IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Слики од убави места во МК
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Слики од убави места во МК

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 22:56

 Најубавите градби во Македонија (Прв дел) 


1. Ресенскиот сарај (Ресен)

gradba-saraj

Исто познат како Сарајот на Ахмет Нијази-бег во Ресен е еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во периодот од 1905 до 1909 година, од страна на Ахмет Нијазибеј, кој бил еден од водачите на Младотурската револуција. Самиот објект е висок 25 метри, со површина од 4.800 квадратни метри внатрешен простор. Реновиран е во 2005 година. Денес, овој објект е Дом на културата „Драги Тозија“.

2. Куќата на Робевци (Охрид)

gradba-kukanarobevci

Куќата на Робевци е еден од најпознатите примероци на градската архитектура во Македонија. Изградена е во1863 - 1864 година, во кој период куќата целосно изгорела па повторно била изградена, од страна на архитектот Тодор Петков од село Гари, а во неа живееле браќата Атанас и Константин Робе, кои биле дел од познатата трговска фамилија од Охрид па и пошироко. За време на Втората светска војна, во куќата биле сместени српски војници кои по заминувањето уништиле голем дел од куќата а резбите со кои била украсена куќата во внатрешноста, биле однесени во Ниш. Денес, овој објект е музеј.

3. Саат-кула (Битола)

gradba-saatkula

Саат-кулата е една од најпознатите знаменитости на Битола. За времето кога е изградена не се знае точно, Постојат пишани извори кои споменуваат за саат-кула во 16ти век но не е потврдено сигурно дали се работи за истата градба. Други па велат дека е многу понова т.е. изградена во 1830 година. Постои една легенда за градбата на кулата. Според легендата, кулата е изградена кога отоманските власти во градот, поминале по сите околни села и собрале околу 60.000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени. Висока е околу 30 метри, а сегашниот часовник, кој се наоѓа на врвот на кулата, е подарок од германските власти за време на Втората светска војна, како благодарение за германските гробишта во Битола, за загинатите германци од Првата светска војна. Денес, саат-кулата, сеуште си работи, како и векови пред тоа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 22:58

 Најубавите градби во Македонија (Втор дел) 


1. Камен Мост (Скопје)

gradba-kamenmost

Најпознатото обележје на нашиот главен град. Симболот на Скопје, кој е неизбежителен дел при посета на градот. Преку реката Вардар, ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија, што претставува и симболна врска помеѓу новото и старото. Постојат две претпоставки за датата кога е изграден мостот. Првата претпоставка е дека е изграден во VI век од страна на Јустинијан I, по катастрофалниот земјотрес, кој го срушил градот до темели а втората претпоставка е дека мостот е сепак понов и е изграден во времето на Мехмед II Освојувачот, во периодот меѓу 1451 и 1469 година. Низ времето многу пати бил реновиран и менувал изглед но обликот останал ист. Долг е околу 210 метри а широк 6,30 метри.

 

2. Шарена Џамија (Тетово)

gradba-sarena-dzamija

Шарената Џамија во Тетово е можеби најживописната градба, изградена во Македонија. Меѓу народот е позната како Пашина Џамија. Изградена е во 1495 година, и доизградена (од темел) и проширена во 1833 година од страна на Абдураман паша. Џамијата е најпозната по сликовните декорации, кои се наоѓаат и во внатрешната и од надворешната страна на џамијата. Заедно со конаците околу џамијата, претставува интересна целина, која вреди да се посети.

 

3. Скопскиот аквадукт (Скопје)

gradba-akvadukt

Овој архиелошки локалитет, се наоѓа во Визбегово, во близина на градот Скопје. Датата на градба не е била позната долго време. И за оваа градба има две претпоставки. Едната вели дека е изграден аквадуктот во времето на владеењето на Јустинијан I, во периодот меѓу 527 и 554 година, и бил изграден за транспорт на вода од изворот Лавовец, во село Глуво и бил поврзан со градот Скупи. Друга вели дека поради сличната градба со градбите како Куршумли ан, аквадуктот е изграден во 15-от век, и служел за пренос на вода во новоизградените амами и џамии во Скопје. Должината на аквадуктот, според многу историски извори варира. Некои велат дека имал 60 лака, некои велат дека имал дури и 200 лака. Според изворите кои велат дека бил изграден во 15-от век, аквадуктот имал 55 лака и должина од 386 метри.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2012 во 22:59

Најубавите градби во Македонија (Трет дел) 


1. Гимназија Свети Климент Охридски (Охрид)

gradbi-gimnazija-ohrid

Сигурно една од најубавите образовни градби во Македонија. Изградбата започнала во 1908 година, а градена е по фотографија на една француска зграда во неокласичен стил. Инвестицијата за изградба на оваа зграда е од охриѓанецот Ејуп Сабри. Самата зграда има многу намени, била турска управа, војничка касарна, општина, училиште со интернат и многу други, се до 20-тите години од минатиот век, кога започнала зградата да ја врши функцијата која има и во денешно време, средно училиште. Во 1936 биле изгорени најгорните два ката, кои по реновирањето повторно се изградени, и е вратен стариот изглед на оваа прекрасна градба.

2. Ристиќева Палата (Скопје)

gradbi-ristikeva.palata

Палатата на плоштадот Македонија, во нашиот главен град, е изградена во 1926 година, по проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Изградена е по нарачка од српскиот фармацевт Владислав Ристиќ, кој палата ја користел како деловен простор, во долните катови, додека во горните катови, живеела фамилијата Ристиќ. Зградата е една од ретките градби во центарот на градот, која го преживеа земјотресот во 1963 година. Денес, палатата е деловен комплекс.

3. Црква Св. Софија (Охрид)

gradbi-sv.sofija

Една од најголемите средновековни градби на овие простори. Изградена е по мисијата на светите браќа Св. Кирил и Методиј, додека во некои извори, се вели дека е изградена во времето на архиепископот Лав, од 1035 до 1056 година. Првобитно имала само една голема купола, додека во 14-от век било доградено и предворјето, со што се добива прекрасна целина. Во 15-от век, од страна на Отоманците, црквата била претворена во џамија, каде што иконостасот бил покриен со вар, биле издигнати минариња и одстранет олтарот. Во 20-от век, започнало реставрирање на самата црква и враќање на стариот сјај, и со тоа е вратен изгледот кој може и денес да го сретнеме, во оваа прекрасна катедрала.

 

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 23:22
Македонија низ очите на Myrthe, опишано на блогот fiddleflower.wordpress.com

„Некаде помеѓу сонот и случајноста, решивме да ја откриеме Македонија. Сакавме да биде авантура, па затоа земавме само два билети за автобус, два куфери, се фативме за рака... и една малечка книга за како да зборуваме македонски.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-01

Патувањето помина одлично и ни се допадна погледот низ прозорецот кој постојано се менуваше. По 30 часа спиење, читање и разговори со различни луѓе од различни земји, пристигнавме во Белград. Сакавме да стигнеме до Македонија колку што можемепобргу, па започнавме да се распрашуваме како да го изведеме тоа. Само 1 час подоцна се качивме во автобус кој одеше до Скопје и имавме уште 6 и пол часа пат.

Беше октомври и ноќта брзо дојде. Бевме гладни и изморени... Што ќе јадеме вечер? Каде ќе преноќиме? Ништо не можев да видам низ прозорецот од темнината и постојано се прашував како изгледа Македонија преку ден... Тогаш автобусот застана. Конечна дестинација. 10 часот навечер и добредојде на скопската автобуска станица.

Одевме... Една мала пекара беше отворена. Нарачавме нешто вкусно и прашавме за мала помош. Побаравме место каде би можеле да преноќиме. Нема проблем!

Неколку минути подоцна пристигна нашето такси. За само неколку евра нè однесе до пристојно и не прескапо место. Ни се чинеше како прекрасна авантура!

Такси возачот беше пресреќен со неговите патници од Франција што започна да пее и да вози побрзо од вообичаено. Ни изгледаше (во најмала рака) поднапиено.

Конечно бевме пресреќни што пристигнавме во хотелот. Ја прифативме собата од едноставна причина што очајно сакавме да преспиеме на мек кревет. Беше недела и имаше гласна забава до нас. Заспавме со звукот од Donna Summer.

Сонцето изгрева рано над Скопје. Додека лежевме во кревет не можевме да се одлучиме дали сонуваме или навистина сме тука. Одлично беше чувството да го откриваш главниот град на Македонија. Градот ни посака енергично добредојде. 

Се заљубив во чаршијата каде што можете да купите сè, започнувајќи од антиквитети, па сè до локални овошја и зеленчуци. Јадевме македонска шопска салата на тераса. Јас пиев чаша македонско вино, тој шише македонско пиво. Животот е прекрасен!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-02

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-03

Наредното утро сакавме да го напуштиме градот и сите ни кажаа дека имало автобус на секој час. Се спакувавме и нетрпеливо чекавме на автобуската станица. Тргнавме на пат кон Охрид за да го видиме едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа.

Прекрасен поглед низ прозорецот! Планини, овчари, овци и кучиња...

Туристичката агенција во Охрид беше затворена. Нема проблем! Една девојка нè праша дали ни треба соба... Ја следевме и преноќивме во нејзината куќа 4 вечери. Нè пречека топло и пријатно.

Охрид е одличен. Езерото е прекрасно, луѓето се пријатни и храната е вкусна!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-04

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-05

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-06

По посетата на главниот град и познатото езеро, дојде време за посета на селата низ Македонија. Луѓето кои ги прашавме, рекоа дека нема автобус за таму каде што сакаме да одиме.. Интересно... И навистина се заглавивме - во Ресен! Малечко гратче во близина на Преспанското Езеро, каде што всушност сакавме да одиме.

Побаравме такси возач кој ќе нè однесе до блискиот хотел. Воедно, единствениот кој работи во овој дел од годината.

Такси возачот беше симпатичен и пријатен, но изгледа нè сметаше за богати туристи. Ни даде број од хотелот, па од таа страна една млада девојка ни понуди соба. Но, не ни одговараше.

Такси возачот сега нè однесе до најблиското село и ги распраша локалните станари за слободна соба за преноќевање. Еден човек кој работеше на покривот на неговата куќа го зема телефонот и ни пронајде сместување кај негов пријател.

Се сместивме во апартман со поглед кон езерото. Имавме исполнето време покрај Преспанското Езеро. Беше тивко и прекрасно. Ни го покажаа и најблискиот локален супермаркет. Луѓето беа повеќе од гостопримливи.

Но, тогаш дојде време да си одиме. Го фативме првиот автобус, рано изутрина и назад кон Ресен.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-07

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-08

Од село во град. Од Ресен во Битола! Тоа беше љубов на прв поглед! Прекрасно место, уште попрекрасни луѓе! Пронајдовме одличен апартман во самиот центар и ужувавме во убавините на градот и чаршијата.

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-09

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-10

Од град, кон друго езеро. Дојран, нашата крајна дестинација пред да се вратиме дома. Автобусот нè донесе до најблискиот хотел, но ние упорно одевме за да пронајдеме приватно сместување... Одлично искуство!

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-11

makedonija-gledana-niz-ocite-na-eden-stranec-12

Беше ноември и сè уште имаше 26 степени. Сонцето грее секој ден и на македонското знаме не му треба никакво објаснување!

Македонците се како сонцето! Јас сум заљубена во нив!“

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 00:41



poubavo....zdravje!намигнување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,155 секунди.