IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Шарлах
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Шарлах

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Шарлах
    Испратена: 18.Февруари.2009 во 11:28
Sekoja godina vo ovoj period vo ucilishtata i gradinkite se pojavuva sharlah. Roditelite isplasheni se rasprashuvaat bidejki mnogu malku se informirani za posledicite od ovaa zarazna bolest.
Medicinskite ekipi dokolku se navreme informirani doagjaat vo ucilishtata i zemaat bris od site deca. Ima samo eden problem- direktorite na ucilishtata ne sakaat da informiraat i se trudat da gi zatashkaat rabotite smetajki deka so toa kje se narushi imidzot na ucilishteto.тага



Изменето од Delfin - 18.Февруари.2009 во 12:03
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 07:26
Шарлах кај децата

Скарлатината ( шарлах ) е инфективна болест од групата на исипни трески предизвикана од пиоген стрептокок од групата А. Се манифестира со ангина, карактеристичен исип, перутање и појава на компликации. 
Инкубацијата е 2 до 5 дена. 
Извор на инфекција се болни и клицоносители 
Патишта на ширење: аерокапков ( преку Флигелови капки ), директен и индиректен контакт 
Влезна врата на инфекцијата: Слузница на горните респираторни патишта, тонзили а поретко повреди на кожа 
Клиничка слика: Поминува низ 4 стадиуми: Инвазивен, исипен, празен и стадиум на рековалесценција 
Инвазивен стадиум се карактеризира со:висока температура, болки во грлото, хиперемично ( зацрвенето ) грло, повраќање, зголемени тонзили со гнојни чепови 
Исипен стадиум се одликува со појава на исип кој избива брзо. Го има по цело тело, освен по лице, космат дел на глава, дланки и табани. 
Јазикот е обложен по средина а врвот и ивиците се слободни. После неколку дена наслагите исчезнуваат и јазикот останува малинаст. 
После настанува празниот стадиум : нема никакви знаци освен тахикардија. 
Во стадиумот на перутање кожата се перута, таму каде што имало исип. 
Компликации: Бактериски, токсични, токсоалергиски. 

Нелекуван шарлах ги оштетува органите 

Сите бактерии и вируси можат да предизвикаат алергични манифестации. Најчест е шарлахот (скарлатина), кожна алергична реакција предизвикана од стрептокок. Оваа алергична реакција е алармантна и укажува дека можат да се појават натамошни оштетувања на другите органи. Бактеријата менингокок, која предизвикува менингитис, може да предизвикува алергична манифестација по кожата со многу ситен исип како глава од шпенадла, кој треба да се препознае бидејќи е знак дека детето има менингококна сепса. Таа бара посебен третман за да се спаси пациентот. Секоја инфекција на горните дишни органи (воспаление на крајници, синуси, заби и на уши) може да предизвика кожна алергична манифестација во вид на уртикарија.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.