GP Japan
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Формула 1 и Мото грандпри
Опис на форумот: Роси - Капироси, Шуми, Алонзо и компанија
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16071
Датум на принтање: 30.Јануари.2025 во 14:31 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: GP Japan
Постирано од: гoстин
Наслов: GP Japan
Датум на внесување: 10.Октомври.2008 во 19:23
Kruga 67 (305.721 Km)
Trening 1: Petok 10.10.2008, 03:00sat.
Trening 2: Petok10.10.2008, 07:00sat.
Trening 3: Sabota 11.10.2008, 04:00sat.
Kvalifikacii: Sabota 11.10.2008, 07:00sat.
Trka: Nedela 12.10.2008. 06:30sat.
-------------
|
Коментари:
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 12:01
Kvalifikacii
1 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 1:18.404
2 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 0:00.457
3 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 0:00.173
4 Fernando Alonso Renault F1 Team 0:00.665
5 Felipe Massa Scuderia Ferrari 0:00.687
6 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team 0:01.792
7 Jarno Trulli Toyota Racing 0:00.839
8 Timo Glock Toyota Racing 0:00.931
9 Sebastian Vettel Scuderia Toro Rosso 0:01.451
10 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 0:01.980
11 David Coulthard Red Bull Racing 0:00.000
12 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 0:00.087
13 Mark Webber Red Bull Racing 0:00.167
14 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 0:00.407
15 Nico Rosberg WilliamsF1 Team 0:00.485
16 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 0:00.648
17 Rubens Barrichello Honda Racing F1 Team 0:00.695
18 Jenson Button Honda Racing F1 Team 0:00.913
19 Adrian Sutil Force India-Ferrari 0:00.976
20 Giancarlo Fisichella Force India-Ferrari 0:01.723
Moze pred vreme da mu cestitame na Hamilton za ovaa sezona...koga e glup Massa
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Октомври.2008 во 14:04
1 Fernando Alonso Renault F1 Team 1:30:21.892
2 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team 5.283
3 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 6.400
4 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 20.570
5 Jarno Trulli Toyota Racing 23.767
6 Sebastian Vettel Scuderia Toro Rosso 39.207
7 Felipe Massa Scuderia Ferrari 46.158
8 Mark Webber Red Bull Racing 50.811
9 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 54.120
10 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 1:00.085
11 Nico Rosberg WilliamsF1 Team 1:02.096
12 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 1:18.900
13 Rubens Barrichello Honda Racing F1 Team 1 Runde zuruck
14 Jenson Button Honda Racing F1 Team 1 Runde zuruck
15 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 1 Runde zuruck
16 Giancarlo Fisichella Force India-Ferrari Ausfall
17 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes Ausfall
18 Adrian Sutil Force India-Ferrari Ausfall
19 Timo Glock Toyota Racing Ausfall
20 David Coulthard Red Bull Racing Ausfall
-------------
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 12.Октомври.2008 во 17:06
Vardar1947 напиша:
Kvalifikacii
Moze pred vreme da mu cestitame na Hamilton za ovaa sezona...koga e glup Massa |
ne e nisto gotovo...teoretski!
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: abracadabra
Датум на внесување: 12.Октомври.2008 во 18:51
Не е глуп Маса туку Хамилтон!Не ја научи лекцијата од лани дека шампионатот трае до последниот круг на последната трка.Да не мислеше дека Маса ќе му дозволи да го помине туку-така.Има уште многу фурни леб да изеде додека стане шампион,ако воопшто се случи тоа...
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Октомври.2008 во 20:02
Eve nekolku sliki od Trkata....
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Октомври.2008 во 18:17
Хамилтон и Маса се караа, Алонсо профитира
Имав многу грешки и платив за тоа. Едноставно имав лош ден и сега ми преостанува да се концентрирам за наредната трка, следната недела во Кина, вели Луис Хамилтон
Водечкиот во генералниот пласман во најбрзиот циркус на денешницата, Британецот Луис Хамилтон и покрај тоа што ја имаше пол позицијата на ГП на Јапонија, ја загуби уште на стартот, во првиот свиок, откако закочи предоцна, а на него налета актуелниот шампион во Формула 1, Финецот Кими Раиконен. По оваа незгодна ситуација и мало излетување од патеката двајцата ги загубија добрите позиции, така што се најдоа на шестото и седмото место. Британецот подоцна направи уште една непромислена грешка кога во борба за петтото место не успеа да го мине неговиот најголем конк*рент за титулата Маса (заврши како седми), по што ја загуби позицијата за бодови и застана на 12. место.
Сето ова одлично го искористи двојниот светски шампион, Шпанецот Фернандо Алонсо со Рено, кој триумфираше, забележувајќи ја втората победа во низа, откако неочекувано победи и на претходната трка во Сингапур. Сепак, поранешниот светски шампион се разбуди доцна, на крајот од сезоната и на две трки до крајот е на седмото место во генералниот пласман со 48 бодови.
-Имав многу грешки и платив за тоа. Едноставно имав лош ден и сега ми преостанува да се концентрирам за наредната трка, следната недела во Кина. Посакав да го минам Фелипе и направив голема грешка. Тогаш, Маса сврте лево и ме удри многу силно по што загубив еден поен на трката, изјави Хамилтон.
Бодови на патеката Фуџи освоија уште Нелсон Пике (Рено), Јарно Трули (Тојота), Себастијан Бурде и Себастијан Фетел (Торо Росо), а се посрами и второпласираниот во генералниот пласман Бразилецот, Фелипе Маса (Ферари) кој освои само еден бод и ја намали предноста на Хамилтон на пет. По оваа трка Британецот остана водечки со 84, додека Фелипе има 79 бодови. Третото место го држи Полјакот Роберт Кубица со 72 бода.
Во конк*ренција на конструктори водството од Мекларен го презеде тимот на Ферари, кој сега има 141 бод, а британската екипа шест помалку. На трето место е БМВ Заубер - 128 бода.
Наредната недела пилотите се селат во Кина, а на втори ноември е последната трка во Бразил каде ќе биде промовиран новиот шампион во Формула 1.
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 02:03
Стартниот поредок измешан поради казни
Наместо тежината на горивото, главен печат на анализата на стратегијата за утрешната трка во Јапонија и дадоа казните што ги поделија стјуардите на пет од водечките возачи.
Адријан Зутил од четвртото место, Баричело од петтото, Батон од седмото, Буеми од десеттото и Алонсо од дванаесеттото место, ќе добијат казна со симнување од пет места на стартот. Со исклучок на Буеми кој оствари пласман во првата десетка, но имаше инцидент на патот кон боксот и се врати во гаражата со возење, па е казнет поради тоа, останатите добија пенал поради непочитување на жолтите знамиња. Со ваквиот расплет, стартот зад првите тројца изгледа поинаку, со Хајдфелд на четврто место, а финското дуо од Раиконен и Ковалаинен ќе биде во третиот ред. Розберг и Кубица ќе појдат од седмата и осмата позиција, наместо од 11 и 13 место.
Додека Фетел е чист фаворит пред Трули и Хамилтон кои имаат помалку гориво во резервоарот, оние кои беа на опашката и предвидоа потежок резервоар за првата етапа од трката сега имаат уште подобри шанси да напредуваат. Така на пример, додека Фетел има тежина од 658,5 килограми (три повеќе од Трули и Луис), Ковалаинен има 675 килограми, а Розберг и Кубица уште десет повеќе од него.
Пропишаната тежина на болидите е 605 килограми, што значи дека остатокот го открива количеството на гориво во резервоарот, а со тоа и стратегијата во утрешното гран при. Тоа би значело дека според предвидената потрошувачка од 2,9 килограми гориво по круг, прв во боксот ќе влезе Јарно Трули во 15 круг, заедно со Хамилтон, а Фетел би одел еден круг подоцна од нив. Ковалаинен кој има 20 килограми повеќе најверојатно само ќе направи прилично задоцнет прв стоп, додека Розберг и Кубица со +30 килограми би можеле да тактизираат и да ја прилагодат стратегијата да им биде со едно застанување, што при „правовремено“ излегување на возилото за безбедност може да значи голема помош. Сепак, во дадените околности, кога поредокот е измешан и побрзите возачи се назад, тешко може да се предвиди расплетот во трката, особено откако на квалификациите имаше три тешки излетувања кои донесоа прекини, жолти и црвени знамиња, а згора на се Баричело изјави дека и самата патека е недоволно безбедна.
Предвидени се 53 круга, секој со должина 5,807 километри. Стартот е во 7 часот наутро по средноевропско време.
Нов редослед од квалификациите
01. Себастијан Фетел (Ред Бул) – 658,5 кг
02. Јарно Трули (Тојота) – 655,5 кг
03. Луис Хамилтон (Мекларен) – 656 кг
04. Ник Хајдфелд (БМВ Заубер) – 660 кг
05. Кими Раиконен (Ферари) – 661 кг
06. Хеики Ковалаинен (Мекларен) – 675 кг
07. Нико Розберг (Вилијамс) – 684,5 кг
08. Роберт Кубица (БМВ Заубер) – 686 кг
09. Адријан Зутил (Форс Индија) – 650 кг
10. Рубенс Баричело (Браун) – 660,5 кг
11. Хаиме Алгуерсуари (Торо Росо) – 682,5 кг
12. Џенсон Батон (Браун) – 658,5 кг
13. Џанкарло Физикела (Ферари) – 661,5 кг
14. Себастијан Буеми (Торо Росо) - 665,4 кг
15. Казуки Накаџима (Вилијамс) – 695,7 кг
16. Роман Грожан (Рено) – 691,8 кг
17. Фернандо Алонсо (Рено) – 689,5 кг
18. Витантонио Лиуци (Форс Индија) – 682,5 кг
19. Тимо Глок (Тојота)**
20. Марк Вебер (Ред Бул)**
** ќе стартуваат од бокс
f1almanah.com
-------------
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 20:39
Фетел убедлив во Јапонија
Себастијан Фетел со Ред Бул ги задржа шансите за освојување на титулата по успехот на трката за Големата Награда на Јапонија која се возеше на пистата во Сузука.
Батон денеска заврши едвај на осмата позиција по што борбата за трофејот остануива отворена. Втор на целта дојде Јарно Трули пред Луис Хамилтон, ферарито на Кими Раиконен стигна до четрвртата позиција а Нико Розберг до петата, понатаму следуваа Хајфилд, Барикело, Батон, Кубица, Алонсо ...
Во генералниот пласман Батон води со 85 поени пред Барикело кој има 71 и Фетел со 69 но до крајот има уште само две трки.
Уште од самииот старт Фетел кој воедно ја освои и полпозицијата тргна напред и не им дозволи на своите конк*ренти да го следат и да ја загрозат неговата прва позиција во текот на целата трка.
Денешната трка во Јапонија воглавно беше мирна без многу претекнувања на стазата туку војната главно се водеше во боксовите исто така изненадувачки, во однос на вчерашните квалификации денеска немаше некои поголеми излетувања освен она на Хајме Алгуерсуари од Торо Росо на 10 круга пред крајот, излтувањето не донесе некоја посериозна повреда кај пилотот единствено на патеката мораше да испадне сигурносното возило.
sportdenes.com
-------------
|
|