IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Безболно породување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Безболно породување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Безболно породување
    Испратена: 22.Ноември.2008 во 20:05
Болката при пораѓање е една од најсилните која една жена може да ја почувствува во животот.Затоа медицината е постојано во потрага по нови и ефикасни средства кои ќе им помогнат на родилките.Епидуралната анестезија при спонтано раѓање, спинална или   општа анестезија при царски рез се најупотребуваните методи кои денес се користат за намалување на болката.
Современите жени денес се почесто се одлучуваат да ја искористат можноста за безболен пораѓај и со самото тоа да го доживеат актот на раѓање како прекрасно чувство и пријатно сеќавање

Епидурална анестезија - најчесто користен метод за обезболување при спонтано, нормално пораѓање при што се блокира преносот на болни импулси од матката и од грлото на матката кон мозокот во текот на породувањето.Со овој вид на анестезија се започнува кога грлото на матката е проширено од 3 до 5 сантиметри.При овој вид на анестезија мускулната сила е зачувана што овозможува активно учество на родилката во актот на породувањето.

Епидуралната анестезија нема никакво влијание врз виталноста на новороденчето.

Анестезија при царски рез
При царски рез,сега зборувам за планираниот царски рез(селективниот),родилката има можност да избере каков вид на анестезија ќе прими- општа или регионална(спинална).
При општа анестезија на мајката и’ се даваат венски лекови за заспивање и за релаксација на мускулатурата. Важно е да се напомене дека при оваа анестезија можно е дел од лековите да навлезат и во циркулацијата на бебето при што може да има промени во пулсот и во дишењето во текот и по раѓањето.
Со користење на регионалната анестезија мајката е будна и свесна за цело време ,но не чувствува никаква болка.

За цело време на пораѓањето со било кој метод на анестезија се следат состојбата на мајката и бебето преку мониторирање на виталните параметри.
Дали и каков вид на обезболување ќе се примени одлучува родилката,а должност на лекарите е да ја запознаат со сите можности и да одговорат на сите прашања околу нејзината безбедност и безбедноста на бебето.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 20:09
Ок си е епидуралната анестезија, ама јас сум малце скептик зашто еднаш кога слушав (одамна) за ова еден лекар на емисија изјави дека имало ризик родилката да остане парализирана. тага Колку е точно ова не сум сигурна ама мислам подобро од по природен пат нема.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 20:31
Се’ што е релативно ново кај нас се прима со доза на скептицизам...Истото е и со безболниот пораѓај... Мислам дека веќе е голем бројот на оние родилки кои ги вкусиле подобностите што ги нуди анестезијата при актот на раѓање...
...има точно одредена процедура при изведувањето и давањето на анестезијата која ја изведуваат доктори-анестезиолози , а самиот ризик е минимален или воопшто и не постои
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 20:32
Ммм интересно голема%20насмевка Фала Биба Г големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 20:35
Без разлика дали ќе се одлучите за природно породување или со некоја од горе-споменатите методи,најважно е да се едуцирате за своите опции. Останете флексибилни и отворени кога го планирате своето породување бидејќи често нештата се менуваат кога ќе дојде вистинскиот ден. Ако сте се решиле на безболно породување, важно е да знаете дека тоа не е „неуспех“. Жените имаат различна перцепција на болка и нивоа на поднословиост на болка, така да многу често болката е многу посилна од впечатокот кој се добива од жената.
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 10:30
se pravi samo kaj prvorodilki, inaku se preferira per vias naturalis. Inaku problemot ne kaj majkata tuku problem e deluvanjeto na anestetikot kaj deteto, teoretski moze da predizvikuva depresija na disenjeto, a za majkat rizikot od paraliza e nistozen, rizicite se od druga priroda- infekcija idr.
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 18:12
Безболниот пораѓај не е условен од бројот на бремености...Без разлика дали е прва бременост или се работи за повеќекратна бременост(втора,трета...),можноста за избор е на родилката и од неа зависи дали ќе се одлучи за безболен пораѓај или за пораѓај по природен пат

Епидуралната анестезија обично предизвикува мала неудобност и при процедурата пациентот седи или лежи на страна, со свиткан грб.
По давањето на епидуралната анестезија се мониторираат виталните параметри(крвниот притисок, срцевата работа...) на мајката и на бебето.

Ризикот од инфекции е ништожен затоа што се извршува во строго определени стерилни услови.Пред давањето на анестезијата, делот од грбот каде ќе се инјектира анестезијата се чисти хируршки, со антисептик и се одредува најдоброто место за инјекција. Потоа се дава локален анестетик на местото каде ќе се инјектира инекцијата за епидурална анестезија.


Најголемата придобивка од епидуралната анестезија е што пациентката е будна, свесна и целосно ослободена од болка а сепак активно учествува во раѓањето на бебето. За да се намали ризикот од несекани ефекти по бебето, обично се даваат најниските ефективни дози на анестетик.
Кон врв
biljana.madrid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Прилепчанка

Регистриран: 22.Ноември.2007
Локација: Spain
Статус: Офлајн
Поени: 358
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај biljana.madrid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 22:47
Epiduralnata anestezija - najdobro nesto na svet... Jas ja primiv i uzivav vo poragajot bez bolka...
 
Pred poraganje odis kaj Anesteziolog i toj ti postavuva nekoi prasanja... vrz osnova na odgovorite ti kazuva dali mozish ili ne da primish takva anestezija i popat ti objasnuva sé -ama bash sé!!!
 
Mislam deka go chuvam se uste dokumentot sto go potpishuvash i vo nego istoto e objasnato... Ovaa anestezija moze da ima negativni posledici i zatoa ne mozi sekoj da ja prima. Vo mojot sluchaj nemase nikakov rizik, pa mozev slobodno da ja primam. Taka i beshe, se dobro se zavrshi... drugpat ke pisham neshto poveke...
 
Zenite vo konsultacija so svojot anesteziolog ja stavaat i nemam slusnato za nekoj problem da se sluchi... Zatoa sto tochno tie (anesteziolozite) znaat koj mozi da ja primi.
 
Kako i sekogash nie na se gledame so skepticizam, a mozebi i doktorite ni se takvi pa ne znaat da objasnat kako sto treba pa stravot uste pogolem ni se javuva.
 
 
E ubo so ova poraganjeto sto izmislija bezbolno, e aj sega neka izmislat neshto za hemoroidi i postporodilni bolku... ete toa beshe edinstveno sto me boleshe!!!тага


Изменето од biljana.madrid - 26.Ноември.2008 во 22:48
Прилепчанка
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 16:31
Негде го прочитав следново и ми остави голем впечаток.Вели:-"Природното породување е како трчање маратон- тое е големо достигнување, но можете да го поминете истиот пат и во кола, со многу помал напор и на крај да стигнете на истото место. "среќа
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 16:35
...ako imas kes za benzin голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 16:39
Сфаќањето и знаењето на трудницата за тоа што се случува за време на бременоста и самото породување, како и односот кон бременоста директно влијае врз болката која ја чувствува во текот на породувањето. Методите како правилно дишење и релаксациони техники кои се учат во периодот на бременоста исто така ја намалуваат болката.

Од друга страна најчесто користениот метод за безболно породување е епидурален блок. При оваа процедура се инјектира анестетик во епидуралниот простор на рбетниот мозок, со што привремено се анестезира доланата половина на телотоЕпидуралната анестезија обично предизвикува мала неудобност и при процедурата пациентот седи или лежи на страна, со свиткан грб.  
По давањето на епидуралната анестезија се мониторира крвниот притисок, срцевата работа на мајката и на бебетоПред давањето на анестезијата, делот од грбот каде ќе се инјектира анестезијата се чисти хируршки, со антисептик и се одредува најдоброто место за инјекција. Потоа се дава локален анестетик на местото каде ќе се инјектира инекцијата за епидурална анестезијаЛекарот внимателно ја става инекцијата за епидурална анестезија помеѓу пршлените, спроведува мала специјално изработена цевка преку иглата, се отстранува иглата, со што цевката (катетер) се остава во епидуралниот простор. Потоа преку катерот се дава анестетик во самиот епидурален простор. Епидуралната анестезија е многу ефективна но има некои лоши страни: Прво потребни се околу 20 минути за да почне да делува. Доколку е дадена прерано, може да го забави породувањето и трудницата ќе мора да лежи во кревет во текот на целото породување. Епидуралната анестезија може да доведе до намалување на крвниот притисок и затоа се даваат течности (инфузии) за да се спречи намалувањето на крвниот притисок. По давањето на епидуралната анестезија обично бебето се следи континуирано на монитор (најчесто надворешен монитор).  Најголемата придобивка од епидуралната анестезија е што пациентката е будна, свесна и целосно ослободена од болка а сепак активно учествува во раѓањето на бебето. За да се намали ризикот од несекани ефекти по бебето, обично се даваат најниските ефективни дози на анестетик.  

Системски аналгетици

„Системски“ аналгетик е лек против болка кој се дава преку вена или во мускул. Овој лек на тој начин делува на целиот нервен систем а не на одреден дел од телото. Болката се намалува но не исчезнува комплетно. Овие лекови обично не го успоруваат породувањето и не влијаат на контракциите, но можат да доведат до несакани ефекти кај бебето. Кај трудниците  аналгетиците помагаат за породувањето да помине полесно, но од друга страна треба да се имат во предвид и несканите ефекти.  

Спинален блок (Блок на рбетниот мозок)


Спиналниот блок е сличен на епидуралниот и обезбедува безболно породување. Разликата е во тоа што лекот се дава еднаш во грбот и неговото дејство трае од 1-2 часа. Спиналниот блок најчесто се дава кај жени  кои се пораѓаат вагинално,  кога има потреба од форцепс или вакуум екстракција за бебето да се породи. Можните несакани ефекти се слични како кај епидуралната анестезија. И епидуралната и спиналната анестезија можат да се применат за изведба на царски рез.    

Комбинирана епидурална и спинална анестезија

Комбинацијата од двата метода се користи за побрзо постигање на анестезија-кај жени кои се во активни фази на породување и кои сакаат анестезија веднаш.   

Најдобар избор

Не постои медицински најдобар избор како да се намали или отстрани болката при породување, наместо тоа прашањето е што е најдобро за вас и вашиот партнер. Природното породување е како трчање маратон- тое е големо достигнување, но можете да го поминете истиот пат и во кола, со многу помал напор и на крај да стигнете на истото место.  Без разлика дали ќе се одлучите за природно породување или со некоја од горе-споменатите методи, техниките кои се учат во периодот пред породување се сепак корисни.

Најважно е да се едуцирате за своите опции. Останете флексибилни и отворени кога го планирате своето породување бидејќи често  нештата се  менуваат кога ќе дојде вистинскиот ден. Ако сте се решиле на безболно породување, важно е да знаете дека тоа не е „неуспех“. Жените имаат различна перцепција на болка и нивоа на поднословиост на болка, така да многу често болката е многу посилна од впечатокот кој се добива од жената.
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 17:34
Па повеќе сум за спонтаното породување.
Спиналната анестезија...имам слушнато дека кај некои породилки по синалната анестезија многу ги болело глава.
Ако би бирала за породување,би одбрала спонтано породување.
Е,сега ако некоја пациентка треба да изврши царски рез тогаш сакала неќела ќе мора ако лекарот утврди дека мора.
Спиналката е добра ако пациентката е алергична на лекови,ако има астма и ред др причини(зборам ако мора со анестезија да се изврши породувањето)
А,што ви фали да се породите спонтано,па што има по убаво од тоа да се биде мајка баш во тие болки,па кратки се...боли додека бебето се спушти(тука ви нема спас,и никаква инекција не помага,да се прекине болката)па кога сте издржале таа болка ќе ви остане уште да се породите,а кога сте стасале во сала за породување,што ќе ви е спиналка,вие сте издржале до толку...напни запни и ќе слушнете прекрасен плач,а од тој плач ќе заборавите на сите претрпени болки
Е,какви мајки сакате да бидете а да не ја почувствувате таа блажесна болка со која на свет ќе донесете уште еден живот
Љубов и само љубов
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 17:49
Царски рез - предности и недостатоци

Царскиот рез е модерен начин на пораѓај по кој посегаат се’ поголем број идни мајки,без разлика дали им е препорачано од стручно лице. Пред да се донесе било каква одлука,треба да се информирате за сите предности и недостатоци на царскиот рез. За тоа,најкомпетентен е вашиот матичен гинеколог или гинекологот кој ќе го изведува пораѓањето.
Овде само ќе набројам најчестите ЗА и Против царскиот рез

*царскиот рез се доживува како безболен,бидејќи се изведува во анестезија..жената не минува низ породилните болки

*може да се одреди датумот на породување,што некој го смета за голема предност

*се изведува побрзо од природното породување...

Но,покрај сите предности,треба да бидете подготвени и за негативните страни на оваа метода.
Пред се’, станува збор за пост оперативниот период.
*Жените кои биле подложени на ваков начин на породување,поспоро се враќаат во форма од жените кои се породиле по природен пат.Самиот чин е безболен,но во периодот после зафатот можни се поинтензивни болки за кои често пати мора да се зимаат и лекови ротив болка.
*Се јавуваат потешкотии во движењето,можни се проблеми со работата на цревата и гасови кои предизвикуваат непријатност и болка во стомакот, а кај некои жени можат да се појават и постоперативни инфекции кои , најчесто, го пролонгираат времето на заздравување
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 18:09
Originally posted by Дак Дак напиша:

Па повеќе сум за спонтаното породување.
Спиналната анестезија...имам слушнато дека кај некои породилки по синалната анестезија многу ги болело глава.
Ако би бирала за породување,би одбрала спонтано породување.
Е,сега ако некоја пациентка треба да изврши царски рез тогаш сакала неќела ќе мора ако лекарот утврди дека мора.
Спиналката е добра ако пациентката е алергична на лекови,ако има астма и ред др причини(зборам ако мора со анестезија да се изврши породувањето)
А,што ви фали да се породите спонтано,па што има по убаво од тоа да се биде мајка баш во тие болки,па кратки се...боли додека бебето се спушти(тука ви нема спас,и никаква инекција не помага,да се прекине болката)па кога сте издржале таа болка ќе ви остане уште да се породите,а кога сте стасале во сала за породување,што ќе ви е спиналка,вие сте издржале до толку...напни запни и ќе слушнете прекрасен плач,а од тој плач ќе заборавите на сите претрпени болки
Е,какви мајки сакате да бидете а да не ја почувствувате таа блажесна болка со која на свет ќе донесете уште еден живот


Мила моја Дак... не е се’ така розево како што мислиш... не е само напни-запни и готово... Точно е...со првиот плач на бебчето, а уште повеќе со првата прегратка, кога веднаш после породувањето ќе ти го стават на гради се заборава се’.
Се породив спонтано и фала Богу- ништо не ми фали...Ми фалеше тогаш...памет за да не ги трпам 17 часовните породилни болки...не сакам понатаму да го опишувам моето искуство,не сакам никому да му наметнувам фобија од природното породување,се’ е индивидуално.Ако моето породување траеше 17 саати,нечие може ќе заврши за 17 минути-се’ е индивидуално И болката е индивидуална. Некој има поголем,а некој помал праг на толеранција на болка.
Убаво е да ги знаеме можностите кои ги нуди медицината.Убаво е да знаеме дека имаме избор. Сечие искуство и мислење е добредојдено.Не е твое да судиш и осудуваш и да го мериш мајчинството според тоа која како го донела своето дете на свет.
Јас еднаш се изјаснив и стојам зад тоа-првиот пат се породив спонтано...следниот пат- спонтано? не,фала...безболен пораѓај

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,289 секунди.