Византиска (Црковна) музика
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16184
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 11:02 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Византиска (Црковна) музика
Постирано од: evangelist
Наслов: Византиска (Црковна) музика
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 16:43
Византиска (црковна) музика
П остојат многу начини на кои Го прославувaме Бога, на кои Му ја соопштуваме секоја наша потреба, Му ја доверуваме секоја наша мисла, или, пак, Му благодариме за секого и за сè. Тие форми на обраќање, било да се зборовни, гласовни или, пак, гестикулативни, се длабок израз на личноста на човекот, односно манифестација на неговата природна потреба да Му се обраќа на својот Создател, да заедничари со својот Отец.
Еден од начините за изразување на верата во Господ е пеењето, или попрецизно дефинирано, литургиското пеење. Тоа не значи само едно воведување на песната како медиум во богослужбениот живот на Црквата, туку значи устројување на еден специфичен јазик на кој се изразува внатрешната состојба на човекот, едно благодатно средство што ги предизвикува и ги покажува молитвените чувства и што ги одбива искушенијата, и надокрај, еден природен порив да се учествува во небесната литургија на ангелските чинови, кои од искона Му пеат на Бога: Свет, Свет, Свет е Господ, Саваот . Ваквиот начин на изразување е природен и духовен континуитет на небесното изразување на славата Господова, т.е. се надоврзува на својот небесен образец, на ангелското пеење. Оваа таинствена врска на горниот свет и долниот - земниот, особено е потенцирана во херувимската песна што се пее на светата Литургија: „Ние, кои таинствено ги изобразувааме херувимите и на Животворната Троица трисвета песна пееме, сега да одложиме секаква животна грижа.
|
Коментари:
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 16:47
Што представува мелодијата во богослужбата ...
Основната цел на мелодијата во богослужението е изразување на молитвата со јазикот на музиката. Светиот Јован Лествичник, пак, говори за една друга функција: кога е умерено, пеењето понекогаш одлично ја смирува лутината. А понекогаш, кога е неумерено и не е во вистинско време, му угодува на сластољубието . Зашто, говори свети Јован Златоуст во својата беседа за 41 псалм, ништо, ништо така не ја возвишува и не и дава крилја на душата, не ја ослободува од земјата, не ја избавува од уздите на телото, ништо не создава љубомудрие и презира сè што е светско, како хармоничното пеење и правилно составената божествена песна.
Во православната традиција, за разлика од традициите во другите светски религии, единственото средство, или подобро речено единствениот инструмент со кој се искажува севкупното црковно музичко творештво е човечкиот глас. Затоа, црковното пеење не се употребува, или не постои за да ги нагласи квалитетите и можностите на црковните пејачи, ниту пак, убавината на звукот што го вадат инструментите. Тоа на верниците им го открива Царството Божјо. Затоа отците на црквата велат дека само вокалната природа на православниот музички израз е онтолошки оправдана, зашто како што не ги воведе материјата во грев човекот и сета видлива природа, исто така не може и да ги избави, туку самиот човек згреши, па со тоа, самиот тој треба да се внесе во благодатното враќање во првобитната убавина, а не тоа да се прави преку инструментите и нивната можност да произведуваат пријатен звук. Православниот израз на музичката традиција има постојана богословско-литургиска основа. Таа ја храни духовната потреба на луѓето. Кога ќе влеземе во храмот и ќе ги погледнеме светите икони и фрески, кога ќе фрлиме поглед на иконостасот и храмовите сводови, сето тоа ја буди во нас желбата за молитва. Но колку е празен, колку е безживотен храмот ако во него не прозвучи молитвата, ако не се слушне богослужението, ако се обидеме да го гледаме само како еден вреден и убав сакрален објект. Богослужбеното пеење е, всушност, дишењето на храмот, пулсот на живот на домот Божји. За разлика од тоа, западната духовна музика, почнала, уште во својата рана историја, сè повеќе да се оддалечува од својата суштинска назначеност да служи во заедничарењето на човекот со Бога . Со ова ќе дојдат и нови тенденции, односно богослужбената музика ќе почне да се изведува во нескрални објекти и ќе почне да се устројува според желбата што повеќе да му се допадне на човечкиот вкус за естетика, а не да Го слави и прославува Бога, со што наполно ќе влијае врз духовната приемливост на изведувачите и публиката, а тоа значи губење на просветителската смисла и функционирање надвор од литургискиот простор. Таа ситуација, црковната музика да функционира во концертни сали, е исто што е и музејот за иконите. На тој начин умира потполната способност за изразување и останува само едно минимално делување на естетската музичка содржина.
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 16:55
Пеењето во Стариот и Новиот завет
Светото Писмо на Стариот завет често говори за небесни суштества кои Го слават Бога и Му пеат пофални песни (Езекиил 28, 13; Иса 14, 11; Иса 6, 3). Писателот на книгата Јов пишува: „Каде беше ти кога ги поставува основите на земјата? - кажи ако знаеш..., кога ликуваа утринските ѕвезди...“ (Јов 38, 4 и 7). Утрински ѕвезди е асоцијација за ангелите, жителите на небесниот свет, кој е создаден пред материјалниот. Ова значи дека уште од вечноста пеењето служело како израз на славата Божја. Со создавањето на видливиот свет, сите созданија го следат небесниот образец, од растителниот и животинскиот свет, па сè до човекот, и Му пеат на Бога и Го прославуваат во веки (Даниил 3, 52-90).
Музиката била дел од секојдневниот живот на старозаветниот народ и се поврзувала со сите сегменти на тогашното општествено и верско живеење. Се пеело во моменти на благодарност кон Бога (2 Мој 15, 1-19), во моменти на радост, кога се богослужело и принесувало жртви (1 Лет 23, 5; 1 Лет 25, 1; 2 Лет 29, 26-30; Неемија 12, 27 итн.), за време на работата во полињата, во домовите, во моменти на погреб и празници итн. Она што е најинтересно е фактот дека пеењето секогаш било придружувано со инструменти. Се смета дека тие биле донесени од Египет, односно по излегувањето од египетската земја, зашто изворите од тоа време сведочат за распространета употреба на разни видови инструменти во земјата на фараоните . Во текстот на Светото Писмо на Стариот завет може да распознаат главно три начини на изведба на музиката, односно три вида на пеење, и тоа: респонзориално (кога еден хор одговара на музичкиот текст што го исполнува еден солист - 1 Цар 21, 12; 28, 6-7; 29, 5; 1 Лет 16, 34- 36 итн.), антифонско (кога два хора пеат наизменично - Неемија 12, 27-36; 2 Мој 15, 20-21) и кантилација (рецитативно пеење на делови од Библијата).
Важноста од споменувањето на старозаветното пеење се состои во тоа што истото претставува основа на новозаветното пеење. Несоменено, континуитетот на богослужбеното пеење продолжува од Стариот завет во апостолско време и поради фактот што сите апостоли биле од јудејско потекло, затоа е разбирливо присуството на еврејски мелодии. Но раното христијанство пред да дојде и да заживее во Европа се шири низ Азија и Африка, и тоа во Сирија, Ерменија, Египет, Етиопија и др. , што го потврдува фактот дека тоа содржи елементи и од овие култури.
Инструментите сега се исфрлаат од употреба . Тоа е важна формална разлика: еврејската духовна музика била вокално-инструментална , а христијанската исклучително вокална, од која е исклучена дури и секаква полифонија. Но по поделбата на христијанските цркви во 1054 година, римокатоличкото црковно пеење, во својот подоцнежен развој станува вокално-инструментално, користејќи ги оргулите. Исто така, овие две пеења, и тоа: јудејското, го имаме предвид само синогогалното еврејско пеење, кое претставува еден вид од севкупното старозаветно пеење, и христијанското, се разликуваат и суштински. Имено, иако зборуваме за две унисони (едногласни) пеења, сепак кај првото ја немаме онаа карактеристика што ја има новозаветното, а која е основен тон на неговата духовност - Христовото смирение, туку тоа се одликува со пренагласена драматичност во исполнувањето на молитвите.
Сведоштво за првата и најстара примена на духовното пеење во секојдневниот литургиски живот на христијанството имаме во Евангелието. Имено, кога завршила Тајната вечера, Господ Исус Христос и апостолите испеале благодарствена песна, по што се искачиле на Маслиновата Гора (Мт 26, 30; Мк 14, 26). Впрочем, не само во овој случај Спасителот и апостолите со песна Го слават Отецот. На неколку места низ Новиот завет се потенцира дека тие ги посетувале синагогите и земале учество во богослуженијата (Мк 1, 21; Лк 4, 16). По Христовото воскресение, апостолите ја продолжуваат традицијата. Уште во книгата Дела апостолски, се споменува: На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога... Светиот апостол Павле, давајќи им на христијаните насоки за животот, во некои од своите посланија вели: Разговарајте меѓу себе со псалми, славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши (Ефес 5, 19; Колос 3, 16; Евреи 2, 12). Во контекст на ова говори и св. Прокло, ученикот на свети Јован Златоуст: Откако нашиот Спасител се вознел на небото, апостолите, пред да се расејат насекаде по земјата... по цел ден поминувале во молитва, во таинствено свештенодејствие на телото Господово и... ја пееле литургијата“.
На молитвенте собранија и на богослуженијата првите христијани пееле делови од псалмите на Давид и старозаветни химни - две песни на Мојсеј „Му пеам на Господа“ и „Чуј ме небо“, песната на проричицата Ана „Се утврди срцето мое во Господа“, песни од пророците Авакум, Исаија и Јона. Се пееле и новозаветни ранохристијански песнопенија - ангелското славословие „Слава на Бога во висините“, песната на Богородица „Го велича душата моја Господа“, песната на Симеон Богопримец „Сега го отпушташ“. Уште во апостолските дни биле составени: големото славословие „Слава на Бога во висините“, „Светлино тивка“, „Да молчи секое создание“ (од Литургијата на св. ап. Јаков), „Слава Тебе Господи, слава Тебе“ (кое се пее пред и по читањето на Евангелието), химната при входот „Дојдете да се поклониме“ и други. Постоеле и музички творби - импровизации, што се пееле на молитвените собранија - агапите: „По миењето на рацете и палењето на светилниците, секој излегувал на средина да Му пее на Господа, кој како може - од Светото Писмо или од својот ум“ (Тертулијан, „Апологетика“ 39, 16-18). Таквите импровизации, кои ја дале подоцна како плод вдахновената богослужбена поезија, биле можни тогаш поради издигнатоста на духот и силината на верата, како што било кај првите христијани кои непосредно општеле со оние што Го виделе Господа - апостолите .
Историјата на древната Црква сведочи за два контекста, односно услови во кои пеењето било изнесувано, па се говори за:
Општонародно пеење - пееле сите. За ова, светиот Јован Златоуст говори: Жени и мажи, старци и младинци, од различен пол и различна возраст, но исти во однос на пеењето, затоа што Светиот Дух, соединувајќи го гласот на секого, од сите устројува една мелодија. Апостолските установи укажуваат уште поконкретно дека на заедничките богослуженија, на возгласувањата на ѓаконот, народот одговара со Господи помилуј.
Посебно (самостојно или единечно), кога пеел само еден певец, а останатите молчеле и слушале. Тоа било причина и за подоцнежното востановување на степенот псалти во клирот . Во 15 правило на Лаодикискиот помесен собор (одржан 365 година) било востановено место целото собрание да пеат избрани и способни певци . Тоа се должело, веројатно, на фактот што пеењето на целото собрание звучело несинхронизирано и неблагозвучно.
Од гледна точка, пак, на теоријата на музиката се говори дека основата на христијанската музика од првите векови на Црквата е ориентална, т.е. бидејќи знаеме дека првите христијани биле Азијати, тогаш јасно ја потврдуваме неговата азијатска и ориентална традиција. Од друга страна, теоретичарите издвојуваат и два начина на пеење, и тоа: „псламодично (рецитативно) - кога зборот доминира над тонот, односно, на еден ист тон се пеат повеќе слогови, и мелизматично - тонот надвладува над зборот со што на еден слог се пеат повеќе тонови, а често и бескрајно долга низа од тонови“.
Духот на древното христијанство, кој се одликувал со едноставност и аскетичност, го одредувал, или подобро речено, го фаворизирал едноставниот начин на пеење - кога повеќе се кажувало, значи се истакнувала важноста на пораката и значењето на текстот, а помалку се пеело, односно мелодијата била второстепена.
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 16:59
http://www.byzanmusic.com/iso/isokraten.html
За сите псалти ова е една програма за исон... така полесно ке може да се изучува пеењето ... и полесно е да се вежба ...
има грчки и англиски текст за инструкциите ...
ви пожелувам успех ...
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 18:17
analogion.com
Ова е едне прекрасен сајт за сите љубители на византиската музика, тука има многу песнопенија кои слободно можат да се данлодираат
Има и онлине школа за изучување на византиската музика
исто така има и многу уникатни стари книги и ракописи, кои секако за оние што се занимаваат со тоа представува голема работа...
------------- убаво е човек да создава пријатели не да шири омраза. Но реалноста секогаш е сурова.
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 19:12
Одлична информација Евангелист, благодарам за текстовите.
------------- Do what is right, come what may...
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 19:21
срам ми е да кажам али ке кажам...ен знам да се снајдам на линкот од Евангелист
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 20:53
абе кажете како да даунлодирам не бидете лоши
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 21:04
Milichka samo izrazi zelba so 20 GB kje te nagradam
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 21:10
леле па прати нешто на мсн
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 00:56
blueprayer напиша:
леле па прати нешто на мсн
|
пиши лп - нема проблем
иди на analogion.com
таму имаш буквално се!!!
ако имаш проблем пиши лп
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 01:25
бидна фала сепак
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 01:34
Ja sepak uste baram, da najdam arapsko pravoslavno peewe ama so transkripcija :D:D:D:D
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 01:45
belichka напиша:
Ja sepak uste baram, da najdam arapsko pravoslavno peewe ama so transkripcija :D:D:D:D |
иди на http://analogion.com/
од лева страна надолу ке го видиш ова:
graeca.mrezha.net
тука имаш арабска музика - ке си видиш и ке избереш
|
Постирано од: Maran Ata 2
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 02:31
Eve link na nesto novo i prekrasno od manastirot Rajcica
na bdenieto vo cest na sv.Jovan Kukuzel
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3251 - Gospodi vozvah (Gospodi povikav kon tebe)
p.s. odite najdolu od linkot - ima video klipce
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 03:16
http://www.youtube.com/watch?v=IomxvOTf-So
молитва на свети Нектари Егински кон Пресвета Богородица
манастир Симонопетра - Света Гора
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 03:21
http://www.youtube.com/watch?v=g9IiCOZZAnc&feature=related
пс. 135.
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 14:52
http://www.youtube.com/watch?v=kNZyGPKxgi4
Православни песнопенија
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 14:54
<object width="425" height="344"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/UWfdi5jxjEc&hl=en&fs=1"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/UWfdi5jxjEc&hl=en&fs=1" type="application/x-shockwave-flash" allowfullscreen="true" width="425" height="344"></embed></object>
Хор св. Јован дамаскин - Солун
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 13:09
Развој на христијанското црковно пеење
Oткако прекинало гонењето на христијанството (со Миланскиот едикт во 313 г.), се создале услови за целосно организирање на сите сегменти од духовниот живот, односно христијаните можеле да излезат од своите домови и од катакомбите и слободно да ја исповедаат и да ја манифестираат својата вера. Почнало устројувањето на црковната архитектура - се граделе велелепни храмови, богослужението станувало посложено, разновидно и поторжествено итн. Со тоа и црковното пеење се збогатувало. Несомнено, таквите услови допуштиле да се промени и општата карактеристиката на црковното пеење: од тивко и тајно во погласно и повпечатливо. Тоа не можело да остане такво какво што било во апостолскиот период - ...на половина пат меѓу рецитирањето и пеењето . Почнало образувањето на псалти, но се формирале и одделни хорови, помали или поголеми, кои почнале да го развиваат т.н. антифонско или наизменично пеење од две певници, востановено уште во II век од страна на светиот свештеномаченик Игнатиј Антиохиски, а по образец на ангелското пеење. Бидејќи се зголемил бројот на химни, со што пеењето напамет санало неизводливо, во употреба биле воведени и богослужбени книги. Авторите на црковните песни биле луѓе со голема вера, со правилна перцепција за целта на живтот, со благочестие и светост во живеењето и со голема мудрост. Тука се вбројуваат: светиот свештеномаченик Игнатиј Антиохиски, кој се смета за устроител на антифонското пеење, свети Климент Александриски, кој го определил црковниот карактер на песните, светиот маченик Јустин Философ, автор на книгата „Псалт“ во која е даден редот за исполнувањето на химните, свети Атанасиј Велики, го востановил рецитативното пеење при богослужението, преподобен Ефрм Сирин, составил многу песни и напеви, свети Јован Затоуст, многу придонел со слово и со дело за црковното пеење, и е првиот што организирал хор од псалти, светиот цар Јустинијан Велики, автор на химната „Единороден Сине“, преподобен Роман Слаткопевец, писател на кондаци, меѓу нив „Дева днесь“, „В молитвах неусыпающую“, „Душе моя“, свети Амвросиј Милански, автор на книгата „Антифонари“, во која се наоѓа и црковната песна „Тебе Бога хвалим“, свети Григориј Двоеслов, свети Андреј Критски, составувач на канони, познат по „Големиот канон“ што се чита во велигденскиот пост, свети Јован Дамаскин (650-794), најзначаен реформатор на црковното пеење, автор на книгата „Осмогласник“ во која го систематизира и дефинира осмогласниот начин на црковното пеење, св. Теодор Студит, св. Јован Кукузел (XIV век), голем реформатор на музичката семиографија, создавач на т.н. пападикиската црковно-музичка форма и автор на неизбројани композиции.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 13:12
Лек за душата, мелем за срцето и одмор за телото е таа музика. Божествена во права смисла на зборот, дали се пее на грчки, старословенски, арапски...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 13:14
http://www.youtube.com/watch?v=_Et0wOhPuGs&feature=related
Dostojno est - македонски манастир
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 13:37
<object width="425" height="344"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/2Lo2XmmcnHg&hl=en&fs=1"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/2Lo2XmmcnHg&hl=en&fs=1" type="application/x-shockwave-flash" allowfullscreen="true" width="425" height="344"></embed></object>
Димитар Арнаудов - "Благословен еси Господи"
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 13:40
Хор Јустинијана Прима - Македонска Православна Богословија
Статии на Велики Петок
http://www.youtube.com/watch?v=2v8sjanaDE0&feature=related
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 14:00
Манастир “Св. Павле“ - Света Гора -
Μονή Αγίου Παύλου - Αγιον Ορος
Прекрасни песнопенија на старите монаси
нека уживаат вистинските вљубеници во старото традиционално источно пеење...
http://www.youtube.com/watch?v=G21TD0iPKMo&NR=1
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 14:19
evangelist напиша:
<object width="425" height="344"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/2Lo2XmmcnHg&hl=en&fs=1"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/2Lo2XmmcnHg&hl=en&fs=1" type="application/x-shockwave-flash" allowfullscreen="true" width="425" height="344"></embed></object>
Димитар Арнаудов - "Благословен еси Господи"
|
ТОа е оваа истава, нели?
http://youtube.com/swf/l.swf?swf=http%3A//s.ytimg.com/yt/swf/cps-vfl59689.swf&video_id=2Lo2XmmcnHg&rel=1&hqt=1&eurl=&iurl=http%3A//i3.ytimg.com/vi/2Lo2XmmcnHg/default.jpg&t=OEgsToPDskJFZ16rkqcpJci3ERDCa78F&use_get_video_info=1&load_modules=1&fs=1&hl=en - Благословен еси ГОСПОДЕ
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 14:22
spiros напиша:
evangelist напиша:
<object width="425" height="344"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/2Lo2XmmcnHg&hl=en&fs=1"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/2Lo2XmmcnHg&hl=en&fs=1" type="application/x-shockwave-flash" allowfullscreen="true" width="425" height="344"></embed></object>
Димитар Арнаудов - "Благословен еси Господи"
|
ТОа е оваа истава, нели?
http://youtube.com/swf/l.swf?swf=http%3A//s.ytimg.com/yt/swf/cps-vfl59689.swf&video_id=2Lo2XmmcnHg&rel=1&hqt=1&eurl=&iurl=http%3A//i3.ytimg.com/vi/2Lo2XmmcnHg/default.jpg&t=OEgsToPDskJFZ16rkqcpJci3ERDCa78F&use_get_video_info=1&load_modules=1&fs=1&hl=en - Благословен еси ГОСПОДЕ |
e pa ajde bidi dobar i poduci me kako da gi kopiram linkovite za da mi izleguvaat taka
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 14:37
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 20:57
ПРЕКРАСНИ АРАБСКИ ПЕСНОПЕНИЈА
ХОР ОД Balamand Monastery ДАМАСК СИРИЈА
(ова е нешто посебно )
http://www.youtube.com/watch?v=nlbg9w-Q1hk&NR=1 -
Овде ке ги слушните на арабски Статии на Велики Петок
http://www.youtube.com/watch?v=nonUrn3H8zY&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=nonUrn3H8zY&feature=related статија прва
http://www.youtube.com/watch?v=mM-awNqJBl0&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=mM-awNqJBl0&feature=related статија втора
http://www.youtube.com/watch?v=_dVhJR-Ke48 - http://www.youtube.com/watch?v=_dVhJR-Ke48 статија трета
Спирос брате фала за советот (поуката) уживај
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 21:02
http://www.youtube.com/watch?v=6YeDMnUKRdE - http://www.youtube.com/watch?v=6YeDMnUKRdE
Еден прекрасен клип - Бигорски манастир “Св. Јован Крстител - Пасхални Песнопенија 2003 год.
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 21:41
e ova poslednoto brate
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 20.Октомври.2008 во 11:00
http://www.youtube.com/watch?v=8Un-z9qUjxk - http://www.youtube.com/watch?v=8Un-z9qUjxk
Хор Јустинијана Прима од фестивалот за источно пеење
Хор Јоан Хармосин - пасха - канон
http://www.youtube.com/watch?v=GN_46A7PCUc&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=GN_46A7PCUc&feature=related
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 20.Октомври.2008 во 17:44
Јаков Нафплиотис еден од последните псалти кој пее по древниот начин на поделба на интервалите 9, 7, 12.
Хрисант
http://analogion.com/ - http://analogion.com/
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 11:37
evangelist напиша:
http://www.youtube.com/watch?v=6YeDMnUKRdE - http://www.youtube.com/watch?v=6YeDMnUKRdE
Еден прекрасен клип - Бигорски манастир “Св. Јован Крстител - Пасхални Песнопенија 2003 год. |
Ti blagodaram epten epten epten mnogu za ova. Go nemam do sega videno - barav, ama ne mozev da go najdam.
Gospod, po molitvite na svetoto bratstvo od Bigorski manastir, da ne pomiluva site nas!
Ti blagodaram uste ednas, mi go razubavi denot!!!
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 21:02
http://rapidshare.com/files/147415385/Otec_Prteni.rar
eve go celo CD od Bigorski manastij
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 01:45
ЦД-то го имам, но немав некој видео запис на тоа ЦД.
Во секој случај, ти благодарам.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 07:38
http://au.youtube.com/watch?v=P8_XPS-Zs6k - Св. Димитриј Бесарабов - византиски песнопенија на романски јазик (прекраснооооо) :)
http://au.youtube.com/watch?v=t5uKKarFOas&feature=related - Дел 2
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 07:47
http://au.youtube.com/watch?v=CXtvnuT3-xA&feature=related - Благодарствен канон кон Пресвета Богородица - манастир Ковиљ
http://au.youtube.com/watch?v=bewCMAjypqk&feature=related - Благословен еси Господи
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 10:40
http://www.dveri.bg/content/view/7477/33/ - http://www.dveri.bg/content/view/7477/33/
http://www.youtube.com/watch?v=jMtqVKasSAY&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=jMtqVKasSAY&feature=related
Хор “Св. в-мч. Георгиј“ -Ротонда - Софија
од настапот во Солун
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Orthodul
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 15:53
http://community.livejournal.com/orthodox_music/39651.html - Утрена и вечерна служба Братство на манастирот Симонпетра,Света Гора
-------------
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 18:35
a tuka mozeme da dodademe i pesnopenijata, da naucime da peeme toa sto slushame;
Dostojno est..
Axion estin os alitos makarizein se tin Theotokon, tin aeimakariston kai panamomiton kai mitera tou Theou imon. Tin timioteran ton Cheroubeim kai endoxoteran asingkritos ton Serapheim. tin adiaphthoros Theon Logon tekousan, tin ontos Theotokon, Se megalinomen.
Od Pohvalnite pogrebenija na Golem Petok
1Statija
Blagosloven si Gospodi naucime na Tvoite zapovedi.
1stih. Blazeni se neporocnite koi odat spored zakonot na Gospoda.
ZIVOT SI HRISTE NO VO GROB TE STAVIJA, ANGELSKITE VOINSTVA SE ISPLASHIJA SLAVEJKI GO TVOETO SMIRENIE
Eve na grcki:
1. Η ζωή εν τάφω κατετέθης, Χριστέ, και Αγγέλων στρατιαί εξεπλήττοντο, συγκατάβασιν δοξάζουσαι την σην.
2. Η ζωή πώς θνήσκεις; πώς και τάφω οικείς; του θανάτου το βασίλειον λύεις δε και το Άδου τους νεκρούς εξανιστάς.
3. Μεγαλύνομέν σε, Ιησού Βασιλεύ, και τιμώμεν την ταφήν και τα πάθη σου, δι ών έσωσας ημάς εκ της φθοράς.
4. Μέτρα γης ο στήσας, εν σμικρώ κατοικείς, Ιησού παμβασιλεύ, τάφω σήμερον, εκ μνημάτων τους θανόντας ανιστών.
5. Ο Δεσπότης πάντων καθοράται νεκρός και εν μνήματι καινώ κατατίθεται, ο κενώσας τα μνημεία των νεκρών.
6. Δακρυρρόους θρήνους επί σε η Αγνή, μητρικώς, ω Ιησού, επιρραίνουσα, ανεβόα˙ Πώς κηδεύσω σε, Υιέ;
7. Προσκυνώ το Πάθος, ανυμνώ την Ταφήν, μεγαλύνω σου το κράτος φιλάνθρωπε, δι’ ων λέλυμαι παθών φθοροποιών.
8. Οίμοι φως του Κόσμου! Οίμοι φως το εμόν! Ιησού μου ποθεινότατε έκραζεν, η Παρθένος θρηνωδούσα γοερώς.
9. Ανυμνούμεν Λόγε, σε τον πάντων Θεόν, συν Πατρί και τω Αγίω σου Πνεύματι και δοξάζομεν την θείαν σου Ταφήν.
10.Μακαρίζομέν σε, Θεοτόκε αγνή, και τιμώμεν την ταφήν την τριήμερον του Υιού σου και Θεού ημών πιστώς.
(ako ima nekoj neka dopishe od ostanatite statii)
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 23:42
јас имам - ама сега ке си легна може утре?
Ортходулу... многу убаво
да те прашам дали “случајно“ ја имаш Литургијата на Ватопед?
Мислам на новиот диск - не знам точмо ама мислам дека е 2007 година снимен.....
Другите ги имам сите ова ми треба ... пошо разбрав дека имало и вакво (ново) нешто ///....
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Orthodul
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 01:21
Tetratka напиша:
Ортходулу... многу убаво
да те прашам дали “случајно“ ја имаш Литургијата на Ватопед?
|
Немам разбрано дека имаат издадено таков диск.
Еве литургија од ман. Симонопетра http://community.livejournal.com/orthodox_music/37650.html - http://community.livejournal.com/orthodox_music/37650.html
-------------
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 02:07
http://www.mediafire.com/download.php?hymyzrzyjvq - Господи возвах (на англиски)
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 03:55
http://www.mediafire.com/download.php?2zynmnvy3ik - Господи возвах пак на англиски, ама овојпат испеана од Руси :)
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 10:23
Orthodul напиша:
[QUOTE=Tetratka]
Ортходулу... многу убаво
да те прашам дали “случајно“ ја имаш Литургијата на Ватопед?
| Немам разбрано дека имаат издадено таков диск. Еве литургија од ман. Симонопетра http://community.livejournal.com/orthodox_music/37650.html%5b/QUOTE - http://community.livejournal.com/orthodox_music/37650.html[/QUOTE ]
Благодарам брате, ја ги имам сите дискови и од Ватопед и од Симонопетра... е ова од Ватопед е нов! се надевм дека ке го најдам и ке те известам...
благодарам уште еднаш... ако ти треба нешо напиши лп...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 11:48
Jas sakav da gi dodadam i ovie na listata. Gi znaete, mirski bendovi, ama odlicna vizantiska muzika.
http://www.youtube.com/watch?v=d2Liptt5Re4 - Slobodan Trkulja - Nebo
http://www.youtube.com/watch?v=HDK0-hB8y64 - Isihia - Gospodi vozvah
http://www.youtube.com/watch?v=mUhDC2ZCMdU&feature=related - Isihia - Preobrazenie
http://www.youtube.com/watch?v=ivUTeM_17-k&feature=related - Isihia - Chernomen
http://www.youtube.com/watch?v=xLxhz0dMpQg&feature=related - Anastasija - Premin
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 23:52
http://www.youtube.com/watch?v=CawFVKF3QgE&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=CawFVKF3QgE&feature=related
Служба на св. Стефан - Романија манастир Путна
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 10:29
Знае некој каде можат да се најдат следниве за симнување:
- Достојно Ест
- Иже Херувими
- Тебе Поем
линк?
благодарам.
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 10:42
Ихе Хреувими
http://www.dveri.bg/component/option,com_remository/Itemid,28/func,startdown/id,19/
Сјат Сјат Сјат
http://macedonia_forever.blog.com.mk/audio/24461
го ебав хардот пред некој ден да ги најдам цединјата до крајов на денот ке ја имас цела литургија
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 16:26
чаир напиша:
Ихе Хреувимиhttp://www.dveri.bg/component/option,com_remository/Itemid,28/func,startdown/id,19/Сјат Сјат Сјатhttp://macedonia_forever.blog.com.mk/audio/24461го ебав хардот пред некој ден да ги најдам цединјата до крајов на денот ке ја имас цела литургија
|
Nemozam da downloadiram od ovde :S
------------- За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:10
Во храмот Свети Спас , во населбата Драчево во Скопје, на ден 27 октомври, на празникот посветен на преподобна мајкa Параскева и светите маченици Назариј, Гервасиј и Протасиј, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
На певницата, гостин беше протопсалт од Грчката православна црква, Панајотис Сомали кој служи во храмот на св. Константин и Елена во Перистери. Г-дин Сомали е гостин на отец Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, и сакаше да го посети храмот каде црквуваат богословите. и заедно со нив богослужеше на денешната Литургијата во чест и слава на св. Петка
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:11
http://preminportal.com.mk/content/view/2847/1/ - http://preminportal.com.mk/content/view/2847/1/
Тука има и еден клип - Достојно ест...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:31
Вечниот Бог на http://www.mediafire.com/download.php?6wbitt11wvb - романски .
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 13:20
чаир напиша:
Ихе Хреувимиhttp://www.dveri.bg/component/option,com_remository/Itemid,28/func,startdown/id,19/Сјат Сјат Сјатhttp://macedonia_forever.blog.com.mk/audio/24461го ебав хардот пред некој ден да ги најдам цединјата до крајов на денот ке ја имас цела литургија
|
Благодарам чаир за линкот. Јас го симнав без проблем (опколу 3 мегабајта е).
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 13:39
makarios напиша:
Вечниот Бог на http://www.mediafire.com/download.php?6wbitt11wvb - романски .
|
Леле, брат ми, ова е многу интересно... знаеш, нели, дека романскиот јазик делумно звучи на албанскиот... и тоа го прави многу, многу интересно...
Од кај ги копаш овие?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 13:59
Хеј! Романскиот јазик потсетува на францускиот (исто како македонски и словенечки), но има 30% словенски зборови. Еве:
...Избавеште не пе нои дин невоја ши воине... Доамне Иисусе Христоасе, надеждно ноастра, милуиеште ши пазеште не пе нои `н вечи вечиљор, амин!
Ај после ќе закачам и друго на романски (византиски стил).
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 15:05
makarios напиша:
Хеј! Романскиот јазик потсетува на францускиот (исто како македонски и словенечки), но има 30% словенски зборови. Еве:...Избавеште не пе нои дин невоја ши воине...Доамне Иисусе Христоасе, надеждно ноастра, милуиеште ши пазеште не пе нои `н вечи вечиљор, амин!Ај после ќе закачам и друго на романски (византиски стил).
|
Романскиот јазик има примеси од словенскиот јазик, латинскиот јазик..... но и од албанскиот
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 31.Октомври.2008 во 02:13
http://www.mediafire.com/download.php?djfhtvkjbl1 - Ова се монахињи од манастирот Диаконешт, Романија.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 10.Ноември.2008 во 05:51
Oва не е византиска музика, ама сепак е убаво и има многу убави слики, па уживајте
http://au.youtube.com/watch?v=kbhXTxKg_9s - Блаженства
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 07:52
Maran Ata напиша:
Oва не е византиска музика, ама сепак е убаво и има многу убави слики, па уживајте
http://au.youtube.com/watch?v=kbhXTxKg_9s - Блаженства |
Многу интересно Маран Ата, валаамски монаси...
ова русиве многу се интересни,,,
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 07:53
evangelist напиша:
Maran Ata напиша:
Oва не е византиска музика, ама сепак е убаво и има многу убави слики, па уживајте
http://au.youtube.com/watch?v=kbhXTxKg_9s - Блаженства |
Многу интересно Маран Ата, валаамски монаси...
ова русиве многу се интересни,,, |
Добредојде, брат! Одамна те нема
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 07:54
п.с. не да се интересни, ептен ги сакам
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:02
http://www.youtube.com/watch?v=zcgDBgcvEoE&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=zcgDBgcvEoE&feature=related
Ја симонопетра ги сакам
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:03
http://www.youtube.com/watch?v=M2bRxZof2KM&NR=1 - http://www.youtube.com/watch?v=M2bRxZof2KM&NR=1
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:11
The Simonopetra monastery
еве една слика од Симонопетра
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:13
http://www.youtube.com/watch?v=gRqqwFtUxcw&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=gRqqwFtUxcw&feature=related
Славословие
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:15
http://www.youtube.com/watch?v=nlbg9w-Q1hk&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=nlbg9w-Q1hk&feature=related
Дамаск - Сирија
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:16
http://www.youtube.com/watch?v=nBabtuC5W7k&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=nBabtuC5W7k&feature=related
Теолошки институт - Дамаск Сирија
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:18
Great Doxology- with Archbishop Paul Saliba (Arabic&English)
http://www.youtube.com/watch?v=SVL7DTAT9Ug&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=SVL7DTAT9Ug&feature=related
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:46
http://www.youtube.com/watch?v=cr7b7znz2dA&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=cr7b7znz2dA&feature=related
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:52
http://www.youtube.com/watch?v=7vIide_jnKE&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=7vIide_jnKE&feature=related
Господи воззвах - Јаков Протопсалт. глас 1. (пападикиско) Бигосрки манастир
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:56
http://www.youtube.com/watch?v=6YeDMnUKRdE - http://www.youtube.com/watch?v=6YeDMnUKRdE
Пасхални песнопенија - Бигорски манастир “Св. Јован Крстител“
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 08:59
http://www.youtube.com/watch?v=kJN78U3j88c&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=kJN78U3j88c&feature=related
Пасхални песнопенија - Бигорски манастир “Св. Јован Крстител“ трета статија...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 15.Ноември.2008 во 09:08
http://www.youtube.com/watch?v=gRA48rbmWBc&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=gRA48rbmWBc&feature=related
Бигорски манастир “Св. Јован Крстител“
Акатист на св. Серафим Саровски за време на дочекот на неговите свети мошти, на местото каде што се гради храм (скит) посветен на св. Серафим Саровски
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 16.Ноември.2008 во 09:17
Еве нешто што мислам дека повеќето на форумот го немаат видено
http://www.youtube.com/watch?v=Qp9JcXPOJgM - Велигден во Бигорски 2006
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 16.Ноември.2008 во 19:34
Maran Ata напиша:
Еве нешто што мислам дека повеќето на форумот го немаат видено
http://www.youtube.com/watch?v=Qp9JcXPOJgM - Велигден во Бигорски 2006 |
OOOOOOOOOO!!!!
Maran Ata од каде ти овие клипови!!!
Би сакал да запрашам дали знаеш кој е авторот (снимателот), многу ме интересира, озбилно!!!
п.с. сериозен сум.
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 00:02
Сега дознав, епа прости што те испреварив
Закон си, овааааа... се! хахаха
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 00:12
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 01:55
http://www.youtube.com/watch?v=7k1YbsEGJMw - http://www.youtube.com/watch?v=7k1YbsEGJMw
еве за макариос снимателот уште еден клип...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 01:56
Maran Ata напиша:
Сега дознав, епа прости што те испреварив
Закон си, овааааа... се! хахаха |
имам јас многу...
не знам кој кого испревари...
ај позз
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 02:03
Tetratka напиша:
http://www.youtube.com/watch?v=7k1YbsEGJMw - http://www.youtube.com/watch?v=7k1YbsEGJMw
еве за макариос снимателот уште еден клип... |
Сите сме едно во Христа бе братче. Тој што снимал, се молел за мене.
Фала ти и за ова видео!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 02:13
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 02:29
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 02:29
п.с. ги имаш сите ставено или да ги аплоадирам?
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 02:29
немам сега
ми се спие
ај друг пат
позз
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 02:39
Добра ноќ.
п.с. ако те мрзи да ги ставиш на нет, кажи
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 03:38
Бугарска школа: http://www.mediafire.com/download.php?ohjwmk1j2w0 - тука и http://www.mediafire.com/download.php?nnyt4wyjmmt - тука .
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 07:07
makarios напиша:
Бугарска школа: http://www.mediafire.com/download.php?ohjwmk1j2w0 - тука и http://www.mediafire.com/download.php?nnyt4wyjmmt - тука .
|
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 11:30
makarios напиша:
Бугарска школа: http://www.mediafire.com/download.php?ohjwmk1j2w0 - тука и http://www.mediafire.com/download.php?nnyt4wyjmmt - тука . |
Да исправитсја... на Предосвештена литургија се пее ова
Закон.
п.с.
Макариос, абе кај ги копаш овие работи
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 11:34
http://www.youtube.com/watch?v=Ml4PbOkGDFM - http://www.youtube.com/watch?v=Ml4PbOkGDFM
Еве уште едно за маран Ата...
ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ!!!
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 12:14
http://www.youtube.com/watch?v=9YTXB186vrw&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=9YTXB186vrw&feature=related
Anafora - на грчки...
е многу сакам вакви псалти
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 12:16
http://www.youtube.com/watch?v=_9dQMZC1yPg&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=_9dQMZC1yPg&feature=related
Трисвето + сила
Ова ми се омилени псалти...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 12:21
Tetratka напиша:
http://www.youtube.com/watch?v=Ml4PbOkGDFM - http://www.youtube.com/watch?v=Ml4PbOkGDFM
Еве уште едно за маран Ата...
ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ!!!
|
Aххх, мореее... ме насамари. Ама не смеам да зуцнам, авторски права си се авторски права
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 12:26
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 12:28
еј слушни ја “силата“ овде
|
http://www.youtube.com/watch?v=_9dQMZC1yPg&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=_9dQMZC1yPg&feature=related | и кажи како ти се свиѓат...
многу ми е јако фалшот четврт тон...
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 12:36
http://www.youtube.com/watch?v=prckifXKYxQ&NR=1 - http://www.youtube.com/watch?v=prckifXKYxQ&NR=1
Да испрвитсја
Св. Гора
леле ова е чудо....
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 12:50
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 15:21
Статија 1 - Бигорски
http://au.youtube.com/watch?v=s2WM4Uc1axs - Велигден 2006
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 16:18
ова можеш да го сместиш во православна убавина
и таму држи место
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|