IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ХРИСТИЈАНСТВО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаХРИСТИЈАНСТВО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Тема: ХРИСТИЈАНСТВО
    Испратена: 21.Декември.2010 во 20:48
Besplatno simnuvanje (MP3 format) na celosnoto predavanje na profesor Bart Ehrman Od Isus do Konstantin: Istorija na ranoto Hristijanstvo





Predavanjeto sodrzhi 24 lekcii od po polovina chas:

1. Ragjanje na Hristijanstvoto

2. Religijskiot svet od ranoto Hristijanstvo

3. Istorijskiot Isus

4. Usmenite i pishuvanite tradicii za Isus

5. Apostol Pavle

6. Pochetocite na evrejsko-hristijanskite odnosi

7. Antievrejskoto koristenje na Stariot Zavet

8. Pojavuvanje na hristijanskoto anti-evrejstvo

9. Ranata Hristijanska Misija

10. Hristijaniziranjeto na Rimskata Imperija

11. Prvite drzhavni progonuvanja

12. Prichini za hristijanskite progonuvanja

13. Hristijanskata reakcija na progonvanjata

14. Ranite hristijanski apologeti

15. Razlikite megju prvite hristijanski komuni

16. Hristijanite od vtoriot vek

17. Ulogata na pseudografijata

18. Pobedata na proto-ortodoksnite hrstijani

19. Kanonot na Noviot Zavet

20. Razvivanje na crkovnata administracija

21. Pojava na crkovnata liturguja

22. Pochetoci na normativnata teologija

23. Doktrinata na Troistvoto

24. Hristijanstvoto i osvojuvanje na imperijata


Izvonredni akademski predavanja za temi na koi najchesto diskutirame na podforumot Veroispoved.




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 12:40
За Реформацијата

http://mk.wikipedia.org/wiki/Протестантска_реформација

Зборот „Реформација“, според лексиконот на Вујаклија, е дефиниран како: "менување кон подобро, престројување, поправка, особено се однесува на црковниот покрет од 16 век...", а иментката „Реформатор“ е дефинирана како: "обновител на црквата во духот на чистото Христово учење; пр.: Лутер, Калвин, Цвингли..."
 
31 Октомври е светскиот ден на реформацијата и по тој повод, задутре, голем број европски земји ќе го прослават како државен празник Денот на реформацијата.
 
31 Октомври е одбран како датум за одбележување на реформацијата затоа што на тој ден германскиот реформатор Мартин Лутер ги заковал неговите 95 тези на портата на локалната католичка црква во Витенберг. Во овие тези тој изнел остри критики кон многубројните црковни небиблиски учења и практикувања (корупција во црквата, продавањето индулгенции (потврди за простени гревови), учењата за чистилиштето, трансупстанцијата кај Причеста, наводната непогрешливост на папата итн.) По овој храбар потег на Лутер текот на веќе започнатата реформацијата (од предходните реформатори Виклиф, Хус) експлозивно почнува да се шири низ Германија, но паралелно и низ другите (западно) европски држави.
 
Инаку празникот на Реформацијата се прославува не само како религиозна, туку и како цивилизациска придобивка. Реформацијата не само што ги обновила универзалните изворни принципи на христијанството, онака како што било проповедано од Христос и Апостолите, туку претставувало и цивилизациско ослободување на масите од едноумието и догмите на црквите. Слободоумноста од секогаш била одлика на вистинските христијани. Но во средните векови официјалната црква завлегла во толкава спрега со државата што намерно го затупувала човекот со забранување на книги, наука, нетолеранција и отворени инквизициски прогонства (и на истокот и на западот) се со цел да ги зачува своите небиблиски догми и полесно да манупулира со непросветлените народни маси.
Реформаторите, иако биле со бројни недостатоци, сепак одиграле голема улога во преведувањето на Библијата на народен разбирлив јазик и во промовирање на изворното христијанство, писменоста, културата, човечките слободи и права, книжевноста, слободоумието, семејниот живот итн. Голем дел од нив платиле скапа цена за своите залагања. На пример чешкиот реформатор Јан Хус, пред да биде спален на клада, за последен пат му било понудено да се откаже од своите "ереси". Тој одговорил: "Ни за полна катедрала со злато не се откажувам од тврдењето дека Библијата е врховен авторитет, а Христос е единствената Глава на Црквата." По ова тој бил јавно спален на клада пеејќи христијански химни. Кога огнот си ја завршил работата, пепелта од изгореното тело на Јан Хус била фрлена во реката Рајна.
Каква пародија, некогашниот чешки еретик денес има споменик во главниот град на Чешка (Прага) и народот кој ја фрли неговата пепел во реката Рајна денес го празнуваат Денот на реформацијата одбележувајќи го и животот и делото на својот реформатор Јан Хус.

Реформација во источните (православни) цркви, во размери слични на западните, сеуште се нема случено.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2010 во 20:36
бидејќи предходниот пост го има на почеток за да не се повторува може да стои тука само овој дел...



Изменето од Tetratka - 21.Јануари.2010 во 18:18
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
DARKDOG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 218
Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 04:21
Христијанството е религија која има најголем број на припадници. Како факт, 33% од популацијата на светот или 2.1 милијарда луѓе, се сметаат за дел од христијанството. Почнувајќи од својот основач, Исус Христос, и зголемувајќи се под службата на апостолите, христијанската црква прерасна во огромна сила во светот. Но сепак христијанската црква има доживеано многу поделби. Големиот раскол, протестантската реформација, и многу други движења водеа до голем број на цркви кои себеси се нарекуваа христијани. Две илјади години по нејзиното основање, христијанската религија се уште треба да се осврнува на нејзините основи кои биле поставени од Исус Христос и Неговите апостоли. Денес, многу луѓе го бараат она христијанство кое беше основано од нашиот Господ и апостолите. Дали тоа е загубено во лавиринтот на христијанската историја? Се надеваме дека ќе најдете одговор на тоа прашање на оваа интернет страница, додека чекориме назад во христијанската историја во потрага по нашите основи.Светото Писмо (Библијата) е темел на христијанската вера. Исус Христос и апостолите цитираа од него, и тоа беше основа на која беше основана раната христијанска црква. Во денешниот модерен, забрзан свет, луѓето често пати не наоѓаат време да се запознаат доволно себеси со восхитувачките списи на Библијата. Како и да е, тоа се првите чекори за да ги разбереме причините за нашата вера.

За Светото Писмо


Латинска Библија напишана рачно во 1407 година

Пештера во која биле најдени дел од Кумранските свитоци

Пред изумот на печатење, Библиите морале да бидат копирани на рака

За многумина Библијата е само книга на приказни, претскажувања и учења кои не можат да бидат разбрани. Но сепак Библијата за себеси вели: “Откривањето на Твоите зборови просветлува; ги вразумува простодушните” (Псалм 119:130). Причината за тоа што таа просветлувала умови во текот на илјадници години е тоа дека таа не е дело на човечкиот интелект, туку дека е вдахновена од Светиот Дух. “Никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух” (2. Петрово 1:21).

Библијата била пишувана во временски период од околу 1500 години и од околу 40 писатели, вклучувајќи рибари, свештеници, цареви, генерал на армија, пастири и еден доктор. Таа била напишана на три јазика (еврејски, грчки и арамејски), но сепак како целина, таа е во целосно хармонија со себеси.

Денес, илјадници години потоа, дали можеме да имаме доверба во Светите Списи? Многу луѓе се обиделе да убедат други дека на Библијата не можеме да се потпреме.

Во 1947 година, се случило едно восхитувачко откритие – биле најдени Кумранските свитоци (свитоците од Мртвото море) блиску до Кумран во Израел. Сторијата вели дека еден бедуински овчар фрлил камен во една пештера и оттаму слушнал звук на кршење на земјени садови. Во истата пештера биле пронајдени земјени садови кои содржеле свитоци завиткани во платно. Со текот на годините на истражување во околните пештери, биле пронајдени околу 1000 ракописи. Тие содржеле делови на еврејскиот Стар Завет од вториот век пред Христа и се скоро единствените библиски ракописи толку стари. Во делови или целосно, сите старозаветни книги, освен книгата на Естира, биле вклучени во свитоците пронајдени кај Мртвото море. Споредувајќи ги истите со денешната Библија, гледаме еден прекрасен начин на кој Бог ја зачувал Својата Реч во текот на илјадниците години.

Зборот Библија доаѓа од латинскиот збор biblia, кој пак потекнува од грчкиот збор biblion што значи книга. Стариот Завет бил пишуван на ролни од хартија, платно или папирус, нарекувани свитоци. Најголемиот дел од Стариот Завет бил напишан на еврејски додека поголемиот дел од Новиот Завет или сиот бил напишан на грчки јазик. Денес Библијата е преведена во скоро 2000 јазици, и е единствената книга која со авторитет може да ги одговори најдлабоките прашања за животот и смртта, и да им помогне на луѓето да ја најдат смислата на животот во денешниот хаотичен свет. Искуствата на луѓето чиишто животи се драстично променети преку Светото Писмо се најдобри аргументи во доказ на неговото божествено вдахновение.

Постојат и други докази за вдахновението на Библијата, покрај нејзината постојаност, силата да ги менува животите и археолошките пронајдоци како тој кај Кумран. Еден од тие е точноста со која се исполнети библиските пророштва. Книгата на пророкот Даниел не само што претскажува превласт на четирите светски империи Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим, туку ја дава и точната година во која Исус ќе биде распнат.

Како факт, се мисли дека Александар Велики го порачал првиот превод на Стариот Завет на грчки јазик. Зошто тоа било така? Историчарот Флавиј Јосиф вели дека додека Александар бил во Ерусалим во 332 година пред Христа, бил информиран за пророштвото на Даниел дека Грција ќе ја освои Персија. И тоа библиско пророштво се покажало како точно, бидејќи било исполнето од Александар. Грчкиот Стар Завет кој бил продуциран била Библијата која Исус и апостолите ја употребувале во тоа време.

Историјата открива дека постоеле долги завери да се уништи Библијата. За време на Темниот Век, католичката црква ги криела Библиите од луѓето, чувајќи ги заклучени во црквите. Во Англија, некаде во 16-иот век Библиите биле запалени. Во Франција во 18-иот век, христијаните кои верувале во Библијата биле убиени а Библиите биле јавно запалени.

Но сепак Божјиот Збор сè уште постои. За време на Темниот Век, кога Светото Писмо не било достапно за обичните луѓе, старите ракописи од Библијата биле внимателно зачувани во Константинопол (денешен Истанбул). Кога Турците го освоиле тој град во 1453-та година, тамошните истражувачи избегале во Западна Европа и со себе ги понеле грчките ракописи на Стариот Завет. Така светлината на вистината почнала да се појавува во Западна Европа.

Кога Јоханес Гутенберг ја изумил техниката за печатење со подвижни букви, тој ја испечатил Библијата на Латински јазик во 1455-та или 1454-та година. Во текот на следните двеста години, биле испечатени милиони на примероци од Библијата. Луѓето кои одвојуваат време да ја читаат наоѓаат дека таа содржи одговори кои тие ги барале.


< id="gwProxy" ="">< ="jsCall();" id="jsProxy" ="">
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 22:33
 
За празникот Богојавление





Богојавление се празнува во спомен на Божественото Крштевање на Јордан од Јован на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос. Светиот пророк Јован е роден шест месеци пред по тело да се роди Исус Христос. На неговите родители, благочестивите Захариј и Елисавета, архангелот Гаврил им возвестил дека од нив ќе се роди пророкот Божји, кој ќе ги подготви луѓето да Го примат Спасителот, заради што е наречен Предвесник Господов. Кога тој наполнил триесет години, почнал да проповеда покрај реката Јордан за скорото доаѓање на Христос. Народот од секаде приоѓал да ги слуша неговите проповеди за покајание и многумина се крштевале. Еднаш, заедно со останатите, на Јордан дошол и Исус за да биде крстен од него. А, Јован Го одвраќаше: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ Но, Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован Го остави. Според Преданието на Црквата, Јован потопувал во вода до вратот секого кој доаѓал да се крштева и го држел така додека тој не ги исповедал сите свои гревови. Христос, бидејќи без грев, излегол од водата веднаш, како што е кажано во Евангелието. И кога излегувал од водата, Јован видел како се отвораат небесата и Светиот Дух во вид на гулаб како слегува врз Него. И се слушна гласот од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ И Јован посведочи дека Он е Син Божји. Во тој ден се објави Светата Троица: Бог Син Кој се крштеваше во водите Јордански, Бог Дух Свети Кој слегуваше врз Него во вид на гулаб, Бог Отец Кој посведочи велејќи: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја“. Затоа, празникот на Крштението Христово се нарекува и Богојавление. Со Своето Крштевање во Јордан Господ ја освети природата на водата, и ја востанови Тајната на Светото Крштение – прва од Светите Тајни во којашто учествува човекот кој влегува во Црква.
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bo&#382;e ne znam &#353;ta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 21:58
Значењето на празникот Рождество Христово

Христос се вочовечи, за ние да се обожиме—вели отецот на Православието, светиот Атанасиј Велики. Христос се овоплоти за човекот толку да стане бог, колку што и Бог станал човек—вака пишува светиот Григориј Богослов. Со зборот овоплотување, означуваме дека Бог постанал човек. Но, штом Бог постана човек, тогаш и човекот е повикан да постане бог по благодат, и тоа се изразува со зборот обожение. Со овоплотувањето на Бога се објавува целта и смислата на човековото битие—обожението, и воедно се даваат средствата за неговото остварување. Тоа е смислата на боговоплотувањето, тоа е и целта која што Богочовекот Христос ја даде и ја оствари. Станувајќи човек—му даде цел на човекот; влегувајќи во тело—му даде цел на телото; влегувајќи во материјата—ѝ даде цел на материјата. Станувајќи човек—осмисли сè што е човечко: и раѓањето и животот и смртта. До Него—сè било бесмислено, од Него—сè е осмислено.

Затоа, Божик е центарот на севкупната човекова историја. Од тој настан и времето се дели на време пред Христа, и време по Христа.

Богочовекот Христос е суштината на Православието. Господ Христос самиот себе, својата Богочовечна Личност ја остави како Црква, и Црквата всушност е Богочовекот Христос продолжен во сите векови. Заради тоа, Црквата преку сите свои апостоли, маченици, исповедници, светители и верници, бестрашно го исповедала, проповедала и бранела повеќе од сè друго: Богочовештвото на Господа Исуса Христа, Неговата чудесна и незаменлива Личност. Бивајќи милосрдно снисходлива кон грешниците, таа отсекогаш била ревносно неумолива и одлучна во осудувањето и отфрлувањето на сите оние коишто на било кој начин го порекнувале, отфрлале, или унакажувале Богочовештвото на Господа Христа, и постојано била радосно подготвена да појде и на најстрашните апокалиптични измачувања, само за да не Го предаде Него.

Спротивно на ова, спротивно на Православното Христијанство, е тежнеењето Божик да се сведе на „празник на семејството“, при што за главна содржина на празникот да се прогласи богатата трпеза, а поздравот „Христос се роди“ да биде само една декорација, адет. Исто како и пиењето ракија во пост и осветувањето бадникови гранчиња—за што во православните молитвеници не постои ни служба, ни молитва. Ваквото унижување на празникот произлегува од унижувањето на Богочовекот Христос—до обичен човек!

Има и такви, кои не верувајќи во Бога, се во заблуда дека давајќи му на празникот на Рождеството Христово некаква општочовечка димензија, му го зголемуваат значењето, правејќи го подобен не само за Христијаните, туку и за сите луѓе. Но, каква е радоста без Богочовекот Христос? Каков е тој Божик без Христа Бога? Во тој случај, нашите ближни коишто не се Христијани, со право ќе ги презрат адетите коишто им ги прикажуваме—затоа што не се повеќе од обична човечка измислица.

Единственото ново под сонцето е Сонцето на Правдата—Богочовекот Христос, Којшто е Вистината, Патот и Животот. Тој дојде за да ги избави од ропството на смртта сите луѓе. Тоа е радосната вест што му ја објавуваме на светот. Секое заменување на Богочовекот со било каков човек, секое одбирање од Православното Христијанството само она што му се допаѓа на човековиот индивидуален вкус и разум, го претвора Христијанството во површен и беспомошен хуманизам. Секое тежнеење и обид Православието да се изедначи со другите религии, со духот на времето, со минливите трендови на различните историски периоди, му ја одзема специфичната вредност којашто Православното Христијанство го прави единствената Богочовечка религија во светот. Не сообразувањето на Богочовекот Христос кон духот на времето, туку сообразувањето на духот на времето кон духот на Христовата вечност, Христовата Богочовечност—тоа е единствената вистинска мисија на Црквата во светот.

Сведоци сме и на еден друг вид унижување на големите празници коишто следуваат во овој период—преку недоличното прославување, на места целосно отсечено од христијанската смисла на празникот: разните пагански „некрстени денови“, и обичаите кои неточно ги именуваат „василичарски“, а тие немаат ништо заедничко ниту со светиот Василиј Велики, ниту со Православието воопшто.

Игуменот Кирил Пејчиновиќ во врска со ова поучува: „А ние и празникот што го служиме еднаш во годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Токму на денот гледаме да се опиеме, да скокаме, да збеснуваме. Цела ноќ седите, пиете и збеснувате, не го молите светителот туку го лутите, та тој не ве измолува пред Бога и не ви помага, па попусто се трошите. Ама ќе речете: не знаеме како треба. Така најдовме, така ќе оставиме. Немој, брате, не оставај, туку тргни се од злото и прави добро. Ако, пак, не си кадар и не можеш ништо да направиш според законот, барем не прави беззаконие, но седи си ужален и речи: на денешен ден сите Христијани стојат во законот, Бога Го молат, Бога Го фалат по црквите и Божјите домови, а ние сме принудени од сето тоа да се лишиме. И, помоли му се на Бога со солзи и речи: избави нè Боже од овој лош есап што го имаме и научи нè Господи на вистината Твоја и исправи ги стапките наши кон остварување на Твоите заповеди.“

Ние, пак, долично и со неизменлива радост да го прославиме Рождеството на Спасителот и да воспееме со целата Негова Црква: Денес се раѓа од Дева, Оној Којшто во рака ја држи сета твар; во пелени, како земен, се повива Оној Кој Е по суштина неприкосновен Бог. Во јасли лежи, Оној Кој во почетокот небесата ги утврди со збор; од гради со млеко се храни, Оној Кој во пустината на луѓето им излеа манна од небото. Женикот Црковен ги собира магите и Синот на Девата ги прима нивните дарови. Христос се роди! Навистина се роди.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2009 во 18:06
Православна духовност - определба


Уште на самиот почеток непоходно е да се дефинираат поимите “православие“ и “духовност“. Очигледно е дека не може да зборуваме за православна духовност ако не знаеме што точно означуваат тие зборови. Така всушност постапувале и светите отци на Црквата.
Во својата книга "Извор на знаењето", поточно во првата глава "Философски глави", св. Јован Дамаскин ги анализира поимите: суштина, природа, ипостас, лице и т.н. Сите овие зборови можат да бидат толкувани на многу начини во зависност од контекстот, па затоа тој го објаснува нивното значење.

Определбата “православна“ (όρθόδοξοσ) доаѓа од зборот “православие“ (όρθόδοξία) и ја покажува разликата помеѓу Православната црква и секоја друга христијанска заедница. “Православие“ означува вистинско познание за Бога и творението. Тоа е определбата што ја дава св. Анастасиј Синајски: “Православието е правилен поглед за Бога и творението, вистински поим за сè, учење за тоа што постои, такво како што навистина е . Поимот “православие“ (όρθόδοξία) вклучува: “право“ (όρθή- вистинско, правилно) и “слава“ (δόξα). Δόξα (докса) означува од една страна “верување“, “вера“, “учење“, а од друга - “прослава“ или “славословие“. Тие две значења се многу блиски. Вистинското учење за Бога во себе вклучува вистинска прослава, зашто ако Бог е “апстрактен“ (апстракција) тогаш молитвата кон таков “Бог“ ќе биде апстракна; ако Бог е личност тогаш молитвата придобива личен (дијалошки) карактер. Бог ја објавил вистинската вера, вистинското учење. Затоа кажуваме дека учењето за Бога и сè она што го засега човечкото спасение е Божјо откровение, а не човечко откритие.

Бог ги предал (открил) тие вистини на луѓето што биле готови (подготвени) да ги примат. Јуда го опишува тој момент, кажувајќи: “Да се подвизувате за верата, еднаш за секогаш предадена на светиите“ (Јуда, 3). Во овој цитат, како и во многу други, сврзани со него, јасно се гледа дека Бог Себе си се открил на светиите, т.е. на оние што достигнале равниште на духовно израстување со кое се во состојба да го примат тоа откровение. Светите апостоли прво биле “излекувани“, а потоа го примиле откровението. Тие на своите духовни чеда тоа (откровението) го предале не просто проучувајќи (διδασκαλικά) но нај-повеќе “тајнодејсувувајќи“ (μυστηριακά) непосредно со духовното раѓање. За да биде запазена таа вера, светите отци ги формирале веро-определбите и догматите. Ние ги примаме тие догмати и веро-определби; со други зборови, верата на откровението, и живееме во Црквата, за да може да бидеме “излекувани“. Затоа од една страна верата е откровение за оние кои се очистени и излекувани, а од друга - правилниот пат со кој достигнуваме “исцеление“.
Зборот “духовност“ (πνεβματικότης) доаѓа од “духовен“ (πνεβματικός). Во тој смисол духовноста е состојба на духовниот човек. Духовниот човек има определено поведение и определен начин на мислење; се раководи од мотиви непознати за недуховните луѓе.

Духовноста во Православната црква не е еден апстрактен религиозен живот, нити пак е плод на психичките сили на човекот. Таа не е апстрактен религиозен живот, зашто Црквата е Тело Христово, а не просто религија која теоретски верува во некаков Бог. Второто Лице на Света Троица, Логосот Божји, заради нас прими човечка природа, ја соедини со Својата Ипостас на Божествената природа и стана Глава на Црквата. Затоа Црквата е Тело на Богочовекот Христос. Духовноста, не е една од пројавите на енергиите на душата како што тоа се: расудувањето, сетилата, гневот и др. На тоа треба да се обрни посебно внимание, зашто за жал денес мнозина ја пришиваат етикетата “духовен“ кон човек кој ги развил своите интелектуални способности: научникот, артистот, уметникот, поетот и т.н. ... Слична споредба не може да биде прифатлива за Православната црква. Се разбира, немаме ништо против научниците, уметниците и т.н. ..., но не може да ги наречеме духовни луѓе во строго православниот смисол на зборот.

Во учењето на св. апостол Павле духовниот човек е разграничен од душевниот. Човекот што во себе ја има енергијата на Светиот Дух е духовен, додека душевен е тој човек кој има тело и душа, но не го придобил Светиот Дух, Кој е живот на душата. “Душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин. Духовниот човек пак испитува сè, а него никој не го испитува“ (1. Кор. 2:14-15).

Во истото послание апостол Павел покажува разлика меѓу духовниот и плотскиот човек. Плотски човек е тој кој го нема Светиот Дух во своето срце, но ги поседува другите психосоматски функции на човечкото битие. Ете зашто е очигледно дека терминот “плотски“ не се однесува просто кон телото, а кон душевниот човек кој е оддалечен од Пресветиот Дух и кој во своите дејствија се идентифицира единствено со својата така наречена “биолошка ипостас“. “И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа. Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете, зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба?“ (1 Кор. 3:1-3).

Ако цитираниот пасаж го соединиме со другите кои се однесуваат на христијанското осиновување по благодат, ќе се увериме дека според апостол Павле, духовен е оној човек што станал син Божји по благодат. “И така, браќа, ние не сме му должни на телото, та да живееме по телото; бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи. Сите оние, што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји; оти вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го примивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: "Ава, Оче! Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји“. (Рим. 8:12-16)

Од овие зборови следува дека, духовен е човекот кој сведочи за Светиот Дух во своето срце и со сигурност чуствува дека е обиталиште на Троичниот Бог. На тој начин разбира јасно дека е син Божји по благодат и во срцето си вика: “Ава Оче!“ Согласно со сведочењето на светите отци тој срдечен зов (повик) е всушност срдечно-умната (καρδιακή-νεορά) молитва.

Кога го поставуваме прашањето што означува човек да стане храм на Светиот Дух, св. Василиј Велики боговдахновено учи дека таков е човекот кој не се тревожи од искушенијата и секојдневните грижи, а го следи Бога и општи со Него. Тоа поконкретно означува дека духовен е оној човек кој во себе го има Светиот Дух и е утврден од постојаното спомнување за Бога .

Согласно со св. Григориј Палама, како што човекот надарен со разум, се нарекува разумен, така и човекот обогатен со Светиот Дух, се нарекува духовен. Последниот, според св. Григориј Палама е “нов човек“, обновен од благодатта на Пресветиот Дух.
Истиот став го споделуваат и други св. отци. Св. Сименон Нов Богослов за тоа кажува дека човекот кој е благоразумен, воздржан, смирен и кој се моли и предстои пред Бога “оди во Духот“. Тој е духомен човек par exellence.

Согласно св. Симеон Нов Богослов, кога кај некој човек умната и интелектуална страна од душата не се облечени во образот на Христа, човекот е плотски, зашто не поседува осет (чуство) за духовната слава. Тој плотски човек е како слепец што не може да ја види сончевата светлина. Така, со тоа плотскиот човек истовремено е и слеп и безживотен. Напротив, духовниот човек кој учествува во енергиите на Светиот Дух, е жив во Бога.

Како што спомнавме пред тоа дека општењето со Пресветиот Дух го прави плотскиот човек духовен, па затоа, согласно според православното учење, духовниот човек е свет par exellence. Поточно кажано светец е тој кој со многуобразни начини учествува во нетварната Божја благодат, во обожувачката Божја благодат и енергија.

Светците се носители и изразители на православната духовност. Тие живеат во Бога и Го следат не отстапувајќи од Него. Затоа кажуваме дека православната духовност не е апстракна, а е воплотена во лицата на светците. Од тука следува дека светците не се просто добри, висококарактерни личности во конкретниот смисол на тој збор, или просто такви кои се добри по карактер, а луѓе во кои дејствува Светиот Дух. Располагаме со доволно докази за постоење на светците. Би сакал да спомнам две од нив: Првото е нивното православно учење. Светците го примале и го примаат Божјото откровение; тие го живеат и изразуваат (предаваат). Светиите се непогрешлив критериум за вселенските собори. Втор доказ се нивните свети мошти. Постоењето на светите мошти сведочи дека Божјата благодат со посредство на умот го преобразува телото и последното исто така учествува во Пресветиот Дух.

Основното значење (задача) на Црквата е да го води човекот кон обожување, општење и соединување со Бога. Во тој смисол ние може сигурно да кажеме дека делото на Црквата е “да создава мошти“.
И така православната духовност е опит во Христос, атмосфера на новиот човек прероден од Божјата благодат. Тука не станува збор за апстракно емоционална или психолошка состојба, а за единство на човекот со Бога.
Во тие рамки, може да определиме некои карактеристики на православната духовност.

На прво место, таа е христоцентрична - Христос стана единствениот лек за луѓето, поради ипостасното соединување на божествената и човечка природа во Неговото Лице. На второ место, таа е троичноцентрична, така што Христос секогаш е соединет со Отецот и Светиот Дух. Сите тајни се извршуваат во името на Троичниот Бог. Така што Главата на Црквата, Христос не може да биде замислен надвор од неа. Затоа православната духовност е црковноцентрична, така што ние во Црквата можеме да влеземе во општење со Христос. На крај, како што ќе објасниме понатаму, православната духовност е светотаинствена и подвижничка.

извадок од
книгата Православна духовност од архим. Јеротеос Влахос
превод: Тетратка.


Изменето од Tetratka - 01.Јануари.2010 во 11:30
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 02:33
al__ISLAM i drugite chlenovi: ovaa tema e otvorena kako referentna tema za Hristijanskata religija i ne e posvetena na kriticizam na nejzinite dogmi. Koj saka da polemizira okolu Hristijanstvoto neka poveli na vekje otvortenite temi (fala bogu gi imame dovolno) ili neka otvori nova.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2009 во 01:21
Izgleda ne se razbravme... Vovedniot tekst e zaednichki za site hristijanski denominacii, a potoa sledat kusi detali od istote spored koi se razlikuvaat edna od druga.

Kako sto zabelezhuvash prvo e Pavoslavieto, potoa sledi Katolicizmot (za koj ushte nitu eden katolik ne se javil so svoj prilog), Protestanstvoto (za koj isto taka nikoj se nema javeno so dodatni podatoci) i na krajot e edna zaednichka grupa ХРИСТИЈАНСКИ ДОМИЦИЛНИ И НЕДОМИЦИЛНИ РЕЛИГИИ И ВЕРУВАЊА vo koja imame namera da gi stavame site ostanati veruvanja. Tokmu za nea se javi eden nash chlen, koj pripagja na Prahristijanskata zaednica - Univerzalen zhivot, so negov materijal so koj go pretstavuva toa hristijansko veruvanje. Inaku Prahristijanite ne se protestanti. Jas ne bi gi etiketiral sto se, no ako sakash povekje informacii za niv togash javi mu se po LP na Majkl ili otidi na negovata tema koja e imenuvana so istiot naslov.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
postariot brat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 491
Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 21:35
Jas samo primetiv deka vo vovedot na temava kade se definira Hristijanstvoto kako religija podelena na pravci, za ovoj "prahristijanski" pravec koj postoi (spored tebe cetiriesetina godini) najmalku mu e mestoto vo vovedot zaedno so Pravoslavieto i Katolicizamot.
Jas ne bi se cudel koga bi se spomnale nekoi poprocueni i porasprostraneti pravci. Ne bi mi smetalo dokolku ovoj pravec se najde kako eden segment na protestantizmot no ovde toj e edinstven naveden pravec, a za koj redko koj slushnal.
najvekje me iritira toa sto liderot na ovaa grupa sebesi se narekuva prorok, i kako takva e neprifatliva.
pa nie Pravoslavnite Makedonci 5 vekovi odbivavme da go prifatime Muhamed kako Prorok zatoa shto samata Biblija ni kazuva deka So Doagjanjeto na Isus rabotata za prorocite zavrshila.

Изменето од postariot brat - 22.Септември.2009 во 21:36
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 19:05
postariot brat, koga se dogovaravme za prilozi na ovaa tema jas gi pokaniv site vernici na bilo koja denominacija, da se javat so prilozi i rezultatot go gledash... Izgleda povekje sakame da se raspravame otkolku da sorabotuvame.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
postariot brat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 491
Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 17:51
Прахристијаните веруваат дека Исусовите зборови од Новиот завет: „Уште многу имам да ви кажам но тоа сеуште не можете да го носите. Но кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве воведе во целата вистина„ Евангелие според Јован 16:12 се остваруваат токму во денешното време на големи промени.
Тој говорел преку просветлени мажи и жени со налог да ја пренесуваат неговата света Реч т.е. пророци и пророчици во сите времиња(на пр. Хилдегард Бингенска, Џироламо Савонарола, Емануел Сведенборг, Јакоб Лорбер и тн...) користејќи ги како еден вид медиуми(инструменти) преку кои неговиот глас можеле луѓето да го чујат, и дека феноменот на пророчката реч е присутен и ден денес, односно дека Бог повторно говори до човештвото. Но денес, за прв пат се излева целата вистина низ пророчка уста во збор и писмо.
Пророкот за денешното време низ кој Бог се објавува е една жена. Нејзиното име е Габриеле и дејствува во градот Вирцбург во Германија.
                                    Messenger


Se samo ne mi e jasno zosto tolku vreme si posvetil za ovaa prorocica a tolku malku za Martin Luter koj se smeta za prviot protestant.

     Jas licno sum Pravoslaven Hristijanin, no sebesi sekogas se gledam pred se kako Hristijanin , pa duri potoa Pravoslaven. I Jas licno ne sum naj zadovolen od nekoi sitnici vo praktikuvanjeto na Pravoslavnata religija, no ne mozam a da ne se se iznacudam na nekoi novi odgranoci vo protestantizmot.
Kakva prorocica kakvi gluposti koga znaeme deka so Jovan Krstitel zavrshuva erata na prorocite. Prorocite prorokuvale deka ke dojde spasitel, a A Jovan Krstitel imal srekja i cest toj da bide krstitel na Spasitelot na covestvoto.
I tolku prosto i jasno , nema vekje proroci, a sega od nekade nekoja si Gabriela prorocica,

Mesindzere imame edno doagjanje na Bog na zemjata vo covecko telo i toa e Isus , i site pred nego se narekuvaat predhodnici ili navestuvachi ili proroci, a site po nego se sledbenici, ili ucenici ili apostoli , pa duri i Otkrovenieto na Jovan ne enareceno proroshtvo ami otkrovenie so ista cel da nie hristijanite ne bideme zavedeni od nekoi novi predhodnici. Tocka Nashiot Bog Isus stavi kraj na site novi takanareceni predhodnici.
Od Isus pa navaka za sekoj Hristijanin Carstvoto Bozje vekje e na zemjata i nasekade. I sekoj ima sloboda da ja prifati prostata prikazna za najdobriot covek koj bilo koga odel po zemjata i da ja zeme za primer kako treba da zivee.
Edinstveno najvazno prasenje koe treba da ne obedinuva e dali go prifakjame Isus kako nas Spasitel i dali go sakame Boga i site lugje so celoto svoe bitie. I ete go rajot i spasot.Nitu edna religija sama po sebe ne e edinstveno vo pravo kako sto nitu eden covek posle Hrista ne e sam vo pravo, vistinata e tamu kade sto dve zakarani strani se trudat da najdat sto e toa sto gi obedinuva postojnite a ne da dorazedinuva,

Изменето од postariot brat - 22.Септември.2009 во 17:53
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 23:23
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Месинџер доколку сметаш дека мојот текст е предолг слободно постави го како нова тема. Пр. Христијанска симболика во катакомбите



Moe mislenje e deka dade ubavi dopolnitelni informacii koi mi bea zadovolstvo da gi procitam.

Tekstot ne e predolg spored moe mislenje. Pozdrav Bronhi!
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 14:37
Originally posted by Panini Panini напиша:

Bravo Darko mnogu ubavo kazano, a ti koja vera si inaku???

Pravoslavno Hristijanska...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.