Испечати | Затвори го прозорот

Куп на Конфедерации 2009

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Забава, разно, игри, интима
Опис на форумот: џиџимиџарница
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19383
Датум на принтање: 06.Октомври.2024 во 01:13
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Куп на Конфедерации 2009
Постирано од: fiks
Наслов: Куп на Конфедерации 2009
Датум на внесување: 03.Јуни.2009 во 19:43
Најава: Куп на Конфедерации (14 - 28 јуни)
03/06/2009 01:51

Сите што мислеа дека ќе паузираат до крајот на август(кога повторно започнуваат првествата) со гледањето на квалитетен фудбал ќе треба да почекаат уште еден месец. Sportski.mk до 28-ти јуни освен трансфер шпекулациите ќе се обиде максимално да ви долови Купот на конфедерации кој започнува на 14-ти, а ќе трае до 28 јуни.

Купот се оджува во земјата домаќин на наредното Светско Првенство  и тоа всушност е еден вид тест за ФИФА колку Јужна Африка ќе се покаже на организационен план.

 

Инаку ова ќе биде осмиот таков куп, а првите два организирани вакви купови се под името Кралски Фахад Куп на кој целта им била пред се од финансиски план, бидејќи се организирал во Саудиска Арабија под покровителство на тамошните шеици. Всушност тоа било еден вид популаризација на најквалитетниот фудбал во оваа земја.

На почетокот во 1992год, неговото прво издание играле само четири репрезентации. Првакот на Африка(Брегот на Слонова Коска), првакот на Азија(Саудиска Арабија), Првакот на Јужна Америка(Аргентина) и Првакот на КОНКАКАФ(САД).

Потоа во 1995 се вклучува и првакот на Европа, како и првакот на Азија, за да од 1997год за прв пат да почне да функционира како Куп на Конфедерации во кој учество ќе земат: Победникот на ЕП, домаќинот, Победникот на СП, победникот на Азија купот, победникот на Африканскиот куп на нации, победникот од Океанија и КОНКАКАФ победникот. Значи се на се 8 репрезентации. Имаше и неколку откажувања во изминативе години, особено на европските репрезентации, пред се поради уморот на нивните фудбалери.

Годинава тоа ќе бидат: Шпанија, Италија, Бразил, Египет, Јужна Африка, Нов Зеланд, САД и Ирак.

Ќе бидат поделени во две групи:

Група А

Јужна Африка

Ирак

Нов Зеланд

Шпанија

Група Б

САД

Италија

Бразил

Египет

 

Натпреварите ќе се играат во 5 града, а финалето ќе се игра во Јоханесбург.

 
На овој турнир за прв пат Адидас ќе го промовира новиот фудбал, Копања.

 

Како репрезентации со највеќе трофеи се Бразил(1997 и 2005) и Франција(2001 и 2003), додека по еден трофеј имаат Мексико(1999), Данска(1995) и Аргентина(1992).

Бразил и Мексико имаат највеќе учества по 5. Со учеството на Кариоките и на овој турнир ќе имаат 6 учества и ќе бидат единствени со такво достигнување.

 

Sportski.mk во наредните неколку денови ќе ви ги престави сите овие репезентации и ќе ги проанализираме нивните шанси за освојување на овој трофеј.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Коментари:
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 11:54

Јужна Африка - Ирак (нед. 16:00)

Денес со почеток од 16:00 домаќините на наредното светско првенство Јужна Африка го отвараат Купот на Конфедерации со составот на азискиот првак Ирак.

Ова ќе биде доста важен натпревар и за двете репрезентации. Победа на било која од двете репрезентации ќе значи и чекор понапред кон полуфиналето на ова натпреварување.

Како фаворити на овој дуел влегуваат домаќините. Тие имаат поквалитетен и позвучен состав, но и фактот подршка од публиката бидејќи играат на домашен терен исто е голема предност.

Имаат имиња во составот како  Пиенар, како Арон Мокоена, кои имаат големо искуство во англиската Премиер лига може да имаат пресудно значење во овој дуел.

Сепак генерацијата на Ирачаните е далеку покомпактна како тим, па може да се рече и поискусна, со оглед на фактот што оваа репрезентација се базира на младинскиот тим кој во 2000год беше златен на СП за младинци, а исто играа и на Олимпијадата 2004. 

Иако просечната старост на Ирачаните изнесува само 24год и 8месеци и се убедливо најмладиот состав на ова натпреварување тоа не треба воопште да ве залажува. Тие дечки се познаваат меѓу себе и играат за репрезентација од 17-18 години.  

Имаат и тие звучни имиња како напаѓачот Јонас Махмуд и играчот за врска Нашат Акрам, но тоа се играчи кои имаат некакво значење во азиски услови. 

Исто може и остатокот од тимот да биде пресуден, а тука Ирачаните се во предност, бидејќи сите тие играат во азиските клубови кои се далеку поквалтетни од африканските. Да не се заборави и искуството на Бора Милутиновиќ селекторот на Ирак на ваквите поголеми натпреварувања. 

“Ова е прв поголем турнир за мене и навистина незнам што да очекувам. сакам да испаднам на теренот и да уживам во фудбалот.“ - изјави фудбалерот на Јужна Африка Модисе.

“Имаме три натпревари за играње и ако победиме со Ирак уште на првата ќе имаме многу повеќе самодоверба за потоа. одиме на тоа.“ - изјави селекторот на Јужна Африка Жоел Сантана.

Затоа и треба да се очекува изедначен натпревар меѓу овие две селекции. Може фаворити вака на хартија се домаќините, но тоа тешко дека ќе го покажат на теренот. Го немаат оној тимски дух и цврстина и дисциплина кој го имаат Ирачаните. Индивидуално може се подобри, но како тим не се.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 11:56

Шпанија - Нов Зеланд (нед. 20:30)

Во вториот натпревар од Групата А ќе играат европскиот првак Шпанија со првакот на Океанија Нов Зеланд.

Ова би требало да биде само полесен тренинг за “црвената фурија“.Може “кивите“ покажаа одлична пратија со Италијанците во пријателскиот натпревар пред стартот на ова натпреварување, но сепак овде станува збор за Шпанија.

Шпанците имаат 10 победи во серија(светски рекорд), 32 натпревари без пораз, играат доста брз, напаѓачки и атрактивен фудбал и се освен победа би било најголемото изненадување на овој турнир. Битка на Давид и Голијат.

 

За Нов Зеланд ова натпреварување ќе биде еден вид тест пред нивниот бараж дуел за светското со селекцијата од азиските квалификации. Фактот дека во Океанија квалификациите се среќаваат со некои мали островски аматерски репрезентации кажува дека Купот на Конфедерации сегогаш ќе им биде најголемиот тест за моменталната нивна форма и нивниот квалитет.

Тие се највисокиот состав на турнирот со просечна висина од 1.85м. нивни најдобар фудбалер е напаѓачот Смелиц и тој ќе преставува најголема закана за Касиљас. 

“Еден добар натпревар или добар резултат со светскиот тим број еден ќе не стави нас на светската фудбалска мапа, а тоа е нешто што многу долго го чекаме. Неможеме да бидеме среќни само со тоа што сме најдобри во Океанија.“ - изјави напаѓачот Крис Килен.

Шпанците пак предводени од Давид Виља, Фернандо Торес, Чави, Касиљас, Чаби Алонсо, Фабрегас треба да многу лесно да ја поминат оваа група и да се чуваат за предизвиците во полуфиналето кога вкрстуваат со другата група која е далеку поквалитетна од оваа. 

Мали проблеми има Фабрегас поради повредата на главата и најверојатно нема да настапи на овој дуел исто како и Пике. Заради повреда на ова натпреварување ќе го нема Иниеста.

Овде доаѓаме како Европски шампиони, но имаме респект за сите наши противници. Ја прифаќаме улогата на фаворити и се надеваме дека се покажеме во најдобро светло.“ - изјави Икер Касиљас.

 

Значи овде нема што да се анализира од тактички-технички план и Шпанците се апсолуни фаворити и треба воопшто да не се замараат и да не шутираат на голот за да не победат. Ќе биде тоа апсолутна доминација на “црвената фурија“ и најверојатно уште една висока победа како онаа во Баку над Азербејџан од 6-0.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 17:59
Првиот меч помеѓу Јужна Африка - Ирак заврши со најнепопуларен резултат 0-0.голема%20насмевка

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 01:29
Лесни и убеливи 5 - 0 за Шпанците
 
Како што и се очекуваше, лесно, убедливо, рутинирано “црвената фурија“ го прегази Нов Зеланд со 5-0.  

Само еден полесен тренинг за Шпанците. Апсолутна доминација на тимот на Дел Боске, што се вика не ни се испотија.

Се беше готово уште по 17 минути игра. Хет-трик на Фернандо Торес за 11мин и 3-0 уште тогаш.

Во 6-та минута прекрасен потег на „Ел Нињо“, пласирана топка од 16м и голманот на Нов Зеланд немоќен. Потоа 14-та минута мат во три потега. Риера во празно до Виља овој на петерец до Торес и 2-0. Во 17-та минута Капдевиља нафрли од лево, напаѓачот на Ливерпул со глава за 3-0.

Три шута три гола за Шпанците и максимална деморализација за “кивите“. Не помина уште долго, 24-та минута, уште едне гол во мрежата на Мос. Капдевиља уште еднаш по левата страна избегна офсајд стапица несебично го проигра Фабрегас на кој не му беше тешко да постигне гол за 4-0.

Во второто полувреме уште на стартот, 49-та минута, огромен кикс на Бојенс при еден центаршут на Торес, овој промаши цел фудбал, топката дојде до Виља кој само ја допре за 5-0.

За одбележување се уште неколку шута шанси кои ги имаа Риера, Виља, Капдевиља со кои победата можеше да биде уште поубедлива. Сепак Шпанците не ни сакаа да се замараат за повеќе голови.

11-та победа по ред на „црвената фурија“, 33 натпревари без пораз и на овој турнир ќе се обидат да г срушат рекордот на Бразил од 35 мечеви без пораз.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 11:56

Денеска се преостанатите два меча од Купот На Конфедерациите.

 

Бразил - Египет(пон. 16:00)

Рекордерите според бројот на настапите на Купот на Конфедерации и шампионите на Јужна Америка Бразил ќе се сретнат со шампионите на Африка, селекцијата на Египет.

Кариоките се едни од главните фаворити на турнирот и тука нема сомневање. Исто како и на СП и на купот на конфедерации се на врвот според бројот на титули. Досега имаат две и овде ќе јуришаат на трета и да се одвојат од Франција сами на врвот.

И на овој дуел Кариоките влегуваат како фаворити, но тоа не значи дека и ќе победат. “Фараоните“ се доста цврста и компактна репрезентација со неколку исклучително квалитетни поединци, но нивната најдобра алка е селекторот Шахета.

Неговиот авторитет над играчите е неверојатен и затоа и тимот е толку дисциплиниран и функционира толку добро. Тоа особено го покажаа на Африканскиот куп на нации лани.

Поради недисциплина во составот ќе ги нема двата најдобри фудбалера на Египет, Мидо и Амр Заки(повреден). Во таков случај особено внимание ќе треба да се издвои на Абу Трика и Мохамед Зидан кој имаат доста техника во своите нозе и можат да преставуваат вистинска опасност за Бразил. Исто и нивниот голман Ел Хадари е одличен

“Не смееме да влеземе со страв на дуелот со Бразил, бидејќи ако тоа го направиме на првиот натпревар ќе ни се случува и на наредните.“ - изјави Хасан Шахета.  

Селекцијата на Бразил не како онаа од минатото исполнета со ѕвезда до ѕвезда, но сепак освен Роналдињо и не фали никој посебно. Главните мотори на играта ќе бидат Кака и Робињо, а не треба да се заборават Елано, Даниел Алвес и Луис Фабијано.

Бразилците ќе треба дефинитивно да се потрудат малку повеќе од колку што мислат ако сакаат да победат. Не смеат во никој случај да ги потценат “фараоните“. Тоа се 10 фудбалери кои се на секој дел на теренот, го оставаат и срцето и душата и за нив нема загубена топка.

Очекуваме еден навистина тежок натпревар, многу потежок отколку повеќето што мислат. Повеќето од фудбалерите на Египет не се познати во светот, но едно е сигурно, не освојувате две последувателни титули случајно. ВИ треба многу квалитет за тоа.“ - изјави селекторот на Бразил, Дунга.

Ако “кариоките“ влезат во натпревар без дуел игра, еден на еден пробиви, туку чисто тактичко надмудрување не би требало да ги освојат трите бода. Египќаните играат груб, борбен, деструктивен фудбал и тоа може и да ги изнервира избраниците на Дунга. 

Крилните позиции преку Робињо, Елано и Даниел Алвес ќе треба да бидат клучните за разбивање на тактиката на Шахета или евентуално некој шут од далечина или прекините.

 



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 11:57

Италија - САД (пон. 20:30)

Светските шампиони од Германија 2006, Италија своето отварање на купот на конфедерации ќе го имаат со шампионите на КОНКАКАФ Соединитите Американски Држави.

Овие две репрезентации за последен пат се сретнаа веќе токму на тоа СП 2006 кога во групата Италија одигра 1-1 со Американците.

Сепак многу работи се променија од тогаш. Кај Италијаните работите се свртеа во негатаивна насока, додека пак кај Јенките тргнаа во позитивен правец.

Традицијата вели дека Италијанците никогаш не изгубиле од САД, а имаат одиграно 7 натпревари досега. Азурите со 28 години и 7 месеци се најстариот состав на овој турнир.

Дека “јенките“ имаат добар и квалитетен состав им покажаа уште тогаш во Германија. Искуството на тие играчи сега е поголемо и тоа треба да преставува уште поголема опасност за Италијаните.

Американците во моментов се далеку пред Мексико и прераснаа во најдобриот состав во КОНКАКАФ групата. Зголемувањето на квалитетот на MLS лигата како и големото искуство кое го собраа нивните најдобри играчи во Европа е причината за тоа.

Нивни најголеми ѕвезди и играчи на кои ќе треба да се обрне внимание се Лендон Донован, Клинт Демпсеј и ДеМаркус Бисли.

“Ова е шанса да одиграме три јаки натпревари на година пред светското првенство и тоа на дел од тие стадиони. Во исто време ќе треба да ги споредиме нашите изданија со ланските три јаки натпревари кои ги одигравме во ова време и да видиме кој е нашиот прогрес од тогаш.“ - изјави селекторот на САД Боб Бредли.

Со истите проблеми како и ЕП 2008 се среќаваат Италијанците. Ќе имаат некреативен среден ред. Не многу инвентивни и брзи напаѓачи во Јакинта и Тони и ќе се обидат преку статичен фудбал во тесни и неизвесни натпревари преку грешките на противниците да стасаат до полуфинале.

Мислам дека нивните противници веќе се навикнаа на нивната игра и ќе мора Липи да промени нешто, пред се да проба со Пепе, Кваљарела и Џузепе во нападот, да проба со брзи и пробивни играчи.

“Првиот дуел со САД за нас е и најважниот. Тие се квалитетен противник, цврст тим кој е тешко да го пробиете. Мора да бидеме максимално фокусирани на првиот натпрвар затоа што со него го поставуваме нашиот ритам за понатаму.“ - изјави Марчело Липи.

Oдбраната ќе биде проблем. Го нема Неста, Матераци, Малдини, па и Канаваро кој е тука не е во некоја форма и на сето тоа има и повреда и нема да биде во комбинација за овој натпревар. Тоти се откажа од репрезентативниот дрес уште од поодамна, го нема Дел Пјеро, една цела генерација. Пирло, Каморанези, Замброта и Де Роси немаа којзнае каква сезона, Гатузо беше повреден и тоа исто лош предзнак за овој турнир.

Резултатот ќе зависи од формацијата на Липи. Ако излезе со 4-3-3 тогаш и шансите за победа ќе бидат поголеми, во друг случај може да се случи Азурите и да загубат.

 



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 18:22
Brazil: Egipet konecni 4:3
 
 
Kaka dvoen strelec spasitel za Brazi od penal vo 90' i prethodno prv gol vo 5'. Za Brazil pogodile i Luis Fabiano i Juan, a za Egipet 2 pati strelec bil Zidan, Shawky i Muhamadi.


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 18:26
Не го гледам мечот,пу заборавив бе Црноока.
Толку многу голови а јас не гледавтага
 
Ајде вечер Сад - Италија ќе биде и тој арен за гледање..


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 18:43
Eve gi golovite od Kaka:
 
http://www.youtube.com/watch?v=VhyqIHMgvb8 - Prv gol  majstorija Fiks :)
http://www.youtube.com/watch?v=xX24cqdJqsY - Vtor
 
 
Spored mene najinteresen ke bide na 21.06. Italija- Brazilсреќасреќа


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 19:35

Вистинска мајсторија првиот гол.

Страшен играч е Какаголемо%20гушкање


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 15.Јуни.2009 во 22:27
te bendisa fiks Italija?!?!
 
Najdobri se...sampioniiiiголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
Italija : SAD
3:1
 
strelci za Italija :Rosi 2gola i De Rosi забава


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Јуни.2009 во 10:43
Добар меч Црноока,ме изненадија Американците со нивната упорност и борбеност и покрај тоа што играа со играч помалу,се покажаа во вистинско светло.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Јуни.2009 во 10:49
Куп на конфедерации: Среќна, незаслужена победа на Бразил
15/06/2009 18:09

Како што и се очекуваше, Бразил го потцени Египет и тоа за малку ќе им се вратеше. На крајот треба да бидат среќни што не загубија, а многу среќно победија, воопшто незаслужено, но тоа е фудбалот.

Апсолутна доминација на “фараоните“ особено во вториот дел. Едноставно си поигруваа со Бразилците, како да беа со сменети улоги. Колку самодоверба имаше во нивната игра, да имате 54% посед на топка против Кариоките дефинитивно кажува нешто.

Бразил беа изгубени во второто полувреме. Никогаш не се научени да не ја конторлираат топката и да се бранат што беше случај на овој дуел. 

Сепак прекините беа тие што ги вадеа Бразил. Дури три гола од прекин. Единствено само од нив беа опасни и таа паника на одбраната на Египет при таквите нафрлувања ја користеа.

На крај 4-3 во последната минута. Гол од пенал кој го реализираше Кака откако Алмухамади спасуваше со рака на гол линијата по ударот на Лусио. Египќанецот потоа заслужено доби црвен картон и остави да жалат “фараоните“ за пропуштената историска шанса.

А натпреварот започна со голот на Кака уште во 6-та минута кога киксираше комплетната одбрана на Египет, а овој искусно, рутинирано го совлада Ал Хадари.

Веднаш потоа во 9-та минута одлична акција на Египет. Исфрлен во празно Абу Трика, нафрли на петерецот, а таму Мохамед Зидан со глава ја заби во мрежата на Жулио Цезар за 1-1.

Многу кратко траеше радоста на составот на Шахета. Досуден фаул од десната страна на 30-тина метри. Елано центрираше, Луис Фабијано со глава им носи водство на Кариоките, 2-1, 11-та минута.

И тогаш почна благата иницијатива на Египет. доминираа на средината на теренот со едни кратки и бесконечни проигрувања, а Бразилците се обидуваа преку контра.

Сепак, повторно прекин, овојпат корнер. Елано нафрли, Хуан највисок во скокот и им носи 3-1 водство на Бразил.

Пред крајот на полувремето Абд Рабу имаше фантастична можност за да намали на 3-2, но неговиот силен удар со глава заврши за малку над голот.

Во вториот дел за една минута беше 3-3. Најпрво во 54-та минута Шавки прецизно шутираше од 18-тина метри одлево откако целата средина беше исфрлена со едно двојно проигрување меѓу Абу Трика и Мовад и овој вториот несебично до Шавки за 3-2. Потоа веднаш грешка на средината на теренот на Бразил,  Абу Трика во празно до Зидан испадна еден на еден со Цезар и лесно, ладнокрвно за 3-3.

Имаа уште два добри удари преку Ахмет Фати и Шавки пред крајот на натпреварот дури и за победа, но шутираа за малку непрецизно.

Кака имаше закана за прв пат во вториот дел и тоа во 77-та минута, но од волеј од 16-тина метри за малку над голот.

На крај цел свет можеше да види колку само квалитет има во оваа репезентација на Египет и дека нималку лесно со нив нема да си поминат Италијанците, а влегуваат како фаворити со САД. 



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Јуни.2009 во 10:54
Куп на Конфедерации: Победа со пресврт на Италија
 

Малку потешко од очекувањата Италијанците ги совладаа САД. Дури мораше да се враќаат од негатива од 1-0, за на крај да слават и убедливо со 3-1.

Првото полувреме Азурите не го одиграа на некое ниво, всушност не одиграа ништо. Може имаа теренска иницијатива, но немаа некоја посериозна шанса со исклучок на ударот со глава на Легротаље.

Јенките беа опасни преку контра-нападите и ако беа повеќе сконцентрирани и ако Алтидоре и Мајкл Бредли имаа повеќе самодоверба ќе водеа со 1-0 уште пред Кларк да добие директен црвен картон во 33 минута. 

Сосема заслужено, налета со ѓон на потколеницата на Гатузо и судијата Поцо мораше да го исклучи.

Но наместо да нападнат со играч повеќе Италијанците сеуште беа во подредена улога на теренот. При една опасна ситуација во шеснаесетникот Алтидоре одлично го издрибла Киелини, овој наивно постави нога и беше досуден оправдан пенал за Американците кој Донован го реализираше, 41 минута.

И во второто полувреме немаше некоја иницијатива од Азурите. Неможеа да ги пробијат Американците. Не затоа што добро се бранеа туку затоа што немаа таков играч кој ќе повлече кој ќе издрибла еден, двајца и ќе направи паника во одбраната. 

Липи го увиде тоа и во 57-та минута ги уфрли Роси и Монтоливо на местата од Гатузо и Каморанези и веднаш живнаа Италијанците. Овие двајца требаше да играат уште од старт и ќе немаше никаков проблем за нив.

Малиот напаѓач на Виљареал само што влезе постигна гол. Пресече една топка на средината, повлече стаса а 20-тина метри шутираше силно и неодбранливо за 1-1. Вистинска бомба.

Вториот гол падна во 72-та минута. Исто шут од далеку. Овојпат Де Роси шутриаше силно од 30-тина метри, Хауард мислеше дека Онејву ќе блокира, овој ја промаши топката и го измами голамнот на САД и топката заврши во мрежата, 2-1 за голема радост на Италија.

Потоа се отворија САД, а тоа го користеа Италија. Имаа уште многу шанси за да го зголемат водството. Роси на два пати, Тони имаше еден на еден шанса, но Хауард одбрани. За на крај Џузепе Роси да го постигне и својот втор гол во 94 минута за на крај убедливи 3-1.

Американците имаа убава шанса на 2-1 во 90-та минута за да изедначат, но Дејвис сам непречен од никого од 5м со глава шутираше високо над голот.

Со оваа победа на Италијаните ќе им биде потребно уште реми со Египет и би требало да се пласираат во полуфинале. Сепак не треба да ги радува изданието од денес, особено тактиката која ја спороведе Марчело Липи. Ќе мора да игра со Роси уште од старт.   



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 17.Јуни.2009 во 12:21
Најава: Јужна Африка - Нов Зеланд
 

Јужна Африка - Нов Зеланд (сре. 20:30)

Ова треба да биде рехабилитација натпревар за домашната селекција откако претходно не успеаа да ги совладаат Ирачаните, иако за волја на вистината имаа неколку убави можности на крајот, но едноставно немаа среќа.

Само не треба да се залажуваат на убедливиот пораз на Нов Зеланд од Шпанија. Тој натпревар воопшто не беше вистинската слика на “кивите“.

Нов Зеланд во тој дуел влезе доста исплашено, со многу респект кон противникот и затоа и тој беше резултатот. Тоа беше за нив влегување во реалноста на светскиот фудбал. После натпревари со некои аматерски екипи ви доаѓа европскиот првак и многу јасно беше дека ќе се случи дебакал.

Но и против “црвената фурија“ Нов Зеланд покажа дека знае да изгради акција и да создаде добра шанса и затоа не треба да се потценат нивните можности. Килен, Смелц и Џејмс се опасни во нападот, особено во воздушните дуели, а и одбраната ако им е во стабилно издание Јужна Африка ќе имаат голем проблем да го скршат отпорот на “кивите“.

Нашите реални шанси за некои поени на ова натпреварување ни се против Јужна Африка и Ирак. Мора да се совземем после високиот пораз од Шпанија да се обидеме да им ги расипеме сметките на Јужна Африка.“ - изјави голамот на Нов Зеланд Глен Мос.

Домаќините се единствената репрезентација која не форсира тимска игра на ова натпреварување, всушност и затоа се и единствената без титула на овој турнир.

Играат типичен африкански фудбал, кој е доста див со многу индивидуални потези. Тоа е и целта на Жоел Сантана. Преку овој турнир да создаде вистински тим кој ќе го понесе огромниот товар на СП наредната година.

На првиот дуел покажаа дека имаат добар и инспиративен среден ред. Пред се Паркер, Дикачој и Модисе. И ако се додадат и “Англичаните“ Мокоена и Пиенар имаат добар тим барем за пласман во полуфиналето на Купот на Конфедерации.

Очекуваме навистина тежок натпревар утре, особено тешко ќе ни биде при прекините. Знаеме дека Новозеланѓаните се високи и добри во воздушните дуели, па ќе треба добро да се подготвиме за тоа.“ - изјави голманот на Јужна Африка Куне.

 тип: 2-1(Јужна Африка)



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 17.Јуни.2009 во 12:21
Најава: Шпанија - Ирак
 

Шпанија - Ирак(сре. 16:00)

Се среќаваат Европскиот шампион и азискиот шампион. Исто како и во дуелот со Нов Зеланд и ова би требало да биде тренинг натпревар за Шпанците.

Својата моќ Шапнците ја покажаа со Нов Зеланд кога буквално ги растурија, а воопшто и не се испотија. Во овој случај би требало ситуацијата да биде малку поинаква.

Ќе треба малку и да се помачат Шпанците, бидејќи пред се Ирачаните се цврста екипа која би требало да игра класичен бункер против нив и нема ни да се обидат да ја поминат средината на теренот. Ќе одат да примат што е можно помалку голови.

И самите се свесни дека секако ќе изгубат, а за нив најбитниот натпревар доаѓа во последното коло каде што со победа против Нов Зелан може и да се пласираат во полуфиналето што би било фантастичен успех за нив. Во тој случај гол разликата ќе решава и затоа е битно да се загуби од Шпанија со што помала гол разлика.

Шпанците од секогаш имале инзвонредни фудбалери, но по се изгледа дека сега дојде нивното време. На овој натпревар Ирак не треба да се плаши. Ова е еден од најголемите предизвици за нас. Треба да бидеме среќни што сме тука и да биде среќни што можеме да играме против Шпанија. Уште сега кажувам дека ќе играме антифудбал и ќе се обидеме да извлечеме поен.“ - изјави Бора Милутиновиќ селекорот на Ирак.

Статистиката говори дека Ирачаните се најлоши организатори на нападите на овој шампионат и имаат 62% успешност во додавањата, наспроти 89% на Шпанците.

Од друга страна пак “црвената фурија“ ужива во најдобрите моменти во ниваната историја 13 победи по ред, 33 натпревари без пораз. Потребни им се уште три за да го срушат светскиот рекорд на Бразил или уште две победи за 15 по ред и нов светски рекорд. Токму и на тоа ќе јуришаат. Затоа е оваа мотивираност во тимот.

Индивидуалците ќе го решат овој натпревар за Шпанија, а тие ги имаат многу. Може сите приоди рачаните ќе се обидат да ги затворат, но толку многу квалитет има во Торес, Виља, Фабрегас, Чави што сигурно еден од нив ќе се најде да направи магија и да им донесе победа.

Знаеме дека сме фаворити, но мораме и да се пазиме во овие натпревари. Го гледавме натпреварот помеѓу Јужна Африка и Ирак. Имаме голема самодоверба, но мораме да останеме сериозни и во наредните натпревари.“ - изјави Фабрегас во пресрет на овој дуел.

 

тип: 3 - 0



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 18.Јуни.2009 во 00:15
Мачна победа за Шпанците
 

Како и што најавија Ирачаните на дуелот со Шпанија одиграа максимално дефанзивно, 5-4-1 формација со класичен бункер. Мислеа само на сопствениот гол и единствено преку некои прекини беа “опасни“.

Затоа и Шпанија доста се мачеа да постигнат гол, но на крај сепак успеа во тие обиде преку Виља во 55-та минута. И уште еднаш левата страна беше критична. Капдевиља одлично нафрли на петерецот, Давид Виља осамен и не м беше тешко со глава да погоди за 1-0. Трета асистенција на капдевиља на овој турнир. 

Со овој гол напаѓачот изби сам на второто место на вечната листа на стрелци кај “црвената фурија“. 

Во првото полувреме Шпанците и немаа некоја посериозна шанса. Исклучок беше волејот на Виља во 23-та минута по едно убаво нафрлање на Серхио Рамос, но за малку беше непрецизен.

Во вториот дел Мата имаше две убави шанси, Торес една, Чаби Алонсо имаше неколку опасни удари, но резултатот остана непроменет.

Со оваа победа Шпанија има 14 по ред и се изедначи со Австралија, Бразил и Франција на врвот според овој параметар и потребна им е уште една победа за да имаат 15 и да бидат рекордери. Исто непобедливоста им порасна на 34 и таму им се поребни уште два натпревари без пораз за да бидат рекордери.

Од друга страна Ирачаните со овој минимален сега имаат големи шанси со победа над Нов Зеланд и да се пласираат во полуфинале, но за тоа ќе треба Јужна Африка да изгуби од Шпанија во последното коло, а и вечер Нов Зеланд да го изненади домаќинот или да загуби минимално. 



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 18.Јуни.2009 во 00:16
Домаќините можеа и многу повеќе од само 2-0
 

Екипата на Јужна Африка ја забележа и својата прва победа на Купот на конфедерации на кој што настапува како домаќин.

Бафана Бафана може после третото коло и да жалат што не славеа поубедливо, бидејќи ако Ирак слави со повеќе од два гола, а јужноафриканците изгубат од Шпанија тогаш шампионите на Азија ќе одат понатаму. 

Одиграа сосема поинаку од натпреварот со Ирак т.е може да се рече дека и Нов Зеланд им дозволија, бидејќи “кивите“ исто како и во дуелот со Шпанија не одиграа ништо. 

Ако напаѓачите на Јужна Африка беа поснаодливи и ако не одеа на индивидуални пробиви туку на додавања во шеснаесетникот можеа да ја наполнат мрежата на Мос до горе.

Играчот на Црвена Ѕвезда Паркер беше јунакот на натпреварот, бидејќи тој беше стрелецот на двата гола за својата репезентација. Најпрво во првиот дел во 21-та минута, а потоа во вториот во 52-та минута. И на двата гола асистнет беше Масилела.

Уште неколку убави шанси имаа Паркер во првиот дел и Машего имаше минимум три стопостотни во вториот, но Мос одлично си ја заврши работата.

Во секој случај Нов Зеланд не треба да се разочаруваат и од овој пораз. Ова е едно огромно искуство за нив и нивното допрва ќе треба да следува. Ќе имаат можност и против Ирак да го освојат совјот прв поен, бидејќи Ирачаните не се покажаа како офанзивна екипа. 



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 19.Јуни.2009 во 10:22
Куп на конфедерации: Сосема друг Бразил за лесни 3-0
19/06/2009 00:48

За разлика од дуелот во првото коло кога Бразил се мачеше со Египет, овојпат Кариоките едноставно ги растурија Американците и ова беше едно сосема друго издание од нив.

Стартната промена на Дунга со Маикон наместо Даниел Алвес беше она што направи многу разлика. Токму фудбалерот на Интер беше виновник за два од трите гола.

Најпрво уште во 7-та минута нафрли во шеснаестникот по еден слободен удар, а Фелипе Мело стрелаше за 1-0, а потоа во вториот дел и самиот се запиша во листата на стрелците во 63-та минута за 3-0 после додавањето од Кака во празно.

Вториот гол на Бразилците беше дело на Робињо откако Бисли киксираше при еден корнер на половината на Бразил. Повлече контра два на еден Рамиреш уште од својата половина, несебично во шеснанесетникот му ја додаде на Робињо и овој рутинирано стрелаше за 2-0. Тоа беше во 20-та минута.

И на овој натпревар Американците не останаа покусо, пак заработија црвен картон. Овојпат Кјештан, но сега во вториот дел.

Имаа и Јенките две убави можности за погодок, но Фејлхабер и дефанзивецот Кејси го погодија дирекот во 83-та и 86-та. 

Со оваа победа, Бразил скоро и да обезбеди пласман во полуфиналето. Ќе треба Египет да ја совлада Италија, а Италија и Египет да слават во по два гола во последното коло за да не одат Кариоките. 

 



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 19.Јуни.2009 во 10:23
Египет го победи светскиот првак Италија со 1-0
 

Тоа што Египѓаните не успеаа да го валоризираат на првиот дуел со Кариоките кога заслужија минимум бод, успеа да го сторат денес со победата над светскиот првак Италија од 1-0.

Ова може за нив е најголемиот успех во историјата на нивниот фудбал. Во било кој спорт да совладате светски шамион е навистина нешто посебно. Дури и во повеќето боречки спортови во тој случај победникот ја презема титулата.

Фараоните покажаа дека може после Аргентинците го играат најдисциплираниот и најтимскиот фудбал во светот. Вакво нешто за ниту една африканска репрезентација не важи.  

Толку воиграна и дисциплинрана репрезентација ретко се наоѓа и во Европа. Премногу добро се познаваат сите фудбалери на теренот и знаат кој што може да направи и затоа и не се форсираат. 

Затоа и после повредата на Зидан се сети колку е само лошо кога ќе им фали една алка. Потоа во нападот беа како изгубени и немаше кој да повлече контра, а имаа еден куп шанси за такво нешто.

Сепак на крај како клучен играч на овој натпревар се покажа голманот Ел Хадари, кој имаше 5-6 фантастични одбрани, особено во дуелите со Јакинта. Дефинитивно играч на натпреварот.

Италијанците и немаа некоја доминација. Првото полувреме беше израмнето, па дури и Египѓаните беа поопасни во нивните акции и ако не беа Киелини и Замброта да спасуваат неколку пати во последен момент може и подруг ќе беше резултатот уште тогаш. 

Но сепак пред крајот на првиот дел во 41-та минута 1-0 за Египет. Абд Рабу шутираше од далечина, Буфон исфрли во корнер. Абутрика убаво нафрли, а Хомос осамен на петерецот со глава погодува. Трета асистенција за Абутрика на ова натпреварување.

Италијанците имаа два опасни шутеви од далеку во првиот дел. Еден на Роси и еден на Јакинта.

Во вториот дел, притисокот од позитивен резултат по се изгледа остави вилијание на играта на Фараоните и воопште не наликуваа на себеси. Премногу почетнички грешки. Неповрзани акции. Сето ова го користеа Азурите.

Најголем лузер беше Јакинта. Напаѓачот на Јувентус покажа зошто на 30 натпревари за Италија досега има само 4 гола. Во второто полувреме имаше 4 стопостотни шанси, но Хадари му одбрани се.

Сега ситуацијата во групата Б е максимално замрсена. Египет со победа над САД одат сигурно понатаму. Додека Италијанците ќе треба да победат со два гола разлика за да одат понатаму. Секако ова во случај ако Египет победи со Јенките. Со победа од 3-0, а пораз на Италијанците дури и САД има шанси за полуфинале. 

 



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 21.Јуни.2009 во 15:08
Шпанија го собори светскиот рекорд
21/06/2009 00:40

Репрезентациите на Шпанија и Јужна Африка се полуфиналистите во Купот на Конфедерации од Групата А. Иако “црвената фурија“ ги совлада домаќините со 2-0, сепак Ирак не успеа да го победи Нов Зеланд и затоа и Јужна Африка оди понатаму.

Заради регуларност и двата дуели се одигра во ист термин. Шпанците малку потешко од предвидувањата се радуваа на победата која за нив значеше и светски рекорд. Шпанија има 15 победи по ред со што постави нов светски рекорд, а го израмни и рекордот на Бразил во непобедливост од 35 натпревари едно по друго.

Во првиот дел Торес имаше две убави шанси, но мрежата мируваше, додека на спротивната страна Паркер и Модисе не беа добро сконцентрирани и не ги искористија шансите што им се укажаа кон крајот на првиот дел.

На почетокот на вториот период во 50-та минута пенал за “црвената фурија“, Арон Мокена го собори Фабрегас во шеснаесетникот. Виља ја презема одговорноста, но Кун одлично одбрани, таа топка се одби до Пујол и тој шутираше, но уште една убава интервенција од домашниот голман.

Сепак Шпанците одма се совземаа и уште во наредната акција 1-0 за нив. Виља доби топка во шеснаесетникот ја смири и изненадувачки со лева од свртување шутираше, а голманот Кун овој пат немоќен.

Потоа во 72-та минута 2-0. Корнер за Шпанија, Фабрегас се обиде со волеј, но многу лошо ја зафати, а тоа се покажа како одлична асистенција до Љоренте кој само што влезе како замена за Торес и од само 4-5 метри неодбранливо шутираше. 

До крај Паркер имаше убава можност преку контра да ја намали напнатоста и со гол да им обезбеди пласман во полуфинале и да не се чека Ирачаните да не постигнат гол за победа и во тие моменти пласман во полуфинале.

Сепак на тој дуел не се случи тоа, иако шампионите на Азија имаа  две прекрасни шанси во последните 2-3 минути од продолжението. Голамот Мос одлично интервенираше исфрајќи ја топката во корнер при еден шут од 20-тина метри, а после тој корнер од самата гол линија чист гол спаси Бертос.

Но тоа беше само на крајот од натпреварот, претходно целосна доминација имаа “кивите“. Едно 5-6 убави можности имаа Смелц и Килен, но не успеаа да го совладаат Кадем.

После ова се покажа дека Ирак е добар само за деструктивен фудбал, а кога треба да напаѓаат неможат да се снајдат во таа улога. 

На крај заслужено и Нов Зеланд се радуваше на освоен поен, а овие репрезентации ќе влезат во историјата на ова натпреварување како едни од неколкуте кои не успеале да постигнат гол на трите натпревари.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 21.Јуни.2009 во 15:09
Vecer vo 20.30
fudbalski praznik za oci....Italija:Brazilголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 22.Јуни.2009 во 12:19
Неверојатна завршница во Групата Б
21/06/2009 22:53

Се случи најневеројатната варијанта во Групата Б. САД успеа да направи чудо над Египет, а Бразил со 3-0 го посрамоти светскиот првак, Италија.

САД успеа да го совлада Египет со 3:0 и благодарение на победата на Бразил над Италија се пласираше во полуфиналето од Купот на конфедерации.

На крај САД со вкупна гол разлика од 4-6 и 3 поени се втори пред Италија која има 3 поени и 3-5, а Египќаните се последни со 3 поени и гол разлика 4-7. 

Сепак решаваше меѓусебната гол разлика меѓу овие три екипи. САД на крај заврши со 4-3, Италија со 3-2, а Египет со 1-3. Затоа и Американците мораше да победат со 3-0 или повеќе при  пораз на Италија со Бразил.

Далеку поинтересен натпревар беше оној помеѓу САД и Египет. Прекрасни можности за гол имаа и двете репрезентации, но само Јенките профитираа. На крај ќе се покаже дека отсуството на најдобриот играч на Египет Мохамед Зидан кој се повреди на дуелот со Италија како клучно. Неверојатна разлика имаше во играта на Фараоните со и без него. Некако безопасно делуваа нападите без Зидан.

Првиот гол падна во во 22-та минута, а стрелец беше Дејвис после една катастрофална грешка во одбраната на Египет и голманот Хадари.

Во првиот дел Американците имаа многу неискористени шанси и голманот Ел Хадари повторно беше на работ да биде јунак. Најпрво Мајкл Бредли испушти голема шанса уште во 14-та минута. Потоа Донован направи слалом, но Хадари храбро му влезе во шутот. При крајот на полувремето уште еднаш Бредли и Дејвис имаа стопостотни шанси, но не ги искористија.

Во вториот дел уште на стартот Алтидори имаше неверојатна шанса, но од гол линијата Ел Мухамади спаси сигурен гол. Сепак тоа не се случи во 63-та кога овој пат од слична ситуација Бредли реализираше за 2-0.

Во 70-та минута по асистенција на Демпси, Кларк со глава погодува за 3-0 и пласман за полуфинале.

Потоа Америкаците се повлекоа и тоа можеше скапо да ги чини во 92-та минута кога Гома со глава за многу малку биеше над голот. Голема шанса кој можеше да ги чини и пласман во полуфинале ако погодеа.

На другиот натпревар помеѓу Италија и Бразил, Италијанците едноставно беа порамотени. Се беше готово за само 8 минути.

Најпрво Луис Фабијано во 37-та го отвори резултатот. Потоа во 43-та уште еднаш Луис Фабијано реализира, по акцијата на Робињо и Кака. Во 45-та беше поставен конечниот резултат. По нафрлувањето на Робињо, Досена беше несреќен и си постигна автогол.

Претходно убави шанси имаа на два пати Лусио, Луис Фабијано, а уште на стартот Рамирес ја погоди пречката во 7-та минута по акцијата со Фабијано.

Единствените убави можности за Азурите кои максимално разочараа на ова натпреварување ги имаа Каморанези во првиот дел и Џузепе Роси во вториот и тоа по удари од далечина.

Во вториот дела Кака имаше две шанси за гол, но успеа да постигне гол. 

 

Со ова познати се полуфиналните двојки. Шпанија - САД и Бразил - Јужна Африка. Турнирот продолжува во среда кога играат Шпанците и Американците.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 22.Јуни.2009 во 20:38
Pretsedatelot na fudbalskiot sojuz na Italija ispratil molba do selektorot na Brazil, nareden pat koga ke igraat da izleze so igraci samo od brazilskata liga, za da moze da se izigra pointeresen i poneizvesen natprevar vo koj italijancite bi imale povejke sansi za pobeda газење%20од%20смеење

-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 22:00
дали ќе се случи да гледаме неинтересно финале во недела?
ако американците ја победат шпанија, изгледа да!
а баш се радував на финале Шпанија - Бразил!


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 22:33
Spanija - USA 0:2 KRAJ

-------------



Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 23:03

   Zasluzena pobeda na USA. Sekoja cest ! Da se pobedi takva silna reprezentacija kako Spanija e poveke od podvig.

Navivav za Amerikancite i precustvuvav deka ke pobedat.Bravos!!!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 23:07
знаев дека така ќе заврши....
секогаш е така.....
тој што притиска и има илјада шанси....
нема да даде гол.....
а другите ич шанса...
една случајна ...
и ЕТЕ ти ГОООООООООзабаваллллллллллллллл !!!

туууууууу бре шпанци само за ОЛЕЕЕЕ ве бива !!!


-------------


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 23:09
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

знаев дека така ќе заврши....секогаш е така.....тој што притиска и има илјада шанси....нема да даде гол.....а другите ич шанса...една случајна ...и ЕТЕ ти ГОООООООООзабаваллллллллллллллл !!!туууууууу бре шпанци само за ОЛЕЕЕЕ ве бива !!!



                             


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 01:16
Сензационална победа на Американците за финале
 

Дефинитивно тимот на Боб Бредли го живее американскиот сон. Беа во безизлезна ситуација во третото коло во Групата Б, но среќата им се насмевна, а тие и го искористија тоа и влегоа во полуфинале со непобедливата Шпанија, каде повторно се случи чудо.

Американците ја искористија анемијата на Шпанија и им ги срушија сите соништа и сите рекорди. Победите им застанаа на 15, а непобдливоста им застана на 35 натпревари.

Си ги искористија двете шанси кои им се укажаа по грешките на двата бека на Шпанците. Првиот по грешка на Капдевиља, а вториот на Серхио Рамос. Максимално борбени во средината и одбраната, одличен Хауард на голот. Едноставно го полудеа составот на Дел Боске.

Шпанците иако имаа многу шанси, сепак на крај мора да се признае дека беа далеку од она свое препознатливо изнадие. Торес катастрофален во нападот. Виља исебичи се што требаше и не требаше. Чави воопшто не личеше на себеси. Серхио Рамос е далеку од својата ланска форма, а Фабрегас и Алонсо беа исто очајни. Се на се катастрофално издние на “црвената фурија“.

Може рушењето на рекордот во победите и изданијата на САД во групата малку ги опушти и го потценија противникот и на крај тоа им се врати.

Уште на стартот Јенките имаа убави шанси. До 10-та минута две стопостотни за Дејвис и една Демпсеј. Потоа Фернандо Торес имаше фантастична шанса, но Боканегра добро се постави и напаѓачот на Ливерпул промаши.

Првиот гол Американците го постигнаа во 26-та минута. Демпсеј до Алтидоре овој убаво го испилотира Капдевиља во шеснаесетникот и ниско по земја го матираше Касиљас.

Уште една прекрасна шанса имаше Демпсеј во 36-та минута кога сам со глава од само 3-4 метри шутираше над голот.

Во вториот дел играше само Шпанија. Започнаа фуриозно, доминираа на секој дел од теренот, имаа многу шутеви. Виља, Торес, Рамос, Чави, Чаби Алонсо. Риера, но сето тоа или беше непрецизно или Хауард го бранеше, а неколку шутеви беа добро и изблокирани.

Во 74-та минута 2-0. Донован од десно, по земја асистираше на петерецот, Пујол ја закачи таа топка, Рамос ја стопираше на 2 метри од голот наместо да ја изфрли, по се изгледа си мислеше дека Демпсеј е излетан позади него, но тоа не беше така и играчот на Фулам му рече фала на Рамос и ја заби топката во небранетиот гол.

До крај јалови беа нападите на Шпанците за нешто повеќе од само чесен пораз.

Американците сега ќе го чекаат победникот од натпреварот Бразил - Јужна Африка за да го одиграат своето прво финале на едно вакво натпреварување.  



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Engelar
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 02:40
E ova greska si za greskata pike napravi fatalna greska a ne ramos


Постирано од: vistinskipravoslavec
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 04:35
ej bas gledav USA-SPAIN-2-0 i bas interesen rezlutat sto mislite mozno li e ako brazil denes vleze vo finale da izgubi od USA kako sto i spain???

-------------
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.


Постирано од: vistinskipravoslavec
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 18:43
USA igrashe izvonredno bravo

-------------
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 22:28
Brazil - Juzna Afrika 1:0 vo 87min Dani Alves go dade od sloboden...Bombaaa shut

-------------



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 22:31
Секако заслижија да победат,подобри беа.
Значи финале САД - Бразил?
За Бразил се очекуваже,ама САД дека ќе дотуркаат до финале,ни на крај памет не ми паѓашеголема%20насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 22:53
Brazil prv pat go gledam vaka bez nekoj golemi Iminja da odi na svetsko...Igracite se dobri i mladi ali ke vidime sto ke napravat...

-------------



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Јуни.2009 во 23:07
Е нема веќе големи имиња,има само такви кои се трудат да играат и прејбои ко Роналдо,Роналдињо и Адриано.
Поарно им е без нив.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 00:43
Neznam...Nema da uspeat nisto vaka...Denes falea Diego, Pato i Adriano... misla mdeka sepak ke se povikani na SP. A i Ronaldinho nemoze da e kraj so nego, on pak dobro igra i bi mozel dosta da stori za Brazil...ne mi se svigja igrata na Brazil momentalno...a i Alex od Chelsea go nemase pozadi...

-------------



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 01:59
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Neznam...Nema da uspeat nisto vaka...Denes falea Diego, Pato i Adriano... misla mdeka sepak ke se povikani na SP. A i Ronaldinho nemoze da e kraj so nego, on pak dobro igra i bi mozel dosta da stori za Brazil...ne mi se svigja igrata na Brazil momentalno...a i Alex od Chelsea go nemase pozadi...
i mene ne mi se dopaga sto trenerot ja forsira ovaa igra...ali raka na srce za golot...odlicen sut, milimetarski tocno i neodbranlivo... a i Kaka, bukvalno "vezi" vo igrata...golot protiv egipet mi e eden od najdobrite na prvenstvovoсреќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 06:37

Бразил - САД (нед. 20:30) Финале 

Денес интернационалниот фудбал ќе го добие 8-от победник на Купот на Конфедерации. Во големото финале ќе играат Бразил и САД, репрезентации кои веќе еднаш ги одмерија силите во фазата по групи, а Кариоките славеа убедлио со 3:0.

Сепак ова треба да биде нешто поинакво, ова е финале и се е возможно.

Американците покажаа дека можат да напарават и изненадувања со елиминацијата на Шпанците во полуфиналето.

Може Бразил е фаворит, но и Јенките имаат свои адути, пред се борбеноста, мотивираноста која би требало да е на највисоко ниво.

Кариоките не се претставија во добро светло во полуфиналниот дуел со Јужна Африка и ако се иземе голот на Дени Алвеш од слободен удар и немаа некоја посериозна шанса на тој дуел. Делуваа некако без идеја, дезорганизирано.

Треба да се земе фактот дека Амриканците се аутсајдери и Кариоките ќе ги потценат, особено ако се знае дека во фазата по групи многу лесно ги совладаа со 3:0.

Средината на Бредли е најквалитетниот дел од неговиот состав. Пред се Мајкл Бредли, Демпсеј и Донован, но не треба да се заборави ни напаѓачот Алтидор кој имаше солидно издание на овој турнир и покажа дека Виљареал сепак видел нешто во него кога го ангажираа лани.

Боб Бредли ќе ја има во предвид играта на Јужна Африка за овој натпревар, но ќе биде тешко да се постави тоа, бидејќи нивната средина е многу потромава за разлика од домаќините и брза игра воошто не им одговора.

Ќе треба да ја задржат малку повеќе топката во своите нозе или да одат на бункер и контра напади, нешто слично како со Шпанците, но тешко дека повторно ќе имаат среќа како на тој дуел.

Невоиграноста меѓу дефанзивната двојка Лусио и Луизао би требало да биде нешто што мора да се искористи ако сакаат да извлечат нешто повеќе од почесен пораз во финалето.

За Бразил ова ќе биде 4-то финале, две победи(1997, 2005) и еден пораз(1999) досега. Со победа ќе се издвои сам на врвот според бројот на титулите во ова натпреварување.

Треба само посамоуверено и без потценување на противникот да влезат и ќе немаат никакви проблеми да победат и да го освојат трофејот.

Може ќе треба Дунга да проба со Елано или Пато на местото на Рамирез кој и не изигра ништо особено на овој турнир и се гледа во составот е само за да се продаде. Исто по се изгледа ќе проба со Даниел Алвес и Маикон на бековските позиции што уште од старт би го заплашило противникот.   

Кака, Фабијано, Робињо и останатите Кариоки се доволно искусни и квалитетни за да дозволат изненадување на вака важен натпревар и би требало по трет пат да го подигнат овој трофеј.

Можни состави:

САД: Хауард, Спекор, Демерит, Онијеву, Боканегра, Кларк, Демпсеј, Кјештан, Дејвис и Алтидор

Бразил: Цезар, Маикон, Луизао, Лусио, Алвеш, Мело, Силва, Рамиреш, Кака, Робињо и Фабијано



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 20:12

Vo sekoj slucaj, ke bide mnogu interesna utakmicata pomegu SAD i BRAZIL.


Iako Brazil e favorit, ako igra taka slabo kako protiv Juzna Afrika mozno e da se sluci uste edna senzacija od strana na Amerikancite.


Постирано од: J.G.1945
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 20:21
denes ocekivam Brazil da pobedi so 2:0


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 23:12
Бразил ја освои третата титула на Купот на Конфедерации
 

Бразилците се новите шампиони на 8-то издание на Купот на Конфедерации. Ова е нивни трети триумф во ова натпреварување и со тоа се издвоија на самиот врв според бројот на титулите. Имаат една повеќе од Франција.

Во Јоханезбург бевме сведоци на две сосема различни полувремиња. првото во целост им припадна на Американците и второто во кое Бразилците имаа апсолутна доминација на теренот.

Натпреварот започна многу лошо за Кариоките. Еден случаен гол на Демпсеј во 10-та минута. Спектор упати едно силно нафрлување во шеснаесетникот, играчот на Фулам само ја допре и ја пласираше во десниот долен агол на Цезар кој беше немоќен. Не ни се очекуваше таков расплет на оваа акција на Американците и затоа и така лесно реализираа.

Потоа во 27-та минута фуриозна контра на Чарли Дејвис. Доби топка на средината на теренот од Донован. Ја водеше до некаде 20-тина метри од шеснаестникот, забележа дека Донован е побрз од Рамирез му ја сврте на средината, напаѓачот на Л.А.Галакси одлично испилотира со Рамирез и пласираше за 2-0 и големо изненадување за сите љубители на фудбалот. 

Бразилците во првиот дел имаа две шанси, два удара од левата страна, еден на Робињо и еден на Андрес Сантос, но Хауард одлично одбрани.

Во вториот дел сосема поинакво издание на Кариоките. Постигнаа еден гол уште на стратот во 46-та минута. Луис Фабијано го постигна својот 4-ти гол на овој турнир по асистенција на Маикон. Со тоа напаѓачот на Севиља изби сам на листата на стралците на овој турнир.

После овој гол Бразил имаше уште многу шанси. Две фантастични на Луис Фабијано и Кака, но Хауард беше неверојатен и одлично ги прочита

Сепак играта уште толку се смени на подобро кога Дунга ги извади двата играча кои беа во составот само за да се продадат летово. Излегоа Андре Сантос и Рамирез, а влегоа Даниел Алвеш и Елано.

Веднаш потоа израмнување 2-2, 74-та минута. Кака одлично продре по левата страна нафрли на втората статива, Робињо шутираше, но ја погоди пречката, топката се одби до Фабијано кој со глава од само 1-2 метри ја заби за свои 5-ти гол на овој турнир и титула најдобар стрелец.

Конечниот резултат 3-2 го постави Лусио по корнерот на Елано во 84-та минута.

Американците потоа беа немоќни за нешто повеќе. Бразил ја контролираше играта и после изданието во вториот дел сосема заслужено ја освоија титулата. Сакаа на сличен начин со бункер како против Шпанија да ја освојат титулата, но сепак две победи по ред против славни репрезентации  на сличен начин ќе беше премногу за светскиот фудбал.

На крај сосема заслужено Бразил е шампион. 5 победи во исто толку натпревари. 4-3 со Египет, 3-0 со САД, 3-0 со Италија, 1-0 со Јужна Африка во полуфиналето и 3-2 со САД во финалето.

 

Во мечот за трето место Шпанија во продолженија го совлада домаќинот со 3-2 со голот на Чаби Алонсо во продолжението.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Јуни.2009 во 12:24
Одлична проба за Мундијалот

Шестото издание на Купот на конфедерациите (осмо вкупно ако се земат првите две изданија во Саудиска Арабија кои носеа друго име) заврши со сценарио како порачано во седиштето на ФИФА. "Малите" репрезентации САД и Јужна Африка летнаа високо, но "големите" Бразил и Шпанија болно или (во случајот во борбата за бронзениот медал) дури и брутално ги треснаа од земја.

Добро ќе беше на амбициозно замислената генерална проба за Светското првенство да победеа САД, а во борбата за третото место најдоминантната фудбалска репрезентација во светот во моментов да беше тресната од "некоја таму" Јужна Африка, но работите на крајот дојдоа на своето место. Сигурно дека Блатер и компанија уште сега би потпишале ваков расплет и за Светското првенство што се одржува на истото место идната година: домаќинот би стигнал далеку, се разбира, би победил Бразил, но во финалето би се пробил и јуначки би се борел симпатичен и богат аутсајдер.

БОГАТО СО ГОЛОВИ

Освен по иритантните труби кои без престан свиреа на стадионите низ Јужна Африка, Купот на конфедерациите ќе се памети по спектакуларните и ефикасни натпревари полни со пресврти и сензации што ги приредија САД. Бразил во првото полувреме од финалниот натпревар од Американците прими два неверојатно наивни гола - противникот од еден контранапад и еден удар стекна капитална предност, но во продолжението дојде до израз разликата во класи.

Сепак, останува големата опомена за Бразил и покрај третиот триумф на Купот на конфедерациите. Сега на сила победи противник кој се исплаши од шансата што сама си ја создаде. Сигурно е дека на Светското првенство идната година ќе има многу посилни репрезентации кои ќе знаат како да парираат на таква предност, а Бразил сигурно нема така спектакуларно да се врати. Втора работа на која "кариоките" мораат да обрнат внимание е лошата традиција на освојувачите на Купот на конфедерациите бидејќи ниеден од нив потоа не стигна до титулата на светските првенства.

Кога сме кај головите, само последниот ден на Купот на конфедерации беа постигнати вкупно десет на двата натпревари. На целото натпреварување имаше 44 реализации или неверојатен просек од 4,4 по натпревар со што овој Куп на конфедерации е еден од најефикасните во досегашната историја.

ИЗЛЕГОА НЕКОИ НОВИ МОМЦИ

Сите знаат дека Бразил располага со големи мајстори на фудбалската игра, но за фудбалот е одлично што на големата сцена излегоа фудбалери како Клинт Демпси или Лендон Донован. Тие не се непознати, но не се ниту имиња од кои секоја ноќ можат да се очекуваат мајстории како онаа на Донован при вториот гол во финалето.

Тоа беше прекрасна акција на човекот кој минатата сезона беше петти напаѓач на тимот на Баерн. Одлично додавање на лево крило, потоа цел репертоар на велемајстор: двојно додавање, стопирање, финта за шут и поентирање со лева нога.

Или веќе спомнатиот Демпси. Никако не се работи за анонимус кој како Рожер Мила стана играч на големо натпреварување. Освен што неговиот гол во финалето против Бразил му беше трет на Купот на конфедерациите, зборуваме за човек кој играјќи за Фулам ги стресе уште Челзи и Манчестер Сити.

Но, не се само тие кои излегоа на површина на Купот на конфедерациите. Тука се едни Мфела и Паркер од Јужна Африка, кои ги постигнаа единствените четири гола за својата селекција, но тоа го направија исклучително атрактивно и со право го привлекоа вниманието врз себе. Во тој круг може да влезе и италијанскиот репрезентативец Џузепе Роси, но катастрофалните резултати на "аѕурите" и елиминацијата уште во фазата по групи го ставија во втор план неговиот ефект на ова натпреварување. Мора да се спомне и Рамирес, младиот Бразилец кој полека си изборува место во националниот тим и може да се очекува наскоро да го напушти Крузеиро и да се пресели во Европа.

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ОСВОИЈА СИМПАТИИТЕ

И покрај пресвртот во финалето и постигнати 14 гола на Купот на конфедерациите, што е една третина од вкупниот број погодоци, тема на денот не се Кака, Лусио и Дунга, туку Огучи Ониеву, Лендон Донован и Боб Бредли. Студиозниот американски селектор кој според држењето повеќе потсетува на наредник во камп за обука на маринци отколку на тренер успеа да направи екипа која само 45 минути ја делеа од огромна сензација.

Веројатно уште долго нема никој да заборави дека САД беа пред елиминација уште во фазата по групи откако ги загубија првите два натпревари со гол-разлика 1:6, но се поклопија работите, па малку и со помош на Бразил, за малку ќе си заминеа дома со значаен пехар.

Приказната на Бредли во неговата Америка потсетува на онаа на Брус Арена од СП 2002 година на која заедно со Турција и Сенегал беше најголем хит и стигна дури до четвртфиналето. Тогашниот селектор кој пред осминафиналниот дуел против Мексико доби повик и од Џорџ Буш, по високиот лет на Далечниот Исток беше сменет како последица на разочарувањето на Мундијалот во Германија пред три години.

Сега, по пробивот на Купот на конфедерациите, САД повторно се загреаја за соццер, но со тоа им создадоа големо бреме на Бредли и неговите избраници пред СП идната година. Токму од нив сега цел свет ќе очекува да ја разбие монотонијата во борбата на Шпанија и Бразил.

Но, кога е така, можеме само да се прашаме каде оди модерниот фудбал кога од Американците се очекува да бидат негови "спасители".


Луис Фабиано: Можеби некој ме забележа

Напаѓачот на Севиља, Луис Фабиано го одржа ветувањето во пресрет на почетокот од Купот на конфедерациите: најави дека сака да постигне пет гола на турнирот на кој полуфиналистите играат пет натпревари.

"Мило ми е што успеав да ја реализирам поставената задача. Излезе многу добро: откако пропуштив да постигнам гол против Јужна Африка во полуфиналето, двапати ми се посреќи во натпреварот за златниот медал. Мислам дека ова е добар просек. Доволно добар за да заинтригираат некои клубови. Но, јас сум с$ уште во Севиља. Одам сега добро да се одморам, а потоа ќе видиме што ќе се случи", рече најдобриот бразилски напаѓач во моментов.

На 31 настап за бразилската репрезентација 29-годишниот Луис Фабиано има 22 постигнати гола, но и договор со Севиља до 2011 година.

Кака: Сега на ист начин да продолжам со Реал

Ѕвездата на бразилската репрезентација Кака ги собра сите важни признанија на последниот ден од Купот на конфедерациите. Беше прогласен за играч на натпреварот, но и за најдобар фудбалер на турнирот, а само судиите го спречија да се радува на постигнат гол во финалето бидејќи не видоа дека топката ја мина гол-линијата по неговиот удар.

"Веќе почнав да победувам како фудбалер на Реал Мадрид. Но, за тоа повеќе ќе зборувам во вторник (денеска н.з.) кога клубот официјално ќе ме промовира. Во секој случај, Купот на конфедерациите е добар почеток, среќен сум што дадов придонес за победата на мојата репрезентација. Ако не победеше Бразил, ни јас немаше да ги соберам сите индивидуални награди. Сега само сакам така да продолжам и во Реал", рече Кака, кој призна дека ако судијата Мартин Хансон го признаеше голот, тој ќе му беше многу важен.

Кака е четвртиот Бразилец на Купот на конфедерациите кој е прогласен за најдобар играч. Претходно тоа им успеа на: Адриано (Германија 2005), Роналдињо (Мексико 1999) и Денилсон (Саудиска Арабија 1997).

Бредли: Конечно заслуживме респект

Селекторот на американската репрезентација, Мајкл Бредли, изрази големо задоволство од играта на своите фудбалери и резултатот кој го постигнаа на Купот на конфедерациите во Јужна Африка.

"Беше ова тежок натпревар. За жал, дозволивме прерано да примиме гол во второто полувреме и тоа можеби клучниот момент. Екстремно сум горд на своите фудбалери, играа многу добро, но исто така е вистина дека е голема слабост да се испушти ваква предност. Мислам дека овој натпревар, иако го загубивме, ќе ни го донесе респектот што го заслужуваме на светската фудбалска сцена", рече Бредли.

Најдобриот играч во неговата репрезентација и најдобар стрелец на американскиот национален тим на сите времиња (40 гола), 27-годишниот Лендон Донован не се согласи со селекторот.

"Повеќе не треба да н$ интересира респектот, туку победите и титулите", смета довчерашниот фудбалер на Баерн.

Дунга: Доказ какви фудбалери имаме

Селекторот на бразилската репрезентациј,а Карлос Дунга, го освои вториот голем трофеј откако е на оваа функција. Пред две години триумфираше на Копа Америка, а сега и на Купот на конфедерациите во Јужна Африка.

"Прво, и најважно, имаме одлична екипа. Фудбалерите имаат огромни квалитети, одлични фудбалери и дури 29 дена не си ги виделе своите семејства. Со Американците беше тешко, можевме и подобро, но и во најтешките моменти верувавме во репрезентацијата", изјави 46-годишниот Дунга, кој во 1994 година беше светски првак со бразилскиот национален тим во САД.

Тој е особено задоволен од фактот што на Купот на играа дел од најголемите бразилски фудбалски имиња, а друг дел имаа мала минутажа.

"Слушам коментари дека Луис Фабиано постигнува голови, но не е доволно добар за бразилската репрезентација. Според моите сфаќања, добар напаѓач е оној што постигнува голови, а Луис Фабиано тоа го прави", додаде бразилскиот селектор.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk