IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Изгореници
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изгореници

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
natasha-nate Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natasha-nate Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2009 во 01:16
znaci stanuva zbor za izgorenica na noga predizvikana od pegla, pa kazete sovet kako moze da ne ostane beleg, (nekoja mast i sl.)???
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2009 во 00:45
При површински изгореници веднаш треба да се реагира правилно

Термичките повреди или изгорениците спаѓаат во групата најтешки повреди, кои оставаат големи последици, како физички и естетски нарушувања, така и психички растројства. Според статистичките податоци, термичките повреди се на прво место на листата повреди во домашни услови, при сообраќајни несреќи или на работното место. Најчесто настануваат при намерно или случајно полевање со врела вода, врело масло или слично, при пожар или врели пареи, повреди на работното место, особено кај оператори на машини во производство и слично. Хемиските изгореници настануваат при полевање со киселински или базни раствори, кои, пак, предизвикуваат хемиско нагризување на ткивото создавајќи изгореница.

Сите изгореници без разлика на агенсот (материјата) што ја предизвикал, го оштетуваат површинскиот слој на кожата (епидермот). Исто така, делумно или целосно е нарушена структурата на поткожното ткиво, каде што се оштетуваат градбените елементи, крвните садови и нервните завршетоци. Според општата класификација, површинските изгореници се вбројуваат во термички повреди од втор степен. Веднаш по повредата, изгореното место е црвено, со голем локален оток, силна болка и ограничени движење на телото. Подоцна се формираат меури исполнети со бистра или крвава течност, кои можат спонтано да пукнат. Ако е зафатена целата дебелина на поткожното ткиво, болката не е толку силна и драматична, но изгорениот дел на телото има голем дефект од изумрено ткиво со секреција на лимфа и крв од рабовите на раната. Општата состојба на пациентот е лесно нарушена со слабост и вртоглавици, болна раздразливост, страв од претрпениот шок при повредата, лесно покачена температура или, пак, треска со чувство на жед. Доколку се пристапи веднаш кон лекување со прва помош, потоа со правилен третман на раните, излекувањето е во период од 10 до 14 дена со минимални белези, евентуално 25-30 дена кај компликуваните и подлабоки изгореници.

Лекувањето се состои во тоа веднаш по повредата пациентот да се јави кај хирургот, кој во стерилни услови примарно ќе ја обработи раната со отстранување на изумреното ткиво. Во првите неколку дена од акутната болна фаза изгореното место треба да биде под специфична преврска за изгореници, која спречува секундарна инфекција, го намалува губењето на течности и крвавењето од раната, силно ја редуцира болката бидејќи движењата се ограничени. Се советува орално земање аналгетици, антибиотици со широк спектар и витамини, како и пиење витамински напитоци.

По неколку дена се отстранува првата преврска при што веќе почнала епителизацијата на површинските слоеви и ревитализација на длабоко поткожно ткиво. Ако при контролните прегледи се увиди дека изгореницата не е секундарно инфицирана, енергично се почнува битката за намалување на белегот или длабоката лузна. Но, ако настанала инфекција со создавање гнојна содржина, потребно е земање брис од раната, па според микробиолошката анализа и антибиограмот, се користат локални антибиотски масти или раствори за уништување на бактериската инфекција во комбинација со орално земената терапија.

На крајот од лекувањето, се стимулира процесот на регенерација на ткивото со употреба на соодветни витамински креми. По еден месец од заздравувањето се советува микродермоабразија.

 

Д-р  сци. мед.
Крсте Митаноски
Специјалист по општа, пластична и по реконструктивна хирургија

Нате ...изгореници ...преставува широк поим.......објасни подетално нешто околу тоа како настанале , која површина е зафатена и колку се длабоки.....за да добиеш и соодветен одговор !!! големо%20гушкање
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 23:42

Кантарион отстоен во маслиново масло

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Enigma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Enigma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 20:08
Dermazin mast za izgorenici e super,mnogu pomaga i ne ostava beleg
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 15:49
јекодерм му е мајката..... побарај во аптеки, има рипче на кутијата
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.