|
Изгореници |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Јули.2009 во 15:49 |
јекодерм му е мајката..... побарај во аптеки, има рипче на кутијата
|
|
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dermazin mast za izgorenici e super,mnogu pomaga i ne ostava beleg
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кантарион отстоен во маслиново масло |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
При површински изгореници веднаш треба да се реагира правилно
Термичките повреди или изгорениците спаѓаат во групата
најтешки повреди, кои оставаат големи последици, како физички и естетски нарушувања,
така и психички растројства. Според статистичките податоци, термичките повреди се
на прво место на листата повреди во домашни услови, при сообраќајни несреќи или
на работното место. Најчесто настануваат при намерно или случајно полевање со врела
вода, врело масло или слично, при пожар или врели пареи, повреди на работното место,
особено кај оператори на машини во производство и слично. Хемиските изгореници настануваат
при полевање со киселински или базни раствори, кои, пак, предизвикуваат хемиско
нагризување на ткивото создавајќи изгореница. Сите изгореници без разлика на агенсот (материјата) што
ја предизвикал, го оштетуваат површинскиот слој на кожата (епидермот). Исто така,
делумно или целосно е нарушена структурата на поткожното ткиво, каде што се оштетуваат
градбените елементи, крвните садови и нервните завршетоци. Според општата класификација,
површинските изгореници се вбројуваат во термички повреди од втор степен. Веднаш
по повредата, изгореното место е црвено, со голем локален оток, силна болка и ограничени
движење на телото. Подоцна се формираат меури исполнети со бистра или крвава течност,
кои можат спонтано да пукнат. Ако е зафатена целата дебелина на поткожното ткиво,
болката не е толку силна и драматична, но изгорениот дел на телото има голем дефект
од изумрено ткиво со секреција на лимфа и крв од рабовите на раната. Општата состојба
на пациентот е лесно нарушена со слабост и вртоглавици, болна раздразливост, страв
од претрпениот шок при повредата, лесно покачена температура или, пак, треска со
чувство на жед. Доколку се пристапи веднаш кон лекување со прва помош, потоа со
правилен третман на раните, излекувањето е во период од 10 до 14 дена со минимални
белези, евентуално 25-30 дена кај компликуваните и подлабоки изгореници. Лекувањето се состои во тоа веднаш по повредата пациентот
да се јави кај хирургот, кој во стерилни услови примарно ќе ја обработи раната со
отстранување на изумреното ткиво. Во првите неколку дена од акутната болна фаза
изгореното место треба да биде под специфична преврска за изгореници, која спречува
секундарна инфекција, го намалува губењето на течности и крвавењето од раната, силно
ја редуцира болката бидејќи движењата се ограничени. Се советува орално земање аналгетици,
антибиотици со широк спектар и витамини, како и пиење витамински напитоци. По неколку дена се отстранува првата преврска при што веќе
почнала епителизацијата на површинските слоеви и ревитализација на длабоко поткожно
ткиво. Ако при контролните прегледи се увиди дека изгореницата не е секундарно инфицирана,
енергично се почнува битката за намалување на белегот или длабоката лузна. Но, ако
настанала инфекција со создавање гнојна содржина, потребно е земање брис од раната,
па според микробиолошката анализа и антибиограмот, се користат локални антибиотски
масти или раствори за уништување на бактериската инфекција во комбинација со орално
земената терапија. На крајот од лекувањето, се стимулира процесот на регенерација
на ткивото со употреба на соодветни витамински креми. По еден месец од заздравувањето
се советува микродермоабразија. Д-р сци. мед. |
|
natasha-nate
Нов член Регистриран: 18.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
znaci stanuva zbor za izgorenica na noga predizvikana od pegla, pa kazete sovet kako moze da ne ostane beleg, (nekoja mast i sl.)???
|
|
picky
Сениор Регистриран: 03.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 107 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ima edna mast za takvi raboti, 100% ne ostanuva beleg, ali neznam dali ja ima ovdeka. Se vika JOMELOP, znam deka se koristi i za sekakvi drug ozilci, kako i za izgorenici od sonce! Brat mi ja imase kupeno od crna gora pred dve godini...
Se nadevam deka ja ima i ovde! eve link, za da vidite za sto se raboti: http://www.saljic.com/sr/home.html Изменето од picky - 19.Јули.2009 во 03:32 |
|
No expectations, no disappointments!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kontratubeks,mast za izgorenici i sekakov vid na luzni
Изменето од Valerija - 19.Јули.2009 во 23:01 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Spored tvojot komentar se raboti za veke sanirana izgorenica tebe ednostavno te interesira da nemas posledica od nea vo estetski smisol , ete Valerija dobro ti predlozi so Contratubex mast , ednostavno povrsinskiot epitel ti e osteten i ti treba najmalku 3 meseci da sam so obnovi i veruvaj mi deka sekoja nedela postpeno ke se sanira samata znaci treba vreme organizmot sam da go sredi toa... |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас имам добро искуство со мелемите, мастите изработени од треварката Матија Пауновски. Доста се делотворни.
Сепак за се треба прво консултација со лекар и да се утврди колку е оштетена кожата и што би било најдобро кон патот на нејзиното зацелување. |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Луѓе има ли некој онлајн на форумов што би можел да ми каже што да ставам на изгореницата.
Пред пола саат се вратив од пат арно ама во текот на летањево се изгорев раката и еве сега ко се вратив ми рекоа дека нема да можам да летам наредни 2 дена и утре од сабајле морам да идам на доктор......моментално е 00:10 часот па ке мора да почекам до утре сабајле за да идам на лекар Дај во меѓувреме кажувајте што да ставам на изгореницава да ја намалам малце.......При рака го имам Contractubex gel , ама не знам дали ке има ефект ако ставам од него Поздрав и се надевам барем некоја чувствителна личност ќе пиши |
|
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај се изгоре бе
Истово ова што ќе го пишам го знам и од сопствено искуство, ама го копирам и не сносам одговорност за последиците... Што да правите доколку се здобиете со изгоренициВо домот не демнат разни опсасности а секако дел од тие опасности се и ненадејните термички повреди. Дали се работи за изгореница од жешка вода, масло, печка, тостер, пегла итн. треба да се направат следниве постапки.
Прв чекор е да се спречи жешкиот ефект на изгореницата. За ова да се изведе треба изгорената регија да се потопи во ладна вода што побрзо. Ако изгореницата е дел од телото којшто не може да се потопи тогаш се истура ладна вода врз него. Битно е да се отсрани секаква облека која го покрива местото на изгореницата. Не користете мраз. Зошто мразот може да предизвика оштетување и да ја влоши состојбата. Следен чекор е да се користи ладната вода минимум 20 минути. Не ставајте путер, маст или зејтин на раната. Ако се работи за мало дете многу е веројатно дека нема да сака да му се полива изгореното место ладна вода. Меѓутоа подобро е да плаче 20 мин отколку да се влоши изгореницата. Што после иницијалните 20 мин? Ослободување од болката. Земете ибупрофен, тоа е нестероиден анти-инфламаторен лек. Смитерете се или смирете го вашето дете. Проценете го степенот на изгореницата. Има неколку типови на изгореници: - Изгореници од прв степен, присутно е само црвенило и не остава лузна ако правилно се лекува - Изгореници од втор степен, присутно е црвенило со меури на кожата и е поболно од изгореницата од прв степен. Со правилен третман скоро никогаш не останува лузна. НЕ ги оштетувајте меурите. - Изгореници од трет степен, ова се случува кога повеќе слоеви од кожата се изгорени и нема појава на меури зошто ги нема и површинските слоеви на кожата. Оваа изгореница и со правилен третман остава лузна. Дали да отидете на доктор? Не сите изгореници имаат потреба од итна лекарска интервенција. Следи водич што треба да направите. - Големи изгореници. Секоја изгореница на поголем дел од телото без разлика на степенот и треба итна лекарска интервенција. Тука се вклучени изгорениците на целиот грб, абдомен, или на цел екстремитет – рака или нога - Изгореници на лицето. Треба да посетите лекар освен ако не се работи за многу мала изгореница со големина на мала паричка - Изгореници од втор степен. Клучот за да се препознаат се меурите. Не е итна ситуација но добро би било да посетите лекар. - Изгореници од трет степен. Потребен е итен лекарски третман. Ако не сте сигурни од кој степен се изгорениците, тогаш појдете на лекар. Како да се лекува изгореницата? За изгорениците од прв степен не е потребена крема што се издава со рецепт. Не треба да користите ни антибиотска крема. Најдобар третман за овие изгореници е гел од алое вера. Земете 100 % алое гел. Некои гелови што пишува дека се направени од чиста алое вера содржат само 10% алое, затоа внимателно прочитајте ги состојките. За изгорениците од втор степен е потребен покомплексен пристап. Ова побарува и консултација со лекар. Еве некои генерални постапки кои треба да ги направите два пати дневно - Исчистете ја изгореницата со вода на пријатна температура. Ова ќе ги одстрани бактериите, мртвата кожа и дебрисот. - Исушете ја со сув воздух - Аплицирајте крем за изгореници. Тоа е и антибиотски крем кој има одлична зацелителна моќ и го спречува развитокот на инфекции. Треба да го аплицирате кремот асептично, затоа купете си стерилни гази за нанесување и ставете завој на местото. Користете поголема количина на крем, не ја штедете. Кога ќе го менувате завојот ако нема од кремата значи не сте ставиле доволно. - Ако изгореницата е на некое место кое се истегнува како на пример на дланката постои опасност кожата на местото на изгореницата да биде премногу стегната откако ќе зарасне. Тоа се вика контрактура. Затоа треба кожата на тоа место да се истегне минимум десет пати на ден по една минута. - Исечете го меурот - откако меурот сам ке пукне. Вашиот лекар може да ја одстрани мртвата кожа која останала. Со ова ќе се превенира инфекција и ќе се забрза лекувањето. Колку долго треба да се користат кремот, гелот и завоите? Ако лекувате изгореница од прв степен со алое треба да се користи само неколку дена. Ако се лекува изгореница од втор степен треба да се консултирате со вашиот лекар кога да го прекинете третманот. Откако оштетената кожа ќе се одстрани ќе се појави црвенеста кожа која ќе премине во розева. Во овој период може веќе да прекинете со употребата на кремот и завоите. Изгорената кожа е многу чувствителна на сонце и може перманетно да остане дисколорирана. Затоа користете крема за сонце на местото на изгореницата најмалку 6 месеци по нејзиното зараснување. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно така кантарионот многу помага. Јас во средно се здобив со изгореница над коленото и мајка ми веднаш ми даде кантарион, постојано се мачкав само со него, не ни отидов на лекар. Откако поминаа неколку месеци ми заздраве местото, но бев многу разочарана бидејќи се познаваше белег, кој не беше баш мал. Со тек на годините почна да бледее белегот и еве денес не се познава воопшто. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се зависи од кој степен е изгореницата,па према тоа соодветен третман.
Ако има само црвенило се работи за изгореница од прв степен,ако има меур тогаш тоа е изгореница од втор степен и ако се гледа поткожно ткиво тогаш тоа е поголем степен на изгореница. Превентивна мерка во домашни услови е држење на изгорениот дел под млаз студена вода,а потоа консултација со лекар. Кај изгореници од втор,трет степен се прават вазелински преврски првите неколку дена за да не дојде до неасакани инфекции и се прима орално антибиотик. После третманот со вазелински преврски ,може да се користат кантарионови уља,разни масти за епителизација на оштетената кожа. Искрено се надевам дека кај нашата Минди се работи за изгореница без посериозно оштетување на површината на кожата. Минди мила, извести не како си,се надевам можеш да типкаш?! |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сум користела една розева маст од лисичина опашка... Се имав потурено со врела вода на стапалото и имав огромен меур. Се мачкав со таа маст- татко ми ми ја донесе од некој што прави масти во Битола и верувајте сега не знам да ви кажам ни на која нога беше тоа... Исчезна се, и меурот за еден ден и црвенилото за некој месец дена и белегот
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |