IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 05:40
Челзи тапка во место, Анчелоти здивува


"Сините" дома ги поделија бодовите со Евертон, додека Арсенал славеше над Фулам (2:1) и се искачи на првото место на табелата


Актуелниот првак на Англија, Челзи, ниту во четвртиот првенствен натпревар во низа не успеа да стигне до победа. Во 16. коло на Премиер лига, од "Стемфорд Бриџ" со еден бод замина екипата на Евертон.
- Многу сум разочаран и сум им лут на моите фудбалери. Не сум разочаран само од конечниот резултат, разочаран сум од играта што ја прикажавме во второто полувреме. Немавме идеја, игравме на долги топки и малку се уплашивме од противникот. Нема ништо страшно ако загубиш, страшно е ако немаш игра, изјави менаџерот на "сините", Карло Анчелоти.

За разлика од Челзи нивниот градски ривал Арсенал се намачи во локалното дерби со Фулам, но сепак успеа да ги освои трите бода, што го лансираа на првото место.
- Убаво не намачија, но не заслужија да освојат ниеден бод. Бевме подобри во сите 90 минути и моравме порано да го затвориме натпреварот. Бевме поопуштени во првото полувреме и затоа истото не го завршивме со позитива. Сега на ред е дуелот од Лигата на шампиони и пласманот во следната елиминациска фаза, изјави менаџерот на "топчиите", Арсен Венгер.

Резултати: Арсенал - Фулам 2:1 (Насри 14', 75' - Камара 30'), Бирмингем - Тотенхем 1:1 (Гарднер 81' - Басонг 19'), Блекбурн - Вулверхемптон 3:0 (Дан 29', Емертон 43', Нелсен 55'), Челзи - Евертон 1:1 (Дрогба 41' - Бекфорд 86'), Манчестер С. - Болтон 1:0 (Тевез 4'), Виган - Стоук 2:2 (Колинс 30' аг, Клеверли 40' - Хут 18', Етерингтон 31'), Блекпул - Манчестер Ј. (одложен).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2010 во 15:06

Поради снежните врнежи кои цел ден паѓаат без престан, во Велика Британија се одложени речиси сите спортски настани закажани за овој викенд. Меѓу нив е и големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед кое требаше да се игра во недела на Стемфорд Бриџ.

Премиерлигашките дуели помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, Виган и Астон Вила, Ливерпул и Фулам, Арсенал и СТоук Сити и Њукасп - Бримингем се одложени поради снежното невреме кео ја зафати цела Англија.

Речиси сите клубови кои требаше да бидат домаќини во ова коло се огласија со службени соопштенија за одложување на нивните натпревари. Покрај Премиер лигата, одложени се и сите средби од Чемпионшип и Првата и Втората лига, како и пониските лиги во Англија, но исто така и во Шкотска и во Велс.



Изменето од емил - 18.Декември.2010 во 15:06
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 06:45
Неизвесно одигрувањето на натпреварот Манчестер Сити - Евертон

Малку фудбал имаше викендов во Премиер лигата, а неизвесно е и одигрувањето на вечерашниот дуел во Манчестер меѓу Манчестер Сити и Евертон. Ова би требало да биде последен натпревар од 18.коло, во кое се одиграа само два натпревара. Лошите временски услови кои го зафатија Британскиот остров, беа причината за одложување на најголемиот број на натпреварите.

Фудбал се играше само на два стадиона.

На „Стадионот на светлината“ во Сандерленд, истоимената екипа со голот на Дени Велбек во 32.минута, славеше победа од 1:0 во дуелот со Болтон.

На „Ивуд Парк’’, домашниот Блекбурн и Вест Хем одиграа без победник 1:1.

Одложени беа средбите: Арсенал - Стоук, Бирмингем - Њукасл, Виган - Астон Вила, Ливерпул - Фулам, ВБА - Вулверхемптон, Блекпул - Тотенхем, Челзи - Манчестер Јунајтед.

Табела: Манчестер Јунајтед 34 бодови (од 16 одиграни натпревари), Арсенал и Манчестер Сити имаат по 32 (17 натпревари), Челзи 31 (17 натпревари), Тотенхем 27 (17 натпревари), Сандерленд 27 (18 натпревари), Болтон 26 (18 натпревари),...


Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 18:03

Лажиран мечот Њукасл-Арсенал?


Францускиот портал, фудбал365 објави информација во која се тврди дека Интерпол отворил истрага за натпреварот од Премиер лигата меѓу Њукасл и Арсенал, кој се одигра во саботата, а заврши 4:4 иако гостите од Лондон во првото полувреме водеа со 4:0. Според фудбал365, Интерпол отворил истрага за овој меч откако има сериозни сознанија дека пред почетокот имало неколку сомнителни уплати во обложувалниците. Двата клуба веќе реагираа и најавија дека ќе го тужат францускиот портал.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 18:04

Конечно, падна и Јунајтед

Вулверхемптон му го нанесе првиот пораз на лидерот сезонава, а Њукасл по негативата од 0:4 со Арсенал, дојде до бод

Лудото саботно попладне во Премиерлигата кулминираше со најголемото изненадување. Вулверхемптон го надигра и заслужено го совлада лидерот Манчестер Јунајтед, нанесувајќи му го првиот пораз сезонава. Иако, со голот на Нани поведоа уште во третата минута фудбалерите на Алекс Фергусон тотално потфрлија, а посебно тоа се однесува на прекините од кои ги примија двата гола. Олокоби израмни во 10 минута, а Кевин Дојл пет минути пред одморот ја донесе победата.

Фергусон проба со Сколс и со Хавиер Хернандез, но тоа не беше оној Јунајтед кој се враќаше во натпреварите и кој ги крадеше бодовите во судиските продолженија.

„Разочарани сме. Долго време не знаевме за пораз. Сепак, играчите треба да бидат горди на таа низа. Тие се многу незгодни при прекини и тоа се докажа денес“, беше краток Фергусон, кој на загревањето пред мечот остана без Рио Фердинанд кој се повреди, па во дефанзивниот ред мораше да игра Џони Еванс.

Вулверхемптон, пак, по победите над Ливерпул и над Челзи успеа да му го скине скалпот на уште еден гигант. На крајот тоа може ништо да не му значи, бидејќи и натаму се наоѓа на последното место на табелата.

Ако на хоризонтот не се појавеше Вулверхемптон тогаш овој текст сигурно ќе го почневме со Њукасл. „Црно-белите“ направија чудо. Губеа од Арсенал 0:4 за на крајот да извлечат бод (4:4)!

„Топчиите“ стартуваа фуриозно, а во 10. минута водеа со 3:0 (Волкот 40 секунда, Џуру и Ван Перси). Во 25 минута Ван Перси го постигна својот втор гол и сите мислеа дека Њукасл ќе брои до 10. Како ли само се излажаа.

Вториот дел почна со непотребната и испровоцирана реакција на Диаби, кој најпрвин го турна Бартон, а потоа и Кевин Нолана, за што од судијата Фил Дауд доби директен црвен. Враќањето на Њукасл почна во 68 минута кога сомнителниот пенал го реализираше Бартон. Само седум минути подоцна Бест намали на 2:4. Експлозијата од одушевување настана во 83 минута кога Росицки направи уште еден пенал, а Бартон втор пат беше стрелец за 3:4. Во 87. минута Тиоте со фантастичен волеј израмни на 4:4, а да погодеше Бартон за 5:4 ова ќе беше приказна над сите приказни. „Тешко е се' да се проголта, но времето ќе го направи своето, ќе го преболиме ова губење на два бода. Некои одлуки не ми се допаднаа. Диаби беше пренервозен, ама и Бартон требаше да биде исклучен за ист таков старт“, изјави Венгер.

Неговиот колега од спротивната страна Алан Пердју смета дека на психолошката состојба на неговиот тим влијаело и заминувањето на напаѓачот Енди Керол во Ливерпул: „Тоа им го кажав на полувремето. Ако се сожалувате в ред, беше ова тешка недела, пораз кај Фулам, губење на Керол. Но, ако излезете со тоа на терен ќе бидете посрамотени. И тоа ви се случи. Сепак, во вториот дел ја кренавме главата. Ова беше еден од најверојатните мечеви што сум ги доживеал во својот живот“, потенцира Пердју.

Резултати од 26.коло: Астон Вила - Фулам 2:2, Евертон - Блекпул 5:3, Манчестер Сити - ВБА 3:0, Њукасл - Арсенал 4:4, Тотенхем - Болтон 2:1, Виган - Блекбурн 4:3, Вулверхемптон - Манчестер Ј. 2:1. Табела: Манчестер Ј. 54 (-1), Арсенал 50 (-1), Манчестер Сити 49, Челзи 44 (-2), Тотенхем 44 (-1), Сандерленд 37...

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 04:41

 

Манчестер Јунајтед ја зголеми предноста во Премиер Лигата над своите конк*ренти, со денешната победа против градскиот ривал, Манчестер Сити. „Ножичките“ на Руни во 78-та минута, му донесоа важни три бода на Фергусон во трката за титулата. Манчестер Јунајтед славеше на домашен терен против „граѓаните“ со 2-1, и со тоа ја зголеми предноста над градскиот ривал на осум поени. 

Сити подобро го започна натпреварот и уште во четвртата минута преку Давид Силва можеше да го отвори резултатот, но за жал топката помина покрај стативата. Гостите ја имаа иницијативата уште некое време, но потоа момците на Алекс Фергусон го свртеа поседот на топката во своја корист, а наградата стигна во 41-та минута. Голот го постигна Португалецот Нани, по одличната асистенција на ветеранот, Рајан Гигс. 

Во продолжението од натпреварот, „сините“ постојано се обидуваа да го израмнат резултатот, а тоа им успеа во 65-та минута по одличниот удар на Един Џеко, кој влезе во игра само четири минути пред да го постигне голот. И кога целиот тим на тренерот Манчини се надеваше на целосен пресврт, Вејн Руни постигна прекрасен погодок, по асистенцијата на Нани, за конечни Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити, 2-1.

Од 2004-та година па се до сега, секој пат кога Руни постигнувал гол на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед славел победа на тој натпревар, а традицијата не беше нарушена ниту на овој саботен дуел помеѓу градските ривали. 

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 11:11

Премиерлигашко дерби на Стемфорд Бриџ

Актуелниот шампион и лидерот во оваа сезона, Челзи и Манчестер Јунајтед вечерва на Стемфорд Бриџ ќе го одиграат заостанатиот дуел кој требаше да биде одигран пре два и пол месеци но беше одложен поради лошото време во Англија тогаш.

Сините од Лондон во пресметката влегуваат како петтопласирани на табелата со 45 бода дури 15 помалку од Манчестер Јунајтед.Затоа во овој момент апсолутно не одговара изјавата што во декевмри пред тогаш закажаниот дуел ја даде Алекс Феругос дека ова е решавачкиот меч во сезоната. Сепак за Челзи пораз дефинитивно ќе значи збогување со секаква можност за евентуален прогрес кон врвот.

Јунајтед пак е во критичен период со серија повреди но тоа не се рефлектираше на резултатите во последниов период.

Челзи е непоразен на последните осум натпревари кои на домашен терен ги има одиграно против Јунајтед, уште од триумфот од 3-0 на црвените пред речиси 9 години.
Јунајтед пак не успевал да постигне гол на последните седум гостувања кај Челзи.
Затоа пак Челзи сезонава има седум порази, што е израмнување на рекордот на порази во сезона откако клубот го поседува Абрамович.

Манчестер Јунајтед победи на шест од последните седум лигашки дуели. Црвените се најефикасниот тим во премиерлигата сезонава, со 61 гол на 27 одиграни натпревари
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 05:58

Арсенал повторно потфрли во одлучувачки момент



Екипата на Арсенал ја пропушти одличната можност да му се доближи на само еден бод на лидерот во Премиер лигата Манчестер Јунајтед и ремизираше со Сандерленд на Емирати во натпревар без погодоци.


Голема улога во резултатот имаше гостинскиот голман Симон Миноле кој во неколку наврати одлично интервенираше и спречуваше затресување на неговата мрежа.

Арсенал без поголемите ѕвезди Францеск Фабрегас, Робин ван Перси и Тио Волкот по се изгледа не може да се снајде.

Сандерленд прикажа стабилна игра во првите 45 минути и дозволи само една до две посериозни прилики за гостите пред својот гол.

Прво, Насри се проби добро во казнениот простор во 35-та минута, стигна до аутлинијата, но оттаму не успеа да го пронајде Бентнер.

Токму данскиот репрезентатвец беше најблиску до погодок пет минути подоцна, кога доби топка од Вилшер и прецизно шутираше кон голот на Сандерленд, но чуварот на мрежата Симон Миноле беше на висина на задачата.

Во 63-та минута Шамак добро се проби по левата страна, испрати топка до Аршавин, но во центарот на вниманието повторно беше Миноле кој го одби ударот на русинот.

Малку потоа мароканскиот интернационалец имаше нова можност за отворање на резултатот, но неговиот удар заврши надвор од рамките на голот.

Голманот на „топџиите“ Војчех Шчесни пак, неколку минути пред крајот спаси фантастичен удар на Дани Велбек. Во 87-та минута Аршавин успеа да ја смести топката во голот на Сандерленд, но истиот беше поништен поради недозволена позиција.

До крајот, Бентнер и Кошчелни промашија да го доведат својот тим во водство и резултатот остана како и на почетокот - 0:0.

Така Арсенал пропушти да му се доближи на Манчестер Јунајтед на еден поен. „Црвените ѓаволи“ во моментов имаат предност од три поени, пред утрешниот дерби меч со Ливерпул. Сандерленд е на осмото место со 38 поени.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 09:08

Манчестер Јунајтед го елиминираше Арсенал и од ФА купот

По поразот во финалето на Карлинг купот од Бирмимнгем и елиминацијата од Барселона во Лигата на шампионите, денеска Манчестер Јунајтед ја надополни мизеријата на Арсенал совладувајќи гo со 2-0 во четвртфиналето на ФА Купот. На „Олд Трафорд“ видовме еден малку поинаков Манчестер, бидејќи по повредите на неколку стандардни првотимци во почетниот состав Фергусон стави дури 7 дефанзивци. Фабио, кој денеска имаше офанзивна улога, го постигна првиот погодок за „црвените ѓаволи“, а победа ја потврди Вејн Руни на стартот на второто полувреме.
 
Арсенал не одигра толку слаб натпревар колку што покажува резултатот, но очигледно дека самодовербата кај избраниците на Арсен Венгер е на многу ниско ниво по неколкуте разочарувачки резултати. Антонио Валенсија конечно се врати на фудбалските терени по тешката повреда и сега ќе биде дополнително освежување во тимот на Сер Алекс Фергусон во борбата за шампионската титула во Премиерлигата. Натпреварот го одбележа и тешката повреда на дефанзивецот на Арсенал, Јоан Џуру. По еден судир со својот соиграч Бакари Сања, Швајцарецот го повреди рамото, а првичните информации велат дека сезоната за него е завршена.
 

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2011 во 04:47
Дефо во Сити, ако си оди Тевез

Доколку се случи Карлос Тевез да го напушти Манчестер Сити на крајот на сезонава, тогаш како негова замена клубот ќе го ангажира англискиот репрезентативец и член на Тотенхем Џермејн Дефо, тврди Дејли меил. Познато е дека Тевез неколкупати јавно изрази желба да си оди, па дури и поднесе барање за трансфер минатата година, но, сепак, остана на Истлендс, а ако по некое чудо се случи повторно да побара да си оди тогаш ќе биде продаден, а на неговото место ќе биде ангажиран голгетерот на "Спарси".

Дефо сезонава се соочуваше со доста повреди и даде многу малку голови. Пред некое време тој откри дека сериозно размислува да ја смени средината бидејќи во моментов е разочаран од статусот резерва на Вајт Харт Лејн.

"Навикнат сум да играм на големи натпревари и не ми е јасно зошто често сум на клупата. Понекогаш се прашувам што правам овде. Се сеќавам играв против Чарлтон (во јануари) и дадов два гола, а следната недела не се најдов во составот. Тоа е навистина фрустрирачки", изјави Дефо.

Тотенхем го купи Дефо за 15 милиони фунти од Портсмаут во јануари 2009 година, а токму оваа сума е подготвен Сити да ја плати за да го донесе во своите редови. Не е исклучено во зделката да биде вметнат и Крег Белами, кој моментално е на позајмица во Кардиф.
Кон врв
the Carpenter Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the Carpenter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 19:18
Јас само можам да им ја честитам 19тата титула на „Црвените ѓаволи“, рекордна во Англиската лига.
Иако жалам за тоа, ама така стојат работите.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 12:55

ИЗБОР ЗА ИГРАЧ НА ГОДИНАТА ВО АНГЛИЈА

Нани не е меѓу номинираните

Крилото на Манчестер јунајтед Нани беше изненадувачки изоставен од номинациите за играч на годината во англиската Премиерлига во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА). На листата го нема и неговиот соиграч Димитар Бербатов, кој во моментов е најдобар стрелец во лигата со 20 погодоци.
Карлос Тевес од Манчестер сити, Самир Насри од Арсенал, Герет Бејл од Тотенхем, Скот Паркер од Вест Хем, Чарли Адам од Блекпул и Немања Видиќ од Манчестер јунајтед останаа да се борат за наградата, откри "Дејли Мејл". Последните четири сезони, признанието одеше во рацете на играчи од Манчестер јунајтед, и тоа Кристијано Роналдо (2007, 2008), Рајан Гигс и Вејн Руни. Видиќ се надева дека ќе ја продолжи серијата, но изнендување е отсуството на Нани, чии голови и асистенции беа клучни за лидерската позиција на Јунајтед сезонава. Исто така, на листата нема фудбалери од Челзи, кое може да се искачи на третото место, ако победи на заостанатиот меч.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:01
Манчестер загубиа и како може Челзи да освои титулата ,несакам да си помислам голема%20насмевказабава
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:06
Фергусон: Судиите ќе му ја донесат титулата на Челзи

Поразот од Арсенал тешко му падна на тренерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој во стилот на Жозе Мурињо обвини дека судиите носат одлуки во полза на Челзи.

Фергусон разви теорија на завера во која судиите секогаш го оштетуваат Јунајтед во големите натпревари, што му овозможи на Челзи да се врати во борбата за титулата. Челзи следниот викенд гостува на "Олд Трафорд" и може да се случи Челзи и Јунајтед да се израмнат по бројот на бодови на табелата, доколку "сините" слават победа.

Тренерот на Јунајтед смета дека тоа не би било случај доколку во 87. минута од мечот со Арсенал бил досуден чист пенал во полза на Јунајтед поради стартот на Гаел Клиши над Мајкл Овен.

"Челзи сега има големи шанси во целост да се врати во игра. Сите одлуки одат во нивна полза, нас тоа никогаш не ни се случува. Во саботата победија благодарение на двата нерегурални гола, а ние загубивме бидејќи не ни беше досуден чист пенал врз Овен. Во големите мечеви судиите не сакаат да го видат тоа што е очигледно кога сме ние во прашање." - рекол Фергусон.

Искусниот стратег како да заборавил дека во првиот дел чист пенал не беше свирен за Арсенал по играњето со рака на Видиќ.

"Го видов и тој инцидент, но играњето со рака на Видиќ беше многу тешко да се забележи, единствено Ван Перси се бунеше. Кај стартот на Клиши нема дилеми, сите видовме чист пенал, тој ги крена рацете од очај. Ова е премногу важен меч за да се прават такви грешки. Сепак, навивачите ќе бидат подготвени за Челзи, како и ние, се сеќаваме што се случи минатата година на 'Олд Трафорд' и тоа нас малку не загрижува." - рекол Фергусон

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.