IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Кризата пристигна и во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кризата пристигна и во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кризата пристигна и во Македонија
    Испратена: 15.Ноември.2008 во 10:13
Kje se soocime li so teshkata realnost? Ima li kriza ili ne vo Makedonija?
Светската економска криза зазема драматични размери и во земјава, притискајќи ги компаниите и принудувајќи ги да отпуштаат вработени и да го намалуваат обемот на својата работа, како резултат на падот на цените на берзанските производи и откажаните нарачки. Според стопанствениците, ударот од кризата допрва ќе се почувствува во практиката особено по Нова година, кога се очекува нов бран отпуштања, стопирање или сведување на минимум на сите договори за извоз и нарачки. Намалувањето на обемот на работа во реалниот сектор го доведува во прашање одржувањето на проекцијата за макроекономските показатели, кои Владата ги вгради и во Предлог-буџетот за идната година. Што се однесува до финансискиот сектор, надлежните засега уверуваат дека тој е стабилен.

„Состојбата во државава може и да се влошува, што може да доведе до корекција на стапката на економски раст за идната година и таа да биде помала од 5,5 отсто. Засега кризата ја чувствуваат над 1.000 работници кои се на принуден одмор, а за еден-два месеца можат да бидат и отпуштени, а се' уште не се знае до кога ќе трае кризата, колку ќе се продлабочува и во кои сектори ќе се рашири.

Во секој случај, намалените нарачки и намалениот извоз ќе резултираат со нови отпуштања и раст на и онака високиот трговски дефицит“, истакна претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Јован Манасиевски на вчерашната седница, на која беше усвоена информацијата за влијанието на финансиската криза врз земјава, која понатаму ќе биде доставена и до пратениците.

Дека има проблем во реалниот сектор потврди и Јелисавета Георгиева од Стопанската комора на Македонија, која даде поразителни бројки за намалениот обем на работа во реалниот сектор.

„Фени“ отпушти работници на принуден одмор. „Силмак“ згасна четири печки, што предизвика, исто така, отпуштања вработени. Како резултат на нивната намалена активност, редуцирана е работата на транспортерите кои го пренесуваа нивното производство. Како резултат на нивната намалена работа, намалена е и побарувачката на амортизери за возилата, а запрено е и производството на огноотпорни тули кои се користеа во производните капацитети. Побарувачката на бојлери е намалена за 50 отсто, пласманот на хемиски производи е сведен на една петина од претходно, за 60 отсто е намален пласманот на хемиските материјали, кои се користат во градежништвото. Намалена е побарувачката на ламели, кабли, жица. Чевларската и текстилната индустрија немаат нарачки за идната година, а и аграрот бележи намалени нарачки за финални производи во идната година“, објасни Георгиева.

И Сојузот на стопански комори изразува страв дека проблемите во реалниот сектор ќе се мултиплицираат претстојниов период, поради што бараат помош од државата преку олабавување на даночната политика за извозноориентираните компании.

За разлика од реалниот сектор кој ја чувствува кризата во целата нејзина суровост и кој веќе бележи загуби, фискалната и монетарната власт убедуваат дека овој сектор е безбеден и сигурен и дека во случај на потреба ќе се преземаат дополнителни мерки за заштита.

„Подготвени сме да реагираме доколку има потреба за тоа. Во контекст на тоа, има можност со закон да ги заштитиме депозитите во нивната вкупна вредност, посебно со оглед на тоа што во изминатиот период во одреден период имаше поголемо повлекување на депозитите. Што се однесува до кризата, нејзините последици засега ги чувствува реалниот сектор, посебно металците, но Владата смета дека со пари на даночните обврзници не треба да помага одделни компании. Во светот државите поддржаа одредени компании и финансиски институции, но тоа го направија преку купување префренцијални акции во тие фирми“, и' образложи министерот за финансии Трајко Славески на собраниската Комисија.

Тој, како и гувернерот на НБМ Петар Гошев, уште еднаш цврсто застанаа во заштита на стабилниот девизен к*рс, кој според нив нема воопшто простор да се менува. „Интенција на НБМ останува одржување стабилен девизен к*рс. Тоа најмногу се должи на стабилната монетарна политика и банкарскиот сектор. Кај нас директните ефекти од кризата доаѓаат од реалниот, а не од финансискиот сектор. Немаме проблем со неликвидност и недокапитализираност на банките, како што беше случајот со банките во САД и во Европа. Нашиот банкарски систем е конзервативен, поради што е стабилен и ликвиден, со низок степен на ризичност на портфолиото. Доколку бидеме во ситуација целосно да се вратат пласманите на средствата кои се од поризичните групи, од Б до Д, тоа ќе зафати само 17 отсто од капиталот на банките“, истакна Гошев.

Тој додаде дека НБМ веќе презела мерки за заштита на банкарскиот систем преку обесхрабрување на растот на кредитирањето, со зголемување на каматните стапки.

НБМ засега не планира да ги олабавува каматите. „Централната банка не прима притисоци и не одлучува врз основа на притисоци и нашите согледувања се дека сугестиите за намалување на каматните стапки во овој момент не можеме да ги прифатиме“, објасни Гошев.

Како последица на глобалната економска криза е голема веројатноста дека во блиска иднина ќе се намали приливот на странски директни инвестиции и дознаките од странство, што дополнително ќе ја влошат економската ситуација во земјава. „Во светот има две кризи, финансиска и рецесиска. Со оглед на тоа дека 60 отсто од нашиот извоз оди во ЕУ, во која некои земји се во рецесија, тоа ќе се рефлектира врз намалување на нашиот извоз. Ќе се ревидира и најавата за влез на странски инвестиции, а ќе се намалат и дознаките од странство, поради контракциите на стопанствата во кои се наоѓаат нашите иселеници“, објасни Манасиевски.

Тој нагласи дека со згаснувањето на производствените капацитети ќе се намалат и приливите на даноци во буџетот, што може да резултира со многу помал економски раст. „Со оглед на тоа дека откако беше изготвен буџетот и предаден во Собранието, стапката на раст се стопи од 6 на 5,5 отсто, тоа значи дека таа може и да не ја достигне таа вредност“, смета Манасиевски.

За влијанието на глобалната криза врз пазарот на капитал, директорот на Македонската берза Иван Штериев рече дека Берзата во Македонија, како и другите берзи во регионот, ја почувствувале многу порано поради природата на пазарите тие да реагираат на дневна основа. „Колку за споредба, ако во 2006 година се остварувал дневен промет од 500.000 евра, во 2007 година тој се зголеми до 2 милијарди евра, а сега е паднат на 5.000 евра“, истакна Штериев. Тој уште еднаш потенцираше дека кризата на Берзата е повеќе психолошка.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2008 во 21:55
niv im e se psiholoski.pa i toa se leci na kraj na kraistata.samo nie nemame doktori
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 00:35
ВО 2009год.ќе не снајде тоа што ја снајде Босна(БиХ)во 2008год.и тоа е факт!Од 2милијарди евра буџет 1.5милијарди ќе бидат потрошени само на плати за гломазната администрација,плус владата веќе се спрема да прави монети од 10 и 50денари.Случајност?И донт тинк соу!

Изменето од Zajcef - 16.Ноември.2008 во 00:35
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 01:24
Монетите се пуштени во оптек од вчера и не се случајност, туку книжните банкноти постепено ќе се заменуваат со монетите, поради поголеми трошоци за нивно печатење и расипливост. И нема тоа врска со инфлацијата, ако беше така ќе се печатеа банкноти со голема номинална вредност (апоени од 10.000, 50.000 100.000 денари...) како на времето во Југославија, а не монети од 10 и 50 денари...намигнување
А кризата ни е веќе на врата, сакал некој да признае или не...
Ќе ја почувствуваме најсилно во 2009 година, пред се во реалниот сектор... Банкарскиот сега за сега е стабилен, пред се поради неповрзаноста на домашните банки со америчките инвестициони банки и поради нивното финансирање од штедните депозити на граѓаните... Но, и тука ќе има сигурно повратно влијание од кризата во реалната економија, преку намалување на штедењето...
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 02:43
Kje se soocime li so teshkata realnost? Ima li kriza ili ne vo Makedonija?



koj postavuva vakvi gluposti?!,...zarem dosega techelo med i mleko,tuka!!..pa,sega ,..i kriza ke ve fatelo,...i toa ,..od svetot,...hahaha,...ne znam dali e povekje smeshno,...otkolku ,..tragichno,...газење%20од%20смеење
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 09:20
Originally posted by brza brza напиша:

Kje se soocime li so teshkata realnost? Ima li kriza ili ne vo Makedonija?



koj postavuva vakvi gluposti?!,...zarem dosega techelo med i mleko,tuka!!..pa,sega ,..i kriza ke ve fatelo,...i toa ,..od svetot,...hahaha,...ne znam dali e povekje smeshno,...otkolku ,..tragichno,...газење%20од%20смеење

... kolku da e smeshno... i tragicno... ocigledno e deka nie begame od vistinata...cel svet vo panika...nie mirni... ova nie mislam na onie...koi sekoj den ni serviraat deka ni e arno... dzabe nie se soocuvame katadnevno so krizata... ni treba tie da priznat... i da pocnat da tabotat da ne ispoumreme za leb...
Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 03:05
Makedonska ekonomija e na poceton na tonenje
svetska kriza se prosiri vo 2 svet
i tuka pripaga i makedonija

Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 03:12
toa e glupava rabota 50 denari da bidat zelezo

oava e mal trick na valda da go izbegnuva deficitot
ali tesko da go razberat poveceto od graganite
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 03:18
Да бе... цел свет е глупав што користи железни монети, ние сме најпаметни со книжни монети од 50 денари, со кои можеш да купиш само 2 пакетчиња мастики... и после се кинеле...
 
Каква врска има дефицитот со железните монети од 10 и 50 денари?...
Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 03:25
normalno deka kupis 2 paketi mastiki
koga inflacija e povise od 5 %
ako znaes sto e inflacija
ke ti se tekne zs vlada saka da sporovede zelezni pari


zeleznite pari sekogas se nevredni za narodot
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 03:32
газење%20од%20смеење Да во право си, од кај знае економист што е инфлација...
 
Железните пари се економски поисплатливи од книжните, кои бргу се кинат и расипуваат, па се прави соодветна замена на книжните со кованици.
Вредноста на парите не ја определува материјалот од кој се направени, туку нивната куповна моќ.
И не е точно дека железните пари се невредни (ако си бил на запад ќе знаеш, притоа за запад не ја сметам Албанија)...
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 15:30
Јас се согласувам со ред блек-тоа е очајнички потег да се заштеди некој денар на произвотство на пари...
Но тоа не помага воопшто-кризата нема да не одбегне.
Сосем спротивното-таа ќе биде погубна за нашата економија.
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 15:41
Потегот е баш да се заштеди некој денар на производството на пари, оти старите расипани книжни се печатат на ново а тие трошоци се поголеми од производството на ковани монети. Тука нема ништо очајничко и нема врска со кризата, не е тоа потег кој треба да влијае на кризата.
Кризата најмногу ќе ја осетиме следната година, не само ние, 2009 ќе биде лоша година за цел свет. Како ќе се справи нашата економија со кризата, уште од сега се осеќа: отпуштања од работа, сигурно ќе има и затварање на фабрики, намалување на куповната моќ на потрошувачите, намалување на штедењето, оттука намалување на банкарскиот кредитен потенцијал, па намалување на кредитирањето на стопанството...  Намалени инвестиции, намален раст на БДП, зголемување на надворешно-трговскиот дефицит...
Тешко ќе биде...
 
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 15:56
Само баш ме интересира после криза што иде
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.