Шарлах кај децата
Скарлатината ( шарлах ) е инфективна болест од групата на исипни трески предизвикана од пиоген стрептокок од групата А. Се манифестира со ангина, карактеристичен исип, перутање и појава на компликации. Инкубацијата е 2 до 5 дена. Извор на инфекција се болни и клицоносители Патишта на ширење: аерокапков ( преку Флигелови капки ), директен и индиректен контакт Влезна врата на инфекцијата: Слузница на горните респираторни патишта, тонзили а поретко повреди на кожа Клиничка слика: Поминува низ 4 стадиуми: Инвазивен, исипен, празен и стадиум на рековалесценција Инвазивен стадиум се карактеризира со:висока температура, болки во грлото, хиперемично ( зацрвенето ) грло, повраќање, зголемени тонзили со гнојни чепови Исипен стадиум се одликува со појава на исип кој избива брзо. Го има по цело тело, освен по лице, космат дел на глава, дланки и табани. Јазикот е обложен по средина а врвот и ивиците се слободни. После неколку дена наслагите исчезнуваат и јазикот останува малинаст. После настанува празниот стадиум : нема никакви знаци освен тахикардија. Во стадиумот на перутање кожата се перута, таму каде што имало исип. Компликации: Бактериски, токсични, токсоалергиски.
Нелекуван шарлах ги оштетува органите
Сите бактерии и вируси можат да предизвикаат алергични манифестации. Најчест е шарлахот (скарлатина), кожна алергична реакција предизвикана од стрептокок. Оваа алергична реакција е алармантна и укажува дека можат да се појават натамошни оштетувања на другите органи. Бактеријата менингокок, која предизвикува менингитис, може да предизвикува алергична манифестација по кожата со многу ситен исип како глава од шпенадла, кој треба да се препознае бидејќи е знак дека детето има менингококна сепса. Таа бара посебен третман за да се спаси пациентот. Секоја инфекција на горните дишни органи (воспаление на крајници, синуси, заби и на уши) може да предизвика кожна алергична манифестација во вид на уртикарија.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|