|
Откриени се бактерии високо во Земјината атмосфера |
Внеси реплика |
Автор | |||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 27.Март.2009 во 01:09 |
||
Индиската
Вселенска Истражувачка Организација (ISRO) во последно време е доста
активна. Како што Индија индустриски и финансиски се повеќе расте, така
и агенцијата станува се поактивна и помоќна.
Минатата година Индија ја испрати својата прва сонда кон Месечината која заврши со контролирано уривање на нејзината површина. Сега агенцијата излезе и со тврдење за уште поголемо и повозбудливо откритие кое можеби ќе ја предизвика перцепцијата и размислувањето на луѓето за екстратерестријалниот живот. Индија тврди дека пронашла три различни видови на бактерии кои живеат во многу тенок слој од ретката горна атмосфера, на висина од 40 km над површината на Земјата. Многу научници ги сметаат овие бактерии за екстратерестријални поради тоа што живеат во такви сурови услови и на толку големо растојание од површината. Доколку ова откритие се потврди, тоа ќе означи нова ера во проучувањето на живот во екстремни услови. Бактериските колонии мора да се способни за опстојување во многу сурови услови. Ултравиолетовите зрачења на толкава висина и вон атмосферскиот заштитен слој, се доволно силни за да уништат било какви бактерии, а згора на сè, тие мора да се справуваат со екстремни температури, ретката концентрација на воздушни честички и недостаток на органски материи. Сега се развиваат широки дебати за потеклото и структурата на бактериите. Некои научници сметаат дека тие потекнуваат од Земјата, но биле исфрлени во атмосферата преку вулкански ерупции или на други начини, додека пак други сметаат дека тие потекнуваат од Вселената. Првиот откриени тип на бактерии е наречен Bacillus Isronensis, во чест на ISRO, вториот тип е наречен Bacillus Aryabhata, во чест на античкиот Индиски астроном Ариабата, додека третиот вид е наречен Janibacter Hoylei во чест на астрофизичарот Фред Хојл. Бактериите беа откриени со помош на научните инструменти на истражувачки балон на ISRO за мерења на големи височини, лансиран од Националната фабрика за балони во Хајдерабад. 459 kg тешкиот балон почнал да собира примероци на висина од 20 km па се до висина од 41 km, каде што отпирила и биле откриене бактериите. Анализите од примероците беа вршени во Центарот за клеточна и молекуларна биологија и Националниот центар за клеточна наука (NCCS) во Хајдерабад.
Најавата за ова откритие не е првото вакво тврдење од една вселенска организација за екстратерестријален живот. На почетокот на годинава, NASA најави знаци за постоење на живот на Марс кога лендерот Феникс откри дека Марсовата атмосфера содржи значајни количини на метан. На Земјата, главниот извор на метанот се живите организми. Со откритијата од ваков тип, секако дека не е надвор од реалноста да се размислува за можноста бактерии да постојат и живеат на место како што е Марс, иако неговата хемија е премногу екстремна за поголемиот број на животни форми на Земјата. А.Д. www.tehnologija.com.mk ___________________________________________________________ Dali ova znaci deka sepak moze ima Marsovci |
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ако бактериите се сметаат за марсовци...... можеби и има.... кој знае
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
pa sega... ako pod marsovec podrazbiras oblik na zivot (ziv organizam), togas da bakterija moze da e marsovec... ... a ako ocekuvas zeleno isuseno covece so golemi oci... za to ke pocekame
|
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ne se znae
|
|||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тууу а нешто се открие десетина километри над површината на Земјата и одма луѓево марсовци, вонземјани, чуда А У. Дај оладете малку. Пред некое време така открија метан на Марс и одма по медиумите А У А У откривме живот на Марс, марсовци бегајтеееее
Кој знае, на крај може да се испостави дека тој метан бил од прдежите на астронаутите се шалам... но сепак, од метан до живот, од магаре до музика.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
traktorce
Сениор Brm Brmm Регистриран: 19.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Na 40km ... hm... Se e mozno... nekoj poprost oblik na zivot...
Изменето од traktorce - 27.Март.2009 во 21:59 |
|||
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
|
|||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
па, и животот на Земјата настанал од такви прости форми... можно е тоа да се случува и на другите планети само ќе биде мноооогу долг процес, кој не верувам да го доживеам
|
|||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |