Испечати | Затвори го прозорот

Македонскиот јазик и македонската азбука

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15954
Датум на принтање: 29.Март.2024 во 16:29
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Македонскиот јазик и македонската азбука
Постирано од: Boogie
Наслов: Македонскиот јазик и македонската азбука
Датум на внесување: 20.Март.2008 во 19:27
The%20image%20“http://files.myopera.com/ancientmacedoniansscripts/albums/331304/indoe_european_languages_01.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство



Коментари:
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 10:22
Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во реонот на Корча во Албанија каде што живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO.

Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенскоголема%20насмевка

     Дијалекти на македонскиот јазик.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/1e/Makedonski_dijalekti-prilagodeno.png



Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па се до Егејското Море (или Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е поспориот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборење, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти Има над 3 милиони говорници.
    Правопис на македонскиот јазик.

Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.

Македонскиот јазик во пописната регулатива

Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример:

    * Во пописните инструкции од 1910 година, во секцијата "ABILITY TO SPEAK ENGLISH" став 137. стоело "Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be.", - „Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]

    * Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.[4]

    * Во пописните инструкции од 1930 година македонскиот јазик повтроно е на листата со странски јазици како посебен јазик.[5]

Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското опшество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: ThrakerAnticki49
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 13:38
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

„Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]   



т.е. каков јазик говори соодветниот Македонец.


-------------
Beitrag von iGENEA
Bulgaria:
49% Thraker
15% slavs
15% hellenen
11% macedonian
5% pheonician


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 13:42
Originally posted by ThrakerAnticki49 ThrakerAnticki49 напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

„Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[3]   


Т.е. каков јазик говори соодветниот Македонец.



Не тоа е административна грешка која подоцна е исправена - ако прочиташ подолу ке видишнамигнување


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Microsoft VBScript runtime error '800a005e'

Invalid use of Null: 'Replace'

/functions/functions_format_post.asp, line 1090