IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Висок притисок
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Висок притисок

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
vodolija_89 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 78
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vodolija_89 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2009 во 12:21
,
Кон врв
-Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 750
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај -Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2009 во 10:59
Visokiot krven pritisok ili hipertenzija predizvikuva mozochen udar, infarkt i bolesti na srceto i e najgolemiot predizvikuvach na invalidnost i prerana smrt vo svetot

Normalnata vrednost na krvniot pritisok, koja ne go oshtetuva organizmot, vo prosek iznesuva 120/80 (mmHg), dodeka za povishen se smeta onoj koj e povisok od 140/90 mmHg. Ako krvniot pritisok e previsok, toa dopolnitelno go oshtetuva srceto i krvnite sadovi, a so tekot na vremeto i drugite organi vo organizmot.

Predizvikuvachi na visok krven pritisok?

Kaj povekjeto lugje ne postoi samo edna prichina, no rizikot e pogolem ako: ne jadete ovoshje i zelenchuk, jadete premnogu sol, imate namaleni aktivnosti, vishok kilogrami i konzumiranje alkohol. Sepak, visokiot krven pritisok se povrzuva i so nekoi drugi bolesti kako na primer bubrezite...

 
      .........Goldi
-----G O L D I------
Кон врв
aleksandaarr Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 22.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aleksandaarr Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2009 во 23:40
jas imam 27 g. a imam problem so visok pritisok, mi varira, a najcesto maka si imam na vecer, ponekogas mi se kacuva 200/110, a najcesto mi e 150/100 . koga mi e visok go osecjam, mnogu tesko disam , i srceto mi cuka silno. sum proveril se, se mi e ispitano, ama bas se. i se e ok. ne znam sto da pravam. eve ovdeka vidov nekoj spomna toa da posle jadenje mu s ekreva povejke, mene mi e taka, jas od koga ce se najdam na vecer togas mi pocnuvaat problemite, a i imam nekako problemi so zeludnikot, kako so vozduh mi se polni, na doktor mi rekoa deka siot probelm bil na psihicka baza. mi dadoa helex od 0,25 ama ne mi pomaga nisto, ce go molam toj sto prasa za toa so zeludnik i posle jadenje, ako znae nesto okolu toa neka mi pomogne, pozdrav
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 13:31
Originally posted by aleksandaarr aleksandaarr напиша:

jas imam 27 g. a imam problem so visok pritisok, mi varira, a najcesto maka si imam na vecer, ponekogas mi se kacuva 200/110, a najcesto mi e 150/100 . koga mi e visok go osecjam, mnogu tesko disam , i srceto mi cuka silno. sum proveril se, se mi e ispitano, ama bas se. i se e ok. ne znam sto da pravam. eve ovdeka vidov nekoj spomna toa da posle jadenje mu s ekreva povejke, mene mi e taka, jas od koga ce se najdam na vecer togas mi pocnuvaat problemite, a i imam nekako problemi so zeludnikot, kako so vozduh mi se polni, na doktor mi rekoa deka siot probelm bil na psihicka baza. mi dadoa helex od 0,25 ama ne mi pomaga nisto, ce go molam toj sto prasa za toa so zeludnik i posle jadenje, ako znae nesto okolu toa neka mi pomogne, pozdrav


eve , ushte eden drugar kako vodolija89
kazhi barem gore dole kolku godini imash i shto ispituvanje si napravil , laboratosriski?? bubrezi , sheker vo krv?? bilo shto si napravil do sega.....
Кон врв
vodolija_89 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 78
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vodolija_89 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 16:00
hhehee sluaj druze i ja s go im,av isto problem i sega imam 110 so 70 65 ili nekos 130 so 80 pokacen nemam izmereno odamna i jas imav problemi tahikardi i neznammso ,
pocni da sportuvas ama nikako samo staticni vezbi na pr tovar krevajne samo dinamicni so pojce hondicioni treninzi trcaj so pojce taka baerm edna nedela pa ce prajem muabet barem sekoj den po pola sat trcajne poleka tempo, probaj pa ce vidis koe vo pravo jas pocnav taka i nemam problemi so pritisoko samo mi se slucuva srcevo da mi trokira taka barem mi kazaja e toa neznam so mozi bev kaj poznat kardiolog mi veli deka ne niso strasno samo custvoto ne ubo so vrem ce prestani DA TROKIRA ali garantiram samo probaj kakos o ti velam pozdrav

Изменето од vodolija_89 - 23.Декември.2009 во 16:33
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 09:29
Сокот од брусница го намалува крвниот притисок

Сокот од брусница може да го намали крвниот притисок, откри најновото истражување кое што беше спроведено од страна на Роџер Кордер, професор на Универзитетот Queen Mary од Лондон.

- Сокот од брусница е ветувачки безалкохолен пијалак кој одлично влијае врз здравјето на човекот. Ние сега во брусницата  ги идентификувавме олигомерите од класата на хранливите материи кои  припаѓаат на флавоноидите. Брусницата спречува стегање на крвите садови, што е водечка причина за висок крвен притисок. Таа, исто така игра улога во стабилизацијата на колагенот и одржување на еластинот т.е протеините во сврзното ткиво, кои најмногу ги има во зглобовите, крвните садови, како и мускулите, изјави Роџер.




Изменето од Valerija - 24.Мај.2012 во 08:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 01:35
sto e toa?не
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 01:36
Originally posted by *moon* *moon* напиша:

sto e toa?не
sto da napravam za sprotivno, se napiv jogurtce i se :(
Кон врв
Marck Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marck Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 01:51
http://www.me-chitash.com/zdravje/medicina/548-hipertenzija-visok-krven-pritisok-ili-qtivok-ubiecq




Изменето од Renatax - 01.Ноември.2011 во 11:18
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 16:13

За крвниот притисок и последиците од него     

Зголемениот крвен притисок (хипертензија) е болест поврзана со зголемениот стрес, недостигот од сон, дебелината, солената храна, лековите (кортикостероиди и контрацептиви), пушењете и зголеменото конзумирање на алкохол и енергетски напитоци. Во над 90% случаи на зголемен крвен притисок не се знае причината, а кај помалку од 10% тој настанува како последица на други болести (бубрежно заболување, заболување на надбубрежната жлезда, срцеви оштетувања, пореметувања на штитната жлезда...).

Нормалните вредности на крвниот притисок се од 120/80mmHg до 140/90mmHg. Кога „горниот“ притисок ќе надмине 140, а „долниот“ 90, се смета дека е зголемен- повишен крвниот притисок, но овие вредности со годините се зголемуваат. Па така, кај 60- годишните луѓе „горниот“ крвен притисок е вообичаено 140, а кај 80- годишните 160mmHg.

Промените на крвниот притисок со промената на времето на денот и ноќта (циркадијарен ритам) се поврзани со почеста појава на срцеви инфаркти и мозочни удари во раните утрински часови. Нормално е ноќе крвниот притисок да се намалува 10-20%, а наутро по будењето во првите неколку часа повторно да расте, но кај некои не доаѓа до намалување на притисокот во текот на ноќта. Во овие случаи ризикот од мозочен и срцев удар е зголемен. Околу 3-4 часот ноќе е намалена способноста за разредување на крвта, т.е. полесно настануваат крвните згрутчувања- тромб, па е ова додатен фактор на ризикот. Затоа е неопходно да се следат промените на крвниот притисок во текот на денот, да се прилагоди терапијата (интервалот на примена и доза на лекови), па на тој начин да се спречи појавата на срцев или мозочен удар.

Крвен притисок понизок од 100-60 mmHg измерен повеќе пати претставува намален крвен притиусок (хипотензија). За трајно намалениот- снижен крвен притисок или примарна хипотензија нема конкретно утврдена причина, а секундарната хипотензија се јавува како последица на некоја друга болест: крвавење, инфекција, дехидратација, срцев инфаркт, срцева аритмија, изгореници, употреба на лекови за снижување на крвен притисок и диуретици.

Симптомите се малаксалост, бледило, недостиг на енергија, брзо заморување, вртоглавица, несвестица, слабост, лошо паметење. Ваквите лица наутро се чувствуваат ненаспано, а им се потребни и стимуланси во вид на „кафе за разбудување“.

Нискиот крвен притисок без симптоми не претставува закана за здравјето. Организмот се адаптира на одреден крвен притисок, па на некои луѓе 90-50 им е нормален, а на други, кои инаку имаат зголемен, кога притисокот ќе им падне на 100-60 се јавуваат малаксалост, вртоглавица, несвестица, намалување на енергија. Станувањето од лежечка или седечка положба во стоечка може да доведе до вртоглавица (ортостатска хипотензија). Се советува постепено станување од лежечка положба за притисокот да се прилагоди.

Кога нема доволно крв во срцевите артерии, може да дојде до појава на болка во градите, па дури и до срцев удар. Во случај бубрезите да не се доволно снабдени со крв, токсините не се исфрлаат од организмот во доволна мера и може да дојде до нивна акумулација. Во најлоши случаи може да дојде до развој на шок (по животот опасна состојба кога виталните органи остануваат без доволно крв и не ја вршат својата функција).

А со внесување на доволно количество на течносати се обезбедува адекватен волумен на циркулирачка крв и се спречува намалување на притисокот. Лицата кои имаат низок крвен притисок имаат помал ризик од срцев удар и заболување на срцето и бубрезите. Спортистите, рекреативците и лицата кои редовно се занимаваат со некој вид на физичка активност, со идеална телесна тежина и непушачи, имаат понизок крвен притисок.

Една нова студија- комбинирање на различни лекови за крвен притисок, во која учествувале повеќе од 11.000 лица, имала за цел да утврди која комбинација е најдобра. Една група примила таблета која содржи ACEнзими и лек за спречување на калциум. ACEнзимите ги шират крвните садови поради намалување на притисокот, додека лекот за спречување на калциум ги опушта крвните садови така што срцето не мора јако да впумпува. Втора група примила вообичаени препишани комбинации на лекови за крвен притисок. Во првата група околу половина пациенти го довеле својот крвен притисок под контрола.

Американските национални насоки препорачуваат високиот крвен притисок најнапред да се третира со диуретици, лекови кои ги намалуваат солта и течностите во телото, а потоа да се додаваат други лекови за намалување на крвниот притисок, доколку е потребно. Меѓутоа, студијата утврдила дека вобичаената практика не може да се спореди со комбинацијата на ACEнзими и лекови за спречување на калциум. Во неа таа комбинација го намалила бројот на мозочни, срцеви удари и смртни случаи поврзани со срцеви заболувања за додатни 20%.

Друга студија покажала дека дури и луѓе во свои 80- ти имаат корист од лекови за намалување на крвниот притисок. Останатите студии навестуваат дека оние постари од 80 години би можеле да имаат негативна реакција на лекови за висок крвен притисок. Но оваа стдуија го покажала токму спротивното. Оние кои примиле диуретици за намалување на притисокот имале 20% повеќе смртни случаи од оние во контролната група. Првата група исто така имала за една третина помалку случаи на срцеви напади. Луѓето постари од 80 се најбрзо растечка група во популацијата во многу делови на светот.

Обете студии би можеле да го променат начинот за препишување на лекови за крвен притисок и начинот на лечење на пациентите.

А стресот при враќање на работа во понеделник може да предизвика опасен скок на крвниот притисок, е заклучено во студија на Медицинскиот факултет во Токио.

Враќањето на работа претставува стресна промена по одморот. Истражувањето покажало дека нивото на крвниот притисок тогаш е повисоко отколку кој било друг ден во неделата. Тоа би можело да биде објаснение зошто смртта од срцев и мозочен удар најчесто настанува во понеделник наутро. Во однос на другите денови, во понеделник се случуваат речиси 20% повеќе срцеви удари.

Во Британија најмногу се умира од срцеви заболувања. Секоја година околу 270.000 лица претрпуваат срцев удар, а речиси едно од три умира пред воопшто да стаса до болница. Едно од пет лица пати од висок крвен притисок, а тоа е главен фактор на ризик на срцевите заболувања. Колку е крвниот притисок повисок, поголема е силата со која се дејствува врз ѕидовите на артериите кога срцето пумпа.

Кај некои пациенти е можно да се спушти крвниот притисок со прифаќање на поздрав начин на живот, но стотици илјади луѓе повеќе се принудени да земаат дневни дози на таблети за да го стават под контрола. Мерењето на крвниот притисок може да биде проблематично, зашто може да варира од ден на ден.

За да утврдат како крвниот притисок се менува во текот на неделата, истражувачите од токискиот Медицински факултет во Јапонија опремиле 175- мина мажи и жени со уреди кои во текот на целиот ден го мерат крвниот притисок. Недела дена подоцна волонтерите им ги вратиле уредите на лекарите. Резултатите, објавени во Американскиот алманах за хипертензија, покажале дека притисокот скока во понеделник наутро, и тоа кај оние луѓе кои се подготвуваат назад на работа. Кај волонтерите кои останале да спијат притисокот не скокал, што зборува дека најверојатен виновник е стресот поради враќање на работа.

„Повеќето луѓе во недела се ослободени од менталниот и физичкиот напор што ги создава работата и поради тоа многумина доживуваат стресна промена при напуштање на рекреативните активности во текот на викендот и преминот на работните во понеделник. Студијата јасно покажува дека притисокот скока во понеделник“, вели Д-р Шуого Мураками, кој раководел со опитот.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 10:13

Природни начини да го контролирате високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок е многу честа здравствена состојба која треба да се смета за сериозна прикриена закана за здравјето. Уште се нарекува и тивок убиец, затоа што не предизвикува забележливи симптоми или предупредувачки знаци сè додека не се развијат компликации. Покачениот крвен притисок, кој се означува со терминот хипертензија, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар, па дури и проблеми со бубрезите.

Хипертензијата се карактеризира со систолен крвен притисок (високата вредност) над 140mmHg и дијастолен крвен притисок (ниската вредност) над 90mmHg. Според податоци на Светската здравствена организација, на глобално ниво една милијарда луѓе имаат висок крвен притисок и ситуацијата само се влошува. Се проценува дека до 2025 година 1,5 милијарди возрасни лица ќе живеат со хипертензија.

Мерење%20на%20крвен%20притисокПоради тоа што високиот крвен притисок не покажува симптоми, редовните мерења се особено важни

На луѓето кои страдаат од хипертензија често им се потребни лекови за регулирање на крвниот притисок. Но, промените во начинот на живот и исхраната можат значително да придонесат за подобрување на состојбата. Многумина успеваат на природен начин да го контролираат крвниот притисок и кај нив исчезнува неопходноста од употреба на медикаментозна терапија. Еве неколку ефективни природни начини за регулирање на крвниот притисок:

  1. Консумирајте банани. Бананите се богат извор на калиум, а докторите порачуваат дека калиумот е особено полезен за лицата кои страдаат од висок крвен притисок. Освен банани, се препорачува и консумирање на неизлупени печени компири, свеж сок од портокал и јогурт со низок процент на масти.
  2. Намалете го внесувањето на сол до 5 грама дневно. Крвниот притисок на некои луѓе е многу почувствителен на натриум. Познато е дека најмногу натриум внесуваме преку солта, па ограничувањето на консумираното количество сол може да им помогне на одредени индивидуи за намалување на крвниот притисок. Наместо сол, за приготвување на јадењата користете други зачини. Преработената храна многу често содржи многу сол, па внимателно читајте ги етикетите на производите.
  3. Умерено консумирајте темно чоколадо со минимум 70% какао. Вкусен метод за намалување на крвниот притисок е консумирањето на темно чоколадо. Научниците во неколку наврати докажале дека чоколадото кое содржи минимум 70% какао помага за намалување на крвниот притисок кај луѓето кои имаат хипертензија. Препорачаната дневна доза е 100 грама.
  4. Вежбајте 30 минути во повеќето денови од неделата. Изберете каква било активност и барем 4-5 дена неделно практикувајте ја по половина час. Во согласност со вашите можности, можете да изберете пешачење, возење велосипед, трчање, пливање или аеробик. Кардиолозите тврдат дека луѓето кои го прекинале заседнатиот начин на живот и започнале да се рекреираат со аеробик вежби успеваат да го снижат крвниот притисок со 4-9 mmHg.
  5. Одржувајте здрава телесна тежина и внимавајте на обемот на половината. Зголемувањето на телесната тежина е поврзано со зголемувањето на крвниот притисок. Ако имате проблеми со тежината, вложете напори да го изгубите вишокот килограми. Како што ќе ја намалувате телесната тежина, така ќе се намалува и вашиот притисок. Имајте во предвид дека луѓето кои имаат многу масти на стомакот се изложени на поголем ризик од хипертензија. Не дозволувајте обемот на стомакот да ви биде поголем од 88 сантиметри ако сте жена или 102 сантиметри ако сте маж, затоа што тогаш ризикот од висок крвен притисок и срцеви болести е значително повисок.
  6. Уживајте со мала количина алкохол и никогаш не претерувајте. Во мали количини алкохолот може да биде полезен и да го намали крвниот притисок со 2-4mmHg. Но, во големи количини не само што не носи никакви бенефиции, туку има и негативен ефект. Никогаш не пијте повеќе од еден пијалак дневно ако сте жена и два ако сте маж. Тоа значи дека 150ml вино дневно се во границите на дозволеното. Ако досега не сте консумирале алкохол, не треба да започнувате да го правите тоа со идеја да го намалите крвниот притисок.
  7. Заборавете на цигарите и не станувајте жртва на пасивното пушење. Зголемувањето на крвниот притисок е само една од лошите последици на пушењето. Вдишувањето на чадот го зголемува крвниот притисок со околу 10mmHg и го одржува покачен во текот на еден час по пушењето на цигарата. Ако сте страстен пушач и пушите постојано, тоа значи дека крвниот притисок ви останува покачен во текот на целиот ден. Пасивното пушење исто така треба да го гледате како закана за здравјето.
  8. Намалете го кофеинот, не пијте повеќе од две кафиња дневно. Сè уште не може да се каже со сигурност дали кофеинот долготрајно го зголемува крвниот притисок или има само краткотраен ефект. И покрај тоа, медицинските експерти препорачуваат намалување на внесувањето на кофеин преку кафе или други пијалаци. Не консумирајте повеќе од две кафиња дневно.
  9. Релаксирајте се со класична музика. Хармоничните мелодии на класичната музика можат да дејствуваат како терапија за лицата со висок крвен притисок. Експертите препорачуваат секојдневна 30-минутна релаксација со слушање на класична или друг тип на релаксирачка музика и длабоко дишење за контролирање на хипертензијата.
  10. Намалете го стресот. Не напразно се вели дека стресот е најголемиот причинител на болести. Експертите предупредуваат дека има голема поврзаност помеѓу стресот и анксиозноста и крвниот притисок. Кога сте под стрес, во телото се произведуваат хормони кои привремено го зголемуваат крвниот притисок, бидејќи предизвикуваат забрзан ритам на срцето и стеснување на крвните садови. Затоа, стремете се што повеќе да го редуцирате стресот во вашиот живот. Техниките за длабоко дишење и физичката активност се одлични методи за намалување на вознемиреноста и напнатоста. Голем број медицински лица препорачуваат јога или медитација како ефективни начини за минимизирање на стресот.

Поради фактот што високиот крвен притисок не покажува симптоми, многу се важни редовните мерења. Особено внимателни треба да бидат луѓето кои страдаат од дијабетес, затоа што 60% од нив имаат и висок крвен притисок.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 09:37
 
 
Компирот би можел да биде најновата суперхрана. Научниците тврдат дека можете да го намалите крвниот притисок доколку јадете компир два пати во денот.

Компирот се мисли дека ќе биде многу применуван бидејќи тој освен што е корисен, тој не влијае врз зголемувањето на телесната тежина.

Сепак, научниците истакнуваат и дека не може да се намали крвниот притисок доколку компирот е изваден од микро печка или се консумира како помфрит.

Печениот и варениот компир се оние кои можат да се одразат ефективно покажува студијата која опфаќала 18 мажи и жени што јаделе по 6-8 компирчиња за ручек и вечера, како дел од нивната нормална исхрана.

Поголемиот број од нив имале проблеми со крвниот притисок. После еден месец нивниот притисок значително се намалил, што сугерира дека компирот може да ги замени таблетите. Освен тоа, кај никој од испитаниците немало покачување на телесната тежина

Кон врв
Audiofil Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 374
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Audiofil Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2011 во 00:18
http://www.ivonazivkovic.net/HOLESTEROL.html
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 15:24

Намирници кои го намалуваат крвниот притисок


Доколку имате висок крвен притисок, проверете зошто при рака треба го имате сувото грозје, редовно да јадете киви, лубеница и банани, како и зошто лутите пиперчиња се добри за вас.

Суво грозје

Научниците од Центарот за истражување на метаболизмот и артериосклероза во Луисвил откриле дека секојдневното грицкање на суво грозје може да го намали крвниот притисок, за разлика од другите видови на ужинка.

- Нашата студија покажува дека попрво треба да се одлучите за суво грозје отколку за грицки како крекерите и чоколадните бисквити. Испитаниците кои редовно јадеа суво грозје имаа значајно намален крвен притисок , вели д-п Харолд Бејс.

Банани

Студијата објавена во 2005-та година во списанието „Hypertension“ потврдила дека многу е подобро крвниот притисок да се намалува со помош на храна која содржи калиум, отколку со самите додатоци на калиум. А добро е познато дека бананите претставуваат еден од најдобрите природни извори на калиум.

Виолетов компир

Студијата претставена минатата година на состанокот на Американското здружение на хемичари покажува дека коренестиот зеленчук со виолетова боја го намалува крвниот притисок. Истражувањето вклучувало 18 луѓе со висок крвен притисок кои секојдневно консумирале по повеќе од еден килограм виолетов компир со лушпа, во период од еден месец. На крајот од периодот на набљудување, кај овие лица било забележано намалување и на систоличкиот и на дијастоличкиот крвен притисок (кој го бележи опуштањето на срцето помеѓу две отчукувања).

Лубеница

Лубеницата не треба да ја гледате само како освежително овошје, туку треба да знаете дека таа содржи многу важни хранливи материи, вклучувајќи ги растителните влакна, ликопенот, витаминот А и калиумот. Исто така, аминокиселините кои ги содржи лубеницата имаат ефект на намалување на крвниот притисок.

Тофу

Тофу сирењето и другите производи од соја се поврзуваат со намалување на крвниот притисок, пишува во студијата која тврди дека лицата кои консумираат поголема количина на изофлавони, кои можат да се најдат во сојата, кикириките и зелениот чај, имаат понизок систолички крвен притисок од оние кои консумирале намирници со помалку изофлавони.

Чоколадо

Чоколадото е поврзано со понизок индекс на телесна маса, а тоа секогаш е корисно за луѓе со зголемен крвен притисок. Флавонолите, кои се наоѓаат во чоколадото, помагаат за ширење на крвните садови, што пак може да го намали крвниот притисок.

- Флавонолите го поттикнуваат создавањето на ендотелен азотен оксид, кој ја помага дилатацијата на крвните садови и на тој начин значајно го снижува крвниот притисок. Меѓутоа, воочивме дека ваквиот ефект се постигнува само кај оние со висок крвен притисок, додека кај оние со нормален не било забележано намалување.

Лута храна

Со консумирање на лута храна му правите услуга на вашиот организам, бидејќи меѓу другото, таа го намалува крвниот притисок, а за тоа е задолжен капсаицинот, состојката која ја содржат лутите пиперчиња.

Киви

Вашиот крвен притисок ќе го намалите и со консумирање на три киви на ден. Научниците откриле дека луѓето кои јаделе киви имале понизок систолички крвен притисок (горниот број во исчитувањето на крвниот притисок кој открива како чука срцето) за разлика од оние кои за време на истото истражување јаделе јаболка.



Исто така, познато е дека кивите се богати со лутеин, што значи дека имаат и антиоксидативно дејство.

сподели на Facebook



Изменето од Valerija - 24.Мај.2012 во 08:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.