IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - КОЛУМНИ И ЕКСПЕРТСКИ МИСЛЕЊА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОЛУМНИ И ЕКСПЕРТСКИ МИСЛЕЊА

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: КОЛУМНИ И ЕКСПЕРТСКИ МИСЛЕЊА
    Испратена: 21.Октомври.2008 во 13:52

На темава може да ставате колумни од економски експерти, стопанственици, аналитичари, државни службеници... нивни мислења, ставови за економските состојби, како и да дискутираме на нив...среќа

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 13:55
 
 
Со паѓање на цените на суровините на светските берзи, неминовно е да паѓа инфлацијата. Во такво сценарио, во Македонија треба да претстои период кога Народната банка ќе иницира процес на намалување на каматните стапки. Падот на цените на металите ќе предизвика намалување на стапката на пораст на извозот, и со тоа ќе предизвика намален извоз и одржување на лошата состојба на трговскиот дефицит
 
 
Финансиската криза во развиениот свет, која започна во јули 2007 година, влегува во моменти на катарза. Нешто што беше дефинирано како проблем со неквалитетни „сабпрајм” хипотекарни станбени кредити веќе половина година е системски проблем не само во САД туку и во глобалниот финансиски систем. „Ова е нарушување какво што не е видено во последните 100 години”, ќе изјави Алан Гринспан, поранешниот татко на ФЕД Централната банка на САД. Во суштината на овој период од турбулентни десетина дена, кои завршуваат со објавата за голема државна интервенција во финансискиот систем на САД во висина од речиси еден трилион долари (илјада милијарди), е стравот дека резервираност и стоење на страна на Владата ќе доведе до уште поголема криза во следните месеци. Интересно е да се напомене дека овој сеопфатен план за спас на економијата на САД, споредено во БДП цифри во Македонија е исто како нашата Влада да би интервенирала со 450 милиони евра во слична ситуација.
Ако се побара виновник за ваков развој на настаните, дефинитивно истиот ќе го најдеме во алчноста како човечка особина. Со други зборови, во еп**ката борба на финансиските пазари помеѓу стравот и алчноста, во изминатите 5 години стравот го извлече подебелиот крај. Од една страна, ниската вредност на каматите во периодот по издишување на Интернет- балонот во 2001г. и огромниот прилив на странски пари во американската економија дозволија да се редефинира ризикот и воедно да се зголеми обемот на пласман на кредити низ народот. Од друга страна, основата за прекумерно задолжување, како во бизнисот така и низ населението, во САД е тезата дека вредноста на недвижностите има само еден правец - нагоре!
Денеска сме сведоци дека континуираниот пад на цените на домовите во САД и Велика Британија, кој во овој момент е 15% во средна вредност според С&П Кејс-Шилер индексот, ги предизвикува сите денешни непожелни ерупции. Но, ако се гледа позитивната страна, тогаш порано или подоцна, падот на цените на недвижностите ќе прекине бидејќи во историјата на финансискиот свет ниту еден тренд не трае до недоглед. Следствено, ако го слушаме Гринспан, тогаш во првата половина на 2009 година, цените на куќите во САД најверојатно ќе го допрат дното. Во тој период ќе има и нова администрација на чело на американската држава.

Какви се импликациите врз Македонија?
Во многу нешта глобалната финансиска криза личи на иницијална каписла за почеток на глобална рецесија или намалување на економскиот обем. Затоа, пред се, гледаме вртоглаво паѓање на цените на суровините (метали, житарки, енергенси, и сл.) во изминатите летни месеци. Тука имаме добри вести. Главен проблем на Македонија во 2008 година е инфлацијата. Сведоци сме на екстремен процес на реално затегнување на нашиот семеен буџет. Инфлацијата, или крадецот на општеството, порасна и до 10% и предизвика зголемување на каматите, рестрикции од Народна банка, и на тој начин и намален волумен на кредитна активност кај банките. Со паѓање на цените на суровините на светските берзи, неминовно е да паѓа инфлацијата. Да се потсетиме, денеска каматните стапки на орочени депозити во денари за население се над 10%, додека во евра се околу 5%. Овие денарски каматни стапки се значително поголеми од европските и не се во целосна корелација со истите. Следно, падот на цените на металите ќе предизвика намалување на стапката на пораст на извозот, и со тоа ќе предизвика намален извоз и одржување на лошата состојба на трговскиот дефицит. Крајно, пазарите на капитал и Берзата ќе преживуваат во текот на оваа фаза на одмотување на кредитното клопче или фаза на „делевериџ”. Со други зборови, атрактивноста на цените на Берзата во Македонија ќе се споредува со атрактивноста на цените на регионалните и светските берзи. Берзанскиот индекс, МБИ-10, минатата недела го допре нивото на 4.330 поени, на кое ниво коефициентот П/Е (цена на акција споредена со профит по акција) е нормален за ваков период на економски движења.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 15:33

 
Инфлацијата е најголем непријател на инвеститорите. Таа влијае како прикриен данок, кој константно ги обезвреднува парите. Високата инфлација им одговара единствено на должниците зашто со текот на времето реалната вредност на нивниот долг се намалува. Таа ги загрозува сите начини на штедење и инвестирање. Сепак, некои инвестиции во услови на инфлација подобро поминуваат од други.
Во Македонија годишната стапка на инфлација во август изнесуваше 8,6%, а во јуни достигна 10,1%. Порастот на цените ги натера граѓаните се поголем дел од својот доход да го трошат за основните животни потреби, а многу малку издвојуваат за штедење и за инвестирање. Но и при инвестирањето на парите не се безгрижни бидејќи треба да откријат како да стигнат до највредна инвестиција. Трендот на пораст на инфлацијата во Македонија се поклопи со кризата на пазарот на капитал, која најмногу ги погоди инвеститорите во акции и инвестициските фондови во чии портфолија доминираат акциите. Поради стравот од уште поголема загуба, инвеститорите ги повлекуваат парите од берзите и ги враќаат во банките, кои им обезбедуваат сигурност. Извештајот за финансиската стабилност што го објави Народната банка покажува дека депозитите во банките во минатата година се зголемени за 31,8%. Но, дали инвестирањето во депозити ги заштитува парите од обезвреднување?
Денарски или девизни депозити?
За да се зачува куповната моќ на парите, треба да се оствари принос барем во висина на инфлацијата. Затоа во услови на растечка инфлација, покрај каматните стапки, поголемо значење има и валутата во која се чува заштедата. Штедењето во денари во изминатиот период беше атрактивно бидејќи инфлацијата беше на ниско ниво. Луѓето што ги чуваа парите во денари можеа да остварат добра заработка. Но ако ја земеме предвид стапката на инфлација во август од 8,6% и ако претпоставиме дека тоа ниво ќе се задржи и во истиот месец наредната година, тогаш со годишна каматна стапка од околу 8% на денарски депозит парите ќе загубат во вредност. Владата предвидува дека инфлацијата на крајот од годинава ќе биде околу 6%. Во тој случај парите не губат на вредност и инвеститорите ќе заработат на разликата помеѓу инфлацијата и каматната стапка. Но овде треба да се земе предвид и ризикот од промена на кусот на денарот во однос на странските валути. Според експертите, каматната стапка на орочени денарски депозити треба да биде поголема од стапката на инфлација за штедните влогови да се заштитат од обезвреднување. Ако пак парите се инвестираат во девизен депозит, ќе ја зачуваат вредноста ако порасне к*рсот на валутата во која се чуваат.
"Каматите на девизните депозити се пониски отколку на денарските заради заштита од промена на девизниот к*рс. Доколку чувате депозит во евра, на пример со каматна стапка од 3% на една година, а стапката на инфлација е 6% на годишно ниво, по истекот на орочениот период ќе добиете само ако и девизниот к*рс пораснал за над три процентни поени. Се додека во Македонија се одржува фиксен девизен к*рс во однос на еврото, овој вид на заштита од инфлацијата не е ефикасен. Во услови на пораст на доларот, инвеститорите ќе профитираат повеќе ако чуваат депозити во американски долари отколку во евра. Но повторно е присутен ризикот од промена на к*рсот на доларот во обратна, надолна линија", вели Гордана Гоџо од инвестицискиот фонд Илирика.
Според Раја Лазаровска, директорка во друштвото за управување со фондови Фишер, доларот може долгорочно да обезбеди заштита од инфлација. Таа очекува во наредниот период доларот да биде интересен за инвеститорите, но смета дека со него многу се шпекулира, па може да се придвижи и во обратна насока. “Доколку некој сака сигурна, но мала заработка, најисплатливо е да инвестира во швајцарски франк”, советува Лазаровска.
Акциите сепак најатрактивни
Експертите објаснуваат дека доколку на пазарот на капитал има нагорен тренд, во услови на висока инфлација може да се инвестира во акции од секторите каде има поголем маневарски простор за зголемување на цената. Долгорочно гледано, кога пазарот ќе излезе од зоната на т.н. мечкин пазар (кога подолго време општиот ценовен тренд на акциите е во надолен правец), со инвестирање во акции може да се обезбеди и квалитетна заштита од инфлацијата.
Златото најсигурна заштита од инфлација
Кога ќе завладее инфлацијата, златото се наметнува како најсигурна инвестиција за зачувување на вредноста. Од дамнешни времиња златото беше стандард по кој се мерело богатството. Затоа во време на финансиска нестабилност многу веруваат дека нема ништо посигурно од овој благороден метал. Тоа се докажа и пролетва кога доларот беше најслаб, а цената на златото достигна историски највисоко ниво (1.034 долари по унца). И сега, кога пазарите влегуваат во голема криза поради пропаѓањето на Леман брадерс, повторно инвеститорите се насочија кон пласирање на своите средства во злато.
"Историски гледано, приносот од тргување со акции е повисок од стапката на инфлација. Се разбира дека има моменти кога финансиските пазари се во т.н. мечкин пазар. Во такви услови тешко е веројатно дека може да се надомести стапката на инфлација. Но при стабилни пазари, приносот од вложување во акции е значително повисок од стапката на инфлација, па макар таа била и 10%” додава Гоџо.
Добар избор се компании кои се извозно ориентирани и остваруваат значајни девизни приходи. Кај изборот на одделни акции најважен показател е дивидендниот принос (односот на дивидендата и цената по акција) и односот цена- заработка, односно стапката Р/Е. Акциите што имаат силен финансиски тек и за кои се исплаќа висока дивиденда се најдобри за заштита од инфлација. Исто така односот цена-добивка по акција треба да биде што понизок. Со таков избор може да се обезбеди побрз поврат на вложените средства, односно се зголемува веројатноста за пораст на цените на акциите.
Обврзниците пак се најмалку ризична инвестиција од аспект на сигурноста на поврат на главнината. Ако каматната стапка на обврзниците е поголема од стапката на инфлација, тие стануваат многу исплатлива и сигурна инвестиција. Бидејќи повеќето обврзници се деноминирани во евра, исто така се заштитени од ризикот на промена на девизниот к*рс.
“При инфлација поатрактивни стануваат хартиите од вредност со фиксен приход (како обврзниците), но во услови на зголемена побарувачка расте нивната пазарна цена, а со тоа се намалува приносот до доспевање. Така сe зависи од преференциите на инвеститорот. При висока инфлација, веројатно е дека инвеститорот би заработил само ако тргува активно”, смета Гоџо.
Автор: Димитар Клисаровски
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:58
 
Јасно е дека Бугарија е отворена за учество на Македонија во проектот за НЦ „Белене“. Одлуката за евентуално учество би требало да се донесе во следните два-три месеци, до кога ќе се финализираат условите и ќе се формира мешовитата компанија меѓу бугарскиот НЕК и RWE.

Веќе подолго време во македонската јавност се водат дебати за оптималната стратегија за енергетскиот сектор во Република Македонија. Во сите тие дебати и анализи, користењето енергија од нуклеарен погон е една од централните и најчесто анализирани теми. Тоа е сосема разбирливо ако се има предвид дека македонските хидропотенцијали се ограничени, а производството од термоцентрали е еколошки инфериорно и со многу ограничен рок поради степенот на искористеност на постојните јагленови ископи. Во такви околности, прашањето што се наметнува е дали е изводливо инвестирањето во сопствени потенцијали за нуклеарна енергија или, пак, е порационално Македонија да ги користи потенцијалите на новата нуклеарна централа „Белене“ која почнува да се гради во соседна Бугарија.

Нуклеарната централа „Белене“ се наоѓа на 570 километри од вливот на Дунав наспроти островот Персин - најголемиот остров по долниот тек на Дунав. Иако се работи за проект што првично почна да се гради пред 20 години, вистинските подготовки за негова реализација почнаа по затворањето на два блока на нуклеарната централа во Козлодуј, пред влезот на Бугарија во ЕУ во јануари 2007 година. Само за потестување, пред затворањето на „Козлодуј“, Бугарија покриваше 60 отсто од вкупниот енергетски дефицит во Југоисточна Европа. Во мај 2007, Бугарија објави оглас за стратешки инвеститори што би биле заинтересирани да учествуваат во изградбата и користењето на дел од капацитетот на „Белене“, при што за нив беше предвидено максимално учество од 49 отсто. Во конк*ренција на најголемите и најреномирани европски компании во делот на енергетиката, како што се ЦЕЗ, ЕдФ, „Електрабел“, ЕНЕЛ, ЕОН, за најдобар понудувач е избрана германската RWE Power. Како стратешки инвеститор, RWE ќе учествува во 49 отсто во сопственоста на нуклеарната електрана, а бугарската државна компанија НЕК со 51 отсто. Притоа, постои опција RWE дел од акциите да може да ги отстапи на белгиската „Електрабел“ како второпласирана компанија, при што уделот на НЕК ќе остане непроменет.

Предвидено е вкупната инвестиција во НЦ „Белене“ да изнесува 4 милијарди евра, иако некои неофицијални процени се дека проектот ќе чини значително повеќе од тоа, што секако ќе зависи и од движењата на цените на металите на светските берзи во следните неколку години. RWE ќе обезбеди близу половина од тие средства, при што 1,275 милијарда евра се однесуваат на стекнување на 49 отсто од акциите. Воедно, поради светската финансиска криза и привременото затегнување на кредитните услови од страна на глобалните банки, RWE понуди околу 300 милиони евра корпоративен кредит за финансирање на проектот. За главна структурна банка на проектот „Белене“ е избрана француската БНП „Париба“, која треба да го води, да го организира финансирањето и да привлече други банки во финансирањето на „Белене“.

За проектирање, изградба и пуштање во работа на двата реактора, избрана е руската компанија AtomStroyExport, со која е потпишан договор по системот „клуч на рака“ во износ од 4 милијарди евра. Подизведувачи на оваа компанија ќе бидат компанијата „Арева“ од Франција и „Сименс“ од Германија. Подготовките за изградбата официјално почнаа во септември оваа година. Согласно со динамиката, предвидено е првиот реактор да биде пуштен во погон во 2014 година, а вториот една година подоцна. Нуклеарната централа „Белене“ се предвидува да има инсталиран капацитет од 2000 MVt и годишно производство на електрична енергија од 14.000 GVt ч. Од ова производство 8-9.000 GVt ч се предвидуваат да бидат за потребите на Бугарија, а другите да бидат понудени за продажба.

Гледано пошироко, „Белене“ е третиот понов нуклеарен проект во Европа, по финскиот „Олкилуото-3“ кој почна да се гради во 2005 и Flammanville во Франција, земјата која по глава на жител е најголемиот генератор на нуклеарна енергија, кој почна да се гради во декември 2006 година. Европската комисија официјално го одобри проектот „Белене“ на 7 декември 2007 година. Тоа претставува континуитет на постојниот тренд на проширување на нуклеарните капацитети. Имено, нуклеарната енергија во Европа доживува ренесанса, при што некои земји првпат почнуваат со производство на енергија од нуклеарни реактори, други ги зголемуваат капацитетите на постојните или ги одлагаат одлуките за затворање на старите капацитети. Во рамките на ЕУ, околу 30 отсто од вкупната енергија се произведува во објекти на нуклеарен погон.

Врз основа на разговорите што деновиве ги имавме во Бугарија, јасно е дека Бугарија е отворена за учество на Македонија во проектот за НЦ „Белене“. Тоа учество би било во форма на финансирање на проектот со извесен износ на средства, за сметка на што Македонија би добила дел од производството на НЦ „Белене“. Одлуката за евентуално учество на нашата земја во овој проект би требало да се донесе во следните два-три месеци, до кога ќе се финализираат условите и ќе се формира мешовитата компанија меѓу бугарскиот НЕК и RWE (евентуално и „Електрабел“) која ќе управува со НЦ „Белене“.

Се разбира, освен сериозна анализа на условите за учество на Македонија во овој проект, за да се донесе конечна одлука, ќе треба овој проект да се стави во конк*ренција со алтернативните проекти за обезбедување електрична енергија, како што се изградба на сопствена нуклеарна централа, изградба на нови термоелектрани во Неготино, Мариово и слично. Оваа анализа, која вклучува енергетски, финансиски, еколошки и други аспекти за исплатливоста, предностите и недостатоците на секое од решенијата, ќе овозможи да се изгради издржан став за едно од најважните прашања за енергетската иднина на Република Македонија.

Зоран Ставрески - вицепремиер за економски прашања

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 18:26
 
 
Вклучувањето на Македонија во Европската царинска унија би донело предности, но воведувањето на еврото во услови на длабока финансиската криза, како и зголемувањето на фондовите за помош кога се уште не се воспоставени услови за користење на дел од европските пари можат да донесат негативни ефекти - велат експертите.
 
- Откажувањето од монетарната автономија и воведувањето на еврото може да предизвика дополнителни трошоци за македонската економија. Тоа може да ги зголеми цените. Во услови на се поголем пораст на цената на енергијата, ова може значително да го оптовари македонското стопанство - тврди Ирена Кикеркова, универзитетски професор. Taa апелира да се направат сериозни анализи дали ваквиот аранжман ќе донесе поголема полза отколку загуба.
 
- Погодностите се огромни од причина што сегашните спогодби за стабилизација и асоцијација предвидуваат укинување само на царинските давачки, но не и на голем број надворешно трговски бариери, различни постапки за увоз и извоз, различни стандардни постапки. Интегрирањето на земјите од западен Балкан во царинската унија ќе значи укинување на границите што значи и скратување на времето на минување на стоките и елеминирање на сите технички бариери - вели Златко Ветеровски од Царинска управа.
Извештајот беше презентиран пред претставници од Европската Комисија. Авторот на извештајот порача дека во ниеден случај овие мерки не треба да се разберат како алтернатива за членство во ЕУ.
----------------------------------------------------------------------------------------------
 
Ова е меч со две острици, и треба внимателно да се разгледа од сите аспекти, пред било што да се одлучи, доколку ни биде упатено како понуда воопшто.  
Иако предностите ќе бидат значителни, не треба да се миноризира ефектот кој ова би го имало врз состојбата во која се наоѓа нашата кревка економија.
  
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 10:59
"ЕКОНОМИСТ“ АНАЛИЗИРА
Mакедонија подалеку од ЕУ

Економиите на источна Европа се соочуваат со бурни времиња и покрај тоа што западните банки ги штедат нивните нерви, пишува лондонски „Економист“. Весникот прашува дали поранешните комунистички држави ќе ја имаат судбината на Исланд. Динамичниот колапс на економијата на таа земја ги доведе во опасност заштедите на несреќните вложувачи во Британија, истакнувајќи го ризикот од светскиот финансиски систем. „За земјите што се уште се надвор од главните клубови, просперитетот е се уште блед. Шансите на кршливите држави, каква што е Македонија, за приклучок кон Европската унија се намалуваат. Такви се очекувањата и за поразвиените економии кои сакаат да се придружат на еврото. Европската унија не е при пари и ќе размисли дали да ги троши средствата за инфраструктура и јавни сервиси на земјите од нејзиниот комшилак, кои не се членки на Унијата“, пишува весникот. „Економист“, анализирајќи го влијанието на глобалната криза врз поранешните комунистички држави од источна Европа, истакна дека финансиските турбуленции ќе се случат поради намалување на странските инвестиции. Како второ, наведува „Економист“, централните банки на овие држави, како и владите, не се во можност да го соберат финансискиот потенцијал кој сега се развива во големите економии на Запад. Некои банки веќе пропаднаа, берзите тонат, бришејќи ги заштедите правени со години, погодувајќи ги билансите.



Изменето од anastea - 28.Октомври.2008 во 11:00
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 02:41

Мечкин сон 
Во однос на врвот на еуфоријата кога нашите десет компании вредеа една милијарда и шестотини милиони евра, вредноста на сите 10 компании од индексот МБИ денеска е помала за една милијарда евра. Тоа се големи загуби, дури и на хартија


Изминатиот период од неколку недели донесе негативни тектонски потреси на Македонската берза. Кажано во берзански термини секој пад на берзата од над 20% во краток временски период е т.н. “маркет креш” или пазарен крах. Во Македонија, согласно најновите случувања на пазарите за капитал во регионот и светот има берзански крах и треба да се очекува длабок зимски сон за Берзата.
Оваа констатација може да се поткрепи со тезите изнесени на еден ветеран инвеститор-Боб Фарел, вработен во “Мерил Линч”, компанија каде што јас работев во екот на Интернет- револуцијата во Клинтоновите години на минатиот век. Имено, Фарел има преживеано многу падови и растови на берзанските индекси во својот век. Како резултат, тој објавил еден прирачник за инвестирањето во акции. Тој прирачник се базира на 10 едноставни точки. Една битна точка е дека “мечкините пазари” имаат 3 стадиуми - оштар пад, селективни рефлексивни отскоци нагоре и развлечен период на благо опаѓање!
Што значи “мечкин пазар”? По дефиниција, тоа е период на берзански тренд во кој што откако ќе настане пад од над 20% на цените на акциите во однос на врвот што го достигнале (кај нас падот е 64%), пазарот и цените се задржуваат на тоа-пониско ниво, во период од една до неколку години. Во т.н. период на “мечкин пазар” не се очекуваат многу значителни порасти на цените на акциите, а со тоа и инвеститорите остануваат без заработка. Дополнително, во таков период се размножува песимизам. Според историјата на развиените пазари, иницијални каписли на овој тренд, и негова потпора, се рецесијата на домашната економија, како и владеење на пад во економското производство во земјата, и изразената невработеност. Денеска развиениот свет се наоѓа во таков пазар. Поблиску до нас, погледнете го развојот на настаните во Грција во деведесеттите години од минатиот век, како пример за поставување на тезата дека цените на акциите освен што паѓаат, тој процес временски ќе се раздолжи. Во периодот од 1997 до 1999 година, Атинската берза, како резултат на еуфорична треска и хистерија доживува огромен прилив на нови пари од локални инвеститори чиј број расте и до 1,5 милиони граѓани. Потсетува на Македонија од 2005 до 2007 година. Од Самитот на генералниот индекс на Атинската берза во септември 1999 година кога бил на 6.355 индексни поени, цените на акциите паѓаа во следните три години и индексот го допре најниското ниво од околу 1.600 базични поени во март 2003 година. Тоа е пад од над 70% во тој тригодишен временски период! Кај нас, во октомври заклучно со петок 17-ти октомври, берзанскиот индекс МБИ-10, кој ги прикажува движењата на Македонската берза, имаше намалување од безмалку 20%, или вредноста на индексот падна на 3.591 од 4.449 поени. Исто така, во однос на неговата највисока вредност остварена на 31-ви август 2007 година, индексот е паднат за 64%. Тој среќен петок, 31-ви август 2007 година, МБИ-10 имаше рекорден износ од 10.052 индексни поени. За илустрација на крахот, вкупната вредност на пазарната капитализација на десетте компании од МБИ-10 се избриша за големи една милијарда евра. Со други зборови, вредноста на збирот на сите 10 компании од индексот денеска е помала за една милијарда евра, во однос на врвот на еуфоријата кога нашите десет компании вредеа една милијарда и шестотини милиони евра. Тоа се големи загуби, дури и на хартија.
Интересна е оваа друга точка на Фарел, „Јавноста секогаш најмногу купува на највисоко, а најмалку на најниско”. Дефинитивно, причина на овој тренд на паѓање на цените на нашата берза е ладниот туш предизвикан од глобалната економска криза. Паралелно, P&P 500 индексот, показател за американската економија, во периодот од кобниот 26 септември пред неколку недели, кога Конгресот не ја изгласа резолуцијата за интервенција во економијата, до денеска е паднат за 20% или од 1.213 на 941 поен заклучно со минатиот викенд. На 19-ти октомври 2007 година, С&П 500 индексот се наоѓаше на своето највисоко ниво од 1.562 поени, што значи пад од 40% севкупно.
Да се вратам на македонската приказна. Фарел, во една точка вели: „Што оди прекумерно во една насока, кога паѓа, ќе оди прекумерно во обратна! Па така, пазарите на маргината (frontier markets), како македонскиот, ќе “крвават” многу повеќе од развиените пазари.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 01:19

Македонските банки се повеќе од сигурни!

Г. Репник, вниманието на светот со месеци е насочено кон глобалната финансиска криза. Според Ваше мислење како таа ќе се одрази во Македонија?
....................

Пред се, Македонија има стабилен банкарски систем, меѓутоа да не заборавиме дека Македонија, како и сите други држави во светот ќе биде засегната од оваа криза. Од мој аспект прво треба да обрнеме внимание на три клучни работи - тоа се извозот, странските директни инвестиции и дознаките што се испраќаат од странство во државава. Македонија како мала држава е отворена економија, којашто е зависна во голема мера од извозот. Досега извозот на Македонија се состоеше во два главни производи - челик и железо и текстилни производи. Извозната вредност, односно овие две категории учествуваа во вкупниот извоз на Македонија со околу 50 проценти.

Сега тука се поставуваат две прашања - прво во кои држави се извезува и на кој начин Македонија може да го продолжи тој извоз во тие држави. Секако дека огромен дел од овој извоз завршува во Европа. Европа е во рецесија, прашањето е какво ќе биде влијанието на страната на извозот и тоа краткорочно и среднорочно. Што се однесува до странските директни инвестиции, морам да кажам дека доста силен учинок има Македонија во овој аспект. Во првото полугодие од оваа година странските директни инвестиции изнесуваа околу 500 милиони долари, што е повеќе од двојно во однос на истиот период минатата година. Тука Владата особено има направено значителни напори во рекламирањето на Македонија како дестинација за тие инвестиции. Сега неизбежено е дека поради кризата ќе имаме намалување во странските директни инвестиции, прашањето е само да видиме со која брзина тоа ќе оди и како да го избегнеме. Дознаките од странство во 2007 беа малку повеќе од 200 милиони долари, иако претпоставки се дека неформалниот прилив на дознаки од странство е најмалку три пати поголем. Светската банка предвидува дека овој обем на дознаки од странство, како тренд, ќе опстои и во следната година. Сепак, на прво место би го ставил извозот и преку него на краток рок ќе видиме какво е влијанието на кризата.

Сметате ли дека Македонија има доволно добар и стабилен банкарски и финансиски систем и дека ќе може да ги издржи последиците од глобалната финансиска криза?
- Секако дека ова е многу важно прашање за сите во Македонија. Краткиот и јасен одговор на тоа прашање е да. Ние го оценуваме македонскиот банкарски систем како стабилен. Значи, во однос на финансиската криза ние не сме загрижени за банкарскиот систем во Македонија. Светска банка во соработка со ММФ направи една проценка на банкарскиот сектор во Македонија пред неколку месеци и утврдивме дека овој сектор не е засегнат. И во однос на голем број држави од централна Европа и, особено држави од азискиот регион, морам да кажам дека македонските банки имаат најдобар однос помеѓу дадени заеми и депозити.

..........................
Кои се тесните грла што ги детектиравте до сега ?
- Ова е широко прашање, меѓутоа едно од клучните тесни грла е енергетиката. Тоа не е само тесно грло за развојот во Македонија, туку и воопшто за светскиот развој. Меѓународната агенција за енергетика предвидува значително зголемување на побарувачката за енергија до 45 проценти до 2030 година и прашањето е како да ја задоволиме оваа потреба од повеќе енергија на светско ниво, а истовремено да се обидеме да ја намалиме емисијата на ЦО2 гасот. Од мој аспект ова е дефинитивно еден од најважните светски предизвици, истовремено тоа е предизвик и за Македонија. Македонија е на релативно ниско ниво во однос на енергетската ефикасност од аспект на бруто-домашниот производ. Владата воопшто не се соочува со едноставни задачи, истовремено треба да ја задоволи енергетската побарувачка, но притоа да води сметка и за животната средина и за обезбедувањето на подобар живот за идните генерации.

Дали ја поддржувате Владата во развивањето на енергетската стратегија и дали не сметате дека последното покачување на цената на струјата ќе влијае врз намалувањето на стандардот на населението?
- Повторно уште едно важно прашање коешто, исто така, укажува дека не постојат единствени одговори. Светска банка во соработка со другите партнери, како што е УСАИД, ја поддржуваме Владата во изготвување на среднорочна стратегија за енергија. За да обезбедиме сигурно и здраво снабдување со енергија, тука се соочуваме со два предизвици: прво, потребни се значителни инвестиции во енергетскиот сектор и втора работа е што Македонија мора значително да го подобри својот енергетски учинок и да ја намали емисијата на ЦО2 гасови, коишто се придружен елемент на креирањето на енергијата. Зголемувањето на цената на енергијата е важна од аспект на инвестициите, а истовремено важна и за подобрување на нашиот однос кон неа. Следното прашање ќе биде на кој начин да ги заштитиме оние коишто ќе бидат најзасегнати од зголемувањето на цената на енергијата. Ја поддржуваме Владата во изнаоѓањето на решение на кој начин најдобро да ги заштити луѓето коишто ќе бидат најзасегнати со новата цена.

Македонија е на листата на топ-реформски земји според извештајот на Светска банка. Сметате ли дека македонската Влада прави доволно за да ја подобри бизнис-климата во земјава?
- Владата инвестира многу за подобрување на деловното опкружување. Ова беше признато и од Светската банка во проценката наречена Дуинг бизнис. Во изминативе години, од 175 држави Македонија беше на 92. место во 2006, после две години во 2008 - Македонија е на 71. место од 178 држави. Овој скок од 20 места е значителен индикатор дека Македонија прави огромни напори и ја реформира својата економија. На пример, прв индикатор кој ние го гледаме е колку е лесно да отворите фирма во државата. Во 2006 Македонија беше 76-та, а годинава на светско ниво Македонија е 12-та. Тоа значи дека само во 11 други држави во светот е уште полесно отколку во Македонија. Тоа исто се рефлектира и во зголемувањето на странските директни инвестиции во изминативе две-три години.

 
Дел од интервју со  МАРКУС РЕПНИК, постојан претставник на Светска Банка во Македонија
 
 
 
 
 
Кон врв
Anthony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anthony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 16:11
Znaesh ne e dobro da im se veruva 100%
na ekspertive...
pred samo mesec-dva dena istite tie avtoriteti
ne ubeduvaa deka cenata na naftata sigurno
kje raste-i se kolnea deka nema teorija
da poeftini-vo USA togash beshe 1 galon=5$
a deneska e 1 galon=1.70$
Ajde sega...kako da se protolkuva nivnoto slepilo
nedozvolivo za ekspertskoto nivo
Muabetot mi e deka ako toj i toj veli
deka makedonskite banki se 100% sigurni
zemete go so golema doza na rezerva
negovoto tvrdenje

Изменето од Anthony - 29.Ноември.2008 во 16:11
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 00:34
Anthony , сигурност 100% не може да се има во ништо...
Освен дека еден ден ќе умреме...намигнување
Овие размислувања се многу реални, за сега барем.
Нашите банки немаат скори ич или занемарливи деловни врски со америчките кои пропаднаа и секој ден се повеќе тонат.
Се финансираат претежно од домашното штедење, но со оглед на влијанието на кризата врз реалниот сектор, отпуштањата од работа, намалување на куповната моќ на населението... еден ден ќе се почувствува ова влијание и врз банките, сигурно.
Како ќе биде точно, никој не може да предвиди...не%20знам
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 04:47

Дебели минуси на контото на Владата

Ден Дончев

Контото на Груевски и на неговата Влада е во дебел минус. Се поставува прашање до кога ќе го зголемува црвеното салдо

Владата имала исправен концепт кој дава резултати преку отчетност, работа, посветеност и одговорност, оцени премиерот Никола Груевски давајќи отчет пред македонската јавност за сработеното во претходните четири години. За Груевски, константа за оваа Влада била работата. Владата не ветила невозможни работи, туку посветеност и одговорност, со што Груевски верува дека ќе не' доведе до вистинската цел - достоинствено.

Користејќи вакви општи фрази, премиерот избегна да обелодени која е „вистинската цел“ на Владата. Давањето каков било отчет има вистинска смисла само доколку се спореди со одредени параметри преку кои се гледаат резултатите од сработеното. Во контекст на реалната економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, еден вистински отчет би истакнал, кои се резултатите во областите што се од најголема важност за граѓаните - невработеноста, сиромаштијата, економијата и социјалата.

Во својот отчет пред јавноста, Груевски ниту еднаш не ги спомна проблемите со кои се соочени огромниот број невработени во Република Македонија. Со моментна стапка на невработеност од речиси 33 проценти, земјава има неспоредливо повисока невработеност од која било земја во ЕУ. Се поставува прашањето која цел си ја постави Владата на Груевски пред четири години за да ја намали невработеноста - да ја намали стапката на невработеност на 30 отсто, 25 или 20 отсто? Само вака поставена цел може да биде репер за давање отчет по четири години. Се разбира, Груевски воопшто не спомна дека стапката на невработеност денес е речиси непроменета од пред четири години. Значи, во најглавната категорија за давање отчет, Груевски добива еден голем минус на контото.

Сиромаштијата во Македонија, спрема критериумите на Светска банка, се приближува до 30 отсто. Со други зборови, 30 отсто од семејствата во нашата држава, што значи околу 200.000, го живеат секојдневјето во сиромаштија. Пред околу осум години, стапката на сиромаштија кај нас, според критериумите на Светска банка, изнесуваше 22 отсто. За какви резултати може да зборува нашиот премиер, ако не се соочи со поразителниот факт дека сиромаштијата во Република Македонија денес е поголема од кога било? За жал, и во оваа многу важна категорија за давање отчет, Груевски повторно добива еден голем минус на контото.

Што се однесува до економијата, најрелевантен показател за давање отчет е постигнатата стапка на бруто домашното производство (БДП). Во 2007 година, стапката на раст на БДП изнесуваше 5,9 отсто; 2008 година беше 4,8 отсто; 2009 год. минус 0,7 отсто, додека за 2010 година Владата предвидува стапка на раст од два отсто. Значи, дури и да се оствари предвидената стапка на раст за 2010 година (иако многу пореално е дека растот ќе изнесува околу 1 процент), просечната стапка на раст за овој четиригодишен период изнесува три проценти. За споредба, просечната годишна стапка на раст на БДП за периодот 2003 - 2006 година изнесуваше 3,75 отсто, додека, пак, просечната годишна стапка на раст на БДП за периодот од 1999 до 2002 година изнесува 1,3 отсто. Се разбира, подлабока анализа на секоја година покажува зошто одредени периоди се поуспешни од други. На пример, растот на БДП во 1999 година драстично отскокна, споредено со која било претходна година од осамостојувањето на Македонија, и изнесуваше 4,3 отсто. Следната година, со стапка на раст од 4,5 отсто, исто така, беше многу успешна. Сето тоа беше пресечено кога се случи воениот конфликт во 2001 година, што на економски план резултираше во пад на БДП од 4,5 отсто и анемичен раст од само 0,9 отсто во 2002 година. Од друга страна, периодот од 2003 до 2007 година беше еден од најпросперитетните периоди за глобалната економија од Втората светска војна наваму. Ова несомнено придонесе за подобрување на економските перформанси и на македонската економија која постигна прилично солидна просечна годишна стапка на раст од 3,75 проценти од 2003 до 2006 година, како и стапка на раст од 5,9 отсто во 2007 година. Не е спорно дека 2009 година беше една од најтешките години за глобалната економија во последните седум децении. Но, поентата ми е дека не може ниту еден премиер да си ги припишува позитивните ефекти врз домашната економија исклучиво на свое конто, а да избегнува одговорност кога економските околности не му се во прилог.

Оваа Влада не може да покаже ни драстично подобри резултати и во привлекувањето странски директни инвестиции (СДИ). За периодот 1999 - 2002 година вкупните СДИ во Република Македонија изнесуваа 822 милиона евра; за периодот 2003 - 2006 година вкупниот износ беше 660 милиони евра, додека за периодот од 2007 до 2010 година ќе бидат околу 800 милиони евра. Затоа, кога е во прашање отчетот за макроекономските перформанси, најдоброто што Груевски може да си го препише е неутралната оцена во споредба со претходните две влади.

Конечно, што се однесува до социјалата, Груевски истакна дека илјадници пензионери го почувствувале позитивното работење на оваа Влада кога добиле над 30 отсто зголемување на пензиите во просек, како и јавниот сектор, каде што се зголемиле платите на 22 процента за првите две години. Притоа, Груевски заборави да каже дека инфлацијата во Македонија изнесуваше 6,1 отсто во 2007 година и 4,1 отсто во 2008 година. Со други зборови, реалното зголемување на пензиите изнесуваше 18 отсто, додека платите на јавниот сектор реално се зголемија за 10 отсто. Се разбира, и ваквото зголемување е добар исход и за пензионерите и за вработените во јавниот сектор. Но, тоа што премиерот не истакна е дека оваа Влада драстично ја зголеми вкупната јавна потрошувачка во последните четири години преку буџетските расходи. Вистинското прашање при секое зголемување на платите, пензиите, како и општите буџетски расходи е како се финансирани тие расходи и кои се макроекономските ефекти од нив. Во поглед на фискалната политика на оваа Влада во изминатите четири години, драстично зголемените буџетски расходи резултираа во дуплирање на трговскиот дефицит од 900 милиони евра во 2006 година, на 1,8 милијарди во 2008 година. Вкупниот надворешен девизен долг на државата се зголеми за над 1,5 милијарда евра за четири години. Значи, вистинските последици од раскошното трошење на оваа Влада допрва ќе бидат почувствувани од идните генерации. Затоа и во оваа категорија за отчет, Груевски добива голем минус на своето конто.

Од наведеното може да се заклучи дека контото на Груевски и на неговата Влада е во дебел минус. Се поставува прашање до кога ќе го зголемува црвеното салдо.

 
Eden spored mene dobar presek na del od makedonskata ekonomija...Cista realnost, bez politicki elementi...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 11:10
Контото на Груевски и на неговата Влада е во дебел минус. Се поставува прашање до кога ќе го зголемува црвеното салдо “
 
 
што повеќе човек чита , слуша и размислува , не може а да не помисли на едно ........ дали некој воопшто мисли на тоа дека РМ треба да остане држава или едноставно , од причини што ја знае иднината , не го интересира ништо друго освен да го здебели што повеќе своето банкарско конто ? ...... зошто , гледајќи како се одвиваат нештата , особено во делот на економијата , очигледно е дека се ОТИМА што е можно повеќе кога ионака после нема пред кого да одговара ..........
 
така некако делува сета оваа ситуација со разно разни “ проекти  “ ......
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.