувајќи ги и непрофитните институции што им служат на домаќинствата. Потрошувачката на домаќинствата учествува во структурата на домашниот бруто-производ со 72,8 отсто. Во вториот квартал увозот на стоки и на услуги забележа најголемо намалување од 28,5 отсто.

За експертите и второто кастрење на буџетот, кое го предложи Владата за 80 милиони евра, не е доволно за да се ублажат ефектите од рецесијата. Тие апелираа државата уште повеќе да ги намали непотребните трошења од буџетот. За аналитичарите, нереална е стапката на пад на економијата од само 0,6 отсто годинава, колку што проектира Владата со вториот ребаланс на буџетот кој се' уште е во собраниска процедура.

- Малото кратење на буџетот од 80 милиони евра и задржувањето на стапката на буџетски дефицит од 2,8 отсто покажува дека Владата не е спремна да се откаже од непродуктивните трошења и покрај лошата состојба во стопанството, таа ќе продолжи да зафаќа голем дел од парите на даночните обврзници - реагираа експертите.

За нив, рецесијата е очекуван тек на настаните во земјава како резултат на ненавремено преземените мерки од Владата да се ублажат негативните последици од економската криза. Според некои аналитичари, Владата мораше да направи многу поголем рез во буџетот, дури и три пати повеќе отколку што скрати. Тие дури апелираа и кастрење на платите на администрацијата и на пензиите за да се намалат државните трошења. Бидејќи Народната банка на Македонија не ја олабавува монетарната политика, никој не очекува дека до крајот на годината каматните стапки ќе паѓаат. Затоа експертите се убедени дека приватната потрошувачка, најголемиот креатор на македонскиот раст, и понатаму ќе паѓа, а со тоа и домашниот бруто-производ. Голем удел во рецесијата има падот на индустриското производство од 19,8 отсто во јули годинава, споредено со истиот месец лани.

Владата со предлогот за втор ребаланс на буџетот прогнозираше дека падот на македонската економија во вториот квартал ќе биде 2 отсто, во третиот 1,2 отсто, а последниот квартал ќе биде позитивен со раст од 1,7 отсто, со што вкупниот пад за годинава го проектира на 0,6 отсто. Од друга страна, Меѓународниот монетарен фонд прогнозираше дека Македонија годинава ќе биде во рецесија длабока 2,5 отсто. Централната банка, пак, предвиде вкупен пад на домашниот бруто-производ од 1,8 до 2,5 отсто за целата година. Претходно НБМ предвидуваше вкупен пад на економијата годинава од 0,4 отсто.

Александра Филиповска



Изменето од bounty_hunter - 19.Септември.2009 во 17:44
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 17:55
I dodeka site drzavi prevzemaat pogolemi merki da ja ublazat recesijata, Premierot vcera izleze so extra golema nasmevka, kako nebare da mu se rodil sin, vidno "zadovolen" od toa sto makedonija ima pad na BDP od 1.4%. Demek, ocekuvale pad od 2%, pa sega ova e super rabota sto toj i negovata vlada ja zavrsile. Imame pad samo od 1.4%. Nema nekoi dopolnitelni merki za da se pomogne na stopanstvoto, sto i onaka podolgo vreme maka maci da vrze kraj so kraj.

No, za da se trgne recesijata od centarot na vnimanieto, den pred da se objavi recesija, objavija deka ke ja trgnat petokrakata od Makedonskiot grb. A, na nikoj i ne mu e gajle povejke za grbot i za red drugi raboti so koi sekojdnevno ne trujat. Lugjeto sakaat vrabotuvanja i pristoen zivot. Od druga strana, se isporedija site aramii i ispokradoa se od drzavata. Ni kazuvaat deka ne go menuvame imeto, ke go menuvame grbot i ne znam sto drugo.....totalna anarhija. A, anarhija tesko moze da se socuva drzava.

Ama kako sto trgnalo, taka neka si tera. Dolgi 19 godini, grabaat, grabaat i grabaat. Ednas ke dojde i kraj na toa, koga ke nema povejke sto da se zeme.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 19:00
ИДИВИДИ форум : Македонија и Свет : Бизнис и економија  
Message%20Icon Тема: Македонија официјално во рецесија
 изненадување изненадување изненадување изненадување НЕ - МОГУЧЕ ........... па николчо и “ експертот “ за економија ставре велат дека нема рецесија ....... ова се пропаганди не%20зборувам

Изменето од МАРШАЛ - 19.Септември.2009 во 19:00
Кон врв
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 13:28
Ovaa ne e mozno da sme vo recesija.Premierot rece deka ovaa ne e recesija kako vo site drzavi,ovaa e blaga recesija,kako sto imame i blaga ekonomska kriza.Ekspertite sto velea deka ke propadne makedonija vo bankrot toa ne se ostvari.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 13:59
Најнови вести!!!
Премиерот ќе превземе мерки за борба против рецесијата - ќе се рекламира уште посилноголема%20насмевка
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 14:23
ако е ова “ блага “ рецесија проследена со “ блага “ економска криза , се прашувам како ли издржуваат оние кои немаат ваква “ благодет “ да имаат ваков премиер и “ експертска “ влада  смеење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.