Испечати | Затвори го прозорот

Крстоносните војни

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19909
Датум на принтање: 14.Мај.2024 во 03:45
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Крстоносните војни
Постирано од: Македон
Наслов: Крстоносните војни
Датум на внесување: 24.Август.2009 во 16:25
Темата за Саладин ме поттикна да се отвори тема и за Крстоносните војни, мислам дека може да се развие интересна дискусија за причините, самите војни, политиката и битките, меѓутоа нема да дозволам да се претвори темава во бојно поле за меѓурелигиски препукувања и навредувања.
Добро би било да се почне да се дискутира од почеток, за да може и подробно да се анализира.

http://en.wikipedia.org/wiki/First_Crusade - Крстоносните војни

The First Crusade was a military expedition by http://en.wikipedia.org/wiki/Europe - European http://en.wikipedia.org/wiki/Christian - Christians against Muslim territory in the http://en.wikipedia.org/wiki/Levant - Levant , which resulted in the capture of http://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem - Jerusalem in 1099. It was launched in 1095 by http://en.wikipedia.org/wiki/Pope_Urban_II - Pope Urban II with the primary goal of responding to the appeal from http://en.wikipedia.org/wiki/Byzantine_Emperor - Byzantine Emperor http://en.wikipedia.org/wiki/Alexius_I - Alexius I . The Emperor requested that western volunteers come to their aid and repel the http://en.wikipedia.org/wiki/Seljuk_Turks - Seljuk Turks from http://en.wikipedia.org/wiki/Anatolia - Anatolia , modern day http://en.wikipedia.org/wiki/Turkey - Turkey . An additional goal soon became the principal objective—the Christian reconquest of the sacred city of Jerusalem and the http://en.wikipedia.org/wiki/Holy_Land - Holy Land and the freeing of the http://en.wikipedia.org/wiki/Eastern_Christians - Eastern Christians from http://en.wikipedia.org/wiki/Islam - Islamic rule.

Еден факт кој сите денес го забораваат или премолчуваат е дека Првата Крстоносна војна се случила по апелот на Византиската Империја до Папата за помош против Турците-Селџуци , чии територии биле нападнати и заземани, а тука влегувал и Ерусалим, Светиот Град.



Коментари:
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 25.Август.2009 во 14:51
Може само да му ја замислиме фацата на ромејскиот император кога во војската од запад видел превише кралеви за негов вкус .Затоа и побрзо сакал да ги испрати уште подалеку на исток.
Ромејците идело со стартегија бавно но славно.
Полека еден емират по емират да ги превземаат од селџуците.А победените селџуци ги покрстувале и ги населувале во други делови од империјата.Така во Охрид во 11-12 век биле доселени преку 12.000 покрстени селџуци како колонисти.За нив дознваме потоа од норманите,кои нели имале неколку походи таму,па запишале со кои противници морале да се соочат(Бугари,Кумани,Печенези,Узи и Турци Селџуци).

Додека крстоносците имале обратна тактика-славно но кратко.
Крш ќе направат за кратко време но без долготрајни резултати.
Ова е голем контраст со ромејскиот успех да спречи,апсорбира и на крај да асимилира цела низа на турски народи и упади речиси 500 години.

Олеснителна околност за крстоносците е што немале демографска основа за да остават потрајни последици на освоените територии но изгледа не се ни потрудиле да го придобијат локалното христијанско население а па да не збориме за некава си организирана политика на покрстување на муслиманите.
(Туркопилите кои биле во служба на кртсоносците се оставштина на Ромејците)

п.с
Терминот византија и византиски е измилен во 19 век. Самите тие "византијци" си се нарекувале Ромејци(Римјани)
па зато и сметам дека посоодветно е да се користи терминот ромејски/ромејци.


-------------
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++


Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 25.Август.2009 во 21:13
Македон,избриши ја темата од Саладин незнам зашто ми текна да ја отворам.Оваа тема е подобра.Да се навратиме на најглавното:

Крстоносните војни претставуваат серија од кампањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.[1]

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против арапите, маврите, турците - селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“.

Во текот на Крстоносните војни, самите крстоносци се соочиле со големи внатрешни политички, економски и социјални судири. Поради овие конфликти помеѓу христијанските кралства и политичките сили, некои од крстоносните походи завршиле со голем неуспех за крстоносците. Така на пример, целта на четвртата крстоносна војна била освојување на Константинопол, но дошло до противење кое довело до одложување на истото за неколку години (1204).[2]

Во крстоносните војни учествувале множество претставници на витешки редови како што биле Витезите-Болничари, Витезите-Темплари, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонските витези, Малтешкиот ред и.т.н.

Точниот број на крстоносните походи сѐ уште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле спроведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во централна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична од онаа во текот на Средниот век.


Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 25.Август.2009 во 21:13
Состојбите на Блискиот исток

Муслиманското завладување на Светите Земји започнало со арапското завојување на Палестина во 7 век. Успесите на муслиманите довеле до пораст на притисокот во Византиската империја и до намалување на териториите што таа претходно ги имала освоено. Исто така, како друг фактор кој влијаел за започнување на таква војна било разрушувањето на Светиот Гроб од страна на Ал-Хаким Би-Амар Алах. Така, неговиот наследник во 1039 година по долготрајни преговори дозволил Византиската империја повторно да го изгради Светиот Гроб.[3] За таа сметка, муслиманските владетели добиле огромни финансиски средства од страна на Византија. Така, базиликата била повторно изградена, но за време на нејзиното градење и по нејзината изградба, многу поклоници биле духовно убивани. Сепак, за богатството на Ерусалим биле свесни и самите турци-селџуци. Кон половината на 11 век, турците селџуци по потекло од Централна Азија неуморно се движеле кон запад освојувајќи го Багдад, и во текот на тие освојувања локалното население го исламизирале.

Во меѓувреме, Мала Азија, Сирија, Палестина и Египет биле контролирани од страна на муслиманите. Главна причина за поразот на муслиманскиот свет во Првата крстоносна војна се согледува во поделеноста и културното недоразбирање помеѓу муслиманите. Така, Анадолија и Сирија биле контролирани од страна на селџуците, што претходно имале веќе создадено една голема империја, но во тој момент биле разделени на многу мали држави. Алп Арслан ја поразилВизантија кај Манцикерт во 1071 и големи територии од Византија ги присоединил кон својата империја. Но, по смртта на Малик Шах I во 1092 година во империјата избувнала граѓанска војна која довела до пропаст на истата.

Малик Шах I бил наследен од страна на Килиџ Арслан I, а во Сирија тој бил наследен од страна на неговиот брат Тутуш I, кој умира во 1095 година. Неговите синови, Редуан и Дукак го наследиле неговиот престол во Алепо и Дамаск. Така била предизвикана и граѓанската војна во империјата која довела до разделување на големата империја на повеќе држави. На секоја од овие држави основна цел ѝ била потчинување на своите соседи повеќе отколку наоѓање на решение за веќе најавената војна од страна на крстоносците. Во останатите делови на Селџукската империја раководиле Ортокидите во североисточна Сирија и Месопотамија. Тие со Ерусалим управувале сѐ до 1098 година кога крстоносците го зазеле градот.

Египет и голем дел од Палестина биле под контрола на шиитите Фатимиди, чија империја била значително намалена по доаѓањето на селџуците. Алексеј I ги советувал крстоносците да дејствувал заедно со Фатимиди. Во почетокот, тие не сметале дека крстоносците би можеле да бидат закана за нив, бидејќи сметале дека нивна крајна цел е освојувањето на Сирија, но не и Палестина. Така, сѐ додека крстоносците не стигнале пред портите на Ерусалим, воопшто немало борба помеѓу овие две сили.

Кризата која ја зафатила Франкиската империја во 9 век довела до моментална стабилизација на границите од западна Европа. Во меѓувреме, била извршена христијанизација на викинзите, словените и унгарците, што дополнително довело до меѓусебно поврзани војни и терори врз месното население. Од своја страна, црквата сѐ повеќе започнувала да навлегува во политичкиот живот во Европа, па така, се обидела и овде да стави крај на овие насилија, обидувајќи се да ја стави религијата пред политичките интереси помеѓу народите во Европа. Во глобала, црквата во тоа и успеала, со исклучок на Шпанија и Португалија, односно со избувнувањето на востанието Реконквиста, кога од страна на ибериските рицари и неколку воени платеници од Европа биле протерани муслиманските арапи од Иберискиот полуостров. Така, исламот продолжил да се пробива низ христијанска Европа, па во текот на 7 век и 8 век поголем дел од медитеранските земји и Иберискиот полуостров попаднале под власта на муслиманите. [4]Во меѓувреме, норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите.

Во 1063 година, папата Александар II го дал својот благослов на ибериските христијани во нивните воени походи против муслиманите, давајќи им папски благослов (the vexillum sancti Petri) и награда за секој кој ќе појде и кој ќе убие муслиман. Во меѓувреме се повеќе биле зачестени нападите од страна на турските-селџуци врз Византија, која на некој начин била потисната. Затоа, императорот Михаил VII побарал помош од папата Григориј VII. Истото го сторил и императорот Алексеј I Комнен од папа Урбан II. Во меѓувреме, Михаил VII побарал помош и од страна на Кина во евентуална борба против турските-селџуци.

Непосредна причина за започнување на првата крстоносна војна бил апелот на византискиот император Алексеј I Комнен до папа Урбан II за потпомагање на постојаните напади врз неговата империја од страна на муслиманите. На 26 август 1071 година во битката кај Манцикерт, византиската војска била катастрофално поразена, а царот Роман IV Диоген бил заробен. Со оваа бита често пати се смета и дека Византија всушност не доживеала пораз на дело, туку еден вид политички пораз, кој подоцна ќе придонесе за пропаѓање на империјата, и за кој пораз не се виновни самите војници и војсководци, туку самото раководство. Во меѓувреме настанал и расколот помеѓу католичкиот западен свет и источниот православен свет, за кој долги години требало да поминат за да се ублажат односите помеѓу овие две цркви.

Прва крстоносна војна

На Соборот во Клермон кој се одржал во 1095 година била донесена одлука за започнување на нова војна која ќе го ослободи “Божјиот гроб од неверниците“. Овој чин всушност претставувал и помош на Византија од страна на папата, кој сметал дека повторно ќе дојде до обединување на двете цркви под раководство на папата како "главен епископ и прелат на целиот свет", како што сам се нарекувал.

Кралот Сигурд I Магнусон бил прв европски крал кој заминал со своите крстоносци кон Светите Земји. Здружените западноевропски крстоносци во нивниот прв крстоносен поход го освоиле Ерусалим и уште неколку градови од околината. Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по што им се отворил патот кон Антиохија, која исто така многу брзо паднала. Така било создадено и Ерусалимското кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи. Годфрид Бујонски бил еден од водачите во Првиот крстоносен поход и по освојувањето на Ерусалим, станал крал на Ерусалим. Тој не сакал да биде крунисан како крал, туку како чувар на Светиот Гроб. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел- ослободување на Ерусалим.

Опсадата на Ерусалим започнала од 7 јуни и траела се до 15 јули 1099 година. Крстоносците успеале да го заземат Ерусалим, каде бил “ослободен“ гробот на Исус Христос и била остварена и самата цел на првата војна. По повеќето неуспешни обиди за заземање на градот, конечно тоа успеало во јули кога во утрото на 15 јули кулата на Готфрид Бујонски се приближила многу блиску до ѕидините на градот. Така, првиот којшто влегол во градот бил фландрискиот витез Летолд, потоа Готфрид Бујонски, брат му Еустас Бујонски и Танкред Галилејски. При нивното влегување во градот, крстоносците ги пљачкале, убивале или мачеле скоро целото население на гртадот ( муслимани, евреи или христијани).[8] Многу од муслиманите се засолниле во џамијата Ал Акса, а колежот бил толку страшен, да според историските извори имало “крв до колена“.

Единствени кои го преживеале колежот бил гувернерот на Фатимид кој се повлекол во култа на Давид и потоа се предал под услов слободно да излезе од Ерусалим. Готфрид Бујонски на 22 јули ја зел титулата- Чувар на Божјиот гроб, а по една година на неговиот престол седнал неговиот брат, Балдвин I Ерусалимски.
Крстоносна војна од 1101
Во текот на 1101 година бил организиран нов поход од страна на Етиен Де Блоа и Југ Де Вермондоа, кои се упатиле кон своите земји пред да биде превземeн Ерусалим. Овој поход е познат како крстоносен поход од 1101 година и се смета како краен поход од првата крстоносна војна.


-------------
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов


Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 25.Август.2009 во 21:17
Втора крстоносна битка:

По освојувањето на Светата земја од страна на христијаните и создавање на крстоносни држави, конфликтот помеѓу муслиманите и христијаните не стивнувал. Така, овој пат походот го започниле турците кои тргнале во обид да ја освојат Едеса и сите други градови кои биле заземени од страна на крстоносците. Новиот крстоносен поход бил поткрепен од страна на многу проповедници, особено од Бернард Клаирвакс. Француските и германските војски со нивните кралеви Луј VII и Конрад III исто така марширале директно кон Ерусалим во 1147 година, но сепак не постигнале поголеми успеси. Крстоносците пробале да го освојат и Дамаск, но во тоа не успеале и целиот поход бил неуспешен. Оваа крстоносна војна започнала во 1147 година и траела се до 1149 година.[12] Овој поход завршил како резултат од потпаѓањето и преземањето на Едеса од страна на бегот Зенги. Како единствен успех кој им се препишува на крстоносците од овој поход е зазимањето на Лисабон и истерување на маврите од самиот град.

Трета крстоносна битка:Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците пред портите на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.[13] Ова бил уште еден повод за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на муслиманите кај европските народи предизвикал многу негативни реакции. Папата Гргур VIII издал наредба за нов крстоносен поход. Владетелите на Германија, Фридрих Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри II на соборот во Мајнц се договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не успеале да го заземат повторно Ерусалим.



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 17.Октомври.2009 во 22:52
Originally posted by Boromir Boromir напиша:



Во 1063 година, папата Александар II го дал својот благослов на ибериските христијани во нивните воени походи против муслиманите, давајќи им папски благослов (the vexillum sancti Petri) и награда за секој кој ќе појде и кој ќе убие муслиман. Во меѓувреме се повеќе биле зачестени нападите од страна на турските-селџуци врз Византија, која на некој начин била потисната. Затоа, императорот Михаил VII побарал помош од папата Григориј VII. Истото го сторил и императорот Алексеј I Комнен од папа Урбан II. Во меѓувреме, Михаил VII побарал помош и од страна на Кина во евентуална борба против турските-селџуци.

Непосредна причина за започнување на првата крстоносна војна бил апелот на византискиот император Алексеј I Комнен до папа Урбан II за потпомагање на постојаните напади врз неговата империја од страна на муслиманите. На 26 август 1071 година во битката кај Манцикерт, византиската војска била катастрофално поразена, а царот Роман IV Диоген бил заробен. Со оваа бита често пати се смета и дека Византија всушност не доживеала пораз на дело, туку еден вид политички пораз, кој подоцна ќе придонесе за пропаѓање на империјата, и за кој пораз не се виновни самите војници и војсководци, туку самото раководство. Во меѓувреме настанал и расколот помеѓу католичкиот западен свет и источниот православен свет, за кој долги години требало да поминат за да се ублажат односите помеѓу овие две цркви.



При споменувањето на крстоносните војни, никој не помислува дека всушност тие се одговор на нападите врз Византија. Крстоносните војни се случиле како одговор на апелот на византискиот Император за помош, упатен до Папата, а кој се однесувал на зачестените напади на Турците-Селџуци на источните граници на Ромејската Империја.





Originally posted by Boromir Boromir напиша:


Прва крстоносна војна

На Соборот во Клермон кој се одржал во 1095 година била донесена одлука за започнување на нова војна која ќе го ослободи “Божјиот гроб од неверниците“. Овој чин всушност претставувал и помош на Византија од страна на папата, кој сметал дека повторно ќе дојде до обединување на двете цркви под раководство на папата како "главен епископ и прелат на целиот свет", како што сам се нарекувал.



Точно е дека и Рим се обидувал да извлече корист од оваа случка

Originally posted by Boromir Boromir напиша:


  При нивното влегување во градот, крстоносците ги пљачкале, убивале или мачеле скоро целото население на гртадот ( муслимани, евреи или христијани).[8] Многу од муслиманите се засолниле во џамијата Ал Акса, а колежот бил толку страшен, да според историските извори имало “крв до колена“.


Токму ова е и проблемот и е тоа кое треба да се осуди. Крстоносците го извршиле масакрот, но никако тоа не било со одобрение од Црквата, туку крстоносците тоа го извршиле како своевиден личен акт на одмазда врз населението, како и желба за ограбување на богатството на истото. Токму ова и заслужува осуда, а не намерата на самиот крстоносен поход.





-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Ноември.2009 во 23:26
Една од најконтроверзната крстоносна војна е токму Четвртата крстоносна војна, која наместо кон Ерусалим, како што наредил Папата Инокентиј III, пред се поради финансиските потреби, лидерите на истата ја насочиле кон Хрватска, а потоа и кон Цариград, привлечена од богатството на овие градови, кое можело да биде искористено за подмирување на долгот кон Венеција, која ги превезувала крстоносците а и за збогатување на армијата. Независно од фактот што Задар и другите околни места биле насочени со Католички Христијани, тие биле нападнати. Во текот на нападот тие истакнале знамиња со крстови со цел да ја покажат својата лојалност кон Католичката Црква и Папата, меѓутоа по кратка опсада, градот паднал во рацете на крстоносците. Инаку пред тргнувањето Папата во официјализирањето на походот забранил било каков напад врз христијански држави, независно дали станува збор за Католички или Православни Христијани. По нападот на Зара ( Задар ), папскиот нунциј*му пишал на Папата за развојот на настаните, по што Папата напишал писмо заканувајќи се со екскомуникација, меѓутоа армиските генерали го сокриле писмото од крстоносците и нападот продолжил. По падот на градот, Папата Инокентиј III откако дознал за истото, ги екскомуницирал Крстоносците, но и ова писмо не им било покажано, пред се, од страв дека тоа ќе доведе до деморализација и распаѓање на армијата, а со тоа и пропаст на планот за економски придобивки.

Екскомуницираните крстоносци потоа продолжиле кон Цариград ( Константинопол ), попатно договорајќи се со протераниот Император Алексиј IV за заедничка акција со цел ногово враќање на тронот во замена за поддршка за крстоносците, а и враќање на Православната Црква под Папата. Откако Крстоносците го протерале Алексиј III, сепак договорот со Алексиј IV бил тежок за исполнување, поради отпорот на населението кон тешките услови наметнати со тод договор, па новиот император бил набрзо убиен, а неговиот убиец и наследник одбил да се придржи кон истиот, со што борбата меѓу Крстоносците и Византијците продолжила, се до конечно паѓање на Константинопол под власта на крстоносците. Тоа донело ограбување на градот, па дури и на најсветите делови на црквите во градот, за што сведочи и писмото на Папата Инокентиј III во кое ги осудува крстоносците и говори дека новонастанатата ситуација, независно што Православната Црква ја вратила под Папата, не претставува унија на љубов. Во истото, тој говори за сиот ужас што го направиле крстоносците над населението и сето нехристијанско однесување.
На местото над Константинопол се издигнала Латинската Империја која сепак, пропаднала под притисокот на Никејската Империја и Бугарија.


*нунциј ( латински: nuncius )- Папски претставник во католичките земји, со функции и имунитет како амбасадорите



Падот на Константинопол во рацете на Крстоносците во 1204 година



Влезот на венециската флота во Константинопол по кршењето на ланците кои го штителе градот



Папата Инокентиј III, организаторот на Четвртата крстоносна војна


-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 00:17

детаљ од средновековна илустрација на битката кај Антиохија


Постирано од: tanas_1902
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 15:15
Болдуин І Фландарски император на Латинската империа и Бонифации Монфератски Солунскиот владетел са последните от крстоносците на Балканите! Единиот умира во плен при бугарскиот цар Калоjан другиот е убит от бугарите во родопите!
Толкоз от мене по темава!


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 17:27
Неколку зборови за злосторствата на Латините:

Крстоносните походи кои официјално имале за задача да ги ослободат светите места во Палестина од рацете на неверните, всушност биле искористени од римските папи за постигнување на нивните цели - потчинување на православниот Исток на Римската духовна власт. Папството ги искористило крстоносците за ширење на латинството во тие краишта. Својата злоба кон православниот Исток, римокатоличкото духовништво ја вдахнувало и во крстоносците. Православното население било изложено на такво варварство, какво што не направиле ниту Турците за 500 години. Тоа било ужаснато од дрскоста и навредите што крстоносците ги вршеле врз нивните светињи. При заземањето на Солун (1185 г.) и на самата престолнина - Цариград (1204), фанатизмот на Латините достигнал таква мера, што човек тешко би поверувал, доколку тоа не е потврдено со сигурни и непобитни докази, што силно ги изобличуваат истапувањата на крстоносците.
   Според кажувањата на грчкиот историчар Никита Хониат (XII-XII в.), Латините ги фрлале на земја иконите на Христа и Неговите угодници, ги газеле со нозете, ги земале од нив скапоцените украси, ги фрлале по раскрсниците или ги употребувале за горење место дрва. Некои од нив се качувале на Светиот Престол и на него играле оро, пеејќи притоа варварски песни... Еден од водачите влегол со коњ во храмот на свети великомаченик Димитриј. Мирото што истекувало од гробот на маченикот го собирале ви грнци и тенџериња, а потоа со него пржеле риби, си ги мачкале чизмите и. т. н. Во самиот храм тие гласно разговарале, безобразно врескале, ги фаќале богомолците за грлата со што го прекинувале црковното пеење, пееле цинични песни и лаеле како кучиња. И други црковни писатели од тоа време, како на пример митрополитот Евстатиј Солунски, ги дополнуваат сведоштвата за латинските насилства во Солун.
    Заземањето на Цариград исто така било проследено со страшни сцени на религиозен фанатизам. Според сведоштвото на веќе спомнатиот Никита Хониат, кој бил современик на тие настани, латините вршеле неверојатни сквернавења: На најнечисти места биле расфрлани делови од телата на светите маченици, Божественото Тело и Крвта Христова биле фрлани и разлевани по земјата. Светите садови биле земани за домашна употреба. Скапоцениот престол на храмот “Света Софија” крстоносците го искршиле на парчиња и си го делеле меѓу себе.
   Насекаде каде што влегувале, западните рицари вршеле невидени насилства. Ако понекогаш папите ги негирале крстоносните насилства на Исток, тогаш тоа било само едно просто дипломатско тактизирање од нивна страна. Тие на нивните походи гледале како на ефикасно средство за зацврстување на својата духовна власт на Исток, односно помош при римокатолизирањето на тамошното православно население.
Според “История на християнската църква” от. П. И. Малицки, София, 1932 г. дел III, стр. 4-6.


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 18:03
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Неколку зборови за злосторствата на Латините:

Крстоносните походи кои официјално имале за задача да ги ослободат светите места во Палестина од рацете на неверните, всушност биле искористени од римските папи за постигнување на нивните цели - потчинување на православниот Исток на Римската духовна власт. Папството ги искористило крстоносците за ширење на латинството во тие краишта. Својата злоба кон православниот Исток, римокатоличкото духовништво ја вдахнувало и во крстоносците.


Конкретно, Четвртиот крстоносен поход во булата дадена од Папата Инокентиј III, има за цел да се бори против Исламот, па не случајно бил и насочен кон Каиро, центарот на Исламот тогаш, со забрана за напад на било кое христијанско место.
 Меѓутоа бидејки крстоносците немале можност да им се оддложат на венецијанските превозници, а и од друга страна самата Венеција сакал максимално да ги искористи за своите економски придобивки,  попатно уништуваат некои католички градови, а подоцна и православниот Цариград ( Константинопол ). А во меѓувреме ваквите крстоносци биле екскомуницирани од Папата Инокентиј III, за што сведочат и неговите писма. Сепак, не смее и да се заборави дека во Цариград ги внел токму византиски император, кој склучил договор со нив, со цел враќање на тронот, а подоцна истиот не можел да го испочитува.

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


 Православното население било изложено на такво варварство, какво што не направиле ниту Турците за 500 години. Тоа било ужаснато од дрскоста и навредите што крстоносците ги вршеле врз нивните светињи. При заземањето на Солун (1185 г.) и на самата престолнина - Цариград (1204), фанатизмот на Латините достигнал таква мера, што човек тешко би поверувал, доколку тоа не е потврдено со сигурни и непобитни докази, што силно ги изобличуваат истапувањата на крстоносците.
   Според кажувањата на грчкиот историчар Никита Хониат (XII-XII в.), Латините ги фрлале на земја иконите на Христа и Неговите угодници, ги газеле со нозете, ги земале од нив скапоцените украси, ги фрлале по раскрсниците или ги употребувале за горење место дрва. Некои од нив се качувале на Светиот Престол и на него играле оро, пеејќи притоа варварски песни... Еден од водачите влегол со коњ во храмот на свети великомаченик Димитриј. Мирото што истекувало од гробот на маченикот го собирале ви грнци и тенџериња, а потоа со него пржеле риби, си ги мачкале чизмите и. т. н.


Сето ова е точно, познато е дека го правеле ова, за што подробно се говори и во писмото од Инокентиј III, каде дури се запишани и силувањата на жените, па и грабањето на монахињите од манастирите. Особено ги импресионирале златните работи во црквите, независно дали станувало збор за икона или некој друг предмет. Грабежот не поштедувал никого и ништо.

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


Во самиот храм тие гласно разговарале, безобразно врескале, ги фаќале богомолците за грлата со што го прекинувале црковното пеење, пееле цинични песни и лаеле како кучиња. И други црковни писатели од тоа време, како на пример митрополитот Евстатиј Солунски, ги дополнуваат сведоштвата за латинските насилства во Солун.
    Заземањето на Цариград исто така било проследено со страшни сцени на религиозен фанатизам. Според сведоштвото на веќе спомнатиот Никита Хониат, кој бил современик на тие настани, латините вршеле неверојатни сквернавења: На најнечисти места биле расфрлани делови од телата на светите маченици, Божественото Тело и Крвта Христова биле фрлани и разлевани по земјата. Светите садови биле земани за домашна употреба. Скапоцениот престол на храмот “Света Софија” крстоносците го искршиле на парчиња и си го делеле меѓу себе.


И овде станува збор за суровост пред се поради алчност, а и поради нетрпеливост меѓу Латините и Православните, кој постојано тлеел, па не случајно и пред пустошот на Цариград имало борби меѓу населението и крстоносците.
Не само "Света Софија", сиот Цариград бил ограбен и опустошен, сето негово богатство исчезнало, а со самото тоа, тогаш и почнал процутот на Западот, што никако не е случајно.

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


   Насекаде каде што влегувале, западните рицари вршеле невидени насилства. Ако понекогаш папите ги негирале крстоносните насилства на Исток, тогаш тоа било само едно просто дипломатско тактизирање од нивна страна. Тие на нивните походи гледале како на ефикасно средство за зацврстување на својата духовна власт на Исток, односно помош при римокатолизирањето на тамошното православно население.
Според “История на християнската църква” от. П. И. Малицки, София, 1932 г. дел III, стр. 4-6.


Мислам дека сепак не можеме да говориме за рицари, сепак станувало збор за најлошите слоеви на општеството кои одеднаш станале крстоносци, секако, за своја сметка. Папите не го негирале злосторството, но сепак, лукавоста на генералите од овој поход, успеало да го оневозможи Инокентиј III да реагира. Подоцна, кога крстоносците ја нападнале Света Гора, сепак Папата бил оној кој ги ставил монасите таму под своја заштита.


-------------


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 18:21
Originally posted by Македон Македон напиша:


 Подоцна, кога крстоносците ја нападнале Света Гора, сепак Папата бил оној кој ги ставил монасите таму под своја заштита.


За тоа дека не е така сведочат житијата на свеогорските маченици.

За нас во случајов важно е житието на 26 Зографски маченици - убиени од латините.

Не знам дали да го постирам целото тука... збунетост


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 18:25
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


 Подоцна, кога крстоносците ја нападнале Света Гора, сепак Папата бил оној кој ги ставил монасите таму под своја заштита.


За тоа дека не е така сведочат житијата на свеогорските маченици.

За нас во случајов важно е житието на 26 Зографски маченици - убиени од латините.

Не знам дали да го постирам целото тука... збунетост


Постирај ги најзначајните сегменти, ако е толку големо, ама на крајот постирај и линк до целото, некој ќе сака да го прочита и тоа.среќа



-------------


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 19:06
Повест за страдањата на светите
ДАВЕСЕТ И ШЕСТ ЗОГРАФСКИ МАЧЕНИЦИ


Во периодот кога на византискиот царски престол царувал императорот Алексис Вука Мурзуфла, Латините со голема војска го освоиле Цариград и многу градови и села на Византија.
            Долго време (1204-1261) византиската империја беше под власта на Латините и се наоѓаше во најбедна положба.  Така беше и по прогонувањето на Латините од Цариград за време на владеењето на византискиот цар Михаил VII Палеолог (1261-1282).


p.s. фуснотите може да ги прочитате најдолу... ова е дел од житието, каде имаме сведоштво за злочинствата на Рим и римските пратеници испратени од Папата, кон Света Гора Атонска:

       Кога пратениците стигнаа во Рим, сите западни римокатолички владетели се вооружија и решија да тргнат за Цариград, но не за да му помогнат на Михаил Палеолог, својот истомисленик, туку за да го уништат. На пат за Цариград тие се нафрлија врз Светата Атонска Гора, и почнаа да ги прогонуваат сите што живееја таму. Најнапред ја нападнаа Лаврата на свети Атанасиј, предложувајќи им на монасите да се присоединат кон нивната латинска вера и да влезат во општење со нив. Исплашените монаси, не разбирајќи ги добро апостолските зборови: “Дајте му место на гневот” преку еден свој одлачен свештеномонах, се согласија, се присоединија кон нив и на тој начин си ги спасија животите. Подоцна тие монаси беа изобличени и казнети од Бога. (1*.)

          Потоа Латините влегоа во Иверската (Грузиска) Лавра, барајќи и од тамошните монаси да се соединат со нив. Монасите од тој манастир, не само што не се согласија со тоа, туку ги разобличија нечестивите, и според зборовите на апостолот (Гал. 1,8), ги проколнаа заради нивното воведување на погрешни догматски новини. Кога го слушнаа тоа, беззакониците се разгневија и ги извлекоа сите монаси надвор од манастирот, по што старешините ги качија на брод па заедно со него ги потопија во морето. Така блажените монаси, затоа што не им се покорија на беззакониците, примија маченички и исповеднички венци. А помладите од нив, родени во Иверија (Грузија) беа одведени како робови во Италија, каде што им ги соблекоа монашките раса и ги продадоа на Евреите.
        Од Иверската Лавра Латините отидоа во Ватопедскиот манастир. Во него најдоа само болни и престарени монаси, и кога ги прашаа за другите монаси, тие им одговорија:
         - Се кријат во долините низ густите шуми, за да ја зачуваат верата и за да не се осквернат од нечестивите.
         Откако ги убија светите исповедници, Латините веднаш се спуштија во околината на манастирот, и кога ги најдоа настојникот и другите монаси, на почетокот љубезно ги убедуваа да станат нивни истомисленици, но еден од монасите им рече:
          - Подобро да му угодиме на Христа, отколку на Антихристот!
          А тие им одговорија:
          - Зарем ние не сме Негови, зар ние сме на Антихристот?
          Светителот им одговори:
           - Да, зашто секој што му се противи на Христовото Евангелие, е Антихрист, и тој всушност сега ви помага. Какво општење може да има светлината со темнината? Ние никогаш нема да се присоединиме кон вас!
          Духоборците, кога го слушнаа сето тоа, си ги затворија ушите и не само што не се убедија во вистинитоста на православната вера, туку ги положија своите беззакони раце врз чуварите на законот и ги обесаија сите монаси на местото на кое ги најдоа. Оттогаш па сѐ до сега тоа место се нарекува фурковуни, т. е. гора на бесилките.
         Потоа Латините преминаа на другата сатрана од Света Гора и се доближија до манастирот “Свети великомаченик Георгиј”, наречен Зограф. Игуменот на тој манастир, преподобниот Тома, пред неколку дена беше дознал како за нападот врз Света Гора од страна на нечестивите еретици, така и за злосторствата што им претстојат на неговите собраќа. Тој ги бодреше своите чеда, охрабрен од следното чудо: Еден добродетелен старец - монах, живееше кај манстирското лозје, што се наоѓаше на половина час патување југозападно од манастирот. Во својата келија имаше икона на Пресвета Богородица, пред која секојдневно кадеше темјан и читаше акатист, кој од Грците беше наречен херетизми. Поради оваа причина тоа место и денес се нарекува "Херово". И кога богоодвратните Римјани ја нападнаа Света Гора со злосторнички намери, и беа веќе истоварени од своите бродови, тој богоугоден старец, според својот обичај, стоејќи пред иконата на Пресвета Богордица, ги кажувал следниве зборови: “Радувај се!”, и од светата икона ги слушнал следниве зборови:
          - Радувај се и ти, старецу, но што побргу бегај оттука, за да не те снајде несреќа! Оди и кажи им на браќата во манастирот да се затворат, зашто богопротивните Римјани го нападнаа ова благословено место од Мене и веќе се близу.
         Старецот паднал пред иконата и рекол:
          - Како можам, Владичице, да Те оставам Тебе, мојата Застапничка!
          На тоа гласот од иконата му одговорил:
          - Не се грижи за Мене, туку оди што побргу!
          Кога старецот тргнал накај манастирот за да ја соопшти заповедта од атонската покровителка, иконата на неискажлив начин била побрза од него, стигнала во манастирот и застанала над манастирската порта. Кога старецот пристигнал пред портата и ја видел светата икона над неа, се воодушевил и им раскажал на сите за настанатото чудо. Кога монасите ја видоа иконата на Пресвета Богородица и кога слушнаа за тоа преславно чудо, Ги прославија Бога и Неговата Пречиста Мајка. А игуменот, дознавајќи за тоа каква несреќа ќе ги стигне манастирските браќа, почна да ги советува да бидат бодри и да не се плашат. Тој им велеше:
         - Отци и браќа! Сите, водени од Божјиот Дух, се синови Божји, зашто вие не го примивте духот на ропството, та да стравувате, туку го примивте Духот на восинувањето. Ние се нарекуваме и навистина сме чеда Божји. Ако сме чеда, тогаш ние сме наследници на Христа, и ако страдаме со Него, со Него и ќе се прославиме. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе се јави во нас (Рим. 8:14-18). Затоа, исто како и апостолот, ви велам: Вие, кои сте подготвени со духот, и не се плашите од маките, останете заедно со мене во светата обител, а вие што се плашите земете ги Црковните садови и скријте се извесно време, додека не стивне гневот на еретиците, за да не западнете во хулење од малодушноста.
        Тогаш тие што се плашеа од маките се скрија во долините, пештерите и грмушките. А светиот игумен со другите монаси се заклучи во кулата. Тие тоа не го направија од страв, туку за да го искористат макар и тоа малку време за да ја изобличат беззаконсаката ерес. Мачителите од сите страни го опкружија манастирот и почнаа да им викаат на монасите што беа во кулата:
         - Отворете ни, господа, отворете!
         А преподобниот игумен им одговори:
          - Не знаеме од каде сте!
          Мачителите продолжија:
           - Ние сме Христови слуги и доаѓаме за да ве преобратиме и вас заблудените на вистинскиот пат!
           А светителот им одговори:
           - Оддалечете се од нас вие што вршите беззаконија, зашто апостолот вели: “Ако дури и ангел од небото почне да ви благовестува нешто друго, освен тоа што ви го благовестевме ние, нека биде проклет! (Гал. 1:8)”
           На тоа еретиците одговорија:
            - Ние сме од Бога, и веруваме во Господа Исуса Христа и го проповедаме Светото Евангелие. Пратени сме од блажениот римски папа, кој е глава на Црквата, за да ви го кажеме и вам безумните тоа што вие не го разбирате, та да се вразумите, да ги разберете уставите и верно да читате во Светиот Симбол на верата “Верувам во единиот Бог Отец Седржител...(пс. Никео-цариградски символ на верата)” дека Пресветиот Дух излегува од Отецот и Синот. Потоа на проскомидијата да принесувате пресен а не квасен леб и вашите свештеници да си ги бричат брадите, за да со тоа не грешат при Божјите служби, бидејќи тие се Црковни женици. Ако го исполните сето тоа, тогаш ќе добиете очистување од Седржителот, и ние од радост поради вашето покајание, ќе ви се смилуваме. Во спротивно ќе ве погубиме безмилосно, за да не го зафаќате попусто местото на земјата.
         Откако ги кажаа тие и други слични хулења, еретиците очекуваа одговор од преподобните. Преподобните  монаси одговорија:
          - Ние ја сакаме и исповедаме вистината, па затоа не им обрнуваме внимание на вашите соблазни и безумија, и не се плашиме од вашите закани. Пишано е дека треба да се плашиме само од Бога, а од луѓето нема потреба да стравуваме и затоа смело ви велиме: Никој не може да ни наштети ако со нас е Бог, Кој е праведен и ја засакал правдата. Самиот Господ наш Исус Христос во Светото Евангелие вели: “Кога ќе дојде Утешителот, Кој ќе ви го пратам од Отецот, Духот на вистината, што излегува од Оца, Тој ќе сведочи за мене” - и продолжи: “И Јас ќе го молам Отецот, Кој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас во веки - Дух на вистината.” И уште: “Тоа ви го велам бидејќи Сум со вас. А Утешителот, Светиот Дух, Кој Отецот ќе ви го прати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви напомене за сѐ што Сум ви рекол.”
          Преподобните отци, за да ја докажат вистината и за да им ја затворат устата на тие што велат дека Светиот Дух излегува од Синот, неколкупати ги повторија тие зборови. Освен тоа тие ги изнесоа и следниве сведоштва:
          - Ако ни во тоа не верувате, духоборци, тогаш поучете се од Господовиот Претеча и Крстител Јован, кој Го виде Светиот Дух како во вид на гулаб слегува од небото и застанува врз Синот. Од тоа можете да видите дека Светиот Дух излегува само од Отецот. Тоа учење го поддржува Нашата Мајка, светата вселенска и апостолска Црква и ги напојува сите свои чеда, не со тоа што истекува од Едем, туку од Божествената уста на Христа, Кој вели: “Проповедајте им го Евангелието на сите луѓе, па кој ќе поверува и ќе се крсти, тој ќе се спаси,  а кој нема да поверува, тој ќе биде осуден.” И уште “Затоа ви велам дека секој грев и хулење ќе им бидат простени на луѓето, а хулењето против Светиот Дух нема да им се прости ниту во овој ниту во идниот живот.” Затоа сите пророци, апостоли и учители, поучени од Светиот Дух, крштевале, проповедале и ги учеле народите од разните краеви на вселената да ги признаваат само четворицата евангелисти: Матеј, Марко, Лука и Јован, а кој ќе додаде петти евангелист - нека биде проклет. “Кој ќе соблазни еден од малите браќа, вели Спасителот”, ќе биде казнет, а тој што ја соблазнува целата вселена, како што тоа го правите вие, како ќе се оправда за да ја избегне заслужената казна? Кој од седумте Богодадени собори учи дека Светиот Дух излегува од Оца и Сина, или кој од нив заповедал дека треба да принесуваме пресен леб и да ги потстрижуваме косите и брадите како што сакате вие? Ти, духоборецу, исполнет со седум други лукави духови, во кој Христос нѐ учиш да веруваме? Ти не проповедаш Евангелие, туку антихристово учење. Петти евангелист ние не познаваме, освен Мухамед Сараценски, претеча на антихристот, кој пред вашата погубна ерес посеал плевел. А што се однесува до вашите преснолебни безкрвни жртви, тоа е јудејсаки обичај. Но вие ќе речете: Нели, Христос, препашан, со стап во рака, според Писмото, ја јадеше пасхата? Да, ќе речеме ние. Тој јадеше пасха, но ја смени, како што направи и со обрезанието и со другото. По неа Тој, откако седна со дванаесетте Свои ученици во Сионската горница, ја востанови Својата Пасха. За време на вечерата Тој зеде леб, го благослови и раздавајќи им го на учениците, рече: “Земете, јадете, тоа е Моето Тело...” Ете ја висатинската тајна. Кажано е леб (2*), т. е. квасен, а не пресен, како што вие противзаконски правите и служите, поддржувајќи ја ереста на Аполинариј...”
         Тие зборови на блажените мажи беа толку непријатни за Латините, колку што се непријатни камењата, фрлени со праќаа за волкот. Тие се нафрлија и од сите страни ја запалија светата обител. А причина за сите тие злосторства беше законопрестапниот и нечестив Палеолог, тој нов Навуходоносор.
          Преподобните и богоносни наши отци, опкружени од пламенот во кулата, слично на светите три отроци, ја упатија посаледната молитва кон Христа Бога:
          - Владико, Господи Исусе Христе, Боже наш, Единородни Сине и Слове Божји, Кој како непорочно јагне Си се дал Себеси на колење за човечкиот род! Ти, Господи, Кој си ја пролеал Својата Пречиста Крв за Својата Црква и Си рекол дека силите на адот нема да ја победат, зачувај ја од волците што ја уништуваат. Умножи го Госаподи Своето наследство по целата вселена, од едниот крај на земјата до другиот. Делот што по ждрепка ѝ припадна на Твојата Пречиста Мајка засекогаш зачувај го непопустлив и несовладлив; неговите жители освети ги, прослави ги заедно со Себеси и помилувај ги; живеалиштата на Своите светии воздигни ги во Твоја слава и за наш спомен. Прими ја оваа молитва од нашите усти, како благоговејно кадило и погледни на нас милостиво, како што милостиво Си погледнал на Аврамовата жртва и Јефтаевото смирение, бидејќи си благ и човекољубец.
         По завршувањето на молитвата, се слушна глас од небото:
          - Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата!
         Кога го слушнаа тој неочекуван глас, мачителите многу се исплашија, но мракот што им ги покриваше духовните очи, не им дозволуваше да разберат што се случува, бидејќи го хулеа Светиот Дух. Така , блажените мажи ги предадоа своите души во Божјите раце. Тие загинаа во огнот 1276 година, а според еден грчки ракопис, што се наоѓа во Протатот, во Иверскиот и во Ватопедскиот манастир, на 10 октомври 1280 година. Светите Зографски маченици се вкупно 26, од кои 22 се монаси, а 4 се мирјани чии имиња се непознати.
          Имињата на монасите се: Тома, Варсануфиј, Кирил, Симон, Михеј, Иларион, Јаков, Јов, Кипријан, Сава, Јаков, Мартинијан, Козма, Сергиј, Мина, Јосиф, Јоаникиј, Павел, Антониј, Евтимиј, Дометијан и Партениј-клисар. Првиот од нив, Тома, беше игумен, и ги водеше разговорите со римокатолиците, а последниот, Партениј - клисар, беше останал неповреден во запалената кула и жив слезе на земјата.
Откако браѓата се вратија, тој им раскажа за сѐ што се случи во кулата, по што поживеа уште 30 дена и Му ја предаде својата душа на Бога на 10 ноември, примајѓи заедно со починатите добропобедници маченички венец.
            Откако го извршија савоето злосторство, беззаконите Латини со голем гнев се распрснаа низ цела Света Гора и ниту една обител, кула, скит или монашка келија, не беше одмината од нив. Тие разрушија и изгореа сѐ, а манастирските имоти ги ограбија. Со големи загуби на крајот го зазедоа и Протатот... И тука извршија големо крвопролевање, разрушувајќи ги и изгорувајќи ги сите живеалишта. Сепреподобниот прот4  по долги мачења на крајот беше обесен пред Протатот спроти морето, на местото наречено Халкос.
          Оттука беззаконите Латини преминаа на другата страна на планината, кон југ, каде монасите од Ксиропотамскиот манастир со гранки во рацете ги пресретнаа и ги поздравија со следниве зборови:
           - Мирот Христов нека е со вас!
           Латините им одговорија:
           -Е, и нека биде!
           И веднаш потоа заедно со монасите влегоа во манастирот. Тука тие му подарија на манастирот еден дел од ограбените богатства и се самонаименуваа за негови ктитори. Монасите (каква соблазна!) се соединија со еретиците. Но Бог, за време на молитвата, кога возгласија: “За нашиот архиепископ во Рим и за благочестивиот цар”, погледна од небото и ја затресе земјата. Тоа место, каде стоеја недостојните монаси, како и ѕидовите на манастирот и сите зданија се срушија, слично на Јерихонските ѕидови во времето на Исус Навин. Само дел од еден ѕид на манастирот остана наведнат за пример на следните поколенија. Многумина од Латините загинаа при тој земјотрес, убиени на самото место. А другите, кога го видоа тоа знаменито чудо, со срам и страв побегнаа на своите кораби. Некои од нив се покајаа и примајќи монашки постриг останаа да живеат на Атон. Посрамените од Бога ксиропотамски монаси го осознаа својот престап, горко плачеа и како птици без гнезда талкаа низ шумите, без можност некаде да подложат глава, бидејќи манастирот им беше целосно срушен поради нивното богоотстапништво. Заедно со тоа престана и чудото што дотогаш се случуваше во тој манастир во чест и слава на светите 40 маченици. Еве во што се состоеше тоа чудо:
         Откако заврши издигањето и украсувањето на соборниот храм од блажениот император Роман Лакапин, беше поканет еден архиереј за да го осавети. За време на осветувањето, кога архиерејот ги кажа зборовите: “Во името на светите четириесет маченици”, се случи чудо! Во подножјето на светиот жртвеник порасна едно големо растение - габа со стебло и главички во вид на јаболка, што ги имаше 40, според бројот на светите маченици. Таа габа порасна и се обвитка околу престолот. За тоа восхитувачко чудо сите Ги прославуваа Бога и Неговите маченици. Тоа растение им помагаше на сите болни да оздрават веднаш откако ќе каснеа од него. Новоста за чудото се рашири низ целата земја. Болните, кои потоа доаѓаа тука поради исцелување - оздравуваа, а тие што не можеа да дојдат во манастирот праќаа дарови и добиваа делови од тоа богодарувано растение и откако ќе ги изедеа - оздравуваа. Поради многубројниот народ што доаѓаше тука, растението завршуваше на деветти март, кога Црквата го празнува споменот на светите четириесет маченици, и во истиот ден тоа повторно израснуваше. Чудото на ова благодатно растение го надминуваше чудото на овчата бања во Силоан. Таму беше излекуван само тој што прв ќе влезеше во неа, а растението ги исцелуваше сите и на секаде каде некој ќе каснеше од него. Но ѓаволот, непријател на православното христијанство, кој уште од почетокот го мрази доброто, не можејќи да го трпи и гледа тоа чудо, почна да се бори, сѐ додека на крајот желбата не му се исполни. Тој ги вовлече окајаните монаси да се соберат на една трпеза со духоборците. Поради тие причини оттогаш чудото се прекина.
         Така Господ ги казнува тие што ја мразат вистината. Имено, на тој начин беззакониците-духоборци им се отплатија на богопротивните монаси за општењето со нив. Секоја жртва на нечестивите е непријатна пред Бога. Ако тие мислат дека ќе бидат во Соборот на избраниците, тогаш Бог им го покажува спротивното. Така што тие беззаконици немаат основа да се превознесуваат - како што беа посрамени тогаш, така ќе бидат посрамени и при второто Христово пришествие. А православните макар и да страдаат на овој свет, се надеваат дека ќе ги добијат подготвените блага од Христа Бога, што навистина и ќе се случи...
        Скриените монаси, по заминувањето на уништувачите, излегоа од скривалиштата и се вратија во своето разурнато и опожарено живеалиште. Горко ги оплакуваа своите загинати браќа. Цела Атонска Гора слично на Рахил, ги оплакуваше своите чеда. А кој ли можеше да не плаче, гледајќи ги сите тие ужаси. Ридањето и плачот стигнаа дури до небото, кога монасите заедно со Давид ги кажаа зборовите: “Боже, дојдоа јазичниците друговерци, на месатото што и припаѓа на Твојата Пречиста Мајка, ги осквернија Твоите свети храмови, ги дадоа телата на Твоите раби како храна на птиците и ѕверовите, крвта им ја пролеаја како вода околу нивните живеалишта и немаше кој да ги погребе. Излеј Го Својот гнев врз народите што Те хулат и врз државите што отстапиле од православната вера. Посети нѐ со Твоите штедрости, зашто ние многу осиромашивме. Помогни ни, Боже, Спасители наш, поради славата на Твоето име. Господи, избави нѐ и очисти ги нашите гревови, за да не речат некогаш друговерците: “Каде е нивниот Бог?“, и да го видат нашите очи нивното казнување, зашто ја пролеаја крвта на Твоите раби. А ние, Твоите слуги, ќе Те славиме, Боже, во веки, и ќе ја пренесуваме од поколение на поколение Твојата пофалба, преславните исповеди и преданија на светите наши отци.”
          Беззакониот цар Михаил Палеолог, кој имаше намера да дојде на Света Гора за да го уништи православието, не дојде бидејќи неговото царување набргу заврши... За време на еден поход против Иван Душан, српскиот кнез, тој се разболе и во декември, 1282 година, умре на својот брод, близу градот Бер, неприсоединет кон западната црква и отлачен од Источната.
         Неговиот син Андроник Палеолог, кој беше кај него, поради народното негодување не се осмели да го погребе својот татко со царски почести, туку нареди да го закопаат ноќта во еден близок манастир. Вдовицата на Михаил, Теодора, беше принудена да издаде указ во кој го призна вистинското исповедување на православната вера.
         “Мојата царственост - пишува таа - го мрази и го смета за гнасно тоа дело - унијата, што неодамна се случи во Црквата и целата ја вознемири... Како што Божјата Црква го осуди патријархот Век за неговите богохулни догмати, а заедно со него и Мелитиниот и Метохит (неговите истомисленици) и ги одлачи од себе, така и мојата царственост, претпочитајќи Го пред сѐ Божјиот страв и покорноста на светата Црква, ја одобрува и прима таа определба и никој нема да ме принуди да правам помен за душата на мојот сопруг и господар.”
          Споменот на постраданите маченици од тоа време се празнува заедно со сите светогорски светители во првата недела по неделата на “Сите Светии”. Но посебно се празнува споменот на иверските преподобномаченици во Ивер (13 јануари), и на ватопедските во Ватопед (4 јануари). Затоа и браќата на  Зографскиот манастир чувствуваа и сакаа споменот на неговите преподобномаченици да се празнува посебно во нивната обител. Тогаш почна празнувањето на достојниот за прослава спомен на тие светители, сообразно на нивната желба, што тие ја искажаа во својата молитва кон Господа при своето преставување во пламенот: “Господи, воздигни ги живелиштата на Твоите светии за Твоја слава и за наш спомен.”

(1*.)
Според месното предание, отпаднатите православни монаси, кои се присоединиле кон Латините и служеле заедно со нив, биле погребани во една пештера на морскиот брег, во околината на големата Лавра, на скриено место, оддалечено од очите на луѓето. Како што сведочат сигурни извори, и како што се гледа од снимките снимени на самото место, нивните тела и ден денес лежат таму, нераспаднати и црни како јаглен. Лицата им добиле ужасен, демонски изглед, за страв и поука на сите што ги гледаат и за спомен на нивното отстапување.
(2*.)
Во евангелсаките текстови (Мат. 26:26; Марк. 14:22; Лука 22:19;) како и во посланието на свети апостол Павле (1 Кор. 11:23), Спасителот на Тајната вечера го употребува зборот “артос”, кој на грчки (кини, коине дијалект) значи квасен леб. Тајната вечера направена е првата Евхаристија (Причест). За бесквасен леб во Светото Писмо се употребува зборот “азимон” (Лук. 22:1). “Бидејќи тајната вечера се одржала ноќта меѓу 13 и 14 нисан, во кој ден според според равинската литература не било дозволено да се употребува пресен леб. И сега, како и во минатото, тајната Евхаристија (во Правослната Црква) се извршува со квасен леб, според евангелстите текстови и Христовиот пример. “На почетокот евхарисатискиот леб со кој се служело на Запад, бил исто така како и на исток, обичен леб, во кој имало квас. О. Сирмон, језуит, признава дека квасниот леб на Запад се употребувал во текот на првите XI века. Римската црква го променила древниот обичај во периодот од крајот на IX век до првата половина на XI век.” Употребата на бесквасен леб кај римокатолиците е резултат на подоцнежното јудејско влијание.


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 19:26
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Повест за страдањата на светите
ДАВЕСЕТ И ШЕСТ ЗОГРАФСКИ МАЧЕНИЦИ

п.с. фуснотите може да ги прочитате најдолу... ова е дел од житието, каде имаме сведоштво за злочинствата на Рим и римските пратеници испратени од Папата:

       Кога пратениците стигнаа во Рим, сите западни римокатолички владетели се вооружија и решија да тргнат за Цариград, но не за да му помогнат на Михаил Палеолог, својот истомисленик, туку за да го уништат. На пат за Цариград тие се нафрлија врз Светата Атонска Гора, и почнаа да ги прогонуваат сите што живееја таму. Најнапред ја нападнаа Лаврата на свети Атанасиј, предложувајќи им на монасите да се присоединат кон нивната латинска вера и да влезат во општење со нив. Исплашените монаси, не разбирајќи ги добро апостолските зборови: “Дајте му место на гневот” преку еден свој одлачен свештеномонах, се согласија, се присоединија кон нив и на тој начин си ги спасија животите. Подоцна тие монаси беа изобличени и казнети од Бога. (1*.)


Интересен текст, му препорачувам секому да го прочита.
Сепак имам некои прашања, пред и јас да кажам нешто околу ова.

1. Во текстот говори за пратеници во Рим, а знаеме дека такви биле пратени пред почетокот на Првата Крстоносна војна. Дали за неа станува збор, или за Четвртата?
2 Се споменува и Михаил Палеолог. Во четвртата крстоносна војна имаше две династии коисе бореа за превласт, а онаа која се соедини со Крстоносците беше на Алексиј IV и татко му Исак. Дали тие беа дел од Палеолозите или од нивните противници?


-------------


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 20:51
Многу добра забелешка Македон!

На многу места во житието не е обележано за кој Палеолози се работи... бидејќи, најверојатно авторот на житието, судејќи според годината во која загинуват мачениците, сметал дека тоа е повеќе од јасно:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Тие загинаа во огнот 1276 година, а според еден грчки ракопис, што се наоѓа во Протатот, во Иверскиот и во Ватопедскиот манастир, на 10 октомври 1280 година.


тука се гледа за кое време се работи:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:



          Беззакониот цар Михаил VII Палеолог, кој имаше намера да дојде на Света Гора за да го уништи православието, не дојде бидејќи неговото царување набргу заврши... За време на еден поход против Иван Душан, српскиот кнез, тој се разболе и во декември, 1282 година, умре на својот брод, близу градот Бер, неприсоединет кон западната црква и отлачен од Источната.
         Неговиот син Андроник II Палеолог, кој беше кај него, поради народното негодување не се осмели да го погребе својот татко со царски почести, туку нареди да го закопаат ноќта во еден близок манастир. Вдовицата на Михаил, Теодора, беше принудена да издаде указ во кој го призна вистинското исповедување на православната вера.
         “Мојата царственост - пишува таа - го мрази и го смета за гнасно тоа дело - унијата, што неодамна се случи во Црквата и целата ја вознемири... Како што Божјата Црква го осуди патријархот Век за неговите богохулни догмати, а заедно со него и Мелитиниот и Метохит (неговите истомисленици) и ги одлачи од себе, така и мојата царственост, претпочитајќи Го пред сѐ Божјиот страв и покорноста на светата Црква, ја одобрува и прима таа определба и никој нема да ме принуди да правам помен за душата на мојот сопруг и господар.”



Затоа ако имаме предвид која е годината кога тие загинуваат, таа се поклопува со 9-от крстоносен поход:


“Деветата крстоносна војна траела од 1271 до 1272 година и бил против египетскиот султан Бајбара и неговиот обид да ги уништи крстоносните земји. На чело на подходот застанал принцот Едвард кој успеал да го спречи во тоа барем за две децении. По паѓањето на Антиохија (1268), Триполи (1289) и Акар (1291) последните траги од христијанската окупација на Сирија полека исчезнале.“

Во житието се споменува дека тоа биле одметнички банди кој често ја напаѓаат Света Гора...

Тоа не е прв случај да биде нападната Света Гора, тоа многу често се случувало и од пиратските банди... Во случајов крстоносците на поминување или заминување, многу често запирале на Света Гора... ке си ја завршеле работата (види житието) и си заминувале...

п.с.
За авторот на житието и околностите кога е тоа напишано, (непосредно после настаните) сепак не бил најважен историскиот дел, а оној духовниот... но за тој книжовен аспект и стил на изразување, секако тука нема да спориме. Тоа е сосем друга тема и за тоа т.е. за “житијните вистини“ сведочат лингвистите...



-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Декември.2009 во 20:25
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Многу добра забелешка Македон!




Затоа ако имаме предвид која е годината кога тие загинуваат, таа се поклопува со 9-от крстоносен поход:


Во житието се споменува дека тоа биле одметнички банди кој често ја напаѓаат Света Гора...

Тоа не е прв случај да биде нападната Света Гора, тоа многу често се случувало и од пиратските банди... Во случајов крстоносците на поминување или заминување, многу често запирале на Света Гора... ке си ја завршеле работата (види житието) и си заминувале...

п.с.
За авторот на житието и околностите кога е тоа напишано, (непосредно после настаните) сепак не бил најважен историскиот дел, а оној духовниот... но за тој книжовен аспект и стил на изразување, секако тука нема да спориме. Тоа е сосем друга тема и за тоа т.е. за “житијните вистини“ сведочат лингвистите...



Tetratka, напади на Света гора имало и во Четвртата Крстоносна војна, не само во Деветтата Крстоносна војна. Не случајно по сите осуди на Папата Инокентиј III за злосторот на крстоносците ( кои ги екскомуницира и пред тоа ) , монасите од Света Гора праќаат писмо до Папата Инокентиј со молба да ги заштити од нападите, меѓутоа во случајот не од самите крстоносци, туку од новите католички држави формирани по Четвртата Крстоносна војна.


-------------


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 03.Декември.2009 во 21:08
Originally posted by Македон Македон напиша:



Tetratka, напади на Света гора имало и во Четвртата Крстоносна војна, не само во Деветтата Крстоносна војна. Не случајно по сите осуди на Папата Инокентиј III за злосторот на крстоносците ( кои ги екскомуницира и пред тоа ) , монасите од Света Гора праќаат писмо до Папата Инокентиј со молба да ги заштити од нападите, меѓутоа во случајот не од самите крстоносци, туку од новите католички држави формирани по Четвртата Крстоносна војна.


Во житието, на почетокот се спомнува и за такви напади... конкретно, судејќи според годината кога мачениците биват изгорени во зографската кула, најверојатно станува збор за 9-от поход... тоа е несомнено

Не сум ги проверил другите документи (мислам на грко-јазичните манастири)... мислам дека и за време на 4-от поход има маченици, но сепак почитта кон нив останува непозната за нас од проста причина што тоа се грко-јазични христијани...

Јас решив да пишувам за Зографските маченици бидејќи тие се дел од трите словенски манастири и тоа е поинтересно за нас...а и тоа го имам на македонски јазик и текстот на житието е на кирилица.

Ди сакал да прашам за писмото...
сум го пропуштил ли јас тоа во предходните постови...или ...

поточно: кај може да се види содржината на тоа...?

знаеш, јас сум книжник... мора тоа да го проверам...трепкање


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Декември.2009 во 21:32
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:



Tetratka, напади на Света гора имало и во Четвртата Крстоносна војна, не само во Деветтата Крстоносна војна. Не случајно по сите осуди на Папата Инокентиј III за злосторот на крстоносците ( кои ги екскомуницира и пред тоа ) , монасите од Света Гора праќаат писмо до Папата Инокентиј со молба да ги заштити од нападите, меѓутоа во случајот не од самите крстоносци, туку од новите католички држави формирани по Четвртата Крстоносна војна.


Во житието, на почетокот се спомнува и за такви напади... конкретно, судејќи според годината кога мачениците биват изгорени во зографската кула, најверојатно станува збор за 9-от поход... тоа е несомнено

Не сум ги проверил другите документи (мислам на грко-јазичните манастири)... мислам дека и за време на 4-от поход има маченици, но сепак почитта кон нив останува непозната за нас од проста причина што тоа се грко-јазични христијани...

Јас решив да пишувам за Зографските маченици бидејќи тие се дел од трите словенски манастири и тоа е поинтересно за нас...а и тоа го имам на македонски јазик и текстот на житието е на кирилица.

Ди сакал да прашам за писмото...
сум го пропуштил ли јас тоа во предходните постови...или ...

поточно: кај може да се види содржината на тоа...?

знаеш, јас сум книжник... мора тоа да го проверам...трепкање


Мислам дека го споменав тоа писмо во претходните постови, покрај другите писма од Папата. Во тие од Папата Инокентиј III до крстоносците, тој ги екскомуницира истите и пишува за нивните ѕверства. Писмото го немам, ама еве што вели страната за Света Горатрепкање

http://www.mountathos.info/ - http://www.mountathos.info/


-------------


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 04.Декември.2009 во 00:24
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


Според месното
предание, отпаднатите православни монаси, кои се присоединиле кон
Латините и служеле заедно со нив, биле погребани во една пештера на
морскиот брег, во околината на големата Лавра, на скриено место,
оддалечено од очите на луѓето. Како што сведочат сигурни извори, и како
што се гледа од снимките снимени на самото место, нивните тела и ден
денес лежат таму, нераспаднати и црни како јаглен. Лицата им добиле
ужасен, демонски изглед, за страв и поука на сите што ги гледаат и за
спомен на нивното отстапување.


„Случајно“ ја најдов:



-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 16:53
Големиот историчар на Крстоносните војни, Сер Стивен Рунциман, напишал дека разурнувањето на Константинопол е нешто што не може да се спореди со ниту еден историски настан:

"Девет века" тој пишува" големиот град беше главен град на христијанската цивилизација. Беше исполнет со дела на уметноста, кои останаа уште од Атничка Грција и со ремек дела од своите најискусни занаетчии. Венецијанците, каде и да најдеа вредни нешта, ги земаа. Но Французите и Фламанците беа полни со страст за уништување: во групи одеа по улиците, влегуваа во куќите, земаа се што сјаеше и уништуваа се што не можеа да понесат со себе, застанувајќи само да убијат или да силуваат или да провалат во винските визби. Ниту манастирите и црквите, ниту библиотеките беа поштедени. Во Света Софија, пијани војници можеа да бидат видени како ги влечат свилените завеси и како сребрениот иконостас го распарчија, а светите книги ги газеа со нозете. Додека тие пиеја од светите садови, проститутка пеела цинична француска песна од тронот на Патријархот. Монахињите беа силувани во нивните манастири. Палатите и колибите подеднакво беа разрушени. Повредени жени и деца лежеа на улиците. Три дена ужасните сцени продолжија се додека големиот и убав град се претвори во касапница. Дури и откако редот беше повторно воспоставен граѓаните беа малтретирани за да откријат каде ги кријат скапоценостите".

Steven Runciman, History of the Crusades, Penguin Books, Harmondsworth, 1965, vol 3, pp. 111-128.


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 16:02
http://books.google.com/books?id=IfY8AAAAIAAJ&printsec=frontcover&dq=History+of+the+Crusades&cd=4#v=onepage&q=&f=false - Историја на крстоносните војни том Ι, Првата Крстоносна војна и основањето на Кралството Ерусалим

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 17:18
Овие се арамии ама оти се европски биле кртоносци иако немале ништо заедничко со Исус

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 17:35
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Овие се арамии ама оти се европски биле кртоносци иако немале ништо заедничко со Исус


Κοнстатацијата, за жал, е вистина.
На повикот за Крстоносна војна, секако, по молбата на Византија до Папата Урбан ΙΙ, се одговара позитивно на соборот во Клермонт, но и покрај тоа што намената е ослободување на Ерусалим од рацете на Муслиманите, крстоносците, не сите секако, но голем дел од нив, вршат колежи над месното арапско и еврејско население, оправдувајќи го тоа со својата мисија, иако всушност целта им била грабежот и стекнувањето на богатство, не покажуваат ниту малку почит кон никого, не случајно тие и пропаѓаат, поделбата на Крстоносците на териториите кои ги освоиле на мали државички ќе доведе и до тоа да завршат така како што завршија.

http://images.google.com/imgres?imgurl=upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c7/B_Urban_II2.jpg&imgrefurl=commons.wikimedia.org/wiki/File:B_Urban_II2.jpg&usg=__jXByb6hN51Y3QczYweznloKx5eg=&h=566&w=363&sz=69&hl=mk&start=10&um=1&tbnid=CiVXG1dv5IHv0M:&tbnh=134&tbnw=86&prev=/images%3Fq%3DCrusade%2BUrban%26hl%3Dmk%26sa%3DG%26um%3D1">

Папата Урбан ΙΙ на соборот во Клермонт


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 17.Јануари.2010 во 23:01
http://en.wikipedia.org/wiki/Manuel_I_Comnenus#Papal-Byzantine_alliance - Мануел Ι Комнен, Император на Византија, сојузник на Папата и поддржувач на Втората Крстоносна војна, Император кој се обидел во времето на Крстоносната војна, да изврши обединување на Рим и Константинопол


http://asv.vatican.va/en/doc/1146.htm - Писмо од Мануел Комнен до Папата Евгениј ΙΙΙ


-------------


Постирано од: Spiridon
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 04:05
Колку површни муабети за сериозна тема.


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 17:27
Originally posted by Spiridon Spiridon напиша:

Колку површни муабети за сериозна тема.


Не се сложувам со мислењето дека анализата на веродостојноста на некои тогашни документи и списи за настаните поврзани со крстоносните војни се површни, но, тоа е твое мислење.


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk