IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Косово и Косовска битка 1389година!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Косово и Косовска битка 1389година!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Косово и Косовска битка 1389година!
    Испратена: 31.Јули.2009 во 17:20
Косовска Битка
Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според григоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до
Балканските војни т.е. до 1912.

Историски Околности

Периодот непосредно пред битката е исклучително важен и за Србија и за Османлиите. Српската држава прераснала во најсилна на Балканот, така што во 1345 кралот Стефан Душан се прогласува за „цар на Србите и Грците“. Но по смртта на Душан во 1355, неговиот син и наследник Урош I не бил способен да го одржи унитарниот карактер на Царството иако никој не му ја оспорувал титулата. Со неговата смрт царството дефинитивно престанало да постои (воедно Урош не оставил наследник), а месните велможи станале суверени господари над своите територии. Така дошло до раздробување на српската држава и опаѓање на нејзината моќ. Најпознати владетели на вака настанатите формации биле браќата Мрњавчевиќ, Волкашин (срп. Вукашин), владетел на западна Македонија со престолнина во Прилеп, и Јован Углеша (срп. Јован Угљеша), деспот на егејска Македонија со престолнина во Сер, Вук Бранковиќ, господар на Косово и Метохија, и кнезот Лазар Хребелјановиќ, владетел на Рашка и денешна централна Србија со престолнина во Крушевац. Од сите нив Лазар имал најголем авторитет, но останатите не му биле потчинети што дополнително довело до тоа војничката моќ на српските војски во непосредната битка уште да опадне.

Османлиите, пак, уште од многу поодамна постепено ја потиснувале Византија. Во 1352 го освојуваат своето прво упориште на европска почва, а во 1365 веќе имаат освоено толку територија на Балканот што султанот Мурат I ја пренесува престолнината од Бурса во Едрене (Адрианопол, тур. Edirne).

Првите судири меѓу Србите и Османлиите се случиле уште во времето на царот Душан, кој прв ја согледал опасноста од османлиската држава како сила во подем[2]. Но, по неговата смрт во 1355, па сѐ до 1371, Србите не презеле никакви конкретни чекори за справување со Османлиите, чија држава непрестојно јакнела. Токму таа 1371 година браќата Мрњавчевиќ се решиле на своја рака да преземат борбени мерки - директно целејќи кон османлиската престолнина: Едрене, искористувајќи го фактот што султанот Мурат заедно со поголемиот дел од војската војувал во Мала Азија. На 26 септември 1371, Османлиите кај местото Черномен на реката Марица целосно ја уништиле седумдесет илјадната српска војска, благодарение на изненадувачкиот ноќен напад и супериорната тактика. Оваа битка позната во историјата како Маричка битка го означува всушност почетокот на долгиот српско-османлиски судир. По битката Србија е војнички осакатена што силно ќе се чувствува до Косовската битка.

По Маричката битка Турците-Османлии вршеле само повремени пљачкања низ поранешното српско царство. Наскоро потоа Византија и Бугарија станале османлиски вазали. Со погибието на Балша II, господарот на Зета во битката на Саурското поле, Османлиите ја потчиниле и денешна Албанија, а започнале и со напади на Босна. Меѓутоа се случувало и османлиските напади да завршат со нивен пораз; најпознати вакви примери се турските порази во битките кај Плочник (1386) и Билеќе (1388)[1].

Околу ова време ситуацијата за решавачки судир веќе била созреана и било само прашање на време кога и каде ќе дојде до пресудна битка.

Движењето на војските и почетниот распоред

азар како главен заповедник на српската војска очекувал турско настапување, но не знаел од каде. Мурат, од друга страна, во пролетта 1389 ја концентрирал главнината на својата војска во Пловдив (грч. Филипополис). Движејќи се преку Ихтиман и Велбужд (Ќустендил), извесно време задржувајќи се во Кратово, преку Куманово ѝ пришол на Лазаровата територија од југ.

Српската војска најверојатно била првично распоредена во околината на Ниш (долините на Нишава и Јужна Морава), очекувајќи напад од правец на Средец (Софија). Иако за српското движење има оскудни податоци, може да се претпостави дека кога Лазар дознал за настапувањето на турската војска, преку Плочник и Бела Црква (к*ршумлија) и на 14 (27) јуни 1389 пред мрак избил на Косово Поле северно од Приштина каде се влогорил. Изборот на Косовското поле за боиште бил правилен заради неговата стратешка и поволна географска положба.

Српската војска била распоредена на левиот брег на реката Лаб. Центарот на војската се состоел од трупите на Лазар, десното крило од трупи на Вук Бранковиќ, а левото од босанските трупи на Влатко Вуковиќ. Првите борбени редови биле од коњаници кои српската војска ги имала неколку илјади, а и неколку стотини модерни, тешки коњаници.

Турската војска се распоредила спроти српската. Центарот - најквалитетните турски трупи, бил под команда на султанот Мурат, десното крило (европските трупи) под команда на Муратовиот наследник Бајазит, додека левото крило (азиските трупи) под команда на Муратовиот помлад син Јакуб. Турскиот почетен распоред, за разлика од српскиот, ги имал пешаците во првите редови, додека коњаниците во позадина. Дополнително, турската војска имала и одреден број стрелци.

Текот на битката

При разгледувањето на текот на Косовската битка, важен и неминовен е еден настан: убиството на турскиот султан Мурат I. Општо прифатен е фактот дека убиството се случило пред почетокот или, барем, пред решавачкиот момент на битката. Сите извори се согласни дека бил убиен со измама: српски благородник под изговор дека пребегнува на страна на Турците бара да биде примен од Мурат, кога всушност и успева да го убие, чин по кој и тој самиот е убиен. Во српското народно творештво овој лик е познат како Милош Обилиќ или, поретко со презиме Кобилиќ. Не е утврдено дали ова убиство било планирано од српското благородништво или пак е самоиницијативен чин. Но, секако, ова имало за цел да ѝ даде барем некаква предност на српската војска:
“      ...а тако ми Бога великога,
ја ћу отић' сјутра у Косово
и заклаћу турског цар-Мурата,
и стаћу му ногом под гр'оце...[3]      ”

Тактички, Србите имале поповолна положба дочекувајќи ги Турците на благо наведена ширина. Битката ја отвориле турските стрелци (иако според многу извори, а согласно и со тогашната турска тактика, „Турците на Косово воделе одбрамбена битка“[1]) стрелајќи кон српската коњаница. Србите ја прифатиле провокацијата, извршувајќи директен фронтален напад долж целата линија на боиштето. При овој напад особени успеси имале српскиот центар и десното крило кои успеале во целост да го разбијат турското лево крило, но не и да го уништат благодарејќи на подвижноста на турските единици. За разлика од овој успех, турскиот центар (составен од муратовата лична гарда и од јаничари) и десното крило успеале да го издржат првичниот налет на српските единици.

По ова настанува критичниот (решавачкиот) момент на битката: турскиот центар и десното крило преминуваат во противнапад. При ова српското лево крило (составено од трупи на Влатко Вуковиќ) е отфрлено назад, додека српскиот центар е опколен. Што точно се случува непосредно по ова е нејасно; имено, веројатно е дека одбиениот Вуковиќ со релативно малку жртви го напушта боиштето и се повлекува во Босна, додека исто така се претпоставува дека и Вук Бранковиќ бил потиснат и се повлекол кон Дреница.

По ова веќе сѐ било јасно: српската војска била разбиена, иако и самите Турци претрпеле големи загуби. Кнезот Лазар и дел од благородништвото се заробени и веднаш погубени: Србија била поразена.

Последици:

Со победата во Косовската битка, Османлиската држава го разбила единствениот доволно моќен соперник на Балканот во тоа време. Но и на самата османлиска војска ѝ требало време да закрепи од битката. Косово и Метохија заедно со скопската околина биле ставени под војничка управа на Османлиите, а поголем дел од преживеаните српски благородници станале турски вазали. Иако српските држави ќе продолжат да им пружаат отпор на Османлиите сѐ до падот на Смедерево во 1459 година, за Османлиите патот кон Панонската Низина бил отворен.

Изменето од Boromir - 31.Јули.2009 во 17:21
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 17:20
Косовската битка во народното творештво

За настаните непосредно пред, за време и непосредно по Косовска битка е испеан еден од најубавите циклуси на српската народна епика. Во песните народниот пејач им придава полубожествени моќи на директните учесници, а битката (согласно нејзиниот значај во српската историја) е претставена како судир од колосални размери. Некои од песните споменуваат судир на повеќе стотини илјади борци (што е секако невозможно).

Во рамките на овој циклус е воспеана идејата за предавството извршено од страна на Вук Бранковиќ, кое, воедно, историски и не е засведочено:
“      ...тад би Лаза надвладао Турке,
Бог убио Вука Бранковића,
он издаде таста на Косову!
Тада Лазу надвладаше Турци,
и погибе српски кнез Лазаре,
и његова сва изгибе војска,
седамдесет и седам иљада! [4]      ”
     
“      ...a што питаш за проклетог Вука,
проклет био и ко га родио!
Проклето му племе и кољено!
Он издаде цара на Косову
и одведе дванаест хиљада,
Госпо моја, љутих оклопника. [5]      ”
Кон врв
Epirot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Мај.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Epirot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 22:23

The Battle of Kosovo 1389: An Albanian Epic 





Review



'Anna Di Lellio has afforded us a rare insight into an alternative - Albanian - tradition of the Battle of Kosovo. This valuable collection, meticulously translated, edited and commented, represents a labor of love that is simultaneously of great importance for all students of the Balkan past.' - Ivo Banac, Bradford Durfee Professor of History, Yale University

Product Description
The Battle of Kosovo of 1389 holds enormous significance in the formation of modern Balkan nation states, especially among South Slav and Serbian nationalist circles. What has given this single battle such resonance, even more than six centuries later, and what does it reveal about the complex tangle of identity in the contemporary Balkans?


Согласно правилата, постот на јазик различен од македонскиот мора да се состои од две до три реченици со оставен линк за понатамошно читање!

Модераторот



Изменето од macedon_alex - 31.Јули.2009 во 22:31
„Едно дете кое спие Расте,ама еден народ кој спие Умира„
Ismajl Qemajli
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 23:12
Originally posted by Epirot Epirot напиша:




<h1><span id="EC_btAsinTitle">The Battle of Kosovo 1389:
An Albanian Epic </span> </h1>Review'Anna Di Lellio has afforded us a rare
insight into an alternative - Albanian - tradition of the Battle of Kosovo. This
valuable collection, meticulously translated, edited and commented, represents a
labor of love that is simultaneously of great importance for all students of the
Balkan past.' - Ivo Banac, Bradford Durfee Professor of History, Yale University
Product Description
The Battle of Kosovo of 1389 holds enormous significance in the formation
of modern Balkan nation states, especially among South Slav and Serbian
nationalist circles. What has given this single battle such resonance, even more
than six centuries later, and what does it reveal about the complex tangle of
identity in the contemporary Balkans?Согласно правилата, постот на јазик различен од македонскиот мора да се состои од две до три реченици со оставен линк за понатамошно читање!Модераторот

Би те замолил ако направиш уште еден пост,нека биде напишан на Македонски јазик,за мене не е проблем јас разбирам англиски,али за другите форумџии можеби е проблем.
Кон врв
Сварог Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 71
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Сварог Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 01:18
Чудно ,кјор албанец немало на Косово поле,единствено имало срби(вкучувајќи ги и тие од босна) и имало 1500 хрвати ако не се лажам.
Европа для Славян
Meine Ehre Heisst Treue
Русский доброволец, руку братьям дай,
Будь готов бороться до конца.
Кон врв
kumanovaboy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kumanovaboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 03:34
nemalo kjor albanec ama ete eden se nasol, Millos Kopilic
Кон врв
Сварог Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 71
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Сварог Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 04:02
Бре,Милош албанец. Да кажеше Вук Бранковиќ можда ќе поверував.И биди писмен ,КоБилиќ.
Европа для Славян
Meine Ehre Heisst Treue
Русский доброволец, руку братьям дай,
Будь готов бороться до конца.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 10:46
Учествувале предците на Скендер бег ама како Српски витеэи иако не биле Срби по националност
Кон врв
Сварог Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 71
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Сварог Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 12:10
Не спорам дека имало несрби од околните краеви кои што биле под српска власт,но албанци ако имало се сечам кај што сум најтенок.
Европа для Славян
Meine Ehre Heisst Treue
Русский доброволец, руку братьям дай,
Будь готов бороться до конца.
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 12:29
Имало или немало ќор Албанец,повеќе не е битно,важно им се оствари долгогодишниот сон...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 12:30
не би рекол дека им се оствари .... допрва ќе го финализираат намигнување
Кон врв
kumanovaboy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kumanovaboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 15:48
Taka Boromir , Brate , taka e,
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 16:36
Значи знаев дека темава ке ја свртите во смисла Срби VS Албанци - абе дај да го дебатираме бојот на Косово - пред,за време на бојот и потоа.

На пр.во неколку писма пронајдени по западните царски архиви Твртко како единствен Српски крал од тоа време битката на Косово ја означува како голема победа на христијанските сили и Српското кралство бидејки тој како Српски крал останал жив а Турскиот е убиен.

Дајте такви некои работисршено%20срце
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 17:53
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Значи знаев дека темава ке ја свртите во смисла Срби VS Албанци - абе дај да го дебатираме бојот на Косово - пред,за време на бојот и потоа.На пр.во неколку писма пронајдени по западните царски архиви Твртко како единствен Српски крал од тоа време битката на Косово ја означува како голема победа на христијанските сили и Српското кралство бидејки тој како Српски крал останал жив а Турскиот е убиен.Дајте такви некои работисршено%20срце
Се сложувам.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.