IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонскиот јазик и македонската азбука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонскиот јазик и македонската азбука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 146>
Автор
Порака
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 19:55
Буги, тебе или не ти одговара да погледнеш објективно на нештата, или гледаш преку капаци! Како прво, која руска граѓанска азбука ми те мачи тебе?! Единствените руски букви кои Бугарите ги користат и ден денес се Я и Й, останатите се од Св. Климент, вклучително и Ъ!

Што се однесува до она „...од крајот на 18 век и почетокот на 19 век за да кулминира на АСНОМ...“ всушност јас би рекол, официјално почнува во 1913 година, бидејќи тогаш за првпат во Македонија почнале да се користат љ, њ, џ, и ј, пред тоа тие не биле користени од ниеден македонски преродбеник, вклучувајќи го и Мисирков.

Што се однесува пак до јазичните комисии и АСНОМ, Блаже Конески не бил ништо друго освен србокомунистички апартчик бе пријател. Типична крагуевачка школа. Од своите претпоставени бил испратен со задача да го воведе српското писмо, што и се гледа од овој извадок од стенографските белешки на првата јазична комисија:



За оваја наша работа постои големо интересуење, има многу други луѓе што се интересуват за овоа питање. И сметам, оти кај нив има мнозина кои не се сложуат со досегашните мнениа. Да се измислуат нови букви не е проста и лека работа и затова не треба да се упуштаме во това пред добро да размислиме. За да измислуваме нови букви, треба да најдеме јаки и здрави разлози оти старите букви не чинат. А старото е проверено со пракса. Ако имаме извесна навика со употребата на една азбука, а да измислуваме нови букви само за това да се нашата азбука разликуват од некоја друга азбука, това е многу слаб разлог... Ако ја земеме српската кирилица, пак нашиот јазик ќе си остане македонски... Повеќето македонски народ денеска е писмен со Вуковата азбука и ако не ги земеме тие знаци, мнозина ќе останат неписмени...‘

Но тоа очигледно не му успева, бидејќи комисијата го донесува ова решение :





Испаничени од ова решение, србоманите креваат паника, и Страхил Гигов смислува изговор за наводно консултирање со руските лингвисти Бернштајн и Державин, а всушност купувал време додека да се потсоберат и други апартчици и на втората комисија да се усвои СРПСКАТА кирилица, значи не Ќ и Ѓ туку Ћ и Ђ . Откако се кренала голема прашина околу тоа, свикана е и третата комисија и на неа со живи маки било донесено денешното „компромисно“ решение.

Еве што мисли Д-р Стојан Ристевски за работата на комисиите:



Д-р Стојан Ристевски, кој подолго време истражуваше како е создаден македонскиот литературен јазик, смета дека првата јазична Комисија била најквалификувана, зашто во неа од 11 члена - осуммина биле филолози со подолго работно искуство, еден поет и само еден политичар, кој бил и добар познавач на македонскиот јазик. Втората комисија била партиска. Во третата Комисија од 10 члена само тројца биле филолози, без ниеден доктор на наука, еден незавршен студент- филолог, еден поет, двајца публицисти, двајца новинари и едно воено лице. „Првата комисија се' понесла професионално, давајќи ги своите ставови во дефинитивна форма. Досега неправилно и неправедно е оцрнувана таа, препишувајќи и' го нејзе ставот на Президиумот на ЦК КПМ за барање руска помош“, смета тој.

Еве уште еден извадок од тој линк кој веќе неколкупати го постирав тука:

Се тврди дека Македонија со сопствени сили не е во состојба да го реши тоа прашање како што треба и дека се појавиле разни тенденции што можеле лошо да се одразат врз политичкиот живот на македонскиот народ. „Разни елементи, кои уште не сраснале со Федеративна Југославија, би го искористиле и се обидуваат да го искористат прашањето на нашата азбука за да внесат раздвојување на нашиот народ и да го оддалечат од Федеративна Југославија“, стои во писмото. Промакедонските кадри биле тие елементи кои не сакале да биде прифатена српската азбука, меѓу кои бил и Венко.     


Тогаш работата во свои раце ја зел Агитпроп на ЦК КПМ и во расправите што се воделе учествувале и партиски раководители. Во знак на протест д-р Ѓорѓи Шоптрајанов одбил да работи во Втората комисија, а Венко Марковски, иако не се согласувал со нејзиното формирање, сепак, останал да работи во неа. Како што истакнува д-р Стојан Ристески, тој категорично бил против употребата на српските букви Ѓ и Ќ ( Ђ и Ћ ) и побарал неговото мислење да се издвои, но на тоа се спротивставила Лилјана Чаловска, барајќи од него по секоја цена да го брани заедничкиот став и да се покорува на дисциплината.


Што тука не е јасно? Очигледно е...

Изменето од Владо - 15.Август.2009 во 20:05
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 20:08
Многу убаво треба да простудираш за да може да проценуваш капаци - Бугарската азбука која денес ја користат Бугарите како литературна е земена од Русите која е наречена Руска граѓанска азбука,истата азбука има една единствена промена 1945 год и тоа по директива на Руските научници да го приближат Бугарскиот до Рускиот а да го одалечат од Македонскиот.

А од кога Љ Њ Џ Ѕ Ќ Ѓ ги користи Пулески или тој ги измислил истите букви - Тетовскиот дијалект не ти е познат изгледаголема%20насмевка

И пак небулози и прераскажувања - се уплашиле Србите затоа зошто Бугарите ја окупирале Софија - што има тука очигледно - што не ти е јасно всушностзбунетост

Пак ке повторам - еволуцијата на самата азбука неможеш да ја обележуваш како србоманска,бугарофилска или моменталнабидејки за да таа постигне АСНОМска кулминација има поминато повеке од 150 год творештва - се останато што тврдиш е смешнонамигнување
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 20:25
Абе знам јас што значи „руска граѓанска азбука“ туку ти викам, што има руско во нејзе освен Я и Й? Тоа да му го кажеш на некој Русин ќе ти се смее. Таа азбука е за првпат воведена од Св. Климент, во Охрид!

Од Пулески немам читано ништо во оригинал, приложи, па да анализираме. Сега за сега се што можам да приложам е ова:

љ, њ, џ



Изменето од Владо - 15.Август.2009 во 20:26
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 20:46
Originally posted by Владо Владо напиша:



Од Пулески немам читано ништо во оригинал, приложи, па да анализираме.


Imame tema za Pulevski, toj ja prifakja azbukata na Vlkan Karadzhovski kako "nasha"
(se izvinuvam za latinicata, mal tehnichki problem)
Originally posted by чоли чоли напиша:

http://damj.manu.edu.mk/materijali.html


Изменето од cercetator - 15.Август.2009 во 20:48
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 23:54
ДА за Пулески има тема посебна затоа нема да давиме тука,ке додадам само дека значи ти владо не си разгледал убаво затоа и не ја разбираш самата еволуција на Македонската азбука.

И немој сега финти Русите користеле Македонски букви,ај да го вратиме ако не глаголичното писмо,тоа е најизворно Македонско,може биле св.Климент и св.Наум Србомани што ја промениле азбуката на нивните учители
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 09:23
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Originally posted by Владо Владо напиша:


линк


Што се однесува до дијалектите, ај што неправедно се осакатуваат дијалектите од Вардарска Македонија, туку на овој начин се откажуваме и од дијалектите во Егејска и Пиринска.


За Вардарска и Егејска Македонија не знам, ама за Пиринска - сигурно. Ако еден пирински Македонец треба да учи македонски јазик, за него тој ќе биде како странски јазик, главно од лексикален аспект. Од ЛИНКОТ најдов следните зборови, кои ќе му бидат неразбирливи. Може некои да се од вардарските дијалекти, но се неразбирливи.

контроверзиите, дефинитивно, седницата, одлука, јавноста, стручњаци, настаните, состојбата, образложил, искористиле, заедничкиот став, наишло, инсистирал, истражуваше, занесот, цврсто, сложуат, здрави разлози, пракса,



Ајде ќе те молам да ни дадеш толкување на излистаните зборови на источно македонски (присирнски) дијалект?

Еве ти ги толкувањата на ти зборови на македонски јазик или нивните синоними.
          
Контраверзен - матен, нејасен, нечист,скоро нелегален
Дефинитивен - краен, неспорен, конечен            
Седница - состанок, конфернеција, заседание
Одлука - решение
Јавно(ст) - отворено, транспарентно, достапно на широките народни маси
Стучњаци - експерти, луѓе со високи достигнувања во својата струка
Настани - случки
Состојба - положба, пресек позиција на нешто или некого во даден момент
Образложува - толкува, изјаснува, објаснува
Искористил - од корист, некој нешто добил,стекнал
Заеднички став - заедничко мислење
Наишол - Поминал, свратил, дошол
Инистира - настојува, упорност, тврдоглавост
Истражува - испитува, пронаоѓа, чепка, копа
(во смисол да дојде до некоја вистина, податок или пронајдок)
Занес - транс, замајана состојаба
Цврст - јак, тврд, темелен, солиден
Не сложуат, туку сложуваат - да калапат или
ставаат нешто едно врз друго или пак да се се согласуваат по однос на некој став или прашање
Здрави разлози (разлог е србизам)- разлог
на македонски е причина но во овај контекст
јас би рекол задрава основа, здрави постулати
Пракса - рутина, нешто што станува нормална постапка при обавување на работните задачи илидел од секојденвието

Јас неможам да сфатам дека некој во Пиринска Македонија кој има соодветно образование би имал проблем да ги разбере овие зборови. Ако ништо друго би добил јасна претстава од самиот контекст на реченицата. Проблемот може да настане само тогаш кога зборот ќе се слушне за прв пат. Кога луѓето тој ист збор ќе го слушнат по втор пат, верувам, ќе имаат чувство дека тој проблем во суштина и не постоел.

Меѓутоа ова е само уште една потврда дека на луѓето на кои не им било дозволено да го изчуваат литературниот Македонкси јазик, со жалење морам да констатирам, заостанале во својот развој. Нивното ниво на комуницирање останало на ниво на локалниот дијалект. Во такви услови каде недостигот на ресурси е евидентен и каде се чувстува силна опресија врз нивниот национален и културен идентитет неможе ништо друго ни да се очекува.

Македонците и во Грција и во Бугарија, а и било каде да се во светот, доколку не им се обезбедат елементарните услови за изучување на мајчиниот јазик, тие луѓе ќе бидат поелоквентни на грчки, бугарски, англиски.....

Нивниот македонски јазик ќе биде на нивото на дијлект односно на регионот од каде доаѓаат нивните родители.

Жално, ама вистинито! Сега некој душегрижник ќе развива теории или ќе се лути зошто безгласната буква била пропуштена?! Ајде ќе ве молам, неможеме да ги видме дрвата, а шумата ни е пред нос.
       
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 09:41
Originally posted by Владо Владо напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Политподобност?! Гледај, некој сметал дека таа буква е непотребна, а јас со тоа наполно се согласувам. Верувам дека и мнозинството во Македонија (не само рпубликата)го дели моето мислење по таа непотребна буква.

Сметам дека само бугарофилите имаат имаат проблем со тоа дека некој “озгора“ решил така. Наполно ги разбирам од кои причини се соочуваат со тој проблем.

....
Со оглед дека си загрижен за состојбите во македонскиот јазик и воопшто правописот, ајде приложи го твојот предлог? Дај да видиме какви ти тоа решенија нудиш?

Па ако има консензус, ќе побараме да се распише и референдум. Па народот нека каже, а не некој озгора да ни налага.


Не се правам покомпетентен од доктори на науки по тоа прашање, и луѓе со искуство во филологијата. а кои го донеле ова решение:



А оние што имале проблем со тоа решение се осведочени србомани, како Блаже Конески, тој тоа не го ни криел, Страхил Гигов, кој го организирал убиството на Кочо Рацин, понатаму Темпо, знаеш кој бил тој, нели? Ѓилас?! Со овие ли луѓе ти се согласуваш?


Други не ценат, а самите себе не!

Длабоко нурнување во македонството


„Граматиката на македонскиот јазик“ на Блаже Конески оценета од големиот европски лингвист Нуло Миниси
Трајко Стаматоски

Појавата на „Граматиката на македонскиот јазик“ на Блаже Конески означи настан во нашата наука за јазикот. Беше неочекувано, во еден краток период од само седум-осум години од кодификацијата на литературниот јазик, да се појави обемна, научно фундирана граматика на тој јазик. Природно, Граматиката предизвика жив интерес, не само во нашата туку и во светската научна славистичка јавност, па се појавија многу брзо прикази, а и посериозни осврти на нејзините достоинства, во угледни домашни и странски научни списанија.

Сега, по една дистанца од половина век од појавата на Граматиката на Конески, доаѓа, како круна, оцената на сите нејзини сегменти од големиот европски лингвист Нуло Миниси. Оваа своја книга големиот автор ја најави пред десетина години во свое интервју. Тогаш тој ја искажа и својата есенцијална мисла: „Никогаш не ќе можам да не го истакнам фактот дека Конески беше голем македонски лингвист и голем македонски поет. Лингвистите треба да научат: јазикот треба да се сфати со интуиција, не на лингвист, туку на поет, меѓутоа и многу вреден работник. Да ја напишеше македонската граматика некој друг, ќе немавме македонска граматика - ќе имавме сосема спротивна граматика, според некои теории од генералната и деформираната реторика, според шеми од латинската или од француската граматика. Конески, со интуицијата на уметник и со интелигенција на лингвист, знаеше да му го даде на македонскиот јазик неговиот вистински изглед. Ова е факт што никој не треба да го заборави“.

Миниси се зафаќа со разгледување на начините на настанувањето на националните јазици. Тука е Миниси во свои води, го знае прецизно настанувањето на многу јазици (балкански, словенски, европски) па му е лесно да прави споредба со настанувањето на повеќе јазици, да ја гледа различноста на настанувањето на македонскиот модерен јазик и токму во таа различност да ја смести „исклучителноста на ликот на Конески“. Тука Миниси и ја доразвива својата мисла за Конески како поет и лингвист: „Конески, човек од науката, ја отфрла затворената концепција на лингвистите и се зафаќа со разгледување на проблемите на јазикот, во сите негови правописни и граматички особености, со жар и со интуиција на писател“.

За македонската наука за јазикот е многу значајно што Миниси им посветува посебно внимание на специфичностите на македонскиот јазик. Многу често ги подвлекува суштинските разлики во определени сегменти меѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Тоа е негов одговор на приговорите за самостојноста на македонскиот јазик што доаѓаат од некои злонамерни поединци однадвор, односно на приговорите на одделни решенија на нормите на литературниот јазик од такви однатре што не можат да се пофалат со компетентност во проблематиката.

Природно, провејува понагласено мислата на Миниси за Конески како поет и граматичар. Тој самиот соопштува дека неговата книга „е резултат не само на внимателно набљудување туку, пред се', на она навлегување во јазикот што е овозможено со помош на интуицијата на книжевникот потхранувана од филолошко искуство“. Мене пак ми останува да го кажам истото и за Миниси: не го оценува Конески застарен граматичар, туку исто така човек што има високи знаења за поетиката и воопшто за уметничката реч.

Не ќе беше доследен Миниси, ако во последниот поздрав не го изнесеше и својот порив за пишувањето на својата книга и не заклучеше: „По половина век, откако целта на Конески е во целост исполнета, се наметна потребата неговото дело да се заокружи со една типолошка анализа која ќе ја изнесе на виделина генијалноста на интуицијата на поетот граматичар и на посебноста на македонскиот јазик“.

Што ми останува мене да кажам?

Ми беше привилегија да пишувам за двајцата големи лингвисти и искрени пријатели Конески и Миниси: за првиот, зашто напиша „Граматика на македонскиот јазик“ што опстојува повеќе од половина век и што тешко ќе може да се надмине во релативно блиска иднина; за вториот, зашто викна во срцевината на делото, зашто не го гледаше него како научен продукт, туку и како уметнички а, во крајна линија, и како израз на македонството широко сфатено. Така може да општат меѓу себе со оваа граматика само луѓе што имаат сериозна научна подлога, но и изострен уметнички вкус.

Едно е сигурно. Секој сериозен проучувач на граматичкиот систем на македонскиот јазик во иднина ќе мора да тргнува од „Граматиката на македонскиот јазик“ на Блаже Конески, но и од погледите на Миниси за неа, изложени минуциозно во делото „Блаже Конески - поет и граматичар и типологијата на македонскиот јазик“.


Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 09:54

153 Решение на Секретариата на ЦК на БКП за избор на проф. Рикардо Пикио и проф. Нуло Миниси за почетни доктори на СУ. маш. 10.06.1980 1  


бе комунизам бе

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 10:13
Originally posted by да          бе да          бе напиша:

<table border="2" cellspacing="0" width="615"><t><tr valign="top"><td><font face="Times New Roman" size="3">153</td>
<td><font face="Times New Roman" size="3">Решение на Секретариата
на ЦК на БКП за избор на проф. Рикардо
Пикио и проф. <b style="color: black; : rgb(255, 255, 102);">Нуло <b style="color: black; : rgb(160, 255, 255);">Миниси за почетни доктори
на СУ. маш.</td>
<td><font face="Times New Roman" size="3">10.06.1980</td>
<td><font face="Times New Roman" size="3">1</td>
<td> </td></tr></t></table>бе комунизам бе


Сигурен сум дека биле и членови на ЦК на БКП. И двајцата имаат оригинални бугарски имиња.

Колку што мене ми познато бугарскиот став према Македонија е непромелив. Комунизам, Фашизам, Социјализам, Хегемонизам или Парламентарна демократија неправи никаква разлика.

Слаби ти се аргументите со кои ќе можеш да го дескредитираш професорот Миниси.

Пробај нешто друго!


Изменето од Platenik - 16.Август.2009 во 10:14
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 10:26
другу немам
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 11:41
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

ДА за Пулески има тема посебна затоа нема да давиме тука,ке додадам само дека значи ти владо не си разгледал убаво затоа и не ја разбираш самата еволуција на Македонската азбука.И немој сега финти Русите користеле Македонски букви,ај да го вратиме ако не глаголичното писмо,тоа е најизворно Македонско,може биле св.Климент и св.Наум Србомани што ја промениле азбуката на нивните учителигазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење


Абе Буги, па нели ти беше заговорник на идејата дека и Полјаците и Чесите се’ се тоа Македонци, само што тие не знаат

И во секој случај не можеш да го споредуваш Св. Климент со Св. Блаже Конески- првиот е инвентор, а вториов полтрон!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 11:43
По твојата логика и дваицата би биле полтрони - а никогаш не сум кажал дека некој освен Македонците е Македонец,Македонизиран е тоа е веке друг муабет има таква теманамигнување
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 11:46
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Жално, ама вистинито! Сега некој душегрижник ќе развива теории или ќе се лути зошто безгласната буква била пропуштена?! Ајде ќе ве молам, неможеме да ги видме дрвата, а шумата ни е пред нос.
       


Ех, абе улогата на душегрижник ја играш ти, а не јас! Што се вели, од петни жили се трудиш да одржиш нечиј мит. Вистината за Конески допрва ќе испливува...Но, како и да е, по вторпат ќе ти кажам, таа буква не е безгласна, таква ја направија србокомуњарите, тој глас постои во македонскиот јазик, и тоа во сите дијалекти, вклучувајќи го и централно-западното наречје.
Кон врв
Владо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Владо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 11:48
Буги, која буква ја измислил Блаже Конески, ајде кажи ми? Па нему му пречеле и нашите Ќ и Ѓ, а пак што да се каже за Ъ!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.