IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Кандида
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кандида

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
RUKICA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RUKICA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кандида
    Испратена: 22.Октомври.2008 во 19:32
EDNA OD NAJDOSADNITE BAKTERII....SE LECI, NE E MNOGU STETNA NO ETE KAKO STO KAZAV MNOGU DOSADNA....PISETE NEKOI USPESNI LEKOVI KOI POMAGAAT
Кон врв
Valeta Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 24220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valeta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 19:58
Канестен вагиналети во комбинација со крем канестен.
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 02:48
Originally posted by Valeta Valeta напиша:

Канестен вагиналети во комбинација со крем канестен.

и после пак јово на ново........
единствено ја излечив со кантарион,вагитории,и кантарион масло на тампон........биди упорна па види како ќе биде
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 11:31

Само не јади благо. Ама никакво благо: ни торти, ни колачи, ни мед, ни мармалад, избегнувај дури и овошје што содржи многу шеќер ( банана, круша)......ова само привремено.....

За две недели ќе се намлат проблемите предизвикани од кандида, а за месец дена ќе исчезнат сосема.......

Не се чуди дали да пробаш.....па дали делува.....па........пробај нема што да изгубиш а резултатите ти гарантирам дека нема да изостанат
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 12:48
Originally posted by RUKICA RUKICA напиша:

EDNA OD NAJDOSADNITE BAKTERII....SE LECI, NE E MNOGU STETNA NO ETE KAKO STO KAZAV MNOGU DOSADNA....PISETE NEKOI USPESNI LEKOVI KOI POMAGAAT


Candida Albicans  е габа, (не бактерија) која се размножува секогаш кога ќе дојде до нарушување на нормалната вагинална флора. Тоа се случува кога ќе се измени пХ вредноста во вагинатакоја нормално е кисела.
Се јавува најчесто по употреба на антибиотици (кои ги уништуваат и “добрите“ бактерии кои се дел од нормалната флора, како што е Додерлаиновиот бакцил), потоа, кај лица кои имаат ослабен имунитет, шеќерна болест, кои земаат имуносупресантска терапија, кај лица со поголема телесна маса и друго.

Обично се лекува со Канестен (оној со апликатори) + кремот и тоа за три дена, иако може и за 1 ден со орална терапија Дифлукан.

Но овде во твојов случај најважно е да се утврди зошто се повторува. Дали си често на антибиотик од некои причини? Дали си проверила шеќер во крв? (ова е многу важно, провери си).

Се согласувам со погорниот пост околу благото, бидејќи прекумерниот внес на слатки ја нарушува нормалната киселост, но сепак не е главна причина за така  честите повторувања.



Изменето од maria_magdalena - 23.Октомври.2008 во 12:49
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 12:59
" Mnostvo virusi i mikroorganizmi ziveat vo SIMBIOZA so COVECKIOT ORGANIZAM i NE PREDIZVIKUVAAT BOLEST dokolku KVALITETOT na KRVTA NE E OSLABNAT. Ako e KRVTA po SVOJOT KVALITET JAKA, IMUNOLOSKIOT SISTEM ke gi NEUTRALIZIRA i UNISTI site STETNI BAKTERII, VIRUSI ili DRUGI MIKROORGANIZMI. Segasnata EPIDEMIJA na virusni infekcii na zenski reproduktivni organi se REZULTAT na DEGENERACIJA na KVALITETOT na KRVTA. Upotrebata na SINTETICKI VESTACKI PRODUKTI zaedno so MESOTO i RAFINIRANIOT SEKER doveduva do SOSTOJBA vo koja moze DA SE MNOZAT STETNI VIRUSI. Zenite koi se HRANAT URAMNOTEZENO i koi so tekot na vremeto gi ZAJAKNALE SVOJATA KRV i IMUNOLOSKIOT SISTEM ne treba da stravuvaat od INFEKCII.", Michio Kushi

Da nije ova out od tema ?

Ni gram rafiniran seker !

Pozdrav !
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 13:09
Originally posted by RUKICA RUKICA напиша:

EDNA OD NAJDOSADNITE BAKTERII....SE LECI, NE E MNOGU STETNA NO ETE KAKO STO KAZAV MNOGU DOSADNA....PISETE NEKOI USPESNI LEKOVI KOI POMAGAAT
 
Se soglasuvam potpolno so maria_magdalena!
Mozam samo uste nekolku raboti da dodadam!
Ako imas redoven seksualen odnos so ista osoba, bez zastita(Kondom), mozno e i od nego povrorno da te prefaka, zatoa e vazno ne samo zenskata osoba da se "terapira" nego i maskata osoba! dodeka trae terapijata bitno e da se nema nezastiten seksualen odnos!
 
Droga moznost, zosto se povtoruva e slednovo: koristenje na samponi, kremi, sapuni, vlazni maramcinja itn. vo "intimn podracje". Tie produkti gi unistuvaat "normalnite i zdravite" bakterii, koi se potrebni za zastita od infekcii i slicni raboti, zatoa e bitno sekojdnevno da sevrsi higiena, no bez "hemikalsa" momos.
 
I za kraj uste ovaцрвенеење: Zenska osoba, zadnicata treba sekogas protiv vaginalniot pravec da ja cistit, za da ne vleguvaat nepotrebni bakterii
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 13:12
ah da i ova црвенеење.... dolniot ves, da e sekogas ispran na 90°.... zhnaci na vrienje, sinteticki stvari da se izbeguvaat, no i ako se koristat isto i niv da gi vries
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 22:03

Габичните инфекции на женските полови органи се воспаленија предизвикани од микроорганизми-габи.

Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат пропратни сериозни заболувања, не претставуваат голема опасност. Најчесто се јавуват за време на бременоста, кај пациентки со шеќерна болест, како и по спроведување на антибиотска терапија.

Инфекцијата на вагината предизвикана со габата Candidа се нарекува вагинална кандидоза, кандидијаза или вагинална монилијаза.

Причинители

Најчест причинител на кандидијазата е Candida albicans (во 85 - 90% од случаите), Candida glabrat се наоѓа во 5 - 8% од случаите, а ретко (до 4% од случаите) причинители се останатите видови од овој род на габи: Candida krusei, Candida famata, Candida tropicalis, Candida lusitaniae.

Родот Candida е многу хетероген и постојат околу 200 различни видови.Candida albicans е дел од нормалната (физиолошка) флора на човекот, односно микроорганизмот е нормално присутен во здравиот организам. Обично кандидата не е штетна за организмот и живее на слузниците. Таа се наоѓа на слузницата на вагината кај 35% од здравите жени, на слузницата на горните дишни патишта кај 77% од здравите лица, како и на слузницата на системот за варење кај 85% од луѓето. Киселоста на вагината и присуството на други, нормално присутни микроорганизми, го одржува бројот на кандидата на слузницата на женските полови органи на многу мали вредности. Извор на инфекцијата најчесто се сопствените кандиди, кои нормално се присутни на слузницата на вагината.

Иако инфекцијата со Candida не се смета за полово пренослива болест, сепак причинителот може да се пренесе преку полов контакт со инфицирано лице.

12-15% мажи, по сексуален однос со инфицирана жена, ќе развијат симптоми на инфекција, како печење, јадеж и осип на пенисот. Кај мажите, кандидата предизвикува: баланит, постит или баланопоститит. Баланит (balanitis) е воспаление на главата (glans) на пенисот, а постит (postitis) е воспаление на внатарешниот дел на кожниот набор (prepucium), кој ја штити главата на пенисот. Често, со инфекција се зафатени и двете структури, па затоа често се говори за габичен баланопостит (balanopostitis).

Фактори на ризик за настанување на кандидијаза на женските полови органи

Промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на бројот на непатогени микроорганизми на вагиналната слузница може да доведат до појава на воспаление. Одредени состојби и заболувања може да доведат до пореметување на киселата средина на вагината. Најчести состојби и заболувања, кои може да доведат до развој на кандидијаза, се: менструација, некои болести (најчесто шеќерната болест), бременост, менопауза, некои антибиотици и хормонските контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така, го стимулира растот на кандидата.

Здравите жени ретко заболуваат од болести предизвикани од Candida. Кај лицата кои веќе имаат некое заболување, или се изложени на некои лекови или зафати, кандидите се јавуваат како причинители на инфекција и способни се да предизвикаат тешки заболувања. Сериозноста и проширеноста на инфекцијата, предизвикана под овие услови, расте со бројот и тежината на пореметувањата на болниот.

Многу болести го потпомагаат развојот на кандидијазата, како што се на пример: шеќерната болест, хипотироидизмот, хипопаратироидизмот, хипоадренокортицизмот, грануломатозните заболувања, сидата, цистичната фиброза, хипогамаглобулинимијата, сите видови на рак, а посебно малигните заболувања на крвта.

Антибиотската терапија (посебно терапијата со тетрациклини) предизвикува промена на нормалната флора кај човекот, која пак од своја страна доведува до зголемување на бројот на кандидата и до појава на инфекција.

Претерано консумирање на алкохол, носење на тесна облека, носење на најлонски чорапи и синтетски долен веш и нанесување на парфеми и парфимирани козметички препарати на половите органи, ја пореметуваат нормалната рамнотежа на флората и потпомагаат во настанувањето на кандидијазата.

Честота на инфекцијата

Воспалението на вагината предизвикано од кандидата (Candida vaginitis/colpitis) е најчеста инфекција на женските полови органи и има висока инциденца. Околу 75% сексуално активни жени имаат барем еднаш кандидијаза во својот живот, половина од нив имаат повеќе од една инфекција во животот, а околу 10% од жените имаат чести, поновувани инфекции.

Симптоми

Кандидијазата се одликува со појава на непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. присуство на беличест, густ вагинален исцедок, со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вулвата и вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето може да се јави пецкање, жарење или болка, бидејќи мочката ја надразнува оштетената површина на слузницата.

Поставување на дијагноза

Дијагнозата на кандидијазата може да се постави со преглед на надворешните полови органи и со гинеколошки преглед на вагината. При преглед се забележуваат знаци на инфекција: црвенило, оток, оштетена слузница, пукнатини на слузницата, наслаги од беличест секрет на слузниците на вулвата, на вагината и на грлото на матката. Со бимануелниот преглед (преглед со двете раце), гинекологот ја оценува подвижноста и осетливоста на матката.

Дефинитивната дијагноза на кандидијазата се поставува врз база на микроскопски преглед на секретот, земен од слузницата на вулвата, на вагината или на грлото на матката. Микроскопскиот преглед на вагиналниот секрет дава карактеристична слика, така да не се потребни други дополнителни испитувања.

Кај негативен микроскопски наод, се зема брис од вагината и се испраќа на микробиолошко испитување. Со микробиолошкиот преглед се потврдува присуството на кандида и се утврдува нејзинот вид.

Понекогаш се прави и ПАПА тест, со цел да се исклучи евентуално постоење на туморски лезии на вагината и грлото на матката. Ако грлото на матката изгледа сомнително, се прави колпоскопија со биопсија.

Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со зголемување од 6 до 40 пати.

Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го премачкува грлото на матката (цервикс) со раствор на оцетна киселина, а потоа користи инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод (постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени, додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во амбулански услови.. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се забележат со „голо око“, т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути.

Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија), со цел да се постави дефинитивна патохистолошка дијагноза.

Кај еден вид на биопсија, лекарот користи инструмент за откинување на мали парченца на цервикално ткиво.

Друга метода која се користи за биопсија е т.н. електрохируршка ексизиона постапка (LEEP). При оваа постапка лекарот користи електична жица за да земе тенок кружен дел од ткивото.

И двата вида на биопсија можат да се изведат во амбулантски услови, со користење на локална анестезија т.е. при самата биопсија, лекарот локално го анестезира грлото на матката. По постапката можно е слабо крварење.

Детален преглед е потребен кај жените кои имаат повторувани инфекции, како и при слаб или никаков одговор на терапијата. Тогаш се прави преглед на целото тело (физикален преглед по системи), лабораториска анализа на крвта и мочката, при што се бараат симптоми и знаци на одредени болести и органски системи.

Лекување

Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol (Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што се nistatin (Nystatin, Moronal), amfotericinnatamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена. 

Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули: flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).

За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува само во 10-15% од случаите.

Со комбинирано давање на антибиотици и антимикотици се лекува мешаната инфекција со габи и бактерии. Таква комбинација е oksitetraciklin + nistatin (Geonistin).

Првата инфекција треба да се лекува според советите на матичниот лекар или гинекологот, а кај повторуваните инфекции, ако со сигурност се знае дека се работи за оваа инфекција, жената може сама да си купи локални антимикотици во аптека. Ако седмодневната терапија не даде резултати, жената треба да се јави на лекар, за да се открие причината, како и за да се открие евентуално постоење на други состојби или заболувања.

Честите, повторувани габични инфекции можат да бидат показател за постоење на одредени заболувања, па затоа е потребно да се отиде на лекар и да се направат дополнителни испитувања. Прусуство на знаци на воспаление по завршувањето на терапијата, или слаб одговор на терапијата можат да бидат први знаци за ХИВ-инфекција.

Кај бремените жени, антимикотиците се даваат со посебно внимание, ако воопшто и се дадат. Локалното лекување кај трудниците се спроведува подолго време и тие почесто се контролират од страна на гинекологот.

Исхрана: зголемено консумирање на растителна храна (свежо овошје и зеленчук), пиење на јогурт во големи количини, избегнување на јагленохидрати во исхраната.

Воспоставување на нормална вагинална флора: по завршувањето на терапијата со антимикотици, во вагината може да се стават посебни тампони и средства со кои се обновува популацијата на нормално присутните бактерии, Lactobacillus, и со што се спречува повторната инфекција со кандидата.

Прогноза

По спроведување на адекватен третман, знаците на инфекцијата потполно исчезнуваат. Повторувањето на инфекцијата или слабиот одговор на терапијата, обично укажуваат на постоење на намален имунитет, или на постоење на одредени заболувања. Во тие случаи, кај болниот е потребно да се направат дополнителни испитувања.

Компликации

  • хронични и повторувани инфекции,
  • проширување на кандидата по телото и инфицирање на други ткива и органски системи (често се јавува кај жени со намален имунитет).

Превенција

За спречување на инфекција со кандида важно е да се следат следниве упатства:

  • да се избегнува носење на тесна облека,
  • да се избегнува носење на синтетски долен веш,
  • да се носи памучен долен веш,
  • да не се носи танга гакички,
  • да се избегнува носење цел ден најлонски чорапи,
  • да се избегнува постојаното влажење на гениталната регија,
  • да се избегнува носење на влажен костим за капење, да се преслече костимот за капење по излегување од базен или море,
  • редовно да се менува долниот веш,
  • после мочање, жената треба да се избрише од напред према назад, бидејќи во спротивно може да навлезат во вагината бактерии, кои се наоѓаат во пределот на анусот,
  • да се пие јогурт во големи количини за време на лекувањето со антибиотици,
  • да се намали внесот на јагленохидрати со храната и да се избегнува алкохол и кафе,
  • да се избегнуваат парфимирани хигиенски влошки и тампони, парфимирани креми и спрејови, да не се користи обоена и намирисана тоалетна хартија,
  • кога ќе се јави инфекција, пациентката треба да се придржува на лекарските совети и правилно и редовно да ги зема и нанесува лековите.
 


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 23:38
Влијанието на антибиотиците на женското здравје

Зимскиот период е погоден за настинки и акутни заболувања на респираторниот систем, од обични настинки до сериозни заболувања.

Овие заболувања можат да бидат предизвикани од бројните микроорганизми, а најчесто од бактерии и вируси. Возрасен човек во просек се разболува три до пет пати годишно. Младите жени пак, посебно ако се во чест контакт со деца кои се многу подложни на овие инфекции, можат да заболат од акутни респираторни инфекции многу почесто.

Употребата на антибиотици најчесто е врзана токму за терапијата на акутни респираторни инфекции. Антибиотската терапија, доколку е препишана од лекар е секако нужна и корисна, но понекогаш може да предизвика несакани ефекти, а посебно ако е потребно да се повторува почесто. 

Една од можните пропратни појави на лечењето со антибиотици е поврзана со гениталните органи кај жената. Во вагината се наоѓаат заштитни микроорганизми, повеќето лактобацили, кои се нарекуваат вагинална флора. Антибиотикот освен што делува на причинителот на болеста, делува и на вагиналната флора, која е природна одбрана од генитални инфекции. Кога антибиотикот ги уништува микроорганизмите, отвара пат за развој на вагинални инфекции. Така многу жени во текот на антибиотската терапија имаат секрет со непријатен мирис и пецкање или јадеж во гениталната област. Наведените симптоми се знак на габична или бактериска вагинална инфекција, кој треба да се лечи под надзор на гинеколог.
Колку и да внимаваме на себе, нема да можеме комплетно да се заштитиме од бактериските воспаленија на респираторниот систем, а со тоа да ги заобиколиме антибиотиците. Но можноста за развој на урогенитално воспаление, посебно вагинално во текот на антибиотската терапија, може да се намали со пробиотици. Важно е правилно да се одбере пробиотик и тоа во консултација со лекар или фармацевт и истиот да се пие за време на антибиотската терапија и неколку недели после антибиотската терапија за да се стабилизира вагиналната флора. Се препорачува земањето на пробиотикот да продолжи четири недели после завршувањето на антибиотската терапија. Пробиотиците се „добри“ бактерии кои ќе ги надоместат изгубените заштитни микроорганизми во вагината, ќе ја обноват вагиналната флора и со тоа ќе ја намалат можноста од генитални инфекции.

Гениталните инфекции денес се една од најчестите причини за посета на гинеколог. Ваквите инфекции се склони кон повторување и често се поврзани со низа на компликации. Токму заради тоа е навистина важно навременото лекување, но и превенцијата и спречувањето на нивниот развој.



Изменето од bijonse1 - 24.Септември.2009 во 23:38
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 01:20
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Влијанието на антибиотиците на женското здравје

Зимскиот период е погоден за настинки и акутни заболувања на респираторниот систем, од обични настинки до сериозни заболувања.

Овие заболувања можат да бидат предизвикани од бројните микроорганизми, а најчесто од бактерии и вируси. Возрасен човек во просек се разболува три до пет пати годишно. Младите жени пак, посебно ако се во чест контакт со деца кои се многу подложни на овие инфекции, можат да заболат од акутни респираторни инфекции многу почесто.

Употребата на антибиотици најчесто е врзана токму за терапијата на акутни респираторни инфекции. Антибиотската терапија, доколку е препишана од лекар е секако нужна и корисна, но понекогаш може да предизвика несакани ефекти, а посебно ако е потребно да се повторува почесто. 

Една од можните пропратни појави на лечењето со антибиотици е поврзана со гениталните органи кај жената. Во вагината се наоѓаат заштитни микроорганизми, повеќето лактобацили, кои се нарекуваат вагинална флора. Антибиотикот освен што делува на причинителот на болеста, делува и на вагиналната флора, која е природна одбрана од генитални инфекции. Кога антибиотикот ги уништува микроорганизмите, отвара пат за развој на вагинални инфекции. Така многу жени во текот на антибиотската терапија имаат секрет со непријатен мирис и пецкање или јадеж во гениталната област. Наведените симптоми се знак на габична или бактериска вагинална инфекција, кој треба да се лечи под надзор на гинеколог.
Колку и да внимаваме на себе, нема да можеме комплетно да се заштитиме од бактериските воспаленија на респираторниот систем, а со тоа да ги заобиколиме антибиотиците. Но можноста за развој на урогенитално воспаление, посебно вагинално во текот на антибиотската терапија, може да се намали со пробиотици. Важно е правилно да се одбере пробиотик и тоа во консултација со лекар или фармацевт и истиот да се пие за време на антибиотската терапија и неколку недели после антибиотската терапија за да се стабилизира вагиналната флора. Се препорачува земањето на пробиотикот да продолжи четири недели после завршувањето на антибиотската терапија. Пробиотиците се „добри“ бактерии кои ќе ги надоместат изгубените заштитни микроорганизми во вагината, ќе ја обноват вагиналната флора и со тоа ќе ја намалат можноста од генитални инфекции.

Гениталните инфекции денес се една од најчестите причини за посета на гинеколог. Ваквите инфекции се склони кон повторување и често се поврзани со низа на компликации. Токму заради тоа е навистина важно навременото лекување, но и превенцијата и спречувањето на нивниот развој.




Takae. Vo pravo si chedo bozje. Jas postojano velam deka na zjenata i treba priroden, a ne veshtachki( sintetichki) lek.
Medicus curat, natures sanat............ ama tie ne vervat.........
De daj dokazji im.......

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2009 во 00:27
По досадно од таа беља здравје
Љубов и само љубов
Кон врв
problemi be Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај problemi be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 16:38
јогурт дали смее пошо глеам викаш не смее млечни производи а прочитав дека јогурт било мн добро да пиеш кога имаш кандида а ја мислам дека имам системска упм ама не сум сигурен, како се испитува ако знае некој?
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2009 во 18:06
Вие што често страдате од оваа инфекција, не е лошо да си проверите шеќер во крв но и имун статус воопшто, зашто кога имунитетот е јак а организмот здрав не би требало баш така системски да ве напаѓа.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.