IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Крстоносните војни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крстоносните војни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Крстоносните војни
    Испратена: 27.Јануари.2010 во 17:27
Originally posted by Spiridon Spiridon напиша:

Колку површни муабети за сериозна тема.


Не се сложувам со мислењето дека анализата на веродостојноста на некои тогашни документи и списи за настаните поврзани со крстоносните војни се површни, но, тоа е твое мислење.
Кон врв
Spiridon Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Spiridon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2010 во 04:05
Колку површни муабети за сериозна тема.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 23:01
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 17:35
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овие се арамии ама оти се европски биле кртоносци иако немале ништо заедничко со Исус


Κοнстатацијата, за жал, е вистина.
На повикот за Крстоносна војна, секако, по молбата на Византија до Папата Урбан ΙΙ, се одговара позитивно на соборот во Клермонт, но и покрај тоа што намената е ослободување на Ерусалим од рацете на Муслиманите, крстоносците, не сите секако, но голем дел од нив, вршат колежи над месното арапско и еврејско население, оправдувајќи го тоа со својата мисија, иако всушност целта им била грабежот и стекнувањето на богатство, не покажуваат ниту малку почит кон никого, не случајно тие и пропаѓаат, поделбата на Крстоносците на териториите кои ги освоиле на мали државички ќе доведе и до тоа да завршат така како што завршија.



Папата Урбан ΙΙ на соборот во Клермонт
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 17:18
Овие се арамии ама оти се европски биле кртоносци иако немале ништо заедничко со Исус
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 16:02
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 16:53
Големиот историчар на Крстоносните војни, Сер Стивен Рунциман, напишал дека разурнувањето на Константинопол е нешто што не може да се спореди со ниту еден историски настан:

"Девет века" тој пишува" големиот град беше главен град на христијанската цивилизација. Беше исполнет со дела на уметноста, кои останаа уште од Атничка Грција и со ремек дела од своите најискусни занаетчии. Венецијанците, каде и да најдеа вредни нешта, ги земаа. Но Французите и Фламанците беа полни со страст за уништување: во групи одеа по улиците, влегуваа во куќите, земаа се што сјаеше и уништуваа се што не можеа да понесат со себе, застанувајќи само да убијат или да силуваат или да провалат во винските визби. Ниту манастирите и црквите, ниту библиотеките беа поштедени. Во Света Софија, пијани војници можеа да бидат видени како ги влечат свилените завеси и како сребрениот иконостас го распарчија, а светите книги ги газеа со нозете. Додека тие пиеја од светите садови, проститутка пеела цинична француска песна од тронот на Патријархот. Монахињите беа силувани во нивните манастири. Палатите и колибите подеднакво беа разрушени. Повредени жени и деца лежеа на улиците. Три дена ужасните сцени продолжија се додека големиот и убав град се претвори во касапница. Дури и откако редот беше повторно воспоставен граѓаните беа малтретирани за да откријат каде ги кријат скапоценостите".

Steven Runciman, History of the Crusades, Penguin Books, Harmondsworth, 1965, vol 3, pp. 111-128.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 00:24
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


Според месното
предание, отпаднатите православни монаси, кои се присоединиле кон
Латините и служеле заедно со нив, биле погребани во една пештера на
морскиот брег, во околината на големата Лавра, на скриено место,
оддалечено од очите на луѓето. Како што сведочат сигурни извори, и како
што се гледа од снимките снимени на самото место, нивните тела и ден
денес лежат таму, нераспаднати и црни како јаглен. Лицата им добиле
ужасен, демонски изглед, за страв и поука на сите што ги гледаат и за
спомен на нивното отстапување.


„Случајно“ ја најдов:

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2009 во 21:32
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:



Tetratka, напади на Света гора имало и во Четвртата Крстоносна војна, не само во Деветтата Крстоносна војна. Не случајно по сите осуди на Папата Инокентиј III за злосторот на крстоносците ( кои ги екскомуницира и пред тоа ) , монасите од Света Гора праќаат писмо до Папата Инокентиј со молба да ги заштити од нападите, меѓутоа во случајот не од самите крстоносци, туку од новите католички држави формирани по Четвртата Крстоносна војна.


Во житието, на почетокот се спомнува и за такви напади... конкретно, судејќи според годината кога мачениците биват изгорени во зографската кула, најверојатно станува збор за 9-от поход... тоа е несомнено

Не сум ги проверил другите документи (мислам на грко-јазичните манастири)... мислам дека и за време на 4-от поход има маченици, но сепак почитта кон нив останува непозната за нас од проста причина што тоа се грко-јазични христијани...

Јас решив да пишувам за Зографските маченици бидејќи тие се дел од трите словенски манастири и тоа е поинтересно за нас...а и тоа го имам на македонски јазик и текстот на житието е на кирилица.

Ди сакал да прашам за писмото...
сум го пропуштил ли јас тоа во предходните постови...или ...

поточно: кај може да се види содржината на тоа...?

знаеш, јас сум книжник... мора тоа да го проверам...трепкање


Мислам дека го споменав тоа писмо во претходните постови, покрај другите писма од Папата. Во тие од Папата Инокентиј III до крстоносците, тој ги екскомуницира истите и пишува за нивните ѕверства. Писмото го немам, ама еве што вели страната за Света Горатрепкање

http://www.mountathos.info/


Изменето од Македон - 03.Декември.2009 во 21:32
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2009 во 21:08
Originally posted by Македон Македон напиша:



Tetratka, напади на Света гора имало и во Четвртата Крстоносна војна, не само во Деветтата Крстоносна војна. Не случајно по сите осуди на Папата Инокентиј III за злосторот на крстоносците ( кои ги екскомуницира и пред тоа ) , монасите од Света Гора праќаат писмо до Папата Инокентиј со молба да ги заштити од нападите, меѓутоа во случајот не од самите крстоносци, туку од новите католички држави формирани по Четвртата Крстоносна војна.


Во житието, на почетокот се спомнува и за такви напади... конкретно, судејќи според годината кога мачениците биват изгорени во зографската кула, најверојатно станува збор за 9-от поход... тоа е несомнено

Не сум ги проверил другите документи (мислам на грко-јазичните манастири)... мислам дека и за време на 4-от поход има маченици, но сепак почитта кон нив останува непозната за нас од проста причина што тоа се грко-јазични христијани...

Јас решив да пишувам за Зографските маченици бидејќи тие се дел од трите словенски манастири и тоа е поинтересно за нас...а и тоа го имам на македонски јазик и текстот на житието е на кирилица.

Ди сакал да прашам за писмото...
сум го пропуштил ли јас тоа во предходните постови...или ...

поточно: кај може да се види содржината на тоа...?

знаеш, јас сум книжник... мора тоа да го проверам...трепкање


Изменето од Tetratka - 03.Декември.2009 во 21:09
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2009 во 20:25
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Многу добра забелешка Македон!




Затоа ако имаме предвид која е годината кога тие загинуваат, таа се поклопува со 9-от крстоносен поход:


Во житието се споменува дека тоа биле одметнички банди кој често ја напаѓаат Света Гора...

Тоа не е прв случај да биде нападната Света Гора, тоа многу често се случувало и од пиратските банди... Во случајов крстоносците на поминување или заминување, многу често запирале на Света Гора... ке си ја завршеле работата (види житието) и си заминувале...

п.с.
За авторот на житието и околностите кога е тоа напишано, (непосредно после настаните) сепак не бил најважен историскиот дел, а оној духовниот... но за тој книжовен аспект и стил на изразување, секако тука нема да спориме. Тоа е сосем друга тема и за тоа т.е. за “житијните вистини“ сведочат лингвистите...



Tetratka, напади на Света гора имало и во Четвртата Крстоносна војна, не само во Деветтата Крстоносна војна. Не случајно по сите осуди на Папата Инокентиј III за злосторот на крстоносците ( кои ги екскомуницира и пред тоа ) , монасите од Света Гора праќаат писмо до Папата Инокентиј со молба да ги заштити од нападите, меѓутоа во случајот не од самите крстоносци, туку од новите католички држави формирани по Четвртата Крстоносна војна.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 20:51
Многу добра забелешка Македон!

На многу места во житието не е обележано за кој Палеолози се работи... бидејќи, најверојатно авторот на житието, судејќи според годината во која загинуват мачениците, сметал дека тоа е повеќе од јасно:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Тие загинаа во огнот 1276 година, а според еден грчки ракопис, што се наоѓа во Протатот, во Иверскиот и во Ватопедскиот манастир, на 10 октомври 1280 година.


тука се гледа за кое време се работи:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:



          Беззакониот цар Михаил VII Палеолог, кој имаше намера да дојде на Света Гора за да го уништи православието, не дојде бидејќи неговото царување набргу заврши... За време на еден поход против Иван Душан, српскиот кнез, тој се разболе и во декември, 1282 година, умре на својот брод, близу градот Бер, неприсоединет кон западната црква и отлачен од Источната.
         Неговиот син Андроник II Палеолог, кој беше кај него, поради народното негодување не се осмели да го погребе својот татко со царски почести, туку нареди да го закопаат ноќта во еден близок манастир. Вдовицата на Михаил, Теодора, беше принудена да издаде указ во кој го призна вистинското исповедување на православната вера.
         “Мојата царственост - пишува таа - го мрази и го смета за гнасно тоа дело - унијата, што неодамна се случи во Црквата и целата ја вознемири... Како што Божјата Црква го осуди патријархот Век за неговите богохулни догмати, а заедно со него и Мелитиниот и Метохит (неговите истомисленици) и ги одлачи од себе, така и мојата царственост, претпочитајќи Го пред сѐ Божјиот страв и покорноста на светата Црква, ја одобрува и прима таа определба и никој нема да ме принуди да правам помен за душата на мојот сопруг и господар.”



Затоа ако имаме предвид која е годината кога тие загинуваат, таа се поклопува со 9-от крстоносен поход:


“Деветата крстоносна војна траела од 1271 до 1272 година и бил против египетскиот султан Бајбара и неговиот обид да ги уништи крстоносните земји. На чело на подходот застанал принцот Едвард кој успеал да го спречи во тоа барем за две децении. По паѓањето на Антиохија (1268), Триполи (1289) и Акар (1291) последните траги од христијанската окупација на Сирија полека исчезнале.“

Во житието се споменува дека тоа биле одметнички банди кој често ја напаѓаат Света Гора...

Тоа не е прв случај да биде нападната Света Гора, тоа многу често се случувало и од пиратските банди... Во случајов крстоносците на поминување или заминување, многу често запирале на Света Гора... ке си ја завршеле работата (види житието) и си заминувале...

п.с.
За авторот на житието и околностите кога е тоа напишано, (непосредно после настаните) сепак не бил најважен историскиот дел, а оној духовниот... но за тој книжовен аспект и стил на изразување, секако тука нема да спориме. Тоа е сосем друга тема и за тоа т.е. за “житијните вистини“ сведочат лингвистите...



Изменето од Tetratka - 30.Ноември.2009 во 20:52
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 19:26
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Повест за страдањата на светите
ДАВЕСЕТ И ШЕСТ ЗОГРАФСКИ МАЧЕНИЦИ

п.с. фуснотите може да ги прочитате најдолу... ова е дел од житието, каде имаме сведоштво за злочинствата на Рим и римските пратеници испратени од Папата:

       Кога пратениците стигнаа во Рим, сите западни римокатолички владетели се вооружија и решија да тргнат за Цариград, но не за да му помогнат на Михаил Палеолог, својот истомисленик, туку за да го уништат. На пат за Цариград тие се нафрлија врз Светата Атонска Гора, и почнаа да ги прогонуваат сите што живееја таму. Најнапред ја нападнаа Лаврата на свети Атанасиј, предложувајќи им на монасите да се присоединат кон нивната латинска вера и да влезат во општење со нив. Исплашените монаси, не разбирајќи ги добро апостолските зборови: “Дајте му место на гневот” преку еден свој одлачен свештеномонах, се согласија, се присоединија кон нив и на тој начин си ги спасија животите. Подоцна тие монаси беа изобличени и казнети од Бога. (1*.)


Интересен текст, му препорачувам секому да го прочита.
Сепак имам некои прашања, пред и јас да кажам нешто околу ова.

1. Во текстот говори за пратеници во Рим, а знаеме дека такви биле пратени пред почетокот на Првата Крстоносна војна. Дали за неа станува збор, или за Четвртата?
2 Се споменува и Михаил Палеолог. Во четвртата крстоносна војна имаше две династии коисе бореа за превласт, а онаа која се соедини со Крстоносците беше на Алексиј IV и татко му Исак. Дали тие беа дел од Палеолозите или од нивните противници?
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 19:06
Повест за страдањата на светите
ДАВЕСЕТ И ШЕСТ ЗОГРАФСКИ МАЧЕНИЦИ


Во периодот кога на византискиот царски престол царувал императорот Алексис Вука Мурзуфла, Латините со голема војска го освоиле Цариград и многу градови и села на Византија.
            Долго време (1204-1261) византиската империја беше под власта на Латините и се наоѓаше во најбедна положба.  Така беше и по прогонувањето на Латините од Цариград за време на владеењето на византискиот цар Михаил VII Палеолог (1261-1282).


p.s. фуснотите може да ги прочитате најдолу... ова е дел од житието, каде имаме сведоштво за злочинствата на Рим и римските пратеници испратени од Папата, кон Света Гора Атонска:

       Кога пратениците стигнаа во Рим, сите западни римокатолички владетели се вооружија и решија да тргнат за Цариград, но не за да му помогнат на Михаил Палеолог, својот истомисленик, туку за да го уништат. На пат за Цариград тие се нафрлија врз Светата Атонска Гора, и почнаа да ги прогонуваат сите што живееја таму. Најнапред ја нападнаа Лаврата на свети Атанасиј, предложувајќи им на монасите да се присоединат кон нивната латинска вера и да влезат во општење со нив. Исплашените монаси, не разбирајќи ги добро апостолските зборови: “Дајте му место на гневот” преку еден свој одлачен свештеномонах, се согласија, се присоединија кон нив и на тој начин си ги спасија животите. Подоцна тие монаси беа изобличени и казнети од Бога. (1*.)

          Потоа Латините влегоа во Иверската (Грузиска) Лавра, барајќи и од тамошните монаси да се соединат со нив. Монасите од тој манастир, не само што не се согласија со тоа, туку ги разобличија нечестивите, и според зборовите на апостолот (Гал. 1,8), ги проколнаа заради нивното воведување на погрешни догматски новини. Кога го слушнаа тоа, беззакониците се разгневија и ги извлекоа сите монаси надвор од манастирот, по што старешините ги качија на брод па заедно со него ги потопија во морето. Така блажените монаси, затоа што не им се покорија на беззакониците, примија маченички и исповеднички венци. А помладите од нив, родени во Иверија (Грузија) беа одведени како робови во Италија, каде што им ги соблекоа монашките раса и ги продадоа на Евреите.
        Од Иверската Лавра Латините отидоа во Ватопедскиот манастир. Во него најдоа само болни и престарени монаси, и кога ги прашаа за другите монаси, тие им одговорија:
         - Се кријат во долините низ густите шуми, за да ја зачуваат верата и за да не се осквернат од нечестивите.
         Откако ги убија светите исповедници, Латините веднаш се спуштија во околината на манастирот, и кога ги најдоа настојникот и другите монаси, на почетокот љубезно ги убедуваа да станат нивни истомисленици, но еден од монасите им рече:
          - Подобро да му угодиме на Христа, отколку на Антихристот!
          А тие им одговорија:
          - Зарем ние не сме Негови, зар ние сме на Антихристот?
          Светителот им одговори:
           - Да, зашто секој што му се противи на Христовото Евангелие, е Антихрист, и тој всушност сега ви помага. Какво општење може да има светлината со темнината? Ние никогаш нема да се присоединиме кон вас!
          Духоборците, кога го слушнаа сето тоа, си ги затворија ушите и не само што не се убедија во вистинитоста на православната вера, туку ги положија своите беззакони раце врз чуварите на законот и ги обесаија сите монаси на местото на кое ги најдоа. Оттогаш па сѐ до сега тоа место се нарекува фурковуни, т. е. гора на бесилките.
         Потоа Латините преминаа на другата сатрана од Света Гора и се доближија до манастирот “Свети великомаченик Георгиј”, наречен Зограф. Игуменот на тој манастир, преподобниот Тома, пред неколку дена беше дознал како за нападот врз Света Гора од страна на нечестивите еретици, така и за злосторствата што им претстојат на неговите собраќа. Тој ги бодреше своите чеда, охрабрен од следното чудо: Еден добродетелен старец - монах, живееше кај манстирското лозје, што се наоѓаше на половина час патување југозападно од манастирот. Во својата келија имаше икона на Пресвета Богородица, пред која секојдневно кадеше темјан и читаше акатист, кој од Грците беше наречен херетизми. Поради оваа причина тоа место и денес се нарекува "Херово". И кога богоодвратните Римјани ја нападнаа Света Гора со злосторнички намери, и беа веќе истоварени од своите бродови, тој богоугоден старец, според својот обичај, стоејќи пред иконата на Пресвета Богордица, ги кажувал следниве зборови: “Радувај се!”, и од светата икона ги слушнал следниве зборови:
          - Радувај се и ти, старецу, но што побргу бегај оттука, за да не те снајде несреќа! Оди и кажи им на браќата во манастирот да се затворат, зашто богопротивните Римјани го нападнаа ова благословено место од Мене и веќе се близу.
         Старецот паднал пред иконата и рекол:
          - Како можам, Владичице, да Те оставам Тебе, мојата Застапничка!
          На тоа гласот од иконата му одговорил:
          - Не се грижи за Мене, туку оди што побргу!
          Кога старецот тргнал накај манастирот за да ја соопшти заповедта од атонската покровителка, иконата на неискажлив начин била побрза од него, стигнала во манастирот и застанала над манастирската порта. Кога старецот пристигнал пред портата и ја видел светата икона над неа, се воодушевил и им раскажал на сите за настанатото чудо. Кога монасите ја видоа иконата на Пресвета Богородица и кога слушнаа за тоа преславно чудо, Ги прославија Бога и Неговата Пречиста Мајка. А игуменот, дознавајќи за тоа каква несреќа ќе ги стигне манастирските браќа, почна да ги советува да бидат бодри и да не се плашат. Тој им велеше:
         - Отци и браќа! Сите, водени од Божјиот Дух, се синови Божји, зашто вие не го примивте духот на ропството, та да стравувате, туку го примивте Духот на восинувањето. Ние се нарекуваме и навистина сме чеда Божји. Ако сме чеда, тогаш ние сме наследници на Христа, и ако страдаме со Него, со Него и ќе се прославиме. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе се јави во нас (Рим. 8:14-18). Затоа, исто како и апостолот, ви велам: Вие, кои сте подготвени со духот, и не се плашите од маките, останете заедно со мене во светата обител, а вие што се плашите земете ги Црковните садови и скријте се извесно време, додека не стивне гневот на еретиците, за да не западнете во хулење од малодушноста.
        Тогаш тие што се плашеа од маките се скрија во долините, пештерите и грмушките. А светиот игумен со другите монаси се заклучи во кулата. Тие тоа не го направија од страв, туку за да го искористат макар и тоа малку време за да ја изобличат беззаконсаката ерес. Мачителите од сите страни го опкружија манастирот и почнаа да им викаат на монасите што беа во кулата:
         - Отворете ни, господа, отворете!
         А преподобниот игумен им одговори:
          - Не знаеме од каде сте!
          Мачителите продолжија:
           - Ние сме Христови слуги и доаѓаме за да ве преобратиме и вас заблудените на вистинскиот пат!
           А светителот им одговори:
           - Оддалечете се од нас вие што вршите беззаконија, зашто апостолот вели: “Ако дури и ангел од небото почне да ви благовестува нешто друго, освен тоа што ви го благовестевме ние, нека биде проклет! (Гал. 1:8)”
           На тоа еретиците одговорија:
            - Ние сме од Бога, и веруваме во Господа Исуса Христа и го проповедаме Светото Евангелие. Пратени сме од блажениот римски папа, кој е глава на Црквата, за да ви го кажеме и вам безумните тоа што вие не го разбирате, та да се вразумите, да ги разберете уставите и верно да читате во Светиот Симбол на верата “Верувам во единиот Бог Отец Седржител...(пс. Никео-цариградски символ на верата)” дека Пресветиот Дух излегува од Отецот и Синот. Потоа на проскомидијата да принесувате пресен а не квасен леб и вашите свештеници да си ги бричат брадите, за да со тоа не грешат при Божјите служби, бидејќи тие се Црковни женици. Ако го исполните сето тоа, тогаш ќе добиете очистување од Седржителот, и ние од радост поради вашето покајание, ќе ви се смилуваме. Во спротивно ќе ве погубиме безмилосно, за да не го зафаќате попусто местото на земјата.
         Откако ги кажаа тие и други слични хулења, еретиците очекуваа одговор од преподобните. Преподобните  монаси одговорија:
          - Ние ја сакаме и исповедаме вистината, па затоа не им обрнуваме внимание на вашите соблазни и безумија, и не се плашиме од вашите закани. Пишано е дека треба да се плашиме само од Бога, а од луѓето нема потреба да стравуваме и затоа смело ви велиме: Никој не може да ни наштети ако со нас е Бог, Кој е праведен и ја засакал правдата. Самиот Господ наш Исус Христос во Светото Евангелие вели: “Кога ќе дојде Утешителот, Кој ќе ви го пратам од Отецот, Духот на вистината, што излегува од Оца, Тој ќе сведочи за мене” - и продолжи: “И Јас ќе го молам Отецот, Кој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас во веки - Дух на вистината.” И уште: “Тоа ви го велам бидејќи Сум со вас. А Утешителот, Светиот Дух, Кој Отецот ќе ви го прати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви напомене за сѐ што Сум ви рекол.”
          Преподобните отци, за да ја докажат вистината и за да им ја затворат устата на тие што велат дека Светиот Дух излегува од Синот, неколкупати ги повторија тие зборови. Освен тоа тие ги изнесоа и следниве сведоштва:
          - Ако ни во тоа не верувате, духоборци, тогаш поучете се од Господовиот Претеча и Крстител Јован, кој Го виде Светиот Дух како во вид на гулаб слегува од небото и застанува врз Синот. Од тоа можете да видите дека Светиот Дух излегува само од Отецот. Тоа учење го поддржува Нашата Мајка, светата вселенска и апостолска Црква и ги напојува сите свои чеда, не со тоа што истекува од Едем, туку од Божествената уста на Христа, Кој вели: “Проповедајте им го Евангелието на сите луѓе, па кој ќе поверува и ќе се крсти, тој ќе се спаси,  а кој нема да поверува, тој ќе биде осуден.” И уште “Затоа ви велам дека секој грев и хулење ќе им бидат простени на луѓето, а хулењето против Светиот Дух нема да им се прости ниту во овој ниту во идниот живот.” Затоа сите пророци, апостоли и учители, поучени од Светиот Дух, крштевале, проповедале и ги учеле народите од разните краеви на вселената да ги признаваат само четворицата евангелисти: Матеј, Марко, Лука и Јован, а кој ќе додаде петти евангелист - нека биде проклет. “Кој ќе соблазни еден од малите браќа, вели Спасителот”, ќе биде казнет, а тој што ја соблазнува целата вселена, како што тоа го правите вие, како ќе се оправда за да ја избегне заслужената казна? Кој од седумте Богодадени собори учи дека Светиот Дух излегува од Оца и Сина, или кој од нив заповедал дека треба да принесуваме пресен леб и да ги потстрижуваме косите и брадите како што сакате вие? Ти, духоборецу, исполнет со седум други лукави духови, во кој Христос нѐ учиш да веруваме? Ти не проповедаш Евангелие, туку антихристово учење. Петти евангелист ние не познаваме, освен Мухамед Сараценски, претеча на антихристот, кој пред вашата погубна ерес посеал плевел. А што се однесува до вашите преснолебни безкрвни жртви, тоа е јудејсаки обичај. Но вие ќе речете: Нели, Христос, препашан, со стап во рака, според Писмото, ја јадеше пасхата? Да, ќе речеме ние. Тој јадеше пасха, но ја смени, како што направи и со обрезанието и со другото. По неа Тој, откако седна со дванаесетте Свои ученици во Сионската горница, ја востанови Својата Пасха. За време на вечерата Тој зеде леб, го благослови и раздавајќи им го на учениците, рече: “Земете, јадете, тоа е Моето Тело...” Ете ја висатинската тајна. Кажано е леб (2*), т. е. квасен, а не пресен, како што вие противзаконски правите и служите, поддржувајќи ја ереста на Аполинариј...”
         Тие зборови на блажените мажи беа толку непријатни за Латините, колку што се непријатни камењата, фрлени со праќаа за волкот. Тие се нафрлија и од сите страни ја запалија светата обител. А причина за сите тие злосторства беше законопрестапниот и нечестив Палеолог, тој нов Навуходоносор.
          Преподобните и богоносни наши отци, опкружени од пламенот во кулата, слично на светите три отроци, ја упатија посаледната молитва кон Христа Бога:
          - Владико, Господи Исусе Христе, Боже наш, Единородни Сине и Слове Божји, Кој како непорочно јагне Си се дал Себеси на колење за човечкиот род! Ти, Господи, Кој си ја пролеал Својата Пречиста Крв за Својата Црква и Си рекол дека силите на адот нема да ја победат, зачувај ја од волците што ја уништуваат. Умножи го Госаподи Своето наследство по целата вселена, од едниот крај на земјата до другиот. Делот што по ждрепка ѝ припадна на Твојата Пречиста Мајка засекогаш зачувај го непопустлив и несовладлив; неговите жители освети ги, прослави ги заедно со Себеси и помилувај ги; живеалиштата на Своите светии воздигни ги во Твоја слава и за наш спомен. Прими ја оваа молитва од нашите усти, како благоговејно кадило и погледни на нас милостиво, како што милостиво Си погледнал на Аврамовата жртва и Јефтаевото смирение, бидејќи си благ и човекољубец.
         По завршувањето на молитвата, се слушна глас од небото:
          - Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата!
         Кога го слушнаа тој неочекуван глас, мачителите многу се исплашија, но мракот што им ги покриваше духовните очи, не им дозволуваше да разберат што се случува, бидејќи го хулеа Светиот Дух. Така , блажените мажи ги предадоа своите души во Божјите раце. Тие загинаа во огнот 1276 година, а според еден грчки ракопис, што се наоѓа во Протатот, во Иверскиот и во Ватопедскиот манастир, на 10 октомври 1280 година. Светите Зографски маченици се вкупно 26, од кои 22 се монаси, а 4 се мирјани чии имиња се непознати.
          Имињата на монасите се: Тома, Варсануфиј, Кирил, Симон, Михеј, Иларион, Јаков, Јов, Кипријан, Сава, Јаков, Мартинијан, Козма, Сергиј, Мина, Јосиф, Јоаникиј, Павел, Антониј, Евтимиј, Дометијан и Партениј-клисар. Првиот од нив, Тома, беше игумен, и ги водеше разговорите со римокатолиците, а последниот, Партениј - клисар, беше останал неповреден во запалената кула и жив слезе на земјата.
Откако браѓата се вратија, тој им раскажа за сѐ што се случи во кулата, по што поживеа уште 30 дена и Му ја предаде својата душа на Бога на 10 ноември, примајѓи заедно со починатите добропобедници маченички венец.
            Откако го извршија савоето злосторство, беззаконите Латини со голем гнев се распрснаа низ цела Света Гора и ниту една обител, кула, скит или монашка келија, не беше одмината од нив. Тие разрушија и изгореа сѐ, а манастирските имоти ги ограбија. Со големи загуби на крајот го зазедоа и Протатот... И тука извршија големо крвопролевање, разрушувајќи ги и изгорувајќи ги сите живеалишта. Сепреподобниот прот4  по долги мачења на крајот беше обесен пред Протатот спроти морето, на местото наречено Халкос.
          Оттука беззаконите Латини преминаа на другата страна на планината, кон југ, каде монасите од Ксиропотамскиот манастир со гранки во рацете ги пресретнаа и ги поздравија со следниве зборови:
           - Мирот Христов нека е со вас!
           Латините им одговорија:
           -Е, и нека биде!
           И веднаш потоа заедно со монасите влегоа во манастирот. Тука тие му подарија на манастирот еден дел од ограбените богатства и се самонаименуваа за негови ктитори. Монасите (каква соблазна!) се соединија со еретиците. Но Бог, за време на молитвата, кога возгласија: “За нашиот архиепископ во Рим и за благочестивиот цар”, погледна од небото и ја затресе земјата. Тоа место, каде стоеја недостојните монаси, како и ѕидовите на манастирот и сите зданија се срушија, слично на Јерихонските ѕидови во времето на Исус Навин. Само дел од еден ѕид на манастирот остана наведнат за пример на следните поколенија. Многумина од Латините загинаа при тој земјотрес, убиени на самото место. А другите, кога го видоа тоа знаменито чудо, со срам и страв побегнаа на своите кораби. Некои од нив се покајаа и примајќи монашки постриг останаа да живеат на Атон. Посрамените од Бога ксиропотамски монаси го осознаа својот престап, горко плачеа и како птици без гнезда талкаа низ шумите, без можност некаде да подложат глава, бидејќи манастирот им беше целосно срушен поради нивното богоотстапништво. Заедно со тоа престана и чудото што дотогаш се случуваше во тој манастир во чест и слава на светите 40 маченици. Еве во што се состоеше тоа чудо:
         Откако заврши издигањето и украсувањето на соборниот храм од блажениот император Роман Лакапин, беше поканет еден архиереј за да го осавети. За време на осветувањето, кога архиерејот ги кажа зборовите: “Во името на светите четириесет маченици”, се случи чудо! Во подножјето на светиот жртвеник порасна едно големо растение - габа со стебло и главички во вид на јаболка, што ги имаше 40, според бројот на светите маченици. Таа габа порасна и се обвитка околу престолот. За тоа восхитувачко чудо сите Ги прославуваа Бога и Неговите маченици. Тоа растение им помагаше на сите болни да оздрават веднаш откако ќе каснеа од него. Новоста за чудото се рашири низ целата земја. Болните, кои потоа доаѓаа тука поради исцелување - оздравуваа, а тие што не можеа да дојдат во манастирот праќаа дарови и добиваа делови од тоа богодарувано растение и откако ќе ги изедеа - оздравуваа. Поради многубројниот народ што доаѓаше тука, растението завршуваше на деветти март, кога Црквата го празнува споменот на светите четириесет маченици, и во истиот ден тоа повторно израснуваше. Чудото на ова благодатно растение го надминуваше чудото на овчата бања во Силоан. Таму беше излекуван само тој што прв ќе влезеше во неа, а растението ги исцелуваше сите и на секаде каде некој ќе каснеше од него. Но ѓаволот, непријател на православното христијанство, кој уште од почетокот го мрази доброто, не можејќи да го трпи и гледа тоа чудо, почна да се бори, сѐ додека на крајот желбата не му се исполни. Тој ги вовлече окајаните монаси да се соберат на една трпеза со духоборците. Поради тие причини оттогаш чудото се прекина.
         Така Господ ги казнува тие што ја мразат вистината. Имено, на тој начин беззакониците-духоборци им се отплатија на богопротивните монаси за општењето со нив. Секоја жртва на нечестивите е непријатна пред Бога. Ако тие мислат дека ќе бидат во Соборот на избраниците, тогаш Бог им го покажува спротивното. Така што тие беззаконици немаат основа да се превознесуваат - како што беа посрамени тогаш, така ќе бидат посрамени и при второто Христово пришествие. А православните макар и да страдаат на овој свет, се надеваат дека ќе ги добијат подготвените блага од Христа Бога, што навистина и ќе се случи...
        Скриените монаси, по заминувањето на уништувачите, излегоа од скривалиштата и се вратија во своето разурнато и опожарено живеалиште. Горко ги оплакуваа своите загинати браќа. Цела Атонска Гора слично на Рахил, ги оплакуваше своите чеда. А кој ли можеше да не плаче, гледајќи ги сите тие ужаси. Ридањето и плачот стигнаа дури до небото, кога монасите заедно со Давид ги кажаа зборовите: “Боже, дојдоа јазичниците друговерци, на месатото што и припаѓа на Твојата Пречиста Мајка, ги осквернија Твоите свети храмови, ги дадоа телата на Твоите раби како храна на птиците и ѕверовите, крвта им ја пролеаја како вода околу нивните живеалишта и немаше кој да ги погребе. Излеј Го Својот гнев врз народите што Те хулат и врз државите што отстапиле од православната вера. Посети нѐ со Твоите штедрости, зашто ние многу осиромашивме. Помогни ни, Боже, Спасители наш, поради славата на Твоето име. Господи, избави нѐ и очисти ги нашите гревови, за да не речат некогаш друговерците: “Каде е нивниот Бог?“, и да го видат нашите очи нивното казнување, зашто ја пролеаја крвта на Твоите раби. А ние, Твоите слуги, ќе Те славиме, Боже, во веки, и ќе ја пренесуваме од поколение на поколение Твојата пофалба, преславните исповеди и преданија на светите наши отци.”
          Беззакониот цар Михаил Палеолог, кој имаше намера да дојде на Света Гора за да го уништи православието, не дојде бидејќи неговото царување набргу заврши... За време на еден поход против Иван Душан, српскиот кнез, тој се разболе и во декември, 1282 година, умре на својот брод, близу градот Бер, неприсоединет кон западната црква и отлачен од Источната.
         Неговиот син Андроник Палеолог, кој беше кај него, поради народното негодување не се осмели да го погребе својот татко со царски почести, туку нареди да го закопаат ноќта во еден близок манастир. Вдовицата на Михаил, Теодора, беше принудена да издаде указ во кој го призна вистинското исповедување на православната вера.
         “Мојата царственост - пишува таа - го мрази и го смета за гнасно тоа дело - унијата, што неодамна се случи во Црквата и целата ја вознемири... Како што Божјата Црква го осуди патријархот Век за неговите богохулни догмати, а заедно со него и Мелитиниот и Метохит (неговите истомисленици) и ги одлачи од себе, така и мојата царственост, претпочитајќи Го пред сѐ Божјиот страв и покорноста на светата Црква, ја одобрува и прима таа определба и никој нема да ме принуди да правам помен за душата на мојот сопруг и господар.”
          Споменот на постраданите маченици од тоа време се празнува заедно со сите светогорски светители во првата недела по неделата на “Сите Светии”. Но посебно се празнува споменот на иверските преподобномаченици во Ивер (13 јануари), и на ватопедските во Ватопед (4 јануари). Затоа и браќата на  Зографскиот манастир чувствуваа и сакаа споменот на неговите преподобномаченици да се празнува посебно во нивната обител. Тогаш почна празнувањето на достојниот за прослава спомен на тие светители, сообразно на нивната желба, што тие ја искажаа во својата молитва кон Господа при своето преставување во пламенот: “Господи, воздигни ги живелиштата на Твоите светии за Твоја слава и за наш спомен.”

(1*.)
Според месното предание, отпаднатите православни монаси, кои се присоединиле кон Латините и служеле заедно со нив, биле погребани во една пештера на морскиот брег, во околината на големата Лавра, на скриено место, оддалечено од очите на луѓето. Како што сведочат сигурни извори, и како што се гледа од снимките снимени на самото место, нивните тела и ден денес лежат таму, нераспаднати и црни како јаглен. Лицата им добиле ужасен, демонски изглед, за страв и поука на сите што ги гледаат и за спомен на нивното отстапување.
(2*.)
Во евангелсаките текстови (Мат. 26:26; Марк. 14:22; Лука 22:19;) како и во посланието на свети апостол Павле (1 Кор. 11:23), Спасителот на Тајната вечера го употребува зборот “артос”, кој на грчки (кини, коине дијалект) значи квасен леб. Тајната вечера направена е првата Евхаристија (Причест). За бесквасен леб во Светото Писмо се употребува зборот “азимон” (Лук. 22:1). “Бидејќи тајната вечера се одржала ноќта меѓу 13 и 14 нисан, во кој ден според според равинската литература не било дозволено да се употребува пресен леб. И сега, како и во минатото, тајната Евхаристија (во Правослната Црква) се извршува со квасен леб, според евангелстите текстови и Христовиот пример. “На почетокот евхарисатискиот леб со кој се служело на Запад, бил исто така како и на исток, обичен леб, во кој имало квас. О. Сирмон, језуит, признава дека квасниот леб на Запад се употребувал во текот на првите XI века. Римската црква го променила древниот обичај во периодот од крајот на IX век до првата половина на XI век.” Употребата на бесквасен леб кај римокатолиците е резултат на подоцнежното јудејско влијание.


Изменето од Tetratka - 30.Ноември.2009 во 21:05
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.