IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Слики од убави места во МК
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Слики од убави места во МК

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 10:36
 
 
Валандово
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 11:13
Свети Наум

Манастирот Свети Наум е изграден на висока карпа која надвисува над самото
Охридско Езеро, на неговата најјужна точка.

Овој манастир е основан во 900 година од страна на Свети Наум, еден од учениците на браќата Св. Кирил и Методиј. Самиот Свети Наум е погребан во манастирот. Манастирот е еден од водечките религиозни и културни центри на Македонците во изминативе 11 векови.

Поставеноста на манастирот во околниот предел кој плени со своите прекрасни природни убавини го прави ова место многу посакувана локација. Исто така, во близината на манастирот се наоѓаат и изворите на реката Црн Дрим. Четириесет и петте извори прават огромен извор од кој тече студена и чиста вода која се влева во Охридското езеро.

Целиот овој предел, изворите, прекрасната природа, манастирот и погледот кон Охридското езеро го прават ова место мало парче рај на земјата.

 


Изменето од емил - 06.Февруари.2011 во 11:15
Кон врв
zaratustra Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 69
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zaratustra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 08:03

vo zalivceto pred Trpejca.

Изменето од zaratustra - 12.Февруари.2011 во 08:04
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 04:54
Тиквешко Езеро

 

Тиквешкото Езеро е најголемото вештачко езеро во Македонија, се наоѓа во
долината на реката Црна, близу селото Возарци, Кавадарци.

Се наоѓа на 165 метри надморска висина на 12 километри јужно од Кавадарци. Езерото е направено во 1968 кога е изградена браната која е висока 104 метри. Површината на езерото е околу 14 квадратни километри, максималната должина му е 28,5 километри, има максимална длабочина од 150 метри и капацитет од 475 милиони метри кубни вода. Водата се употребува за наводнување и создавање на електрична енергија – хидро – системот и хидроелектричната централа „Тиквеш“ се напојуваат од водата од езерото.

На бреговите на езерото се наоѓаат Полошкиот Манастир и црквата Свети Ѓорѓи, културен споменик кој датира од 9 век. Исто така, изградени се и голем број на викенд – куќи, а езерото е порибено со неколку видови риби, и е многу популарна дестинација за одмор и рекреација. 

 


Изменето од емил - 13.Февруари.2011 во 04:56
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 18:31
Originally posted by емил емил напиша:


 
 

<FONT face="Georgia, Times New Roman, Times, serif">Валандово


Има ли некој информација дали сеуште работи овој базен- дискотека?
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 23:55
Originally posted by stigma04 stigma04 напиша:


40 macenici crkva bitola

jas bev 2006 ta tuka
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 05:43

Водопадот на Длабока река

 

 

Водопадот на Длабока река се наоѓа на масивот Кораб под Мала корабска врата, на кањонот на Длабока река. Водопадот се напојува од снеговите што се топат и од мали извори под Мал кораб. Затоа препорачливо е да се посетува во месеците мај, јуни и јули.До овој водопад се пристигнува од селото Нистрово. С. Нистрово се наоѓа на патот меѓу Маврово и Дебар, одејќи по тој пат се врти десно на местото каде Рибничка река се влива во реката Радика. По напуштањето на патот Маврово - Дебар, се оди 1,7 км покрај Рибничка река и се доаѓа на мост после кој има раскрцница и се врти во десно. После вртењето по патот се доаѓа до с. Нистрово (вкупно 5,3 км од свртувањето на патот Маврово - Дебар до с. Нистрово), пред кооперацијата (која не работи) се остава возилото.

Од с. Нистрово се тргнува кон с. Жужње кое е напуштено, по селски пат и се стигнува за околу 40 минути. Кај с. Жужње се избира по кој пат ќе се оди кон водопадот. Едниот пат е по течението на реката, а другиот по патека која оди под врвот Кабаш.

Ако се оди покрај реката тогаш потребно е да се движите на десната страна на реката, се оди по ливади. По околу 40 минути кањонот се стеснува, првин се влегува во борова шума, а потоа во букова. Патеката е добро обележана (со црвена боја). После вкупно 90 минути пешачење од с. Жужње потребно е да се премине на левата страна на реката, нема мост но има паднати дрвја од лавина, кои служат како мост. Потоа првите петсто метри нема патека заради лавината, се оди покрај река по маркација. По 10 минути се наидува на патека и се движите по неа околу 40 минути. Потоа пак се преминува на десната страна на реката користејќи се со паднати дрвја, тука пак се наидува на широка патека. Се продолжува по букова шума и по 10 минути кањонот се отвора и во далечина се појавува Водопадот на Длабока река. Од
тука движењето е по широки ливади, патеката се губи во високата трева, од излезот од шумата па се до Водопадот потребни се уште околу 70 минути, вкупно 4,5 часа (бидејќи има прекрасни места за фотографирање а тоа одзема многу време).

Доколку не сакате да се враќате по истиот пат тогаш може да се искористи патеката под врвот Кабаш. Прво од самиот водопад се оди покрај реката 10 минути од десна страна по течение на Длабока река, се појавува широка патека која се ве води по ивицата на самата шума, после 30 минути пешачење се наоѓате под самиот врв Кабаш (цело време се искачувате). Под Кабаш патеката врти лево и влегува во ниска шума, се спушта цик-цак, потоа влегува во букова шума, за 40 минути пристигнувате до една ливада, тука патеката врти лево и влегува во висока букова шума (наидувате на дрвја на кои се напишани имиња), патеката се спушта полудесно, после 15 минути наидувате на големи ливади, на ливадата нема потреба да се движите по средината и право надоле на крајот на ливадата побарајте маркација. Кога
ќе ја пронајдете се движите по патека спуштајќи се накај село Жужње, ќе поминете уште 4 мали ливади. Пред самото село Жужње ја поминувате реката кај црквата и по истиот пат се враќате до с. Нистрово.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 10:52

Село Селци

 

 

Селото Селци се наоѓа на северозападниот дел на Струшка Малесија на надморска височина од 1050m.  Се наоѓа на околу 35 км одалеченост од градот Струга, патот е асфалтиран со тоа што само 7км пат до селото е земјен пат.

Во негова близина на околу 2km се наоѓа и селото Буринец. Овие две села ги дели само Слаилска река. Селци се наоѓа од десната, додека Буринец од левата страна на Слаилска река која се влива во Црн Дрим. За време на Илинденското Востание во 1903год.

Старата црква Свети Никола била запалена и изгорена. За неа селчани раскажуваат дека имало фрески на Цар Самоил, на кралот Волкашин, Крале Марко и архиепископот Јован Охридски. Сегашната Селската црква го носи името Свети Никола и е единствена црква кај нас која е изградена во руски стил, и исто така е единствената црква од време турско изградена на две скалила повисоко од тогашните џамии. Селска слава на селото е Свети Никола, а исто така се слави и празникот Свети Атанасиј (Танасовден) зимен. Поради тоа што овие два празника спаѓаат во зимскиот период, а и поради непристапноста до ова село во зимски услови селчани се собираат и прославуваат на втори Август, за денот Илинден.

Инаку Селци е богато со вода и во самото село постојат повеќе чешми и извори. Селци е печалбарско село, а селчани се познати како добри пекари.  Исто така вредно е да се спомене дека од ова Малесиско село потекнуваат и нашите двајца големи дејци Војдан Чернодрински и Арсениј Јовков.

Ова село е викенд село и во него повеќе не живее никој. Селото изобилува со бујна вегетација и убава природа и најдобро е да се посети во секој период од годината бидејќи во секое време недопрената природа има да ви го прикаже најдоброто. 

 

Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2011 во 01:21
so kakov entuzijazam e ova kazano mislis za Pariz stanuva zbor.....
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44444
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2011 во 20:44
Убава збирка на слики од монографијата Amazing Macedonia во slideshow
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 21:37

Чеплес и Бабуна магнет за туристи

 

Папрадиште, Чеплес, Богомила, Нежилово се дел од понудата која остава простор секој да си најде место какво што посакува

Неповторливата убавина на велешки Азот посетителите може да ја почувствуваат преку повеќето објекти што изминативе години регионот го направија актуелен и привлечен за гостите. Овој предел во секое годишно време носи скапоцени моменти на средби со природните убавини, вклопени во несекојдневни пејзажи.
Папрадиште, Чеплес, Богомила, Нежилово се дел од понудата која остава простор секој да си најде место какво што посакува. И до повеќето од нив се стигнува по асфалтен пат, што новото време и гостите го бараат. Азот е дестинација за дел од посетителите од Македонија, но некои и од странство. Еколошки чиста средина, без индустриски капацитет на стотици километри, столетни шуми на огромните планински масиви, бистри планински реки Тополка и Бабуна, се мамката која не може да се одбие.

Богомила прва станица

Селото Папрадиште стана дом за фамилијарни луѓе, домот „Чеплес“ за планинарите, „Нежилово“ за љубителите на добрата храна и рибата, додека Богомила за љубителите на јавањето. Првата станица кога со автомобил се доаѓа во Азот е Богомила. Мотелот „Ѕидан мост“, отворен летово, има капацитет од 30 легла, а за гостите ќе нуди посебно атрактивна можност, јавање на коњи.
- Богомила е центарот на Азот и планираме од тука на посетителите да им нудиме единствена незаборавна авантура, со коњи да го прошетаат овој дел од Македонија. Ова би стартувало од есен, бидејќи имаме обезбедено и штала и коњи и ќе го реализираме до крајот на месецов, велат од хотелот „Ѕидан мост“.
Гостите во Богомила имаат единствена можност да минат преку стариот камен мост, за кој мештаните тврдат дека е од римско време. Во селото е и спомен-куќата на македонскиот револуционер Петар Поп Арсов, која е отворена за посетителите. Следната станица оддалечена 10 км источно од Богомила е новоотворениот рибник во селото Нежилово, кој располага со 65 легла и 16 соби. Со овој објект регионот доби современ сместувачки капацитет кој ги задоволува вкусовите и на најпребирливите.
- Од собите има прекрасен поглед на реката Бабуна и околината. Водата ја освежува пеколната градска атмосфера од која бегаат посетителите. Имаме свежа планинска пастрмка, која им е на дофат од гостите - велат од хотелот „Нежилово“. Посетителите имаат единствена можност меѓу нив да шета срната Петрана, која пред три години, бегајќи пред волците во шумата, тука нашла спас и сега е дел од семејството на сопственикот Димовски.
По реката пловат шатки и патки. Од Богомила, но во друг правец, северно, на далечина од 8 км, по асфалтиран пат се стигнува до мијачкото село Папрадиште, кое е на 1.000 метри надморска височина.
Со започнувањето на работата на планинарскиот дом, пред пет години, се врати животот во ова планинско село. Освен 35-те легла во него, сега и мештани нудат сместување во своите домови. Наспроти старите традиционални куќи, кои тешко се распознаваат меѓу старите дрвја, во селото може да се забележат и нови убави објекти, кои преку летото се мамка за посетителите.

Мијачкото село Папрадиште

- Селото во лето заживеа, полно е со гости, повеќето се семејства кои тука доаѓаат на мир, тишина и здрав воздух. Берат шумски плодови, планински чај, се врати детскиот жагор, се живее 24 часа. Тука човек за неколку дена ја надополнува енергијата, која ја празни на работното место или во град - вели Петар Трајков, пензиониран велешанец кој тука е од мај со септември. Посетителите не ја пропуштаат можноста да го посетат Марков Камен, каде што, според преданието, Крале Марко оставил белег на еден камен. Трагата не е многу видлива дека е од нога, но преданието за тоа и натаму долго живее. Живее и легендата за мијачкото село Папрадиште, единствено село источно од Галичник.

Пеш до Солунска Глава

Селаните се гордеат со великаните, значајните културни дејци кои оставиле неизбришлива трага во животот во Македонија. Тука се родени големите градители на цркви Андреја Дамјанов и Ѓорѓија Џонгар, основоположниците на македонското сликарство и резба Димитар Андонов Папрадишки и Ѓорги Зографски, преродбеникот Димитрие Чуповски. Пример на нивната работа е селската црква „Св. Петар и Павле“, ремек-дело на овие уметници и по градба, резба, икони и фрески.
Следната и последна дестинација во Азот е планинарскиот дом „Чеплес“, каде што се стигнува пеш преку Папрадиште и преку Нежилово или со теренско возило. Тоа е место за вистинските љубители на планината. Домот е на надморска височина од 1.435 метри и располага со 50 легла. Попатно може да се посетат изворите на Бабуна и нејзините водопади. За похрабрите, единствена можност да се искачат на планинскиот врв Солунска Глава, висок 2.560 метри. Од домот до врвот се стигнува за 2-3 часа, во зависност од брзината и вештината на одењето. Летово, како и во претходните, таму има голем број странци, пред с` Хрвати, Срби, Полјаци, Чеси, Словаци. Тие се редовни гости во домот.
- Наши гости се луѓе што еднаш дошле и повторно се враќаат, имаме пријатели од целиот Балкан. Имаме и ученици, студенти од Македонија, така што постојано е полн. Прекрасната околина и звукот на птиците е незаборавен, поради што „Чеплес“ е посакувано одморалиште - велат од ПД „Солунска Глава“, кој стопанисува со домот.

Етнокуќа во Бистрица

На неколку километри пред Богомила се наоѓа селото Бистрица. Таму е сместена етнокуќа која постои пет години со повеќе од 300 старински предмети. Тие се ретки и вредни бидејќи некои од нив датираат и од пред два века или, пак, дел повеќе ги нема, исчезнале. Сместено во поранешното основно училиште, музејот е на крајот од селото со убав поглед кон соседна Богомила и регионот на Азот. Овој музеј, редок за наши услови, е основан од здружението на граѓани „Разбој“. Музејската збирка се состои од носии, разбој, софра, врчва, бочва, килими и многу други мали но значајни предмети кои биле во секојдневна употреба од нашите предци, а сега времето ги исфрлило.

Соколовец

Локалитетот Соколовец е заштитен предел, дом на голем број птици. Тој се наоѓа над селото Бистрица, на дел од планината Јакупица. Поради карпестата конфигурација тука живеат многу птици, дел од нив и ретки, меѓу нив и белоглавиот орел, по што е атрактивен за гостите

 
 
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 21:47
Лешочки манастир

На 8 километри оддалеченост од градот Тетово, на југоисточното подножје на Шар Планина, лежи селото Лешок.
Сместено во прекрасен природен амбиент, збогатен со чистиот планински воздух, селото со своите исклучително поволни климатски карактеристики е едно од најпријатните и најздравите места во Македонија. Од тие причини, веќе педесетина години, таму постои болница за градни болести.

Во т.н. Горно Лешочко маало, на надморска височина од 610 метри, се наоѓа познатиот Лешочки манастир, во чиј комлекс постојат црквите Свети Атанасиј и Света Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век. Со неговото доаѓање од Света Гора, во 1818 година, обновени се манастирските конаци, основана е манастирската библиотека, а Лешок прераснал во книжевен и просветен центар.

Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.

До манастирот постои редовна, на секој половина час, автобуска линија Тетово-Лешок.



Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Macedonian85 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Август.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Macedonian85 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 05:48
Пред некој ден слушајно разгледував една веб страна на англиски за туризам и патувања, и случајно видов дека има некои работи и за Македонија. Сликите што се изберени се супер, а има и доста пишувано.

Линк од македонските дестинации

На Фејсбук страната има доста и македонци така да претпоставувам дека македонец ја правел ама како и да е, вреди да се поддржи.

Изменето од Macedonian85 - 28.Август.2011 во 05:49
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2011 во 10:32

Oblasta narecena Kuklista  -  Kratovsko 

 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.