|
Како изгледа Бог? |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Септември.2008 во 11:43 |
ОК, да ја прифатиме тезата дека Исус е бог и дека бог е претставен во три форми т.е отец, син и свет дух. Еве да речеме дека е така. Сега ме интересира уште нешто. Дали бог има лик? Дали неговиот лик е токму оној на Исус? Дали на иконите го гледаме ликот на Бога? Ме интересира што вели христијанството за ова?
|
|
Protestant
Нов член Регистриран: 23.Септември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 24 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vaka...
1.Bog e duh...toa pisuva vo Biblijata t.e ne e materijalen 2.Bog ja sozdal materijata od nisto...ex nihilo... 3.Dokolku sakame da Boga da dademe lik znaci deka nie defacto ja stavame materijata pred Boga...Sto ne e bibliski 4.Isus e isto taka i 100% covek 100% Bog...t.e otelotvoren Bog...i kako takov vo telo toj mora da ima lik,bilo kakov,no na Isusa likot ne Bozji,nego covecki,zatoa sto Bog e duh,a Isus bil i covek kako sto spomnav pogore... 5.Vo biblijata stoi isto taka deka nikoj nikogas ne go videl Boga...t.e Duhot...zatoa sto e nevidliv...i paradox e da se tvrdi deka toa na ikonite e likot Bozji (sum slusnal takvo tolkuvanje od mnogu lugje) ... No sepak ova e moja teologija i moe razmisluvanje...Moze ima nekoj drug sto ke znae povekje ili sto nema da se slozi so ova...Pa moze da se razvie diskusija vo Duhot na Hristijanstvoto se razbira.... POZZ |
|
"Koj so srce veruva i so usta ispoveda kje bide spasen". Amin
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да те разбирам ама сепак има лик нели? Тоа за духовното и материјалното ми е јасно но дали тоа што насекаде го има ликот на Исус не значи и дека се претставува ликот на бога. Ако исус е бог тогаш неговиот лик е ликот божји нели?
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako si odgovorish na prashanjeto: Dali Alah ima lik? ke si odgovorish i na onoa sto si go postavil na temava.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аллах нема лик. Ама Исус има и прашањето е јасно. Ти си модератор и тоа не значи дека треба да го знаеш одговорот,остави да одговори некој кој знае.
|
|
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovaa tema za nas lugjeto e nepoimliva. Toa e isto kako nekoj sto e slep od ragjane da se potrudi da objasni kako izgleda belata boja.
|
|
tre, tri, tra
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОК вака да го поставиме прашањето: Дали кога се крсти-моли еден верник пред икона на која е насликан Исус, тој се крсти на Исус или на Бога. Ако телото на исус било само привремен храм во кој бог се отелотворил, тогаш зошто да се користи тој лик за да се молиме во него? Или најпросто кажано- прашано: кого замислува еден верник кога стои пред таа икона?
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според објавите примени преку Габриеле од Вирцбург во Прахристијанската заедница Универзален Живот, манифестираната природа на Бог има свој лик кого чистите небесни битија го гледаат и нарекуваат Бог - Отец. Неманифестираната божја природа нема лик - тоа е сеприсутниот Светиот Дух.
Божјиот лик не може да се изрази со човечка мисла збор и дело затоа што човекот и неговиот ум се несовршени. Истото важи за духовно-небесните облици. Затоа Бог уште преку Мојсеја објави да не си создаваме слики за него. Сосема правилно може да се каже дека ништо не е налик на Бога(т.е. Аллах како велат муслиманите). Кога сите ќе се вратиме во Небото - нашата вечна и изворна татковина тогаш ќе можеме лице в лице да го гледаме Бога. Христос не е Бог самиот, туку првосоздадениот син Божји, првиот создаден машки принцип. Физичкиот изглед на Исус во кого беше отелотворен Христос, во уметноста се прикажува различно. Честопати луѓето го сликаат со брада, веројатно и бил таков затоа што во времето на Исус, сите возрасни евреи носеле бради. Бричењето е нешто што го популаризирале римјаните. Ако ние сега веруваме дека сликата или статуата еднаш биле Исус или Бог (ова, според Универзален Живот, важи за сите религии - сеедно каква ликовна замисла имаат тие за Бога) тогаш таа слика се втиснува во нашата душа. После нашата телесно смрт таа слика ќе се појави. Тоа задава потешкотии на душата тоа сликовито нешто накое честопати се клањало или молело да го отстрани. Големиот христијански мистичар Емануел Сведенборг кој живеел во 18 век, известува за едно од своите духовни патувања во книгата „РАЈОТ И ПЕКОЛОТ„ дека видел души на луѓе во отадестраните подрачја, кои во текот на својот живот обожувале слики и статуи на Бог. Тие биле збунети оти тоа за кое верувале дека е Божји изглед повторно го гледаат неподвижно и немо. Ангелите учители ги однеле во еден посебен реон каде тие(душите на некогашните луѓе) морале извесен подолг период да ги посматраат истите за да сфатат дека тоа не е Бог, дури потоа тие слики постепено исчезнале и тие своето патување можеле да го продолжат кон вистинскиот Бог. Изменето од Majkl - 03.Септември.2008 во 14:22 |
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е според твојата заедница така? Дали кај вас се користат икони и слики од Исус? Дали кога ти се молиш на бога пред икона го замислуваш ликот на бога гледајќи во иконата-статуата? Ок, би сакал да знам дали вака ги гледаат работите и другите
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, објаснив дека е тоа според учењето на Универзален живот. Мислам дека е јасно од тоа што го напишав дека таму(во Прахристијанската заедница Универзален живот - така се вика) не се користат икони и слики за молитва, медитација, обожување и сл. Ние дури немаме ни посебни објекти за нашите собирања тоа бидејќи и првите христијани се собирале во едноставни простории. Место на наше собирање може да биде и канцеларија, сала, барака, под услов да има место за оние кои доаѓаат или би сакале да дојдат и просторијата да биде јавна. |
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала ти за одговорот, тоа ми изгледа сосема поинаку да не речам поприфатливо. А што велат другите?
|
|
Protestant
Нов член Регистриран: 23.Септември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 24 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas ne sum slusnal za Univerzalen Zivot..taa teologija ne mi e prifatliva bidejkji ima praznini...Ke objasnam i koi pokasno...Inaku okolu toa so crkvata se slozuvam deka nemora da bide objekt nego moze da e bilo koe javno mesto kade ke se sobiraat lugje za da go proslavat Boga..
Vaka sega za misterX: 1.Se pretstavuva likot na covekot Isus edinstveniot bezgresen i praveden covek koj nekogas ziveel na planetata zemja... 2.Bozjoto vo Isus e karakter...osobinite,no ne i likot..Rekovme Bog nema lik... 3.Jas veruvam deka po nasata smrt ke dobieme duhovni tela...i so tie tela ke se prisoedinime so Boga...Isus nemal privremeno telo koe e hram Bozji,toj ne umrel...ne bil pogreban...negovata smrt traela samo 3 dena,sto znaci deka toj e ziv...i vo biblijata pisuva deka ima promenet oblik...Duhovno telo...koe imalo moznost da se materijalizira kako bi se dokazala Bozestvenosta t.e semokjnosta vo nego... Toa e vo glavno toa,inaku temava bara mnogu posvetenost i diskusija i promisluvanje sto ne bi mozelo da se razgovara na forum..no dobro e ako se moze da se sretneme nekade moze da se razgovara na ova poseriozno... :D Majkl: -Jovan 1:1 Vo pocetokot bese slovoto,slovoto bese vo Boga i Bog bese slovoto... -Jovan 1:14 I slovoto stana telo... Isus se rodi...Taka da ne e toj samo maski princip..tuku e Bog od Boga...roden ne sozdaden...sovecen so Boga pred site vekovi ... POZZ |
|
"Koj so srce veruva i so usta ispoveda kje bide spasen". Amin
|
|
Protestant
Нов член Регистриран: 23.Септември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 24 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A ova sega go vidov vo vrska so tri formi...Bog nema tri formi...Bog nema forma ima licnost...Bog e vo 3 licnosti...koi sozdavaat sovrseno edinstvo...ne matematicki 3 a ontoloski :D
POZZ |
|
"Koj so srce veruva i so usta ispoveda kje bide spasen". Amin
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bingo! Ima lugje sto prashuvaat od neznaenje i ima lugje sto prashuvaat od znaenje. Prvite sakaat iskreno da nauchat za onoa sto ne znaat. Vtorive prashuvaat za da si otvorat tema za muabet vo koj "skromno" ke im "ukazhat" na prashanite deka nemaat tochen odgovor, pa direktno ili indirektno ke im "pomognat" da go doznaat. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |