IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Изворни христијани, нивно основање и учење
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изворни христијани, нивно основање и учење

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 09:54
ДЕЛ 3

Христијанството се утврдило во главните центри на Римската Империја уште пред проповедта на ап. Павле: во Антиохија, во Александрија, во Рим. Но тоа сѐ уште било истото јудео-христијанство; Него го пренесувале во дијаспората Евреите, кои традиционално патувале во Ерусалим за молитви и принесување жртви во храмот. Такви се и дојденците меѓу слушателите на првата проповед на св. ап. Петар, на денот Педесетница. Откако го примале христијанството и се вратиле дома, тие основале општини во еврејските колонии во големите градови. Но, со тоа не се излегувало зад границите на јудејството, спорот за христијанството останувал внатрешно-еврејски спор. Така на пример, според зборовите на римскиот историчар Светониј, во 49 г. императорот Клаудиј ги иселил сите Евреи од Рим, заради немирите што се појавиле меѓу нив по прашањето за некој Христос.

Павле, исто така, ја започнал својата проповед од Евреите во Мала Азија. Во Дела апостолски често се повторува следната шема: кога ќе пристигне во некој град, ап. Павле влегува во местната синагога и врз основа на Светото Писмо што се читало во неа секоја сабота ја започнува проповедта за Христа. Евреите, со малку исклучоци, го отфрлаат и тогаш тој се обраќа кон паганите. Павле никогаш нема да се посомнева дека на Евреите «прво требало да им биде проповедано Божјото слово» (13, 46). Тоа што тие го отфрлиле Христа ќе биде Негова «постојана мака». «Јас би сакал – вели тој – самиот да бидам одвоен од Христа за моите браќа, кои ми се сродни по тело» (Рим. 9, 2-3). Но, исто толку несомнено за него сега е и тоа, дека Евангелието е обратено кон целиот свет – «за спасение до крајот на земјата». Отфрлен од Евреите, тој до крај ќе го осознае својот повик – да биде Апостол на паганите и понатаму со нив ја соединува својата судбина.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 19:59
Sekoja cest Maran Ata mnogu ubavo napisano uzivam dodeka citam
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 00:11
    Maраната, податоциве што ги презентираш покажуваат дека изворните христијани постојат многу одамна, а не се нова деноминација.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 01:57
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

    Maраната, податоциве што ги презентираш покажуваат дека изворните христијани постојат многу одамна, а не се нова деноминација.
 
За тоа треба ти да се пронајдеш во историјата... бидејќи самиот гледаш дека е така!!!голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
бакнеж
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:07
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

    Maраната, податоциве што ги презентираш покажуваат дека изворните христијани постојат многу одамна, а не се нова деноминација.


Тоа де, не се. Нивното учење и предание денеска се среќава исклучиво во православната Црква.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:12
Ова за сите љубители на вистината која се потврдува низ историјата

ДЕЛ 4

Но, сега тоа веќе не се поединични обраќања, не се исклучоци, туку христијанството го прифаќаат цели општини од паганите. А, дали за христијаните важат ритуалните прописи на Стариот Завет кои, како што видовме, Ерусалимските јудео-христијани биле ги запазувале во сета нивна сила? На тоа прашање Павле решително одговора: Не! И за него тоа не е прашање на «тактика», т.е. не е заради полесно обраќање на паганите; со тоа прашање за ап. Павле е поврзана целата суштина на христијанското благовестие, целата смисла на спасението кое Христос го изврши. Во посланието кон Римјаните тој го развива своето учење за односот меѓу законот и благодатта и за тоа дека христијаните се ослободени од законот. Св. ап. Павле најмалку сака да го одрекува значењето и вредноста на законот, односно – значењето на Стариот Завет. «Законот е Свет и заповедта е Света и праведна и добра». Но во тоа е и значењето на законот, што тој го прави неопходно своето сопствено надминување, какво што е спасението во Христа, а тој се покажува «педагог//детеводител кон Христа». Зашто, законот само установува дека постои зло и грев, но не дава сили за спасение од гревот. Дури и знаејќи, што е добро, а што е зло, човекот е бессилен да уништи злоот: «желба за доброто постои во мене, но за да го правам доброто, тоа не го наоѓам. Доброто, кое го сакам – не го правам, а злото кое не го сакам – го правам»… (Рим. 7, 18-19). Гревот го поробил човекот, тој е роб – и веќе не може сам да се ослободи од тоа робство. И ако законот – т.е. знаењето на нормите – би било доволно за избавување од гревот, тогаш не би било потребно спасението во Христа. Но, откако го дал законот, Бог од една страна му открил на човекот дека злото е «ненормално» – дека е грев, нарушување на Божјата волја за човекот и светот, од друга пак, го осудил човекот. Но, тогаш останува само спасението на човекот од самиот Бог и тоа спасение е извршено во Христа. Божјиот Син стана човек и како безгрешен, го зел на себе сето бреме од гревовите, целата осуда од законот и до Својата смрт нѐ откупил од тоа осуда. Но, со самото тоа во Него умрел законот и се зацарила благодатта: преку верата во Христа, преку соединувањето со Него во крштелното уподобување со Неговата смрт, човекот го добил Неговиот живот, престанал да биде роб, за да стане Божји син. И тоа спасение е дарувано не само на јудеите, туку – на сите луѓе. Зашто, паганите, макар и не знаејќи го богооткриениот и совршен закон на Стариот Завет, во себе го имаат законот на совеста, кој го осудува злото и затоа се наоѓаат под истата осуда како и јудеите. За ап. Павле превосходството или избраништвото на јудеите, (кое тој никогаш не го порекнува) не е во тоа, што тие го имаат законот на доброто и злото, туку во тоа, дека им е «доверено Божјото слово», т.е. преку нив се извршува подготовувањето за Христовото доаѓање. Но, Христос доаѓа да ги спаси сите, «зашто како јудеите, така и Елините сѐ под гревот» (Рим. 3, 9). Со мојсеовиот закон или со законот на совеста, «Бог ги заклучил сите за непослушноста, за сите да ги помилува» (11, 32). «Сите вие кои во Христа се крстивтие, во Христа се облековте. Нема веќе ни јудеец, ни елин; нема ни роб, ни слободен, нема машки пол, ни женски, зашто сите вие сте едно во Христа Исуса»… (Гал. 3, 27-28). Оној што поверувал во Христа, учествувајќи во Неговата смрт, имајќи го Неговиот живот, и сѐ уште ги прави тие разлики, сѐ уште мисли оправданието да го добие преку исполнување на надворешните прописи на законот, тој нема «никва полза од Христа, тој отпаднал од благодатта». Зашто, целата смисла на законот е само во љубовта, а законот во себе никогаш немал сила да ја даде таа љубов.Таа е дарувана, како дар е дадена во Христа и затоа преку Него и во Него, законот станува ненужен. Во него веќе «нема сила ни обрезанието, ни необрезанието, туку верата што дејствува со љубов»…
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 03:07
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

За изворните Христијани може да се прочита во една Книга која се вика Библија! Нивните верувања таму се опишани.



Biblijata e proizvod na Crkvata Hristova, koja shto na pochetokot se sostoela od chetiri jurisdikcii: Erusalimska, Aleksandrska, Antiohiska i Rimska. So podelbata na Rimskoto carstvo na Istochno i Zapadno, i premestuvanje na rimskata prestolnina vo Konstantinopol, bila formirana i petata - Konstantinopolska crkva. Site zaedno ja sochinuvale Crkvata Hristova. Rimskata crkva otpadnala vo XI vek poradi eres, a kako shto se pokrstuvale narodite i Crkvata rastela, i se pojavila potreba od novi crkovni jurisdikcii, koishto se odnesuvaat na teritorijalnata (crkovna) administrativna uorava. Taka nastanale upravite na RPC, SPC, GPC i drugi, koishto izrasnale od Konstantinopolskata patrijarhija. Crkvata Hristova e zhiv organizam, a po dvaeset veka ne mozhe da ostane ista po forma i golemina, bidejki prirodno raste i se razviva. No, nejzinata sushtina e neizmenliva.

A tvojata "izvorna crkva", od kade poteknuva?

Изменето од Asya - 17.Ноември.2008 во 03:17
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 07:10
ДЕЛ 5

«Старото помина, сега сѐ е ново» (2 Кор. 5, 17). Св. ап. Павле никогаш не се заморува да возвестува; за новиот живот, за дарот на слободата, за причестноста кон благодатта и тоа евангелие на слободата им го спротивставува на сите кои сѐ уште сакаат да се вратат кон ропството на закоништвото.

Од паганите тој не барал ништо друго освен вера во Христа, т.е. свесно, целосно обраќање кон Него и нов живот «во Христа». Кога ап. Павле и неговиот сопатник Варнава се вратиле во Антиохија и раскажале за своето патување, биле пречекани со противење и прекор од оние јудео-христијани кои продолжиле да го сметаат запазувањето на Мојсеовиот закон задолжително за сите членови на Црквата, без исклучок. Започнал долг и мачен конфликт кој на ап. Павле му донел многу страдања и грижи. Од Неговите посланија се гледа дека постојано требало да ја брани својата проповед, своето апостолство, своето учење од клеветите на непријателите кои се обидувале да ги одвојат од него Црквите кој токму тој ги основал.

Во книгата Дела апостолски тој конфликт го разгледуваат и решаваат Апостолите и Ерусалимската Црква на апостолскиот собор во Ерусалим.


Превземено од Свиток

Изменето од Maran Ata - 17.Ноември.2008 во 13:41
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 00:46
А сега продолжувам со подеталното житие на св.Јован Богослов, за сите оние кои уживаат да ја читаат оваа тема

ЖИТИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ
ЈОВАН БОГОСЛОВ




Свети апостол и евангелист Јован Богослов беше син на рибарот Зеведеја и Саломија, ќерка на Јосиф, вереникот на свете Богородица. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски, и појде со својот брат Јаков по Христа. Од Господ Христос тој беше наречен "син на громовите", затоа што неговото богословие претстоело како гром да се расчуе по целиот свет и да ја исполни целата земја. И одеше по својот благ Учител, учејќи се на премуддроста која излегувала од Неговата уста; и Господ Христос многу го љубеше ззаради неговата савршена незлобивости и извонредна девствена целомудреност. Божествената љубов на Спасителот кон него беше толку голема, така што во светото Евангелие за него се вели дека тој е "ученикот кого Исус го љубеше". И меѓу дванаесетмината Господ го издвоил како најпосебен, и тој беше еден од тројцата најблиски ученици Негових на кои Господ многу пати им ги откривал Своите божествени тајни. Така, кога ја воскреснал Јаировата ќерка Господ со Себе ги зел само Петар, Јаков и Јован, да бидат сведоци за настанот. Исто така, кога се преобразил на Тавор и ја покажал Својата Божествена слава, Господ повторно тоа го направил само во присуство на овие тројца одбрани ученици. И кога се молеше во Гетсиманиската градина, Господ ниту тамо не беше без Јован, зашто им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.” И кога ги поведе со себе Петар и двајцата Заведееви синови, се натажи и почна да тагува. (Мт. 26, 36-37). Како возљубен ученик, Јован никаде не се одвојувал од Христос. А колку Господ Христос го љубеше Јована се гледа по тоа што на Тајната Вечера Јован ја навали својата глава на Исусовите гради. Зашто кога Господ на Тајната Вечера објави дека еден од учениците ќе Го предаде, и учениците почнаа да се гедаат меѓу себе и се чудеа за кого зборува, тогаш учениког кого го љубеше Исус, се навали на Исусовите гради и го праша: Кој е Господи?” Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го подадам.” И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариот. (Јн. 13, 21-26). Господ така го љубел Јован, што само тој имал слобода да ја стави главата своја на Неговите гради и смело да го праша за тајната на предавството. Но и Јован имаше поголема шубов кон својот Учител од останатите: затоа што за време на доброволното страдање на Спасителот, сите ученици Го оставија својот Пастир и се разбегаа, а само тој единствено и неодстапно ги гледше сите маки Христови, сострадувајќи со сето свое срце, плачејќи и ридајќи заедно со Пречистата Дева Марија, Мајката Господова, така што заедно со Богородица дури до самиот крст и смрт не отстапи од Синот Божји Кој пострада за нас. Затоа и беше посинет од Пречистата Дева Марија под крстот на Господа. Зашто Господ висејќи на крстот, и гледајќи ја Мајка Си и ученикот кого го љубеше како стојат, и рече на Својата Мајка: Жено, ете ти син! Потом му рече на ученикот: ето ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде кај себе. (Јн. 19, 25-27). И ја сметаше за своја мајка со секоја почит, и и служаше се до нејзиното чесно и славно успение. А во денот на нејзиното успение, кога чесното и свето тело на Божјата Мајка го носеа да го погребаат, свети Јован пред неа го носеше необично царски-блескавото палмово гранче, која на Пречиста Дева и го донесе Архангел Гаврил известувајќи ја за нејзиниот премин од земјата на небото.


Продолжува...


Изменето од Maran Ata - 19.Ноември.2008 во 13:47
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 15:52
Ме немаше извесно време и за сето тоа време гледам дека на мојата тема скоро никој ништо не постирај освен со чест на исклучоци.

И се прашувам каде се сите тие изворни христијани што толку се бунеа и дигаа прашина до сега?

Кога само ги запрашав да ми објанат за нив затоа што ништо незнам за нив ги снема , а кога се збореше против Православието толку врева дигаа.

Така ли се брани верата, бараќа?

Или човек да помисли дека немаат ништо и како што вели Маран Ата ако неплукаат на Православието не ке има што да проповедат.

Од се ова изгледа е така.

Ти благодарам Маран Ата за житијата на овие двајца врховни апостоли кои многу ги сакам и почитувам.

А имам прочитано дека св.Јован бил сведок и на разговорот со самаријанката и на многу други разговори со Господ Исус Христос. Но ме чуде едно? Каде му е сето тоа знаење и зашто го закопал и не го напишал во Евангелието и посланијата или има и нешто друго?

Изменето од Опитен - 19.Ноември.2008 во 05:47
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 04:09
ДЕЛ 2

После успениeто на Пресвета Богородица, свети Јован со својот ученик Прохор тргна во Мала Азија за и таму да го проповеда словото Божјо, бидејќи таа област му припадна со ждрепка. Одејќи натаму, св.Јован тагуваше, затоа што ги предвиде несреќите што ги чекаат на море, и тоа му го претскажа на својот ученик Прохор. И кога во Јопија се качија на лаѓата и запловија, во 5 часот попладне настана голема бура, и вечерта лаѓата се разби, така што сите што беа на лаѓата, пливаа по морските бранови држејќи се кој за што ќе најде. Утредента напладне морето сите ги однесе на обала, на пет стадии од Селевкија, а само ап.Јован останал во морето. Откако Прохор многу го опака Јован, тргна сам за Азија. Во 40-тиот ден од своето патување, тој стигна на едно место крај морето, наречено Мармареот и застана тука да се одмори. И кога еднаш го гледаше морето и тагуваше по Јован, морските бранови со голема сила ја заплискаа обалата и го исфрлија Јован жив. И кога Прохор притрчал да види морето кого исфрли, го виде Јован, го прегрна, го дигна од земјата и двајцата почнаа да плачат благодарејќи Му на Бога за се. Така св.Јован 40 дена и и ноќи помина во морето, и со благодатта Божја остана жив. Кога влезе во Мармареот, тој побара леб и вода, па откако се укрепија, тие заминаа за Ефес.


Продолжува...

Изменето од Maran Ata - 19.Ноември.2008 во 04:13
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 07:27
ДЕЛ 3

Кога влегоа во градот Ефес, ги пресретна една жена по име Романа, која беше прочуена по својата злоба дури до Рим; таа во градот ја држеше јавната бања. Ги најми Јован и Прохор да работаат во бањата и стрешно ги мачеше. Јован го одреди да го ложи оганот, а Прохор да достава вода, и тоа се додека се живи. Во таква неволја тие поминаа доста време. Но, во таа бања имаше демон, кој секоја година давеше по еден човек кој се капел во бањата – младич или девојка. А кога таа бања се ѕидала, по демонски совет, во нејзините темели биле живи заѕидани едно момче и една девојка. Од тогаш и почна да се случуваат давењата секоја година. Се случи во тоа време да дојде едно момче по име Домн, син на градскиот старешина Диоскорид. И кога Домн се миеше во бањата, го нападна демонот и го удави. Тоа силно ја потресе Романа, и таа многу плачеше за Домн. Веста за Домнината смрт брзо се пренесе по целиот Ефес; а Диоскарид кога слушна за смртта на својот син, му препукна срцето од болка и умре. Меѓутоа, Романа многу се молеше на Артемида да го васкрсне Домн, и молејќи се го кинеше своето тело, но ништо од тоа не и помогнало. Во тоа време Јован го распрашуваше Прохор шта се случило. Кога ги забележа дека разговараат, Романа го фати Јован и почна силно да го тепа, навредувајќи го и фрлајќи ја вината на него за Домновата смрт. Најпосле му рече: Ако не го воскреснеш Домн, јас ќе ја одвојам твојата душа од твоето тело, - тогаш Јован се помоли на Господ и го воскресна детето. Романа се ужасна, и го нарече Јован Бог или Син Божји; меѓутоа Јован ја проповедаше силата Христова и поучуваше за верата во Христа. Потоа свети Јован го васкрсна и Диоскорид; и Диоскорид и Домн и Романа поверуваа во Христа и се крстија. Сите луѓе ги обзеде страв и се восхитуваа на тоа што се случи; и едни велеа дека Јован и Прохор се врачари, а други одговараа дека врачари не воскрснуваат мртви. Јован, пак, го избрка злобниот дух од бањата, и заедно со Прохор пребиваше во домот на Диоскорид, утврдувајќи ги новопросветените во верата и учејќи ги на добродетелен живот.


Прдолжува...

Изменето од Maran Ata - 20.Ноември.2008 во 07:27
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2008 во 14:31
Житие на св.апостол и евангелист Јован Богослов

ДЕЛ 4


Еднаш во Ефес многу свечено се празнуваше празникот на Артемида: народот бше во бела облака, славејќи и ликувајќи кај храмот на Артемида; а спроти храмот стоеше идолот на таа божица. Тогаш свети апостол Јован се качи на една висинка блиску тој идол и громогласно го разобличи слепилото на незнабошците, дека тие не знаат кому се клањаат и наместо Бога ги почитуваат демоните. Народот страшно се разгневи и почнаа да го каменуваат светиот апостол, но ниту еден камен не падна на него, туку сите камења се враќаа и ги погодуваа оние кои ги фрлаа. Свети Јован, поддигајќи ги рацете кон небото, се помоли на Бога, и веднаш настана страшна жештина и топлина, од која 200 луѓе паднаа и умреа. А останатите едвај доаѓајќи на себе од страв, го молеа светиот апостол да се смилува на нив, затоа што ги снајде страв и ужас. А кога свети Јован се помоли на Бога, сите умрени воскреснаа, и сите припаднаа кон Јован, и поверувајќи во Христа се крстија. И таму, на местото наречено Тихи, светиот апостол го исцели раслабениот кој 20 години лежел, и тој Го прослави Бога.


Продолжува...

Изменето од Maran Ata - 22.Ноември.2008 во 14:43
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 04:34
Житие на св.апостол и евангелист Јован Богослов

ДЕЛ 5


Меѓутоа, затоа што свети Јован вршеше и многу други чудеса и знаци, и гласот за тоа се пренесе на сите страни, демонот кој живееше во идолот на Артемида, плашејќи се и самиот да не буде изгонет од Јован од таму, зеде на себе облик на војник, седна на видно место и горко плачеше. Минувачите го прашуваа од каде е и зошто така силно плаче. А он им велеше: Јас сум од Кесарија Палестинска, старешина сум над тамниците, и ми беа доделени на чување двајца познати врачари од Ерусалим, Јован и Прохор, кои се осудени на смрт заради многубројни зли дела, и денеска наутро требаше да бидат погубени. Но они со помош на своите маѓии избегаа ноќта од оковите и темницата, и јас заради нив паднав во смртна опасност, зашто кнезот сакаше да ме погуби мене наместо нив. Јас го смилостивив кнезот да ме пушти да одам во потера по нив, и еве, слушам дека тие врачари се наоѓаат овде, но немам никој кој би ми помогнал да ги фатам. – Зборувајќи го тоа, демонот покажа и писмено уверение за тоа; а покажа и многу злато, ветувајќи дека ќе го даде на оние кои ќе ги погубат тие врачари.

Слушајќи го тоа, некои војници се сожалија на него, па го поттикнаа народот против Јован и Прохор, и кога дојдоа пред домот на Диоскорид, рекоа: „Или предај ни ги врачарите, или ќе ти ја запалиме куќата". Но Диоскорид повеќе сакаше куќата да му изгори, отколку да им го предаде светиот апостол и неговиот ученик Прохор. Меѓутоа, светиот апостол преку Духот дозна дека овој народен метеж ќе излезе на добро и се предаде себеси и Прохора на масата неверници. Водени од нив, тие стигнаа до храмот на Артемида. Свети Јован се помоли на Бог, и идолскиот храм одеднаш се руши, но никого не повреди. И светиот апостол му рече на демонот кој обитава таму: „Тебе ти зборувам, нечист демоне, кажи ми, колку години живееш овде, и ти ли го дигна овој народ против нас? - Демонот одговори: Јас тука пребивам 249 години, и јас го дигнав овој народ против вас. - Светиот апостол на тоа му рече: Во името на Исуса Назареецот, ти наредувам да го напуштиш ова место. - И демонот веднаш излезе. А сите присутни луѓе ги опфати ужас, и тие поверуваа во Христа. А свети Јован направи големи чудеса и знаци, така што голем број народ се обрати кон Господа.


Продолжува...

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.