IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Византиска (Црковна) музика
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Византиска (Црковна) музика

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
Автор
Порака
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Византиска (Црковна) музика
    Испратена: 17.Октомври.2008 во 16:43
Византиска (црковна) музика


П остојат многу начини на кои Го прославувaме Бога, на кои Му ја соопштуваме секоја наша потреба, Му ја доверуваме секоја наша мисла, или, пак, Му благодариме за секого и за сè. Тие форми на обраќање, било да се зборовни, гласовни или, пак, гестикулативни, се длабок израз на личноста на човекот, односно манифестација на неговата природна потреба да Му се обраќа на својот Создател, да заедничари со својот Отец.

Еден од начините за изразување на верата во Господ е пеењето, или попрецизно дефинирано, литургиското пеење. Тоа не значи само едно воведување на песната како медиум во богослужбениот живот на Црквата, туку значи устројување на еден специфичен јазик на кој се изразува внатрешната состојба на човекот, едно благодатно средство што ги предизвикува и ги покажува молитвените чувства и што ги одбива искушенијата, и надокрај, еден природен порив да се учествува во небесната литургија на ангелските чинови, кои од искона Му пеат на Бога: Свет, Свет, Свет е Господ, Саваот . Ваквиот начин на изразување е природен и духовен континуитет на небесното изразување на славата Господова, т.е. се надоврзува на својот небесен образец, на ангелското пеење. Оваа таинствена врска на горниот свет и долниот - земниот, особено е потенцирана во херувимската песна што се пее на светата Литургија: „Ние, кои таинствено ги изобразувааме херувимите и на Животворната Троица трисвета песна пееме, сега да одложиме секаква животна грижа.      


Изменето од evangelist - 17.Октомври.2008 во 16:45
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 16:47

Што представува мелодијата во богослужбата ...


Основната цел на мелодијата во богослужението е изразување на молитвата со јазикот на музиката. Светиот Јован Лествичник, пак, говори за една друга функција: кога е умерено, пеењето понекогаш одлично ја смирува лутината. А понекогаш, кога е неумерено и не е во вистинско време, му угодува на сластољубието . Зашто, говори свети Јован Златоуст во својата беседа за 41 псалм, ништо, ништо така не ја возвишува и не и дава крилја на душата, не ја ослободува од земјата, не ја избавува од уздите на телото, ништо не создава љубомудрие и презира сè што е светско, како хармоничното пеење и правилно составената божествена песна.
Во православната традиција, за разлика од традициите во другите светски религии, единственото средство, или подобро речено единствениот инструмент со кој се искажува севкупното црковно музичко творештво е човечкиот глас. Затоа, црковното пеење не се употребува, или не постои за да ги нагласи квалитетите и можностите на црковните пејачи, ниту пак, убавината на звукот што го вадат инструментите. Тоа на верниците им го открива Царството Божјо. Затоа отците на црквата велат дека само вокалната природа на православниот музички израз е онтолошки оправдана, зашто како што не ги воведе материјата во грев човекот и сета видлива природа, исто така не може и да ги избави, туку самиот човек згреши, па со тоа, самиот тој треба да се внесе во благодатното враќање во првобитната убавина, а не тоа да се прави преку инструментите и нивната можност да произведуваат пријатен звук.      Православниот израз на музичката традиција има постојана богословско-литургиска основа. Таа ја храни духовната потреба на луѓето. Кога ќе влеземе во храмот и ќе ги погледнеме светите икони и фрески, кога ќе фрлиме поглед на иконостасот и храмовите сводови, сето тоа ја буди во нас желбата за молитва. Но колку е празен, колку е безживотен храмот ако во него не прозвучи молитвата, ако не се слушне богослужението, ако се обидеме да го гледаме само како еден вреден и убав сакрален објект. Богослужбеното пеење е, всушност, дишењето на храмот, пулсот на живот на домот Божји. За разлика од тоа, западната духовна музика, почнала, уште во својата рана историја, сè повеќе да се оддалечува од својата суштинска назначеност да служи во заедничарењето на човекот со Бога . Со ова ќе дојдат и нови тенденции, односно богослужбената музика ќе почне да се изведува во нескрални објекти и ќе почне да се устројува според желбата што повеќе да му се допадне на човечкиот вкус за естетика, а не да Го слави и прославува Бога, со што наполно ќе влијае врз духовната приемливост на изведувачите и публиката, а тоа значи губење на просветителската смисла и функционирање надвор од литургискиот простор. Таа ситуација, црковната музика да функционира во концертни сали, е исто што е и музејот за иконите. На тој начин умира потполната способност за изразување и останува само едно минимално делување на естетската музичка содржина.   
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 16:55

Пеењето во Стариот и Новиот завет
     
Светото Писмо на Стариот завет често говори за небесни суштества кои Го слават Бога и Му пеат пофални песни (Езекиил 28, 13; Иса 14, 11; Иса 6, 3). Писателот на книгата Јов пишува: „Каде беше ти кога ги поставува основите на земјата? - кажи ако знаеш..., кога ликуваа утринските ѕвезди...“ (Јов 38, 4 и 7). Утрински ѕвезди е асоцијација за ангелите, жителите на небесниот свет, кој е создаден пред материјалниот. Ова значи дека уште од вечноста пеењето служело како израз на славата Божја. Со создавањето на видливиот свет, сите созданија го следат небесниот образец, од растителниот и животинскиот свет, па сè до човекот, и Му пеат на Бога и Го прославуваат во веки (Даниил 3, 52-90).

Музиката била дел од секојдневниот живот на старозаветниот народ и се поврзувала со сите сегменти на тогашното општествено и верско живеење. Се пеело во моменти на благодарност кон Бога (2 Мој 15, 1-19), во моменти на радост, кога се богослужело и принесувало жртви (1 Лет 23, 5; 1 Лет 25, 1; 2 Лет 29, 26-30; Неемија 12, 27 итн.), за време на работата во полињата, во домовите, во моменти на погреб и празници итн. Она што е најинтересно е фактот дека пеењето секогаш било придружувано со инструменти. Се смета дека тие биле донесени од Египет, односно по излегувањето од египетската земја, зашто изворите од тоа време сведочат за распространета употреба на разни видови инструменти во земјата на фараоните . Во текстот на Светото Писмо на Стариот завет може да распознаат главно три начини на изведба на музиката, односно три вида на пеење, и тоа: респонзориално (кога еден хор одговара на музичкиот текст што го исполнува еден солист - 1 Цар 21, 12; 28, 6-7; 29, 5; 1 Лет 16, 34- 36 итн.), антифонско (кога два хора пеат наизменично - Неемија 12, 27-36; 2 Мој 15, 20-21) и кантилација (рецитативно пеење на делови од Библијата).


Важноста од споменувањето на старозаветното пеење се состои во тоа што истото претставува основа на новозаветното пеење. Несоменено, континуитетот на богослужбеното пеење продолжува од Стариот завет во апостолско време и поради фактот што сите апостоли биле од јудејско потекло, затоа е разбирливо присуството на еврејски мелодии. Но раното христијанство пред да дојде и да заживее во Европа се шири низ Азија и Африка, и тоа во Сирија, Ерменија, Египет, Етиопија и др. , што го потврдува фактот дека тоа содржи елементи и од овие култури.

Инструментите сега се исфрлаат од употреба . Тоа е важна формална разлика: еврејската духовна музика била вокално-инструментална , а христијанската исклучително вокална, од која е исклучена дури и секаква полифонија. Но по поделбата на христијанските цркви во 1054 година, римокатоличкото црковно пеење, во својот подоцнежен развој станува вокално-инструментално, користејќи ги оргулите. Исто така, овие две пеења, и тоа: јудејското, го имаме предвид само синогогалното еврејско пеење, кое претставува еден вид од севкупното старозаветно пеење, и христијанското, се разликуваат и суштински. Имено, иако зборуваме за две унисони (едногласни) пеења, сепак кај првото ја немаме онаа карактеристика што ја има новозаветното, а која е основен тон на неговата духовност - Христовото смирение, туку тоа се одликува со пренагласена драматичност во исполнувањето на молитвите.

Сведоштво за првата и најстара примена на духовното пеење во секојдневниот литургиски живот на христијанството имаме во Евангелието. Имено, кога завршила Тајната вечера, Господ Исус Христос и апостолите испеале благодарствена песна, по што се искачиле на Маслиновата Гора (Мт 26, 30; Мк 14, 26). Впрочем, не само во овој случај Спасителот и апостолите со песна Го слават Отецот. На неколку места низ Новиот завет се потенцира дека тие ги посетувале синагогите и земале учество во богослуженијата (Мк 1, 21; Лк 4, 16). По Христовото воскресение, апостолите ја продолжуваат традицијата. Уште во книгата Дела апостолски, се споменува: На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога... Светиот апостол Павле, давајќи им на христијаните насоки за животот, во некои од своите посланија вели: Разговарајте меѓу себе со псалми, славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши (Ефес 5, 19; Колос 3, 16; Евреи 2, 12). Во контекст на ова говори и св. Прокло, ученикот на свети Јован Златоуст: Откако нашиот Спасител се вознел на небото, апостолите, пред да се расејат насекаде по земјата... по цел ден поминувале во молитва, во таинствено свештенодејствие на телото Господово и... ја пееле литургијата“.      


На молитвенте собранија и на богослуженијата првите христијани пееле делови од псалмите на Давид и старозаветни химни - две песни на Мојсеј „Му пеам на Господа“ и „Чуј ме небо“, песната на проричицата Ана „Се утврди срцето мое во Господа“, песни од пророците Авакум, Исаија и Јона. Се пееле и новозаветни ранохристијански песнопенија - ангелското славословие „Слава на Бога во висините“, песната на Богородица „Го велича душата моја Господа“, песната на Симеон Богопримец „Сега го отпушташ“. Уште во апостолските дни биле составени: големото славословие „Слава на Бога во висините“, „Светлино тивка“, „Да молчи секое создание“ (од Литургијата на св. ап. Јаков), „Слава Тебе Господи, слава Тебе“ (кое се пее пред и по читањето на Евангелието), химната при входот „Дојдете да се поклониме“ и други. Постоеле и музички творби - импровизации, што се пееле на молитвените собранија - агапите: „По миењето на рацете и палењето на светилниците, секој излегувал на средина да Му пее на Господа, кој како може - од Светото Писмо или од својот ум“ (Тертулијан, „Апологетика“ 39, 16-18). Таквите импровизации, кои ја дале подоцна како плод вдахновената богослужбена поезија, биле можни тогаш поради издигнатоста на духот и силината на верата, како што било кај првите христијани кои непосредно општеле со оние што Го виделе Господа - апостолите .
     Историјата на древната Црква сведочи за два контекста, односно услови во кои пеењето било изнесувано, па се говори за:

     Општонародно пеење - пееле сите. За ова, светиот Јован Златоуст говори: Жени и мажи, старци и младинци, од различен пол и различна возраст, но исти во однос на пеењето, затоа што Светиот Дух, соединувајќи го гласот на секого, од сите устројува една мелодија. Апостолските установи укажуваат уште поконкретно дека на заедничките богослуженија, на возгласувањата на ѓаконот, народот одговара со Господи помилуј.

     Посебно (самостојно или единечно), кога пеел само еден певец, а останатите молчеле и слушале. Тоа било причина и за подоцнежното востановување на степенот псалти во клирот . Во 15 правило на Лаодикискиот помесен собор (одржан 365 година) било востановено место целото собрание да пеат избрани и способни певци . Тоа се должело, веројатно, на фактот што пеењето на целото собрание звучело несинхронизирано и неблагозвучно.

     Од гледна точка, пак, на теоријата на музиката се говори дека основата на христијанската музика од првите векови на Црквата е ориентална, т.е. бидејќи знаеме дека првите христијани биле Азијати, тогаш јасно ја потврдуваме неговата азијатска и ориентална традиција. Од друга страна, теоретичарите издвојуваат и два начина на пеење, и тоа: „псламодично (рецитативно) - кога зборот доминира над тонот, односно, на еден ист тон се пеат повеќе слогови, и мелизматично - тонот надвладува над зборот со што на еден слог се пеат повеќе тонови, а често и бескрајно долга низа од тонови“.
     
Духот на древното христијанство, кој се одликувал со едноставност и аскетичност, го одредувал, или подобро речено, го фаворизирал едноставниот начин на пеење - кога повеќе се кажувало, значи се истакнувала важноста на пораката и значењето на текстот, а помалку се пеело, односно мелодијата била второстепена.    
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 16:59
http://www.byzanmusic.com/iso/isokraten.html

За сите псалти ова е една програма за исон... така полесно ке може да се изучува пеењето ... и полесно е да се вежба ...

има грчки и англиски текст за инструкциите ...

ви пожелувам успех ...
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 18:17
analogion.com

Ова е едне прекрасен сајт за сите љубители на византиската музика, тука има многу песнопенија кои слободно можат да се данлодираат

Има и онлине школа за изучување на византиската музика

исто така има и многу уникатни стари книги и ракописи, кои секако за оние што се занимаваат со тоа представува голема работа...
убаво е човек да создава пријатели не да шири омраза. Но реалноста секогаш е сурова.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 19:12
Одлична информација Евангелист, благодарам за текстовите.
Do what is right, come what may...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 19:21
срам ми е да кажам али ке кажам...ен знам да се снајдам на линкот од Евангелисттага
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 20:53
абе кажете како да даунлодирам не бидете лоши тагатагатага
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 21:04
Milichka samo izrazi zelba so 20 GB kje te nagradam

Изменето од belichka - 17.Октомври.2008 во 21:07
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 21:10
голема%20насмевка леле голема%20насмевка па прати нешто на мсн голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 00:56
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

голема%20насмевка леле голема%20насмевка па прати нешто на мсн голема%20насмевка


пиши лп - нема проблем

иди на analogion.com

таму имаш буквално се!!!

ако имаш проблем пиши лп
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 01:25
големо%20гушкањебидна фала сепакголемо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 01:34
Ja sepak uste baram, da najdam arapsko pravoslavno peewe ama so transkripcija :D:D:D:D
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
evangelist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Bože ne znam šta mi je, pale m

Регистриран: 16.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 01:45
Originally posted by belichka belichka напиша:

Ja sepak uste baram, da najdam arapsko pravoslavno peewe ama so transkripcija :D:D:D:D


иди на http://analogion.com/
од лева страна надолу ке го видиш ова:
graeca.mrezha.net

тука имаш арабска музика - ке си видиш и ке избереш
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 3,563 секунди.