Испечати | Затвори го прозорот

Англиска Премиер лига

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15087
Датум на принтање: 03.Јули.2020 во 19:34
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Англиска Премиер лига
Постирано од: HI)H(
Наслов: Англиска Премиер лига
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 18:56
ајде кажете (Ако некој друг тим мислите пишете)

-------------
1 Година верен форумџија



Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 19:11
koj moze osvem mancester junajted da bide shampion,nikojjjjjjjjjjjjjjjj.......nekoj glasal za liverpul...ne mi diktuvat toa neshto.....

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 13:11
A pa nekoj za Вест Бромвич

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 21.Септември.2008 во 17:38
Челзи - Манчестер Ј. 1:1

Големото дерби во Англија, натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед заврши реми 1:1. Иако беа постигнати само два гола, соочувањето меѓу Сколари и Фергусон ќе биде запаметено како најатрактивниот дерби натпревар.

Во домашниот тим го немаше плејмејкерот Деко, а Дрогба беше на клупата, Кристијано и Тевез седеа како резерви на Јунајтед, дебитираше и централниот дефанзивец Џони Еванс, кој беше замена за српскиот интернационалец Немања Видиќ.

Првата шанса ја имаше Шкотланѓанецот во редовите на Манчестер Дарен Флечер, по нафрлената топка од Овен Харгривс со волеј удар не успеа да ја погоди мрежата на домашниот голман Петар Чех.

Во деветтата минута шанса имаше Џо Кол, откако киксна левиот одбранбен бек на Јунајтед, со надворешната страна на копачката не успеа да погоди од идеална позиција.

Менаџерот на клупата на лондонскиот тим се реши за измена во раната фаза од мечот, играта ја напушти Рикардо Карваљо во игра влезе корпулентниот Бразилец, Алекс.

Најдобрата шанса за тимот на Сер Алекс Фергусон ја имаше дефанзивецот Рио Фердинанд во 15. минута од натпреварот, по додавањето на Руни, Рио се најде во улога како напаѓач, меѓутоа беше непрецизен.

Две минути потоа во водство дојде Манчестер преку Кореанецот Сун Џи Парк. Евра проигра со Руни, кој шутираше кон голот на Чех и по одбиената топка на вистинското место се најде Парк, со лесна завршница го донесе водството на Јунајтед од 0:1.



Принуден да изврши измена беше Фергусон во 31. минута, кога по стартот на Малуда голманот на Јунајтед Едвин Ван дер Сар заработи повреда, местото меѓу стативите го завзема полскиот интернационалец Томас Кусчек.

Натпреварот се префрли на средина на теренот, а првиот жолт картон го заработи Пол Сколс во 35. минута, потоа и Фердинанд беше казнет со жолт поради приговор.

Централниот дефанзивец Алекс имаше шанса од далечина на пет минути пред крајот на полувремето и Ањелка се закани по контрата на Челзи, меѓутоа сите обиди за израмнување не беа реализирани и по првите 45. минути Манчестер замина со водство од 0:1.

Јасно беше дека Челзи мора да нападне во второто полувреме, па Сколари интервенираше со внесувањето на Дидие Дрогба на местото на Французинот Флоран Малуда.

Ја презеде иницијативата Челзи и пробуваа од нафрлени топки да го најдат Дрогба, меѓутоа Јунајтед возвраќаше со брзи контри.

Во 55. минута очекувано по жолтиот картон од првото полувреме Пол Сколс го напушти теренот, а за замена влезе „ѕвездата“ на Јунајтед Кристијано Роналдо.

Се обидуваа „Сините“ од „Стенфорд бриџ“, притискаа кон шеснаесетникот на Манчестер, но без конкретна шанса се до 66. минута кога Џо Кол се најде во втора за него идеална позиција и овојпат непрецизно биеше директно во Кусчек.

Во 73. минута Ањелка се најде во одлична шанса, на два метри од голот не успеа да ја зафати нафрлената топка од Дрогба. Шанса имаше и Алекс од слободен удар но, само во живиот ѕид, а на одбиената топка Балак се обиде од свртување, покрај голот.

Веднаш потоа реагираа двајцата менаџери со последните измени Саломон Калу влезе на местото на Балак, додека Фергусон ја засили одбраната, во игра го внесе „ол-араунд“ играчот Џон О'Шеј, на местото на стрелецот за Јунајтед, Парк.

Во 80. минута Челзи дојде до израмнување преку нововлезениот Калу, по нафрлената топка од прекин, младиот интернационалец од Брегот на слоновата коска се најде сосема сам пред голот на Јунајтед и со глава ја закова топката во голот.



Три минути подоцна, Флечер доби квалитетна топка од Кристијано и биеше со волеј кон голот на Чех, меѓутоа дефанзивецот Алекс беше на вистинско место и го спаси голот на Челзи.

Дрогба имаше шанса во последните минути од натпреварот, со глава не беше прецизен, веднаш потоа и Кристијано се обиде атрактивно со „ножички“, сепак само лесна топка за Чех.

Судијата Мајк Рајли го донесе крајот на натпреварот по три минутното продолжение 1:1. Челзи остана непобеден на домашен терен, а актуелниот шампион Манчестер со само пет бода од четири натпревари.



-------------



Постирано од: maestro13
Датум на внесување: 21.Септември.2008 во 22:11
Челзи или Ливерпул - сигурни освојувачи!

Манчестер веќе не е она што беше до минатата сезона.
5 бода на 4 натпревари кажуваат се

-------------


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 14:49
Lverpool sampioni,A Man.Utd nemas sansi

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: veljan
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 23:20
МенЈу се шампиони !


Постирано од: deshad
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 23:44
se znae MENYU

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 17:03
Videte go samo Dimitar Berbatov vo 3.40min na klipov kako mu namesti gol na Ronaldo....BRAVOOO

http://www.footyfilms.com/musicvideo.php?vid=f2f3c7c81 - http://www.footyfilms.com/musicvideo.php?vid=f2f3c7c81

-------------



Постирано од: trajkovskamila
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 17:09
Mancester Junajted

-------------
mila e srcus


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 21:30
Liverpool . . . Zasega samo tie i Chelsea pokazaa nesto . . .Go gledav klipot pogore . . .Alal da mu e na Berbatov . . .Ama toa samo Balkanec go mojt . . .голема%20насмевка

-------------
STRUGA


Постирано од: veljan
Датум на внесување: 01.Ноември.2008 во 20:54
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Videte go samo Dimitar Berbatov vo 3.40min na klipov kako mu namesti gol na Ronaldo....BRAVOOO

http://www.footyfilms.com/musicvideo.php?vid=f2f3c7c81 - http://www.footyfilms.com/musicvideo.php?vid=f2f3c7c81

И денес не беше ништо полош Бербатов...


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 19:17
i ako ne navivam za Liverpool sepak veke im e pisana niv titulata :D

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 19:24
http://www.footyfilms.com/musicvideo.php?vid=0362e306f - http://www.footyfilms.com/musicvideo.php?vid=0362e306f poglednete go golot na c.ronaldo od sloboden udar......i vtoriot od c.ronaldoo e ubav...a pak na welbeck e fantasticen....hull city vs man.city ne iznenadi natprevarov 2:2

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 23:43
Man.City 3:0 Arsenal
Chelsea 0:0 Newcastle
Liverpool 0:0 Fhulam
Portsmuth 2:2 Hull City
Stoke City 1:0 West Bromwic Albion
Midelsbrou 1:3 Bolton
Man.Utd 0:0Aston Villa




-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 26.Ноември.2008 во 14:25
I spored se Liverpool se sampioni

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: Drlja
Датум на внесување: 30.Ноември.2008 во 18:30
Благословена да е премиер лигата што не части со утакмици како овие денес.......WOOOOW........Chelsea - Arsenal од 1:0 сеа е 1:2аплауз

-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 30.Ноември.2008 во 18:59
Челзи : Арсенал
     1    -       2

пресврт!


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Ноември.2008 во 19:00
ама пресврт?
првиот гол од ван перси постигнат од офсајд.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 30.Ноември.2008 во 19:08
Kako ne ja slusav blue arno rece Arsenal ke tepa

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Декември.2008 во 00:05
 голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка големо%20гушкање

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 14:45
Liverpool:Hull 2:2 za Hull

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 20:17
chelsea:west ham 1:1

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 20:31
bi trebalo chelsea da tepa истепан

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Drlja
Датум на внесување: 14.Јануари.2009 во 21:17
GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOL...............танцување
bravo gjavoliне%20вреден


-------------


Постирано од: OUST
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 20:29
Кој е прв моментално!?
Пак ќе си имаме ист шампион како лани


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 17:18
aaaaaa Premier LEague 2008/09 chamipn is LIVERPOOL

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: tinobt
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 22:50
od anglija se znaj LIVERPOOL


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 18:47
Ливерпол-Челзи    2 : 0

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: karlo_mkd
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 19:38
ливерпул коа беше најпотребно се врати у трка за шампион и мислам дека ке го помине манчестер

-------------
FORZA JUVE !!!
BIANCONERO FOR LIFE !!!


Постирано од: The Princess
Датум на внесување: 31.Март.2009 во 22:30
Liverpool se najdobri... dzabe man4ester gi dobiva namesteno natprevarite, na krajot ke se pokaze koj e najdobar


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 01:36
Ne znam kako mozat Liverpool da ja osvojat prvata premierligaska titula po mnogu godini osven ako ne se sluci nekoja tragedija na fudbalerite na Man.Utd.

Manchester go imaat i ubedlivo najkvalitetniot sostav ovaa godina a tuka e i Wayne Shrek Rooney

-------------


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 22:39
Liverpul sigurno ja osvojuva

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 10:24
 Манчестер Јунајтед остана врвот на табелата во Англиското фудбалско првенство

 - Уште една минимална победа за англискот првак Манчестер Јунајтед откако во дуелот од 32 коло од Премиер лигата како гостин го победи Сандерленд со 2:1.

Резултати на другите натпревари:
Ливерпул - Блекбурн 4:0
Челзи - Болтон 4:3
Мидлсброу - Хал 3:1
Портсмут - ВБА 2:2
Тотенхем - Вест Хем 1:0
Виган - Арсенал 1:4
Стоук - Њукасл 1:1.
Астон Вила - Евертон 3:3
Манчестер Сити - Фулам 1:3

Табела:Манчестер Јунајтед 71 бод (31натпревар), Ливерпул 70 (32), Челзи 67 (32), Арсенал 58 (32),...


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 10:58

Еден од најдобрите мечеви во последните години кои се одиграле во Англиската Премиер лига ,после голема бркотница на теренот Ливерпул-Арсенал 4:4.

 
Осум гола на Енфилд Роуд и по еден бод за двата тима

Во заостанатиот натпревар од 33-то коло во Премиер лигата гледачите на Енфилд Роуд можеа да видат вистинско гол - шоу во дербито меѓу Ливерпул и Арсенал. Натпреварот заврши 4:4 (0:1), а јунак беше рускиот репрезентативец кај „топџиите„ Андреј Аршавин, кој ги постигна сите четири гола за својата екипа. Во редовите на „црвените„ по двапати прецизно стрелаа Фернандо Торес и Јуси Бенајун (израмни на 4:4 во третата минута од судиското надполнување). Арсенал водеше три пати 0:1, 2:3 и 3:4, додека Ливерпул само еднаш 2:1.

Со освоениот бод Ливерпул се изедначи со Манчестер Јунајтед со по 71 и е лидер поради подобрата гол разлика, но шампионот Манчестер Јунајтед има два натпревара помалку. Трет е Челзи со 67 бодови, Арсенал со 62 е четврти.

Вечерва се играат натпреварите: Челзи - Евертон и Манчестер Јунајтед - Портсмут.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 12:12
Vcera 4-4 Liverpool - Arsenal odamna nemam takva utakmica gledano...mnogu jako!

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 12:18
top bese.....i se so se desavase za vreme na utakmicata bese top плазење
PS golmanot na arsenal e samo za vo Roma голема%20насмевка


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 12:22
mala prekrqasno ebse neso uzivanje i gledanje fudbal

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 12:23
kako se raduvavme na golovite naizmenicno замисленост газење%20од%20смеење

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 22.Април.2009 во 12:42
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Vcera 4-4 Liverpool - Arsenal odamna nemam takva utakmica gledano...mnogu jako!


Arshavin - Liverpool 4-4 mislam poubo ke e

-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 24.Април.2009 во 23:48
Најневеројатниот натпревар на кој се сеќавам последниве години,секој напад потенцијален гол.
Ќе се раскажува Баунти за тој меч со години.
Аршавин одигра шампионски,авал да му е.среќа


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 14:59
Продолжува агонијата на еден од најстабилните клубови во Премиер лигата.
Поранешниот редовен учесник во Лигата на Шампионите се поблиску до испаѓање и преселба во Шампионшипот или втората во квалитет лига во Англија.
Прошуштија неколку шанси фудбалерите на Њукасл за да постигнат гол,преку Мартинс и Овен не успејаа да ја затресат мрешата на Портсмут,кој од северот на Англија се врати со бод дома.
 
Без голови во последниот натпревар од 34-тото коло во Премиер лигата

Фудбалерите на Њукасл и на Портсмут го одиграа последниот натпревар од 34-тото коло од Премиер лигата без голови.

Со овој резултат Њукасл се искачи само за едно место погоре на табелата и сега е на 18-тата позиција, со се помали шанси за опстанок.

Освоениот бод за Портсмут значи зацврстување во средината на табелата.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 23:39
Гигс најдобар премиерлигашки фудбалер сезонава



Велшкиот ветеран Рајан Гигс (35), кој две децении го носи дресот на Манчестер јунајтед во исто толкавиот период во кој „Бебињата“ доминираат во Англија е најдобриот премиерлигашки играч за оваа сезона. Така одлучи изборот на Асоцијацијата на професионалните играчи (ПФА).

Гигс, кој има и два триумфа во ЛШ, сезонава само 12 пати беше стартер во тимот на сер Алекс Фергусон, но без оглед на сè, сите мечеви и како резерва ги одигра на највисоко ниво и многупати беше клуч во победите на „Бебињата“.

- Имав среќа што освоив многу трофеи. Двапати бев прогласен за најдобар млад играч, но ова е најголемата. Многу ми годи што признанието го добивам од колегите - вели Гигс, кој има 11 круни со Манчестер.

Уште повеќе, Гигс и Манчестер утре ги очекува првата полуфинална пресметка со Арсенал, и ако Велшанецот заигра, тоа ќе биде неговиот 800. меч во дресот на „Бебињата“. Рекордот на Боби Чарлтон од 758 меча веќе од поодамна го собори, и тоа во мајското московско финале лани во ЛШ, кога Манчестер третпат се закити со европската круна.

- Сер Алекс има големо влијание на мојата кариера. Го запознав кога имав 13 години и низ овие две децении тој ме познава подобро од кој било друг. Имаме перфектен однос - додаде Гигс.

Ешли Јанг, младото крило од Астон Вила, ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер-лигата, бидејќи беше еден од клучните играчи на тимот од Бирмингем во нивната одлична сезона.
Во тимот на сезоната, дури шест фудбалери од фудбалскиот владетел Манчестер се најдоа меѓу најдобрите 11.


Тим на сезоната во Англија

Едвин Ван дер Сар (Манчестер Ј.)
———————————————
Глен Џонсон (Портсмут)
Рио Фердинанд (Манчестер Ј.)
Немања Видиќ (Манчестер Ј.)
Патрис Евра (Манчестер Ј.)
———————————————
Ешли Јанг (Астон Вила)
Стивен Џерард (Ливерпул)
Рајан Гигс (Манчестер Ј.)
К. Роналдо (Манчестер Ј.)
———————————————
Николас Анелка (Челси)
Фернандо Торес (Ливерпул)

-------------



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 23:58

Не би рекол дека Рајан Гигс е најдобриот премиерлигашки фудбалер за оваа сезона.

Ова е повеќе награда за животно дело и за неговиот допринос во Премиер лигата во последниве 18 години.
 
Колку што знам на два пати е прогласуван за најдобар млад играч на почетоткот на девесетите во Англија,а освем големиот број на титули со Манчестер Јунајтед нема друго признание се до сега.
 
Според мене ова признание е круна на неговата многу богата фудбалска кариера во кој освои се што може да се освои и мислам дека заслужи да го добие ова признание.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 21:02
Ливерпул не се откажува од тронот во Премиер

Ливерпул ја продолжува трката за титулата во англиската Премиер лига, откако денеска ја совлада екипата на Њукасл со 3:0.

Доминантна игра на домашната екипа од Ливерпул, која резултираше со многу шанси за тотална деградација на екипата на Алан Ширер.

Резултатот беше отворен преку израелскиот интернационалец Јоси Бенајунд во 22 минута.

Вториот погодок го постигна Дирк Кајт само пет минути подоцна, додека судбината на Њукасл ја запечати капитенот на бразилската репрезентација под 20 години, Лукас Леива.

Опстанокот и натаму останува голема грижа за Сандерленд кој денеска дома загуби од Евертон со 2:0.

Сандерленд остана на 35 бода. Хал со меч помалку има 34. Во најопасната зона се Њукасл и Мидлсброу со 31 и Вест Бромвич Албион со 28.

Колото утре ќе го затворат уште еден претставник во Европа и уште еден давеник, Астон Вила и Хал.

„Црвените Ѓаволи“ имаат 80 бода, три повеќе и натпревар помалку од Ливерпул. Челзи е трет со 74, следуваат Арсенал со 68, Евертон со 56.

Денеска беа и официјално промовирани двајца нови премиерлигаши. Покрај Вулверхемптон тоа е и Бирмингем.

За последната позиција што води во најквалитетното друштво во плеј оф полуфиналето ќе разигруваат:

    * Шефилд Јунајтед - Престон
    * Рединг - Барнли



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 17:23
Арсенал - Челзи во дербито на 36. коло од Премиер лигата

Поразените полуфиналисти од Лигата на шампионите Арсенал и Челзи в недела го играат дербито на колото во Премиер лигата.

Иако мечот во суштина нема големо значење за „топџиите“ сезоната ќе заврши на четвртото место, а Челзи најверојатно на третото, се очекува отворен и интересен натпревар.

Покрај нивниот внимание привлекува и вториот дуел кој ќе се одигра в недела меѓу екипите од Манчестер, Јунајтед против Сити, на „Олд Трафорд“.

Утре на програмата се натпреварите:

    * Блекбурн - Портсмут
    * Болтон - Сандерленд
    * Евертон - Тотенхем ТВ
    * Фулам - Астон Вила
    * Хал - Стоук
    * ВБА - Виган
    * Вест Хем - Ливерпул

Дербито за опстанок се игра в понеделник, а се среќаваат Њукасл и Мидлсброу.

Табела:

   1. Манчестер Јунајтед 80 бодови (натпревар помалку)
   2. Ливерпул 77
   3. Челзи 74
   4. Арсенал 68



-------------



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 12.Мај.2009 во 18:02
 
 
Њукасл поблиску до опстанок, Мидлзбро до испаѓање
Фудбалерите на Њукасл ја прекинаа серијата од десет натпревари без победа и славеа 3:1 против Мидлзбро, во последниот натпревар од 36-тото коло во Премиер лигата, а оваа победа ја искористи Њукасл да побегне од зоната за испаѓање.
     Воедно ова беше и премиерна победа во менаџерската кариера на некогашниот фудбалер и легенда на Њукасл Алан Ширер, кој беше доведен во клубот да го спаси од префрлање во понизок ранк.
 
    Третата минута од натпреварот на Ширер му донесе нови грижи и нервози. Неспретноста во одбраната резултираше со автогол на Хабиб Беје, од неговото подколено се одби топката по која се бореа голманот Харпер и Тунчаи Санли.
     Сепак, само шест минути подоцна Стивен Тејлор го израмни резултатот по изведениот корнер. Топката убаво ја уфрли Дени Гатри.
     За новиот гол се чекаше се до 71минита, која донесе воодушевување на Сент Џемс Парк. Вториот гол за Њукасл, и реализатор на целосниот пресврт беше Обафеми Мартинс на додавање од Марк Видука. Нигерискиот репрезентативец во пад ја упати топката во голот од некој десетина метри по средината од голот на Мидлзбро. Приказната ја заокружи Петер Ловенкрандс во 86минута.

Премиер лига 36 коло:
Њукасл - Мидлзбро 3:1
/Тејлор 9, Мартинс 71, Ловенкрандс 86 - Беје 3 аг/
 
Табела:

1. Манчестер Јунајтед 35| 26 5 4 |65-23| 83

2. Ливерпул 36| 23 11 2 |72-26| 80

3. Челзи 36| 23 8 5 |63-22| 77

4. Арсенал 36| 19 11 6 |64-36| 68

5. Астон Вила 36| 16 10 10 |52-47| 58

6. Евертон 36| 15 12 9 |50-36| 57

7. Фулам 36| 13 11 12 |38-32| 50

8. Тотенхем 36| 13 9 14 |42-41| 48

9. Вест Хем 36| 13 9 14 |39-41| 48

10. Манчестер Сити 36| 14 5 17 |56-48| 47

11. Виган 35| 11 9 15 |32-41| 42

12. Стоук Сити 36| 11 9 16 |35-51| 42

13. Болтон 36| 11 7 18 |40-51| 40

14. Блекбурн 36| 10 10 16 |40-58| 40

15. Портсмут 36| 9 11 16 |35-55| 38

16. Сандерленд 36| 9 9 18 |31-48| 36

17. Њукасл 36| 7 13 16 |40-57| 34

18. Хал Сити 36| 8 10 18 |38-62| 34

19. Мидлзбро 36| 7 10 19 |26-54| 31

20. Вест Бронвич 36| 8 7 21 |36-65| 31

 


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Мај.2009 во 01:03
Јунајтед со пресврт го совлада Виган, Црвените Ѓаволи се на чекор до титулата
Манчестер Јунајтед со пресврт во вториот дел го совлада Виган, на Црвените Ѓаволи им е потребен само бод за да ја заверат титулата во Премиер лигата.
Нови три бода за Манчестер Јунајтед, тимот на Фергусон е на чекор до одбрана на титулата во Премиер лигата.

Црвените Ѓаволи славеа со 2-1 на гостувањето кај Виган.

Домаќините можеа да изненадат, водеа долго време, но Манчестер Јунајтед со пресврт дојде до големи три бода.

Виган дојде во водство во 28та минута, Родалега искористи еден кикс на Немања Видиќ и му донесе водство на својот тим.

Тевез кој влезе во вториот дел уште еднаш се покажа како јунак за Манчестер Јунајтед.

Во 61та минута Карик биеше млако, топката дојде до Тевез кој на мајсторски начин ја смести во мрежата на Виган.

На четири минути пред крајот Карик постигнува прекрасен погодок за голем радост на Манчестер Јунајтед и конечни 1-2.

На Јунајтед му е потребен само бод на гостувањето кај Арсенал во следното коло за да дојде до нова титула во Премиер лигата.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 10:15
Голема дилема за Фергусон?-Дали да ја чува екипата за финалето на ЛШ со Барселона или покрај сите ризици за повреда на некој од клучните играчи во тимот да изнесе на терен првотимци,се со цел да нема попуштање на Хул.
 
Ферги ги смирува страстите

Манчестер Јунајтед попушти под притисок на "давениците" во Премиер-лигата и на неделниот меч со Хул ќе излезе со силен состав. Екипите кои се борат за опстанок, Њукасл, Мидлсборо и Сандерленд се заканија со тужби против Јунајтед, ако Ферги одлучи да стартува со младински тим. Тие се повикаа на параграфот Е20 од правилникот на Премиер-лигата кој вели дека секој тим е должен да настапи со најсилниот расположив состав, па уште синоќа Сер Алекс ги смири страстите и тензијата меѓу Премиер-лигашите изјавувајќи дека ќе настапи со најсилниот расположив тим.

Нивниот гнев е голем бидејќи ако Хул победи против Јунајтед ќе си го обезбеди опстанокот, а два од трите "давеника" ќе се преселат во Втората лига.

Ферги вети дека ќе го смени своето мислење и во тимот покрај суспендираниот Дарен Флечер ќе го вклучи и неколку првотимци. Меѓу нив сигурно ќе биде и Рио Фердинанд, кој се враќа во тимот поради повреда, каде Фергусон на лице место ќе може да ја увиди неговата моментална форма и подготвеност.

"Јас одлучувам што е најдобро за Манчестер, а истовремено фер према останатите екипи. Рио веќе тренира со екипата и ќе одигра на неделниот меч, па ќе проценам дали тој ќе може да настапи на финалниот натпревар од Лигата на шампионите", рече Фергусон.

За разлика од него тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, реши да му даде одмор на својот прв тим. Како и минатата недела така и оваа со Осасуна ќе им даде шанса на фудбалерите кои не се првотимци потпомогнати со помладите играчи.


 


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 19:07
Заврши сезоната во Премиер лигата 2008/2009
  
 
  ENGLAND - PREMIER LEAGUE 2008/2009
HOME AWAY TOTAL
P. TEAM PL W D L F A W D L F A W D L F A GD +/- Pts
1 javascript:showTeam%2814248,%20303420%29; - MANCHESTER UTD 38 16 2 1 43 13 12 4 3 25 11 28 6 4 68 24 +44 90 Ch.Lg
2 javascript:showTeam%2814248,%20303425%29; - LIVERPOOL 38 12 7 0 41 13 13 4 2 36 14 25 11 2 77 27 +50 86 Ch.Lg
3 javascript:showTeam%2814248,%20303414%29; - CHELSEA 38 11 6 2 33 12 14 2 3 35 12 25 8 5 68 24 +44 83 Ch.Lg
4 javascript:showTeam%2814248,%20303408%29; - ARSENAL 38 11 5 3 31 16 9 7 3 37 21 20 12 6 68 37 +31 72 Ch.Lg QF
5 javascript:showTeam%2814248,%20303416%29; - EVERTON 38 8 6 5 31 20 9 6 4 24 17 17 12 9 55 37 +18 63 UEFA Euro.Lg.
6 javascript:showTeam%2814248,%20303410%29; - ASTON VILLA 38 7 9 3 27 21 10 2 7 27 27 17 11 10 54 48 +6 62 UEFA Euro.Lg.
7 javascript:showTeam%2814248,%20303419%29; - FULHAM 38 11 3 5 28 16 3 8 8 11 18 14 11 13 39 34 +5 53 UEFA Euro.Lg.
8 javascript:showTeam%2814248,%20303423%29; - TOTTENHAM 38 10 5 4 21 10 4 4 11 24 35 14 9 15 45 45 +0 51
9 javascript:showTeam%2814248,%20303426%29; - WEST HAM 38 9 2 8 23 22 5 7 7 19 23 14 9 15 42 45 -3 51
10 javascript:showTeam%2814248,%20303411%29; - MANCHESTER CITY 38 13 0 6 40 18 2 5 12 18 32 15 5 18 58 50 +8 50
11 javascript:showTeam%2814248,%20303427%29; - WIGAN 38 8 5 6 17 18 4 4 11 17 27 12 9 17 34 45 -11 45
12 javascript:showTeam%2814248,%20303413%29; - STOKE CITY 38 10 5 4 22 15 2 4 13 16 40 12 9 17 38 55 -17 45
13 javascript:showTeam%2814248,%20303412%29; - BOLTON 38 7 5 7 21 21 4 3 12 20 32 11 8 19 41 53 -12 41
14 javascript:showTeam%2814248,%20303415%29; - PORTSMOUTH 38 8 3 8 26 29 2 8 9 12 28 10 11 17 38 57 -19 41
15 javascript:showTeam%2814248,%20303417%29; - BLACKBURN 38 6 7 6 22 23 4 4 11 18 37 10 11 17 40 60 -20 41
16 javascript:showTeam%2814248,%20303424%29; - SUNDERLAND 38 6 3 10 21 25 3 6 10 13 29 9 9 20 34 54 -20 36
17 javascript:showTeam%2814248,%20303418%29; - HULL CITY 38 3 5 11 18 36 5 6 8 21 28 8 11 19 39 64 -25 35
18 javascript:showTeam%2814248,%20303421%29; - NEWCASTLE 38 5 7 7 24 29 2 6 11 16 30 7 13 18 40 59 -19 34 CHAMP.
19 javascript:showTeam%2814248,%20303422%29; - MIDDLESBROUGH 38 5 9 5 17 20 2 2 15 11 37 7 11 20 28 57 -29 32 CHAMP.
20 javascript:showTeam%2814248,%20303409%29; - WEST BROM 38 7 3 9 26 33 1 5 13 10 34 8 8 22 36 67 -31 32 CHAMP.
 
Погледнете само кој испадна во Шампионатот.
Некогашниот великан Њукасл вгодина ќе игра во Шампионатотголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 26.Мај.2009 во 10:27
Жерард најдобар играч во Англија сезонава
Нај, нај во Премиер лигата

Интернет-страницата на Еуроспорт ги собра оценките на фудбалерите во пет угледни англиски весници од штотуку завршената сезона од Премиер-лигата и објави дека Стивен Жерард е најдобар фудбалер во англиското првенство. Петте весници ги оценуваат фудбалерите по стандарден принцип при што максималната оценка е 10. Жерард собра вкупно 35,77 што дава просечна оценка од 7.16 за капитенот на Ливерпул.

Интересно е тоа што и второпласираниот фудбалер е од тимот на Ливерпул. Се разбира, станува збор за Фернандо Торес, кој собра 34,95, а зад него се уште Френк Лампард од Челзи (34,84) и Вејн Руни од Манчестер Јунајтед (34,76).

Еуроспорт ја состави и најлошата екипа на сезоната. Во неа се истакна дефанзивецот на Њукасл, Хозе Енрике, кој има убедливо најлоши оценки во Премиер-лигата (26,67). Свое место во неа најде напаѓачот на Тотенхем, Роман Павличенко иако тој одлучи неколку натпревари во корист на својот тим оваа сезона.

Инаку, секој фудбалер мора да одигра најмалку 19 натпревари за да конк*рира во изборот на Еуроспорт. Жерард пред две недели ја доби наградата за играч на сезоната во изборот на Здружението на фудбалски новинари на Англија.

НАЈДОБРА ЕКИПА НА ПРЕМИЕР-ЛИГАТА СПОРЕД ЕУРОСПОРТ

ГОЛМАН

Шеј Гивен Манчестер Сити 33,68

ОДБРАНА

Глен Џонсон Портсмаут 32,52

Бреде Хангеланд Фулам 33,56

Мартин Лаурсен Астон Вила 33,84

Лејтон Бејнс Евертон 31,77

СРЕДЕН РЕД

Шон Рајт-Филипс Манчестер Сити 33,52

Френк Лампард Челзи 34,84

Стивен Жерард Ливерпул 35,77

Ешли Јанг Астон Вила 32,90

НАПАД

Вејн Руни Манчестер Јунајтед 34,76

Фернандо Торес Ливерпул 34,95

НАЈЛОША ЕКИПА НА ПРЕМИЕР-ЛИГАТА СПОРЕД ЕУРОСПОРТ

ГОЛМАН

Скот Карсон ВБА 29,91

ОДБРАНА

Андре Ојер Блекбурн 28.70

Карлос Куељар Астон Вила 28.74

Фабрицио Колочини Њукасл 27,73

Хозе Енрике Њукасл 26,67

СРЕДЕН РЕД

Кит Ендрјус Блекбурн 26,67

Кевин Нолан Њукасл 28,63

Амди Фаје Стоук 27,47

Шарл Н'Зогбиа Виган 29,04

НАПАД

Роман Павличенко Тотенхем 27,29

Афонсо Алвес Мидлсброу 27,96



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 09.Јуни.2009 во 19:34

Премиерлигашките тимови должат над 3 милијарди фунти


И покрај доминацијата на англиските тимови на европската сцена во последните неколку години, нивните долгови сепак се трупаат, па така Daily Telegraph објавува дека вкупниот долг изнесува повеќе од три милијарди фунти.

Повикувајќи се на истражувањата од компанијата Deloitte, англискиот весник кажува дека најзадолжен е тимот на рускиот тајкун Роман Абрамович, Челзи, кој е 711 милиони фунти во минус, додека Манчестер Јунајтед во сопственост на амриканското семејство Глејзер е во 649 милиони фунти долг.

Останатите два тимови од англиската четворка се со исто така големи долгови, но со помали суми, па така Ливерпул должи 300 милиони фунти, додека Арсенал должи 318 милиони.



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 17.Август.2009 во 16:32
прво коло резулатати 2009/10



PR CHELSEA

HULL CITY

1-1 2-1






PR ASTON VILLA

WIGAN

0-1 0-2






PR BLACKBURN

MANCHESTER CITY

0-1 0-2






PR BOLTON

SUNDERLAND

0-1 0-1






PR PORTSMOUTH

FULHAM

0-1 0-1






PR STOKE CITY

BURNLEY

2-0 2-0






PR WOLVES

WEST HAM

0-1 0-2






PR EVERTON

ARSENAL

0-3 1-6







PR MANCHESTER UTD

BIRMINGHAM

1-0 1-0






PR TOTTENHAM

LIVERPOOL

1-0 2-1




-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 20.Август.2009 во 10:08
Манчестер Јунајтед загуби од Барнли

Четири натпревари од второто коло во англиската Премиер лига се одиграни синоќа, а за изненадување се погрижија фудбалерите на Барнли, кои на својот стадион го совладаа актуелниот шампион, екипата на Манчестер Јунајтед со 1:0.

Тотенхем како гостин ја декласираше екипата на Хал со трите гола на Џермејн Дефо, додека победи запишаа и Ливерпул против Стоук, односно Бирмингем против Портсмут.

Резултати:

Бирмингем - Портсмут 1:0

(МекФеден пен.90')

Барнли - Манчестер Јунајтед 1:0

(Блејк 19')

Хал Сити - Тотенхем 1:5

(Хант 25' - Дефо 10', 45', 90', Паласиос 14', Кин 78')

Ливерпул - Стоук 4:0

(Торес 4', Џонсон 45', Кајт 78', Н Гог 90').


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 20:01
Честитки за Ливерпул, заслужена победатага

-------------


Постирано од: pagane
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 20:09
Како заврши утакмицата??
не можах да jа догледам.


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 20:17
2:0 za Liverpul среќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: pagane
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 20:21
jаден моj Берба....плачење


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 22:34
Originally posted by blackeye blackeye напиша:

2:0 za Liverpul среќа
 
 
забава ............. големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање 


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 26.Октомври.2009 во 05:41
Да де забава...от ко ќе тепа некој ќе прајме забава...пишете нешто пред натпревар, за кого навивате да ве видам голема%20насмевка

-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 08.Јануари.2010 во 19:14
Англиската фудбалска федерација најави одложување на викенд натпреварите во Премиер Лигата

Лондон, 7 јануари (МИА) - Лошите временски услови и изобилството на снежни врнежи кои деновиве ја погодија Велика Британија, ги принудија челниците на Англиската фудбалска федерација да размислуваат за можно одложување на натпреварите од 21-то коло.
 
- Имајќи в предвид дека синоптичарите најавуваат лоши временски услови и за претстојниот викенд, постои голема веројатност, натпреварите закажани за в сабота и недела во Премиер лигата да бидат одложени, се вели во денешното соопштение од федерацијата.

Одложувања имаше и изминативе два дена. Вчера требаше да се одигра натпреварот меѓу Арсенал и Болтон, односно Лига куп средбата меѓу градските ривали Манчестер Сити и Јунајтед. Истата судбина ја имаше и ден пред тоа Куп средбата меѓу Блекбурн и Астон Вила.
 
 
 
Најавата беше од вчера а денес веќе се одложени натпреварите
Ливерпул - Тотенхем
Барнли - Стоук
Фулам - Портсмут
Снаделрелн - Болтон
 
Додека од пониските лиги за сега се одложени околу 30 меча.
 
Исто така има многу одложувања во Шкотските првенства.
Ова за голема жал на обложувачите голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 31.Јануари.2010 во 17:06
Arsenal - Manchester United
Super derbi. To be, or not to be!


-------------


Постирано од: bingo
Датум на внесување: 31.Јануари.2010 во 17:20
јас би играл на манчестер


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 14:10
Знае некој дали ќе се дава фудбал на некоја од телевизиите оваа година?
 
Изгледа скапо им било на Сител повторнозбунетост


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Август.2010 во 21:40
Прекрасен почеток за Челзи големо%20гушкањеда

-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 23:41
Originally posted by fiks fiks напиша:

Знае некој дали ќе се дава фудбал на некоја од телевизиите оваа година?
 
Изгледа скапо им било на Сител повторнозбунетост


Се шпекулира дека од идниот викенд веќе ке има пренос а во весник читав дека нема да откупуваат права .... Изгледа оваа година премиер лига "ќе гледаме" на телетекст а тешко дека и на сателитска ке се најде канал за гледање ...


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 15.Август.2010 во 23:57
затоа ќе си преминете на Bundesligaхи,%20хи...

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 00:05
Е многу сакам јас Дуисбург да го гледам како игра,омилени ми се премногусмеење

Шатци ти не зезаш амаизненадување


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Август.2010 во 09:51

Втор феноменален чекор на Челзи во првенството голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкада



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 05:56

Повторно шест гола на натпревар во Премиерлигата

 

Во рамките на второто коло во Премиерлигата на Англија фудбалерите на Њукасл ја совладаа Астон Вила со 6:0. Троен стрелец беше Керол, два гола постигна Нолан, а еднаш мрежата на Вила ја погоди Бартон.
Овој натпревар е трет во ова коло кој заврши со резултат 6:0, вчера шест гола во мрежите на своите противници им испорачаа Арсенал и Челзи.
Домашната екипа доминираше во текот на целиот натппревар, гостите за 90 минути упатија само еден директен удар кон голот на Њукасл.
Натпреварот добро започна за Астон Вила, гостите во деветтата минута добија пенал, но ударот на Карју заврши над голот.
Само три минути подоцна Бартон го отвори резултатот. До крајот на првото полувреме домаќинот постигна уште два гола, стрелци беа Нолан во 32 и Керол во 34 минута. Керол својот втор гол го постигна во 67 минута, на 5:0 зголеми Нолан по додавањето на Амеоби во 87 минута, хет-трикот, Керол го комплетира во 93 минута, поставувајќи ги конечните 6:0



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Август.2010 во 06:25
Ливерпул пак ми наполнија душата со нивната загуба газење%20од%20смеење

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 19:25

Може ли Стоук да го сопре Челзи


Актуелниот шампион во Премиерлигата на Англија, екипата на Челзи, единствена по две одиграни кола има максимален учинок.

Челзи во воведните две кола забележа две идентични победи од 6:0 против Вест Бромвич Албион, односно Виган. Во третото коло, кое на програмата е викендов, „сините“ на Карло Анчелоти, на домашен терен ќе го пречекаат Стоук.

Сигурни победи во оваа рунда треба да забележат Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ливерпул. Нешто потешка задача ќе имаат Арсенал и Манчестер Сити.

Двојки од третото коло во Премиерлигата

Сабота, 28.август: Блекбурн-Арсенал, Блекпул-Фулам, Челзи-Стоук, Тотенхем-Виган, Вулверхептон-Њукасл, Манчестер Јунајтед-Вест Хем

Недела, 29.август: Болтон-Бирмингем, Ливерпул-Вест Бромвич Албион, Сандрленд-Манчестер Сити, Астон Вила-Евертон



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 18:24
Тим Вкупно Дома Гости Бод
1. Челзи 3 3 0 0 14:0 2 0 0 8:0 1 0 0 6:0 9
2. Арсенал 3 2 1 0 9:2 1 0 0 6:0 1 1 0 3:2 7
3. Ман. Ј. 3 2 1 0 8:2 2 0 0 6:0 0 1 0 2:2 7
4. Астон В. 3 2 0 1 4:6 2 0 0 4:0 0 0 1 0:6 6
5. Болтон 3 1 2 0 5:3 0 2 0 2:2 1 0 0 3:1 5
6. Бирмингем 3 1 2 0 6:5 1 0 0 2:1 0 2 0 4:4 5
7. Волвс 3 1 2 0 4:3 1 1 0 3:2 0 1 0 1:1 5
8. Њукасл 3 1 1 1 7:4 1 0 0 6:0 0 1 1 1:4 4
9. Ман. С. 3 1 1 1 3:1 1 0 0 3:0 0 1 1 0:1 4
10. Сандерленд 3 1 1 1 3:3 1 1 0 3:2 0 0 1 0:1 4
11. Тотенхем 3 1 1 1 2:2 0 1 1 0:1 1 0 0 2:1 4
12. Блекпул 3 1 1 1 6:8 0 1 0 2:2 1 0 1 4:6 4
13. Ливерпул 3 1 1 1 2:4 1 1 0 2:1 0 0 1 0:3 4
14. Фулам 3 0 3 0 4:4 0 1 0 2:2 0 2 0 2:2 3
15. Блекбурн 3 1 0 2 3:4 1 0 1 2:2 0 0 1 1:2 3
16. ВБА 3 1 0 2 1:7 1 0 0 1:0 0 0 2 0:7 3
17. Виган 3 1 0 2 1:10 0 0 2 0:10 1 0 0 1:0 3
18. Евертон 3 0 1 2 1:3 0 1 0 1:1 0 0 2 0:2 1
19. Стоук 3 0 0 3 2:6 0 0 1 1:2 0 0 2 1:4 0
20. Вест Хем 3 0 0 3 1:9 0 0 1 1:3 0 0 2 0:6 0
Трите првопласирани екипи директно одат во Лигата на Шампиони. Четвртопласираната екипа ќе учествува во квалификациите за Лигата на Шампионите. Петто и шестопласираната екипа директно ќе настапат во УЕФА Европа Лига како и победниците од ФА и Лига купот. Трите последнопласирани екипи ќе испаднат во понизок ранг на натпреварување.
Во случај на ист број на бодови одлучува:
1. Гол разлика
2. Повеќе постигнати голови
3. Повеќе постигнати голови на гостински терен


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 19:21
Originally posted by емил емил напиша:

Може ли Стоук да го сопре Челзи


Актуелниот шампион во Премиерлигата на Англија, екипата на Челзи, единствена по две одиграни кола има максимален учинок.

Челзи во воведните две кола забележа две идентични победи од 6:0 против Вест Бромвич Албион, односно Виган. Во третото коло, кое на програмата е викендов, „сините“ на Карло Анчелоти, на домашен терен ќе го пречекаат Стоук.

Сигурни победи во оваа рунда треба да забележат Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ливерпул. Нешто потешка задача ќе имаат Арсенал и Манчестер Сити.

Двојки од третото коло во Премиерлигата

Сабота, 28.август: Блекбурн-Арсенал, Блекпул-Фулам, Челзи-Стоук, Тотенхем-Виган, Вулверхептон-Њукасл, Манчестер Јунајтед-Вест Хем

Недела, 29.август: Болтон-Бирмингем, Ливерпул-Вест Бромвич Албион, Сандрленд-Манчестер Сити, Астон Вила-Евертон

 
 
може ...... ако играат 22 - ца ........ за Стоук ...........


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 21:19
Евертон - Манчестер Ј. 3-3
 
Фулам - Волвс 2-1
 
Манчестер С. - Блекбурн 1-1
 
Вест Хем - Челзи 1-3
 
Виган - Сандерленд 1-1
 
Њукасл - Блекпул 0-2
 
ВБА - Тотенхем 1-1
 
Арсенал - Болтон 4-1


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 11:13
На последниот натпревар од 4.коло во Премиер лигата одигран вчеравечер во Бирмингем меѓу истоимената домашната екипа и Ливерпул мрежите мируваа.

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 10:56
Манчестер победи во дербито, Челзи продолжува со максимален ефект

Фудбалерите на Манчестер Јунајтедбеа подобри од Ливерпул во дерби натпреварот од 5.коло од Премиер лигата. Тие на „Олд Трафорд“ го победија вечниот ривал Ливерпул со 3:2.

Двајца играчи беа стрелци на петте погодоци. Бугарскиот репрезентативец Димитар Бербатов стана првиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој во 64 годишното ривалство на овие две екипи, успеал да постигне „хет-трик“ против Ливерпул. Двата гола на Стивен Џерард не беа доволни неговиот тим да го избегне вториот пораз во петтиот овосезонски натпревар.

Лидерот на табелата Челзи и по одиграните викенд натпревари во оваа рунда остануваат на челната позиција на табелата со максимални пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Комплетни резултати од 5.коло во Англиската фудбалска лига:
Стоук - Вест Хем 1:1, Астон Вила – Болтон 1:1, Блекбурн – Фулам 1:1, Евертон – Њукасл 0:1, Тотенхем – Вулверхемптон 3:1, Вест Бромвич Албион – Бирмингем 3:1, Сандерленд – Арсенал 1:1, Манчестер Јунајтед – Ливерпул 3:2, Виган - Манчестер Сити 0:2 и Челзи – Блекпул 4:0.

Табела: Челзи 15 бодови, Арсенал и Манчестер Јунајтед по 11, Манчестер Сити и Тотенхем по 8 бодови...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 04:42
Оби Микел: Противничките дефанзифци се плашат од Челзи.




Џон Оби Микел верува дека дефанзивците во Премиер лигата се исплашени од Челзи откако Сините постигнаа 21 гол во првите пет натпревари од новата сезона.
Шампионот, Челзи има фантастичен старт на новата сезона, пет победи од пет натпревари со гол разлика 21:1.

Статистиката за Челзи изгледа импресивно иако првите пет натпревари ги одиграа против послаби противници, вистинскиот тест е утре, гостување кај Манчестер Сити.

Џон Оби Микел верува дека дефанзивните фудбалери на противниците се исплашени од нападот на Сините.

"Доколку јас бев дефанзивец и играв против Челзи ќе бев исплашен" - вели Оби Микел.

"Не знаете од каде ќе нападнеме, сите наши офанзивни фудбалери можат да нападнат од било каде".

"Доколку ја погледнете нашата тројка во нападот ќе видите дека ниту еден од нив нема статична позиција, тие постојано се движат наоколу".

-------------
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!


Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 05:23
Хоџсон планира големи промени



Рој Хоџсон индицира дека планира да направи 11 промени во тимот кој во сабота на Енфилд ќе се сретне со Сандерленд
Менаџерот на ’Црвените’ на денешната прес-конференција рече дека ниту еден од стартерите на Карлинг Куп дуелот со Нортемптон, кој Ливерпул неочекувано го загуби, нема да стартува на натпреварот со ’Црните Мачки’.

“Ниту еден од фудбалерите што ќе играат во сабота, не играа во средата навечер.” – рече Хоџсон.

“Во средата забележавме многу лош резултат но тоа не треба да влијае на фудбалерите кои ќе стартуваат на саботниот натпревар бидејќи тие не беа дел од претходниот натпревар.”

Запрашан дали Дирк Кујт би може да се врати на терените утре, Хоџсон одговори: “Кујт е единствениот за кого сеуште сме малку резервирани но ќе видиме дали ќе успее да настапи.”

“Па единствениот кој се мачи со посериозна повреда е Фабио Аурелио.”

Хоџсон потоа продолжи: “Во сабота не очекува тежок тест и јас сум прилично убеден дека фудбалерите што ќе настапат, ќе покажат дека се добри и ќе прикажат добри перформанси.“

“Тоа е единствениот начин на кој ќе можеме да се вратиме во добрите книги на фановите – пружајќи им добри перформанси кои ќе ни донесат победа.”

“Ова е тежок момент кој треба да го надминеме. Нема зборови кои можат да ја решат ситуацијата и ништо што ќе биде кажано не може да го промени резултатот од средата ниту пак да ја поправи штетата што беше нанесена.”

“Но нештата можат да се променат со добри перформанси во сабота, со добри перформанси против Утрехт и со допри перформанси следната недела против Блекпул.”

“Тогаш можеби ќе има тотално поинаква атмосфера и однесување.”

Хоџсон исто така признава дека Ливерпул има измешан старт на сезоната 2010/11 но останува убеден дека неговит тим ќе го покаже правиот квалитет во текот на сезоната.

“Сите предвидуваа дека Ливерпул ќе има тежок старт поради распоредот и поради тоа што некои фудбалери заминаа а други пристигнаа. Токму и така испадна.”

“Имавме добри моменти, вклучувајќи и пет победи во низа во Лига Европа.”

“Но исто така имавме и лоши моменти, па нашата сезона е малку измешана.”

“Но имам голема верба и самодоверба дека тимот ќе одигра добро во текот на доглата сезона.”




Баш ме интересира шо промени ке напрае, и како ке им помогне на Ливерпул со тие негови промени

-------------
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 27.Септември.2010 во 10:37
Коло на изненадувања во Премиер лигата

Шестото коло во Премиер лигата донесе неколку изненадувања, кои почнаа на натпреварите во саботата, а продолжија и на вчерашните дуели.

По серијата од пет победи во пет натпревари шампионот Челзи го доживеа првиот пораз откако на гостувањето кај Манчестер Сити загуби со 1:0.

Непријатни моменти на своите навивачи на домашен терен им приреди Арсенал кој загуби од ВБА со 3:2, а Ливерпул ја продолжи лошата форма и одигра само 2:2 на „Енфилд“ со Сандерленд.

Без победа остана и Манчестер Јунајтед и на третото гостување, одигра само 2:2 со Болтон.

Првата победа во оваа сезона ја оствари и Вест Хем против Тотенхем со 1:0.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Вулверхемптон – Астон Вила 1:2, Њукасл – Стоук 1:2, Блекпул – Блекбурн 1:2, Бирмингем – Виган 0:0 и Фулам – Евертон 0:0.

Табела: Челзи 15 бодови, Манчестер Јунајтед 12, Арсенал, Манчестер Сити имаат по 11, Астон Вила и ВБА по имаат 10,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 04.Октомври.2010 во 10:27
Нова победа за Челзи и пораз за Ливерпул во Премиер лигата

Со победата од 2:0 над градскиот ривал Арсенал во дербито на 7. коло екипата на Челзи се зацврсти на првата позиција во Премиер лигата. Головите за „сините“ на вчерашното дерби одиграно на „Стемфорд бриџ“ ги постигнаа Дидие Дрогба и Алекс.

Ново непријатно изненадување на своите навивачи им приредија фудбалерите на Ливерпул кои на „Енфилд“ загубија со 2:1 од Блекпул. По овој пораз Ливерпул со само шест освоени бодови од седум натпревари се наоѓа во долниот дел на табелата, односно во зоната за испаѓање.  

На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Манчестер Сити – Њуксал 2:1, Виган – Вулверхемптон 2:0, Бирмингем – Евертон 0:2, Стоук – Блекбурн 1:0, Тотенхем – Астон Вила 2:1, ВБА – Болтон 1:1, Вест Хем – Фулам 1:1 и Сандерленд – Манчестер Јунајтед 0:0.

Табела: Челзи 18 бодови, Манчестер Сити 14, Манчестер Јунајтед 13, Арсенал, Тотенхем и ВБА по 11,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 13:54

Руни повреден, ќе паузира три недели

Извор: AP

Веј Руни вечера го парафираше новиот петгодишен договор со Манчестер Јунајтед, но поради повреда надвор од фудбалските терени ќе биде во следните три седмици. Во вторникот, на последниот тренинг пред натпреварот со Бурса во ЛШ, Руни се здобил со повреда на скочниот зглоб.



-------------


Постирано од: окик
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 22:31
Резултати :
Денес
Тотенхем - Евертон 1-1
Бирмингем - Блекпул 2-0
Челзи - Вулвс 2-0
Сандерленд - Астон Вила 1-0
ВБА - Фулам 2-1
Виган - Болтон 1-1
Вест Хем - Њукастл 1-2
Утре
14:30 Стоук - Манчестер Јунајтед
16:00 Ливерпул - Блекбурн
17:00 Манчестер Сити - Арсенал


Постирано од: окик
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 19:41
денес и утре се играат натпреварите од Фа купот а еве ги и двојките

Денес
Бирмингем - Брентфорд
Ипсвич - Нортемптон
Лестер - ВБА
Виган - Свонси
Манчестер Јунајтед - Волвс
Утре
Астон Вила - Барнли
Њукастл - Арсенал
Вест Хем - Стоук


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 18:14

АНГЛИЧАНИТЕ ЗАРАБОТУВААТ НАЈМНОГУ ОД РЕКЛАМИ НА ДРЕСОВИТЕ

Премиерлигата ја престигна Бундеслигата

Англиската Премиерлига ја престигна германската Бундеслига во привлекувањето реклами на дресовите, открива студијата на "Спорт+Маркт". Дванаесеттиот извештај за фудбалски дресови на германската компанија покажува дека 20-те премиерлигашки клубови инкасирале 128 милиони евра сезонава, што е пораст за 44,5 милиони евра. Осумнаесетте бундеслигашки клубови стигнаа од 108,6 до 118,5 милиони евра сезонава, од кои 22 милиони евра отпаѓаат на договорот на Баерн Минхен со "Дојче телеком".
Германија беше симната од врвот, најмногу благодарение на новите договори на Манчестер јунајтед со осигурителниот брокер "Аон" и на Ливерпул со банката "Стандард чартерд". Според "Спорт+Маркт", двата договора вредат по 23,6 милиони евра.
Остатокот од Европа заостанува многу. Клубовите од Серија А имаат приходи од само 65,9 милиони евра и е единствената лига што забележа намалување приходите, бидејќи Лацио и Фиорентина се уште се без спонзори. Франција ја престигна Шпанија на четвртото место со 58,8 милиони евра. Шпанија, која е актуелен европски и светски првак, привлече само 57,5 милиони евра, од кои речиси половина (23) отпаѓаат на договорот на Реал Мадрид со обложувалницата "Бивин". Сепак, Барселона никогаш нема реклама на дресовите, а од 2006 година, каталонскиот клуб му плаќа 1,5 милиони евра на УНИЦЕФ за да го носи логото на организацијата.




-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 01.Ноември.2010 во 13:42
Блекпул и Вест Бромвич Албион го комплетираат 10.коло во Премиер лигата

Лондон, 1 ноември 2010 (МИА) - Со одигрување на вечерашниот натпревар (21 часот) Блекпул - Вест Бромвич Албион ќе биде комплетирано 10.коло во англиското фудбалско првенство.

Победите на водечкото трио, поразот на Манчестер Сити и првата гостинска победа за Ливерпул во оваа сезона ја одбележаа ова рунда од Премиер лигата.

Резултати од 10.коло во Премиер лигата: Арсенал - Вест Хем 1:0, Блекбурн – Челзи 1:2, Евертон - Стоук 1:0, Фулам - Виган 2:0, Вулверхемптон - Манчестер Сити 2:1, Манчестер Јунајтед – Тотенхам 2:0, Астон Вила – Бирмингам 0:0, Њукасл – Сандерленд 5:1 и Болтон – Ливерпул 0:1.

Табела: Челзи 25 бодови, да
Арсенал 20, Манчестер Јунајтед 20, Манчестер Сити 17, Тотенхем 15, Вест Бромвич Албион 15 (натпревар помалку)...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Ноември.2010 во 05:14
Астон Вила три месеци без капитенот
Извор: AP 

Поради повреда на лигаментите на коленото, капитенот на Астон Вила, Стилијан Петров ќе паузира најмалку три месеци, соопшти англискиот премиерлигаш...



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 13:26
Челзи поразен на „Стемфорд бриџ“

Најголемото изненадување во 13.коло од англиската Премиер лигата го направи екипата на Сандерленд, која со 3:0 го совлада лидерот на табелата и шампион Челзи на неговиот терен.

И во вториот вчерашен дуел победа остварија гостите. Арсенал со 2:1 славеше на „Гудисон парк“ кај Евертон.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – Манчестер Јунајтед 2:2, Манчестер Сити – Бирмингем 0:0, Њукасл – Фулам 0:0, Тотенхем – Блекбурн 4:2, Вест Хем – Блекпул 0:0, Виган – ВБА 1:0, Вулверхемптон – Болтон 2:3 и Стоук – Ливерпул 2:0.

Табела: Челзи 28 бодови, Арсенал 26, Манчестер Јунајтед 25, Манчестер Сити 22, Болтон, Сандерленд и Тотенхем по 19,...

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Ноември.2010 во 06:45
Пирес официјално во Вила /fudbal/anglija/2485-pires-oficijalno-vo-vila.pdf -   /fudbal/anglija/2485-pires-oficijalno-vo-vila.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8vZnVkYmFsL2FuZ2xpamEvMjQ4NS1waXJlcy1vZmljaWphbG5vLXZvLXZpbGEuaHRtbA%3D%3D -  
 

Иако во средата ги демантираше гласините кои се појавија, Роберт Пирес, синоќа сепак потпиша договор со премиерлигашот, Астон Вила...

Францускиот ветеран се обврза на верност кон клубот до крајот на актуелната сезона. Вила моментно се наоѓа на деветтото место во Премиер лигата.

Сеуште е неизвесно дали Пирес ќе дебитира на гостувањето во Блекбурн викендов, додека сосема е извесно дека Французинот ќе биде во составот против својот некогашен клуб, Арсенал, кој веќе следната недела доаѓа на "Вила Парк".



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 12:03

Денеска на „Емирати“ во дербито на 14.коло во англиската Премиер лига  Арсенал го пречекува Тотенхем.

Двете лондонски екипи, претставници на Англија во Лигата на шампионите, и годинава во Премиер лигата се со амбиции за највисок пласман.

Арсенал во моментов игра во одлична форма и го одржува чекорот со водечкиот Челзи, односно се наоѓа на второто место на табелата додека, екипата на Тотенхем во последните пет натпревари има само еден триумф и во денешниот натпревар ќе се обиде со победа да фати приклучок со екипите од врвот на табелата.

На другите натпревари денеска ќе се сретнат: (почеток 16 часот) Бирмингем - Челзи, Блекпул - Вулверхемптон, Болтон - Њукасл, Манчестер Јунајтед - Виган, Вест Бромвич Албион - Стоук и (18:30 часот) Ливерпул - Вест Хем.

За утре се закажани две средби. Од 14:30 часот Блекбурн ја пречекува Астон Вила, а од 17 часот Фулам е домаќин на Манчестер Сити.

Колото ќе биде заокружено в понеделник кога својот натпревар ќе го одиграат Сандерленд и Евертон (почеток 21 часот).

Табела: Челзи 28 бодови, Арсенал 26, Манчестер Јунајтед 25, Манчестер Сити 22, Болтон 19, Сандерленд 19, Тотенхем 19,..


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 08:42

Англискиот шампион Челзи го доживеа вториот пораз во низа, откако денеска загуби со 1:0 на гостувањето кај Бирмингем.

По поразот на Арсенал во градското дерби против Тотенхем на Емирати, екипата на Бирмингем го направи второто изненадување попладнево во англиската Премиер лига.

Бирмингем победи благодарение на голот на Ли Боер во 17 – та минута од мечот. Ова е втор пораз за „Сините“ од Лондон за краток период, откако минатиот викенд беа декласирани сред „Стемфорд Бриџ“ од Сандерленд со 3:0.

За разлика од Челзи, Манчестер Јунајтед немаше проблеми на „Олд Трафорд“ против Виган. Творци на победата од 2:0 на „црвените ѓаволи“ беа Патрис Евра и Хернандез.

Премиер лига резултати 13 коло:

Арсенал – Тотенхем 2:3
Болтон – Њукасл 5:1
Манчестер Јунајтед – Виган 2:0
Бирмингем – Челзи 1:0
Блекпул – Вулверхемптон 2:1
ВБА – Стоук 0:3
Ливерпул – Вест Хем (18:30ч)




-------------


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 21.Ноември.2010 во 16:41
najnovata tabela izgleda vaka...

http://www.premierleague.com/page/chelsea-fc - Chelsea 1428
http://www.premierleague.com/page/manchester-united - Man Utd 1428
http://www.premierleague.com/page/arsenal - Arsenal 1426
http://www.premierleague.com/page/bolton-wanderers - Bolton 1422
http://www.premierleague.com/page/manchester-city-fc - Man City 1322
http://www.premierleague.com/page/tottenham-hotspur - Tottenham 1422
http://www.premierleague.com/page/sunderland - Sunderland 1319
http://www.premierleague.com/page/stoke-city - Stoke City 1419
http://www.premierleague.com/page/liverpool-football-club - Liverpool 1419
http://www.premierleague.com/page/newcastle-united - Newcastle 1418
http://www.premierleague.com/page/blackburn-rovers - Blackburn 1418
http://www.premierleague.com/page/blackpool - Blackpool 1418
http://www.premierleague.com/page/aston-villa - Aston Villa 1417
http://www.premierleague.com/page/birmingham-city - Birmingham 1416
http://www.premierleague.com/page/west-bromwich-albion - WBA 1416
http://www.premierleague.com/page/everton - Everton 1315
http://www.premierleague.com/page/fulham-fc - Fulham 1314
http://www.premierleague.com/page/wigan-athletic - Wigan Athletic 1414
http://www.premierleague.com/page/wolves - Wolves 149
http://www.premierleague.com/page/west-ham-united - West Ham Utd 149
http://www.premierleague.com/page/FormGuide - Form Guide | http://www.premierleague.com/page/LeagueTables/0,,12306,00.html - Full Table



-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: Andrey
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 13:43
Се знае кој е најдобар во премиер лига Челзи!
Се надевам дека по победата на Жилина работите ке одат на подобро,а дури кога ке се опорават од Лампард и Тери би требало да бидеме најдобри во премиер лига,а се надевам оваа година ке ја освоиме лигата на шампионите,единствената титула која Челзи ја нема освоено(само ако се купам 2-3 зимски засилувања)


Постирано од: Andrey
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 13:44

Фергусон задоволен од играта на Руни
Објавено на: 10:42 25.11.2010 од 24fudbal.com.mk
Сер Алекс Фергусон е задоволен од играта на Вејн Руни кој од пенал го реши натпреварот против Ренџерс.
Манчестер Јунајтед со гол од пенал на Руни пред самиот крај на натпреварот победи на гостувањето кај Глазгов Ренџерс.
Тоа беше прв старт на Руни откако се врати од САД по рехабилитацијата, Ферги е задволен од играта на напаѓачот.

"Требаше храброст за да се изведе пеналот" - вели Ферги.

"Тоа не беше лесна ноќ, тој не реализираше неколку шанси, но тоа можеше да се очекува со оглед на тоа што долго време беше надвор од теренот".

"Задоволни сме се со него. Секогаш кога ќе постигне гол сака да прослави со фановите и фудбалерите".

"Уште малку му е потребно за да биде комплетно фит".

Манчестер Јунајтед има три бода предност пред Валенсија со која игра во последното коло.

На Црвените Ѓаволи им е доволен и бод за да го обезбедат првото место во групата.

"Сакаме да бидеме први во групата. Играме со Валенсија дома, можеме да бидеме оптимисти".

"Против Ренџерс знаевме дека ќе биде тешко. Тие беа организирани и дисциплинирани, беше многу тешко да се разбијат".

"Нашата гостинска форма во Европа е добро веќе со години и мислам дека заслуживме да го добиеме овој натпревар".


Постирано од: Andrey
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 13:45

Венгер очекува Фабрегас да паузира околу две недели
Арсен Венгер очекува Цеск Фабрегас да паузира две недели по повредата на задната ложа
Шпанскиот интернационалец заработи повреда на средбата од Лигата на Шампионите против Брага во вторникот.
Цеск Фабрегас сеуште не заминал на детални прегледи но Арсен Венгер за ТВ каналот на Арсенал утрово изјави дека очекува играчот да паузира околу две недели.

“Фабрегас ќе биде прегледан денеска, тој ќе замине на скен.” – рече Венгер. “Откако ќе ги добиеме резултатите ќе можеме да кажеме колку ќе паузира, но јас очекувам две недели.”

“Ова е голем проблем бидејќи сега треба да се запрашаме колку претпазливи да бидеме со него во иднина.”

“Цеск уште од млади години играше по 50 натпревари годишно. Можеби треба да бидеме попретпазливи со него, особено во следните два месеци.”

На средбата со Брага се повреди и Емануел Ебуе, за кого Венгер очекува пауза од минимум четири недели.

“Ебуе има повреда на средниот лигамент на коленото. Можно е да биде четири недели, можно е шест или пак осум недели.”

“Јас мислам дека минимум ќе бидат четири недели.”

Венгер очекува Фабрегас да паузира околу две недели


Постирано од: Andrey
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 13:46
Хари Реднап: Сега ја напаѓаме првата позиција

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем Хари Реднап уживаше на последниот фантастичен натпревар на Тотенхем во Лигата на Шампионите.

Убедливата победа од 3:0 против Вердер Бремен на лондонскиот тим му донесе пласман во осминафиналето од најелитното европско фудбалско натпреварување, а Реднап не ги криеше надежите дека неговиот колектив може да заврши дури и на првата позиција од групата.

„Едноставно блескавме на теренот против Вердер Бремен па дури можевме да постигнеме и повеќе голови. На почетокот мечот изгледаше малку тежок, но фантастично се справивме со противникот.“

„Фудбалерите на Бремен како да беа разочарани бидејќи од претходно знаеја дека немаат шанси за продолжување понатаму.“ - изјави Реднап и не пропушти да ја пофали одличната игра на Лука Модриќ, Арон Ленон, Герет Бејл и Вилијам Галас.

„Одлично е тоа што на Твенте ќе му гостуваме без да чувствуваме никаков притисок за победа. Сепак, ќе се обидеме да ги освоиме трите бода и, ако е можно, да завршиме на првата позиција во групата. Така ќе ги избегнеме тимовите како Реал Мадрид и Барселона во осминафиналето.“ - додаде менаџерот на Тотенхем.


Постирано од: Andrey
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 13:47
Дрогба: Многу работи научив токму од Шевченко
Фудбалерот на актуелниот англиск првак Челси, Дидие Дрогба тврди дека Андриј Шевченко му помогнал да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска постигна 138 погодоци за Челси по трансферот од Марсеј во 2004-та година, а за разлика од него легендарниот Украинец запиша само 22 погодоци за три сезони.

Двајцата напаѓачи истите бои на дресовите ги бранеа само три години, но тоа беше доволно за Дрогба, како што вели тој, да научи многу од неговиот колега.

„Научив многу работи од Шевченко. Тој беше, а и сеуште е голем играч, еден од најдобрите стрелци во Лигата на Шампионите.“

„Покрај него научив колку е важно да се остане смирен и да се чека вистинскиот момент за постигнување погодок.“

„Улогата на напаѓачите во модерниот фудбал многу се промени и чест ми е што мене ме вбројуваат меѓу најдобрите во светот.“ - изјави Дрогба.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Ноември.2010 во 14:28
Ливерпул за моја штета сепак ќе успее да се спаси плачење

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Декември.2010 во 05:40
Челзи тапка во место, Анчелоти здивува


"Сините" дома ги поделија бодовите со Евертон, додека Арсенал славеше над Фулам (2:1) и се искачи на првото место на табелата


Актуелниот првак на Англија, Челзи, ниту во четвртиот првенствен натпревар во низа не успеа да стигне до победа. Во 16. коло на Премиер лига, од "Стемфорд Бриџ" со еден бод замина екипата на Евертон.
- Многу сум разочаран и сум им лут на моите фудбалери. Не сум разочаран само од конечниот резултат, разочаран сум од играта што ја прикажавме во второто полувреме. Немавме идеја, игравме на долги топки и малку се уплашивме од противникот. Нема ништо страшно ако загубиш, страшно е ако немаш игра, изјави менаџерот на "сините", Карло Анчелоти.

За разлика од Челзи нивниот градски ривал Арсенал се намачи во локалното дерби со Фулам, но сепак успеа да ги освои трите бода, што го лансираа на првото место.
- Убаво не намачија, но не заслужија да освојат ниеден бод. Бевме подобри во сите 90 минути и моравме порано да го затвориме натпреварот. Бевме поопуштени во првото полувреме и затоа истото не го завршивме со позитива. Сега на ред е дуелот од Лигата на шампиони и пласманот во следната елиминациска фаза, изјави менаџерот на "топчиите", Арсен Венгер.

Резултати: Арсенал - Фулам 2:1 (Насри 14', 75' - Камара 30'), Бирмингем - Тотенхем 1:1 (Гарднер 81' - Басонг 19'), Блекбурн - Вулверхемптон 3:0 (Дан 29', Емертон 43', Нелсен 55'), Челзи - Евертон 1:1 (Дрогба 41' - Бекфорд 86'), Манчестер С. - Болтон 1:0 (Тевез 4'), Виган - Стоук 2:2 (Колинс 30' аг, Клеверли 40' - Хут 18', Етерингтон 31'), Блекпул - Манчестер Ј. (одложен).



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Декември.2010 во 15:06

/sport/fudbal/12148-Sneznoto-nevreme-ja-blokirase-Premier-ligata - Снежното невреме ја блокираше Премиер лигата   http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fk*rir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2F12148-Sneznoto-nevreme-ja-blokirase-Premier-ligata&t=%D0%A1%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%20%D1%98%D0%B0%20%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B5%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%B5%D1%80%20%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0&src=sp - - - -    

Поради снежните врнежи кои цел ден паѓаат без престан, во Велика Британија се одложени речиси сите спортски настани закажани за овој викенд. Меѓу нив е и големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед кое требаше да се игра во недела на Стемфорд Бриџ.

Премиерлигашките дуели помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, Виган и Астон Вила, Ливерпул и Фулам, Арсенал и СТоук Сити и Њукасп - Бримингем се одложени поради снежното невреме кео ја зафати цела Англија.

Речиси сите клубови кои требаше да бидат домаќини во ова коло се огласија со службени соопштенија за одложување на нивните натпревари. Покрај Премиер лигата, одложени се и сите средби од Чемпионшип и Првата и Втората лига, како и пониските лиги во Англија, но исто така и во Шкотска и во Велс.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk