IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Украси за домот и дворот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Украси за домот и дворот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2015 во 16:27

Направи сам: Домашни природни миризливи стапчиња


„Smudge sticks“ претставуваат  еден вид едноставна домашна замена на миризливите стапчиња направени од ароматични билки заврзани во клопче, кои откако добро ќе се исушат се палат и се оставаат да горат.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-01.jpg

Топлите месеци се идеално време за пронаоѓање на лековитите ароматични билки кои растат под вжареното сонце и покрај тоа што може да се употребат за домашната аптека, тие може да се искористат за правење на оригинални миризливи стапчиња кои благотворно делуваат и ги прочистуваат затворените простори во домот.

Миризливите стапчиња можете да ги направите од: жалфија, кедар, мајчина душица, рузмарин, маточина или лаванда.

Потребен материјал:

  • Билки
  • Памучен конец
  • Ножици

Подготовка:

Аранжирајте ги билките на тој начин што ќе бидат со иста должина, а потоа преминете на нивино заврзување.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-1.jpg

Тајната на добро направените миризливи стапчиња, кои долготрајно и рамномерно ќе горат, е во тоа да бидат цврсто заврзани.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-2.jpg

Потоа можете да ги украсите по желба со конец во различна боја.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-3.jpg

Готовите миризливи стапчиња треба добро да ги исушите. Се ставаат на суво и прозрачно место.

За времена употребувањето, потребно е да внимавате запалените жарчиња да не паѓаат, па стапчето најдобро е да го оставите на некоја стаклена површина како чинија.

napravi-sam-domashni-prirodni-mirisni-stapcinja-4.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2015 во 21:45

Направете уникатни држачи за козметика во бањата


За современата бања има многу можности, но лошото е тоа што повеќето од нив се ужасно скапи.

Затоа, секогаш е добредојдена по некоја креативна идеја која ќе ви помогне да создадете сами некој интересен детал.

Ние налетавме на оваа и ќе ја примениме. Се надеваме дека ќе ви се допадне и вам

Едноставно и впечатливо.

Ставете ја козметиката во тегли обвиткани во мрежа.

На овој начин ќе ја пренесете езерската атмосфера во вашиот тоалет и ќе уживате секој пат кога ќе го погледнете вашето симпатично дело.

bb5(3) (1)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2015 во 19:05
"Направи сам" потпирач за креветот од килим

Потрагата по уникатен потпирач за креветот може да заврши.

Со следниот „Направи сам“ проект на многу едноставен начин ќе изработите потпирач за креветот и притоа едно здодевно попладне ќе го исполните со забава и со креативност.


За изработка на потпирачот, кој на прв поглед ќе изгледа како да е дел од креветот, ќе ви биде потребно потенко килимче, прекривач или завеса со мотиви, дезени и текстури што ќе ја освежат собата. Потоа ќе ви биде потребно каков било корниз, дрвен или метален, кој ќе го поставите над креветот.



Најважен чекор во овој едноставен проект е последниот, односно поставувањето на килимот или прекривката на корнизот. Доколку се одлучите за изработка на потпирачот да употребите килим, внимателно обвиткајте го неколку пати околу корнизот и прицврстете го, а доколку употребите тенка прекривка или завеса, може да ги закачите на штипките на корнизот. Креативниот „Направи сам“ проект за изработка на потпирач е едноставен и лесноизводлив начин за освежување на собата.





Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:35

Направете сами: Романтични декорации со стара тантела


Одамна веќе не се користат рачно изработените миленца кои порано служеле за декорација на масите, каучите или како подароци за во домот.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-01

Не треба да ги фрлиме, ниту да ги уништиме, но не мора само да ни ги полнат фиоките и орманите, ако имаме интересни креативни идеи со кои можеме да ги промениме и искористиме во модерното секојдневие.

Овде се неколку идеи како да им дадете свежина и убавина на вашите стари работи, без да трошите пари за да купите нешто слично фабрички изработено, кое можеби многумина го имаат.

Вака ќе имате одлична забава во вашето слободно време и оригинални изработки.

Свеќници

Можат да бидат во различни големини и различни видови. Потребно е да искористите некои стари стаклени чашки и теглички.

Од тантелата којашто ја имате исечете поширока трака колку што е висока чашата или теглата а во должина според ширината колку што треба да ја обложите.

Добро би било да внимавате на линиите и шарите за да имате целина во декорацијата.

Штом ја исечете лентата, зашијте ги двата краја, така што ќе направите обвивка низ која ќе ја протнете чашката, односно теглата. Ставете внатре една свеќа-пловка и запалете ја.

Ќе добиете интересен и романтичен изглед.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-1

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-2

Бележник

Вашиот стар бележник, некоја тетратка или тефтер, можат да добијат интересен изглед и дизајн, кој денес може да го купите и низ продавниците, но зошто да не се забавувате и да си го направите слободното време интересно.

Потребни ви се ножици, спреј и селотејп. Исечете тантела доволно за да го обложите бележникот, од внатрешната страна зацврстете ја со селотејпот, а потоа испрскајте ја со спрејот.

Оставете да се исуши и одлепете ја тантелата. Целиот нејзин дизајн ќе остане ископиран на кориците од бележникот. Можете да си играте и со спрејови во различни бои.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-3


Саксии и чинии

Вашите саксии во дворот и чиниите на трпезата за гости, не мора да бидат исти како оние на соседите.

Со малку креативност можете да им дадете нов и интересен изглед. Исечете ленти со различни димензии и дезени од вашите миленца, стари завеси или прекривки и со помош на дрвофикс или некое друго позацврстувачко лепило, залепете ги на дел од чиниите или обложете ги цели саксии.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-4

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-5


Чанта

Бидете сами дизајнери на своите чанти. Тантелата е сè уште во мода. Може на некоја стара, излитена чанта да ѝ залепите некој дизајн на тантела или пак да направите целосно нова едноставна плик-чанта.

Купете околу половина метро материјал од скај, кожа или некој кој вам ви се допаѓа, но да биде поцврст, за да може да го задржи обликот, еден патент и лепило.

Старата тантела може и да ја обоите, ако сакате да ви одговара на некоја посебна комбинација. Материјалот преклопете го и зашијте го од внатрешната страна, а претходно зашијте го и патентот.

Откако ќе го добиете бараниот облик, премачкајте го со лепило и обложете го со тантелата. Ќе добиете одлична модерна чанта.

napravete-sami-romanticni-dekoracii-so-stara-tantela-6

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2015 во 08:17

Направи сам: Ламба во вид на облак 


Кога ќе имате малку вишок време и голема желба да промените нешто во домот, само изгледајте го ова видео.

napravi-sam-lamba-vo-vid-na-oblak-01.jpg

Во него ќе најдете штосен предлог како да направите ламба во вид на облак, кој по желба може и да „светка и врне“.

napravi-sam-lamba-vo-vid-na-oblak-02.jpg

Закачете го над или до креветот, во некое ќоше од собата каде го пиете кафето или пак покрај омиленото катче за читање книги.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 13:55

Направете сами свеќи кои ќе го разубават мирисот во вашиот дом


Оваа есен, направете го вашиот дом удобно и топло место за живеење со романтична, блага светлина и пријатен мирис со свеќите кои сами ќе ги направиле. Мирисот на ванила и кафе веднаш ќе му дадат топлина и убав мирис на вашиот дом. 

Се што ви е потребно за да направите вакви свеќи

  • Мал сад кои можете да го пронајдете во вашата кујна
  • Стари недогорени свеќи
  • Фитиљ за свеќи
  • Зрна кафе
  • Зрна ванила исечкани на ситни парчиња

Начин на подготовка

Во микробранова печка стопете го восокот. На дното на малечкиот сад залепете го фитиљот и држете го исправен. Ставете малку од восокот во садот, па додадете малку зрна од кафе и ванила. Потоа повторно додадете восок и повторно наросете зрна кафе и ванила. Повторувајте го ова додека не дојдете до врвот на садот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2015 во 08:01

 DIY-Украсна вреќичка за вино


pametni-idei-sto-da-pravite-so-starite-dzemperi-namesto-da-gi-frlate-02.jpg



Изменето од Valerija - 01.Декември.2015 во 08:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2015 во 08:02

 DIY-За потопла атмосфера, сите декоративни садови, ламби и кутии обложете ги со стари џемпери

pametni-idei-sto-da-pravite-so-starite-dzemperi-namesto-da-gi-frlate-03.jpg

pametni-idei-sto-da-pravite-so-starite-dzemperi-namesto-da-gi-frlate-04.jpg

pametni-idei-sto-da-pravite-so-starite-dzemperi-namesto-da-gi-frlate-05.jpg

pametni-idei-sto-da-pravite-so-starite-dzemperi-namesto-da-gi-frlate-06.jpg

pametni-idei-sto-da-pravite-so-starite-dzemperi-namesto-da-gi-frlate-07.jpg

pametni-idei-sto-da-pravite-so-starite-dzemperi-namesto-da-gi-frlate-08.jpg



Изменето од Valerija - 01.Декември.2015 во 08:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2015 во 10:02

Како да ги украсите малите станови во кои нема простор за новогодишна елка?


Тоа што можеби имате мал стан и не сакате или не можете да имате масивни празнични декорации, не значи дека сепак не можете некако да го декорирате домот и да ја почувствувате магијата на новогодишните празници.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-01.jpg

Постојат неколку едноставни декорации кои можете да ги направите сами:

1. Елка од салвети

Ако не сакате масивна елка или впечатливи декорации, можете да направите нешто уникатно, елка од салвети.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-1.jpg

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-2.jpg


2. „Замрзнати“ прозорци

Со помош на обична бела паста за заби, сунѓер и форми на снегулки исечени од хартија, можете да ги декорирате прозорите.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-3.jpg

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-4.jpg

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-5.jpg

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-6.jpg


3. Висечки венци

Доволно ви е едно парче елка или било кое друго зимзелено дрво кое во кружна форма ќе го прицврстите со конец и ќе го закачите над прозорите со црвена лента.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-7.jpg


4. Миризлива свеќа

Новогодишните празници речиси секогаш не потсетуваат на мирисот на греено вино и цимет, а мирисот на цимет можете да го имате секогаш во домот. Потребна ви е една свеќа на која ќе наредите парчиња цимет прицврстени со декоративен конец.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-8.jpg


5. Светлина во спалната соба

Белите светилки секогаш потсетуваат на Божиќ, но и носат мирна релаксирана атмосфера во домот, па со нив можете да ја декорирате спалната соба.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-9.jpg


6. Декоративни елементи на прозорите

Лампионите не мора да висат исклучиво на елката, можете да ги употребите и како орнаменти на прозорите.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-10.jpg


7. Мали елки од шишарки

Интересни мини декорации можете да направите и од шишарки. Доволно е да ги ставите во мали саксиички, да ги обоите во зелена боја и на нив да ставите ѕвезда.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-011.jpg


8. Шкавчињата во кујната можете да ги направите како подароци

Доволно ви е на нив да закачите само новогодишни украсни ленти со панделки.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-12.jpg


9. Снешко на фрижидерот

Со малку хартија и инспирација од фрижидерот можете да направите снешко.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-13.jpg


10. Новогодишни чорапи на трпезата

Ако подготвувате голема вечера за пријателите и блиските, трпезата можете исто така да ја декорирате на уникатен начин, со мини новогодишни чорапи.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-14.jpg


11. Капи на столиците

Уште едно надополнување на домашната трпеза можат да бидат и рачно изработените капи.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-15.jpg


12. Новогодишни лижавчиња како мини декоративни ирваси

Со помош на декоративна метална жица можете да прицврстите новогодишните лижавчиња и да ги декорирате ѕидовите.

kako-da-gi-ukrasite-malite-stanovi-vo-koi-nema-prostor-za-novogodishna-elka-16.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 17:08

Направете сами: Најслатката саксија за цвеќиња со лик на маче


    Растенијата не само што ги разубавуваат вашата соба и градината, туку и го прочистуваат воздухот. Но, зошто вашите цвеќиња да ги засадувате во некоја досадна саксија кога вие самите можете со малку труд да изработите супер слатка саксија?! За оваа саксија ќе ви бидат потребни материјали кои веќе ги имате на располагање, па затоа засукајте ги ракавите и започнете.

1-napravete-sami-najslatkata-saksija-za-cvekjinja-so-lik-na-mache-www.kafepauza.mk_

Потребни материјали:
  • Празно шише од 2 литри (зависи колкаво е вашето цвеќе)
  • Спреј во бела боја
  • Перманентни маркери (црн и розов)
  • Мал нож
  • Цвеќе (по можност мало или кое било друго растение што сакате да го засадите)

2-napravete-sami-najslatkata-saksija-za-cvekjinja-so-lik-na-mache-www.kafepauza.mk_

Инструкции:

Чекор 1: Исчистете го шишето и одлепете ја налепницата

Откако внимателно ќе ја извадите налепницата од шишето, убаво исчистете го и пребришете го со сува крпа.

Чекор 2: Нацртајте ги надворешните црти на мачето вклучувајќи ги и ушите

Претпазливо нацртајте ги надворешните линии на мачето. За да знаете колку длабока треба да биде саксијата најдобро измерете го вашето цвеќе и оставете неколку сантиметри над таа длабочина. Вака ќе бидете сигурни дека цвеќето совршено ќе биде покриено.

3-napravete-sami-najslatkata-saksija-za-cvekjinja-so-lik-na-mache-www.kafepauza.mk_

Чекор 3: Додадете два триаголници за ушите

Кога ќе измерите колку треба да биде длабока, нацртајте два триаголници кои ќе претставуваат уши.

Чекор 4: Исечете го шишето следејќи ги претходно нацртаните линии

Со помош на ножот исечете го шишето по претходно нацртаните линии. Ве предупредуваме да бидете внимателни! Пластичните шишиња може да бидат лизгави и може да се повредите. За секој случај може да носите ракавици кои ќе ве заштитат од какви било незгоди.

4-napravete-sami-najslatkata-saksija-za-cvekjinja-so-lik-na-mache-www.kafepauza.mk_

Чекор 5: Подгответе се за боење

За да ги избегнете несаканите траги од спрејот, погрижете се работната маса или пак подот да го покриете со стари весници.

Чекор 6: Испрскајте ја саксијата

Протресете го шишето и испрскајте ја саксијата од сите страни. За најдобри резултати оставете ја да се исуши преку ноќ. За да нема недостатоци, повторете ја постапката сè додека не го добиете посакуваниот резултат.

5-napravete-sami-najslatkata-saksija-za-cvekjinja-so-lik-na-mache-www.kafepauza.mk_

Чекор 7: Нацртајте ги деталите на мачето

Кога ќе се исуши белата боја, земете го црниот маркер и нацртајте ги мустаќите, устата и очите. Земете го розовиот и нацртајте ги носот и ушите.

Чекор 8: Засадете го вашето цвеќе во новата слатка саксија со лик на маче

Внимателно засадете го вашето цвеќе. Кога ќе го завршите тоа, погрижете се да го наместите на место каде што ќе има доволно сончева светлина. Одлично завршена работа!

6-napravete-sami-najslatkata-saksija-za-cvekjinja-so-lik-na-mache-www.kafepauza.mk_



Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 17:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2016 во 20:25
DIY-перници со анимал принт

diy

DSC_0091
DSC_0097
DSC_0121
DSC_0100

DSC_0127




Изменето од Valerija - 17.Јануари.2016 во 20:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2016 во 17:22

Направете сами: Интересни украси за вашиот дом

Потребни ви се: 

  • 4 мали платна за сликање
  • четка за боење
  • пиштол за силиконски лепак
  • акрилни бои во пастелни нијанси: сина, розова, зелена и жолта
  • бела боја
  • проѕирен мат-спреј

Постапка:

  1. Нацртајте ги вашите слики на платното со силиконскиот лепак.
  2. Отстранете го вишокот лепак со ножички.
  3. Избојте го секое парче платно во различна боја преку целиот дизајн.
  4. Со бела боја избојте ги контурите на лепакот за да ги одвоите од останатиот дел од сликата.
  5. Кога ќе се исуши сликата, напрскајте врз неа прозирен мат-спреј.

3D Botanical Mini Canvases by @amandaformaro CraftsbyAmanda.com

3D Botanical Mini Canvases by @amandaformaro CraftsbyAmanda.com

3D Botanical Mini Canvases by @amandaformaro CraftsbyAmanda.com

3D Botanical Mini Canvases by @amandaformaro CraftsbyAmanda.com

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2016 во 15:50

Направете сами: држачи за свеќи со волница

Денеска ќе ви дадеме еден многу интересен предлог како да го декорирате вашиот дом со неколку декорации кои може да ги направите сами, кои не бараат многу време и средства.

Во продолжение, како да ги направите важите едноставни држачи за свеќи да изгледаат прекрасно.

Потребно ви е:

– обични стаклени држачи за свеќи

– свеќи

– волница во бела боја

– двостран селотејп или обичен течен лепак

Инструкции:

Доколку имате двостран селотејп обмотајте ги стаклените држачи со него, ако пак немате, тогаш ставете тенок слој од течниот лепак.

Започнете да ја замотувате волницата околу држачите. Прво еден ред вертикално, а потоа продолжете хоринзонтално, оставајќи ги двата краеви подолги и слободни за да може да крај да ги врзете.


Ве советуваме мотањето на волницата да не го правите да биде симетрично и совршено, затоа што подобро изгледа кога е малку неуредно.




Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 22:34

Направи сам: Ружи од суви есенски лисја



maple-leaf-roses-collage

Maple Leaf Roses Collage

Maple Leaf Roses

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.