Испечати | Затвори го прозорот

DIY-Украси за домот и дворот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Направи сам
Опис на форумот: Се што ви треба на едно место. Направете сами и поттикнете ја вашата креативност.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16153
Датум на принтање: 26.Октомври.2020 во 08:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: DIY-Украси за домот и дворот
Постирано од: La Ninja
Наслов: DIY-Украси за домот и дворот
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 16:11
Покрај темата Прекрасни работи за вашиот дом ми текна да отворам тема каде ке можете да си кажете работи (предмети и сл)  за домот кои можете сами да ги направите. голема%20насмевка
Искрено колку и да е евтино нешто мене поубаво ми е да си го направам дома ...некако повеке ми значи.

Еве еден мој многу омилен пример. Дома, завеси знаеме како е. Може да ги имаш две и да ги менуваш но не можеш брдо завеси (освен нели ако не си добро ситуиран)....
Затоа еве еден лесен начин да направите сами и да можете да смените кога ке посакате. голема%20насмевка


Потребно ви е бела проѕирна завеса (може скроз бела или пак со банана сјај по ваш избор), едно јаже (дебело колку прст), и нитни.

Пример еден....
Ако сте по морските работи и сакате да ве потсетува домот на плажа....

-На завесата ги ставаме нитните. На нитните правиме алки од јажето (сечеме по 5-6 цм и врзуваме во јазол и краевите ги разресуваме) и низ завесата (со шиење или со лепење како сакате) прикачувате разни видови школки...Околу 25 за стандард завеса...не многу густо. На ѕидот поставуваме јаже на кое ја прикачуваме завесата т.е. алките од завесата...нормално...ова прекрасно изгледа во соба каде што доминира дрвениот мебел или пак белата боја...
-Ако ви се смачат школките....не сакате монотони работи...слободно извадете ги. Земете пластични сончоглетки или пак друг вид цветови и заменете ги школките со нив....
-Првиот пример со школките ми се допаѓа за лето а вториов за пролет...
голема%20насмевка


П.С. Ке заборавев да кажам.....одлично стои и како завеса околу креветот голема%20насмевка


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 16:28
Ова е лен завеса....но од прилика вака нешто изгледа,...јасно јас тоа што го кажував е со понежен материјал и со поголемки школки...



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 16:44
голема%20насмевка
e za ova zboramm


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 02:17
да супер се..
само ти треба време за сето ова
дома што сама сум си направила нешто во моментов што ми текна е,една кутија беше обична(незнам од што)од три прегради,на средната и додадов малку во висина и ја обложив со сребрена боја,со ситни циркони на налепив на предната страна за се ми служи,пенкала, моливи, привезоци, штипчиња,за се ми се наоѓа


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 16:51
a изгледа и дека никој не знае ништо да напраи сам тага

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 17:02
газење%20од%20смеење големо%20гушкање
Ќе го пуштам маж ми после да ти напише шо се изнаправи по дома сам...намигнување
Детска соба цела изналепена со пеперутки, цвеќиња, мечиња, месечинки... изрежани од специјална хартија во боја... се утепавме два дена лепејќи ги...
Самопрајски оригинални полици во сите бои, материјали и димензии...
Префарбани парчиња од мебел, многу интересно и живописно, во пастелни бои...
Кутии за играчки од еден материјал (појма немам како се викацрвенеење)... толку се интересни, повеќе си играат со кутиите отколку со играчките...
Шарено, весело, оригинално...намигнување


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 17:03
за пеперутки и јас знам голема%20насмевка

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 17:06
Треба само креативност и фантазија...
И малку материјал, или да го искористиш она што веќе го имаш...
Ако те бива...намигнување


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 17:08
големо%20гушкањеобожавам такви ствари

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 07:14
Ја сам си ги изнаставав бројните книги на полиците и толку


Постирано од: RUSHKA
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 21:37
Kakvi stolni lampi pravam...mnogu ubavi....samo da gi slikam...se nadevam deka ke vi se dopadnatсреќа

-------------
4ISTA SOVEST=MIREN SON


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 21:41
трепкање edvaj cekam da gi vidam големо%20гушкање

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 15:12
Наближува летото ,а со него и годишниот одмор и шетањето по плажитесреќа
 
Сите ние ,а најчесто децата уживаат во собирање на школките ,кои откако ке дојдеме дома се чудиме со со нив.Еве неколку мали идеи како да ги искористиме собраните школки кои ке не потсетуваат на прекрасното лето голема%20насмевка
или рамка за слика среќа


-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 16:42
Абажур од коноп




Овие ретро-абажури од коноп може едноставно да ги направите и вие самите, и тоa во различни димензии и бои. На нив може да нанижете и/или залепите перлички, туфни ... Препуштете се на фантазијата и уживајте во изработката!





Материјал и прибор:

• Клопче коноп
• Балон на дување
• Лепило за дрво
• Ножици
• Фломастер, игла


Постапка:

Надувајте балон и заврзете го. Од неговата големина ќе зависи и големината на абажурот. Со фломастер обележете го местото за отвор кое се одбегнува при намотување на конопот, бидејќи низ него ќе треба да се провлечат електричните инсталации и сијалицата.

Намачкајте го балонот со лепило со помош на прстите. Замотајте го конопот во сите насоки околу балонот и одвреме-навреме со прстите нанесувајте лепило и на балонот и на конопот.

Кога ќе бидете задоволни од густината на балонот, оставете го да се исуши преку ноќта. На крајот треба да изгледа отприлика вака ...

Со иглата дупнете го балонот и извадете го од абажурот. Сега е потребно уште да ја провлечете електричната инсталација низ новиот абажур и да уживате во прекрасната светлина.


Мали совети:

• Доколку се определите за изработка со потенок коноп, може на одредени места да нанижете со игла стаклени перлички, па да продолжите со лепењето како на основниот пример.

• Кога абажурот ќе биде готов може со акрилна боја во спреј да го обоите.

• На абажурот како декорација може да се аплицираат свилени пеперутки или школки.

• Доколку се работи за светилка над маса во трпезарија, може да направите и сет од прстени низ кои ќе протнете салвети.





Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 16:44
Направи сам: полица за компакт дискови

Пред да почнеме со опишување на изработката, на сликата ќе ја прикажеме скицата на полицата каде сите димензии се во сантиметри.

Сите делови од кои е изработена оваа полица се стари остатоци од дрвенарија. Позадинската плоча порано била странична плоча од ормар, материјалот е иверица со дебелина 18 мм, додека предните плочи се од медијапан, со дебелина 18 мм.

 

Прво ќе почнеме со спојување на предните плочи (од медијапан), при што прво се ги стегнеме со стеги, а потоа ќе ги зашрафуваме.

Употребуваме шрафови со димензија 45x4 мм, бургија 3 мм. Медијапанот понекогаш знае и да испука кога се дупчи од бочна страна, па поради тоа треба да се внимава дебелината на шрафот да не биде многу поголема од дебелината на употребуваната бургија. Пред да го зашрафиме, секој шраф се потопува во лепило за дрво. Потоа фарбаме, со три раце бела основна и три раце светло сива боја.

 

 

Потоа задната плоча (иверката) фино ја брусиме и ја боиме со бела основна боја една рака и со бело-кафена три раце.

Следи спојување на тие две плочи. Користењето на стеги практично е неизбежно, а употребуваме шрафови 6x70мм, бургија 4,5 мм.

На крај, следи монтирање на полицата на ѕид. Употребуваме типли Ø10 (10x50 мм), шест шрафа (три од лева и три од десна) кои се со димензии 6x70мм и со нешто пошироки плочи како подлошки

На тој начин добиваме полица која лесно се изработува и може да прими 354 CD-a.




Постирано од: Mramoren
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 01:49
Nisto ne mozam da napravam sam, zimi majka sum, kako fanat sum vo raceto i nozete


Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Мај.2010 во 13:10
a, zoshtoda se machite,изненадување....koga jas mozam da vi ja napravam?намигнување

samo "zvrnete",....i tolku !


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 19:54
Napraviv cela spalna soba pred 3 godini...komplet...posle dolgo planiranje , merenje i premeruvanje...I zastediv 200 e ...Dva ednokrilni , eden dvokrilen ormar, agolen ormar ( tie se do plafon), komoda, dve natkazni, i lezaj...abe majstorce...да...doduse napraviv i dve pomali greski, ali ko za prva e super....намигнување

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 18:18
... Нешто навистина интересно .... и лесно .....намигнување
.... направи сам .... Собна Фонтана ....
 
Во домот може да уживате и во жуборот на фонтаната. Собната фонтана овозможува овлажување и јонизирање на воздухот околу себе, правејќи го на тој начин просторот попријатен за престој. 

Малите собни фонтани може да бидат со различни облици и димензии, еве како да направите сами една собна фонтана во комбинација со растенија.
 
 
Потребен материјал: декоративен сад, водонепропусен сад, земја за цвеќе, камен, чакал, пумпа за вода, црево.
 
Во соодветен декоративен сад (керамички, пластичен) сипете земја за цвеќе.
За резервоар во кој ќе стои пумпата може да употребите било каков водонепропусен сад...
 
 
Садот втиснете го во земјата, внимавајќи притоа нејзиниот раб да биде малку повисок од нивото на земјата во која ќе се садат растенијата.
 
Посадете ги растенијата...Низ шупливиот или продупчен камен провлечете го цревото...
 
 
Каменот со пумпа внесете го во резервоарот. За да не паѓа, прицврстете го со помош на чакал.Резервоарот наполнете го со вода, а пумпата вклучете ја во струја. Редовно долевајте вода во резервоарот за да пумпата не работи на суво. ...
 
 
 
 


-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 11:24
...дете!за машко потребно е малку повеќе труд,одрекувања од многу нешта...фантазии..можеби и совет..ама вреди да се проба.мене ми оди од рака...

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Декември.2013 во 23:10

http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/napravete-sami-masichka-od-gajbi-za-vino/" rel="nofollow - Направете сами: масичка од гајби за вино


Доколку за домот ви е потребна масичка за кафе, нема потреба да фрлате многу пари купувајќи нова од салон за мебел. Со мала инвестиција и труд, можете да си направите одлична масичка за вашиот дом.

Направете сами: масичка од гајби за вино

Потребни работи:
  • 4 дрвени гајби
  • 2 подолги летви
  • 4 тркалца
  • завртки
  • темно кафена боја
  • бормашина
Начин на изработка:

1. Гајбите наместете ги како на сликата.

Направете сами: масичка од гајби за вино

2. Потоа измерете ги должината и ширината на споените гајби. Откако ќе го направите тоа, исечете ги летвите и направете рамка, која ќе ја искористите како основа на масичката.

Направете сами: масичка од гајби за вино

3. Со помош на бормашина зацврстете ги гајбите со по неколку завртки. На основата прицврстете ги тркалцата и потоа зацврстете ја основата заедно со гајбите. Во централниот дел на масичката ќе ви се создаде празнина во која можете да прицврстите две летвички во средината.

Направете сами: масичка од гајби за вино

4. Следен чекор е боење на целата дрвена површина.

Направете сами: масичка од гајби за вино

5. Откако масичката ќе се исуши, наполнете ја средината со камчиња или тапи од вино и таа е спремна и целосно функционална.

Направете сами: масичка од гајби за виноНаправете сами: масичка од гајби за вино




-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 05.Декември.2013 во 23:12
              висечки полици

Доколку ви се допаѓаат овие полици, може и вие самите да ги изработите и да ги поставите во вашата дневна соба, кујна, детска соба или друга просторија. 




Потребни материјали и алати:

• коноп - со должина околу 10 m и дебелина околу 2 cm;.
• дрвени типли – се купуваат готови, а може и сами да ги изработите со должина околу 5 cm;.
• даски – треба да имаат димензија 70 x 30 cm, 4 парчиња од масивно дрво;
• боја за дрво и четка;
• метална кука.


Постапка:

На даските кои ќе послужат како полици треба да се издупчат 4 отвори, кои треба да бидат доволно широки за да може непречено да пројде конопот. Доколку сакате може да ги обоите во боја по избор.

Со остри ножици исечете две парчиња коноп со претходно измерена должина.

Откога ќе го провлечете конопот низ отворите, на краевите врзете цврсти јазли. Измерите го растојанието меѓу полиците, па провлечете низ конопот типли кои ќе овозможат полиците да стојат хоризонтално.

Кога полицата е готова, треба на ѕидот да се постави метална кука која ќе биде доволно голема за да ја држи полицата со предметите кои ќе бидат поставени на неа. 













-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Декември.2013 во 00:08
 

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2013 во 09:57
Kако да направите јајце-срце

Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2013 во 10:12


Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Декември.2013 во 12:59

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18120-bidete-kreativni-so-lakot-za-nokti" rel="nofollow - Бидете креативни со лакот за нокти

Непишано правило е на жените секогаш да им останува барем по малку неискористен лак во шишенце. Некогаш тоа е многу повеќе отколку што мислите, па ако веќе не ги користите за боење на ноктите, употребете ги за неколку забавни и уникатни проекти.

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-01

Создадете уникатен дезен на саксиите за цвеќе

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-02

Обичните алки обојте ги во повеќе бои и создадете интересна шара како на фотографијата

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-03

Потполно изменете го изгледот на летните сандали

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-04

Еднобојниот прстен претворете го во накит со силни бои

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-05

Направете шарени магнети од капачиња и лак за нокти

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-06

Освежете ги платнените патики

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-07

Направете неодоливо дно на чашите за ликер

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-08

Плик чантите пропрскани со неонски бои се вистински летен хит

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-09

Направете апстрактна уметност со лакот за нокти

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-10

Декорирајте ги летните вазни за цвеќе

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-11



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 15:36

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17243-napravi-sam-osvezuvac-na-prostor" rel="nofollow - Направи сам - Освежувач на простор

Денес постојат многу освежувачи за простор, но сте се запрашале некогаш дали се тие сосема безопасни и здрави кога ги вдишуваме?

napravi-sam-osvezuvac-na-prostor-01

Разните спрејови содржат хемикалии кои би можеле да му наштетат на вашето здравје.

Оние кои страдаат од астма, посебно би можеле да бидат погодени од овој проблем, во вид на појава на алергии, главоболки па дури и депресија!

Токму затоа, еве пар совети како сами да си направите природен, пријатен освежувач за простор.

napravi-sam-osvezuvac-na-prostor-2

Природни масла

Користете мирисни масла како освежувач за вашиот дом. Земете една лажица од вашиот омилен мирис на природно масло, помешајте го со пола шолја оцет и две шолји вода. Течноста исипете ја во сад со распрснувач и ете ви природен освежувач!

Цветни екстракти

Вашиот омилен цветен мирис претворете го во освежувач на вашиот дом. Како? Земете ливчиња од некој свет (јасмин, ружа, лаванда) и варете ги во вода на средна температура околу 30 минути. Процедете ја водата и сипете ја во шишенце со распрснувач. Оставете да се олади, а потоа напрскајте низ просторот.

napravi-sam-osvezuvac-na-prostor-1

Зачини

Земете по една лажица од вашите омилени зачини како цимет, кардамон, каранфилче и слични и провријте ги во вода на висока температура од 20 до 25 минути. Сипете во шише со распрснувач и нека вашиот дом замириса на Индија.

Свеќи од пчелин восок

Не одете во супермаркет за да набавите скапи мирисни свеќи. Направете си сами од пчелин восок, бидејќи тој емитува мек мирис и го освежува просторот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 22:21

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18267-napravete-efekten-luster-od-zica-i-inka" rel="nofollow - Направете ефектен лустер од жица и инка

Уредувањето на домот не мора секогаш да биде скапо и напорно, особено ако во изработката на декорациите ги вклучите вашите десет прсти.

napravete-efekten-luster-od-zica-i-inka-1

Деталите како на пример завесите сликите, огледалата и ламбите за час ќе го освежат наједноставниот простор, а на вас останува да бидете креативни.

Еве како од една жица, една фасонка и инка да направите најоригинален лустер во боја.

Материјал за изработка:

  • Приклучок за сијалица (грло) со кабел
  • Изолирана жица (потенка за полесно да се обликува)
  • Инка

napravete-efekten-luster-od-zica-i-inka-2

Постапка:

  1. Жицата почнете да ја мотате околу инката од самиот врв.
  2. Мотајте густо до самата инка се додека не добиете спирала со сакана должина. Од густината зависи колкава ќе биде должината на лустерот.
  3. Пресечете ја жицата и низ добиената спирала провлечете го приклучокот за сијалица со кабелот и ламбата е готова.

 

Совети:

Постојат разни бои на приклучоци за сијалица, а најчесто се користат белата и црната. Одберете ја онаа што подобро ќе се вклопи со бојата на жицата.

Жици има во најразлични бои така што можете д аја одберете онаа што најдобро се вклопува со вашиот простор.

napravete-efekten-luster-od-zica-i-inka-3



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 23:07

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17515-napravi-sam-kreativni-saksii" rel="nofollow - Направи сам: Креативни саксии

Обичните саксии за цвеќиња можат да изгледаат здодевно и обично имаат високи цени. Ако сакате нешто интересно, а сепак не сакате да давате многу пари, овие идеи се совршени за вас.

napravi-sam-kreativni-saksii-01

Погледнете како од неискористените предмети во вашата куќа можете да направите оригинални саксии за вашиот дом.

1. Цвеќе во стакло

napravi-sam-kreativni-saksii-1

Погледнете ја сликата и ќе забележите дека саксиите се всушност мали стаклени тегли за детска храна. Сигурно не сте размислувале да ги искористите на овој начин, но според сликите можеме сите да се согласиме дека навистина се неодоливи. Дополнителна корист е тоа што можат да се користат како вазни и свеќници. Можат лесно да се вклопат во домашната атмосфера или да бидат интересен украс на вашата градина.

Што ви е потребно?

Стаклени тегли, даска, метална кружна стега, електрична дупчалка, завртки, кука и тенко јаже.

Прво исчистете ја даската ако е потребно. Направете план каде ќе ги сместите вашите саксии. Доближете ја стегата до даската, направете дупка со дупчалката и прицврстете ја со завртка. Повторете ја постапката со останатите стеги.

Ставете ги стаклените тегли во стегите и добро прицврстете, за да не паднат. На даската прицврстете една или две куки кои ќе послужат за закачување, или пак издупчете дупки низ кои ќе го провлечете јажето и ќе ја закачите даската на ѕид.

napravi-sam-kreativni-saksii-2

napravi-sam-kreativni-saksii-3

Преостанува да ги наполните саксиите со земја и да засадите цвеќиња.

2. Конзервирани цвеќиња

 

napravi-sam-kreativni-saksii-5

 

napravi-sam-kreativni-saksii-6

Нареден пат коа ќе отворите некоја конзерва наместо да ја фрлате, зачувајте и употребете ја како саксија за цвеќиња.

Што ви е потребно?

Чисти конзерви (отстранете ја амбалажата) супер лепило, јаже и дупчалка. Потребни ви се и работи за украсување.

Делот со украсувањето го препуштаме целосно на вас. Техничкиот дел е доста едноставен започнува со дупчење на дупки во конзервата, протнување на јажето низ тие дупки и закачување некаде по своја желба.

3. Цвеќе во метална кутија

napravi-sam-kreativni-saksii-4

Многу едноставна и креативна идеја. Земете стара метална кутија која нема некоја посебна корист во вашиот дом, и искористете ја како саксија. Се што треба да направите е да ја наполните со земја и да насадите цвеќиња.

4. Цвеќе во плакар

Зарем не сте воодушевени од оваа идеја? Можеби не е најпрактична, но дефинитивно е креативна и уникатна.

napravi-sam-kreativni-saksii-7

Прв чекор што треба да го направите, откако ќе најдете плакар или фиокар кој не го употребувате повеќе, е да го заштитите со средство за заштита од вода и влага. Откако ќе се исуши добро, поделете ги фиоките на два дела, предните делови наполнете ги со земја а, во задните делови ставите каменчиња или некоја друга цврста материја која ќе спречи да се превртат.

napravi-sam-kreativni-saksii-8

napravi-sam-kreativni-saksii-9

Цигли можете да поставете под целиот плакар за да може водата слободно да паѓа како и под последната фиока. Извадете ги дршките и залепете им парче дрво и повторно вратете ги на плакарот.

napravi-sam-kreativni-saksii-10

Финалниот резултат е навистина креативна мини градина.

napravi-sam-kreativni-saksii-11



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 23:31

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/14809-napravete-sami-od-starite-novi-unikatni-svekji" rel="nofollow - Направете сами: од старите - нови уникатни свеќи

Факт е дека свеќите ја зачинуваат атмосферата, без оглед дали сте романтично или празнично расположени.

napravete-sami-od-starite-novi-unikatni-svekji-1

Постојат безброј начини како обичните свеќи да ги декорирате во согласност со намената.

Искористете ја креативноста така што ќе користите што повеќе светкави детали и интересни садови кои ќе ги наполните со восок.

Можеби некоја идеја ќе им се допадне на вашите пријатели, па ќе можете да направите и уникатен подарок кој секогаш ќе ги потсетува на вас.

Ви нудиме неколку идеи како старите и едноставни свеќи да ги претворите во нешто необично и креативно.

napravete-sami-od-starite-novi-unikatni-svekji-2

napravete-sami-od-starite-novi-unikatni-svekji-3

napravete-sami-od-starite-novi-unikatni-svekji-4

napravete-sami-od-starite-novi-unikatni-svekji-5

napravete-sami-od-starite-novi-unikatni-svekji-6




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 23:32

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/19151-napravi-sam-francuska-sveka-od-vanila-i-kafe" rel="nofollow - Направи сам: Француска свеќа од ванила и кафе

Свеќите ја будат топлината и романтичната атмосфера, па не би било лошо оваа есен да уживате во домашно изработена миризлива креација. Можете да ја стилизирате по ваш вкус и да ја подарите на некоја драга личност или едноставно да ја украсите вашата полица во домот.

napravi-sam-francuska-sveka-od-vanila-i-kafe-01

Потребен ви е само еден керамички огноотпорен сад, восок, цели зрна кафе, фитиљ и ванила арома.

Подготовка:

Растопете го восокот на висока температура и додека е уште топол додадете ја ванила аромата и зрната кафе.

Погрижете се добро да ги наместите фитиљите во садот и да го дополните со смесата од восок и зрна кафе.

napravi-sam-francuska-sveka-od-vanila-i-kafe-02

Украсете го садот по желба и уживајте во миризливата декорација секое утро кога ви е неопходна силна доза кофеин!

napravi-sam-francuska-sveka-od-vanila-i-kafe-03

napravi-sam-francuska-sveka-od-vanila-i-kafe-04



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 15:58

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17940-iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata" rel="nofollow - Искористете ги старите чевли во градината

Сигурни сме дека имате преку 10 пара чевли кои веќе никогаш нема да ги носите, но сепак не сакате да ги фрлите. За сите оние кои се сентиментално врзани за своите високи потпетици, патики или летни сандали, ви откриваме една поразлична намена на чевлите.

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-01

Можеби не верувавте дека може да изгледаат толку интересно во дворот, но навистина може да вршат одлична работа како саксии за цвеќе кои нема потреба да ги декорирате.

Сами по себе цветчињата во чевли изгледаат креативно, а се едноставни за правење.

Потребен ви е еден пар чевли, неколку шајки, земја и цвеќе кое сакате да го посадите. Пред да ги наполните чевлите со земја, задолжително извадете ги сите внатрешни влошки и меки материјали кои има шанса да се распаднат во допир со влага.

Потоа направете неколку дупчиња на ѓонот, за цвеќето да ја има потребната циркулација на воздух и вода. Ви останува само да го засадите цвеќето и да ги распоредите чевлите-саксии.

Еве како вашиот двор би изгледал по оваа креативна задача.

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-02

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-03

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-04

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-05

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-06

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-07

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-08

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-09

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-10

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-11

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-12

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-13

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-14

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-15

iskoristete-gi-starite-cevli-vo-gradinata-16



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 16:04

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/15731-kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari" rel="nofollow - Креативна идеја ако имате вишок пари

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-1

Канадскиот уметник Кристи Малакоф изработува уникатни скулптури од вистински пари.

Тој ги трансформира банкнотите од целиот свет во прекрасно уметничко дело.

Ние сме воодушевени, сигурни сме дека и вам ќе ви се допаднат. Погледнете:

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-2

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-3

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-4

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-5

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-6

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-7

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-8

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-9

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-10

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-11

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-12

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-13

kreativna-ideja-ako-imate-visok-pari-14



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 16:20

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17436-napravi-sam-kutivcinja-za-pakuvanje-na-sitni-podaroci" rel="nofollow - Направи сам: Кутивчиња за пакување на ситни подароци

Овие мали симпатични пирамиди можете без проблем да ги направите сами. Ви треба само малку хамер (или подебела хартија) во боја, некоја украсна трака и декорација по избор.

napravi-sam-kutii-za-pakuvanje-na-sitni-podaroci-01

Секогаш одбирајте подебела хартија која кога ќе ја залепите нема да се свитка, туку ќе ја задржи својата форма.

Најпрво исечете ја хартијата во облик на цвет со четири еднакви ливчиња. Заоблените краеви прецртајте ги со молив и означете ги делчињата кои ќе треба да ги превиткате.

Залепете со лепило за хартија, освен едно отворче. Декорирајте по желба.

Во продолжение е фотографијата која накратко ќе ви објасни како да ги изненадите своите најблиски.

napravi-sam-kutii-za-pakuvanje-na-sitni-podaroci-02



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 16:26

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/16305-8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-nesta" rel="nofollow - 8 начини како да ги искористите скршените нешта

Ако ви се скрши некоја чаша, или пак некој предмет кој ви е навистина драг, не очајувајте затоа што тоа не значи крај на неговата употреба. Обидете се да бидете малку креативни и вредни. Пронајдете му нова намена во вашиот дом или двор и решете се од стравот дека ќе мора да се збогувате со тој предмет.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-01

Ова се неколку наши идеи како да им дадете "втора шанса" на скршените предмети.

1. Можеби не сте сентиментално врзани за корите од јајцата, но тие може да ви завршат голема работа. Наполнете ги со восок и направете мини свеќи.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-1


2. 
Од скршената трамбулина направете го еластичниот кревет кој одамна го посакувавте. Закачете ја на еден издржлив синџир или неколку јажиња, пуштете едно платно кое ќе создаде поинтимна атмосфера и додадете неколку пернички кои ќе ви го зголемат уживањето.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-2


3. 
Од една скршена маса направете две. Прицврстете ги за ѕидот и искористете ги како мини работна масичка или маса за разубавување со огледало и козметика.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-3


4. 
Скршените чаши за мартини и вино искористете ги како држач за свеќа која ќе ја забодете во средината на некое цвеќе. Идеално решение ако сакате да создадете романтична атмосфера во вашиот двор.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-4


5. 
Искршениот накит претворете го во магнет. На приврзоците кои мислите дека никогаш повеќе нема да можете да ги носите залепете им мал магнет и користете ги како домашна декорација.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-5


6. 
На искршените рамки за слики секогаш можете да им пронајдете одлична намена. На пример, закачете неколку жици и изложете го накитот исто како во големите продавници за аксесоари.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-6


7.
Скршената скала е одлична замена за полиците. Има доволно широки скалила за книгите да стојат сигурно, исто како и некои мали сувенири. Одлична декорација за собите во кои сакате да додадете малку старински шмек.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-7


8.
Старата искршена столица искористете ја како нишалка. Зацврснете ја со коноп и закачете ја за некоја гранка во дворот. Подобра намена никогаш нема да и најдете.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-skrsenite-predmeti-8



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 16:29

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/16711-napravete-kreativni-kocki-mraz" rel="nofollow - Направете креативни коцки мраз

Секој во својот дом има бар еден од овие стари модели на калап за мраз.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-1

Па, доколку веќе не ги користите не фрлајте ги. Ние ви нудиме 12 кретаивни начини како да ги искористите практично, а и да ги воодушевите вешите гости со некоја од овие идеи.

1. Направете ледени чоколадни коцки, а потоа додајте ги во мелко од ванила. Вистинко летно освежување!

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-2


2. Направете ледени коцки од недопиеното вино, а потоа искористете ги за сангрија.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-3


3. Експериментирајте замрзнувајќи нане, рузмарин и други зачини кои подоцна ќе ги употебите како шарени додатоци за вашите коктели.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-4


4. Замрзнете тесто за колачиња и секогаш кога ќе ви се пријаде нешто благо, можете да испечете едно.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-5


5. Остатокот од детската кашичка можете да ја замрзнете и подоцна повторно да ја употребите.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-6


6. Направете ледени коцки од кафе, кои одлично ќе ви послужат за спремање на Ice Coffee.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-8


7. Малку чоколаден прелив и по една јаготка во секоја коцка. Мммм, слатко задоволство!

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-9


8. Исецкајте разно овошје на парчиња и боцнете го со стапче. Потоа потопете го во предходно наполнетиот калап со вода или џус и ќе добиете ледени лижавчиња.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-10


9. Пофалете се дека сте мајстор за суши, така што ќе ги обликувате со калапот за мраз.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-11


10. Спремете малку желатин, во него додајте овошје и замрзнете го. Симпатичен десерт зар не?

 

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-13


11.Замрзнатите парчиња овошје во калап полн со вода и потоа додајте ги во сода.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-14


12. Наполнете го калапот со топло чоколадо и додајте пенливи бонбони во него. Боцнете стапче и добивате совршен подарок.

kreativna-upotreba-na-kalapot-za-mraz-15



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 16:30

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18063-napravi-sam-efekten-luster-od-zica" rel="nofollow - Направи сам: Ефектен лустер од жица

Уредувањето на домот не секогаш мора да биде скапо и напорно, посебно ако во изработката ги вклучите сопствените прсти. Деталите како завесите, сликите, огледалата и ламбите за момент ќе го освежат и наједноставниот простор.

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-01

Еве како од само една неискористена жица и вешти прсти може да создадете креативно осветлување за било која соба во домот.

Потребен материјал:

  • Сијалица со кабел за приклучување
  • Изолирана жица (тенка)
  • Клешта за обликување
  • Инка

Постапка

Жицата започнете да ја мотате околу инката со клештата за обликување, па потоа со раце. Мотајте ја позбиено сè додека не добиете спирала со посакуваната должина. Колку спиралата е подолга, толку сенката ќе биде поголема.

Тргнете ја инката од долниот дел и протнете ја сијалицата закачена за кабелот. Прицврстете го горниот дел од жицата за делот каде што сијалицата се спојува со кабелот за да може да стои кога ќе го закачите.

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-02

Дополнителни совети:

- Постојат различни бои на приклучоци за сијалица, па затоа одберете го во зависност од бојата на жицата.

- Жицата исто така доаѓа во било која боја и да посакате, па затоа секогаш одбирајте некоја која потполно се совпаѓа во вашиот простор.

- Ако сакате да постигнете омбре ефект купете жици во иста боја, но различни нијанси и мотајте така што ќе ги спојувате една со друга со помош на клештите.

- Ако веќе правите шаренило во домот, додадете и сијалица во боја како што е жицата. Ќе добиете интересно, придушено, а весело светло.

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-03

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-04



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 17:05

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17197-napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija" rel="nofollow - Направи сам: Уникатна ѕидна декорација

Ако сакате да пополните некој ѕид во домот со интересна слика или декорација, обидете се да ја направите сами. Едноставно е, брзо, а уникатно.

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-03

Најпрво пронајдете некоја дрвена површина која се вклопува со боите на собата. Таа ќе ви служи како подлога на која ќе го создадете вашето прво уметничко парче.

Потребно ви е:

  • Нацртана фигура во форма на цвет или лист, по желба
  • Волница во различни нијанси
  • Клинци
  • Ножици
  • Селотејп
  • Чекан

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-02

Постапка:

Исечете ја фигурата која ја одбравте, и залепете ја со селотејп на дрвената површина. Следно е да создадете рамка од клинчињата во истиот облик.

На ред е најинтересниот дел. Размотајте ги волниците и започнете да ги мотате по врвот на клинчињата, како на сликата.

По неколку минути откако ќе ја обоите внатрешноста, исечете го крајот и заврзете го за било кое клинче.

Повторувајте ја постапката додека не го добиете посакуваниот изглед.

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-01

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-04

Оваа уникатна декорација може да ја закачите над креветот во спалната соба, да направите мозаик од повеќе слики и да ги поставите во дневната соба или пак да направите облик на срце, мече или ѕвезди и да ја украсите собата на вашите најмлади.

Изборот е ваш...

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-05

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-06

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-07

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-08

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-09

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-10

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-11

napravi-sam-unikatna-zidna-dekoracija-12



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 17:09

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/13530-napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki" rel="nofollow - Направете сами: детали за домот од школки

Сакате да го понесете морето со себе? Школките сами по себе имаат карактер на детали и додаваат елеганција и нежност во домот.

Сигурно собравте или купивте по некоја школка, па еве неколку идеи како да ги искористите за да го разубавите домот и да се сеќавате на летото во текот на целата година.

Може да комбинирате со чипки, каменчиња, да додадете и песок, корали и останато по ваш избор.

Ова се неколку предлог декорации:

1. Сошијте ги за старите украсни перничиња

napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki-1


2.
Декорирајте ги обичните свеќи

napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki-2


3.
Обичното, едноставно огледало, делува сосема поинаку кога ќе се декорира на ваков начин

napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki-3


4.
За поспретните, малечката масичка во дневна е добар предизвик за украсување

napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki-4


5.
Саксиите на цвеќињата

napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki-5


6.
Внесете морска свежина и во вазните

napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki-6


7.
Едноставни, декоративни детали

napravete-sami-detali-za-domot-od-skolki-7



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 10:34

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18163-napravi-sam-eko-ezinja-za-vasiot-dvor" rel="nofollow - Направи сам: Еко ежиња за вашиот двор

Ако сте љубител за уредување на вашиот двор или мини градина, тогаш овие интересни и слатки ежиња се идеално решение како да го декорирате.

napravi-sam-eko-ezinja-za-vasiot-dvor-01

Одличен начин да ги рециклирате старите пластични шишиња, да засадите новa и интереснa тревa или кактуси и да уживате во погледот.

За сам старт потребно е да го засечете шишето од едната страна, како на првата фотографија.

Потоа замотајте го со коноп или обложете го со некој лесен материјал, а на врвот наместо капаче ставете црно топче кое ќе претставува носе. Очињата можете да ги направите од мали, црни копчиња.

За крај само треба да го наполните со земја и некое интересно растение кое се приспособува на секоја форма. Кактусите и тревата се идеален избор.

napravi-sam-eko-ezinja-za-vasiot-dvor-02

Распоредете ги ежињата низ дворот и уживајте во оригиналноста.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 10:49

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/19009-napravete-sami-kreativen-kartionski-svet" rel="nofollow - Направете сами: Креативен картонски свет

Само ако и дозволите на вашата имагинација да ве води, ќе забележите дека и од најобичните работи, стари, употребени, навидум бескорисни, можете да  создадете нешто ново, интересно и корисно.

napravete-sami-kreativen-kartionski-svet-01

Добро е да знаете да искористите сè што е околу вас, да му дадете нов лик, нова намена и да ги изненадите оние околу вас кој се препуштаат на досадното секојдневие.

Еве неколку идеи кои можете да ги изведете од старите картонски кутии, со малку вештина и поголема имагинација.

napravete-sami-kreativen-kartionski-svet-1

napravete-sami-kreativen-kartionski-svet-2

napravete-sami-kreativen-kartionski-svet-3

napravete-sami-kreativen-kartionski-svet-4

napravete-sami-kreativen-kartionski-svet-5



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 15:34

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18429-napravi-sam-saksii-od-stari-cadori" rel="nofollow - Направи сам: Саксии од стари чадори

Уште една идеја за разубавување на вашата градина. Ако сте љубител на шаренилото во дворот, сега е идеално време да испробате нешто ново.

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-01

Соберете ги старите чадори на едно место и добро разгледајте им ги шарите. Одберете цветови кои се во согласност со нивните бои и вклучете ја креативноста.

Отворете го чадорот и наполнете го од внатрешната страна со земја, а потоа засадете го цвеќето. Саксијата од веќе искористен чадор можете да ја поставите некаде на тревата или да ја закачите некаде на терасата.

За помалку од половина час дворот можете да го претворите во одлично осмислена креативна целина.

Погледнете како може да изгледа вашиот двор со помош на само неколку чадори.

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-02

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-03

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-04

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-05

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-06Centre Justify

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-07

napravi-sam-saksii-od-stari-cadori-08



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 15:43

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17970-napravi-sam-nisalka-za-dvor-ili-terasa" rel="nofollow - Направи сам: Нишалка за двор или тераса

Ако веќе останувате дома ова лето, направете нешто забавно во вашиот двор или тераса. Супер би било ако имавте барем една од оние меки нишалки во дворот, создадени за целодневно излежување?

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-001

Многу лесно и брзо можете сами да ја изведете, а покрај тоа може да ја украсите по ваш вкус и желба.

Зависно од тоа дали сте големо семејство или пак живеете исклучиво во пар, разгледајте ги своите можности и потреби и започнете.

Потребно ви е само едно цврсто јаже или синџир, палети или даски кои ќе послужат како рамка, мек душек или јорган и многу пернички.

Или пак, постои уште поедноставен начин. Стариот мебел наместо да го фрлите, модифицирајте го, зацврснете го и закачете го на издржливо јаже или синџир. Отстранете или пресечете ги ногарките и вашата подлога за совршена нишалка е подготвена.

Со само малку напор и креативност претворете го вашиот двор во мала оаза каде што ќе уживате во кафето, книгата и љубовта со најблиските.

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-1

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-2

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-3

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-4

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-5

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-6

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-7

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-8



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 15:51

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/19956-napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober" rel="nofollow - Направете сами: Креативни закачалки во вашиот гардеробер

Многумина имаат премногу облека што ја носат, па и таква што не ја носат, но сепак сакаат да ја чуваат во случај да им притреба.

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-01

Особено девојките кои покрај основната облека имаат уште цела фиока со марами, ремени, модни додатоци, чорапи на кои никогаш не можете да им го најдете парот и уште мал милион ситници кои ви се расфрлани низ целата соба или за кои ви е претесен гардероберот.

Ви нудиме неколку интересни идеи кои можете и сами да ги направите и да воведете ред во вашиот уметнички расфрлан хаос низ собата. Некои од нив можат да изгледаат и многу креативно, покрај тоа што се практични и корисни.

Искористете го она што го имате дома, како жици, отворачи на лименки, штипки, картонската ролна од тоалетната хартија, дрвената шипка од завесата или нешто што вам ви е неупотребливо, а може да ви помогне за да ги изведете овие идеи и да му дадете нов лик на гардероберот.

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-1

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-2

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-3

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-4

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-5

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-6napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-7

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-8

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-9



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 15:55

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17733-kreativna-kosnica-za-velosiped" rel="nofollow - Креативна „кошница“ за велосипед

kreativna-kosnica-za-velosiped-1

Иновативната кошница е дизајнирана од Ареум Јонг и Јенгкен Јонг. Таа лесно може да се прикачи на било која рамка од велосипед.

Долгото флексибилно јаже може да добива различна дорма. Силиконските држачи ја одржуваат кошницата стабилна. Едноставно, а креативно и практично решение.

kreativna-kosnica-za-velosiped-2

kreativna-kosnica-za-velosiped-3

kreativna-kosnica-za-velosiped-4

kreativna-kosnica-za-velosiped-5

kreativna-kosnica-za-velosiped-6

kreativna-kosnica-za-velosiped-7

kreativna-kosnica-za-velosiped-8

kreativna-kosnica-za-velosiped-9



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Декември.2013 во 22:32

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/19013-napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti" rel="nofollow - Направете сами: Нови кул идеи за старите предмети

Бидете креативни во кујната и пренаменете ги старите кујнски садови. Секој има дома многу стари работи кои не ги употребува.

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-01

Со помош на вашата имагинација можете да ги промените старите работи од вашата баба кои многу ви значат, но не можете да ги употребувате за она што се наменети.

Ви претставуваме неколку кул идеи кои може да ги пробате.


Од старите чајници можете да направите интересни ноќни ламби

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-1


Поголемите лажици можат да ви послужат како држачи или свеќници

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-2


Старите тави или калапи може да ги употребите како рамки или за слики или часовник на ѕид

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-3


Цедалката или тенџерето кои не ги употребувате за готвење, можат да бидат декоративни саксии

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-4


Доколку имате скали во дворот, импровизирајте водопад со помош на лимените кофи за наводнување на градината, наполнети со вода

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-5


Од подлабоките чинии или филџани дополнети со некои поситни садови или приборот за јадење, направете интересни и уникатни лустери

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-6



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Декември.2013 во 22:35

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17950-20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta" rel="nofollow - 20 работи кои може да ги направите од плута

Неверојатно е кога ќе сфатите дека можете да направите многу работи од нешто за кое не сте размислувале дека може да има и друга употреба. Дали некогаш сте размислувале што можете да направите од тапи од плута?

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-01

Плутата како материјал е лесно прилагодлив и можете да го искористите многу креативно. Подметачи за садови, држачи за накит, пенкала, слики, огласи, плочи, вазни...

Навистина многу може да се направи од плута, а предност е што повеќе од проектите се многу лесни за изведба.

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-02

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-03

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-04

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-05

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-06

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-07

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-08

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-09

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-10

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-11


20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-12

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-13

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-14

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-15

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-16

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-17

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-18

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-19

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-20

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-21

Страна 2 од 2

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Декември.2013 во 19:05

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17829-napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija" rel="nofollow - Направи сам: Од празен парфем до уникатна декорација

Парфемите речиси секогаш се спакувани во прекрасни стаклени шишенца кои обично веднаш штом се испразнат ги фрламе. Но, никогаш не сте размислиле како креативно да ги искористите миризливите амбалажи?

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-01

Погледнете ги овие неколку идеи и инспирирајте се да направите нешто креативно и прекрасно за вашиот дом.

Мини вазна за цвеќе

Искористете ги поголемите шишенца за да ги претворите во мини вазни. Одлепете ја етикетата, залепете некоја своја декорација по желба, наполнете вода и поставете го шишенцето со интересен облик на некоја полица.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-02


Освежувач

Оваа идеја е фантастична! Од задната страна на шишенцето залепете шарена хартија, украсете по ваша желба и наполнете го со етерично масло. Може да додадете неколку дрвени стапчиња кои ќе го впијат мирисот и ќе го прошират низ целиот дом. Плус, изгледа како скапа, луксузна и необична декорација.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-03


Слатки ланчиња

Малите шишенца од тестери можете да ги наполните со монистри во една или повеќе бои, да ги затворите добро и да ги замотате со мала жичка околу капачето. Додадете едно синџирче и ќе создадете нов, модерен аксесоар.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-04


Држач за накит

Шишенцата со овална форма и интересни капачиња секогаш може да ги искористите како држачи за накит. Украсете ги со вашите омилени часовници, нараквици или ланчиња.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-05


Свеќник

Обоените шишенца може да бидат одлични држачи за високите свеќи кои никако не можете да ги сочувате стабилно да стојат. Наполнете ги шишенцата со песок или ситни камчиња за да добиете поголема стабилност и поставете ги каде сакате низ вашиот дом.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-06



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 18:36
Кога е студено можете да се греете и на свеќи!



-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:32
Eve I vakvo nesto e mozno голема насмевка
Slikava ja postiram kako idea, inaku ne mozam da gi najdam chekorite po koi e napraven ...
 


-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:00
Направи сам: постолје за цвеќе



Трупецот може да послужи како уникатно постолје кое ќе ги замени саксиите во дворот. Одберете трупец кој ви се допаѓа и направете го сами.


Постапка:

1. Исечете го трупецот на саканите димензии и облик.

2. Со дупчалка и сврдел или поголема бургија издупчете ги грубо дупките.

3. Со длето убаво обработете ги дупките и направете слив на една страна. Направете дупка на дното на саксијата кон една страна на трупецот за да може да истекува вишокот вода.


   


4. Заштитете го трупецот со водоотпорен лак.

На крај, може да го посадите цвеќето во саксиите и да се воодушевувате на неговата убавина.


   


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:00
Направи сам: кутија од магазини




Доколку сте љубител на уникатни дела, имате малку време и многу стари магазини, еве начин како да ги употребите на креативен начин и да направите сопствена декоративна кутија.


Потребни материјали и алати:


- кутија за чевли
- пиштол за топло лепило
- лепило за хартија
- стари магазини
- ножици
- четка за сликање


Постапка:


Обложете ја кутијата со страни од магазин, потоа направете цилиндри од страниците, залепете ги на кутијата и ќе добиете уникатна кутија.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:01
Закачете излог



Сеуште не можете да ја најдете вашата омилена нараквица бидејќи е заплеткана со останатиот накит на дното од вреќичката со накит... За да ја избегнете оваа и слични ситуации може да направите рамка-излог за накит кој ќе овозможи накитот секогаш да ви биде на око и при рака.




Материјал и прибор:

• дрвена кутија за чување прибор за јадење
• хартија за брусење со фина гранулација 200
• бела акрилна боја
• остатоци од тапети за ѕид (неколку мотиви)
• лепило за дрво
• четкичка за нанесување на лепилото
• декоративни кружни рачки за мебел




Постапка на изработка:

1. Добро избрусете ја кутијата со фина хартија за брусење и во горниот дел на секој нејзин оддел издупчете отвор за рачките.

2. За секој оддел искроите различен тапет и залепете го со лепило за дрво. Тапетот е мек, што ќе овозможи лесно да утврдите каде е отворот за рачките. Кога сè ќе се исуши (за околу 1 час) прицврстете ги рачките. Не заборавајте на опачината да ставите кукичка за закачување на ѕид.




Мали совети:

• Во подолгите оддели редете ги ланчињата, а во покусите нараквиците.

• На ист начин може да уредите и стара, дрвена фиока на тој начин што во внатрешноста ќе залепите искроена плоча од плута.

• Излогот закачете го на ѕидот во бањата или во спалната соба покрај огледалото; искористете ги и неговите бочни страни каде може да ги закачите најдолгите парчиња на накит.

• Под долната страна на излогот може да се закачат неколку “L” клинчиња и на тој начин да се добие дополнителен простор за закачување.

• Внатрешноста може да ја обоите во неколку бои, а за оваа намена може да послужат и обични темперни бои, но не заборавајте после сушењето да ги прелакирате со обичен проѕирен лак во спреј.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:03
Направи сам: полица со рамка


Овој интересен елемент преставува полица и слика во едно. Доколку имате некојa стара дрвена кутија или слика, нив може да ги искористите за негова изработка, а на тој начин ќе добиете убав и функционален елемент во вашиот дом.

Потребни материјали:

- дрвена кутија
- дрвена рамка или декоративна лајсна
- столарска кутија за режење
- лепило за дрво
- линијар
- молив
- декоративна самолеплива хартија
- креп-хартија
- скалпел
- дупчалка




1.Измерете ги внатрешните димензии на вашата кутија (ширината и висината).




2. За сечење на рамката, обележете ја измерената димензија и со помош на столарска кутија за режење, исечете ја под агол од 45 степени од двете страни. Едниот рез треба да има ориентација “/”, a другиот “\”. Најмалата димензија на исечената лајсна треба да биде еднаква на измерената внатрешна димензија на кутијата. Ова сторете го и за сите 4 парчиња на рамката.

3. За спојување на рамките, нанесете го лепилото на аглите на парчињата на рамката и спојте ги. За да обезбедите нивно притискање, спојте ги и со креп-хартија, која подоцна ќе ја извадите. Со влажна ткаенина отстранете го вишокот на лепило. Почекајте одредено време, според упатството на производителот на лепилото, за да процесот на лепење биде успешен.




4. Додека лепилото се суши, може да ја залепите декоративната самолеплива хартија на надворешните страни на кутијата. Ова, се разбира, ќе го направите доколку не сте задоволни со нејзиниот изглед. Исечете парче со ширина на страните на кутијата и со должина доволно за да се обиколат сите четири страни. При лепењето испланирајте крајот на хартијата да биде на горната страна, за да не се гледа. Евентуалните нерамнини и воздушни меури кај хартијата израмнете ги.

5. Со дупчалка направете отвори во аглите на задниот дел на кутијата кои ќе служат за закачување.





6. Кога рамката ќе биде залепена, може малку да ја избрусите, и да ја обоите, по желба.

7. За да ја споите рамката со кутијата, нанесете тенок слој по должината на целиот преден раб на кутијата. По спојувањето на рамката и кутијата, вишокот на лепило отстранете го со влажна крпа. Залепете креп-хартија за да се изврши притисок на залепените површини. Откога лепакот е целосно исушен, отстранете ја креп-хартијата. Така, вашата полицата е подготвена за поставување.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:04
Направи сам: собна фонтана



Во домот може да уживате и во жуборот на фонтаната. Собната фонтана овозможува овлажување и јонизирање на воздухот околу себе, правејќи го на тој начин просторот попријатен за престој.

Малите собни фонтани може да бидат со различни облици и димензии, а ќе презентираме како да направите сами една собна фонтана во комбинација со растенија.


Потребен материјал: декоративен сад, водонепропусен сад, земја за цвеќе, камен, чакал, пумпа за вода, црево.




Во соодветен декоративен сад (керамички, пластичен) сипете земја за цвеќе.




За резервоар во кој ќе стои пумпата може да употребите било каков водонепропусен сад.




Садот втиснете го во земјата, внимавајќи притоа нејзиниот раб да биде малку повисок од нивото на земјата во која ќе се садат растенијата.




Посадете ги растенијата.




Низ шупливиот или продупчен камен провлечете го цревото.




Каменот со пумпа внесете го во резервоарот. За да не паѓа, прицврстете го со помош на чакал.




Резервоарот наполнете го со вода, а пумпата вклучете ја во струја. Редовно долевајте вода во резервоарот за да пумпата не работи на суво.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:05
Направи сам: ѕиден часовник



Копчињата, покрај за вообичаената намена, може да се употребат и за нешто корисно и симпатично – ѕиден часовник.


Потребни материјали и алати:

• лимен капак од кутија за колачи
• шило
• нацрт за часови
• 12 копчиња во различна боја
• лепило
• механизам за часовник со сказалки


Постапка:


1. Точно одредете ја средината на лимениот капак и со шилото направете доволно голем отвор за соодветниот механизам на часовникот.


   

2. Направете нацрт на часовите за да може прецизно да ги определите местата каде што треба да се постават копчињата. Копчињата залепете ги на зададените позиции со лепило. Со лепило прицврстете го и механизмот на часовникот, а на крај ставете ги сказалките.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:06
Направи сам: цветен лустер




За да добиете убав и атрактивен лустер, инспириран од природата, потребно е малку труд и трпение. Еве како да изработите еден ваков цветен лустер:


Потребни материјали и алати:

• 100-125 бели корпички за ситни колачиња
• 100-125 корпички за ситни колачиња со вертикални линии
• абажур од хартија со дијаметар 45-50 cm
• кабел со фасонка



Постапка:


Најпрво поставете го абажурот во тркалезен сад кој ќе послужи како постолие.




Првиот круг со корпички нека биде блиску до врвот на абажурот. Земете бела корп**ка и ставете малку топло лепило на опачината на корп**ката. Притиснете додека се залепи.




Продолжете со лепење додека да се оформи прстен. Растојанијата меѓу центрите на корпичките треба да бидат околу 2,5 cm.

Излепете го целиот лустер, така што долниот отвор на лустерот да биде покриен.

Потоа залепете ги корпичките со вертикални линии во центарот на белите корпички.








За крај, може нежно да ги обликувате корпичките по желба, на пример како на сликата, во органски облик.








-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:07
Направи сам: декорирање на саксии



Со само неколку саксии со весели бои, лично осмислени и декорирани, може да внесете живост во вашата соба или тераса.

Еве неколку постапки како да ги украсите вашите саксии. Бојата на саксиите усогласете ја со боите и амбиентот на просторијата или терасата. На дадените примери, со употреба на црвената и жолтата боја, во прв план се истакнува цвеќето.


Декорирање со креп хартија

Потребно е да набавите три ролни креп хартија во различни бои, лепило за хартија (да не биде пресилно) или лак за дрво, и четкичка.

Исечете ја креп хартијата на парчиња. Со четкичката нанесете на саксијата лак за дрво или лепило.

Доколку употребувате лепило, нека не биде пресилно бидејќи ќе ја симне бојата од креп хартијата. Лепете ги парчињата харија едно покрај друго, сè додека не се покрие целата саксија.
Декорирање со коноп

За овој вид на украсување потребно е коноп, лепило, бои (акрилни или спреј).

Конопот обоете го во неколку бои, а кога бојата ќе се исуши, обвиткајте го конопот околу саксијата, на тој начин што истовремено и ќе го лепите на саксијата.
Декорирање со туфни

Потребно е да набавите акрилни или темперни бои, и четкички.

Обојте ја саксијата во една боја. Со молив нацртајте туфни со еднакви димензии по ваш избор. Обојте ги туфните во друга боја.

Вака украсена саксија може да се добие и на друг начин. Прво обојте ја, па потоа од самолеплива хартија направете туфни. Залепете ги по саксијата, па обојте ја неа во друга боја. Кога бојата ќе се исуши, одлепете ја хартијата и ќе се покажат туфните.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:08
Цветна кулиса за тераса




Доколку сакате да внесете свежина во својата тераса, изработете симпатична кулиса на која ќе одгледувате летни саксиски цвеќиња, која ќе ги замени жардинјерите поставени на работ на терасата.


Материјал и прибор:

• MDF плоча (медијапан) со димензии 60 x 140 cm
• Сребрена акрилна боја за дрво (мат)
• Пластични и стаклени кутии со соодветни димензии
• Црвена акрилна боја со висок сјај во спреј
• Кукички за закачување
• Завртки со соодветни типли
• Садници за саксиско свеќе по избор


Постапка:

MDF плочата може да ја искроите на посакуваната димензија. Притоа, најчесто на местото каде што се продаваат плочи се нуди и услугата кроење. Со сребрена боја во два слоја обојте ги двете страни на плочата. Со завртки прицврстете ја на ѕидот од терасата, но имајќи во предвид дека треба да го одберете она место што ќе овозможи непречено поминување или поставување на маса, поради фактот што ќе загубите простор во широчина на монтираните кутии. Стаклените, лимените и пластичните кутии добро измијте ги. Издупчете отвори на кутиите за закачување на плочата.

Откога сте ги направиле отворите, обојте ги кутиите со црвена боја. Нацртајте план за закачување на истите пред да ги монтирате кукичките за закачување.

Пред садењето, ставете на дното на садот ситни камчиња заради дренажа на земјата, а после садењето насипајте ги врз земјата до работ на кутијата, така што земјата воопшто да не се гледа.

Најтешката кутија не ја закачувајте, туку поставете ја на под.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:08
Направи сам: аквариум


Неколку напомени пред да почнете со изработката:

Пред да го исечете стаклото, направете добра скица што каде ќе оди.

Користете прецизен метар. Со ова го осигурувате квалитетот на изработката.

Пред да го исечете стаклото, проверете во табелата која дебелина на стакло ви одговара за аквариум со саканите димензии.

 

 

 

 

 










Пред да почнете со изработка, проверете дали имате се при рака:

Работна површина - работна маса во работилница е најдобра, а ако работите во кујна или во дневната соба задолжително ставите некоја стара прекривка, парче платно или стари весници. Со ова ќе спречите силиконот (кој инаку многу добро се лепи на мазни површини) да не се залепи на вашата маса.

Стакло – ако не сте многу вешти во сечењето на стаклото нека тоа ви го направи стаклар. Предната и задната страна треба да имаат иста должина, бочните страни да се со иста широчина на дното намалена за двојната дебелина на стаклото.

Силикон – Користете нетоксичен 100% силикон. Силиконите со додатоци на антибактериски средства се штетни за рибите. Тој може да биде провиден, бел, црн или во боја – изберете Вие. Тој истотака мора да биде свеж!

Ацетон

Леплива лента

Крпа за раце

Помошник

Пред било што да почнете да работите, подгответе го стаклото. Стаклото после сечењето има остри ивици. Нема ни да осетите кога ќе се исечете. За да не се случи ова пред да почнете да работите со брусна хартија, фина турпија или со оштрач за ножеви поминете ги сите ивици на стаклото и симнете го оној остар дел на кој може да се исечете.

Кога тоа сте го направиле, потребно е да ги спарите страните на аквариумот. Предната и задната страна треба да бидат идентични, а исто така и бочните страни. Но тоа ретко се случува. Затоа земете ги бочните страни (кај нив ова е поважно), ставете ги една преку друга, а потоа ставите ги да стојат на рамна површина (на пример стаклото за дното). Ако ивиците не се во линија (не се поклопуваат, едната малку штрчи во однос на друга), заротирајте ја едната страна во однос на другата за 180 степени и пробајте сега да ги спарите. Ако повторно не успеете, свртете ја едната страна наопаку. Ако никако не успеете да ги спарите, исечете уште една нова страна.

После ова со ацетон избришете ги сите ивици на стаклото на кое доаѓа силикон. Ивиците мораат да бидат чисти и суви пред лепењето.

Стаклото може да го исечете и сами, но стаклар тоа ќе го направи многу попрецизно.

Бочните страни треба да стојат помеѓу задната и предната страна како што е прикажано на дијаграмот, а предната, задната и двете бочни страни ги поставувате на страната која служи како дно. На овој начин можат да се изработуваат аквариуми кои имаат волумен до 100 литри. Поголеми аквариуми се изработуваат на друг начин кој сега нема да го опишеме.

 

На масата распоредете ги страните на аквариумот како што е прикажано на сликата: страна за дното е на средина, од лево и од десно се наоѓаат бочните страни, пред и позади страните се наоѓа предната и задната страна на аквариумот.

Страните за напред претходна и страната за дното се со иста должина.

Подгответе десетина парчиња леплива лента со должина од десетина сантиметри.

Со црвена боја е означено на кои ивици се нанесува силиконот.

Силиконот се нанесува со пиштол за силикон.

Силиконот море да биде свеж. Тоа се препознава по тоа што е бистар и течен.

Трудете се кога го нанесувате силиконот да нема прекини.

Не смее да има места на ивицата на кои нема силикон.

Дебелината на слојот силикон треба да биде со иста ширина како и дебелината на стаклото и малку потесна.

 

Поставете прво една бочна страна

Помошникот треба само благо да ја придржува да стои под агол од 90 степени во однос на дното.

Ако имате два помошника тогаш може да ги поставите обете бочни страни.

Страната треба да се најде на средината на страната за дно така да остане место од двете страни за предната и задната страна.

 

Внимателно ставете ја предната страна на дното и при тоа страната треба да биде под агол.

Кога долната ивица ќе дојде на свое место полека исправајте ја страната.

Силикон на бочната ивица треба да налегне на бочната страна и убаво да ги залепи.

Помошникот само треба со еден прст да го придржува спојот на страните одозгора.

 

Другата бочна страна ја поставуваме така што ја ставаме на дно и ја прислонуваме на силикон кој се наоѓа на предната страна страна, а предната страна ја придржуваме да не побегне.

Помошникот сега со другата рака го придржува и овој спој.

Задната страна ја ставаме прво на дното под агол, а потоа ја исправаме со корекции на бочните страни ако е потребно) така да силиконот кој се наоѓа на нејзината ивица се залепи на бочната страна.

 

Кога сите страни се на своите места, поставите леплива лента како што е прикажано на сликата.

Лентата прво залепете ја на предната и задната страна, а потоа затегнете ја и залепете ја на бочната страна.

Ако некоја страна малку побегнала, сега може да ја вратите на место.

 

Кога сите страни се на свое место, со показалецот прејдете ги сите ивици на кои има силикон.

Силиконот кој истекол на тој начин го залепуваме на страните и врската е уште посилна.

Ако стаклото е подебело, па нема силикон кој истекол, прво со пиштол за силикон нанесуваме тенок слој на силикон.

На силиконот му е потребно 5-10 минути да почне да се врзува, а потполно сув ќе биде во рок од 24-36 часа.

Типични грешки се:

 

Погрешен тип на силикон или силиконот не е свеж.

Недоволно силикон сте нанеле на ивиците.

Не сте оставиле силиконот доволно да се осуши пред да го наполните аквариумот со вода.

Стаклото не е исчистено и подготвено како треба.

Страните не се еднакви или не се поставени под прав агол.

Големата влажност го забавува сушењето на силиконот, па може да се случи страните да се поместат од своето место.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:09
Абажур од коноп




Овие ретро-абажури од коноп може едноставно да ги направите и вие самите, и тоa во различни димензии и бои. На нив може да нанижете и/или залепите перлички, туфни ... Препуштете се на фантазијата и уживајте во изработката!





Материјал и прибор:

• Клопче коноп
• Балон на дување
• Лепило за дрво
• Ножици
• Фломастер, игла


Постапка:

Надувајте балон и заврзете го. Од неговата големина ќе зависи и големината на абажурот. Со фломастер обележете го местото за отвор кое се одбегнува при намотување на конопот, бидејќи низ него ќе треба да се провлечат електричните инсталации и сијалицата.

Намачкајте го балонот со лепило со помош на прстите. Замотајте го конопот во сите насоки околу балонот и одвреме-навреме со прстите нанесувајте лепило и на балонот и на конопот.

Кога ќе бидете задоволни од густината на балонот, оставете го да се исуши преку ноќта. На крајот треба да изгледа отприлика вака ...

Со иглата дупнете го балонот и извадете го од абажурот. Сега е потребно уште да ја провлечете електричната инсталација низ новиот абажур и да уживате во прекрасната светлина.


Мали совети:

• Доколку се определите за изработка со потенок коноп, може на одредени места да нанижете со игла стаклени перлички, па да продолжите со лепењето како на основниот пример.

• Кога абажурот ќе биде готов може со акрилна боја во спреј да го обоите.

• На абажурот како декорација може да се аплицираат свилени пеперутки или школки.

• Доколку се работи за светилка над маса во трпезарија, може да направите и сет од прстени низ кои ќе протнете салвети.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:10
Направи сам: соба во соба


Кога во станот нема просторија која може да ја претворите во детска соба, сепак може да се најде решение: Пробајте во дневната соба да омеѓите простор за игра и учење. Оваква соба-во-соба може да испланирате доколку во своите размислувања ја вклучите и третата димензија. Таа може да изгледа како поголемо парче мебел во вашата дневна соба. Во сите планирања на просторот, креветот е најголем проблем. Тој зафаќа околу два квадратни метри од подот и му е потребен најмалку еден квадратен метар простор за приоѓање. Но ако ја подигнете подлогата на висина 60 см над подот, лесно ќе сместите неколку функционални целини на иста површина.

Во просторот под подлогата е сместен кревет на извлекување. На издигнатата површина ќе има доволно место за ормар, маса, полици и стол, како и површина за игра. Заради сигурност, над предниот раб на подлогата направете челична ограда која истовремено ја означува границата на детското царство. Челичниот профил е избран поради едноставна изработка, цврстината, малиот пресек и доброто прицврстувње. За изработка е избрана плава иверка и иверка со дезен на бука.


(сл.1) Големите плочи иверка треба да бидат исечени во помали парчиња кои одговараат на конструкцијата на скицата. Така потоа ќе може да ги исечете според димензиите на поединечните елементи.

(сл.2) Најчист рез ви овозможува порталната пила со предрезач, па при купувањето на иверката може да нарачате и кроење и машинско порабување – што дополнително се наплатува. Во домашната работилница потребна ви е кружна пила за да ги исечете потребните елементи.

(сл.3) Изборот на бои и разни рабни ленти ви овозможува разновидно комбинирање. Исечениот раб на иверката фино избрусете го и отстранете ја прашината. Потоа на неа ставете ја рабната лента и постапно притиснeте ја со пегла загреана до 150°C. Правете го тоа полека и изедначено, за да растопеното лепило би се залепило за подлогата.

(сл.4) Лентата е поширока од иверката, па вишокот од обете страни одстранете го со остар нож. Острицата мрдајте ја накосо и надоле, континуирано, така да исеченото парче обликува непрекината спирала. На крај ивиците избрусете ги со надолжни потези со помош на брусна хартија.


(сл.5) Скроените делови споете ги шрафови и дрвени чепови. На местата каде споевите не се гледаат, се завртуваат шрафови 4x45мм, додека плочите на видливите места ги составуваме со дрвени чепови со пречник 8 мм, налепени во претходно издупчените дупки.

(сл.6) На задната страна на ормарот со клинчиња е прилепен лесонитот за лицето во иверицата.

(сл.7) Целото постолие е направено на подконструкција од правоаголен челичен профил со пресек 40x20 мм што му дава поголема стабилност и цврстина, за да подлогата може да се оптовари со останатите парчиња мебел. Тоа е и најпрактично решение за мостот над креветот кој се извлекува.

(сл.8) Оградата од правоаголни челични профили која е прицврстена преку плочите на иверката, директно на челичната подконструкција, со шрафови 2x120 мм. Челикот е одмастен и премачкан со сива основна боја , а потоа обоен со лак со зрнца што е пријатен на допир и овозможува да не се валка лесно.


(сл.9) Основната рамка на креветот ја сочинува челичен профил 40x20 мм, со што е заобиколен проблемот на избор на аголни окови. На неа од надвор се прицврстени ламелирани букови плочи (со дебелина 28 мм) со шрафови 4x35мм, зашрафени одвнатре низ дупките издупчени во челичниот профил.

(сл.10) Подлогата на креветот е изработена од иверка со дебелина од 19 мм во која со крунска пила се издупчени дупки со пречник 55мм, во правец кој е над челичната рамка поставена на тркалца. Предните тркалца на креветот се подвижни, додека задните не ја менуваат својата положба.

(сл.11) Вратата од плава иверка е обрабена со лента со дезен на бука. И рачките на сите врати и на фиоките се од буково дрво. Во склад со боите на вашата соба, може да изберете и други решенија во поглед на боите.

(сл.12) Фиоките имаат метални бочни страни со водилки со должина од 55мм – што е сосема доволно за ормарчињата под работните плочи. Заднатите страни и дното на фиоките се направени од иста иверка како и ормарчето, а споени се со шрафови 3x17мм.


(сл.13) Готовите бочници на фиоките многу ја олеснуваат изработката, но основната скица во тој случај треба однaпред да биде прилагодена на типските елементи. Предната страна на фиоката се прицврстува со шрафови кои овозможуваат фино подесување во однос на останатите фиоки.

(сл.14) Kомбинацијата на готови и прикроени елементи овозможува брза и прецизна изработка на повеќе фиоки кои со помош на шрафови за миг се прицрвстуваат на плавите предни страни кои се порабени со лента во дезен на буква.

(сл.15) Успехот во многу зависи и од доброто планирање и мерење, па положбата на водилките треба два пати да се провери. Без либела и метален аголник течко ќе ги одмерите вистинските растојанија и точки на прицврстување.

(сл.16) На вратата од ормарот треба пред вградувањето да се прицврстат окови за спојување. Прво со сврдел треба да се издупчат дупки длабоки 12мм со пречник 30 мм во кои ќе влезат спојниците.


(сл.17) Оддалеченоста на дупките од работ на крилото еднаква е за сите спојни окови и тука треба најмогу да се внимава. При изработка на дупките најсигурно е да се примени дупчалка за стакло и водилка со точно определено растојание.

(сл.18) Спојниците се прицврстуваат на крилото со помош на шрафови 3x17. Тие не смеат да бидат подолги бидејќи дебелината на иверката е 19 см. Проверете дали надолжната оска на спојниците е нормална на работ на вратата.

(сл.19) Крилото се изработува заедно со спојниците. Притоа ви треба помошник кој крилото ќе го држи во точна положба. Мали грешки во положба на спојницата и крилото ќе ги отстраниме со фино подесување на двата чрафа на самата спојницата.

(сл.20) Работната површина е изработена од ламелирана буковина со дебелина 28мм што и дава крутост и цврстина. На правоаголниот спој на двете плочи на масата плочите се пресечени под агол од 45 степени.


(сл.21) Овие коси прерези се составуваат со жлеб и перо. Најпрво на двете страни од спојот со длабочина од 15мм се зарежуваат жлебови со ширина од 4мм. За овој зафат најдобро е да се примени стабилна кружна пила или рачна електрична глодалка.

(сл.22) Во жлебовите нанесете лепило, а потоа споете ги плочите со втиснување на перото од шперплочата со дебелина од 4мм. Ширината на ова перо мора да биде помала од длабочината на жлебот (на пр. 28мм). Припазете да не ги оштетите рабовите.

(сл.23) За постигнување на сигурен и траен спој подгответе долги стеги кои ќе овозможат уредно налегнување на косите прерези. Двете плочи треба да се постават на рамна подлога, а истиснатото лепило треба веднаш да се исчисти.

(сл.24) Кога лепилото во спојот ќе се исуши, спојот и останатите површини треба фино да се пребрусат, а после нанесувањето на основната боја и да се прелакираат со два-три слоја боја на безбоен лак.


(сл.25) На челичната ограда се наслонува еден крај на работната плоча, па мерките треба да се усогласат. Плочите се прицврстуваат низ дупките со пречник 5 мм издупчени во правоаголни челични профили.

(сл.26) Украсните летви кои го прикриваат работ на плочата на подлогата и видливата челична потконструкција наједоставно е да ги залепите со силиконско лепило. Обојте ги и излакирајте ги исто како и работната плоча на столот.



http://www.facebook.com/sezadomot" rel="nofollow -


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:17
Направи сам: сталажа за музички систем


За изработка на оваа сталажа ви се потребни:

• 2 квадратни метри медијапан со дебелина 18 мм

• две челични шипки со навои, поцинкувани, М16

• 24 челични навртки, М16

• 24 челични подлошки, М16

• четка

• бела основна и зелена боја, разредувач

• брусилица и хартија за шмирглање

• 2 француски клучеви број 24,

• либела

• столна дупчалка, бургија 16 мм

Обработка на медијапанот

Прво треба да купите медијапан кој најчесто се продава како плоча со димензија 244x122 см од која може да се добијат 5 плочи со димензија 60x40 см. Димензијата на бургијата треба да биде малку поголема од димензијата на шрафовите. Со оглед на тоа дека дупките треба да бидат издупчени под совршен прав агол, немојте да ги дупчите со рачна дупчалка, туку со столна. Секоја дупка се дупчи на оддалеченост 38мм од рабовите (слика 2).

Потоа доколку сакате, пред се од естетски причини се обработуваат рабовите. Оваа опреација е најдолга од сите. Прво, грубо се симнуваат рабовите, па потоа со вибрациска дупчалка (на која се монтира брусна хартија број 30). Следува рачно брусење со брусна хартија број 40, и на крај со број 120. Во столарскиот занает брусењето е свето. Потоа со чиста и сува крпа се отстранува пилевината или прачината. На пр. доколку боиме на нечиста или масна подлога, по одредено време боењето ќе треба да се повтори од почеток.

Следи боењето кое започнува со нанесување на основна бела боја. Не заборавајте дека треба добро да ја протресете бојата и дека четката треба да биде совршено чиста. За секоја полица се оди со само една рака основна боја. Оставете бојата да се осуши 24 часа. По нанесувањето на една рака основна боја, земете брусна хартија број 150 или пофина и лесно неколку пати помонете по полицата за да сите нерамнини исчезнат и за да подлогата која ја подготвуваме за нанесување на зелената боја е максимално глатка.

По нанесувањето на една рака зелена боја, чекаме 24 часа пред да ја нанесеме втората. Доколку зелената не ви е најомилена, можете да употребите и потрадиционална боја (срна , сребрена или боја на дрво).

 

Челични шипки

Понатаму следи зашилување на шипките кое се прави со брусилица (сл.3). Тоа се прави со цел подобро да се изолира сталажата од вибрации кои доаѓаат од околината со цел да се произведе подобар звук на системот. При брусењето треба да се стави заштитната капа на брусилицата за да ги отфрла искрите спротивно од вас. Доколку работите во гаража искрите не треба да бидат насочени кон вашиот автомобил бидејќи може да ја оштетат бојата. Доколку работите на отворено, ветерот би можел да ги насочи искрите во вас, па затоа користете заштитни наочари!

 

Монтажа

При монтажа прво се става подлошката, а потоа и матицата. Растојанието на полиците треба да биде опеделено во зависност од вимензиите на компонентите кои ги имате. На прикажаниот пример, растојанието помеѓу долната и средната полица е 24 см (тука може да се стави засилувачот на кој му е потребен простор поради загревање), а помеѓу средната и горната полица растојанието изнесува 16 см. Цврсто стегнете ги матиците за да не се олабават после некое време. Со либела урамнотежете ги полиците пред цврсто да ги стегнете.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 21:18
Направи сам: пеперутки на вазна


Со употреба на малку фантазија, може на креативен начин да ги украсите вашите вазни за цвеќе. Тие и сами по себе претставуваат украс, но со дополнително украсување ќе станат уште поубави. Во дадениот пример е дадена декорација со пеперутки, но можностите се неброени и зависат од вашата фантазија.

Материјал и прибор:

• керамичка вазна по избор
• ножици
• бел картон
• шаблон со пеперутки
• пиштол за топло лепило
• самолеплива лента

Постапка:

Изберете нежен мотив на пеперутка за вашата вазна, во склад со атмосферата во вашиот дом.

На паус кој ќе ви служи како шаблон отпечатете пеперутки, а потоа прицврстете го со самолеплива лента на бел картон.

Со ножици или со скалпел исечете ги пеперутките според обележаните линии на шаблонот. Пред да се залепат, вазната треба да биде добро измиена и оставена да се осуши. На крај, пеперутките прицврстете ги со пиштол за топло лепило.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 22:39


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 22:45


-------------


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 29.Декември.2013 во 17:09
Mind blown - Turn a shoebox and a magnifying glass into your own smartphone projector.

-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 29.Декември.2013 во 17:44
Eve edna ideichka za praznicive среќа
 


-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Декември.2013 во 17:51
Направи сам: клупа





За да имате убава и цврста клупа за градина, можете и самите да направите една таква. Летвите за клупата скројте ги според нацртот, спојте ги меѓусебно со торбан завртки со матица, а седалото и наслонот прицврстете ги за рамката со хол шрафови за дрво, кај кои при шрафењето главата ќе ја внесете во дрвото. Површината обработете ја со брусна хартија, а на крај дрвото заштитете го со средство за таа намена.


Потребни материјали:

• обработени летви со димензии 100x50: 18 метри;
• 8 парчиња M12 не’рѓосувачки торбан завртки со должина 110 mm;
• 2 парчиња M12 не’рѓосувачки торбан завртки со должина 150 mm;
• хол не’рѓосувачки завртки за дрво со должина 90 mm.








-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 15:52
                                                                           
                  Направете совршени машнички со помош на виљушка


Доколку сакате да ја разбудите вашата креативност и да направите совршени украси, потребно е само да следите 5 едноставни чекори дадени во видеото.
Денес сите тежнеат да ја отријат нивната креативна страна, а верувале или не, за минијатурна машничка потребно ви е малку време, малку фантазија и една виљушка. Денес веќе не е доволно да подарите нешто на некому, туку е важно подарокот да биде уникатен и по можност украсен на необичен начин.


Доколку немате идеја како да украсите некој подарок, еве многу оригинално видео кое чекор по чекор ви покажува како да направите мала машничка. Ваквите машнички не само за подароци, туку можете да ги користите и како украси во домот или во косата.

За да направите ваква машничка ќе ви требаат две тенки ленти од шифон и од сатен.


Земете една виљушка и полека намотувајте ја лентата околу запците, додека да стигнете до врвот. Многу е важно лентите да бидат тенки, за да се направат што повеќе слоеви.


Кога виљушката ќе се исполни, земете ја сатенската лента и низ средината преврзете ја машната, како што е покажано во видеото. Потоа извадете ја машничката од виљушката и исечете ги непотребните краеви, кои може да ги допрете до пламен од свеќа за да не се разресуваат.


Секогаш можете да комбинирате разни бои и да ги украсувате подароците за вашите најмили.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Февруари.2014 во 22:23

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17548-mebel-izraboten-od-stari-knigi" rel="nofollow -

Мислевте дека љубителите на книгите ќе застанат до читање на една книга, прелистување и враќање во библиотеката? Сепак, постојат големи креативни умови кои се обидуваат да ја покажат и нивната поинаква намена.

mebel-izraboten-od-stari-knigi-01

Оваа намена е повеќе физичка, отколку нивната основна, но сепак изгледа подеднакво магично.

Се работи за парчиња мебел направени исклучиво од книги и нивните тврди корици. Зачудувачки е колку уникатно и симпатично може да изгледа една масичка или фотелја направена од стотици книги.

Ова се едни од најубавите проекти за кои се искористени огромен број на книги.

mebel-izraboten-od-stari-knigi-02

mebel-izraboten-od-stari-knigi-03

mebel-izraboten-od-stari-knigi-04

mebel-izraboten-od-stari-knigi-06

mebel-izraboten-od-stari-knigi-07

mebel-izraboten-od-stari-knigi-08

mebel-izraboten-od-stari-knigi-09

mebel-izraboten-od-stari-knigi-10

mebel-izraboten-od-stari-knigi-11

mebel-izraboten-od-stari-knigi-12

mebel-izraboten-od-stari-knigi-13



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:35

http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i-seks/15576-napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite" rel="nofollow - Направи сам подарок за денот на вљубените

http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i-seks/15576-napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite" rel="nofollow">

Креативците на интернет направиле цело море на туторијали како самите да направите уникатни подароци, а денес ви донесуваме избор од најинтересните. Обидете се, имате уште време.

1. CD со љубовни песни или DVD со некој романтичен филм - CD-то можете да го украсите со уникатен принт и подарок картичка.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-1


2. Ти си светлината на мојот живот
– прекрасен http://www.designspongeonline.com/2010/02/diy-project-valentine-lightbulb.html" rel="nofollow">начин креативно да ја изразите љубовта.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-2


3. Перничињата секогаш се ин
– купете или http://www.cocokelley.com/2010/02/je-taime/" rel="nofollow - направете едноставно еднобојно перниче. Од филц во друга боја исечете натпис или облик кој сакате да го додадете, па сошијте го или залепете го на ткаенината.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-3


4. Љубовни http://www.kindovermatter.com/2010/02/valentine-fun-with-guest-blogger-mae.html" rel="nofollow - картички
– желбите се вашата креативност.  

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-4


5. Пратете бакнеж
– во неколку чекори направете ја http://colormekatie.blogspot.com/2010/02/kiss-in-your-pocket.html" rel="nofollow - оваа фото книгичка и пратете и бакнеж на саканата личност.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-5


6. Мали работи
– кои се тие http://deannag.typepad.com/my_weblog/2010/02/an-easy-valentine-gift.html" rel="nofollow - мали работи кои ве воодушевуваат кај партнерот? Забележете ги со фотографија или куса белешка и залепете ги во оваа слатка книга.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-6


7. Љубовен робот
- за гикови во душа, со http://sewgreen.blogspot.com/2010/02/diy-valentines-robot.html" rel="nofollow - робот не можете да згрешите.

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-7


8. http://somedaycrafts.blogspot.com/2010/02/guest-blogger-bird-crafts-plush-flowers.html" rel="nofollow - Цвеќе кое никогаш не вене
(а не треба ниту да се полева).

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-8


9. Напишете приказна
, проследете ја со илустрации, направете насловна страница и белешка за авторот – http://resurrectionfern.typepad.com/resurrection_fern/2010/02/all-i-want-is-you-.html" rel="nofollow - исто како во вистинска книга .

napravi-sam-podarok-za-denot-na-vljubenite-9



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:36
Креативно молерисување

http://www.zdravjeizivot.mk/wp-content/uploads/2013/08/kreativen-moler.jpg" rel="nofollow">kreativen moler



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:38

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18241-napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki" rel="nofollow -

Во екот на сезоната на школките и ситниот песок, ви предлагаме како може да ги искористите за декорирање на вашиот дом. Сигурни сме дека нема лето а да не се вратите со тон насобрани школки, кои на крајот сепак немаат некоја посебна намена.

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-01

За да не ја повторите истата грешка, откако ќе се вратите од одмор вклучете ја вашата креативност.

Ова се неколку наши предлози:

Вазни полни со вода и школки кои ќе бидат романтично осветлување за следната вечера

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-02

Огледало обложено со милион школки и ситни камчиња

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-03

Урамени школки

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-04

Бамбусово топче полно со морска декорација, кое може да го поставите во било која соба од домот

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-05

Накит од обоени школки

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-06

Морски букет

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-07

Малку поинаква типографија за дневната соба

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-08

Супер декорација на обичните стаклени шишиња

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-09

Романтични свеќи

napravi-sam-letni-dekoracii-so-skolki-10



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:39

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/3846-napravi-sam-idei-za-doma" rel="nofollow -

napravi-sam-idei-za-doma-povekjeВо време на рецесија многу луѓе едвај успеваат да врзат крај со крај. Сепак, нема кој не сака да го освежи својот дом со интересни и креативни детали...

 

...без да потроши атрономски суми.

За она што ви го предлагаме потребни ви се неколку работи за да имате сопствено креативно дело кое ќе ви го разубави домот.

napravi-sam-idei-za-doma

1. “Втор живот“ на чашите за вино
Имате доволно сетови од чаши и зошто би ги фрлиле старите кои веќе не ви користат. Направете од нив свеќници. Наполнете ги со ситен песок и ставете свеќички во нив.

2. Служење пијалоци
Ако имате стара и непотребна рамка за слика со стакло, можете да и ставите ситен детал и да ја користите на место послужавник- свежо и интересно.

3. Светлина
На ноќната ламба поставете хартија исецкан во најразлични форми. Ќе добиете интересни сенки на ѕидовите.

4. Маса од гуми

Ако ви се наоѓаат неколку (2-3) стари гуми од автомобил, наредете ги една врз друга и поставете стакло врз нив. Ќе добиете одлична ниска интересна масичка за кафе.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:41

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18494-napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija" rel="nofollow - Направи сам: Шарени свеќи за весела декорација

Оваа домашна изработка на весели свеќи е многу едноставна, а најдобро е што може да ја изработите со помош на вашето дете. Одличен проект кој ќе ја развесели било која соба во вашиот дом.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-01

Потребни ви се:

  • Мали стаклени чашки
  • Восок
  • Мрсни бои
  • Фитил за свеќи

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-1

Постапката е следната:

Како и кај сите изработки на домашни свеќи, подгответе ги мини чашките или стаклените садови и додадете им ги малите фитили.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-2

Растопете го восокот на оган или во микро печка, а потоа распоредете го во неколку мали садови. Во секој сад додадете по една третина креон мрсна боја, најдобро е изрендан за полесно да се стопи. Стоплете уште некоја минута за подобро да ја добиете бојата која ја посакувате.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-3

Чашките поставете ги на некоја косина, ако сакате да добиете шара како на фотографиите. Истурете малку восок во една боја и оставете го да се стврдне. Потоа додадете ја втората боја, па третата.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-4

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-5

Експериментирајте со боите и дезените и добијте ново декоративно парче кое нема да остане незабележано.

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-6

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-7

napravi-sam-sareni-sveki-za-vesela-dekoracija-8



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:43
Направи сам предмети за домот од пластика

Направи сам предмети за домот од пластика

Покрај нејзиното соодветно користење и правилно остранување во корпа за одпадоци за пластика кое што би пребале да го практикувате, би можле пластиката да ја искористите за неколку практични предмети во вашот дом:

Пластиката е меѓу најнеразградливите органски загадувачи на природата. Покрај нејзиното соодветно користење и правилно остранување во корпа за одпадоци за пластика кое што би пребале да го практикувате, би можле пластиката да ја искористите за неколку практични предмети во вашот дом:

 

1. Саксии од пластични шишиња

 

Материјали:

-употребено пластично шише

-ЦД

-спреј во боја

-лепило

Постапка: http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/08/plasticni-shishinja-saksii.jpg" rel="nofollow">plasticni shishinja saksii

Го пресекувате шишето во посакуваната форма. Може да го употребите предниот, како и задниот дел. Предниот дел од шишето (сосе капачето) го лепите во централниот дел од ЦД-то. Потоа ги прскате деловите со спрејот. Вашата нова саксија е веќе спремна за употреба.

 

Втората варзија е попрактична за помали пластични шишиња, односно за помали саксии. Како и во првиот случај, го http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/08/plastika-mali-saksii.jpg" rel="nofollow">plastika mali saksii пресекувате шишето на половина. Надворешниот дел го обвивате во целофан по избор. На краевите додавате јак конец кој би ја задржал поголема тежина, бидејки во саксијата треба да има земја и растение. Ја декорирате по избор и желба и веќе имате нова саксија во вашиот дом.

 

2.  Метла 

http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/08/plasticni-shishinja-metla.jpg" rel="nofollow">plasticni shishinja metla

За оваа постапка потребни ви се неколку

-неколку пластични шишиња,

-дрвен стап со соодветна големина и дебелина кој би можел да се вметне во отворот од шишето.

-цврст селотејп или коноп

Постапка:

Од првото шише го пресекувате крајот и го сечете во форма на реси. Го правите истото и со другите шишиња, со тоа што од нив го пресекувате и почетокот од шишето, како соодветно би се вметале во првото шише. Кога неколку ресести шишиња ќе наредите едно во друго, со коноп или цврст селотејп ја обележувате првата третина од метлата, како би добиле на цврстина. Ја додавате и прачката/стапот и веќе имате нов алат во вашиот дом.

 

3.  Табуретка од пластични шишиња 

http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/08/plastic-botle-taburetka.jpg" rel="nofollow">plastic botle taburetka

За овој предмет ќе ви бидат потребни:

-18 или 32 шишиња, во зависнот од големината во сакате да ја изработите табуретката.

-сунгерче во плочкаста форма или перничиња

-материјал со дезен по избор и сошиен во коцкаста форма која би соодвествувала на големината на шишињата.

-цврст целотејп

 

Постапка:

Пола шишиња ги пресекувате на половина. Едно шише со задната половина го вметнувате во друго – непресечено, така да добиете предмет со два исти краја. Ги преврзувате шишињата со селотејп на она место каде што се поврзуваат. Го правите истото со сите шишиња. Потоа, ги редите сите парови од шишиња во коцкаста форма. Ги обвиткувате повторно со селотејп по неколку пати, овој пат сите заедно. Потоа во предходно шиениот материјал, ги ставате шишињата и перничето, кое би требало да го представува делот на кој што треба да се седи, го зашивувате крајот и веќе имате додаток во меебелот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:50
Направи сам: ѕиден часовник од дрво



Доколку сакате да имате уникатен часовник во својот дом, а притоа да внесете и парче природа во него, направете ѕиден часовник од дрво.



Потребни материјали и алати:


• помало тркалезно парче дрво
• механизам за часовник
• брусна хартија со гранулација 220
• премаз за заштита на дрвото и четка
• дупчалка и бургија


Постапка:


Површината на парчето дрво обработете ја со брусна хартија. Потоа на неа може, но и не мора да напишете, изрезбате или залепите бројки. Дрвото заштитете го со премаз.

Одберете бургија со соодветна димензија (во зависност пречникот на оската на механизмот) и со дупчалката направете отвор на местото каде сакате да бидат поставени стрелките. Од задната страна на дрвото поставете го механизмот на часовникот, а од предната стрелките.

На задната страна на дискот поставете закачалка, како за слика, и поставете го часовникот на ѕидот.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 21:52

Направи сам: Зимски глуварчиња

http://www.zdravjeizivot.mk/wp-content/uploads/2013/12/cotton-ear-bud-flowers-collage.jpg" rel="nofollow">cotton-ear-bud-flowers-collage



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:01
http://magazine.danaucime.mk" rel="nofollow">danaucime
Направи сам – украси од сијалица

Направи сам – украси од сијалица

Кога ќе ни прегори сијалицата, обично ја фрламе во ѓубре. Но, во секое парче ѓубре можеби се крие нов почеток.

Кога ќе ни прегори сијалицата, обично ја фрламе во ѓубре. Но, во секое парче ѓубре можеби се крие нов почеток. Креативноста е бесконечна кога размислуваме за нешта кои би можеле да се рециклираат.

Брод во шише е класичниот и ценет украс, но и брод во стакло од сијалица не е лоша идеја? Мини терариум, би можел да ви ја разубави собата, додека мини вазна да биде одличен украс во вашата градина. Следениот пат, пред да ја фрлите прегорената сијалица, внесете се во вашата имагинација и создадете нешто оргинално.

Ние ви нудиме неколку идеи:

http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/07/flower-bulb2.jpg" rel="nofollow">flower bulb2       http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/07/flower-bulb-1.jpg" rel="nofollow">flower bulb 1         flower bulb 3



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:03
http://magazine.danaucime.mk" rel="nofollow">danaucime
НАПРАВИ САМ:СВЕТЛЕЧКА ВАЗНА ОД СИЈАЛИЦА
НАПРАВИ САМ:СВЕТЛЕЧКА ВАЗНА ОД СИЈАЛИЦА

Наместо цвеќето да го ставите во традиционална вазна, направeте невообичаен украс за маса користејќи сијалица…Направете вазна од сијалица…Едноставно е!

Што е потребно?

-сијалица
-метална закачалка
-заштитни ракавици
-мали клешти
-тенок шрафцигер
-ласер со ЛЕД-сијаличка

Подготовка:

Чекор 1: Ставете заштитни ракавици. Цврсто држете ја сијалицата и со клешти отстранете го контактот и завршетокот од истата.

Чекор 2: Земете тенок шрафцигер, полека удрете и отстранете го стаклото како би направиле отвор на завршетокот. Внимателно отстранете го лежиштето/живата од сијалицата. Со клешти проширете го веќе направениот отвор на сијалицата. Исчистете ги парчињата внатре како би добиле чиста и празна сијалица. Добивте подлога за вашата нова вазна од сијалица.

http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/09/Step-3-Lightbulb-Vase.jpg" rel="nofollow">Step-3-Lightbulb-Vase

Чекор 3: Нaправете потпирач за вашата вазна. За таа цел, земете ја закачалката, со клештите исечете го горниот дел, а долниот дел исправете го. Од исправениот дел исечете парче во должина од 60 cm и означете го на 5 еднакви делови од по 12 cm.

Чекор 4: Од трите означени делови свиткајте форма на триаголник. Четвртиот дел извиткајте го да стои нагоре, а петтиот дел направете го да ви служи како место каде ќе ја вметнете сијалицата. За таа цел земете ги клештите, свиткајте го горниот дел како би добиле форм на мал круг во кој ќе навлезе отворот на сијалицата. Ставете ја сијалицата. Таа треба добро да навлезе како не би испаднала. Вашата вазна од сијалица е готова.

 

 

Чекор 5: За да добиете светлечка вазна од сијалица, земете ласер со ЛЕД-сијаличка. Отворете го ласерот со шрафцигер и извадете ја батеријата и ЛЕД-сијаличка(ако батеријата е голема како замена може да користите батерии за рачен часовник). Поврзете ги батериите со ЛЕД-сијаличката, а потоа со помош на шрафцигер прицврстете ги на горниот отвор на сијалицата. Тргнете ги за момент, ставете вода и цвеќе, и вратете ги назад. Вашата светлечка вазна од сијалица е готова. Како замена за цвеќето може да употребите моливи и пенкала како би добиле интересен украс за вашата работна маса.

Добивте уникатна светлечка вазна од сијалица! Имате уникатен украс за вашата маса, па уживајте во атмосферата која истиот ја создава!

Како помош при изработка на оваа вазна може да ви послужи следниов  http://www.youtube.com/watch?v=3yx8Apr_fJg" rel="nofollow - линк .

make-light-bulb-vase.w654

http://www.hupso.com/share/" rel="nofollow">Share Button
http://magazine.danaucime.mk/napravi-sam-svetlecka-vazna-od-sijalica/" rel="nofollow - - - - - Share

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:18

Со едноставна постапка украсете ја вашата обична висечка ламба и збогатете го просторот со дизајнерско парче со вашиот потпис.  

Направи сам: Сопствен дизајн на ламба

Материјал и прибор: 

• Обична висечка ламба со едноставен дизајн 
• Филц во некоја пастелна боја 
• Ножици 
• Пиштол за топло лепило 

Направи сам: Сопствен дизајн на ламба

Постапка:

Секоја латица всушност претставува круг од филц. Исечете онолку кругови колку што сакате да добиете латици. Секој круг со прстите полека превиткајте го за да добие облик на латица, а потоа залепете го на ламбата. Постапката повторувајте ја се додека целата ламба не биде покриена. 

Направи сам: Сопствен дизајн на ламба



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:29
http://magazine.danaucime.mk" rel="nofollow">danaucime
Направи сам – цветен лустер

Направи сам – цветен лустер

За да добиете светлина каква што посакувате

За да добиете убав и атрактивен лустер, инспириран од природата, потребно е малку труд и трпение. Еве како да изработите еден ваков цветен лустер:

Потребни материјали и алати:

• 100-125 бели корпички за ситни колачиња
• 100-125 корпички за ситни колачиња со вертикални линии
• абажур од хартија со дијаметар 45-50 cm
• кабел со фасонка

Постапка:

Најпрво поставете го абажурот во тркалезен сад кој ќе послужи како постолие.

Првиот круг со корпички нека биде блиску до врвот на абажурот. Земете бела корп**ка и ставете малку топло лепило на опачината на корп**ката. Притиснете додека се залепи.

Продолжете со лепење додека да се оформи прстен. Растојанијата меѓу центрите на корпичките треба да бидат околу 2,5 cm.

Излепете го целиот лустер, така што долниот отвор на лустерот да биде покриен.

Потоа залепете ги корпичките со вертикални линии во центар1от на белите корпички.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:31

http://mkd-news.com/napravete-si-fenomenalen-luster-za-200-denari-fotoo/" rel="nofollow - Направете си феноменален лустер за 200 денари (Фото)


http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/04/1qpq.jpg" rel="nofollow">1qpq Се што ви е потребно се пластични лажички, пластично шише од 5 литри, малку лепак и обавезно штедлива сијалица бидејќи пластиката би можела да ви се истопи доколку користите обична сијалица.

Дното на шишето исечете го. Лажичките може да се во било која боја сакате – исечете ги рачките да остане само горниот дел и лепете ги една над друга како на фотографиите. кабелот провлечете го низ горниот отвор на шишето.

Брзо е едноставно – навистина ефектно,  а е и евтино

http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/04/luster.jpg" rel="nofollow">luster

http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/04/2nsn.jpg" rel="nofollow">2nsn

http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/04/3aua.jpg" rel="nofollow">3aua

http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/04/4sjs.jpg" rel="nofollow">4sjs

http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/04/5ouo.jpg" rel="nofollow">5ouo

http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/04/luster.jpg" rel="nofollow">luster



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:39

Направи сам златен часовник од iPod

Зошто да купувате дополнителна опрема за вашиот iPod за да можете да го претворите во рачен часовник кога можете сами да изработите еден од чисто злато?

Секако на ова прашање ќе одговорите “па веројатно затоа што чини 2.500 долари и потребни се неколку денови работа.

Сепак еден човек се одлучи да се почести себе си со ваков моден додаток во облик на златен iPod. Во видеото кое го објави на You Tube, Тед Чапаниан ги води гледачите низ процесот во кој објаснува како сопствениците на iPod можат сами да направат куќиште од чисто злато за својот уред од Apple.

Тој го искористи iPod Nano од шестата генерација. Прво креираше прототип на куќиште, а потоа во калап сипа стопено злато. По сечењето на златната рамка, полирањето и лемењето, вметна електронски компоненти во куќиштето за да добие конечен производ на кој само му додаде кожно ремче.

Според сопственото признание во видеото, на Чапаниан ми биле потребни повеќе од 500 часа за овој проект. Во текот на работењето му пукнале неколку екрани иако на видеото изгледа се прилично едноставно.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:41
8)Слика*Слика*Слика*


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 09:39

Направи сам: Три идеи за евтино уредување на домот


http://ekonomski.mk/2012/12/23/%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d1%81%d0%b0%d0%bc-%d1%82%d1%80%d0%b8-%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%be-%d1%83%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0/#respond" rel="nofollow -
http://ekonomski.mk/2012/12/23/%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d1%81%d0%b0%d0%bc-%d1%82%d1%80%d0%b8-%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%be-%d1%83%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0/" rel="nofollow">

Имате нов стан или сакате да смените нешто во домот во кој живеете, но буџетот ви е ограничен и не можете да се дозволите нов мебел.Ви нудиме три идеи како можете да направите за малку пари вашиот стан кој ќе изгледа како нов.

http://ekonomski.mk/?attachment_id=18076" rel="nofollow">2701110000003-50-572-0027_zoom

Мебел

Ова е најскапата ставка, а од голем трошок ќе се ослободите ако го совежите старiот мебел. Сите имаме некое парче мебел во ќошот кое со години не е употребено. Тоа може да се разубави. Направете комплетно нов мебел од тоа што го имате дома, кај пријателите или кај роднините. Земете шмигрла, боја и четка и почнете со работа.

Има и друга варијанта, купите некој евтин мебел кој е стар или од надвор не изгледа добро, но со малку умешност ќе светне во најубаво светло. Ваков мебел се наоѓа на интернет, на пазар или во продавници за стари работи.

Ѕидови

Не сакате едноставно обоени ѕидови, а немате пари за тапети. Одлична замена се стикерите односно лепенките за ѕидови. Кои ги има со различни дезени и по пристапни цени. Едноставно се ставаат и се вадат. На ѕидовите можете да поставите слики или фотографии кои сами сте ги направиле. Најдобрите нешта за своите ѕидови можете да ги најдете во продавниците „се за 99“.

Подови

Паркетот е стар, а немате доволно пари за нов. Можеби ќе биде доволно само да го истругате и излакирате. Но, ако и тоа ви е скапо, оштетените површини можете да ги скриете со теписи или стапки. Поиграјте си така што наместо голем теписон, на подовите ќе распоредите простирки во различни бои и со различни димензии.

Сепак, пред да се зафатите со оваа работа, убаво пресметајте се , бидејќи кризата влијаеше на дрвната индустрија, па цените на мебелот никогаш не биле пониски. http://ekonomski.mk/?p=11378" rel="nofollow - Еве пример за тоа .



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 14:39


-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 22:02
Kampiraj i gotvi samo so limenki голема насмевка



-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 22:18
Направи сам … Винтиџ држач за вашиот прибор за јадење

Направи сам … Винтиџ држач за вашиот прибор за јадење

Уникатен држач за вашиот прибор за јадење кој може да биде уникатен практичен украс за вашата кујна, а воедно и винтоџ-ретро „моден додаток“ на вашата свечена трпеза .

Потребно:

  • 6 стари лимени конзерви.
  • парче дрво.
  • супер лепило.
  • колор спреј за лимени и дрвени површини.

http://www.zdravjeizivot.mk/wp-content/uploads/2013/09/domakinski-sovet.jpg" rel="nofollow">domakinski sovet




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 22:24
сам: Самопослужување за најмилите соседи со чија песна ви започнува секој нов ден

http://www.zdravjeizivot.mk/wp-content/uploads/2013/12/plastic-bottle-bird-feeder-collage.jpg" rel="nofollow">plastic-bottle-bird-feeder-collage



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 07:56

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17829-napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija" rel="nofollow - Направи сам: Од празен парфем до уникатна декорација


Парфемите речиси секогаш се спакувани во прекрасни стаклени шишенца кои обично веднаш штом се испразнат ги фрламе. Но, никогаш не сте размислиле како креативно да ги искористите миризливите амбалажи?

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-01

Погледнете ги овие неколку идеи и инспирирајте се да направите нешто креативно и прекрасно за вашиот дом.

Мини вазна за цвеќе

Искористете ги поголемите шишенца за да ги претворите во мини вазни. Одлепете ја етикетата, залепете некоја своја декорација по желба, наполнете вода и поставете го шишенцето со интересен облик на некоја полица.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-02


Освежувач

Оваа идеја е фантастична! Од задната страна на шишенцето залепете шарена хартија, украсете по ваша желба и наполнете го со етерично масло. Може да додадете неколку дрвени стапчиња кои ќе го впијат мирисот и ќе го прошират низ целиот дом. Плус, изгледа како скапа, луксузна и необична декорација.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-03


Слатки ланчиња

Малите шишенца од тестери можете да ги наполните со монистри во една или повеќе бои, да ги затворите добро и да ги замотате со мала жичка околу капачето. Додадете едно синџирче и ќе создадете нов, модерен аксесоар.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-04


Држач за накит

Шишенцата со овална форма и интересни капачиња секогаш може да ги искористите како држачи за накит. Украсете ги со вашите омилени часовници, нараквици или ланчиња.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-05


Свеќник

Обоените шишенца може да бидат одлични држачи за високите свеќи кои никако не можете да ги сочувате стабилно да стојат. Наполнете ги шишенцата со песок или ситни камчиња за да добиете поголема стабилност и поставете ги каде сакате низ вашиот дом.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-06



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 08:00

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18063-napravi-sam-efekten-luster-od-zica" rel="nofollow - Направи сам: Ефектен лустер од жица


Уредувањето на домот не секогаш мора да биде скапо и напорно, посебно ако во изработката ги вклучите сопствените прсти. Деталите како завесите, сликите, огледалата и ламбите за момент ќе го освежат и наједноставниот простор.

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-01

Еве како од само една неискористена жица и вешти прсти може да создадете креативно осветлување за било која соба во домот.

Потребен материјал:

  • Сијалица со кабел за приклучување
  • Изолирана жица (тенка)
  • Клешта за обликување
  • Инка

Постапка

Жицата започнете да ја мотате околу инката со клештата за обликување, па потоа со раце. Мотајте ја позбиено сè додека не добиете спирала со посакуваната должина. Колку спиралата е подолга, толку сенката ќе биде поголема.

Тргнете ја инката од долниот дел и протнете ја сијалицата закачена за кабелот. Прицврстете го горниот дел од жицата за делот каде што сијалицата се спојува со кабелот за да може да стои кога ќе го закачите.

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-02

Дополнителни совети:

- Постојат различни бои на приклучоци за сијалица, па затоа одберете го во зависност од бојата на жицата.

- Жицата исто така доаѓа во било која боја и да посакате, па затоа секогаш одбирајте некоја која потполно се совпаѓа во вашиот простор.

- Ако сакате да постигнете омбре ефект купете жици во иста боја, но различни нијанси и мотајте така што ќе ги спојувате една со друга со помош на клештите.

- Ако веќе правите шаренило во домот, додадете и сијалица во боја како што е жицата. Ќе добиете интересно, придушено, а весело светло.

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-03

napravi-sam-efekten-luster-od-zica-04



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 08:09

Најдобро „направи сам“ средство за чистење прозори

Најдобро „направи сам“ средство за чистење прозори
Ги чистиме упорно и упорно, а секогаш ни се чини дека останува по некоја дамка. Прозорите се вистински предизвик за чистење. Но, се уште не сте го пробале нашиот рецепт.

Основата за правење средство за чистење прозори е оцетот. Сигурно многу домаќинки се обиделе со оцет и тоа релативно успешно, но ќе пробаме да го подобриме ефектот.

Користете го тајното оружје – пченкарно брашно. А еве го и рецептот за домашно средство за чистење прозори:

http://365.com.mk/88467/najdobro-napravi-sam-sredstvo-za-chistenje-prozori/pcenkarno-brasno" rel="nofollow">pcenkarno brasno

Спремете празно и исчистено шише со распрскувач. Потребни ви се и цедилка, жица за матење, сок од половина лимон, 1 лажица пченкарно брашно, половина шолја обичен оцет и половина шолја вода. И секако, стари весници.

Исцедете го лимонот, исцедете го сокот низ цедилка за да се ослободите од семките и парчињата лимон. Додајте ги оцетот и брашното и добро измешајте. Смесата ставете ја во шишето и додајте вода. Убаво истресете го шишето и вашето средство е спремно.

Пред употреба секогаш убаво истресете го шишето за смесата убаво да се измеша.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 08:23
Направи сам: Нов мебел во Вашиот дом за 0 денари буџет

Направи сам: Нов мебел во Вашиот дом за 0 денари буџет

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-30.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-30

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-31.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-31

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-29.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-29

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-22-1.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-22-1

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-21.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-21

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-20-2.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-20-2

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-19-1.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-19-1

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-15-1.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-15-1

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-12-1.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-12-1

http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2013/11/creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-6.jpg" rel="nofollow">creative-diy-repurposing-reusing-upcycling-6



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 17:08


1.
Слика

2.
Слика

3.
Слика

4.
Слика

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 19:55

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17158-napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje" rel="nofollow - Направи сам: Декоративна жардинера за цвеќе


Интересна идеја како сами да направите декоративна и уникатна  жардинера за вашата градина, изработена од стара метална кофа или конзерва.

napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje-4

Потребно:

За да ја изработите оваа прекрасна жардинера, потребна ви е метална кофа или конзерва (направена од цврст лим или метал) за да не ја изгуби формата, две парчиња мрежа која се користи во градежништвото со димензии 12x12, мали камчиња во разни облици, но со сплескана површина, малтер, фуга, шпакла и голем сунѓер.

Како да ја направите?

Бидејќи цвеќето кое ќе го засадите кога жардинерата ќе биде готова мора да дише, најпрво на дното на кофата или конзервата направете отвори со помош на чекан и шајка. Потоа, нанесете тенок слој малтер врз површината на кофата, а врз него залепете ги кружно парчињата мрежа.

napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje-2

Потоа, почнете да ги лепите камчињата едно до друго, благо притискајќи ги. Додека работите потребно е кофата да биде свртена наопаку, за да не се преврти од тежината на камчињата.

napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje-1

napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje-5

Откако ќе ги залепите сите камчиња, оставете ја кофата цела ноќ на провев да се исуши. Наместо малтер можете да користите и специјално лепило за поврзување на метал со други површини.

Следниот ден спремете ја смесата за фуга и премачкајте ја површината со камчиња со помош на шпакла, а вишокот отстранете го со сунѓер.

napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje-7

Оставете ја уште една ноќ да се исуши и стврдне, без да ја поместувате за да не напукне малтерот, а веќе следниот ден можете да ја наполните со земја и да си го посадите омиленото цвеќе.

napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje-3

napravi-sam-dekorativna-zardinera-za-cvekje-6



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 20:15

Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 20:16
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2014 во 20:18

Слика

Слика

Слика

Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk