IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонскиот јазик и македонската азбука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонскиот јазик и македонската азбука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 146>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 16:43
Локалитетите близу до селото Осинчани, на околу 13,0 км воздушна линија јужно од центарот на Скопје, изобилуваат со исклучително специфична материјална култура, која сведочи за долг континуитет на живеење на овие МАКЕДОНСКИ ПРОСТОРИ. На локалитетот “Дабје” е регистрирана веројатно надгробна плоча (1,20 х 0,60х 0,10) со барелјефна композиција во вид на стилизирана еленска глава со нагласени очи и нос (Сл. 1) што по својот општ ликовен третман асоцира на мотивите од скулптурите  на лепенсковирската уметност. На самиот врв на планината Црна Лома или Илина Гора, веднаш над селото Осинчани, се зачувани мегалитски структури во вид на ДОЛМЕНИ,кои формираат светилиште, т.е. првобитен организиран затворен простор, заграден од трите страни со карпи и покриен со поголема масивна карпа. Кон светилиштето води “патека” обложена со поголеми необработени камени блокови.

Во непосредна близина на светилиштето се регистрирани повеќе натписи на карпи и камења со асоцирање на симболичка претстава на соѕвездијата “Скорпија”, “Вага”, “Змееносец”, “Овен”, “Риба”, “Крст” итн., а на поголема карпа со димензии 3,80 х 2,85 м има и изгравиран круг со дијаметар  1,35 м и екцентрично издлабена дупка со дијаметар околу 8 см во површината на кругот кои фактички заеднички формираат ПЛАНЕТАРЕН ЗНАК НА СОНЦЕТО. На јужната страна на Црна Лома или Илина Гора, на локалитетот “Присој”,се регистрирани уште две светилишта во вид на ДОЛМЕНИ, од кои едното со својата просторна организација го симболизира соѕвездието “Стрелец” и има елементи на нагласена КОСМОГРАФИЈА, т.е. просторна организација во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со ЦЕНТРАЛЕН КРУГ со дијаметар околу 3,50 м. Во близина на СРЕДНОТО СВЕТИЛИШТЕ постои натрупан крш од црни карпи поради што и планината го добила името ЦРНА ЛОМА. Во непосредна близина на трите  светилишта (Горно, Средно и Долно) се регистрирани најмалку 27 надгробни камења и карпи со СОЛАРНА, АСТРОЛОШКА или КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА и со НАТПИСИ напишани со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Нивната содржина е разновидна, ПИСМОТО е релативно ДИСЦИПЛИНИРАНО, а ТЕКСТОВИТЕ се напишани главно ОДДЕСНО НАЛЕВО, ОДГОРЕ НАДОЛУ или КОМБИНИРАНО.   Имајќи предвид дека ДОЛМЕНИТЕ во ЗАПАДНА ЕВРОПА се подигале меѓу III и II илјадолетие п.н.е., а првите МЕГАЛИТСКИ СПОМЕНИЦИ во Бугарија, т.е. оние во планината САКАР и  Источните Родопи, бугарските научници ги поврзуваат со појавувањето на ТРАКИЈЦИТЕ (1.900 - 900 г. п.н.е.), та знаејќи дека таканаречената мезолитска и ранонеолитска култура на Лепенски Вир се датира со 7.000 - 5.500 г. п.н.е., тогаш добиваме една можна апсолутна хронологија за НАТПИСИТЕ од ОСИНЧАНИ од 7.000 до 1.000 г. п.н.е. Секое подетално датирање на натписите од Осинчани и на други елементи од материјалната култура ќе треба да резултира од соодветни научноиспитувачки работи, а тоа одделно се однесува за индикациите за постоење на предкерамички населби. Меѓутоа, со оглед на фактот што на локалитетот “Церје” близу до соседното село Говрлево се пронајдени НАТПИСИ и КОСМОГРАФИЈА НА КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТ од 6.000 г. п.н.е. и на БРОНЗЕН ПЕЧАТ од 1.500 г. п.н.е. , тогаш се наметнува сознанието дека еден дел од натписите  и космографијата од Осинчани потекнуваат од крајот на мезолитот и раниот неолит (7.000 - 6.000 г. п.н.е.) и тоа оние од помонументалните карпи и одделни споменици, додека надгробните споменици и одделните летописи каде што се споменуваат ТРАКИЈЦИТЕ,  вклучувајќи и некои од МЕГАЛИТСКИТЕ СТРУКТУРИ, веројатно потекнуваат од 1.900 до 900 г. п.н.е., доколку неопходните испитувања со С 14 не покажат некои поинакви резултати. 

Меѓу постарите натписи од Осинчани спаѓа и ПРЕДВЕДСКИОТ НАДГРОБЕН СПОМЕНИК (Сл. 4) изведен од камен со неправилна форма и приближен габарит 2,0 х 1,20 м, со одделно денивелирани површини и јасна КОСМОГОНСКА, КОСМОНОМСКА и МИТОЛОШКА СЕМАНТИКА со ПРЕДВЕТСКА ПРЕТСТАВА на тројството на нивоата на ВЕДСКИОТ ПАНТЕОН (Небески, Земски и Подземни богови), каде што на одделно оформена партерна композиција и добро изделкана коса површина е издлабен следниов паисториски МАКЕДОНСКИ ТЕКСТ
osincanistonescript
кој, декодиран оддесно налево и соодветно транскрибиран со писмени знаци на современата македонска азбука, гласи “КРЕШТ СЕ СИ У ЛТ СЛ С ИЉУ”, а во превод на современ македонски јазик ќе рече “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САЛ СО ИЉУ”, односно “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО” што секако ги има и следниве можни конотации : “КРЕСКАЈ СЕ! СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО” и “КРЕСКАЈ СЕ, СИ ВОЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО!”. 

Како аргументи во прилог на нашето тврдење дека постоела праисториска популација на Балканот и Подунавските земји, која денес може да се идентификува со современиот поим “ПРАСЛОВЕНСКА”, треба да се земат предвид и таканаречените ПРАИСТОРИСКИ ПЕЧАТИ. Досега од страна на унгарскиот академик Јанос Макај се прибрани, систематизирани и објавени 311 праисториски КЕРАМИЧКИ И ГЛИНЕНИ ПЕЧАТИ од Алпите до Урал и од Унгарија доПелопонез на кои главно е регистрирана СИМБОЛИКА СО ВЕДСКА МИТОЛОГИЈА и која одговара на КУЛТУРАТА на КУЛТОТ НА СОНЦЕТО и КОСМОСОТ, на некои печати има лигатури на “АУМ” или натписи со знаци на таканаречено ТАЈНО МАКЕДОСКО ПИСМО, а некои КЕРАМИЧКИ ПЕЧАТИ имаат ПРАИСТОРИСКИ ТЕКСТОВИ напишани со ДРЕВНА МАКЕДОНСКА АЗБУКА и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 02:08
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1606&ArticleID=106300

Тешкотијата беше во тоа што немав од каде да видам како ќе го сторам тоа; тие нешта беа сосема нови за нашиот јазик.

како тоа во литературниот jaзик имало сосема нови за jaзикот работиизненадување
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 12:03



Изменето од Македон - 29.Септември.2009 во 17:43
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 13:16
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:





Читај се што е напишано на 69 стр. и на следните стр. од

КНИГАТА

Види што напишал и Томиќ за јазикот.



Изменето од Македон - 29.Септември.2009 во 17:47
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:00
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:





Читај се што е напишано на 69 стр. и на следните стр. од

КНИГАТА

Види што напишал и Томиќ за јазикот.



Да, ама напишал дека се тоа што се случувало е поради пропагандата и силните црковно-народни врски, па дури ако продолжиш да читаш, страна 70 па и понатаму, нема да ти се допадне.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:06
Прочитав ги, авторот дури не одбележал како се викала книгата на Миладиновци. Не е запознаен со спецификата на проблемот, раскажува едностранно.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 18:17
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Прочитав ги, авторот дури не одбележал како се викала книгата на Миладиновци. Не е запознаен со спецификата на проблемот, раскажува едностранно.


Авторот е доста јасен, одлична анализа има направено, ако некому не му се допаѓа, тоа е друга работа. А и понатамошната анализа пак и не се однесува на јазикот, затоа и не коменитрам овде.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 14:52
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Мојата теза за ова статија за сега е следнава

Преводот во статијата на „Нова Македонија“ е погрешен.

Μακεδονικής Οργανώσεως επιτροπή мислам не е комисија од страна на Македонската организација, туку Македонски организационен комитет, т.е. комитет или комисија кој ќе организира напишувањето на Граматиката и воведувањето на македонскиот јазик во ушилиштата.
Групата од 7 професори може да биде групата на Чуповски, имајќи предвид дека токму тој се појавил во Македонија, а организацијата му ставила пиштол во устата.

Сепак јасно е дека станува збор за обид за кодификација на македонскиот народен јазик во еден македонски стандарден јазик!


Сето тоа со Граматиката е дело на Чуповски, а не на Организацијата.


Двајца членови на Другарството, со дозвола од турските власти, заминуваат во Македонија за да работат врз подготовките за отворање македонски училишта. Сигурно знаеме дека барем 34 села од Македонија изјавиле писмена желба да им се воведе мајчиниот македонски јазик во училиштата. За таа цел се готви и учебната литература. Во пролетта на 1905 година доаѓа во Македонија и самиот претседател Д. Чуповски и цели три месеци престојува во Солунско, Скопско и во Велешко и прави конкретни чекори за отворање македонски просветни институции. Меѓутоа, во моментот кога балканските монархии со крвави четнички акции се впуштија да печалат „нуфузи“ во Македонија, кога ВМРО беше мошне дезориентирана и дезорганизирана, кога во Белград беше обновен Македонскиот клуб и почна да излегува весникот „Автономна Македонија“, а Мисирков во Одеса го готвеше првиот број на првото научно-литературно списание на современиот македонски јазик, акцијата на Димитрија Чуповски со сила беше спречена и тој мораше да ја напушти татковината за да си ја спаси главата.

Време
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 16:41
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Мојата теза за ова статија за сега е следнава

Преводот во статијата на „Нова Македонија“ е погрешен.

Μακεδονικής Οργανώσεως επιτροπή мислам не е комисија од страна на Македонската организација, туку Македонски организационен комитет, т.е. комитет или комисија кој ќе организира напишувањето на Граматиката и воведувањето на македонскиот јазик во ушилиштата.
Групата од 7 професори може да биде групата на Чуповски, имајќи предвид дека токму тој се појавил во Македонија, а организацијата му ставила пиштол во устата.

Сепак јасно е дека станува збор за обид за кодификација на македонскиот народен јазик во еден македонски стандарден јазик!


Сето тоа со Граматиката е дело на Чуповски, а не на Организацијата.


Двајца членови на Другарството, со дозвола од турските власти, заминуваат во Македонија за да работат врз подготовките за отворање македонски училишта. Сигурно знаеме дека барем 34 села од Македонија изјавиле писмена желба да им се воведе мајчиниот македонски јазик во училиштата. За таа цел се готви и учебната литература. Во пролетта на 1905 година доаѓа во Македонија и самиот претседател Д. Чуповски и цели три месеци престојува во Солунско, Скопско и во Велешко и прави конкретни чекори за отворање македонски просветни институции. Меѓутоа, во моментот кога балканските монархии со крвави четнички акции се впуштија да печалат „нуфузи“ во Македонија, кога ВМРО беше мошне дезориентирана и дезорганизирана, кога во Белград беше обновен Македонскиот клуб и почна да излегува весникот „Автономна Македонија“, а Мисирков во Одеса го готвеше првиот број на првото научно-литературно списание на современиот македонски јазик, акцијата на Димитрија Чуповски со сила беше спречена и тој мораше да ја напушти татковината за да си ја спаси главата.

Време


Дури и да е дело на Чуповски, сепак барем 34 села барале настава на македонски јазик! На ова намерно се осврнувам, за да те потсетам на барањата од Костур и костурските села во 1892 година!
А во тоа време Организацијата била мошне дезориентирана и под големо влијание на десницата, па затоа и се случило подоцна тоа што се случило!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:03
Македонскиот СветиКлиментов универзитет зазема значајно место во македонската национална и културна историја.
Со својата плодотворна дејност забележа и остави вечен одблесок во македонската просвета, книжевност, уметност и култура.
Светиклиментовиот универзитет не е само прв македонски универзитет, туку има и пошироки размери и претставува и прва македонска Академија на науките и уметностите.

Поттикнат од неодамнешната изјава на премиерот Никола Груевски за иницијативата за возобновување на Светиклиментовиот универзитет во Охрид, господинот Ванѓелко Лозаноски повторно проговори за историјата на овој многу значаен универзитет, кој долги години беше заборавен и игнориран од безброј неразјаснети причини.
Соочен со желбата, копнежот, потребата и неминовноста да ги обелодени неговите истражувања за македонската национална и културна историја, книжевната и уметничката традиција, кои неминовно биле поврзани со Охридскиот универзитет, господинот Лозановски го создава делото
"Македонскиот Светиклиментов охридски универзитет".

Оваа книга претставува единствен труд во кој на едно место, во една книга е конципирана севкупната проблематика на, од историски, културен, уметнички и литературен агол, многу значаен период за Македонија во времето на нејзиното постоење од најстарите дни сè до IX век.
Таа изобилува со факти инкорпорирани во материјалите кои се подредени систематски.

Во "Македонскиот Светиклиментов охридски универзитет" авторот почнува со поглавјето "Македонска држава од пред 2811 години - земја просветителска", односно ја третира културно книжевната традиција на античките Македонци.
Потоа говори за Брегалничката школа, па за создавање на глаголицата, просветителската и книжевната дејност на Кирил и Методиј, за Моравската мисија, за Свети Климент и Свети Наум и секако за Македонскиот светиклиментов универзитет.

"Кога се вработив како професор по македонски јазик и литература - вели господинот Лозаноски - како да имав завет она што не го кажале нашите професори, нашите доктори на науки да го откријам јас.
Избирав интересни теми кои беа континуитет на македонската културна, просветна и уметничка традиција.
Мислев дека недостасуваат многу работи.
Почнав со Слепчанскиот книжевен центар кој се простирал околу Демир Хисар и во близината на манастирот.

Открив дека во XVI век манастирот претставувал книжевно жариште не само за Македонија, туку и многу пошироко.
Се прашував од каде од планинските венци од Демирхисарските планини може да постои едно културно жариште.
Проникнувајќи по литературата, по архивите, музеите и библиотеките постепено ги откривав корените.
Тогаш сè подлабоко мислата ме носеше кон Охрид.
Тоа ми даде многу можности методолошки да проникнам во културниот континуитет на Македонецот и на македонските уметнички вредности.

Запрашан за Охридскиот универзитет си поставив главна цел дека морам да создадам дело токму за него.
Оваа идеја почна со голем ентузијазам за да се докаже нешто што дотогаш само се спомнуваше во литературата.
Цел ми беше да ги побарам неговите развојни корени од основањето, неговото работење и неговите одблесоци во тој период, кои и ден денес зрачат".

ПРОНИКНУВАЊЕ

За таа цел господинот Лозаноски проникнал во античката македонска просвета, при што открил дека во античка Македонија, по создавањето на писмото, било овозможено античките Македонци да создадат своја држава.
За него многу е интересен фактот дека ниеден историчар не навлегол во реалноста дека не може да се создаде ниту една држава без основање на сопствен јазик и писмо. Античките Македонци сè тоа го имале.

"Основањето на писмото било можност да се основа една античка македонска држава. Се прашувам зошто никој подлабоко не проникна кога станува збор за јазикот на античките Македонци.
Тоа е изоставено прашање, но основањето на државата јасно зборува дека македонскиот јазик преминал во книжевен јазик, при што се создало писмото.
Овој континуитет не престанал.

Веќе во средниот век, во Македонија, Методиј заедно со неговиот брат ја основале најпрво Брегалничката книжевна школа, кога ја создале и глаголицата.
Некои научници за таа глаголица велеле дека била создадена по некои други писмени традиции кај другите народи, но најмалку е спомнувано дека основата е од писмената традиција на античките Македонци.
Јазикот континуирано се развивал, што придонело да се создаде нова гласовна азбука која ќе одговара на гласовниот систем на Македонците, особено во Брегалничката област.

Откако почнала книжевната традиција на преведувачка и на оригинална творечка дејност во Брегалничката школа поради навлегувањето на Бугарија, Методиј морал да ја напушти својата школа и да се префрли на Олимп за да ја продолжи книжевната
традиција.
Но, во тоа време браќата Кирил и Методиј биле европски и светски личности со една голема визија.
Така, Моравската мисија која ја почнале станала предизвик на акција, на борба и воведување на македонскиот, односно на старословенскиот јазик како трет јазик во тоа време, по грчкиот и латинскиот.

Пред да тргнат за Моравија, претходеле бројни подготовки за кои, за жал, во нашата научна мисла не е напишано ниту еден збор.
Во 845 година, кога била основана глаголицата, заедно со своите ученици, кои подоцна станале нивни соработници, тие создале побогато книжевно наследство за христијанството и за црковните книги.
Мисијата одлично била одработена, но никако не е потенцирано дека папата Адриан III ги благословил книгите на Кирил и Методиј, а истовремено официјално бил признат и старомакедонскиот јазик.

Тука не смееме да заборавиме дека Свети Климент и Свети Наум биле ученици на Кирил и Методиј.
Претпоставувам дека тие знаеле повеќе јазици, инаку како би се разбрале со сите оние луѓе каде што тие престојувале.
Најголемата грешка која ние си ја носиме како грев е тоа што се вели дека браќата Кирил и Методиј и Климент и Наум преведувале записи од грчки на македонски јазик", објаснува господин Лозаноски.

КОРЕНИ

Како што потенцира господинот Лозаноски, по Моравската мисија и по прогоните од страна на латино-германските свештеници и по оние промени во Моравија, па и во Панонија еден дел од учениците се вратиле во Македонија.
Меѓу нив бил и Климент Охридски. Многу научници сметаат дека неговото враќање е поврзано со основањето на Охридскиот универзитет.
По тригодишна активна работа се создал добар кадар и се овозможило да се подигне образованието во Македонија.
Учениците од Брегалничката и од Солунската школа биле основа за наставен кадар на Охридскиот универзитет.

Основањето на Охридскиот универзитет не била едноставна работа.
Навистина Универзитетот е дело на Свети Климент Охридски, со седиште во Охрид, каде ги запали факелите на македонската и сесловенската култура и писменост, но не смееме да ја изоставиме големата и сестрана поддршка од Свети Наум Охридски во процесот на засилувањето и зацврстувањето на корените на големата народна Висока школа.

Можеби и не е случајно тоа што подоцна Наум Охридски се вратил во просветителската дејност во Македонија.
"Мене ме воодушевува она што го открив, а тоа е дека во исто време имаме развој на повеќе науки.
Ова го тврдам од едноставна причина што не можеме да зборуваме за развој на богослужба без музика, а додека необразован музичар не може да даде такви возвишени зборови кои навистина се од човековата душа.
Градбата на црквите, манастирите, а и на самиот универзитет е необјаснива, но мораме да потврдиме дека и во тоа време постоела развиена архитектура.
Исто така, биле развиени и сликарството и копаничарството.
Со толку многу развиени науки единствено може да се заклучи дека Охридскиот универзитет бил поразвиен и од денешните универзитети.

Овој универзитет не бил само за оригинално литературно создавање или забележување на записи, преписи и летописи, туку била развиена и преведувачката дејност. Уметноста, сликарството, резбарството, копаничарството, кои се развивале на Охридскиот универзитет можеме да претпоставиме дека е наследена традиција од античките Македонци, затоа што некои работи кои се постигнати во Македонија ги немало никаде во светот", додава господинот Лозаноски.

Според господинот Лозаноски, Охридскиот универзитет никогаш не згаснал.
Во наставниот кадар, покрај Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум се "кријат" плејада анонимни многу квалитетни соработници.
Свети Климент во својот Универзитет подготвил 3.500 ученици, кои ја ширеле словенската писменост во сите православни земји.
Од нивните ученици се основала школата во манастирот "Свети Јован Бигорски", каде што резбата добила интензивен развој.

Понатаму, во манастирот "Света Пречиста Кичевска" книжевноста добила континуитет.
Во XVI век во манастирот во Слепче почнало да се развиваат резбарството и книжевната дејност, а потоа и во Преспанската школа во времето на цар Самуил.
Духот на Светиклиментовиот универзитет се префрла не само во црквата туку и во просветата и се шири низ целиот свет, чии траги се чувствуваат и денес.



Трудот "Македонскиот Светиклиментов охридски универзитет" се појави благодарение на моите рецензенти, соработници и сите оние кои ме мотивираа да истраам и да го победам сомневањето кое често се напластуваше пред моите упорни истражувања и оние кои се сомневаа во трудот.
Имаше и такви кои ме одвраќаа од мојата идеја, од мојот проект, а јас им одговарав: "Идејата, таа е од душата, од срцето, од бранот мој немирен, од мојата љубов кон мојата татковина".
Имав и пречки и соочувања, имав и бодрење и пофалби, но сè тоа не ме одврати й натаму да проникнувам во скромните податоци за Климентовиот универзитет.


Ванѓелко Лозаноски е современ македонски културен и книжевен историчар, автор на повеќе студии, статии, стручно-научни реферати, монографии, поетски и други трудови.
Покрај тоа што работи како професор по македонски јазик и литература во Центарот за средно образование "Крсте Мисирков" во Демир Хисар, тој е и активен член на ДНУ во Битола.

На Плаошник, кај црквата "Свети Пантелејмон", долго време не смееше да се истражува! На археолозите им беше забрането да копаат!
Затоа неодамнешната иницијатива за возобновување на Светиклиментовиот универзитет од страна на премиерот Груевски, за господинот Лозаноски е големо и пријатно изненадување.
"Мислам дека беше време да се направи посериозен пристап кон македонскиот Светиклиментов универзитет и низ научната мисла да се претстави пред македонската, славистичката и светска научна мисла", вели господин Лозаноски.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 17:13




ЛИНК





Изменето од Каснакоски - 05.Октомври.2009 во 17:38
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 17:51
Ете ги некои од македонските елементи

везден
денешното
поменатите кралевини не работат
комитетот
ширит
тие
им припада
ова е земја наша
лошотилоците
имаме основано организација
с готово всичкија народ
ова наша
работит
и да се секоја народност и вера
да с овакво писмо кажем
подпуна свобода


Изменето од Каснакоски - 05.Октомври.2009 во 17:51
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 14:48
Od речникот на Константин Петкович (1948) добро се гледа дека и Македонците го имале зборот „башта“.
Немат ли Македонците батко, бате???

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 16:25
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Немат ли Македонците батко, бате???



Имаме бате,батко и бато- овие зборови се користат за обраќање (најчесто) кон постар брат.
За башта, можеби го има во некој дијалект, инаку го нема во стандардниот македонски јазик.
И немаме бахчованџија и бахча, туку бафчанџија и бафча.
Како што гледам, има грешки во речников.


Изменето од Македон - 09.Октомври.2009 во 17:14
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.