IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Методија Андонов -Ченто
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Методија Андонов -Ченто

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Методија Андонов -Ченто
    Испратена: 24.Март.2009 во 12:30
Животот и делото на Методија Андонов-Ченто
 
 
Животот и делото на Методија Андонов - Ченто
неколку децении претставуваа табу-тема на македонските простори.
Но, народот не дозволи од нашата историја да се избрише името на овој достоен борец за македонската кауза, а во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов-Ченто, беше обновен судскиот процес за него и обвинувањата беа повлечени, односно падна пресудата од монтираниот судски процес.
Прилепската чаршија беше вистинското место каде што се осознаваше историјата на македонскиот народ и каде што се кроеја плановите за неговата иднина. Во таа чаршија одрасна и Методија Андонов - Ченто, како чирак и калфа, но и како сопственик на своја трговска фирма со алкохолни пијалаци и колонијална стока.
Методија Андонов - Ченто е роден на 17. 8. 1902 година, во предвечерието на славното Илинденско востание,во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син,Илија Андонов-Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко. 
Младешките денови ги минал во својот роден град Прилеп.
Ги преживеал сите тешкотии и неправди низ кои мина целиот македонски народ, како последица на ропствата, кои се заменуваа едно со друго, соседите ја присвојуваа и ја делеа македонската земја.
За жал, долго време на македонските простори се правеше сè за да не се знае историјата на македонскиот народ.
Но, помнењето никој не може да го избрише и кога и да е таа ќе биде напишана токму таква каква што била.
Од сè ова не беа поштедени ниту животот и делото на Методија Андонов - Ченто, со единстве- на цел да се стави во заборав неговиот придонес за исполнување на исконските желби на македонскиот народ: да живее обединет, самостојно и во добри односи со сите соседни народи.

Чентовото дело не смее да се заборави.
Тоа беше причина неговиот  син Илија Андонов-Ченто да го напише во биографија животниот пат и идеалите на овој голем Македонец.
ЖИВОТЕН ПАТ
По сеќавањето на неговиот син,Ченто низ разговор со своето семејство ги објаснил многу сликовито причините за неговото затворање и неправедно монтиран судски процес
"Ќе ви кажам зошто сум се залагал и зошто дотерав дотаму да одлежам затвор цели девет години и педесет дена, ниту крив ниту должен.
Вие сте сега големи, можете сè тоа да го разберете и должни сте да го знаете.
Покрај мене и вие страдавте заедно со мајка ви.
Дали ќе ми забележите или не, вие сами ќе си оцените.
Но, едно треба да знаете,
дека секогаш треба да ја почитувате мајка ви и да бидете благодарни што успеа, со многу маки, да ве истера на некој пат.
Јас сакав да имате многу повеќе од она што го имавте, и не само вие, туку и сите ваши врсници, затоа што за вас, откако се родивте, имаше секогаш повеќе отколку за многу други.
Многу пати ви ускратував, оти како деца не можевте да ги разберите сите работи. Тоа го правев за ваше добро, затоа што како дете имав многу тежок живот, и не
сакав таков живот да има било кое дете", се потсетува Илија на зборовите на својот татко и додава:
"Никој од нас, никогаш не му забележи што беше многу малку со нас. Напротив, секогаш бевме и сме горди со него, заради неговото дело".

Учејќи ја историјата на својот народ во прилепската чаршија, а потоа и од спомените на учесниците во Илинденското востание, среќавајќи се со некои од нив и во емиграција, во Софија, патувајќи низ другите делови од Југославија и посетувајќи ја Грција, Методија Андонов - Ченто, на почетокот на триесеттите години, го потврдил своето сознание за националната припадност, односно дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, а уште помалку Грци, иако им се поделени на нивните држави, кои се обидувале да ги асимилираат.

Тој се вклучил во борбата за националните права на македонскиот народ, уверен дека до нив може да се дојде по мирен пат.
Ченто заклучил дека до Балканските војни македонскиот народ требало да се бори за ослободување од Отоманското ропство, а по тоа и за обединување.
Според него, по Првата светска војна, а особено по Грчко-турската војна, Македонија била поделена на четири дела: Вардарска, Егејска, Пиринска и четвртата - Емигрантска, чии маки ги сознал при посетата на Софија во 1935 година.

Политичка активност пред втора светска војна

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената Опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп 1940, за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 -1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. Неколкуте вакви негови изјави, биле рапортирани во Белград и биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

"По Илинденските демонстрации во 1940 година - раскажува Илија - заради одржаниот говор на Шаторов Камен, Ченто бил затворен и задржан во затвор три месеци, под обвинение дека е главен организатор на демонстрациите.
На родителскиот состанок во прилепската гимназија на 8 декември 1940 година, веднаш по враќањето од затворот, на барањето на директорот на гимназијата, учениците да зборуваат и дома, и на улица и во гимназијата само на српски јазик, одговорил на македонски:
'Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца.
Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик. Ниту ние им забрануваме, ниту некој друг може да им забрани на српските деца, кои се дојдени во Прилеп, да зборуваат на нивниот мајчин српски јазик.
Не им браниме да бидат Срби, но нашите деца нека останат Македонци.
Ако овој политички поредок не ни ги дава нашите политички и национални права за самостојност, ќе дојде ден, во една федеративна држава, кога оваа земја нема да се вика Јужна Србија, туку Македонија и ќе биде самостојна држава.
Уште на состанокот бил физички нападнат од полицискиот писар Матиќ. Веднаш потоа - се потсетува Илија - неговиот татко Ченто бил затворен, а на почетокот на јануари 1941 година бил интерниран во Бајина Башта.

Подоцна бил обвинет како петтоколонаш и осуден на смрт од Прекиот воен суд, но на интервенција на видните граѓани на Бајина Башта, бил спасен во последен момент, пред построениот вод за егзекуција".

 По нападот на Германија против Советскиот Сојуз, кога на Петровден комунистите растуриле летоци, Ченто бил првиот затвореник на новодојдената бугарска полиција во Прилеп, а по него биле затворени Никола и Благоја Поповски и Аспарух, братот на Кузман Јосифовски-Питу. Го пуштиле по неколку дена, но постојано бил под надзор на будното око на полицијата.

Антифашизам
 
Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол воПрилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти на крајот од 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а веднаш по враќањето го испратиле во работниот логор во потоа во логорот "Чучулигово“, Петричко(Пиринска Македонија), каде што многумината интернирани и образовани Бугари ги убедил дека Македонците не се Бугари.
Есента 1943 година во септември месец и по испратеното писмо од Главниот Штаб на НОВ иПОМ на 21 август 1943 , по разговорите со Кузман Јосифовски - Питу, Ченто заминал на ослободената територија во Дебарца, каде што станал член на Главниот штаб на НОБ и претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено Скопје, 1944 год.
Основање на новата Македонска Држава

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија,Тито(не е потврдено), кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски

СУДИР

Ченто влегол во судир со Светозар Вукмановиќ - Темпо, кој кога партизаните биле притиснати од германската војска и од балистите, инсистирал да се повлечат кон Косово и Санџак, а Ченто му одговорил:
"Таму не е Македонија!
Ако треба да се повлечеме, тогаш ќе се повлечеме во Егејска и Пиринска Македонија, кои се делови од Македонија и каде што живеат Македонци, кои треба да се вклучат во ослободувањето и во обединувањето на Македонија".

"Во април и на почетокот на мај 1944 година, на седниците на Иницијативниот одбор - раскажува Илија - Методија Андонов - Ченто се залагаше делегацијата, која требало да оди кај Националниот комитет за ослободување на Југославија, да го истакне правото и барањето на македонскиот народ за обединување, како и за повикување на видните емигрирани Македонци да се приклучат во борбата за создавање македонска држава.
Делегацијата составена од Методија Андонов - Ченто, Емануел-Мане Чучков и Кирил Петрушев, барала Националниот комитет да делува кај сојузниците да се постави главниот проблем на македонската борба - прашањето за целосна обединета Македонија.
Тие определби се внесени и во одлуките на Првото заседание на АСНОМ, на Илинден 1944 година, кое го отворил најстариот пратеник Панко Брашнаров".

Желбата на македонскиот народ сам да си ја создава својата држава се гледа и од тоа кога Методија Андонов - Ченто, пред заседанието, на Темпо, кој рекол дека Иницијативниот одбор "мора" да го кооптира анонимниот Видоје Смилевиќ (се однесува на Видое Смилевски-Бато), му рекол:
"Дали мораме или не мораме, тоа е работа на Иницијативниот одбор. Ти можеш да присуствуваш на нашиве заседанија, но не можеш да ни кажуваш што 'мораме' да правиме.
Ние не сме деца, па постојано некој да ни кажува што 'мораме' и што треба да
правиме.
Како делегација, на Вис се договоривме, во Националниот комитет, како да го одржиме заседанието и ние знаеме што е најдобро за Македонија.
Со тоа и Тито се согласи.
Затоа, те молам, да не се мешаш многу во работата на Иницијативниот одбор, без да бидеш прашан".
Темпо излегол, но веднаш побарал да се состави партиска комисија, на чело со Видоје Смилевски да го осуди непартиецот Ченто.

При формулацијата на Манифестот се воделе жестоки дискусии. На инсистирање на Ченто било запишано и објавено:
"Тргнувајќи од вековните идеали на македонскиот народ, Првото македонско народно собрание ја прокламира, пред целиот свет, својата праведна и неотстапна желба за обединување на целиот македонски народ.
Со тоа ќе се стави крај на ропството во сите делови на македонската земја и ќе се создадат услови за искрена солидарност и мир меѓу балканските народи.
И натаму АСНОМ станува и останува единствен носител на народниот суверенитет на првата македонска држава.
Правото на македонскиот народ оди до самоопределување, отцепување и присоединување со други народи".

Но, за жал, сите тие желби и прокламации постепено се напуштиле затоа што не биле во интерес на Комунистичката партија на Југославија, и на верните извршители на таа политика во Македонија, кои почнале да го менуваат текот на настаните, со силата на оружјето, и тоа уште на Второто заседание на АСНОМ, на крајот на декември 1944 година.
Тогаш, на местото на Панко Брашнаров, познат народен трибун, за прв потпретседател на Президиумот го поставиле Лазар Колишевски.
Синот Илија нè потсетува и дека за прашањето каде да оди македонската војска:
на Солун или на Срем, Ченто и неговите истомисленици се нашле во дилема - дали треба да се ризикува влегувањето во Солун со можен воен судир со единици од Британската армија, сличен на оној кој се случил кога таа ја бомбардирала Атина од своите бродови и со авиони.
Заклучокот бил дека еден таков судир со сојузничка армија, би бил контрапродуктивен на идејата за обединување на Македонија, затоа што Англија била голем противник на менувањето на границите и поборник за враќање на кралот во Грција и кралот во Југославија.
Ченто длабоко верувал во реализацијата на одлуките на АСНОМ.

 

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

По жестоките критики на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, Ченто поднел оставка на сите функции и се вратил во Прилеп (март 1946 година), со единствена надеж во Мировната конференција во Париз, закажана за есента 1946 година, затоа што сакал да остане доследен на принципите од договорот на Вис и на одлуките на АСНОМ, и затоа што не сакал да "си го врати часовникот назад", како што му било препорачано од генералниот секретар на Главниот одбор на Народниот фронт и на Централниот комитет на Комунистичката партија.
Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а пред суд е изведен на 19 ноември. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор.
За Намерата, а не обидот за илегално емигрирање, при испитувањата ги објаснил вака:
"Се интересирам за обединувањето на македонскиот народ и тоа може правилно да се реши, ако биде признаено, на прво место од големите сили.
Сега засега е признаено од Советскиот Сојуз, а треба да биде признаено и од Америка и Англија.
Само при таква согласност можеме да се надеваме дека македонското прашање, односно обединувањето на македонскиот народ може да биде правилно решено…".

Понатаму изјавил:
"Времето на вооружена борба помина. Сега сите спорни прашања треба да се решаваат со разум. Мене, македонското прашање, ме интересира како и секој Македонец, и сè што би можел би сторил за обединувањето на Македонија и доброто на македонскиот народ, било да сум во Македонија, било да сум надвор од Македонија.

Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг кон својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на Македонија на три дела во 1912 година. Заради тоа доколку решев и успеев да се префрлам во Америка, и ако ми се дадеше можност, тој свој политички став и јавно би го изнел, пред Обединетите нации и Мировната конференција, со цел да придонесам за обединувањето на македонскиот народ".

Потоа, додал:"Сметам дека обединувањето на Македонија може да биде по мирен пат.
Јас лично не сакам повеќе ни една капка крв да се пролева за Македонијаатворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара одТито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.
 


"Во ноември 1946 година - објаснува Илија - се одржа судење по сценарио на Видое Смилевски-Бато, во кое обвинението го читаше Благоја Попоски и му судеа Коле Чашуле и Лазар Мојсов, заедно со Панта Марина.
Беше осуден на 11 години затвор со присилна работа и потоа 5 години губење на граѓанските и политичките права.
Во затворот остана 9 години и 50 дена, од кои 59 месеци во потполна изолација.
Во затворот боледуваше од хронична анемија, му беше ускратувана лекарска помош и како последица на тоа се разболе од рак на желудникот и почина на 24 јули 1957 година, кога неговиот град, и покрај сите забрани од Комунистичката партија, достојно го испрати до вечниот дом.
Во 1990 година, по мое барање, беше обновен судскиот процес и неправедната пресуда од 1946 година беше укината, бидејќи обвинителот го повлече неодржливото обвинение".


Споменикот на Методија Андонов - Ченто во центарот на Прилеп

Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, беше обновен судскиот процес за Методија Андонов - Ченто и на 22 октомври по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.

Денес во Македонија постојат негови споменици во центарот на неговиот роден град Прилеп и во скопската населба Методија Андонов - Ченто именувана по него во 1991 година.

Следните клипови се сведоштва на неговите најблиски и пријатели.
 
 
 
 
 
 
 
Вечна нека му е слава на Методија Андонов-Ченто
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 


Изменето од fiks - 24.Март.2009 во 13:11
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 12:46
Една работа за Ченто која не/намерно се изостава постојано - тој бил политички активен уште пред втората светска војна,добар показател е неговото кандидирање за пратеник но не се пишува дека и зад кандидатурата и зад протестите на кои бил уапсен 1940 год. стои Илинденската Организација - Ченто уште од рани години е активист во Илинденската Организација која делувала во Македонија - мора да биде јасно дека Ченто по свое политичко убедување не бил комунист туку национал-социјалист како што била и неговата организација(Илинденска Организација)голема%20насмевка
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 13:15
Точно така Буги,долги години е активист на Илинденската Организација пред војната а потоа како социјалист и се приклучува во НОБ и после разговорите со Кузман Јосифовски -Питу.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 18:24
Originally posted by fiks fiks напиша:

... На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

Според мене, овој настан, оваа средба е пресудниот момент за историјата на Македонија, за нејзиното обединување.

Originally posted by fiks fiks напиша:

...Како делегација, на Вис се договоривме, во Националниот комитет, како да го одржиме заседанието и ние знаеме што е најдобро за Македонија.

Со тоа и Тито се согласи...

Има ли некакви записи, дали се знае што конкретно се договориле Тито и Ченто? Веројатно тој договор не е само за тоа како (технички) да се одржи заседанието на АСНОМ. Мора да имало нешто по суштествено.

Мислам дека овде Тито вешто го издриблал Ченто. Дали дипломатски го „откачил“, велејќи му дека начелно се согласува, но дека сега не е време? Којзнае, можеби и му се заканил?! А, можеби и отворено му ја објаснил реалната меѓународна политичка ситуација и интересите на големите сили, поконкретно за нивниот интерес во однос на Македонија vs. Грција! Којзнае, можеби затоа Ченто, согледувајќи ја опасноста од таквата политичка констелација,  се „помирува“ со можноста за остварување на вековниот идеал. Токму следниов цитат го потврдува тоа:

Originally posted by fiks fiks напиша:

... на Солун или на Срем, Ченто и неговите истомисленици се нашле во дилема - дали треба да се ризикува влегувањето во Солун со можен воен судир со единици од Британската армија, сличен на оној кој се случил кога таа ја бомбардирала Атина од своите бродови и со авиони.
Заклучокот бил дека еден таков судир со сојузничка армија, би бил контрапродуктивен на идејата за обединување на Македонија, затоа што Англија била голем противник на менувањето на границите и поборник за враќање на кралот во Грција и кралот во Југославија....

Има уште многу неоткриени, многу нејасни и неверодостојно искажани работи од тој период...


Р.Ѕ. Дали некој знае од каде му е прекарот Ченто и што означува? Освен на италијански ченто=100 не ми текнува другоне%20знам

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 18:38
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

...Како делегација, на Вис се договоривме, во Националниот комитет, како да го одржиме заседанието и ние знаеме што е најдобро за Македонија.

Со тоа и Тито се согласи...

Има ли некакви записи, дали се знае што конкретно се договориле Тито и Ченто? Веројатно тој договор не е само за тоа како (технички) да се одржи заседанието на АСНОМ. Мора да имало нешто по суштествено.





ПА самото заседание е доволно добар сведок за решителноста на Ченто - во декларацијата на првото заседание на АСНОМ убаво стои дека Македонија ке се бори до обединување на нејзините поробени територии а во тој контекст е прикажана и самата карта на Обединета Македонија - затоа и присуствуваат на самото заседание Команданти на одреди од Пиринска,Егејска и Вардарска Македонија.



Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Мислам дека овде Тито вешто го издриблал Ченто. Дали дипломатски го „откачил“, велејќи му дека начелно се согласува, но дека сега не е време? Којзнае, можеби и му се заканил?! А, можеби и отворено му ја објаснил реалната меѓународна политичка ситуација и интересите на големите сили, поконкретно за нивниот интерес во однос на Македонија vs. Грција! Којзнае, можеби затоа Ченто, согледувајќи ја опасноста од таквата политичка констелација,  се „помирува“ со можноста за остварување на вековниот идеал. Токму следниов цитат го потврдува тоа:

... на Солун или на Срем, Ченто и неговите истомисленици се нашле во дилема - дали треба да се ризикува влегувањето во Солун со можен воен судир со единици од Британската армија, сличен на оној кој се случил кога таа ја бомбардирала Атина од своите бродови и со авиони.
Заклучокот бил дека еден таков судир со сојузничка армија, би бил контрапродуктивен на идејата за обединување на Македонија, затоа што Англија била голем противник на менувањето на границите и поборник за враќање на кралот во Грција и кралот во Југославија....

Нема никакво изигрување туку е многу јасно дека е направено предавство по нарачка на Тито - елиминација на членовите на президиумот кои биле за Обединување на Македонија и праќање на Македонската војска на Сремски фронт - и самата војска била против идење на Сремски Фронт за тоа барем сведочат крвавите стрелања на Скопското Кале во слободно Скопје.


Чентовата решителност за конечно Обединување на МАкедонија го чинела многу патриотски глави - тоа е крајот на таа приказнаизненадување





Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 16:44
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Р.Ѕ. Дали некој знае од каде му е прекарот Ченто и што означува? Освен на италијански ченто=100 не ми текнува другоне%20знам
 
Има еден податок кој не се сеќавам каде го сретнав за потеклото на прекарот Ченто.
Анегдота е интересна.
 
Командувајќи некогаш со некоја партизанска чета направил еден многу интересен Лапсус .
Место Чето напред рекол ЧЕНТО напред и му останал тој прекарголема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:50
Ченто е еден од ретките асални луѓе што се залагале за доброто на македонската нација, ама како и секогаш тие ретки луѓе лесно било да се утепаат од некој кој што не ги сакал многу македонците
ех, да останеше жив мечтаење
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 19:05
Koa sme kaj Cento moram da kazam deka kaj mene vo naselba spomenikot mu e skroz utnat. Nozete mu se asimetricni t.e. pokratki napraeni лутина
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
аминта Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2009
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аминта Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 19:22
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Дали некој знае од каде му е прекарот Ченто и што означува? Освен на италијански ченто=100 не ми текнува другоне%20знам</span>

</span>


"Во училиштето имавме еден професор Хрват,Едо Штефан кој даде иницијатива меѓу нас учениците да се образува гимнастичко соколско друштво. Тој беше одличен гимнастичар. Друштвото беше основано есента 1921 год. и ние освен тоа што одевме на часови во училиштето одевме и на гимнастички часови во вечерните часови и во празниците.Тоа ми помогна физички да зацврстам и да станам појак од моите врсници.
    Бидејќи беве еден од најдобрите гимнастичари во гимнастичкото соколско друштво честопати ја водев четата за време на вежбите. Еднаш наместо да речам "напред чето" , командував "напред ченто". Другарите како едвај да чекаа да најдат нешто да си играат мајтап со мене, почнаа да ме ословуваат со Ченто. Во почетокот многу се лутев кога така ми викаа, а тоа пак на прилепчани, како познати мајтапчии, уште повеќе ме задеваа и тоа го пренесоа низ чаршијата, каде што уште повеќемина се задеваа на тој начин. Престанав да се лутам, мислејќи дека другарите нема да ме задеваат, но веќе беше доцна и тој прекар ми остана."

извадок од "Лична биографија и сеќавања на М.Андонов-Ченто"

Изменето од аминта - 25.Март.2009 во 19:23
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 01:08
големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 22:00
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Koa sme kaj Cento moram da kazam deka kaj mene vo naselba spomenikot mu e skroz utnat. Nozete mu se asimetricni t.e. pokratki napraeni лутина
ќути за греота, а намераваат 1000м споменик на Александар да му направат тага
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 10:47


Ако е тоа лага на комунистичката власт, дали нема и многу други лаги?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 13:32
Originally posted by cercetator cercetator напиша:



Ако е тоа лага на комунистичката власт, дали нема и многу други лаги?


Черчетатор, темата е за Ченто, не за лагите на комунизмот! Можеме да дискутираме за лагите на комунизмот во однос на Ченто на оваа тема!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2009 во 08:19
Vo Prilep clenovite na semejstvoto i mnogu pocituvaci na negoviot lik polozija cveke pred bistata.
Одбележана годишнина од смртта на Ченто
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.