IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Забава, разно, игри, интима
  Активни теми Активни теми RSS - Куп на Конфедерации 2009
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Куп на Конфедерации 2009

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Куп на Конфедерации 2009
    Испратена: 03.Јуни.2009 во 19:43
Најава: Куп на Конфедерации (14 - 28 јуни)
03/06/2009 01:51

Сите што мислеа дека ќе паузираат до крајот на август(кога повторно започнуваат првествата) со гледањето на квалитетен фудбал ќе треба да почекаат уште еден месец. Sportski.mk до 28-ти јуни освен трансфер шпекулациите ќе се обиде максимално да ви долови Купот на конфедерации кој започнува на 14-ти, а ќе трае до 28 јуни.

Купот се оджува во земјата домаќин на наредното Светско Првенство  и тоа всушност е еден вид тест за ФИФА колку Јужна Африка ќе се покаже на организационен план.

 

Инаку ова ќе биде осмиот таков куп, а првите два организирани вакви купови се под името Кралски Фахад Куп на кој целта им била пред се од финансиски план, бидејќи се организирал во Саудиска Арабија под покровителство на тамошните шеици. Всушност тоа било еден вид популаризација на најквалитетниот фудбал во оваа земја.

На почетокот во 1992год, неговото прво издание играле само четири репрезентации. Првакот на Африка(Брегот на Слонова Коска), првакот на Азија(Саудиска Арабија), Првакот на Јужна Америка(Аргентина) и Првакот на КОНКАКАФ(САД).

Потоа во 1995 се вклучува и првакот на Европа, како и првакот на Азија, за да од 1997год за прв пат да почне да функционира како Куп на Конфедерации во кој учество ќе земат: Победникот на ЕП, домаќинот, Победникот на СП, победникот на Азија купот, победникот на Африканскиот куп на нации, победникот од Океанија и КОНКАКАФ победникот. Значи се на се 8 репрезентации. Имаше и неколку откажувања во изминативе години, особено на европските репрезентации, пред се поради уморот на нивните фудбалери.

Годинава тоа ќе бидат: Шпанија, Италија, Бразил, Египет, Јужна Африка, Нов Зеланд, САД и Ирак.

Ќе бидат поделени во две групи:

Група А

Јужна Африка

Ирак

Нов Зеланд

Шпанија

Група Б

САД

Италија

Бразил

Египет

 

Натпреварите ќе се играат во 5 града, а финалето ќе се игра во Јоханесбург.

 
На овој турнир за прв пат Адидас ќе го промовира новиот фудбал, Копања.

 

Како репрезентации со највеќе трофеи се Бразил(1997 и 2005) и Франција(2001 и 2003), додека по еден трофеј имаат Мексико(1999), Данска(1995) и Аргентина(1992).

Бразил и Мексико имаат највеќе учества по 5. Со учеството на Кариоките и на овој турнир ќе имаат 6 учества и ќе бидат единствени со такво достигнување.

 

Sportski.mk во наредните неколку денови ќе ви ги престави сите овие репезентации и ќе ги проанализираме нивните шанси за освојување на овој трофеј.



Изменето од fiks - 03.Јуни.2009 во 19:49
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2009 во 11:54

Јужна Африка - Ирак (нед. 16:00)

Денес со почеток од 16:00 домаќините на наредното светско првенство Јужна Африка го отвараат Купот на Конфедерации со составот на азискиот првак Ирак.

Ова ќе биде доста важен натпревар и за двете репрезентации. Победа на било која од двете репрезентации ќе значи и чекор понапред кон полуфиналето на ова натпреварување.

Како фаворити на овој дуел влегуваат домаќините. Тие имаат поквалитетен и позвучен состав, но и фактот подршка од публиката бидејќи играат на домашен терен исто е голема предност.

Имаат имиња во составот како  Пиенар, како Арон Мокоена, кои имаат големо искуство во англиската Премиер лига може да имаат пресудно значење во овој дуел.

Сепак генерацијата на Ирачаните е далеку покомпактна како тим, па може да се рече и поискусна, со оглед на фактот што оваа репрезентација се базира на младинскиот тим кој во 2000год беше златен на СП за младинци, а исто играа и на Олимпијадата 2004. 

Иако просечната старост на Ирачаните изнесува само 24год и 8месеци и се убедливо најмладиот состав на ова натпреварување тоа не треба воопште да ве залажува. Тие дечки се познаваат меѓу себе и играат за репрезентација од 17-18 години.  

Имаат и тие звучни имиња како напаѓачот Јонас Махмуд и играчот за врска Нашат Акрам, но тоа се играчи кои имаат некакво значење во азиски услови. 

Исто може и остатокот од тимот да биде пресуден, а тука Ирачаните се во предност, бидејќи сите тие играат во азиските клубови кои се далеку поквалтетни од африканските. Да не се заборави и искуството на Бора Милутиновиќ селекторот на Ирак на ваквите поголеми натпреварувања. 

“Ова е прв поголем турнир за мене и навистина незнам што да очекувам. сакам да испаднам на теренот и да уживам во фудбалот.“ - изјави фудбалерот на Јужна Африка Модисе.

“Имаме три натпревари за играње и ако победиме со Ирак уште на првата ќе имаме многу повеќе самодоверба за потоа. одиме на тоа.“ - изјави селекторот на Јужна Африка Жоел Сантана.

Затоа и треба да се очекува изедначен натпревар меѓу овие две селекции. Може фаворити вака на хартија се домаќините, но тоа тешко дека ќе го покажат на теренот. Го немаат оној тимски дух и цврстина и дисциплина кој го имаат Ирачаните. Индивидуално може се подобри, но како тим не се.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2009 во 11:56

Шпанија - Нов Зеланд (нед. 20:30)

Во вториот натпревар од Групата А ќе играат европскиот првак Шпанија со првакот на Океанија Нов Зеланд.

Ова би требало да биде само полесен тренинг за “црвената фурија“.Може “кивите“ покажаа одлична пратија со Италијанците во пријателскиот натпревар пред стартот на ова натпреварување, но сепак овде станува збор за Шпанија.

Шпанците имаат 10 победи во серија(светски рекорд), 32 натпревари без пораз, играат доста брз, напаѓачки и атрактивен фудбал и се освен победа би било најголемото изненадување на овој турнир. Битка на Давид и Голијат.

 

За Нов Зеланд ова натпреварување ќе биде еден вид тест пред нивниот бараж дуел за светското со селекцијата од азиските квалификации. Фактот дека во Океанија квалификациите се среќаваат со некои мали островски аматерски репрезентации кажува дека Купот на Конфедерации сегогаш ќе им биде најголемиот тест за моменталната нивна форма и нивниот квалитет.

Тие се највисокиот состав на турнирот со просечна висина од 1.85м. нивни најдобар фудбалер е напаѓачот Смелиц и тој ќе преставува најголема закана за Касиљас. 

“Еден добар натпревар или добар резултат со светскиот тим број еден ќе не стави нас на светската фудбалска мапа, а тоа е нешто што многу долго го чекаме. Неможеме да бидеме среќни само со тоа што сме најдобри во Океанија.“ - изјави напаѓачот Крис Килен.

Шпанците пак предводени од Давид Виља, Фернандо Торес, Чави, Касиљас, Чаби Алонсо, Фабрегас треба да многу лесно да ја поминат оваа група и да се чуваат за предизвиците во полуфиналето кога вкрстуваат со другата група која е далеку поквалитетна од оваа. 

Мали проблеми има Фабрегас поради повредата на главата и најверојатно нема да настапи на овој дуел исто како и Пике. Заради повреда на ова натпреварување ќе го нема Иниеста.

Овде доаѓаме како Европски шампиони, но имаме респект за сите наши противници. Ја прифаќаме улогата на фаворити и се надеваме дека се покажеме во најдобро светло.“ - изјави Икер Касиљас.

 

Значи овде нема што да се анализира од тактички-технички план и Шпанците се апсолуни фаворити и треба воопшто да не се замараат и да не шутираат на голот за да не победат. Ќе биде тоа апсолутна доминација на “црвената фурија“ и најверојатно уште една висока победа како онаа во Баку над Азербејџан од 6-0.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2009 во 17:59
Првиот меч помеѓу Јужна Африка - Ирак заврши со најнепопуларен резултат 0-0.голема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 01:29
Лесни и убеливи 5 - 0 за Шпанците
 
Како што и се очекуваше, лесно, убедливо, рутинирано “црвената фурија“ го прегази Нов Зеланд со 5-0.  

Само еден полесен тренинг за Шпанците. Апсолутна доминација на тимот на Дел Боске, што се вика не ни се испотија.

Се беше готово уште по 17 минути игра. Хет-трик на Фернандо Торес за 11мин и 3-0 уште тогаш.

Во 6-та минута прекрасен потег на „Ел Нињо“, пласирана топка од 16м и голманот на Нов Зеланд немоќен. Потоа 14-та минута мат во три потега. Риера во празно до Виља овој на петерец до Торес и 2-0. Во 17-та минута Капдевиља нафрли од лево, напаѓачот на Ливерпул со глава за 3-0.

Три шута три гола за Шпанците и максимална деморализација за “кивите“. Не помина уште долго, 24-та минута, уште едне гол во мрежата на Мос. Капдевиља уште еднаш по левата страна избегна офсајд стапица несебично го проигра Фабрегас на кој не му беше тешко да постигне гол за 4-0.

Во второто полувреме уште на стартот, 49-та минута, огромен кикс на Бојенс при еден центаршут на Торес, овој промаши цел фудбал, топката дојде до Виља кој само ја допре за 5-0.

За одбележување се уште неколку шута шанси кои ги имаа Риера, Виља, Капдевиља со кои победата можеше да биде уште поубедлива. Сепак Шпанците не ни сакаа да се замараат за повеќе голови.

11-та победа по ред на „црвената фурија“, 33 натпревари без пораз и на овој турнир ќе се обидат да г срушат рекордот на Бразил од 35 мечеви без пораз.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 11:56

Денеска се преостанатите два меча од Купот На Конфедерациите.

 

Бразил - Египет(пон. 16:00)

Рекордерите според бројот на настапите на Купот на Конфедерации и шампионите на Јужна Америка Бразил ќе се сретнат со шампионите на Африка, селекцијата на Египет.

Кариоките се едни од главните фаворити на турнирот и тука нема сомневање. Исто како и на СП и на купот на конфедерации се на врвот според бројот на титули. Досега имаат две и овде ќе јуришаат на трета и да се одвојат од Франција сами на врвот.

И на овој дуел Кариоките влегуваат како фаворити, но тоа не значи дека и ќе победат. “Фараоните“ се доста цврста и компактна репрезентација со неколку исклучително квалитетни поединци, но нивната најдобра алка е селекторот Шахета.

Неговиот авторитет над играчите е неверојатен и затоа и тимот е толку дисциплиниран и функционира толку добро. Тоа особено го покажаа на Африканскиот куп на нации лани.

Поради недисциплина во составот ќе ги нема двата најдобри фудбалера на Египет, Мидо и Амр Заки(повреден). Во таков случај особено внимание ќе треба да се издвои на Абу Трика и Мохамед Зидан кој имаат доста техника во своите нозе и можат да преставуваат вистинска опасност за Бразил. Исто и нивниот голман Ел Хадари е одличен

“Не смееме да влеземе со страв на дуелот со Бразил, бидејќи ако тоа го направиме на првиот натпревар ќе ни се случува и на наредните.“ - изјави Хасан Шахета.  

Селекцијата на Бразил не како онаа од минатото исполнета со ѕвезда до ѕвезда, но сепак освен Роналдињо и не фали никој посебно. Главните мотори на играта ќе бидат Кака и Робињо, а не треба да се заборават Елано, Даниел Алвес и Луис Фабијано.

Бразилците ќе треба дефинитивно да се потрудат малку повеќе од колку што мислат ако сакаат да победат. Не смеат во никој случај да ги потценат “фараоните“. Тоа се 10 фудбалери кои се на секој дел на теренот, го оставаат и срцето и душата и за нив нема загубена топка.

Очекуваме еден навистина тежок натпревар, многу потежок отколку повеќето што мислат. Повеќето од фудбалерите на Египет не се познати во светот, но едно е сигурно, не освојувате две последувателни титули случајно. ВИ треба многу квалитет за тоа.“ - изјави селекторот на Бразил, Дунга.

Ако “кариоките“ влезат во натпревар без дуел игра, еден на еден пробиви, туку чисто тактичко надмудрување не би требало да ги освојат трите бода. Египќаните играат груб, борбен, деструктивен фудбал и тоа може и да ги изнервира избраниците на Дунга. 

Крилните позиции преку Робињо, Елано и Даниел Алвес ќе треба да бидат клучните за разбивање на тактиката на Шахета или евентуално некој шут од далечина или прекините.

 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 11:57

Италија - САД (пон. 20:30)

Светските шампиони од Германија 2006, Италија своето отварање на купот на конфедерации ќе го имаат со шампионите на КОНКАКАФ Соединитите Американски Држави.

Овие две репрезентации за последен пат се сретнаа веќе токму на тоа СП 2006 кога во групата Италија одигра 1-1 со Американците.

Сепак многу работи се променија од тогаш. Кај Италијаните работите се свртеа во негатаивна насока, додека пак кај Јенките тргнаа во позитивен правец.

Традицијата вели дека Италијанците никогаш не изгубиле од САД, а имаат одиграно 7 натпревари досега. Азурите со 28 години и 7 месеци се најстариот состав на овој турнир.

Дека “јенките“ имаат добар и квалитетен состав им покажаа уште тогаш во Германија. Искуството на тие играчи сега е поголемо и тоа треба да преставува уште поголема опасност за Италијаните.

Американците во моментов се далеку пред Мексико и прераснаа во најдобриот состав во КОНКАКАФ групата. Зголемувањето на квалитетот на MLS лигата како и големото искуство кое го собраа нивните најдобри играчи во Европа е причината за тоа.

Нивни најголеми ѕвезди и играчи на кои ќе треба да се обрне внимание се Лендон Донован, Клинт Демпсеј и ДеМаркус Бисли.

“Ова е шанса да одиграме три јаки натпревари на година пред светското првенство и тоа на дел од тие стадиони. Во исто време ќе треба да ги споредиме нашите изданија со ланските три јаки натпревари кои ги одигравме во ова време и да видиме кој е нашиот прогрес од тогаш.“ - изјави селекторот на САД Боб Бредли.

Со истите проблеми како и ЕП 2008 се среќаваат Италијанците. Ќе имаат некреативен среден ред. Не многу инвентивни и брзи напаѓачи во Јакинта и Тони и ќе се обидат преку статичен фудбал во тесни и неизвесни натпревари преку грешките на противниците да стасаат до полуфинале.

Мислам дека нивните противници веќе се навикнаа на нивната игра и ќе мора Липи да промени нешто, пред се да проба со Пепе, Кваљарела и Џузепе во нападот, да проба со брзи и пробивни играчи.

“Првиот дуел со САД за нас е и најважниот. Тие се квалитетен противник, цврст тим кој е тешко да го пробиете. Мора да бидеме максимално фокусирани на првиот натпрвар затоа што со него го поставуваме нашиот ритам за понатаму.“ - изјави Марчело Липи.

Oдбраната ќе биде проблем. Го нема Неста, Матераци, Малдини, па и Канаваро кој е тука не е во некоја форма и на сето тоа има и повреда и нема да биде во комбинација за овој натпревар. Тоти се откажа од репрезентативниот дрес уште од поодамна, го нема Дел Пјеро, една цела генерација. Пирло, Каморанези, Замброта и Де Роси немаа којзнае каква сезона, Гатузо беше повреден и тоа исто лош предзнак за овој турнир.

Резултатот ќе зависи од формацијата на Липи. Ако излезе со 4-3-3 тогаш и шансите за победа ќе бидат поголеми, во друг случај може да се случи Азурите и да загубат.

 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 18:22
Brazil: Egipet konecni 4:3
 
 
Kaka dvoen strelec spasitel za Brazi od penal vo 90' i prethodno prv gol vo 5'. Za Brazil pogodile i Luis Fabiano i Juan, a za Egipet 2 pati strelec bil Zidan, Shawky i Muhamadi.


Изменето од blackeye - 15.Јуни.2009 во 18:23
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 18:26
Не го гледам мечот,пу заборавив бе Црноока.
Толку многу голови а јас не гледавтага
 
Ајде вечер Сад - Италија ќе биде и тој арен за гледање..
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 18:43
Eve gi golovite od Kaka:
 
Prv gol majstorija Fiks :)
 
 
Spored mene najinteresen ke bide na 21.06. Italija- Brazilсреќасреќа
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 19:35

Вистинска мајсторија првиот гол.

Страшен играч е Какаголемо%20гушкање
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 22:27
te bendisa fiks Italija?!?!
 
Najdobri se...sampioniiiiголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
Italija : SAD
3:1
 
strelci za Italija :Rosi 2gola i De Rosi забава
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2009 во 10:43
Добар меч Црноока,ме изненадија Американците со нивната упорност и борбеност и покрај тоа што играа со играч помалу,се покажаа во вистинско светло.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2009 во 10:49
Куп на конфедерации: Среќна, незаслужена победа на Бразил
15/06/2009 18:09

Како што и се очекуваше, Бразил го потцени Египет и тоа за малку ќе им се вратеше. На крајот треба да бидат среќни што не загубија, а многу среќно победија, воопшто незаслужено, но тоа е фудбалот.

Апсолутна доминација на “фараоните“ особено во вториот дел. Едноставно си поигруваа со Бразилците, како да беа со сменети улоги. Колку самодоверба имаше во нивната игра, да имате 54% посед на топка против Кариоките дефинитивно кажува нешто.

Бразил беа изгубени во второто полувреме. Никогаш не се научени да не ја конторлираат топката и да се бранат што беше случај на овој дуел. 

Сепак прекините беа тие што ги вадеа Бразил. Дури три гола од прекин. Единствено само од нив беа опасни и таа паника на одбраната на Египет при таквите нафрлувања ја користеа.

На крај 4-3 во последната минута. Гол од пенал кој го реализираше Кака откако Алмухамади спасуваше со рака на гол линијата по ударот на Лусио. Египќанецот потоа заслужено доби црвен картон и остави да жалат “фараоните“ за пропуштената историска шанса.

А натпреварот започна со голот на Кака уште во 6-та минута кога киксираше комплетната одбрана на Египет, а овој искусно, рутинирано го совлада Ал Хадари.

Веднаш потоа во 9-та минута одлична акција на Египет. Исфрлен во празно Абу Трика, нафрли на петерецот, а таму Мохамед Зидан со глава ја заби во мрежата на Жулио Цезар за 1-1.

Многу кратко траеше радоста на составот на Шахета. Досуден фаул од десната страна на 30-тина метри. Елано центрираше, Луис Фабијано со глава им носи водство на Кариоките, 2-1, 11-та минута.

И тогаш почна благата иницијатива на Египет. доминираа на средината на теренот со едни кратки и бесконечни проигрувања, а Бразилците се обидуваа преку контра.

Сепак, повторно прекин, овојпат корнер. Елано нафрли, Хуан највисок во скокот и им носи 3-1 водство на Бразил.

Пред крајот на полувремето Абд Рабу имаше фантастична можност за да намали на 3-2, но неговиот силен удар со глава заврши за малку над голот.

Во вториот дел за една минута беше 3-3. Најпрво во 54-та минута Шавки прецизно шутираше од 18-тина метри одлево откако целата средина беше исфрлена со едно двојно проигрување меѓу Абу Трика и Мовад и овој вториот несебично до Шавки за 3-2. Потоа веднаш грешка на средината на теренот на Бразил,  Абу Трика во празно до Зидан испадна еден на еден со Цезар и лесно, ладнокрвно за 3-3.

Имаа уште два добри удари преку Ахмет Фати и Шавки пред крајот на натпреварот дури и за победа, но шутираа за малку непрецизно.

Кака имаше закана за прв пат во вториот дел и тоа во 77-та минута, но од волеј од 16-тина метри за малку над голот.

На крај цел свет можеше да види колку само квалитет има во оваа репезентација на Египет и дека нималку лесно со нив нема да си поминат Италијанците, а влегуваат како фаворити со САД. 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.