Безболно породување
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16738
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 04:54 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Безболно породување
Постирано од: Biba_G
Наслов: Безболно породување
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 20:05
Болката при пораѓање е една од најсилните која една жена може да ја почувствува во животот.Затоа медицината е постојано во потрага по нови и ефикасни средства кои ќе им помогнат на родилките.Епидуралната анестезија при спонтано раѓање, спинална или општа анестезија при царски рез се најупотребуваните методи кои денес се користат за намалување на болката.
Современите жени денес се почесто се одлучуваат да ја искористат можноста за безболен пораѓај и со самото тоа да го доживеат актот на раѓање како прекрасно чувство и пријатно сеќавање
Епидурална анестезија - најчесто користен метод за обезболување при спонтано, нормално пораѓање при што се блокира преносот на болни импулси од матката и од грлото на матката кон мозокот во текот на породувањето.Со овој вид на анестезија се започнува кога грлото на матката е проширено од 3 до 5 сантиметри.При овој вид на анестезија мускулната сила е зачувана што овозможува активно учество на родилката во актот на породувањето.
Епидуралната анестезија нема никакво влијание врз виталноста на новороденчето.
Анестезија при царски рез
При царски рез,сега зборувам за планираниот царски рез(селективниот),родилката има можност да избере каков вид на анестезија ќе прими- општа или регионална(спинална).
При општа анестезија на мајката и’ се даваат венски лекови за заспивање и за релаксација на мускулатурата. Важно е да се напомене дека при оваа анестезија можно е дел од лековите да навлезат и во циркулацијата на бебето при што може да има промени во пулсот и во дишењето во текот и по раѓањето.
Со користење на регионалната анестезија мајката е будна и свесна за цело време ,но не чувствува никаква болка.
За цело време на пораѓањето со било кој метод на анестезија се следат состојбата на мајката и бебето преку мониторирање на виталните параметри.
Дали и каков вид на обезболување ќе се примени одлучува родилката,а должност на лекарите е да ја запознаат со сите можности и да одговорат на сите прашања околу нејзината безбедност и безбедноста на бебето.
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 20:09
Ок си е епидуралната анестезија, ама јас сум малце скептик зашто еднаш кога слушав (одамна) за ова еден лекар на емисија изјави дека имало ризик родилката да остане парализирана. Колку е точно ова не сум сигурна ама мислам подобро од по природен пат нема.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 20:31
Се’ што е релативно ново кај нас се прима со доза на скептицизам...Истото е и со безболниот пораѓај... Мислам дека веќе е голем бројот на оние родилки кои ги вкусиле подобностите што ги нуди анестезијата при актот на раѓање...
...има точно одредена процедура при изведувањето и давањето на анестезијата која ја изведуваат доктори-анестезиолози , а самиот ризик е минимален или воопшто и не постои
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 20:32
Ммм интересно Фала Биба Г
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 20:35
Без разлика дали ќе се одлучите за природно породување или со некоја од горе-споменатите методи,најважно е да се едуцирате за своите опции. Останете флексибилни и отворени кога го планирате своето породување бидејќи често нештата се менуваат кога ќе дојде вистинскиот ден. Ако сте се решиле на безболно породување, важно е да знаете дека тоа не е „неуспех“. Жените имаат различна перцепција на болка и нивоа на поднословиост на болка, така да многу често болката е многу посилна од впечатокот кој се добива од жената.
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 26.Ноември.2008 во 10:30
se pravi samo kaj prvorodilki, inaku se preferira per vias naturalis. Inaku problemot ne kaj majkata tuku problem e deluvanjeto na anestetikot kaj deteto, teoretski moze da predizvikuva depresija na disenjeto, a za majkat rizikot od paraliza e nistozen, rizicite se od druga priroda- infekcija idr.
------------- I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 26.Ноември.2008 во 18:12
Безболниот пораѓај не е условен од бројот на бремености...Без разлика дали е прва бременост или се работи за повеќекратна бременост(втора,трета...),можноста за избор е на родилката и од неа зависи дали ќе се одлучи за безболен пораѓај или за пораѓај по природен пат
Епидуралната анестезија обично предизвикува мала неудобност и при процедурата пациентот седи или лежи на страна, со свиткан грб.
По давањето на епидуралната анестезија се мониторираат виталните параметри(крвниот притисок, срцевата работа...) на мајката и на бебето.
Ризикот од инфекции е ништожен затоа што се извршува во строго определени стерилни услови.Пред давањето на анестезијата, делот од грбот каде ќе се инјектира анестезијата се чисти хируршки, со антисептик и се одредува најдоброто место за инјекција. Потоа се дава локален анестетик на местото каде ќе се инјектира инекцијата за епидурална анестезија.
Најголемата придобивка од епидуралната анестезија е што пациентката е будна, свесна и целосно ослободена од болка а сепак активно учествува во раѓањето на бебето. За да се намали ризикот од несекани ефекти по бебето, обично се даваат најниските ефективни дози на анестетик.
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: biljana.madrid
Датум на внесување: 26.Ноември.2008 во 22:47
Epiduralnata anestezija - najdobro nesto na svet... Jas ja primiv i uzivav vo poragajot bez bolka...
Pred poraganje odis kaj Anesteziolog i toj ti postavuva nekoi prasanja... vrz osnova na odgovorite ti kazuva dali mozish ili ne da primish takva anestezija i popat ti objasnuva sé -ama bash sé!!!
Mislam deka go chuvam se uste dokumentot sto go potpishuvash i vo nego istoto e objasnato... Ovaa anestezija moze da ima negativni posledici i zatoa ne mozi sekoj da ja prima. Vo mojot sluchaj nemase nikakov rizik, pa mozev slobodno da ja primam. Taka i beshe, se dobro se zavrshi... drugpat ke pisham neshto poveke...
Zenite vo konsultacija so svojot anesteziolog ja stavaat i nemam slusnato za nekoj problem da se sluchi... Zatoa sto tochno tie (anesteziolozite) znaat koj mozi da ja primi.
Kako i sekogash nie na se gledame so skepticizam, a mozebi i doktorite ni se takvi pa ne znaat da objasnat kako sto treba pa stravot uste pogolem ni se javuva.
E ubo so ova poraganjeto sto izmislija bezbolno, e aj sega neka izmislat neshto za hemoroidi i postporodilni bolku... ete toa beshe edinstveno sto me boleshe!!!
------------- Прилепчанка
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 16:31
Негде го прочитав следново и ми остави голем впечаток.Вели:-"Природното породување е како трчање
маратон- тое е големо достигнување, но можете да го поминете истиот пат
и во кола, со многу помал напор и на крај да стигнете на истото место. "
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 16:35
...ako imas kes za benzin
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 16:39
Сфаќањето и знаењето на трудницата за тоа што се случува за време на бременоста и самото породување, како и односот кон бременоста директно влијае врз болката која ја чувствува во текот на породувањето. Методите како правилно дишење и релаксациони техники кои се учат во периодот на бременоста исто така ја намалуваат болката.
Од друга страна најчесто користениот метод за безболно породување е епидурален блок. При оваа процедура се инјектира анестетик во епидуралниот простор на рбетниот мозок, со што привремено се анестезира доланата половина на телотоЕпидуралната анестезија обично предизвикува мала неудобност и при процедурата пациентот седи или лежи на страна, со свиткан грб. По давањето на епидуралната анестезија се мониторира крвниот притисок, срцевата работа на мајката и на бебетоПред давањето на анестезијата, делот од грбот каде ќе се инјектира анестезијата се чисти хируршки, со антисептик и се одредува најдоброто место за инјекција. Потоа се дава локален анестетик на местото каде ќе се инјектира инекцијата за епидурална анестезијаЛекарот внимателно ја става инекцијата за епидурална анестезија помеѓу пршлените, спроведува мала специјално изработена цевка преку иглата, се отстранува иглата, со што цевката (катетер) се остава во епидуралниот простор. Потоа преку катерот се дава анестетик во самиот епидурален простор. Епидуралната анестезија е многу ефективна но има некои лоши страни: Прво потребни се околу 20 минути за да почне да делува. Доколку е дадена прерано, може да го забави породувањето и трудницата ќе мора да лежи во кревет во текот на целото породување. Епидуралната анестезија може да доведе до намалување на крвниот притисок и затоа се даваат течности (инфузии) за да се спречи намалувањето на крвниот притисок. По давањето на епидуралната анестезија обично бебето се следи континуирано на монитор (најчесто надворешен монитор). Најголемата придобивка од епидуралната анестезија е што пациентката е будна, свесна и целосно ослободена од болка а сепак активно учествува во раѓањето на бебето. За да се намали ризикот од несекани ефекти по бебето, обично се даваат најниските ефективни дози на анестетик.
Системски аналгетици „Системски“ аналгетик е лек против болка кој се дава преку вена или во мускул. Овој лек на тој начин делува на целиот нервен систем а не на одреден дел од телото. Болката се намалува но не исчезнува комплетно. Овие лекови обично не го успоруваат породувањето и не влијаат на контракциите, но можат да доведат до несакани ефекти кај бебето. Кај трудниците аналгетиците помагаат за породувањето да помине полесно, но од друга страна треба да се имат во предвид и несканите ефекти.
Спинален блок (Блок на рбетниот мозок) Спиналниот блок е сличен на епидуралниот и обезбедува безболно породување. Разликата е во тоа што лекот се дава еднаш во грбот и неговото дејство трае од 1-2 часа. Спиналниот блок најчесто се дава кај жени кои се пораѓаат вагинално, кога има потреба од форцепс или вакуум екстракција за бебето да се породи. Можните несакани ефекти се слични како кај епидуралната анестезија. И епидуралната и спиналната анестезија можат да се применат за изведба на царски рез.
Комбинирана епидурална и спинална анестезија Комбинацијата од двата метода се користи за побрзо постигање на анестезија-кај жени кои се во активни фази на породување и кои сакаат анестезија веднаш.
Најдобар изборНе постои медицински најдобар избор како да се намали или отстрани болката при породување, наместо тоа прашањето е што е најдобро за вас и вашиот партнер. Природното породување е како трчање маратон- тое е големо достигнување, но можете да го поминете истиот пат и во кола, со многу помал напор и на крај да стигнете на истото место. Без разлика дали ќе се одлучите за природно породување или со некоја од горе-споменатите методи, техниките кои се учат во периодот пред породување се сепак корисни.
Најважно е да се едуцирате за своите опции. Останете флексибилни и отворени кога го планирате своето породување бидејќи често нештата се менуваат кога ќе дојде вистинскиот ден. Ако сте се решиле на безболно породување, важно е да знаете дека тоа не е „неуспех“. Жените имаат различна перцепција на болка и нивоа на поднословиост на болка, така да многу често болката е многу посилна од впечатокот кој се добива од жената.
------------- Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
Постирано од: Дак
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 17:34
Па повеќе сум за спонтаното породување.
Спиналната анестезија...имам слушнато дека кај некои породилки по синалната анестезија многу ги болело глава.
Ако би бирала за породување,би одбрала спонтано породување.
Е,сега ако некоја пациентка треба да изврши царски рез тогаш сакала неќела ќе мора ако лекарот утврди дека мора.
Спиналката е добра ако пациентката е алергична на лекови,ако има астма и ред др причини(зборам ако мора со анестезија да се изврши породувањето)
А,што ви фали да се породите спонтано,па што има по убаво од тоа да се биде мајка баш во тие болки,па кратки се...боли додека бебето се спушти(тука ви нема спас,и никаква инекција не помага,да се прекине болката)па кога сте издржале таа болка ќе ви остане уште да се породите,а кога сте стасале во сала за породување,што ќе ви е спиналка,вие сте издржале до толку...напни запни и ќе слушнете прекрасен плач,а од тој плач ќе заборавите на сите претрпени болки
Е,какви мајки сакате да бидете а да не ја почувствувате таа блажесна болка со која на свет ќе донесете уште еден живот
------------- Љубов и само љубов
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 17:49
Царски рез - предности и недостатоци
Царскиот рез е модерен начин на пораѓај по кој посегаат се’ поголем број идни мајки,без разлика дали им е препорачано од стручно лице. Пред да се донесе било каква одлука,треба да се информирате за сите предности и недостатоци на царскиот рез. За тоа,најкомпетентен е вашиот матичен гинеколог или гинекологот кој ќе го изведува пораѓањето. Овде само ќе набројам најчестите ЗА и Против царскиот рез
*царскиот рез се доживува како безболен,бидејќи се изведува во анестезија..жената не минува низ породилните болки
*може да се одреди датумот на породување,што некој го смета за голема предност
*се изведува побрзо од природното породување...
Но,покрај сите предности,треба да бидете подготвени и за негативните страни на оваа метода. Пред се’, станува збор за пост оперативниот период. *Жените кои биле подложени на ваков начин на породување,поспоро се враќаат во форма од жените кои се породиле по природен пат.Самиот чин е безболен,но во периодот после зафатот можни се поинтензивни болки за кои често пати мора да се зимаат и лекови ротив болка. *Се јавуваат потешкотии во движењето,можни се проблеми со работата на цревата и гасови кои предизвикуваат непријатност и болка во стомакот, а кај некои жени можат да се појават и постоперативни инфекции кои , најчесто, го пролонгираат времето на заздравување
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 18:09
Дак напиша:
Па повеќе сум за спонтаното породување.
Спиналната анестезија...имам слушнато дека кај некои породилки по синалната анестезија многу ги болело глава.
Ако би бирала за породување,би одбрала спонтано породување.
Е,сега ако некоја пациентка треба да изврши царски рез тогаш сакала неќела ќе мора ако лекарот утврди дека мора.
Спиналката е добра ако пациентката е алергична на лекови,ако има астма и ред др причини(зборам ако мора со анестезија да се изврши породувањето)
А,што ви фали да се породите спонтано,па што има по убаво од тоа да се биде мајка баш во тие болки,па кратки се...боли додека бебето се спушти(тука ви нема спас,и никаква инекција не помага,да се прекине болката)па кога сте издржале таа болка ќе ви остане уште да се породите,а кога сте стасале во сала за породување,што ќе ви е спиналка,вие сте издржале до толку...напни запни и ќе слушнете прекрасен плач,а од тој плач ќе заборавите на сите претрпени болки
Е,какви мајки сакате да бидете а да не ја почувствувате таа блажесна болка со која на свет ќе донесете уште еден живот |
Мила моја Дак... не е се’ така розево како што мислиш... не е само напни-запни и готово... Точно е...со првиот плач на бебчето, а уште повеќе со првата прегратка, кога веднаш после породувањето ќе ти го стават на гради се заборава се’. Се породив спонтано и фала Богу- ништо не ми фали...Ми фалеше тогаш...памет за да не ги трпам 17 часовните породилни болки...не сакам понатаму да го опишувам моето искуство,не сакам никому да му наметнувам фобија од природното породување,се’ е индивидуално.Ако моето породување траеше 17 саати,нечие може ќе заврши за 17 минути-се’ е индивидуално И болката е индивидуална. Некој има поголем,а некој помал праг на толеранција на болка. Убаво е да ги знаеме можностите кои ги нуди медицината.Убаво е да знаеме дека имаме избор. Сечие искуство и мислење е добредојдено.Не е твое да судиш и осудуваш и да го мериш мајчинството според тоа која како го донела своето дете на свет. Јас еднаш се изјаснив и стојам зад тоа-првиот пат се породив спонтано...следниот пат- спонтано? не,фала...безболен пораѓај
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: Дак
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 21:25
Biba G, знам за еден случај со спиналка баш за безболно породување
пробувале неколку пати да ја боцнат пациенката(и тоа добар анестезиолог)и неуспеале и пак спонтано се породила...ниту спиналката не е розева,но ајде да неизигравам лекар,за последици на детето и т.к.н тоа педијатрие знаат.
Е,сега вистина е тоа дека не ги чувствуваат болките,ниту ги чувствуваат контракциите,но верувај таков вид на породување е многу потежок за самите гинеколози,е сега мислам дека во државните болници нема,а на приватните да...за добра пара.
Се зависи до праг на издржливос на болката...прворотките кога почесто би посетувале часови,кога би се едуцирале породувањето не би било току страшно...сепак зборам за нормално породување без компликации,без вакум и сл.
Па има жени кои и карлично се породат и тоа спонтано(освен ако бебето не е по крупно,не е ножно или пак појдено со раце...тука лекарот го набљудува плодот со ехо наод).
Кога породилката би ја слушала акушерката се би било по добро...ме нервираат кога пациенката каже јас незнам како да напнам,па сигурно не во глава па да и се вцрват очите од неправилно напнување,нормално се знае каде треба да ги користи контракциите...земање на воздух во плуќата и со сета сила доле.
Добро ајде да не излезам...има и тешки спонтани породувања,но затоа тука е лекарот кој и помага со инекции,со индукции...сепак се е индивидуално,секоја жена не е иста,затоа се оди и на контрола,се прави ЦТГ,ехо,за една породилка нормално е да се поправи 12 кила(некои таа граница ја и надминат,кога ќе видам трудница стомакот полн со сало,а кога ќе се породи едвај плодот има 2 кгр)Контролите на бременоста треба да се редовни,да се оди кај матичен гинеколог.
------------- Љубов и само љубов
|
Постирано од: Дак
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 21:47
Царски рез,се почеста,исполнување желби на пациентот...ајде,пациентот секогаш е во право.
Но тие истите колку се свесни дека истите скоро два дена нема да мрднат од кревет?за разлика од спонтаните породувања кои два сата ќе лежат во породилниот бокс,ќе ја изнесат на количка,ќе полежи и за неколку часа може да седне,да стане,па дури и со посета да се види...се онаа што може спонтано е подобро(освен лекарите ако не утврдат дали треба со или без царски)
Царското породување нема да се почувствува,а што после?бетер е,стомакот боли,мокри во катетар,инфузии течат
(при што раката ќе ти отрне од инфузиите)неможеш да се помрднеш ни лево ни десно,и да можеш болката од сеченото место нема да ти дозволи,тука е и уриналната кеса...во болница се лежи и по 8,до 9 дена,а спонтаното највише 4 дена(се разбира,се е индивидуално)Е,сега што е проблемот со царски рез,ако првиот пород е со царски Мора и второто,и третото да биде царски што е иризик.
------------- Љубов и само љубов
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 20.Јануари.2009 во 22:11
Ubavo e sto denes medicinata nudi varijanti,i sto vo pogolemiot broj slucai rodilkata moze sama da odbere na koj nacin saka da go donese svoeto dete na svet..dzabe e megusebno da se ubeduvaat zenite koj metod e podobar bidejki se e individualno,sekoja razlicno razmisluva..kaj edna prirodniot poragjaj ide lesno kaj nekoja potesko,taka da samite zeni mozat da odberat a toa e dobro
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 23.Јануари.2009 во 23:48
Sve povekje mladite majki se odluchuvaat na spinalna anestezija,no ovoj vid na anestezija e kako mach so dve ostici.... Sakam da kazam deka nosi rizik idnata majka da ostane trajno paralizirana ako se oshteti nekoj nerv.Ovaa rabota sekogash neka im bide na um na idnite majki koi kje posakaat bezbolen poragjaj.Ne velam deka mora da ima vakov zavrshetok,no rizik sekogash postoi.
|
Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 13:09
Ц Ц Ц...што све не ќе прочита човек... За Дак незнам и несакам да коментирам бидејќи е очигледно дека е лаик во медицината,ама ти Рени такво нешто да пишеш?Читајќи ги некои од твоите постови низ форум сватив дека имаш врска со медицината и секојпат драго ми беше да те читам,посебно овде,на овој подфорум...Но,со последниов пост малку ме разочара ... Ризик постои секогаш, тоа да, но зошто тогаш да не се спомнат и ризиците кои се присутни и при спонтаниот пороѓај? И тогаш ги има,зарем не?
------------- Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 14:40
Biba ne se soglasuvash so mene deka postoi rizik so vakov vid na anestezija?Zboruvame za rizik pa makar vo najmal procent,sekako i deka pri normalen poragjaj ima rizici...kako na primer post partum infekcii i da ne nabrijuvam shto sve uste,no barem e po priroden normalen nachin.Pa tolku li sme kenkavi i neizdrzlivi za da morame so anestezija da go pomineme ovoj chin,jas eve iskreno ne bi se odluchila na vakov nachin,osven ako nedaj boze toa go bara situacijata,ako e neophodno.I ne s erazocharuvaj tolku brzo vo ljugeto ,pa sekoj ima pravo na mislenje i izbor kako kje go mine ovoj mnogu biten chin...so ili bez anestezija .
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 17:33
Мислам дека Дак само ги изнесе фактите и неубавите вистини за некои од начините на породување и тоа доста пластично ги објасни за кои имам слушано од стручни медицински лица.
И постовите на Биба се апсолутно вистинити, едукативни и многу информативни за оние кои не се запознаени со можностите на современата медицина и баше е убаво да се прочитаат најразлични гледишта и искуства.
Најискрено јас како идна мајка ќе се однесувам и ќе правам избори онака како што би било најдобро за мене и моето дете без да обрнувам внимание на тоа која како прошла на бокс. Секоја жена е индивидуална со своето здравје, можности, предности и затоа си има стручно лице кое ја води бременоста и има за задача да ве информира за се пред да го донесете на свет вашето дете.
Ова ми зазвучи како луѓето кога одат на забар, едни „умираат„ од болки, други седнале-станале и не осетиле.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Дак
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 20:40
Biba G,те молам немој да ме сватиш погрешно,да мислиш дека
некого преубедувам и сл или пак дека сакам да се такмичам,не сум такмичарски или кавгаџиски тип Можеби сум лаик,но можеби и не до толку
Ќе излезам малку од темата,но сепак поврзано со спиналната анестезија.
Минатиот месец мојот сопруг се оперира од хернија.Ми беше објаснето од анестезиологот кога го прашав со каква анестезија се прави хернија,дали целосна или со спинална анестезија.Ми рекоа со спинална анестезија,но по желба на пациентот можело и со целосна анестезија.Јас лично на мојот сопруг му реков да не прифати спиналка,туку да прифати целосна анестезија(како што реков не сум до толку лаик )Се разбира ме послуша.Инаку помина супер на операцијата за разлика од пациентот кој беше во соседната соба исто опериран од хернија,но со спинална анестезија.Како бев во исто време кога го оперираа и човекот го видов кога го изнесоа од операционата сала...човекот цврст маж, од салата излезе со крокодилски солзи.Потоа неговата сопруга ми кажа дека го оперирале на живо???Како на живо се зачудив??Ми објасни дека спиналката воопшто не му делувала и дека се чувствувал,дека не успеале,а истиот требал и од друга страна да ја оперира хернијата,но кога почнал да вика хирургот се откажал па само едната страна ја оперирал.
Знам за еден таков случај и за царски рез(но морале со спиналка оти пациенката испила сок и јала,а царскиот бил хитен оти обилно крварела)
Сега уште еднаш ќе нагласам не ме сваќајте дека сум зло намерна и дека сакам нешто да се правам незнам што,јас само ги изнесувам своите мислења,но и очигледни докази дека спиналката не е баш како да кажам со сигурност безболна,но и не велам дека немам слушнато и дека пациентите се задоволни,но и дека истите и по три дена многу ги болела главата.
------------- Љубов и само љубов
|
Постирано од: Goldi
Датум на внесување: 28.Јануари.2009 во 10:46
Царски рез – мода или потреба?
Во денешно време, во западниот свет особено, се повеќе се зборува за елективно породување со царски рез, т.е. слободен избор на трудницата како ќе се породи – со царски рез или по природен вагинален пат.
------------- Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 28.Јануари.2009 во 13:25
Има жени едноставно не сакаат да се мачат и трпат болка, тоа не значи дека помалку си ги сакаат своите деца.
И денеска царскиот рез многу убаво го прават сечат под стомак, мазно, прецизно, мал отвор, не ко порано да те искасапат на живо, со толкави лузни на стомак се шеташ на плажа, да им се гадиш на луѓе.
Ја сум за сите методи кои на жената ќе и пружат пријатно искуство за време на пораѓај.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Дак
Датум на внесување: 28.Јануари.2009 во 19:35
А,зошто да не е по природен пат ако се може?па таа боли не велам не,и јас спонтано се породив,и навистина тешко се издржуваат болките,исто следи и на породилен бокс,болките пред да се породат жените и болките откако се породат исчезнат,па мора да има пред породилни болки,тогаш бебето се спушта,си прави место и затоа боли,мислиш се те боли,боли на породилниот бокс,кога бебето сака да излезе,а кога главчето на бебето се гледа,тогаш(зависи,ако жената е по еластична долу не,многу мајки се имаат породено без да бидат сечени,па дури и прво ротки,или ако бебето е поситно,тогаш нема потреба од сечење и не се чувствува затоа што тогаш кожата е оптегната,а кога лекарите ги шијат,на пациентката и се дава анесерзин и самото шиење не се чувствува освен кога дојдат до делот на надворешната кожа затоа што таму не делува анестезија.)акушерката со мало крцнува со акушерски,стерилни макази за да може глава на бебето да излезе,па рамениците,па телото,и на крај ножињата.Тој рез,не се гледа и жената може да биде како нова.Таквите конци не се вадат(ketgut)оти самите испаѓаат за разлика кај царскиот каде по 8 дена лекарот ги вади.
Царскиот воопшто не е сјаен(но нагласувам ако мора тогаш мора кога лекарот установи дека треба,ако пациенката крвари,ако бебето е по крупно(се гледа на ехо)ако жената е карлично по тесна(акушерките при прием ја мерат карлицата,стомакот,висината на трудницата,килажата,се зема историја и се што оди по ред)ако пациентката е деформирана(пр,неможе да се рашири во препоните за да се изведе нормален пороѓај) и ред други причини.
Царскиот рез и не е толку мал,но секако и не како порано.
Самиот царски е доста комплексен,мора да се внимава на раната,се прават преврски и недај боже да се инфекцира,знам една жена на своја одговорност потпишала да си оди пред времено,не сакала да го послуша лекарот и сега мислам сеуште е во болница,раната и се инфекцирала и и прават преврски,мораше и да прима крвна плазма.
Ако првото е царски,мора и другото да е царски,неможе спонтано и да се сака (си има свои причини)
Па што жени бевме ако неможеме да ја издржиме таа болка
Сепак се најубаво на младитѕе мајки и секако тоа е нивен избор без разлика што и да одлучат
------------- Љубов и само љубов
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 29.Јануари.2009 во 21:34
strashno bre
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Јануари.2009 во 16:46
Се си носи ризик. Па и пораѓај по природен пат може некогаш да е ризичен....исто е и со спиналната. Нема нешто што не е ризично до некој процент. Кога веке гледам спомна Дак погоре за здебелување -имам една колешка која имаше 49 кила а кога беше бремена 9ти месец имаше само 53. Значи само 4 кила качи. А друга исто така што имаше 60 кила кога беше бремена едвај одеше, 95 кила.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 17:25
Дак напиша:
Ако првото е царски,мора и другото да е царски,неможе спонтано и да се сака (си има свои причини)
|
Dak, ova go kazuvas kako strucno lice ili kako "rekla kazala"??? Te molam ne deli gresni informacii!!! koi pricini? Znam slucaj kade sto prvoto bese so carski, a vtoroto (koga bese golemot 1 ½) po normalen pat (vodno poroduvanje) se porodi!!
Doktorite preporacuvaat posle crski rez da se ceka edno 1 ½ do 2 godini za slednata bremenost!
Potoa negde spomna deka nekoj si tamu go operirale na" zivo".... ...ako e strucen doktor ( anastezist) togas i znae kako se proveruva dali anastezijata deluva ili ne.... prosto i ednostavno so mraz.....
kako sto rekov, ako ne si stucno lice te molam nemoj gresni informacii da delis, i da zaplasuvas nekoj posetiteli
p.s. se izvinuvam sto sum malce gruba, no vakvi raboti me vadat od takt
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 17:28
Edna moja koleska so prvoto bese carski...doktorot ja predupredi da ceka 2 godini do sledna bremenost. tocno po 2 godini ostana bremena. Samo sto vleze vo 6ti mesec se otvori i bese 90% rizicno mozese da go izgubi plodot ...narednite 3 meseci gi preleza vo krevet ...sto se veli morase da pazi do vc kako ke otide a ne pa po skali ili sl. Baj d vej...i so vtoroto bese carski iako bese otvorena...
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Дак
Датум на внесување: 31.Јануари.2009 во 20:18
seka напиша:
Дак напиша:
Ако првото е царски,мора и другото да е царски,неможе спонтано и да се сака (си има свои причини)
| Dak, ova go kazuvas kako strucno lice ili kako "rekla kazala"???Te molam ne deli gresni informacii!!! koi pricini? Znam slucaj kade sto prvoto bese so carski, a vtoroto (koga bese golemot 1 ½) po normalen pat (vodno poroduvanje) se porodi!!Doktorite preporacuvaat posle crski rez da se ceka edno 1 ½ do 2 godini za slednata bremenost!Potoa negde spomna deka nekoj si tamu go operirale na" zivo".... ...ako e strucen doktor ( anastezist) togas i znae kako se proveruva dali anastezijata deluva ili ne.... prosto i ednostavno so mraz..... kako sto rekov, ako ne si stucno lice te molam nemoj gresni informacii da delis, i da zaplasuvas nekoj posetitelip.s. se izvinuvam sto sum malce gruba, no vakvi raboti me vadat od takt |
Види сега,како прво се извинувам ако моите постови ве вадат од контакт или ве иртираат,за тоа и ќе дадам образложение.
Друго јас никој не сакам да плашам,јас со моите постови
сакам да кажам дека е подобро спонтано породување,се разбира ако има услов за тоа, и секако ако лекарот одлучи за царски,а не пациент.Пациентот треба да го слуша лекарот оти тој во никој случај не му мисли нешто лошо на пациентот.
Јас само правам споредба од спонтано породување(не велам дека е лесно и дека и тука не се случат некои компликации)и од царски(но секако лекарот е тој кој одлучува дали е потребно...па затоа и учат факултети нели?а ако пациентот одлучува,тогаш што ќе му е факултетот на лекарот?дипломата нека му ја даде на пациентот.)
Да лекарите препорачуваат година ипол,до две години,но некои не едуцирани мајки останат и порано,а ако истите не вршат редовна контрола,не се јават на време или пак дојдат отворени комлет и прокрвариле,тогаш лекарите тупат нерви размислувајќи за последиците...има и такви кои и спонтано се породат(но ретки се и секако ако лекарот одлучи)
Онаа за на „живо„јас тоа не го кажав туку пациентот,неговата сопруга,а јас видов и ги слушнав нивните коментари...значи кажува пациент,а не јас.
а за онаа „рекла казала„можеби е малограѓански,но тоа е нашиот речник...
Не коментирам на темата оти не сакам да биде без потребно губење на мое драгоцено време покажувајќи ги своите мислења,всушност секој ќе одбере онаа за кое мисли дека на нему му е подобро...го почитувам размислувањата на останатите,секој има право на свое мислење и размислување.
Вие воопшто не сте груби,вие ги изнесувате вашите ставови
но сепак, медицината не е математика,еден и еден се два.
Со почит.
------------- Љубов и само љубов
|
Постирано од: mistake
Датум на внесување: 24.Април.2009 во 17:49
Постирано од: lane62
Датум на внесување: 24.Април.2009 во 18:58
bas taka.....ke go videv nego za so ke bese , samo edna minutka da gi imase kontrakciiskite bolki...
------------- Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
Постирано од: mistake
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 11:14
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 23:24
mila28 напиша:
lane62 напиша:
bas taka.....ke go videv nego za so ke bese , samo edna minutka da gi imase kontrakciiskite bolki... | Taka,tocno...bas toa sakav da go kazam...kako velat... koj ne iskusil ne mozi da zboruva... ...ili pak moze da zboruva ama kolku ke e tocno...e toa e druga prikazna |
па ке ти кажам jас----се породив секцио, таа коjа беше со мене во соба се породи природно...и знаеш што...мммм....таа за десетминути беше ко нова, а jас не можех од креветот да се дигна...и сема имам болови...посебно во женскиот период на месецот.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 00:22
ако треба да одам и трет пат на бокс ќе одам пак по природен пат...не ги сакам боцкањата во р’бет,не се чувствувам лагодно...а болката...па и не е толку страшна де...кога ќе помислиш само на она што следи после болката...ммммм...се е друго неважно
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Avatar23
Датум на внесување: 26.Јули.2010 во 11:40
Se e individualno. Vaka, kako prvo rizici od bezbolen porogaj postojat, isto kolku i od priroden porogaj. Vo Germanija i Francija 80% od zenite se odlucuvaat za bezbolen porogaj, pa dokolku rizicite bile evidentni sigurno nemase masovno da go prifakaat. Jas dvapati se poragav prirodno, sakav da ja pocuvstvuvam taa prirodna bolka i iskustvoto na porogajot (i navistina e prekrasno koga otkako ke pomines niz pekolot ke se najdes vo Rajot drzejki go bebeto vo race), velat ona sto nema da te ubie ke te ojaca, pa taka po porogajot dobiv sila koja mi pravese da se cuvstvuvam deka mozam da izdrzam se. No rabotite se menuvaat, podocna se razbolev od seriozna bolest, koja znacese bolki, neizdrzlivi, vo period od 1 godina, taka da ako sega se odlucam za treto dete, sigurno ke odam na varijantata bezbolen porogaj, bidejki moevo istosteno telo ne veruvam deka ke moze poveke da izdrzi takva bolka. Zatoa ne sudete. Sekoja edinka sama treba da odluci.
|
Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 26.Јули.2010 во 11:43
bezbolen a
------------- vivi
|
Постирано од: Pannet
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 23:32
Се пораѓав два пати. Првиот пат безболно и мислев дека ќе умрам.
Вториот пат со епидурална...мажот ми си беше до мене цело време и се чувствував како царица.
Разликата е голема, и кој и да ви каже дека пороѓајот не е толку болен за да се пораѓате со аналгезија, ве лаже.
Господ да го благослови тој што ја измислил епидуралната аналгезија...
|
Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 06.Октомври.2010 во 10:10
Pannet напиша:
Се пораѓав два пати. Првиот пат безболно и мислев дека ќе умрам.
Вториот пат со епидурална...мажот ми си беше до мене цело време и се чувствував како царица.
Разликата е голема, и кој и да ви каже дека пороѓајот не е толку болен за да се пораѓате со аналгезија, ве лаже.
Господ да го благослови тој што ја измислил епидуралната аналгезија... |
AMIN!
-------------
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
|
|