IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 13:13

СОЧУВАЈТЕ ГИ НЕРВИТЕ СО ОВИЕ ПЕТ БИЛКИ

16

Живееме во време кога стресот е секојдневна работа, и речиси е невозможно да го избегнеме. Но, затоа пак природата е тука за да ни помогне како полесно да се справиме со секојдневните стресни ситуации. Ова се билките кои ќе ви помогнат да си ги сочувате нервите:

Лаванда

lavanda

Направете чај од неколку цветови од лаванда. Овој мирис ќе ве смири и ќе ве опушти за миг. Ќе се намали главоболката и ќе имате мирен сон.

Кантарион

kantarion

Оддамна е познато дека кантарионот се употребува како лек за депресијата. Ја зголемува концентрацијата, го олеснува спиењето и едноставно ги разбиструва мислите.

Анасон

anason

Оваа билка има неверојатен смирувачки ефект. Ги смирува нервите, а исто така и надуеноста и менструалните болки.

Маточина

matocina

Оваа билка најчесто се користи за да закрепне организмот по голем стрес. Многу позитивно влијае на психата. Освен тоа се препорачува и за регулирање на нередовна менструација која е предизвикана од стрес.

Мајчина душичка

majcina dusicka

Овој чај ни е познат на сите нас. Една шолја топол чај од мајчина душичка во комбинација со една лажица мед може навистина многу да ви помогнат. Овој чај исто така ја намалува нервозата, а и ја намалува главоболката.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2015 во 15:22

НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА СИТЕ БЕЛОДРОБНИ БОЛЕСТИ: ДОМАШЕН СИРУП ОД ТЕГАВЕЦ

5

Тегавецот (plantago major и plantago minor) е драгоцено лековиото растение неправедно запоставено и недоволно користено и чие време веќе настапи. Иако со децении се прават природни сирупи од тегавец против кашлица и разни белодробни болести, најновите истражувања покажале некои фантастични лековити својства.

Во народната медицина тегавецот се користи за лекување на рани и чирови, за отоци и воспаление, додека како чај или сируп се користи за полесно искашлување, растварање на белодробниот слуз, за чир на желудникот и мочниот меур.

Традиционален рецепт за сируп од тегавец

Сирупот од тегавец се препорачува за сите кои страдаат од белодробни болести, туберколоза, отежнато дишење, упорна кашлица, болка во градите и прекумерен слузав секрет.

Потребна ви е голема стаклена тегла со капак што добро се затвара од 5 литри и на дното се става слој со дебелина од 3 сантиметри, стиснати листови од тегавец. Врз тегавецот се додава слој кафеав шеќер 1 сантиметар, а врз тоа уште еден слој од тегавец. Така продолжете наизменично се додека теглата не се наполни.

Смесата треба да отстои една ноќ, и следниот ден на ист начин се надополнува со истите состојки бидејќи во текот на ноќта содржината во теглата ќе спласне. Тоа се повторнува се додека теглата не се наполни до горе. Потоа во дворот се копа дупка, а теглата се заштитува со неколку слоеви фолија, најлонска и алуминумска или пак со восок и се става во дупката, се закопува со земја, се покрива дупката со даска врз која ќе ставите голем камен.

Теглата треба да отстои 3 месеци закопана во земја после што содржината од теглата се цеди, а така добиениот сируп од тегавец треба еднаш да проврие.

Добиениот сируп се чува во стерилен стаклен сад.

Овој домашен сируп е најдобриот природен помошник против сите белодробни болести.

По потреба сирупот се конзумира по неколку кафени лажички дневно за деца и исто толку супени лажици за возрасни.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2015 во 20:38

РЕЦЕПТИ ОД КОИ БОЛКАТА ВО ЖЕЛУДНИКОТ ВЕДНАШ ПРЕСТАНУВА

7
Oва се едноставни, но многу ефикасни рецепти од збирката на Мухамед Хамрајев, претседател на академијата на народната медицина во Узбекистан.
  1. Пијте сок од тиква. На половина литар сок додадете 2 лажици мед и една лажица јаболков или вински оцет. Од овој сок болката веднаш престанува.
  2. Измелете и измешајте малку  пченка и малку грашок. Мешавината полиете ја со вода што врие и пијте. Ова е проверено народно средство против гастритис. Ако ве боли желудникот, болката моментално ќе престане.


Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2015 во 08:56

ДОМАШЕН ЛЕК ОД БЕЛА ВРБА ПРОТИВ РЕУМА

3

Сите оние кои имаат мака со болка во коските, ни малку не им годи зимата. Ниските температури влијаат на рецепторите за болка, па состојбата се влошува. Освен лекарската терапија, не е на одмет да го пробате и ова:

Направете чај од кора од бела врба. Ова е најдобриот старински рецепт. Потребно ви е 40 гр кора од бела врба, 15 гр коњска опашка, 15 гр кора од костен и 15 гр лушпа од орев. Со четири децилитри прелијте две лажици од билната смеса и варете 15 минути на тивок оган. Пијте од овој чај половина доза наутро и половина навечер. Болките значително ќе се намалат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2015 во 19:20

Природен лек за отстранување на цисти на јајниците


Голем процент од жените во денешно време имаат проблеми со појава на цисти на еден или на двата јајници. Овие цисти е тешко да се излечат, но не е невозможно. Во нивното лечење многу можат да ви помогнат некои народни лекови.

Ви претставуваме народен лек од алое вера и мед, кој ќе го подготвите на следниот начин:


Земете неколку листови кактус алое вера и ставете ги во фрижидер да отстојат две недели. Потоа ситно изрендајте ги и процедете го нивниот сок. Сокот помешајте го со мед во размер 1:1. Лековитата смеса чувајте ја во фрижидер.

Начин на користење:

За да го користите овој природен лек од мед и алое вера, земете една лажичка од смесата и малку загрејте ја за да се опушти, бидејќи кога истата е ладна станува цврста. Кога ќе ја загреете лековитата смеса, земете обичен женски тампон и натопете го во неа. Тампонот ставете го во вагината и оставете го преку ноќ за да делува.

Повторувајте ја оваа постапка 10 дена, а потоа направете пауза. Лекот немојте да го нанесувате додека имате менструација. По паузата продолжете ја терапијата уште 10 дена.

Со помош на овој природен лек, на ист начин можете да ја излечите и ерозијата на грлото на матката, карактеристична по појава ранички на грлото на матката. Сепак не е на одмет да се консултирата и со вашиот гинеколог пред да го примените овој натоден лек.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2015 во 21:41

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ (ДИЈАБЕТЕС): ОД ОВА РАСТЕНИЕ НАПРАВЕТЕ ЧАЈ...

12
Гликозид миртилинот, екстракт од листовите на боровинка со право го нарекуваат растителен инсулин, бидејќи е мошне успешно природно средство за лечење на шеќерната болест, но со постојана соработка со лекарот и диета.

Чај против шеќерна болест:

20 гр листови од боровинка,

20 гр листови од црна дудинка,

20 гр добрица (Glechoma hederacea),

40 гр бели мешунки од грашок.

Сите компоненти добро измешајте ги и три лажици од мешавината варете ја 15 минути во ½ литар вода. Тргнете го садот од оган, покријте со капак и оставете да отстои 3 часа. Се пие по една доза три пати седмично.

Во традиционалната медицина боровинката е ценет лек против акутни и хронични интерни болести, особено за децата при стомачен тифус и паратифус, како дополнителна терапија на антибиотиците бидејќи чајот од листови и плод на боровинка во рок од 24 часа ги убиваат тифусните микроби, оние одговорните за паратифус, коли бацили, што значи дека лечи и одредени воспаленија на тенкото и дебелото црево, бидејќи боровинката ги врзува бактериите и нивните отрови, ги уништува заразните микроби, смирува, го зајакнува и прочистува црниот дроб, лечи состојби на пореметено варење и труење со храна.

Чајот од боровинка ефикасно го спречува создавањето на мочна киселина што е особено важно за луѓето болни од гихт.

Свежо цедениот сок од боровинка е еден од најдобрите природни лекови за испирање на грлото при воспаление, афти, воспаление на непцето, за леукоплака на јазикот предизвикана од многу пушење. Ако сокот се задржи неколку минути во уста, го отстранува и непријатниот мирис. Свежиот сок отстранува цревни паразити, особено глисти, и го намалува холестеролот.

Чајот од лист и плод на боровинка ја смирува кашлицата и потикнува исфрлање на секрет односно искашлување од белиот дроб.

caj-borovica

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2015 во 21:43

ЧУДОТВОРЕН ПРЕПАРАТ ОД КУЈНАТА: ОТСТРАНУВА БРАДАВИЦИ, ПРВУТ, ПОМАГА ПРИ ВОСПАЛЕНО ГРЛО...

10
Станува збор за јаболков оцет. Еве на кој начин може да ви помогне:

Чај од јаболков оцет против воспалено грло

Додадете лажица јаболков оцет во чаша топла вода. Можете да додадете мед.

Една лажица јаболков оцет дневно – немате потреба од лекар

Искористете ги здравствените придобивки од јаболковиот оцет, така што ќе пиете по една лажица од него секој ден. Ако вкусот ви е прејак, разредете го со сок или вода. Помага при висок холестерол, го регулира притисокот, ја подобрува работата на срцето. Некои истражувања покажале дека козумацијата на јаболков оцет секојдневно пред спиење го регулира и нивото на шеќер во крвта.

Ослободете се од првутот

Измешајте половина чаша млака вода, третина чаша јаболков оцет и една лажица мед. Течноста нанесете ја на скалпот и по должината на косата, замотајте ја со најлон и крпа и оставете да отстои 30 минути. Постапката се повторува еднаш неделно.

Против акни

Природната киселина од јаболковиот оцет може да помогне во борбата со акните. Разредете јаболков оцет во вода, во сооднос 1:3. Со памукче нанесете од течноста на проблематичните зони и оставете да делува 20 минути. Постапката се повторува 2-3 пати дневно, се додека акните не исчезнат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2015 во 09:41

НАМАЛЕТЕ ЈА ВИСОКАТА ТЕМПЕРАТУРА СО ДОМАШЕН ЛЕК

1

Во една чаша од 250 гр. се става половина од чашата јаболков (природен) оцет и другата половина , мед. Добро се промешува. Половина чаша се испива одеднаш, а другата половина на секои пет минути по една голтка. Ефектите ке ги видите самите.

Температурата се симнува и организмот нагло закрепнува, зашто јаболковиот оцет ги убива вирусите во организмот.
Ова е многу моќен лек и дозволено е да се повтори уште два пати во текот на истиот ден.

АНТИ ВИРУС

Состојки:

50 грама сецкана брусница

50 грама рендан ѓумбир

50 грама цимет во прав

сок од еден лимон

половина килограм мед.

Сите состојки се мешаат за да се соединат во компактна маса.

Се консумира два пати на ден по едно кафено лажиче.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2015 во 09:42

ЛЕКОВИТА ДОМАШНА РАКИЈА ПРОТИВ ОТЕЧЕНИ ЗГЛОБОВИ

3

Потребни состојки:

1 рака сува коприва (лист)

1 рака сув магдонос (лист)

1 литар лозова ракија

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во стаклена тегла, па убаво затворена се остава 15-20 дена на топло место. Секојдневно теглата треба да се промешува.

По изминатиот период, ракијата се процедува, и се користи како облога за отечени зглобови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2015 во 09:02

НАМАЛЕТЕ ЈА ВИСОКАТА ТЕМПЕРАТУРА СО ДОМАШЕН ЛЕК

1

Во една чаша од 250 гр. се става половина од чашата јаболков (природен) оцет и другата половина , мед. Добро се промешува. Половина чаша се испива одеднаш, а другата половина на секои пет минути по една голтка. Ефектите ке ги видите самите.

Температурата се симнува и организмот нагло закрепнува, зашто јаболковиот оцет ги убива вирусите во организмот.
Ова е многу моќен лек и дозволено е да се повтори уште два пати во текот на истиот ден.

АНТИ ВИРУС

Состојки:

50 грама сецкана брусница

50 грама рендан ѓумбир

50 грама цимет во прав

сок од еден лимон

половина килограм мед.

Сите состојки се мешаат за да се соединат во компактна маса.

Се консумира два пати на ден по едно кафено лажиче.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2015 во 21:00

Домашен рецепт: Ослободете се од камчето во бубрезите за 10 дена


Болката предизвикана од камче во бубрезите е можеби најсилната која може да ја поднесете, а доколку во моментов се мачите со неа, вреди да го пробате овој домашен рецепт.

domasen-recept-oslobodete-se-od-kamceto-vo-bubrezite-za-10-dena-01.jpg

Обичното просо е житарицата која може да ви помогне, а е прилично евтина и едноставна за консумирање.

Ефикасно ги чисти бубрезите, го елиминира песокот, помага кај женски болести и брзо лечи циститис.

Рецептот за подготовка е едноставен:

Навечер ставете 1 чаша (200g) просо во топла вода и измијте го.

Потоа ставете го во голема тегла од 3kg и прелијте го со жешка вода додека теглата не биде 2/3 полна.

Затворете, добро протресете и замотајте ја теглата во нешто топло. Оставете ја да преноќи.

Утрото повторно протресете. Сега веќе ќе забележите матна течност, односно лекот кој треба да го консумирате.

Пијте во текот на денот без ограничување, колку што сакате и можете.

domasen-recept-oslobodete-se-od-kamceto-vo-bubrezite-za-10-dena-02.jpg

Просото не мора да го фрлате, можете да го сварите како каша која ќе ја консумирате за појадок.

Овој пијалак треба да го пиете најмалку 10-15 дена за да почувствувате подобрување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2015 во 08:31

Домашен лек против ешерихија коли од 3 состојки


Ешерихијата како бактерија може да предизвика разни инфекции и воспаленија во телото, а модерната медицина има половичен успех во лечењето на оваа бактерија.

domasen-lek-protiv-eserihija-koli-od-3-sostojki-01.jpg

За среќа, помеѓу народните лекови постојат неколку алтернативни решенија, а ова со домашно бело вино е најделотворно.

Потребни ви се следниве 3 состојки:

  • 1l бело домашно вино без додатоци
  • 3-4 гранчиња рузмарин
  • 10 чешниња лук

Белиот лук исечкајте го на ситни коцки, додајте го во виното и ставете ги гранчињата еузмарин.

Оставете течноста да отстои 10-тина дена, а потоа земајте по 1 лажица наутро на празен стомак.

Лекот се консумира 40 дена, по што се прави пауза.

domasen-lek-protiv-eserihija-koli-od-3-sostojki-02.jpg

Рузмаринот одлично делува и против други бактерии, па доколку не можете да се ослободите од стрептокока, стафилокока или кандида, обидете се со овој лек.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2015 во 09:36

КАМИЛИЦА И НАНЕ: НАЈЕФИКАСЕН ЛЕК ЗА СТОМАЧНИ МАЧНИНИ

3

Исхраната во зима која е богата со многу тешки и масни јадења го оптеретува  дигестивниот систем и создава тешкотии кои можат да се отстранат со консумирање на чаеви од лековити билки.

Свежото овошје и зеленчукот, житарките, содржат влакна неопходни за функционирање на целиот дигестивен систем, посебно на цревата. Исхраната исто така треба да има одреден ритам, па не се препорачува прескокнување на оброците,

Бидејќи организмот најпрвин ги користи резервите на вода, потоа започнува разградувањето на мускулната маса и дури на крај се разложуваат мастите. Исто така не се препорачува ни големо количество на храна, бидејќи така многу ќе се оптерети желудникот и ќе се поттикне создавањето на масните наслаги.

Храната не треба да биде ниту премногу топла, ниту ладна бидејќи тоа го иритира дигестивниот систем. Месото, особено мрсното и соленото, најмногу ги оптеретува органите за варење и една е од главните причини за зголемен холестерол во крвта. Треба да ги избегнувате слатките, посебно кексот и сувите колачи, бидејќи предизвикуваат многу големо лачење на желудочна киселина.

Стомачните проблеми можат да се намалат со чај од камилица, од нане или од маточина, кој ќе го пиете по неколку голтки во текот на денот.

За да се олесни стомакот оптеретен со тешка храна, добро е после јадење да се изеде овошна салата со ананас и папаја. Помага и чај од ајдучка трева, кој треба да се прелие со зовриена вода и да се пие додека е топол.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2015 во 11:55

Стар народен лек против кашлица


Комбинацијата на мед и кромид можеби на прва ви делува неподнослива, но истата е позната како исклучително ефикасен природен лек против кашлица.


Предноста на овие природни лековити состојки е тоа што можете да ги набавите во секоја доба од годината, а многу е веројатно дека секогаш ќе ги имате при рака, во вашата кујна. Исто така, кога ќе го подготвувате средството од овие состојки, точно ќе знаете дека истиот е 100% природен, а тоа не можете да го кажете за оние препарати кои ги купувате од аптека, кои неретко содржат конзерванси и вештачки бои и ароми.

Потребни состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2-3 лажици мед

Подготовка:

Изберете здрава главица кромид со средна големина. Исчистете ја и исечкајте ја со остар нож, ставете ја во длабок сад и прелијте ја со мед.

Садот поклопете го со капак или чинија, и оставете го на собна температура да отстои преку ноќ. Следното утро, процедете ја смесата низ густа газа или цедалка. Тоа ви е доволно за еден ден.

Земајте по една лажица сируп на секои два часа, а можете и почесто. Ефектите од лекот против кашлица, како полесно дишење, ќе ги почувствувате за брзо и ќе почнете да искашлувате.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.