IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Идолопоклонички однос кон Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Идолопоклонички однос кон Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Идолопоклонички однос кон Библијата
    Испратена: 09.Април.2009 во 13:27
Пронајдов еден текст од еден отец на православната Црква, кој порано бил припадник на некоја од протестантските деноминации. Во оваа тема, ќе ставам одломки од текстот, и ќе се обидам да ги коментирам.

Целта на темава е да разграничиме употреба од злоупотреба на нештата, па колку и да се свети, како што е Светото Писмо, и како кон ова може да се гради идолопоклонички однос.

Па, да почнеме. Отецот во воведниот дел вели:

Цитирај
Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, го стекнував со сопствено читање на Библијата. Кога бев на колеџ, џебното издание на Светото Писмо ми беше постојан придружник. Омилените делови од Светото Писмо ги учев напамет, и си ги рецитирав кога бев во искушение, или на други, кога сакав да ги приближам до Христа.

Библијата за мене и до ден денес е најважната книга, некогаш објавена. Од сето свое срце со апостол Павле можам да кажам: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата“ (2. Тим. 3, 16).

Тоа се добри вести!

Лошите вести се во тоа што секогаш јас за себеси одредував што кажува Писмото. На пример, бев толку воодушевен знаејќи дека Исус е мој близок и личен пријател, па мислев дека мојата свест за Неговото присуство е сè што ми треба. Затоа ги подвлекував стиховите за Исус со својот жолт фломастер, но поминував покрај деловите за Бог Отец или за Црквата, или за крштевањето.


Значи, како размислувал отецот пред да стане православен. Тој сметал дека самиот тој е доволен за да биде црква. Се раководел самиот на патот до познанието, и мислел дека начинот на кој тој си го толкува писмото, е највистинскиот начин.

Тоа доаѓа оттаму што протестантските (и сличните ним) деноминации сметаат дека со самото тоа што поверувале, станале свети, дека се веќе спасени, очите им се отвориле, умот им се просветлил, а помислите им станале свети. Па, по оваа логика, тие сметаат дека се најблиски до Христа, и дека тоа што го читаат од Писмото, и си го толкуваат како сакаат е она највистинското.

Но, нивната светост многу лесно може да се провери, ако се види нивната реакција. Кога ќе им кажеш, ама јас не мислам баш така, јас поинаку мислам, тогаш ќе видиме дека таквиот кој до сега беше свет и просветлен, одеднаш избувнува и почнува да се расправа. Тоа пак ни кажува за лажното смирение, односно за потиснување на страстите, а не  нивно преобразување, и на крај, се гледа дека тие имале високо мислење за себе си. Па, малце ги чепнеш, веднаш се гледаат реакциите, односно се гледа дека сакаат да си го одбранат тоа високо мислење.

Да се разбереме, тоа не е нешто што е туѓо и кај православните. И кај нас го има тоа високо мислење за себеси, па еве, чепнете некој православен, ќе видите дали е свет или не, по неговата реакција. Меѓутоа, сепак има разлика. Православните знаат за своето високоумие, и тие сакаат да се избават од него, да се смират пред својот духовен отец (крајна цел е да се смируваат пред сите), и во рамките на послушанието, да го очистуваат срцето од страстите, а со тоа полека, високото мислење за себе си да го менуваат (тоа не е ништо друго, туку покајание), и да почнат за себе си да мислат дека се грешни (а таква е всушност и реалноста), и со прозби да го повикуваат Бога за помош (молење).

Значи, тоа е едната поента од воведниот дел. Високоумието. Другата поента е идолопоклонството кон Светото Писмо, односно како што протестантските деноминации го нарекуваат Библија, т.е. Книга, а себе си се сметаат за библичари, односно книжници. Но, за идолопоклонството кон Библијата ќе зборуваме малку подоцна, кога ќе ги видиме и другите размислувања на посочениот отец.

Најпрвин би сакал да размислиме за високоумието, односно себељубието, кое е заедничко за кој било човек, без разлика на која верска деноминација припаѓа.


Изменето од makarios - 09.Април.2009 во 13:32
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 03:11
Цитирај
Библијата ја гледав како небесен прирачник со упатства. Не мислев дека ми е потребна Црква, освен како место за нови пријателства, или да се научи нешто повеќе за Библијата, за да се биде уште подобар „направи сам“ христијанин. Почнав да мислам дека сиот свој живот, како и Црквата, ќе ги изградам со помош на Книгата. Сакам да кажам дека само Светото Писмо го сфатив најсериозно! Историјата на спасението ми беше јасна: Бог го пратил Својот Син, заедно со Него и Светиот Дух, тогаш се создал Новиот Завет за да ни го објасни спасувањето и на крајот се развила Црквата.

Блиску, можеби, но не и доволно блиску до вистината.

Да побрзам и да кажам дека Светото Писмо е она што сакал Бог да биде. Не е проблемот во Библијата. Проблемот е во начинот на кој јас ја индивидуализирав, субјективизирав во своите лични толкувања, од кои некои не се особено лоши, други пак, особено добри.

Значи, верниците од протестантските деноминации Светото Писмо го сметаат доволно само по себе за спасение. Тие сметаат дека не е потребна Црквата, и дека е возможно спасение и надвор од неа - доволно е само да го имаме прирачниот - Библијата!

На овој начин, овие верници ја занемаруваат соборната димензија на Црквата. А што вели Писмото за тоа:

„За да бидат сите едно, како што си Ти Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил“ (Јован 17, 21)

Црквата е соборна заради својата врска со Бог Отецот, со Христа и со Светиот Дух. Зборот соборност (или католичност) означува полнота на која ништо не и` недостасува. Само Бог е полна и потполна реалност; и само во Бога ништо не недостасува.

Нашиот личен молитвен подвиг, потврден во Светата Евхаристија, има соборно-космички димензии и ја засегнува целата Црква, се` создадено. Нашата правилна личносна заедница со Бога е неизбежен услов за градење на вистинска заедница со која било друга личност.

Еве што вели Владимир Лоски за соборноста во Црквата:
Цитирај
Каква би била Црквата, доколку би можеле да си претставиме една, света, апостолска, но не и соборна Црква?

Штом ќе го поставиме тоа прашање, веднаш можеме да ја видиме огромната празнина: таквата Црква би била Црква без Вистината, без точното познавање на податоците од Откровението, без свесното и непроменливо искуство на Божествените тајни.

Ако таа сепак го задржи своето единство, тоа би било единство на множество мненија (би било унија, а не едно), создадени од различни човечки култури и начини на мислења, единство коешто во својата основа ја има административната принуда или релативистичка едноличност.

Ако таа Црква, лишена од увереноста во вистината, би ја запазила светоста, тоа би била несвесна светост – некаков пат кон осветување без благодатно просветление.

Ако таа ја запази апостоличноста, тоа би била само слепа верност кон апстрактен принцип лишен од внатрешна смисла.

И така, ние православните, веруваме дека соборноста претставува неодвоиво својство на Црквата затоа што таа во себе ја има вистината. Може, дури, да се каже декак соборноста е квалитет на христијанската вистина.

А исто така, во овој дел, повторно се гледа застапеноста на високоумието, затоа што Светото писмо се субјективизира и индивидуализира, а високото мислење за себеси доаѓа оттаму што тие што така прават, сметаат дека тоа што го истолкувале е токму најпотребното, отфрлајќи притоа што кажале еден куп светители, кои Светото Писмо не само што го толкувале, туку и го посведочиле со своите дела, со својата смиреност, па дури и со својата крв, притоа секогаш повикувајќи се на други Отци (за да не паднат во прелест), или на апостолите или на Христос, запазувајќи го она што им било оставено во Предание.

Во Православната Црква, инстант духовноста не е позната како поим. Православниот верник кој чекори кон патот на Богопознанието, пролева многу капки пот, трпи навреди, исмевања, пролева многу солзи... макар сето тоа и аскетски, се става во послушание кон духовен отец, и постојано го призива Бога. Ова православниот верник го прави не заради  некаква награда, не заради тоа што Бог е суров, па мора така да се прави (небаре сме ние роботи), туку просто - заради љубовта кон Бога и ближните. А во вистинската љубов нема барање, туку само давање, себедавање и тоа до самозаборав.

Алгоритамското исполнување на зборовите од Писмото, односно гледањето на Библијата како единствен критериум за спасение, не е ништо друго, туку типичен идолопоклонски однос, каде што идолопоклоникот е целосно заробен од својот идол и прави така како што му е мило на идолот. Во идолопоклонството нема љубов, има заробеност. И многу исправно вели отецот - „уради сам“ прирачник! Такво е поимањето на верниците од протестантските (и ним сличните) деноминации за Светото Писмо.

Тоа е исто како некое дете во училиште самиот да си се поучи како да решава математика, притоа не барајќи помош од никого, затоа што, како што толкуваат протестантите - учебникот по математика е доволно разбирлив сам по себе. Но, како тоа дете би знаело да собере два едноцифрени броеви, кога истото тоа сеуште не го сфатил концептот на број, или пак операторот собирање? Та нели попрво тоа дете би се научило од преданието на своите родители: на земјата ќе се наредат две купчиња од ореви, секое купче го претставува бројот, за на крај кога двете купчиња ќе се стават на едно место - се добива збирот.

На овој начин се постигнува и соборност, и љубов, и жртва...


Изменето од makarios - 10.Април.2009 во 03:20
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 03:41
Добар осврт брате Макариос

Ме натера да размислам малку за гордостта.

Гордоста е сушта спротивност на Светиот Дух и со Него нема асплутно ништо. Гордоста е помрачување на умот или духовно слепило и сега се прашувам како е можно горд, односно слеп правилно да ја користи библијата ако некок кој е духовно просветлен не го упати. нели кога слеп ке води слеп и двајцата ке паднат во јама.
Тие духовно просветлени луге за Православната Црква се светите Отци, кои го поминале тој пат на очистување на срцето од страстите, просветлението на умот и обожувањето на целата личност. Тие се нашите авторитети кои тој нивни авторите го покажале на дело преку нивниот живот и биле носители и сведоци на Светиот Дух во себе.

А дека треба толкувачи сведочат и светите апостоли. Св ап. Петар сведочи дека списите на св.ап. Павле се тешки за разбирање и некои луге од незнаење ги испревртуваат и можат да и послужат за погибел па затоа треба и толклување ( намерно не користам буквални цитати туку парафрази за да не го сведочам и јас тој идилокпклонички пристап кон библијата) исто и св.ап. Павле кога се обратил најпрвин почол кај св.ап. Јаков, бидејки овој Бил Епископ на Јерусалим, за да му ја проверат верата)...


Е сега пак и друго нешто се прашувам. Која голема гордост покажуваме ние кои сме сеуште на првиотр степен од духовниот живот, горди, слепи, помрачени... кога ке се дрзнеме да се издигаме како афторитети да мафтаме со библијата како целата да ја имаме и носиме во срцето, а го порекнуваме и отфрламе па и злозбориме против тие авторитети на Црквата кои биле докажани и посведочено во тоа време...

И што е уште полошо, Светото Писмо си го прилагодуваме според нашите потреби, односно сфакања. Си вадеме цитати од контест и си креоме цитатчиња само она што ни е потребно...




Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
vaskapraska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vaskapraska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 09:39
Има многу идолопоклоници кон Библијата.

Ја ставаат на највисокото место во домот.

Ја целуваат.

И прават метании.

И палат дури и свеќи.

Ама не дај Боже да ја отворат. Тоа било голема клетва.

Страшна работа е тоа идолопоклонството кон Библијата.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 09:56
Во православните цркви, за време на нивните неделни богослужби (ткн. литургиии) постои и свечено влегување на евангелието, при што сите присутни ПОКЛОНУВАЈЌИ му се го БАКНУВААТ, а потоа свештеникот пее од него.
Пеењето исто така го сметам за идолопоклонство бидејќи не се става акцент на содржината на текстот, туку му се дава некое мелодично значење кое тоа ја немало во својата оригинална форма. (Небаре Исус од бродчињата и пеел на насобраната публика на бреговите на Галилејското езеро среќа)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 11:32
Тоа палање свеќи на светото писмо и слични дејанија постои само во твојот ум т.с во твојата престава за тоа какви се православните.
А види има уште еден работа,па има луѓе кои ја читаат библијата нон-стоп и знаат да цитираат на памет а пак не го исполнуваат тоа што пишува таму да се прави!
Е сега кој мислиш дека ќе има посеризоен проблем во неговиот духовен живот,оној кој не ја чита библијата или оној кој нон-стоп ја чита, но СЕЛЕКТИВНО!
А за тоа што евангелос го вели дека мелодијата ги замајувала верниците до толку што го заборааваат текстот, само ќе го потцетам да види како се изговараат молитвите во еврејската синагога па да видиме дали тоа пеење(или поточно рецитирање) го измислиле православните или си постоело уште во старозаветната црква.

<(Небаре Исус од бродчињата и пеел на насобраната публика на бреговите на Галилејското езеро>

А ја би додал небаре апостолите свиреле гитари у позадина како фон на проповедата.Уште и синтисајзер и хор може имало како што се прави во некои верски зедници кои се нарекуваат ткн."ептен Библиски" христијани.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 12:28
Цитирај
Не помина долго време, од моето преобратување во христијанство, кога сфатив дека сум се вплеткал во збрка на религиозно секташтво, во која христијаните се делат по едно или друго прашање. На пример, изгледаше дека за Второто Христово доаѓање има толку мислења колку што има луѓе кои учествуваат во дискусијата. Затоа сите се повикувавме на Писмото. „Јас верувам во Библијата. Ако тоа го нема во Библијата, не верувам во тоа“, беше мојот борбен вик. Тоа што не го сфатив е дека и сите други го зборуваат истото што и јас! Не беше Библијата, туку личното толкување на секого од нас, тоа што станало наш најголем авторитет. Во времето кога силно се нагласуваат мислењето и самодовербата постанував самиот свој папа!

Отецот овдека можеби и најотворено зборува за неправилниот однос на протестантите и сличните ним деноминации кон Светото Писмо.
Самоувереноста, вели, до толку може да го ослепи човекот што може да си постане папа сам на себе. Да појасниме дека римокатолиците сметаат дека учењето на папата е непогрешливо. Тој е ВД претставник на Господ овде на земјата. Па, истото мислење за себеси го имаат и протестантите. Како пример ќе го посочам Велс, како што велеше архимандрит Данаил од Велс за историјата на Црквата во Велс:
Велшаните од православие отпаднале во римокатолици, но набргу потоа ја увиделе суровоста на таа вера, па реформаторски преминале во некја од протестантските деноминации.
Но, луѓето од својата преголема самоуверена ревност, мислеле дека она што тие го кажуваат е највистински, непогрешливо. Дека Христос ним лично им се јавил, и им го потврдил она што тие го толкуваат. Лични другарчиња се со Него, па не може, нема шанси да толкуваат погрешно (вакво размислување имал и Ариј). Од тоа нивно високоумие, тие почнале да се препираат, па почнале да се делат меѓусебе, и секоја една група почнала да си формира своја црква, обвинувајќи ги другите за еретици. Последица од сето тоа - денеска Велс е обезбожена нација, никој не оди на црква, и христијанството го сметаат за традиција, а не за Вистина. А зошто се обезбожиле? Едноставно - нема соборност, нема љубов...

Ако се присетиме, истото се случуваше и со баптистите, кога Томас Хелвис се одделил од Џон Смит, и го обвинил за ерес. Тоа се случило во самиот зародиш на баптизмот.

Каде ја гледаме соборната димензија овде? Каде овдека можеме да ја препознаеме љубовта во Христос? Овдека може да се види само следење на сопствената интуиција, како јас си го замислувам Христос, и Неговото учење.


Изменето од makarios - 10.Април.2009 во 12:30
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 20:01
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


А за тоа што евангелос го вели дека мелодијата ги замајувала верниците до толку што го заборааваат текстот, само ќе го потцетам да види како се изговараат молитвите во еврејската синагога па да видиме дали тоа пеење(или поточно рецитирање) го измислиле православните или си постоело уште во старозаветната црква.
 
Повеќето псалми се песни и затоа нормално е песните да се пеат. Тие се пееле во старозаветните синагоги, тие се пеат и во денешните синагоги.
Она што НЕ Е НОРМАЛНО е да се пее на пример беседата на Христос на гората на блаженствата (Ев. Матеј 5,6 и 7) каде што Христос проповедал јасно и гласно, а не пеел како што тоа го прават денешните православни свештеници кога читаат од евангелието за време на литургиите. Ете за тоа идолопоклонство зборував јас.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 21:19
лака логика, нема што.

Баш спотивното.

Тоа што го тврдиш ти е еден вид на идолопоклонство. Неразумно поклонување на она што е во библијата.

Не значи дека ако Исус Христос и апостолите не пееле дека и ние не смееме да создаваме мелодија од нивните зборови а ид друга страна самите ние да смее да си пишуваме и компонираме песнички само затоа што не се од Светото Писмо...

нели е ова малку нелогично?

Тоа е создавање на идолопоклонички или робски однос кон библијата.


Изменето од Опитен - 10.Април.2009 во 21:22
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 21:58
Во православието Библијата се нарекува и "пишана икона". Ова е уште еден доказ дека кон него не се пристапува како нешто што треба да биде читано, разбрано и применето, туку како нешто кон што треба да се иконопоклонуваме, да го целиваме, да му вршиме метании, да го пееме и сл.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 03:46
Bi ve zamolil da diskutirate za temata, a ne za chlenovite koi zemaat uchestvo vo nea. Restriktirajte se od psihoanalizi, etiketiranja i potsmevanja. Ova e forum za veroispoved.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 11:59
Мислам дека поповите пеат, за да не ги разбере некој што испеале. Оти, ако разберат, им отиде бизнисот.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 12:46
Начелото што ме раководеше и што го користев при толкувањето на Светото Писмо изгледаше многу едноставно, кога е очигледно здраворазумското значење на Писмото, немој да бараш никакво друго значење! Верував дека оние кои се вистински доследни и чесни во следењето на ова начело мора да дојдат во христијанско единство. За мое изненадување, овој „здраворазумски“ пристап не водеше до зголемување на христијанската јасност и единство, туку пред сè, до духовна „борба на сите против сите“. Тие кои најсилно нагласуваа дека се потпираат „само на Библијата“ беа склони да станат најизвештачени, најсклони кон поделби, најкавгаџии меѓу христијаните - можеби ненамерно. Навистина, ми изгледаше дека некој колку повеќе се држи до Библијата, како единствен извор на духовен авторитет, тој сè повеќе станува извештачен и склон кон секташење. Вообичаено ни беше жестоко да се караме дури и околу стиховите за љубовта!

Во рамките на мојот кружок на другари кои веруваат во Библијата, бев сведок на мини експлозии на секти и шизматички движења, од кои секој тврдеше дека е „верен единствено на Библијата“ и секој беше во огорчен судир со сите други. Сериозни судири се јавуваа околу било што, што може да се замисли: харизматичните дарови, пророштвата и исправниот начин на богослужење, причестувањето, управувањето со Црквата, учењето, црковната дисциплина, моралот, одговорноста, евангелизирањето, општественото делување, односите меѓу верата и делата, улогата на жената, екуменизмот. Списокот е бескраен. Било кое прашање можеше, и сè уште ги доведува христијаните до поделби. Плод на секташкиот дух е јавувањето на илјадници независни цркви и деноминации.

----------------

Овој дел, отецот ни дава јасна слика за идолопоклонството. Идолопоклоникот му служи само на својот идол. Тој има робовски однос со идолот, дури и уште полош однос... опседнатост, нездраворазумско расудување, нечисто срце, злоба, и склоност кон расправии спрема секој кој не се поклонува на неговиот идол.

Ако се има ваков пристап спрема Светото Писмо, резултатите се исти: идолатрија - наместо да му се поклонуваме на Христос - би се поклонувале на Библијата. Наместо Христос Распнатиот, а потоа и Воскреснатиот да ни биде критериум - критериум ни станува Светото Писмо. Целосно промашен концепт. И навистина, ако погледнеме во западната цивилизација, каде што преовладува протестантското општество, ќе ја видиме таа лоша интерпретација: илјадници деноминации, помеѓу себе гледаат со недоверба и омраза, се жестат на се`, а поради толкавото отсуство на љубов - пополека почнува човекот и да се обезбожува - за на крај сосема да го отфрли Бог, а наместо Него, за свое божество да ја има својата суета, својата емоција и својата интуиција.

Таквиот човек повеќе не се раководи според Светото Писмо, ниту се труди да го живее животот во Христа, но се води според сопствената интерпретација на Светото Писмо - онака како што тој самиот си замислува дека е исправно, на тој начин постанувајќи си сам себе црква, и сметајќи се за доволна црква.. па.. не мора да има и други луѓе тука.

Светото Писмо не е лектира која треба да ја изучуваме напамет. Светото Писмо треба да го сведочиме секојдневно, па ако треба и маченички. Светото Писмо е извор на свети догми само во онаа смисла, облик и содржина кои ни се предадени од Господ Исус Христос, и светите апостоли, а тоа е зачувано непроменето единствено во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Секташтвото кај протестантите не се користи како термин за навреда - туку за да се опише нивната падната состојба: гледаат со недоверба кон секого кој не мисли како нив; се расправаат во недогледни и бесплодни расправии; се затвараат за сите заборавајќи ја втората Божја заповед - а лека полека се потиснува и првата, затоа што едната без другата не може. Исто како што Крстот Христов има и хоризонтала и вертикала, така и овие две заповеди - хоризонталата е личносен и здрав однос и љубов кон сите луѓе, а вертикалата е синовски, личносен и здрав однос и љубов кон Бога.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 13:10
Што вели Свети Јустин Ќелиски за робовскиот однос кон Светото Писмо:

Да се чува Божјото Свето Писмо во неговата божествена полнота и чистота, и непогрешно да се толкува неговата божествена вистина, може само Црквата Христова, која живее, мисли, се движи и е со Духот Свети. Свети Иполит вели: „Единствено духот на Црквата може и е раководител во чувањето и толкувањето на Светото Писмо.“

Во толкувањето на Светото Писмо, како божествен извор на догматите, не може да биде критериум и мерило ништо човечко. Никој од луѓето, затоа што сите создадени,  ограничени, огрешени; а вистината на Светото Писмо е севечна, себезгранична и сесвета. Ништо човечко - затоа што се што е човечко е релативно, огревовено; а вистината на Светото Писмо е сеапсолутно, бескрајно и безгрешно.

Некои сметаат дека раководство во толкувањето на Светото Писмо може да биде САМО Светото Писмо. Но и ова поимање е обременето со погубни последици. Затоа што, Светото Писмо не е живо суштество, за да ги слуша нашите прашања, недоумија и да одговара на нив. Да се зема Светото Писмо како раководител во толкувањето на самото тоа, во суштина значи - посредно да се земе за раководител својот сопствен разум, којшто човекот по своето знаење, поврзува и спојува одредени делови од Светото Писмо со други, и на тој начин ги објаснува.

Но, при таквото начело за раководење во толкувањето на Светото Писмо, доаѓаме до заклучок дека толкувањето на Светото Писмо е толкаво, колку што има и луѓе кои го толкуваат. Овој метод на контекстуално толкување може да биде и доста корисен, но не во неговото рационалистичко издание, туку исклучиво под раководство на Црквата, како непогрешив раководител низ сите длабочини и висини на вечната божествена вистина на Светото Писмо.

Без благодатното раководство на Црквата, ништо не е полесно на човекот од тоа - да залута во душепогубна заблуда (прелест) при толкувањето на вистината за Светото Божјо Откровение.
Тоа е својствено кај сите еретици, затоа што земајќи се самите себеси за раководители, паѓаат во бездната на своите мечти и гинат во своите трулежни мисли.

Не е доволно само да се повикуваме на Светото Писмо, туку треба да се повикуваме на Писмото преку Црквата и со Црквата. Свети Илариј (изворен христијанин) вели: „Нема еретик, кој не се повикува на Светото Писмо, но повикувајќи се на него, еретиците всушност го вреѓат и го хулат.“
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.