|
GP Japan |
Внеси реплика |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Октомври.2008 во 19:23 |
Kruga 67 (305.721 Km) Trening 1: Petok 10.10.2008, 03:00sat. Trening 2: Petok10.10.2008, 07:00sat. Trening 3: Sabota 11.10.2008, 04:00sat. Kvalifikacii: Sabota 11.10.2008, 07:00sat. Trka: Nedela 12.10.2008. 06:30sat. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kvalifikacii
1 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 1:18.404 2 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 0:00.457 3 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 0:00.173 4 Fernando Alonso Renault F1 Team 0:00.665 5 Felipe Massa Scuderia Ferrari 0:00.687 6 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team 0:01.792 7 Jarno Trulli Toyota Racing 0:00.839 8 Timo Glock Toyota Racing 0:00.931 9 Sebastian Vettel Scuderia Toro Rosso 0:01.451 10 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 0:01.980 11 David Coulthard Red Bull Racing 0:00.000 12 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 0:00.087 13 Mark Webber Red Bull Racing 0:00.167 14 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 0:00.407 15 Nico Rosberg WilliamsF1 Team 0:00.485 16 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 0:00.648 17 Rubens Barrichello Honda Racing F1 Team 0:00.695 18 Jenson Button Honda Racing F1 Team 0:00.913 19 Adrian Sutil Force India-Ferrari 0:00.976 20 Giancarlo Fisichella Force India-Ferrari 0:01.723 Moze pred vreme da mu cestitame na Hamilton za ovaa sezona...koga e glup Massa |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 Fernando Alonso Renault F1 Team 1:30:21.892
2 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team 5.283 3 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 6.400 4 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 20.570 5 Jarno Trulli Toyota Racing 23.767 6 Sebastian Vettel Scuderia Toro Rosso 39.207 7 Felipe Massa Scuderia Ferrari 46.158 8 Mark Webber Red Bull Racing 50.811 9 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 54.120 10 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 1:00.085 11 Nico Rosberg WilliamsF1 Team 1:02.096 12 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 1:18.900 13 Rubens Barrichello Honda Racing F1 Team 1 Runde zuruck 14 Jenson Button Honda Racing F1 Team 1 Runde zuruck 15 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 1 Runde zuruck 16 Giancarlo Fisichella Force India-Ferrari Ausfall 17 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes Ausfall 18 Adrian Sutil Force India-Ferrari Ausfall 19 Timo Glock Toyota Racing Ausfall 20 David Coulthard Red Bull Racing Ausfall |
|
|
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne e nisto gotovo...teoretski!
navivaj narednata trka vo kina masa da zavrsi prv, a hamilton pod 4 mesto za da vo brazil bide resavackata trka na koja se nadevame deka ke svali masa i sekako timot na ferari....
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
abracadabra
Нов член Регистриран: 24.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е глуп Маса туку Хамилтон!Не ја научи лекцијата од лани дека шампионатот трае до последниот круг на последната трка.Да не мислеше дека Маса ќе му дозволи да го помине туку-така.Има уште многу фурни леб да изеде додека стане шампион,ако воопшто се случи тоа...
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve nekolku sliki od Trkata....
|
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хамилтон и Маса се караа, Алонсо профитира
Имав многу грешки и платив за тоа. Едноставно имав лош ден и сега ми преостанува да се концентрирам за наредната трка, следната недела во Кина, вели Луис Хамилтон Водечкиот во генералниот пласман во најбрзиот циркус на денешницата, Британецот Луис Хамилтон и покрај тоа што ја имаше пол позицијата на ГП на Јапонија, ја загуби уште на стартот, во првиот свиок, откако закочи предоцна, а на него налета актуелниот шампион во Формула 1, Финецот Кими Раиконен. По оваа незгодна ситуација и мало излетување од патеката двајцата ги загубија добрите позиции, така што се најдоа на шестото и седмото место. Британецот подоцна направи уште една непромислена грешка кога во борба за петтото место не успеа да го мине неговиот најголем конк*рент за титулата Маса (заврши како седми), по што ја загуби позицијата за бодови и застана на 12. место. Сето ова одлично го искористи двојниот светски шампион, Шпанецот Фернандо Алонсо со Рено, кој триумфираше, забележувајќи ја втората победа во низа, откако неочекувано победи и на претходната трка во Сингапур. Сепак, поранешниот светски шампион се разбуди доцна, на крајот од сезоната и на две трки до крајот е на седмото место во генералниот пласман со 48 бодови. -Имав многу грешки и платив за тоа. Едноставно имав лош ден и сега ми преостанува да се концентрирам за наредната трка, следната недела во Кина. Посакав да го минам Фелипе и направив голема грешка. Тогаш, Маса сврте лево и ме удри многу силно по што загубив еден поен на трката, изјави Хамилтон. Бодови на патеката Фуџи освоија уште Нелсон Пике (Рено), Јарно Трули (Тојота), Себастијан Бурде и Себастијан Фетел (Торо Росо), а се посрами и второпласираниот во генералниот пласман Бразилецот, Фелипе Маса (Ферари) кој освои само еден бод и ја намали предноста на Хамилтон на пет. По оваа трка Британецот остана водечки со 84, додека Фелипе има 79 бодови. Третото место го држи Полјакот Роберт Кубица со 72 бода. Во конк*ренција на конструктори водството од Мекларен го презеде тимот на Ферари, кој сега има 141 бод, а британската екипа шест помалку. На трето место е БМВ Заубер - 128 бода. Наредната недела пилотите се селат во Кина, а на втори ноември е последната трка во Бразил каде ќе биде промовиран новиот шампион во Формула 1. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стартниот поредок измешан поради казни
Наместо тежината на горивото, главен печат на анализата на стратегијата за утрешната трка во Јапонија и дадоа казните што ги поделија стјуардите на пет од водечките возачи. Адријан Зутил од четвртото место, Баричело од петтото, Батон од седмото, Буеми од десеттото и Алонсо од дванаесеттото место, ќе добијат казна со симнување од пет места на стартот. Со исклучок на Буеми кој оствари пласман во првата десетка, но имаше инцидент на патот кон боксот и се врати во гаражата со возење, па е казнет поради тоа, останатите добија пенал поради непочитување на жолтите знамиња. Со ваквиот расплет, стартот зад првите тројца изгледа поинаку, со Хајдфелд на четврто место, а финското дуо од Раиконен и Ковалаинен ќе биде во третиот ред. Розберг и Кубица ќе појдат од седмата и осмата позиција, наместо од 11 и 13 место. Додека Фетел е чист фаворит пред Трули и Хамилтон кои имаат помалку гориво во резервоарот, оние кои беа на опашката и предвидоа потежок резервоар за првата етапа од трката сега имаат уште подобри шанси да напредуваат. Така на пример, додека Фетел има тежина од 658,5 килограми (три повеќе од Трули и Луис), Ковалаинен има 675 килограми, а Розберг и Кубица уште десет повеќе од него. Пропишаната тежина на болидите е 605 килограми, што значи дека остатокот го открива количеството на гориво во резервоарот, а со тоа и стратегијата во утрешното гран при. Тоа би значело дека според предвидената потрошувачка од 2,9 килограми гориво по круг, прв во боксот ќе влезе Јарно Трули во 15 круг, заедно со Хамилтон, а Фетел би одел еден круг подоцна од нив. Ковалаинен кој има 20 килограми повеќе најверојатно само ќе направи прилично задоцнет прв стоп, додека Розберг и Кубица со +30 килограми би можеле да тактизираат и да ја прилагодат стратегијата да им биде со едно застанување, што при „правовремено“ излегување на возилото за безбедност може да значи голема помош. Сепак, во дадените околности, кога поредокот е измешан и побрзите возачи се назад, тешко може да се предвиди расплетот во трката, особено откако на квалификациите имаше три тешки излетувања кои донесоа прекини, жолти и црвени знамиња, а згора на се Баричело изјави дека и самата патека е недоволно безбедна. Предвидени се 53 круга, секој со должина 5,807 километри. Стартот е во 7 часот наутро по средноевропско време. Нов редослед од квалификациите 01. Себастијан Фетел (Ред Бул) – 658,5 кг 02. Јарно Трули (Тојота) – 655,5 кг 03. Луис Хамилтон (Мекларен) – 656 кг 04. Ник Хајдфелд (БМВ Заубер) – 660 кг 05. Кими Раиконен (Ферари) – 661 кг 06. Хеики Ковалаинен (Мекларен) – 675 кг 07. Нико Розберг (Вилијамс) – 684,5 кг 08. Роберт Кубица (БМВ Заубер) – 686 кг 09. Адријан Зутил (Форс Индија) – 650 кг 10. Рубенс Баричело (Браун) – 660,5 кг 11. Хаиме Алгуерсуари (Торо Росо) – 682,5 кг 12. Џенсон Батон (Браун) – 658,5 кг 13. Џанкарло Физикела (Ферари) – 661,5 кг 14. Себастијан Буеми (Торо Росо) - 665,4 кг 15. Казуки Накаџима (Вилијамс) – 695,7 кг 16. Роман Грожан (Рено) – 691,8 кг 17. Фернандо Алонсо (Рено) – 689,5 кг 18. Витантонио Лиуци (Форс Индија) – 682,5 кг 19. Тимо Глок (Тојота)** 20. Марк Вебер (Ред Бул)** ** ќе стартуваат од бокс f1almanah.com |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фетел убедлив во Јапонија
Себастијан Фетел со Ред Бул ги задржа шансите за освојување на титулата по успехот на трката за Големата Награда на Јапонија која се возеше на пистата во Сузука. Батон денеска заврши едвај на осмата позиција по што борбата за трофејот остануива отворена. Втор на целта дојде Јарно Трули пред Луис Хамилтон, ферарито на Кими Раиконен стигна до четрвртата позиција а Нико Розберг до петата, понатаму следуваа Хајфилд, Барикело, Батон, Кубица, Алонсо ... Во генералниот пласман Батон води со 85 поени пред Барикело кој има 71 и Фетел со 69 но до крајот има уште само две трки. Уште од самииот старт Фетел кој воедно ја освои и полпозицијата тргна напред и не им дозволи на своите конк*ренти да го следат и да ја загрозат неговата прва позиција во текот на целата трка. Денешната трка во Јапонија воглавно беше мирна без многу претекнувања на стазата туку војната главно се водеше во боксовите исто така изненадувачки, во однос на вчерашните квалификации денеска немаше некои поголеми излетувања освен она на Хајме Алгуерсуари од Торо Росо на 10 круга пред крајот, излтувањето не донесе некоја посериозна повреда кај пилотот единствено на патеката мораше да испадне сигурносното возило. sportdenes.com Изменето од Iron Man - 04.Октомври.2009 во 20:41 |
|
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |