Индиската
Вселенска Истражувачка Организација (ISRO) во последно време е доста
активна. Како што Индија индустриски и финансиски се повеќе расте, така
и агенцијата станува се поактивна и помоќна. Минатата година http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=1637 - Индија ја испрати својата прва сонда кон Месечината
која заврши со контролирано уривање на нејзината површина. Сега
агенцијата излезе и со тврдење за уште поголемо и повозбудливо откритие
кое можеби ќе ја предизвика перцепцијата и размислувањето на луѓето за
екстратерестријалниот живот. Индија тврди дека пронашла три различни
видови на бактерии кои живеат во многу тенок слој од ретката горна
атмосфера, на висина од 40 km над површината на Земјата. Многу научници
ги сметаат овие бактерии за екстратерестријални поради тоа што живеат
во такви сурови услови и на толку големо растојание од површината.
Доколку ова откритие се потврди, тоа ќе означи нова ера во проучувањето
на живот во екстремни услови. Бактериските колонии мора да се
способни за опстојување во многу сурови услови. Ултравиолетовите
зрачења на толкава висина и вон атмосферскиот заштитен слој, се доволно
силни за да уништат било какви бактерии, а згора на сè, тие мора да се
справуваат со екстремни температури, ретката концентрација на воздушни
честички и недостаток на органски материи. Сега се развиваат
широки дебати за потеклото и структурата на бактериите. Некои научници
сметаат дека тие потекнуваат од Земјата, но биле исфрлени во
атмосферата преку вулкански ерупции или на други начини, додека пак
други сметаат дека тие потекнуваат од Вселената. Првиот откриени
тип на бактерии е наречен Bacillus Isronensis, во чест на ISRO, вториот
тип е наречен Bacillus Aryabhata, во чест на античкиот Индиски астроном
Ариабата, додека третиот вид е наречен Janibacter Hoylei во чест на
астрофизичарот Фред Хојл. Бактериите беа откриени со помош на
научните инструменти на истражувачки балон на ISRO за мерења на големи
височини, лансиран од Националната фабрика за балони во Хајдерабад. 459
kg тешкиот балон почнал да собира примероци на висина од 20 km па се до
висина од 41 km, каде што отпирила и биле откриене бактериите.
Анализите од примероците беа вршени во Центарот за клеточна и
молекуларна биологија и Националниот центар за клеточна наука (NCCS) во
Хајдерабад.
|
Балонот на ISRO со чија помош беа откриени бактериите.
|
|
Најавата
за ова откритие не е првото вакво тврдење од една вселенска
организација за екстратерестријален живот. На почетокот на годинава, http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=1703 - NASA најави знаци за постоење на живот на Марс
кога лендерот Феникс откри дека Марсовата атмосфера содржи значајни
количини на метан. На Земјата, главниот извор на метанот се живите
организми. Со откритијата од ваков тип, секако дека не е надвор
од реалноста да се размислува за можноста бактерии да постојат и живеат
на место како што е Марс, иако неговата хемија е премногу екстремна за
поголемиот број на животни форми на Земјата.
А.Д. www.tehnologija.com.mk
___________________________________________________________ Dali ova znaci deka sepak moze ima Marsovci
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|